
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денеска на покана на министерот за одбрана на Холандија, Рубен Брекелманс присуствуваше на Форумот за одбранбена индустрија кој се одржува во пресрет на Самитот на НАТО во Хаг.
Одбранбената соработка со сојузничка Холандија е на исклучително високо ниво. Развивајќи ги нашите капацитети, ги зацврстуваме капацитетите на колективната одбрана во НАТО. На Форумот уште еднаш беше потврдено дека соработката со одбранбената индустрија е исклучително важна во развојот на одбранбените капацитети на сојузничките земји, истакна тој.
Мисајловски порача дека инвестирањето во одбраната и процесот на модернизација и опремување се двете клучни алки за силна и безбедна Алијанса.