западен брег Archives - Република https://republika.mk/tema/zapaden-breg/ За подобро да се разбереме Thu, 05 Sep 2024 06:27:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png западен брег Archives - Република https://republika.mk/tema/zapaden-breg/ 32 32 Петмина загинати во израелска офанзива на Западниот Брег https://republika.mk/vesti/svet/petmina-zaginati-vo-izraelska-ofanziva-na-zapadniot-breg/ Thu, 05 Sep 2024 06:35:09 +0000 https://republika.mk/?p=813303

Пет лица загинаа, а еден е тешко повреден при напад во Тубас, во северниот дел на окупираниот Западен Брег, каде израелската армија потврди дека спровела операција.

„Петмина загинаа, а еден е тешко повреден при напад врз возило во Тубас“, се наведува во соопштението на палестинската Црвена Полумесечина.

Од своја страна, израелската армија соопшти на Телеграм дека извела „три удари врз вооружени терористи“ кои претставувале закана за нејзините војници во областа Тубас.

Израелските сили го нападнале бегалскиот камп „Фараа“ во областа Тубас.

На 28 август, израелската армија започна голема операција во северниот дел на Западниот Брег – палестинска територија окупирана од Израел од 1967 година. Во саботата, армијата извести за смртта на еден од нејзините војници во Џенин.

Според податоците на палестинското Министерство за здравство, од почетокот на операцијата се убиени најмалку 30 Палестинци, а 140 се повредени.

The post Петмина загинати во израелска офанзива на Западниот Брег appeared first on Република.

]]>

Пет лица загинаа, а еден е тешко повреден при напад во Тубас, во северниот дел на окупираниот Западен Брег, каде израелската армија потврди дека спровела операција. „Петмина загинаа, а еден е тешко повреден при напад врз возило во Тубас“, се наведува во соопштението на палестинската Црвена Полумесечина. Од своја страна, израелската армија соопшти на Телеграм дека извела „три удари врз вооружени терористи“ кои претставувале закана за нејзините војници во областа Тубас. Израелските сили го нападнале бегалскиот камп „Фараа“ во областа Тубас.
На 28 август, израелската армија започна голема операција во северниот дел на Западниот Брег – палестинска територија окупирана од Израел од 1967 година. Во саботата, армијата извести за смртта на еден од нејзините војници во Џенин.
Според податоците на палестинското Министерство за здравство, од почетокот на операцијата се убиени најмалку 30 Палестинци, а 140 се повредени.

The post Петмина загинати во израелска офанзива на Западниот Брег appeared first on Република.

]]>
Борел: Израелските планови за изградба на уште 3.300 куќи во Западниот Брег е опасна https://republika.mk/vesti/svet/borel-izraelskite-planovi-za-izgradba-na-ushte-3-300-kuki-vo-zapadniot-breg-e-opasna/ Sat, 24 Feb 2024 21:34:50 +0000 https://republika.mk/?p=747941

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека најавата на израелскиот министер Безалел Смотрич дека ќе бидат изградени 3.300 нови единици во дивите населби на Западниот Брег е запалива и опасна.

Населбите ги прават Израелците и Палестинците помалку безбедни, ги поттикнуваат тензиите, ги попречуваат мировните напори и претставуваат сериозно кршење на меѓународното право“, напиша Борел на платформата Х.

Смотрич соопшти дека Израел планира да изгради повеќе од 3.300 нови домови во населбите на окупираниот Западен Брег како одговор на смртоносниот палестински напад, откако тројца палестински вооружени напаѓачи отворија оган врз автомобили во близина на населбата Мале Адумим, убивајќи еден Израелец и ранувајќи петмина.

Сериозниот напад врз Мале Адумим мора да има решителен безбедносен одговор, но и одговор поврзан со населбите, напиша Смотрич на Х.

Тој истакна дека непријателите на Израел знаат дека секоја штета ќе доведе до поголема изградба и развој низ целата земја. Смотрич додаде дека во дискусијата учествувале израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант.

The post Борел: Израелските планови за изградба на уште 3.300 куќи во Западниот Брег е опасна appeared first on Република.

