сообраќајка сити мол Archives - Република https://republika.mk/tema/soobrakjajka-siti-mol/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Apr 2022 14:21:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сообраќајка сити мол Archives - Република https://republika.mk/tema/soobrakjajka-siti-mol/ 32 32 Кривичен за сообраќајката кај „Сити мол”: Пресудата е заснована врз постоечките законски одредби https://republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichen-za-soobrakjajkata-kaj-siti-mol-presudata-e-zasnovana-vrz-postoechkite-zakonski-odredbi/ Fri, 15 Apr 2022 14:21:19 +0000 https://republika.mk/?p=489053

Претседателот на судечкиот совет во случајот за сообраќајната несреќа кај „Сити мол”, при одмерување на казната се водел исклучиво од постоечките законски одредби кои ги регулираат овие кривични дела, сите отежителни околности поврзани со загубата на млад живот, зачестеноста на конкретните кривични дела како и репресивното и превентивното влијание на пресудата, велат од Основниот Кривичен суд – Скопје. Оттаму додаваат дека го почитуваат во целост уставно – загарaнтираното право на секој граѓанин за протест и вољата да го искаже своето незадоволство.

Воедно судот бил должен да ги земе во предвид и олеснителните околности дека се работи за признание на вина од страна на обвинетиот, неговата возраст и околностите под кои е сторено делото, односно колку било прекорачена дозволената брзина на возење и фактот дека обвинетиот во моментот не бил под дејство на алкохол или опијати. Токму заради тоа конкретната пресуда неможе да се компарира со други, веќе правосилни пресуди, каде се изречени условни казни или казни од над седум години, велат од Кривичен суд – Скопје.

Од судот ги повикуваат странките кои се незадоволни од постапката да го искористат своето право на жалба пред Воторстепениот суд каде, како што велат, ќе ги изјават своите гледишта и барања поврзани со пресудата.

Воедно истакнуваат дека ниеден загубен човечки живот не може да биде надомесетен со било каква судска пресуда, и изразуваат сочуство до семјеството.

The post Кривичен за сообраќајката кај „Сити мол”: Пресудата е заснована врз постоечките законски одредби appeared first on Република.

]]>

Претседателот на судечкиот совет во случајот за сообраќајната несреќа кај „Сити мол”, при одмерување на казната се водел исклучиво од постоечките законски одредби кои ги регулираат овие кривични дела, сите отежителни околности поврзани со загубата на млад живот, зачестеноста на конкретните кривични дела како и репресивното и превентивното влијание на пресудата, велат од Основниот Кривичен суд – Скопје. Оттаму додаваат дека го почитуваат во целост уставно – загарaнтираното право на секој граѓанин за протест и вољата да го искаже своето незадоволство.
Воедно судот бил должен да ги земе во предвид и олеснителните околности дека се работи за признание на вина од страна на обвинетиот, неговата возраст и околностите под кои е сторено делото, односно колку било прекорачена дозволената брзина на возење и фактот дека обвинетиот во моментот не бил под дејство на алкохол или опијати. Токму заради тоа конкретната пресуда неможе да се компарира со други, веќе правосилни пресуди, каде се изречени условни казни или казни од над седум години, велат од Кривичен суд – Скопје.
Од судот ги повикуваат странките кои се незадоволни од постапката да го искористат своето право на жалба пред Воторстепениот суд каде, како што велат, ќе ги изјават своите гледишта и барања поврзани со пресудата. Воедно истакнуваат дека ниеден загубен човечки живот не може да биде надомесетен со било каква судска пресуда, и изразуваат сочуство до семјеството.

The post Кривичен за сообраќајката кај „Сити мол”: Пресудата е заснована врз постоечките законски одредби appeared first on Република.

]]>
Повисока казна и повеќе години забрана за возење бара ЈО во жалбата за сообраќајката кај „Сити мол“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/povisoka-kazna-i-povekje-godini-zabrana-za-vozenje-bara-jo-vo-zalbata-za-soobrakjajkata-kaj-siti-mol/ Thu, 14 Apr 2022 14:30:50 +0000 https://republika.mk/?p=488534

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, незадоволен од висината на изречената кривична санкција, денеска вложи жалба против првостепената пресуда на Основниот кривичен суд Скопје за сообраќајната несреќа што се случи на 20.01.2021 година, во близина на трговски центар „Сити мол“ во Карпош.

