
Во Ликовна Галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков”во Прилеп, беше отворена извонредната изложба „Оган” од академската уметница Бојана Артиновска.
За импресивните дела на Артиновска, говореше м-р Викторија Димеска, која посочи дека уметницата за новите апстрактни дела инспирацијата ја црпи од огнот.

Острите назабени форми се извршуваат како бранови и создаваат структури што интуитивно продуцираат преку визуелна интерпретација. Трепетливите арабески ги разбудуваат сетилата на набљудувачот и создаваат разголена реалност, синтеза на разиграни бои и интуитивно слоевито колоритни површини, рече Димеска.
Посетителите на изложбата имаа ретка и несекојдневна можност да го проследат ликовно уметничкиот и музички перформанс „Ширење на светлината”.
Бојана сликаше , а музички ја следеше музичарот Методија Костоски.

Бојана Артиновска има реализирано бројни изложби, работи сценографија, костимографија и е мултимедијален уметник.

Со изложбата „Оган” Центарот за култура “Марко Цепенков” ја започна богатата програма за 2026 година од визуелните уметности.

Македонски



