СП Катар 2022 Archives - Република https://republika.mk/tema/sp-katar-2022/ За подобро да се разбереме Sun, 27 Nov 2022 18:37:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png СП Катар 2022 Archives - Република https://republika.mk/tema/sp-katar-2022/ 32 32 СП 2022: Хрватска ja растури Канада со 4:1 https://republika.mk/sport/fudbal/sp-2022-hrvatska-ja-rasturi-kanada-so-4-1/ Sun, 27 Nov 2022 18:37:20 +0000 https://republika.mk/?p=578815

Репрезентацијата на Хрватска ја победи Канада со 4:1 и ги задржаа шансите за пласман во плејофот, додека Канада не успеа да ја помине Ф-групата на Светското првенство, откако го претрпи вториот пораз.

Головите за Хрватска ги постигнаа Крамариќ (два) Ливаја и Мајер, за Белгија погоди Дејвис.

Канаѓаните во 1. коло загубија од Белгија (0:1) и по две кола немаат освоено бод.

Хрватска е на 1 место, Мароко е на 2 место, селекциите имаат по 4 бода, Белгија е на третото место со три бода.

Во последното коло, Хрватска ќе игра со Белгија, Мароко со Канада.

The post СП 2022: Хрватска ja растури Канада со 4:1 appeared first on Република.

]]>

Репрезентацијата на Хрватска ја победи Канада со 4:1 и ги задржаа шансите за пласман во плејофот, додека Канада не успеа да ја помине Ф-групата на Светското првенство, откако го претрпи вториот пораз. Головите за Хрватска ги постигнаа Крамариќ (два) Ливаја и Мајер, за Белгија погоди Дејвис. Канаѓаните во 1. коло загубија од Белгија (0:1) и по две кола немаат освоено бод. Хрватска е на 1 место, Мароко е на 2 место, селекциите имаат по 4 бода, Белгија е на третото место со три бода. Во последното коло, Хрватска ќе игра со Белгија, Мароко со Канада.

The post СП 2022: Хрватска ja растури Канада со 4:1 appeared first on Република.

]]>
СП 2022: Мароко на чекор од осминафиналето, со 2:0 ја победи Белгија https://republika.mk/sport/fudbal/sp-2022-maroko-na-chekor-od-osminafinaleto-so-2-0-ja-pobedi-belgija/ Sun, 27 Nov 2022 15:47:36 +0000 https://republika.mk/?p=578747

Во вториот денешен натпревар на Светското првенство во Катар, Мароко ја победи Белгија со 2:0.

Сабири во 73. минута и Абукхлал во 90+2. минута се стрелците на головите за мароканскиот национален тим.

За Мароко ова е прва победа на Мундијалот по која значително се доближи до плејофот, додека Белгија ќе мора да брка победа во последното коло со Хрватска.

Хрватите од 17 часот ќе се сретнат со Канада.

На табелата во Г-групата лидер е Мароко со 4 бода од два натпревара, Белгија има 3 исто така од две средби, Хрватска е трета со 1 бод од еден натпревар, Канада е последна без освоен бод исто така од еден натпревар.

The post СП 2022: Мароко на чекор од осминафиналето, со 2:0 ја победи Белгија appeared first on Република.

]]>

Во вториот денешен натпревар на Светското првенство во Катар, Мароко ја победи Белгија со 2:0. Сабири во 73. минута и Абукхлал во 90+2. минута се стрелците на головите за мароканскиот национален тим. За Мароко ова е прва победа на Мундијалот по која значително се доближи до плејофот, додека Белгија ќе мора да брка победа во последното коло со Хрватска. Хрватите од 17 часот ќе се сретнат со Канада. На табелата во Г-групата лидер е Мароко со 4 бода од два натпревара, Белгија има 3 исто така од две средби, Хрватска е трета со 1 бод од еден натпревар, Канада е последна без освоен бод исто така од еден натпревар.

The post СП 2022: Мароко на чекор од осминафиналето, со 2:0 ја победи Белгија appeared first on Република.

]]>
Еквадор го победи Катар во воведниот натпревар на Светското првенство https://republika.mk/sport/fudbal/ekvador-go-pobedi-katar-vo-vovedniot-natprevar-na-svetskoto-prvenstvo/ Sun, 20 Nov 2022 18:50:28 +0000 https://republika.mk/?p=576235

Репрезентацијата на Еквадор ја совлада селекцијата на Катар во воведниот натпревар на Светското првенство 2022. Еквадорците победија со резултат 2:0.