Имено, со пресудата врз основа на признание на вина, на 11.04.2022 година, Основниот кривичен суд го огласи за виновен обвинетиот Ј. Ѓ. за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Притоа, Судот го осуди на казна затвор од три години, во која се засметува и времето поминато во притвор и му изрече казна забрана за управување со моторно возило од „Б“ категорија во траење од три години од денот на правосилност на пресудата.

Обвинетиот беше огласен за виновен за наведеното кривично дело, бидејќи на 20 јануари, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал со патничко моторно возило Ситроен Ц4 по булеварот „Партизански одреди“. Кога дошол до крстосницата со улиците „Московска“ и „Љубљанска“, каде светлосните сообраќајни знаци – семафори во тој момент биле исклучени од програм и работеле со трепкаво жолто светло, тој постапил спротивно на член 19 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, односно иако бил должен, не обрнал внимание на пешаците на коловозот, се вели во соопштението од ОЈО.

Спротивно и на членот 35 од Законот, приоѓајќи кон обележан пешачки премин, обвинетиот управувал со автомобилот со брзина од 67,3 километри на час, што е за 17,3 километри на час поголема од максимално дозволената, со што бил оневозможен навремено да го запре возилото во случај на потреба. Со предниот дел од возилото удрил во двајца пешаци кои поминувале по обележаниот пешачки премин. Еден од пешаците, девојка на возраст од 24 години, притоа се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место, додека другиот пешак бил повреден и пренесен во болница.

При одредувањето на казната, Судот како олеснителни околности ги ценел признанието на вина од страна на обвинетиот, изразеното каење и свест за противправноста на стореното, како и фактот дека станува збор за млада личност која претходно не била во судир со законот. Сепак, надлежниот јавен обвинител цени дека во конкретниот предмет првостепениот суд во поголема мера ги ценел олеснителните околности, на сметка на отежителните – начинот на сторување на делото, зачестеноста на овој вид кривични дела и особено фактот дека во несреќата е изгубен млад човечки живот, се додава во соопштението.

Дополнително, јавниот обвинител наведува дека оштетените со ништо не придонеле за да се случи сообраќајната несреќа и прописно ја поминувале улицата на обележан пешачки премин, се вели во соопштението од ОЈО.

Анализирајќи ја обжалената пресуда, сметам дека судот не ја одмерил адекватно казната, бидејќи ги применил одредбите за ублажување на казната, иако не постоеле законски услови за тоа, наведува надлежниот обвинител во образложението на жалбата до Апелациониот суд во Скопје.

Јавниот обвинител смета дека со висината на изречената казна од првостепениот суд нема да се постигнат целите на казнувањето на планот на генералната и на специјалната превенција на овој вид кривични дела.

Исто така, во жалбата се наведува дека и висината на изречената споредна казна – забрана за управување со моторно возило од „Б“ категорија исто така е незадоволителна. Имајќи ги предвид околностите под кои е сторено делото и тешките последици, таа забрана треба да трае 5 години, колку што максимално дозволува материјалниот закон.

The post Повисока казна и повеќе години забрана за возење бара ЈО во жалбата за сообраќајката кај „Сити мол“ appeared first on Република.

