Skip to main content

Сиљановска-Давкова положи цвеќе на вечните почивалишта на Глигоров, Трајковски и Кљусев

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска положи свежо цвеќе на вечните почивалишта на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, на поранешниот претседател Борис Трајковски и на првиот претседател на Владата, Никола Кљусев, по повод 8 Септември – Денот на независноста и одбележувањето на 35-годишнината од независноста на државата.

Како што соопшти Кабинетот на претседателката, на Градските гробишта Бутел во Скопје, цвеќе положија и делегации на Собранието и Владата, предводени од претседателот на Собранието Африм Гаши и министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Почит на тројцата државници им оддадоа и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, гувернерот на Народната банка Трајко Славески, претставници на Сојузот на борците, судската власт, дипломатскиот кор, политичките партии, како и градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, градоначалници на скопските општини и членови на семејството Кљусеви.

Поврзани вести