]]>

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека најавата на израелскиот министер Безалел Смотрич дека ќе бидат изградени 3.300 нови единици во дивите населби на Западниот Брег е запалива и опасна.
Населбите ги прават Израелците и Палестинците помалку безбедни, ги поттикнуваат тензиите, ги попречуваат мировните напори и претставуваат сериозно кршење на меѓународното право“, напиша Борел на платформата Х.
Смотрич соопшти дека Израел планира да изгради повеќе од 3.300 нови домови во населбите на окупираниот Западен Брег како одговор на смртоносниот палестински напад, откако тројца палестински вооружени напаѓачи отворија оган врз автомобили во близина на населбата Мале Адумим, убивајќи еден Израелец и ранувајќи петмина.
Сериозниот напад врз Мале Адумим мора да има решителен безбедносен одговор, но и одговор поврзан со населбите, напиша Смотрич на Х.
Тој истакна дека непријателите на Израел знаат дека секоја штета ќе доведе до поголема изградба и развој низ целата земја. Смотрич додаде дека во дискусијата учествувале израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант.

The post Борел: Израелските планови за изградба на уште 3.300 куќи во Западниот Брег е опасна appeared first on Република.

]]>
ЕУ ќе исплати 118 милиони евра на палестинската власт на Западниот Брег https://republika.mk/vesti/svet/eu-ke-isplati-118-milioni-evra-na-palestinskata-vlast-na-zapadniot-breg/ Fri, 22 Dec 2023 17:07:57 +0000 https://republika.mk/?p=725778

Палестинската управа, која делумно го контролира Западниот Брег, треба да добие финансирање од ЕУ повеќе од 118 милиони евра, објави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Одобрувањето беше постигнато по внимателна контрола, рече Фон дер Лајен во Брисел. Во моментов се размислува за идната долгорочна поддршка, со завршени планови за 2024 година, рече шефицата на извршното тело на ЕУ.

Сумата штотуку одобрена ќе биде земена од постојниот фонд издвоен за 2021-2024 година и во износ од 1,2 милијарди евра. Наменет е да и помогне на палестинската управа да исплати плати и пензии на државните службеници и за социјални плаќања за сиромашните семејства.

ЕУ ја подложи помошта на Палестинците на внимателна инспекција по нападите на 7 октомври, извршени од Хамас од Појасот Газа. Не најде никаков доказ дека парите на ЕУ се пренасочени за финансирање на тероризам, јави ДПА.

The post ЕУ ќе исплати 118 милиони евра на палестинската власт на Западниот Брег appeared first on Република.

]]>

Палестинската управа, која делумно го контролира Западниот Брег, треба да добие финансирање од ЕУ повеќе од 118 милиони евра, објави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Одобрувањето беше постигнато по внимателна контрола, рече Фон дер Лајен во Брисел. Во моментов се размислува за идната долгорочна поддршка, со завршени планови за 2024 година, рече шефицата на извршното тело на ЕУ. Сумата штотуку одобрена ќе биде земена од постојниот фонд издвоен за 2021-2024 година и во износ од 1,2 милијарди евра. Наменет е да и помогне на палестинската управа да исплати плати и пензии на државните службеници и за социјални плаќања за сиромашните семејства. ЕУ ја подложи помошта на Палестинците на внимателна инспекција по нападите на 7 октомври, извршени од Хамас од Појасот Газа. Не најде никаков доказ дека парите на ЕУ се пренасочени за финансирање на тероризам, јави ДПА.

The post ЕУ ќе исплати 118 милиони евра на палестинската власт на Западниот Брег appeared first on Република.

]]>
Изрелците убиле петмина Палестинци во Западниот брег https://republika.mk/vesti/svet/izreltsite-ubile-petmina-palestintsi-vo-zapadniot-breg/ Mon, 30 Oct 2023 18:25:14 +0000 https://republika.mk/?p=696393

Петмина Палестинци се убиени во напади на израелската војска на Западниот Брег, соопшти Министерството за здравство на Палестинската управа и израелската армија.

Четворица Палестинци загинае, а девет се ранети од израелски оган за време на рација во Џенин, на северот на Западниот Брег.

Повеќе од 100 воени возила и два булдожера биле вклучени во нападот во Џенин и истоимениот бегалски камп, упориште на вооружени групи и честа цел на израелски воени напади, јави палестинската новинска агенција Вафа.