Двоен стрелец уште во првото полувреме беше капитенот на еквадорската репрезентација Енер Валенсија. Дополнително, уште еден негов гол беше поништен поради офсајд по интервенцијата на ВАР.

За прв пат во историјата, првиот гол на Светските првенства беше постигнат од пенал. Валенсија постигна пет гола на четири натпревари на Светското првенство – рекорд за Еквадор.

Во другиот натпревар од групата А на утре ноември, Холандија ќе игра со Сенегал.

Во второто коло од групната фаза Катар ќе игра против Сенегал, а Еквадор против Холандија. Двете средби ќе се одржат на 25 ноември. зс/

The post Еквадор го победи Катар во воведниот натпревар на Светското првенство appeared first on Република.

]]>

Репрезентацијата на Еквадор ја совлада селекцијата на Катар во воведниот натпревар на Светското првенство 2022. Еквадорците победија со резултат 2:0. Двоен стрелец уште во првото полувреме беше капитенот на еквадорската репрезентација Енер Валенсија. Дополнително, уште еден негов гол беше поништен поради офсајд по интервенцијата на ВАР. За прв пат во историјата, првиот гол на Светските првенства беше постигнат од пенал. Валенсија постигна пет гола на четири натпревари на Светското првенство – рекорд за Еквадор. Во другиот натпревар од групата А на утре ноември, Холандија ќе игра со Сенегал. Во второто коло од групната фаза Катар ќе игра против Сенегал, а Еквадор против Холандија. Двете средби ќе се одржат на 25 ноември. зс/

The post Еквадор го победи Катар во воведниот натпревар на Светското првенство appeared first on Република.

]]>
Слушнете како звучи химната на Светското првенство во Катар https://republika.mk/sport/fudbal/slushnete-kako-zvuchi-himnata-na-svetskoto-prvenstvo-vo-katar/ Sat, 19 Nov 2022 19:45:04 +0000 https://republika.mk/?p=575950

Латино ѕвездата Малума, американската раперка Ники Минаж и либанската уметница Мирјам Фарес ја претставија песната „Tukoh Taka“ која ќе биде официјалната химна на Светското првенство во Катар.

Песната е со весели ноти и мотивирачки тон, а комбинира стихови на шпански, на англиски и на арапски јазик. Музичките ѕвезди рапуваат и пеат за обединување на обожавателите ширум светот на заедничка прослава.

Со енергичен танц ритам, песната претставува комбинација на меѓукултурни влијанија од пејачите при што секој музичар има сопствен стил.

„Многу сум среќен што сум дел од химна на СП. Отсекогаш сум сонувал за ваква прилика. Претставувањето на латино музиката на вакво глобално ниво заедно со неверојатни уметници кои пеат на англиски и на арапски јазик ја крева нашата култура на уште едно ниво“, изјави Малума.

The post Слушнете како звучи химната на Светското првенство во Катар appeared first on Република.

]]>

Латино ѕвездата Малума, американската раперка Ники Минаж и либанската уметница Мирјам Фарес ја претставија песната „Tukoh Taka“ која ќе биде официјалната химна на Светското првенство во Катар. Песната е со весели ноти и мотивирачки тон, а комбинира стихови на шпански, на англиски и на арапски јазик. Музичките ѕвезди рапуваат и пеат за обединување на обожавателите ширум светот на заедничка прослава. Со енергичен танц ритам, песната претставува комбинација на меѓукултурни влијанија од пејачите при што секој музичар има сопствен стил. „Многу сум среќен што сум дел од химна на СП. Отсекогаш сум сонувал за ваква прилика. Претставувањето на латино музиката на вакво глобално ниво заедно со неверојатни уметници кои пеат на англиски и на арапски јазик ја крева нашата култура на уште едно ниво“, изјави Малума.

The post Слушнете како звучи химната на Светското првенство во Катар appeared first on Република.

]]>
Пикси: Мора да стигнеме до финалето за да не го разочараме Ѓоковиќ https://republika.mk/sport/fudbal/piksi-mora-da-stigneme-do-finaleto-za-da-ne-go-razocharame-gjokovikj/ Sat, 19 Nov 2022 19:11:51 +0000 https://republika.mk/?p=575946

Вчера националниот тим на Србија во последната контролна средба пред стартот на Мундијалот го совлада Бахреин со убедливи 5:1. Избраниците на Стојковиќ со играта против Бахреин уште еднаш покажаа дека максимално подготвени го очекуваат премиерниот дуел на Светскиот шампионат против големиот фаворит за тронот, Бразил на 24 ноември.

