
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има раст на пензиите на пензионерите од септември, изјави дека за да се заштитат пензионерите, пензиите ќе растат согласно законот, потсетувајќи дека кога владата ги зголемила пензиите линеарно, тогаш одредени поединци охрабрени од опозициските партии поднеле иницијатива пред Уставниот суд за негово укинување.
„Да тоа ќе биде редовно нивелирање, усогласување согласно закон. Знаете дека постоеја иницијативи од страна на поединци во позадина охрабрени од политички партии да пред Уставниот суд покренат тема за линеарното зголемување на пензиите. За да ги заштитиме пензионерите и пензиите, понатаму зголемувањето ќе биде согласно усогласувањата предвидени со закон“, вели премиерот Мицкоски.

Македонски