За време на рацијата над Џенин летале воени беспилотни летала, а во зградите околу главната болница во Џенин беа поставени снајперисти.

Дел од ѕидот околу болницата е урнат со воените булдожери, јави Вафа.

Израелската армија соопшти дека пронашла „експлозивни направи подготвени за употреба“ и возило полно со воено оружје и муниција.

Во соопштението се додава дека меѓу убиените е и висок функционер на Исламски џихад.

Петтиот Палестинец е убиен од израелски оган на влезот во Јату, на југот од западниот брег.

Западниот брег, што е окупиран од Израел од 1967 година, често пати е цел на напади на израелски воени напади, напади на еврејските доселеници врз Палестинците и палестински напади врз еврејските населби и израелските сили. Насилствата се интензивираа од почетокот на војната меѓу Израел и палестински Хамас во Појасот Газа, предизвикана од крвавите напади на екстремистите на исламската организација на 7 октомври врз јужниот дел на Израел.

The post Изрелците убиле петмина Палестинци во Западниот брег appeared first on Република.

]]>

Петмина Палестинци се убиени во напади на израелската војска на Западниот Брег, соопшти Министерството за здравство на Палестинската управа и израелската армија. Четворица Палестинци загинае, а девет се ранети од израелски оган за време на рација во Џенин, на северот на Западниот Брег. Повеќе од 100 воени возила и два булдожера биле вклучени во нападот во Џенин и истоимениот бегалски камп, упориште на вооружени групи и честа цел на израелски воени напади, јави палестинската новинска агенција Вафа. За време на рацијата над Џенин летале воени беспилотни летала, а во зградите околу главната болница во Џенин беа поставени снајперисти. Дел од ѕидот околу болницата е урнат со воените булдожери, јави Вафа. Израелската армија соопшти дека пронашла „експлозивни направи подготвени за употреба“ и возило полно со воено оружје и муниција. Во соопштението се додава дека меѓу убиените е и висок функционер на Исламски џихад. Петтиот Палестинец е убиен од израелски оган на влезот во Јату, на југот од западниот брег. Западниот брег, што е окупиран од Израел од 1967 година, често пати е цел на напади на израелски воени напади, напади на еврејските доселеници врз Палестинците и палестински напади врз еврејските населби и израелските сили. Насилствата се интензивираа од почетокот на војната меѓу Израел и палестински Хамас во Појасот Газа, предизвикана од крвавите напади на екстремистите на исламската организација на 7 октомври врз јужниот дел на Израел.

The post Изрелците убиле петмина Палестинци во Западниот брег appeared first on Република.

]]>
Во текот на ноќта израелските сили убиле најмалку 55 Палестинци во Газа и четворица на Западниот Брег https://republika.mk/vesti/svet/vo-tekot-na-nokta-izraelskite-sili-ubile-najmalku-55-palestintsi-vo-gaza-i-chetvoritsa-na-zapadniot-breg/ Sun, 22 Oct 2023 08:46:19 +0000 https://republika.mk/?p=693810

Најмалку 55 Палестинци биле убиени во Појасот Газа во текот на ноќта откако Израел објави дека ги засилува своите бомбардирања, соопшти владата на политичкото крило на Хамас.

Најмалку 55 луѓе се убиени во текот на ноќта до 6 часот наутро, а повеќе од 30 згради се уништени, се вели во соопштението на владата на палестинското исламско движење, која управува со енклавата.

Палестинското министерство за здравство соопшти и дека израелските сили убиле четворица Палестинци на Западниот Брег во текот на ноќта, со што вкупниот број на убиени Палестинци таму од 7 октомври се искачи на 89.

The post Во текот на ноќта израелските сили убиле најмалку 55 Палестинци во Газа и четворица на Западниот Брег appeared first on Република.

]]>

Најмалку 55 Палестинци биле убиени во Појасот Газа во текот на ноќта откако Израел објави дека ги засилува своите бомбардирања, соопшти владата на политичкото крило на Хамас.
Најмалку 55 луѓе се убиени во текот на ноќта до 6 часот наутро, а повеќе од 30 згради се уништени, се вели во соопштението на владата на палестинското исламско движење, која управува со енклавата.
Палестинското министерство за здравство соопшти и дека израелските сили убиле четворица Палестинци на Западниот Брег во текот на ноќта, со што вкупниот број на убиени Палестинци таму од 7 октомври се искачи на 89.