Еден од најдобрите светски тенисери во историјата, Србинот Новак Ѓоковиќ најави дека доаѓа во Катар на големото финале за да ја бодри својата репрезентација, а српскиот селектор на тоа му одговори.

Значи дека треба да стигнеме до финалето, за да не го разочараме Ноле, нели?Секој навива на свој напчин. Да повторам, мора да бидеме максимално подготвени, ако некој е подобар од нас, секако како спортисти ќе честитаме. Нема лесно да се предадеме, тоа е сигурно. Размислуваме за тоа, одиме од натпревар во натпревар. Имаме тешка група, но мора да веруваме. Ако можеме сакаме да освоиме доволен број бодови за да преминеме во нокаут фазата, изјави селекторот на Србија Драган Стојковиќ Пикси.

Српските фудбалери попладнево допатуваа во Катар.

The post Пикси: Мора да стигнеме до финалето за да не го разочараме Ѓоковиќ appeared first on Република.

]]>

Вчера националниот тим на Србија во последната контролна средба пред стартот на Мундијалот го совлада Бахреин со убедливи 5:1. Избраниците на Стојковиќ со играта против Бахреин уште еднаш покажаа дека максимално подготвени го очекуваат премиерниот дуел на Светскиот шампионат против големиот фаворит за тронот, Бразил на 24 ноември. Еден од најдобрите светски тенисери во историјата, Србинот Новак Ѓоковиќ најави дека доаѓа во Катар на големото финале за да ја бодри својата репрезентација, а српскиот селектор на тоа му одговори. Значи дека треба да стигнеме до финалето, за да не го разочараме Ноле, нели?Секој навива на свој напчин. Да повторам, мора да бидеме максимално подготвени, ако некој е подобар од нас, секако како спортисти ќе честитаме. Нема лесно да се предадеме, тоа е сигурно. Размислуваме за тоа, одиме од натпревар во натпревар. Имаме тешка група, но мора да веруваме. Ако можеме сакаме да освоиме доволен број бодови за да преминеме во нокаут фазата, изјави селекторот на Србија Драган Стојковиќ Пикси. Српските фудбалери попладнево допатуваа во Катар.

The post Пикси: Мора да стигнеме до финалето за да не го разочараме Ѓоковиќ appeared first on Република.

]]>
Чеферин: Катар ќе биде одличен домаќин, но не сакам во иднина зимски светски првенства https://republika.mk/vesti/cheferin-katar-kje-bide-odlichen-domakjin-no-ne-sakam-vo-idnina-zimski-svetski-prvenstva/ Fri, 18 Nov 2022 19:14:55 +0000 https://republika.mk/?p=575613

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин изрази уверување дека Катар ќе биде одличен домаќин на Мундијалот што почнува в недела, но осврнувајќи се на нетипичниот термин истакна оти се противи во иднина светските првенства да се одржуваа во зима.

Сигурен сум дека Светското првенство ќе биде одлично организирано. Катарците се прекрасни домаќини и организатори, но доколку ме прашувате за во иднина никако не сум тоа да се одржува во зимски месеци, изјави Чеферин за словенечките медиуми.

Првиот човек на УЕФА изрази надеж некоја од европските репрезентации учесници на Мундијалот во Катар ќе ја освои светската титула.

Се надевам дека барем една европска земја ќе игра во финалето и оти европска земја ќе биде шампион, рече Чеферин.

The post Чеферин: Катар ќе биде одличен домаќин, но не сакам во иднина зимски светски првенства appeared first on Република.

]]>

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин изрази уверување дека Катар ќе биде одличен домаќин на Мундијалот што почнува в недела, но осврнувајќи се на нетипичниот термин истакна оти се противи во иднина светските првенства да се одржуваа во зима.
Сигурен сум дека Светското првенство ќе биде одлично организирано. Катарците се прекрасни домаќини и организатори, но доколку ме прашувате за во иднина никако не сум тоа да се одржува во зимски месеци, изјави Чеферин за словенечките медиуми.
Првиот човек на УЕФА изрази надеж некоја од европските репрезентации учесници на Мундијалот во Катар ќе ја освои светската титула.
Се надевам дека барем една европска земја ќе игра во финалето и оти европска земја ќе биде шампион, рече Чеферин.

The post Чеферин: Катар ќе биде одличен домаќин, но не сакам во иднина зимски светски првенства appeared first on Република.

]]>
Србија со пет гола во мрежата на Бахреин пред СП https://republika.mk/sport/fudbal/srbija-so-pet-gola-vo-mrezata-na-bahrein-pred-sp/ Fri, 18 Nov 2022 19:07:58 +0000 https://republika.mk/?p=575610

На единствениот натпревар во пресрет на Светското првенство селекцијата на Белгија доживеа пораз од Египет.

