Светското фудбалско првенство 2022 во Катар ќе почне на 20 ноември. На овој датум ќе се одржи церемонијата на отворање, по што ќе се одржи првиот натпревар, објави ФИФА.

Во првиот дуел ќе играат домаќинот Катар и Еквадор.

Првично беше планирано овие две репрезентации својот натпревар да го одиграат на 21 ноември, но беше одлучено овој натпревар да се премести еден ден порано.

Со оваа одлука Светската фудбалска федерација ја запазува традицијата, домашната репрезентација да биде учесник на првиот меч на шампионатот.

Мундијалот во Катар ќе трае до 18 декември за кога е закажано големото финале.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.