The post Во текот на ноќта израелските сили убиле најмалку 55 Палестинци во Газа и четворица на Западниот Брег appeared first on Република.

]]>
Продолжуваат судирите на Западниот Брег: Израелската армија убила тројца вооружени Палестинци https://republika.mk/vesti/svet/prodolzhuvaat-sudirite-na-zapadniot-breg-izraelskata-armija-ubila-trojtsa-vooruzheni-palestintsi/ Sun, 12 Mar 2023 09:38:45 +0000 https://republika.mk/?p=618680

Израелски војници утринава убиле тројца вооружени Палестинци, кои нападнале пункт на армијата на окупираниот Западен Брег. Во соопштението на израелската армија се нагласува дека четвртиот напаѓач е приведен откако се предал.

Инцидентот се случил во близина на градот Наблус, во северниот дел на Западниот Брег.

Не сметајќи го денешниот инцидент, најмалку 75 Палестинци се убиени од страна на израелската војска за време на воени напади и други судири од почетокот на годината. Од почетокот на годината, најмалку 14 Израелци се убиени во палестински напади.

The post Продолжуваат судирите на Западниот Брег: Израелската армија убила тројца вооружени Палестинци appeared first on Република.

]]>

Израелски војници утринава убиле тројца вооружени Палестинци, кои нападнале пункт на армијата на окупираниот Западен Брег. Во соопштението на израелската армија се нагласува дека четвртиот напаѓач е приведен откако се предал. Инцидентот се случил во близина на градот Наблус, во северниот дел на Западниот Брег. Не сметајќи го денешниот инцидент, најмалку 75 Палестинци се убиени од страна на израелската војска за време на воени напади и други судири од почетокот на годината. Од почетокот на годината, најмалку 14 Израелци се убиени во палестински напади.

The post Продолжуваат судирите на Западниот Брег: Израелската армија убила тројца вооружени Палестинци appeared first on Република.

]]>
На Западниот брег повторно убиени двајца Палестинци https://republika.mk/vesti/svet/na-zapadniot-breg-povtorno-ubieni-dvajtsa-palestintsi/ Fri, 10 Mar 2023 21:03:26 +0000 https://republika.mk/?p=618315

Израелски доселеник убил Палестинец кој влегол во населба на окупираниот Западен Брег вооружен со ножеви и експлозивни направи. Израелската армија соопшти дека вооружен Палестинец влегол во фарма во близина на еврејската населба Карнеи Шомрон, на Западниот Брег, при што бил убиен од израелски доселеник.

Палестинските власти го идентификуваа убиениот Палестинец како 21-годишниот Абед ал Шеик.

Неколку часа подоцна, 16-годишно палестинско момче им подлегнало на повредите откако било тешко рането кога израелските војници отвориле оган врз Палестинци кои фрлале камења врз нив, на северот на Западниот Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Палестинскиот тинејџер Амир Оуда бил ранет крај израелски контролен пункт во близина на градот Калкилија.

Насилството доаѓа само еден ден откако палестински напаѓач пукаше и рани тројца Израелци во центарот на Тел Авив, по што израелските безбедносни сили упаднаа во палестинското село Налин и се подготвуваа да ја урнат семејната куќа на Палестинецот, осомничен за вчерашниот напад во Тел Авив.

Американските медиуми наведуваат дека од почетокот на годината во воените рации и акции, како и во отворени судири израелската војска убила најмалку 75 Палестинци, додавајќи дека во палестинските напади се убиени најмалку 14 Израелци.

The post На Западниот брег повторно убиени двајца Палестинци appeared first on Република.