Белгија и Египет се сретнаа во пријателски натпревар кој се играше во Кувајт. „Фараоните“ предводени од Мохамед Салах славеа победа од 2:1 против Белгијците излегоа со комбиниран состав, но стартниот состав сепак имаше и неколку првотимци меѓу кои и Кевин Де Брујн од Манчестер Сити.

До водство Египет стигна после половина час игра преку Мохамед Мустафа, само по неколку секунди игра во второто полувреме Салах испрати долга топка за Трезеге кој погоди за 2:0. На почетокот на вториот дел селекторот на Блегија направи повеќе измени. Еден Азар на теренот беше до 71. минута меѓутоа не се истакна премногу. Замените на Мартинез донесоа само еден почесен гол кој го постигна Опенда на 15 минути до крајот на натпреварот.

Ќе потсетиме, Египет не се избори за пласман за Светското првенство, додека Белгија ќе игра во група, Канада, Мароко и Хрватска.

Србија се набилда со оптимизам пред стартот на Мундијалот во Катар и забележа убава победа против Бахреин од 5:1 во пријателски меч и Генералка пред стартот на шампионатот.

Душан Тадиќ покажа дека ќе биде лидер на Орлите кои имаат големи амбиции во Катар, а на велемајсторски начин погоди во осмата минута од слободен удар.

Играчот на Ајакс пак беше прецизен во 50. минута за 2:0 по асистенцијата на Душан Влаховиќ.

Напаѓачот на Јувентус и еден од големите адути на Србија се врати на терен по паузата поради повреда и веднаш покажа дека е подготвен за мундијалскиот предизвик.

Влезе во игра во 46. минута, само 240 секунди подоцна му асистираше на Тадиќ, а во следната 51-ва минута и сам ја погоди мрежата на Бахреин. Велемајсторски со петица му асистираше Тадиќ, а Влаховиќ рутински погоди.

Филип Ѓуричиќ погоди за 4:1 за Србија во 87. минута, а конечниот резултат 5:1 го постави Лука Јовиќ во 90. минута по втората асистенција на Влаховиќ.

Србија е во група со Бразил, Камерун и Швајцарија во првата фаза по групи на Мундијалот во Катар.

The post Србија со пет гола во мрежата на Бахреин пред СП appeared first on Република.

]]>

На единствениот натпревар во пресрет на Светското првенство селекцијата на Белгија доживеа пораз од Египет. Белгија и Египет се сретнаа во пријателски натпревар кој се играше во Кувајт. „Фараоните“ предводени од Мохамед Салах славеа победа од 2:1 против Белгијците излегоа со комбиниран состав, но стартниот состав сепак имаше и неколку првотимци меѓу кои и Кевин Де Брујн од Манчестер Сити. До водство Египет стигна после половина час игра преку Мохамед Мустафа, само по неколку секунди игра во второто полувреме Салах испрати долга топка за Трезеге кој погоди за 2:0. На почетокот на вториот дел селекторот на Блегија направи повеќе измени. Еден Азар на теренот беше до 71. минута меѓутоа не се истакна премногу. Замените на Мартинез донесоа само еден почесен гол кој го постигна Опенда на 15 минути до крајот на натпреварот. Ќе потсетиме, Египет не се избори за пласман за Светското првенство, додека Белгија ќе игра во група, Канада, Мароко и Хрватска. Србија се набилда со оптимизам пред стартот на Мундијалот во Катар и забележа убава победа против Бахреин од 5:1 во пријателски меч и Генералка пред стартот на шампионатот. Душан Тадиќ покажа дека ќе биде лидер на Орлите кои имаат големи амбиции во Катар, а на велемајсторски начин погоди во осмата минута од слободен удар. Играчот на Ајакс пак беше прецизен во 50. минута за 2:0 по асистенцијата на Душан Влаховиќ. Напаѓачот на Јувентус и еден од големите адути на Србија се врати на терен по паузата поради повреда и веднаш покажа дека е подготвен за мундијалскиот предизвик. Влезе во игра во 46. минута, само 240 секунди подоцна му асистираше на Тадиќ, а во следната 51-ва минута и сам ја погоди мрежата на Бахреин. Велемајсторски со петица му асистираше Тадиќ, а Влаховиќ рутински погоди. Филип Ѓуричиќ погоди за 4:1 за Србија во 87. минута, а конечниот резултат 5:1 го постави Лука Јовиќ во 90. минута по втората асистенција на Влаховиќ. Србија е во група со Бразил, Камерун и Швајцарија во првата фаза по групи на Мундијалот во Катар.

