
Претседателот на СНСД и поранешен претседател на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека ако Гренланд има право на самоопределување и да избере дали да биде под Данска или САД, тогаш и Република Српска има право да се отцепи од Босна и Херцеговина.
Додик, кој беше во посета на Израел, порача дека Република Српска планира да се повлече од Дејтонскиот договор.
Ќе мора да размислиме за обединување, и владата и опозицијата, и повлекување од Дејтонскиот договор. Ова мора да се направи по патот на самоопределување. Среќен сум што сум примен во Израел во име на српскиот народ. Ја посветувам мојата посета на Република Српска, на српскиот народ, на мирот и слободата“, изјави Додик.

Македонски