]]>

Израелски доселеник убил Палестинец кој влегол во населба на окупираниот Западен Брег вооружен со ножеви и експлозивни направи. Израелската армија соопшти дека вооружен Палестинец влегол во фарма во близина на еврејската населба Карнеи Шомрон, на Западниот Брег, при што бил убиен од израелски доселеник. Палестинските власти го идентификуваа убиениот Палестинец како 21-годишниот Абед ал Шеик. Неколку часа подоцна, 16-годишно палестинско момче им подлегнало на повредите откако било тешко рането кога израелските војници отвориле оган врз Палестинци кои фрлале камења врз нив, на северот на Западниот Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство. Палестинскиот тинејџер Амир Оуда бил ранет крај израелски контролен пункт во близина на градот Калкилија. Насилството доаѓа само еден ден откако палестински напаѓач пукаше и рани тројца Израелци во центарот на Тел Авив, по што израелските безбедносни сили упаднаа во палестинското село Налин и се подготвуваа да ја урнат семејната куќа на Палестинецот, осомничен за вчерашниот напад во Тел Авив. Американските медиуми наведуваат дека од почетокот на годината во воените рации и акции, како и во отворени судири израелската војска убила најмалку 75 Палестинци, додавајќи дека во палестинските напади се убиени најмалку 14 Израелци.

The post На Западниот брег повторно убиени двајца Палестинци appeared first on Република.

]]>
Десет загинати и стотина повредени Палестинци при израелската рација на Западниот Брег https://republika.mk/vesti/svet/deset-zaginati-i-stotina-povredeni-palestintsi-pri-izraelskata-ratsija-na-zapadniot-breg/ Wed, 22 Feb 2023 22:15:19 +0000 https://republika.mk/?p=612126

Најмалку десет Палестинци се убиени, а повеќе од 100 се повредени во конфликти кои избувнаа кога израелски војници влегле во палестинскиот град Наблус на Западниот брег, соопштија палестински здравствени службеници.

Во конфликтот една зграда е срамнета со земја, а продавниците се оштетени од куршуми, со што ова е еден од најсмртоносните инциденти во изминатата година на Западниот брег и во анектираниот источен Ерусалим, а може да се очекува да следи и ново крвопролевање, пренесе Бета.

Исламскиот екстремистички Хамас, кој е на власт во втората палестинска територија - Појасот Газа, предупреди дека „трпеливоста му е при крај“. Хамас војуваше со Израел четири пати откако во 2007 година ја презеде контролата врз Појасот Газа од силите лојални на умерениот Фатах.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, оцени дека ситуацијата на окупираната палестинска територија е „најзапаллива“ после повеќе години и операцијата во Наблус ја опиша како „длабоко загрижувачка“. Гутереш апелира да се спречи понатамошна ескалација на насилството, да се намали напнатоста и да се врати мирот.

The post Десет загинати и стотина повредени Палестинци при израелската рација на Западниот Брег appeared first on Република.

]]>

Најмалку десет Палестинци се убиени, а повеќе од 100 се повредени во конфликти кои избувнаа кога израелски војници влегле во палестинскиот град Наблус на Западниот брег, соопштија палестински здравствени службеници. Во конфликтот една зграда е срамнета со земја, а продавниците се оштетени од куршуми, со што ова е еден од најсмртоносните инциденти во изминатата година на Западниот брег и во анектираниот источен Ерусалим, а може да се очекува да следи и ново крвопролевање, пренесе Бета. Исламскиот екстремистички Хамас, кој е на власт во втората палестинска територија - Појасот Газа, предупреди дека „трпеливоста му е при крај“. Хамас војуваше со Израел четири пати откако во 2007 година ја презеде контролата врз Појасот Газа од силите лојални на умерениот Фатах. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, оцени дека ситуацијата на окупираната палестинска територија е „најзапаллива“ после повеќе години и операцијата во Наблус ја опиша како „длабоко загрижувачка“. Гутереш апелира да се спречи понатамошна ескалација на насилството, да се намали напнатоста и да се врати мирот.

The post Десет загинати и стотина повредени Палестинци при израелската рација на Западниот Брег appeared first on Република.

]]>
Уништени погон за производство ракети и тунел на Хамас: Израелски воздушни напади во Појасот Газа https://republika.mk/vesti/svet/unishteni-pogon-za-proizvodstvo-raketi-i-tunel-na-hamas-izraelski-vozdushni-napadi-vo-pojasot-gaza/ Sun, 04 Dec 2022 09:43:28 +0000 https://republika.mk/?p=581581

Израелските воздухопловни сили нападнале неколку цели во Појасот Газа, откако неколку часа претходно била истрелана ракета врз израелската погранична област, соопшти израелската армија.