The post Србија со пет гола во мрежата на Бахреин пред СП appeared first on Република.

]]>
Амбасадорот на Светското првенство во Катар со порака до хомосексуалците: Тоа е забрането, затоа што тоа е ментална болест https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ambasadorot-na-svetskoto-prvenstvo-vo-katar-so-poraka-do-homoseksualcite-toa-e-zabraneto-zatoa-shto-toa-e-mentalna-bolest/ Tue, 08 Nov 2022 19:41:56 +0000 https://republika.mk/?p=571592

Амбасадор на Светското првенство во Катар за германската телевизија ЗДФ изјави дека хомосексуалноста е „ментална болест“, бидејќи Катар се подготвува да биде домаќин на глобалниот турнир за помалку од две недели.

Во интервјуто снимено во Доха и кое ќе биде прикажано подоцна во вторник, поранешниот катарски интернационалец Калид Салман се осврна на прашањето за незаконитоста на хомосексуалноста во Катар.

Калид Салман рече дека секој што доаѓа во Катар на турнирот треба да се однесува според правилата на земјата.

“Тие Мора Да Ги Прифатат Нашите Правила Овде.

Хомосексуалноста Е Харам. Дали Знаете Што Значи Харам (Забрането)? Тој Рече.

На Прашањето Зошто Е Харам, Калид Салман Веднаш Одговори: „Јас Не Сум Строг Муслиман, Но Зошто Е Харам? Затоа Што Тоа Е Ментална Болест“.

Интервјуто потоа веднаш беше прекинато од службеник кој го придружуваше. Ројтерс контактираше со ФИФА и организаторите на Светското првенство во Катар за акција. Организаторите постојано повторуваа дека сите се добредојдени на местото на Светското првенство.

Хомосексуалноста е нелегална во конзервативната муслиманска земја и некои фудбалери изразија загриженост за правата на навивачите кои патуваат за настанот, особено ЛГБТ поединците и жените, за кои групите за права велат дека законите на Катар ги дискриминираат.

Катар е првата земја од Блискиот Исток која е домаќин на Светското првенство, но малата нација беше под голем притисок во последниве години поради нејзиниот третман кон странските работници и рестриктивните социјални закони.

The post Амбасадорот на Светското првенство во Катар со порака до хомосексуалците: Тоа е забрането, затоа што тоа е ментална болест appeared first on Република.

]]>

Амбасадор на Светското првенство во Катар за германската телевизија ЗДФ изјави дека хомосексуалноста е „ментална болест“, бидејќи Катар се подготвува да биде домаќин на глобалниот турнир за помалку од две недели. Во интервјуто снимено во Доха и кое ќе биде прикажано подоцна во вторник, поранешниот катарски интернационалец Калид Салман се осврна на прашањето за незаконитоста на хомосексуалноста во Катар. Калид Салман рече дека секој што доаѓа во Катар на турнирот треба да се однесува според правилата на земјата.
“Тие Мора Да Ги Прифатат Нашите Правила Овде. Хомосексуалноста Е Харам. Дали Знаете Што Значи Харам (Забрането)? Тој Рече. На Прашањето Зошто Е Харам, Калид Салман Веднаш Одговори: „Јас Не Сум Строг Муслиман, Но Зошто Е Харам? Затоа Што Тоа Е Ментална Болест“.
Интервјуто потоа веднаш беше прекинато од службеник кој го придружуваше. Ројтерс контактираше со ФИФА и организаторите на Светското првенство во Катар за акција. Организаторите постојано повторуваа дека сите се добредојдени на местото на Светското првенство. Хомосексуалноста е нелегална во конзервативната муслиманска земја и некои фудбалери изразија загриженост за правата на навивачите кои патуваат за настанот, особено ЛГБТ поединците и жените, за кои групите за права велат дека законите на Катар ги дискриминираат. Катар е првата земја од Блискиот Исток која е домаќин на Светското првенство, но малата нација беше под голем притисок во последниве години поради нејзиниот третман кон странските работници и рестриктивните социјални закони.

The post Амбасадорот на Светското првенство во Катар со порака до хомосексуалците: Тоа е забрането, затоа што тоа е ментална болест appeared first on Република.

]]>
Неверојатно патување: Навивачи од Аргентина на точак стигнаа во Катар https://republika.mk/zivot/patuvanja/neverojatno-patuvanje-navivachi-od-argentina-na-tochak-stignaa-vo-katar/ Tue, 08 Nov 2022 09:01:41 +0000 https://republika.mk/?p=571278

Неколку десетина навивачи на фудбалската репрезентација на Аргентина се собраа во Доха пред часовникот, кој денеска означи 11 денови до почетокот на Мундијалот во Катар.

Облечени во дресови на репрезентацијата, навивачите пееја и се фотографираа со големо аргентинско знаме, по што им посакаа добредојде на четворица свои сонародници, кои пристигнаа во Катар од Јужна Африка со велосипеди.

Четворицата аргентински навивачи – Леонардо Бланко, Матијас Виљароел, Силвио Гати и Лукас Ледезма, на патот до Катар долг 10.500 километри тргнаа со велосипеди на 15 мај.

Нè мотивираше нашиот сон… на 18 декември да ја видиме Аргентина и Лео Меси како го подигнуваат трофејот, порача Бланко.

Меси, кому ова ќе му биде последен Мундијал во кариерата, ќе ја предводи Аргентина на Светското првенство во Катар кое стартува на 20 ноември, а Гаучосите се во група со Саудиска Арабија, Мексико и Полска.

The post Неверојатно патување: Навивачи од Аргентина на точак стигнаа во Катар appeared first on Република.

]]>

Неколку десетина навивачи на фудбалската репрезентација на Аргентина се собраа во Доха пред часовникот, кој денеска означи 11 денови до почетокот на Мундијалот во Катар. Облечени во дресови на репрезентацијата, навивачите пееја и се фотографираа со големо аргентинско знаме, по што им посакаа добредојде на четворица свои сонародници, кои пристигнаа во Катар од Јужна Африка со велосипеди. Четворицата аргентински навивачи – Леонардо Бланко, Матијас Виљароел, Силвио Гати и Лукас Ледезма, на патот до Катар долг 10.500 километри тргнаа со велосипеди на 15 мај.
Нè мотивираше нашиот сон… на 18 декември да ја видиме Аргентина и Лео Меси како го подигнуваат трофејот, порача Бланко.
Меси, кому ова ќе му биде последен Мундијал во кариерата, ќе ја предводи Аргентина на Светското првенство во Катар кое стартува на 20 ноември, а Гаучосите се во група со Саудиска Арабија, Мексико и Полска.

The post Неверојатно патување: Навивачи од Аргентина на точак стигнаа во Катар appeared first on Република.

]]>
Ценовник за сместување во Катар: Апартман 350 евра од ноќ, крузер за 4.000 https://republika.mk/sport/fudbal/cenovnik-za-smestuvanje-vo-katar-apartman-350-evra-od-nokj-kruzer-za-4-000/ Tue, 30 Aug 2022 06:22:09 +0000 https://republika.mk/?p=545428

Организаторите на СП го објавија ценовникот за сместување на навивачите во Катар. Па така
Апартманите и вилите лоцирани низ Доха и во непосредна близина од стадионите што ќе се користат за време на турнирот се движат од350-400 евра од ноќ. Лесно е да се најдат алтернативи за оние кои не бараат ништо фенси.

Сместувањето е достапно по цена од околу 80 евра за ноќевање на периферијата на Ал Вакрах, на југозапад од градот.

За оние кои сакаат уникатно искуство за времетраењето на турнирот, хотелите на бродови за крстарење ќе бидат закотвени во центарот на градот, на само 10 минути возење до центарот на Доха.

Еден од нив, MSC World Europe, е поголем од двата брода и има 2.633 најсовремени кабини, шест базени, спа и велнес центар, продавници и малопродажни места, како и над 30 барови и настани. простори.

The post Ценовник за сместување во Катар: Апартман 350 евра од ноќ, крузер за 4.000 appeared first on Република.

]]>

Организаторите на СП го објавија ценовникот за сместување на навивачите во Катар. Па така Апартманите и вилите лоцирани низ Доха и во непосредна близина од стадионите што ќе се користат за време на турнирот се движат од350-400 евра од ноќ. Лесно е да се најдат алтернативи за оние кои не бараат ништо фенси. Сместувањето е достапно по цена од околу 80 евра за ноќевање на периферијата на Ал Вакрах, на југозапад од градот. За оние кои сакаат уникатно искуство за времетраењето на турнирот, хотелите на бродови за крстарење ќе бидат закотвени во центарот на градот, на само 10 минути возење до центарот на Доха. Еден од нив, MSC World Europe, е поголем од двата брода и има 2.633 најсовремени кабини, шест базени, спа и велнес центар, продавници и малопродажни места, како и над 30 барови и настани. простори.