Израелската армија тврди дека при нападот се погодени „клучно место за производство на ракети“ управувано од палестинската организација Хамас, која владее со Појасот Газа, како и тунел на Хамас во јужниот дел.

Воздушниот напад доаѓа откако палестинските милитанти, првпат по еден месец, истрелаа проектил врз Израел. Во нападот нема повредени, а не е причинета и материјална штета.

Овие случувања дополнително ја компликуваат ситуацијата на окупираниот Западен Брег, која е тензична со месеци. По серијата напади врз Израелците, што почнаа во март, израелската армија спроведува почести рации во Западен Брег.

The post Уништени погон за производство ракети и тунел на Хамас: Израелски воздушни напади во Појасот Газа appeared first on Република.

]]>

Израелските воздухопловни сили нападнале неколку цели во Појасот Газа, откако неколку часа претходно била истрелана ракета врз израелската погранична област, соопшти израелската армија. Израелската армија тврди дека при нападот се погодени „клучно место за производство на ракети“ управувано од палестинската организација Хамас, која владее со Појасот Газа, како и тунел на Хамас во јужниот дел. Воздушниот напад доаѓа откако палестинските милитанти, првпат по еден месец, истрелаа проектил врз Израел. Во нападот нема повредени, а не е причинета и материјална штета. Овие случувања дополнително ја компликуваат ситуацијата на окупираниот Западен Брег, која е тензична со месеци. По серијата напади врз Израелците, што почнаа во март, израелската армија спроведува почести рации во Западен Брег.

The post Уништени погон за производство ракети и тунел на Хамас: Израелски воздушни напади во Појасот Газа appeared first on Република.

]]>
Дваесетгодишен Палестинец загинал во напад на израелската војска во Западниот Брег https://republika.mk/vesti/svet/dvaesetgodishen-palestinec-zaginal-vo-napad-na-izraelskata-vojska-vo-zapadniot-breg/ Wed, 06 Jul 2022 08:05:09 +0000 https://republika.mk/?p=524627

Млад Палестинец загинал во напад на израелската армија во Џенин, на северот од окупираниот Западен Брег, соопштија палестински извори.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека загинал Рафик Ријад Ганем од Џенин.

Новинската агенција Вафа објави дека убиениот Ганем имал 20 години.

The post Дваесетгодишен Палестинец загинал во напад на израелската војска во Западниот Брег appeared first on Република.

]]>

Млад Палестинец загинал во напад на израелската армија во Џенин, на северот од окупираниот Западен Брег, соопштија палестински извори. Палестинското Министерство за здравство соопшти дека загинал Рафик Ријад Ганем од Џенин. Новинската агенција Вафа објави дека убиениот Ганем имал 20 години.

The post Дваесетгодишен Палестинец загинал во напад на израелската војска во Западниот Брег appeared first on Република.

]]>
Израелски војници убиле две Палестинки во Западниот Брег https://republika.mk/vesti/svet/izraelski-vojnici-ubile-dve-palestinki-vo-zapadniot-breg/ Mon, 11 Apr 2022 06:07:40 +0000 https://republika.mk/?p=486410

Израелски војници, во два одделни инциденти, убиле две Палестинки во Западниот Брег.

Во Хеброн израелски војник усмртил жена која го нападнала со нож.  Војникот е полесно повреден.

Во Витлеем е убиена жена, која според израелската армија се однесувала сомнително. Таа и покрај предупредувачките истрели во воздух не застанала.

Во изминатите две недели во Западниот Брег се регистрирани четири напади во кои загинаа 14 луѓе.

The post Израелски војници убиле две Палестинки во Западниот Брег appeared first on Република.

]]>

Израелски војници, во два одделни инциденти, убиле две Палестинки во Западниот Брег. Во Хеброн израелски војник усмртил жена која го нападнала со нож.  Војникот е полесно повреден. Во Витлеем е убиена жена, која според израелската армија се однесувала сомнително. Таа и покрај предупредувачките истрели во воздух не застанала. Во изминатите две недели во Западниот Брег се регистрирани четири напади во кои загинаа 14 луѓе.

The post Израелски војници убиле две Палестинки во Западниот Брег appeared first on Република.

]]>