The post Ценовник за сместување во Катар: Апартман 350 евра од ноќ, крузер за 4.000 appeared first on Република.

]]>
Kатар и Еквадор ќе го отворат Мундијалот во Катар на 20 номври https://republika.mk/sport/fudbal/katar-i-ekvador-kje-go-otvorat-mundijalot-vo-katar-na-20-nomvri/ Fri, 12 Aug 2022 06:15:21 +0000 https://republika.mk/?p=539312

Светското фудбалско првенство 2022 во Катар ќе почне на 20 ноември. На овој датум ќе се одржи церемонијата на отворање, по што ќе се одржи првиот натпревар, објави ФИФА.

Во првиот дуел ќе играат домаќинот Катар и Еквадор.

Првично беше планирано овие две репрезентации својот натпревар да го одиграат на 21 ноември, но беше одлучено овој натпревар да се премести еден ден порано.

Со оваа одлука Светската фудбалска федерација ја запазува традицијата, домашната репрезентација да биде учесник на првиот меч на шампионатот.

Мундијалот во Катар ќе трае до 18 декември за кога е закажано големото финале.

The post Kатар и Еквадор ќе го отворат Мундијалот во Катар на 20 номври appeared first on Република.

]]>

Светското фудбалско првенство 2022 во Катар ќе почне на 20 ноември. На овој датум ќе се одржи церемонијата на отворање, по што ќе се одржи првиот натпревар, објави ФИФА. Во првиот дуел ќе играат домаќинот Катар и Еквадор. Првично беше планирано овие две репрезентации својот натпревар да го одиграат на 21 ноември, но беше одлучено овој натпревар да се премести еден ден порано. Со оваа одлука Светската фудбалска федерација ја запазува традицијата, домашната репрезентација да биде учесник на првиот меч на шампионатот. Мундијалот во Катар ќе трае до 18 декември за кога е закажано големото финале.

The post Kатар и Еквадор ќе го отворат Мундијалот во Катар на 20 номври appeared first on Република.

]]>
10 пати повеќе одошто има карти: За последните влезници за СП во Катар се поднесени 23 милиони барања https://republika.mk/sport/fudbal/10-pati-povekje-odoshto-ima-karti-za-poslednite-vleznici-za-sp-vo-katar-se-podneseni-23-milioni-baranja/ Sat, 30 Apr 2022 16:37:01 +0000 https://republika.mk/?p=495792

Во последниот круг продажба на влезници за Светското фудбалско првенство во Катар, ФИФА прими дури 23.5 милиони барања за билети, што е десет пати повеќе од бројката со која се располага.

Најмногу барања за влезници пристигнале од Аргентина, Бразил, Англија, Франција, Мексико, Катар, Саудиска Арабија и САД.

Најбарана е влезницата за финале на 18 декември, а најголема побарувачка за групната фаза има за натпреварите Аргентина – Мексико, Аргентина – Саудиска Арабија, Англија – САД и Полска – Аргентина.

Влезниците за Мундијалот во Катар се во просек за 30 отсто поскапи во споредба со Мундијалот во Русија 2018.

Најскапиот билет за финалето чини 1.600 долари што е за 45 отсто повеќе отколку пред четири години.

The post 10 пати повеќе одошто има карти: За последните влезници за СП во Катар се поднесени 23 милиони барања appeared first on Република.

]]>

Во последниот круг продажба на влезници за Светското фудбалско првенство во Катар, ФИФА прими дури 23.5 милиони барања за билети, што е десет пати повеќе од бројката со која се располага. Најмногу барања за влезници пристигнале од Аргентина, Бразил, Англија, Франција, Мексико, Катар, Саудиска Арабија и САД. Најбарана е влезницата за финале на 18 декември, а најголема побарувачка за групната фаза има за натпреварите Аргентина – Мексико, Аргентина – Саудиска Арабија, Англија – САД и Полска – Аргентина. Влезниците за Мундијалот во Катар се во просек за 30 отсто поскапи во споредба со Мундијалот во Русија 2018. Најскапиот билет за финалето чини 1.600 долари што е за 45 отсто повеќе отколку пред четири години.

The post 10 пати повеќе одошто има карти: За последните влезници за СП во Катар се поднесени 23 милиони барања appeared first on Република.

]]>
Наводно достигнува најголема брзина досега: Ова е официјалната топка за Мундијалот во Катар https://republika.mk/sport/fudbal/navodno-dostignuva-najgolema-brzina-dosega-ova-e-oficijalnata-topka-za-mundijalot-vo-katar/ Wed, 30 Mar 2022 21:22:45 +0000 https://republika.mk/?p=481048

Германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ ја претстави денеска „Ал Рихла“ како официјална топка на Светско првенство во Катар, објави Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).

Ова е 14. последователна топка, која „Адидас“ специјално ја дизајнираше за Светско фудбалско првенство и според најавите достигнува најголема брзина од сите топки претходно.

„Ал Рихла“ на арапски значи патување и е инспирирана од „културата, архитектурата, култните чамци и знамето на Катар“.

Јавното претставување на топката ќе биде удостоено со присуство на голем број поранешни фудбалски ѕвезди, вклучувајќи ги Кака и Икер Касиљас, на кои ќе им се приклучат и фудбалерки од Саудиска Арабија, ОАЕ, Катар и Египет, како и талентирани играчи од локалната академија во Доха.

Планирана е турнеја на „Ал Рихла“ низ десет светски градови, меѓу кои Дубаи, Токио, Мексико сити и Њујорк.

Мундијалот во Катар ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември.

The post Наводно достигнува најголема брзина досега: Ова е официјалната топка за Мундијалот во Катар appeared first on Република.

]]>

Германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ ја претстави денеска „Ал Рихла“ како официјална топка на Светско првенство во Катар, објави Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). Ова е 14. последователна топка, која „Адидас“ специјално ја дизајнираше за Светско фудбалско првенство и според најавите достигнува најголема брзина од сите топки претходно. „Ал Рихла“ на арапски значи патување и е инспирирана од „културата, архитектурата, култните чамци и знамето на Катар“. Јавното претставување на топката ќе биде удостоено со присуство на голем број поранешни фудбалски ѕвезди, вклучувајќи ги Кака и Икер Касиљас, на кои ќе им се приклучат и фудбалерки од Саудиска Арабија, ОАЕ, Катар и Египет, како и талентирани играчи од локалната академија во Доха. Планирана е турнеја на „Ал Рихла“ низ десет светски градови, меѓу кои Дубаи, Токио, Мексико сити и Њујорк. Мундијалот во Катар ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември.

The post Наводно достигнува најголема брзина досега: Ова е официјалната топка за Мундијалот во Катар appeared first on Република.

]]>
И покрај елиминацијата од Македонија, Италија ќе игра на Светско? https://republika.mk/sport/fudbal/i-pokraj-eliminacijata-od-makedonija-italija-kje-igra-na-svetsko/ Wed, 30 Mar 2022 19:58:47 +0000 https://republika.mk/?p=481110

Италијанската фудбалска репрезентација би можела да настапи на Светското првенство, и покрај тоа што изгуби од Македонија и заврши на третото место во баражот од групата Ц.

Ова следи откако иранската фудбалска федерација се најде во фокусот на ФИФА откако на последниот квалификациски натпревар против Либан во Машдад на жените не им беше дозволен влез на стадионот. На социјалните мрежи се проширија снимки на кои полицијата употреби солзавец пред стадионот за да растера околу 2.000 жени кои уредно купиле билети за натпреварот и сакале да го следат настапот на нивната репрезентација.

Постои голема можност Иран да добие санкции од ФИФА поради недоличен потег. Најекстремната би можела да биде исфрлање на Иран од Мундијалот во Катар. Така, Италија би можела да биде првата опција која ќе добие место, како актуелен европски владетел и тим со најдобар рејтинг кој не е на светскиот фудбалски собир.

The post И покрај елиминацијата од Македонија, Италија ќе игра на Светско? appeared first on Република.

]]>

Италијанската фудбалска репрезентација би можела да настапи на Светското првенство, и покрај тоа што изгуби од Македонија и заврши на третото место во баражот од групата Ц. Ова следи откако иранската фудбалска федерација се најде во фокусот на ФИФА откако на последниот квалификациски натпревар против Либан во Машдад на жените не им беше дозволен влез на стадионот. На социјалните мрежи се проширија снимки на кои полицијата употреби солзавец пред стадионот за да растера околу 2.000 жени кои уредно купиле билети за натпреварот и сакале да го следат настапот на нивната репрезентација. Постои голема можност Иран да добие санкции од ФИФА поради недоличен потег. Најекстремната би можела да биде исфрлање на Иран од Мундијалот во Катар. Така, Италија би можела да биде првата опција која ќе добие место, како актуелен европски владетел и тим со најдобар рејтинг кој не е на светскиот фудбалски собир.

The post И покрај елиминацијата од Македонија, Италија ќе игра на Светско? appeared first on Република.

]]>