]]>

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, незадоволен од висината на изречената кривична санкција, денеска вложи жалба против првостепената пресуда на Основниот кривичен суд Скопје за сообраќајната несреќа што се случи на 20.01.2021 година, во близина на трговски центар „Сити мол“ во Карпош. Имено, со пресудата врз основа на признание на вина, на 11.04.2022 година, Основниот кривичен суд го огласи за виновен обвинетиот Ј. Ѓ. за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Притоа, Судот го осуди на казна затвор од три години, во која се засметува и времето поминато во притвор и му изрече казна забрана за управување со моторно возило од „Б“ категорија во траење од три години од денот на правосилност на пресудата.
Обвинетиот беше огласен за виновен за наведеното кривично дело, бидејќи на 20 јануари, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал со патничко моторно возило Ситроен Ц4 по булеварот „Партизански одреди“. Кога дошол до крстосницата со улиците „Московска“ и „Љубљанска“, каде светлосните сообраќајни знаци – семафори во тој момент биле исклучени од програм и работеле со трепкаво жолто светло, тој постапил спротивно на член 19 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, односно иако бил должен, не обрнал внимание на пешаците на коловозот, се вели во соопштението од ОЈО.
Спротивно и на членот 35 од Законот, приоѓајќи кон обележан пешачки премин, обвинетиот управувал со автомобилот со брзина од 67,3 километри на час, што е за 17,3 километри на час поголема од максимално дозволената, со што бил оневозможен навремено да го запре возилото во случај на потреба. Со предниот дел од возилото удрил во двајца пешаци кои поминувале по обележаниот пешачки премин. Еден од пешаците, девојка на возраст од 24 години, притоа се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место, додека другиот пешак бил повреден и пренесен во болница.
При одредувањето на казната, Судот како олеснителни околности ги ценел признанието на вина од страна на обвинетиот, изразеното каење и свест за противправноста на стореното, како и фактот дека станува збор за млада личност која претходно не била во судир со законот. Сепак, надлежниот јавен обвинител цени дека во конкретниот предмет првостепениот суд во поголема мера ги ценел олеснителните околности, на сметка на отежителните – начинот на сторување на делото, зачестеноста на овој вид кривични дела и особено фактот дека во несреќата е изгубен млад човечки живот, се додава во соопштението.
Дополнително, јавниот обвинител наведува дека оштетените со ништо не придонеле за да се случи сообраќајната несреќа и прописно ја поминувале улицата на обележан пешачки премин, се вели во соопштението од ОЈО.
Анализирајќи ја обжалената пресуда, сметам дека судот не ја одмерил адекватно казната, бидејќи ги применил одредбите за ублажување на казната, иако не постоеле законски услови за тоа, наведува надлежниот обвинител во образложението на жалбата до Апелациониот суд во Скопје.
Јавниот обвинител смета дека со висината на изречената казна од првостепениот суд нема да се постигнат целите на казнувањето на планот на генералната и на специјалната превенција на овој вид кривични дела. Исто така, во жалбата се наведува дека и висината на изречената споредна казна – забрана за управување со моторно возило од „Б“ категорија исто така е незадоволителна. Имајќи ги предвид околностите под кои е сторено делото и тешките последици, таа забрана треба да трае 5 години, колку што максимално дозволува материјалниот закон.

The post Повисока казна и повеќе години забрана за возење бара ЈО во жалбата за сообраќајката кај „Сити мол“ appeared first on Република.

]]>
Утре протест „Правда за Викторија“ пред Кривичен суд https://republika.mk/vesti/makedonija/utre-protest-pravda-za-viktorija-pred-krivichen-sud/ Thu, 14 Apr 2022 14:05:42 +0000 https://republika.mk/?p=488440

Утре со почеток од 10 часот пред Кривичниот суд во Скопје се организира протест „Правда за Викторија“. Организатор на протестот е Леонид Даов, момчето на Викторија Николова која загина во сообраќајна несреќа, а во која Даов беше повреден.

Во креираниот настан на социјалната мрежа Фејсбук се наведува дека „Викторија и Леонид не добија пресуда која е правична и праведна“.

Немаме владение на правото, немаме спокој на душите. Имаме граѓанско право да го кренеме својот глас и за Викторија, но и за сите жртви на сообраќајно насилство и неправедно пресуди! Да ја разбудиме свеста, да бидеме гласот на покојните и гласот на жртвите! Да кажеме СТОП НА ЛОШИТЕ ПРЕСУДИ И СТОП НА СООБРАЌАЈНОТО НАСИЛСТВО! На 15.04.2022 (петок) од 10 до 11 ч. Ве повикувам пред Кривичен Суд Скопје да го искажеме нашиот револт и да го запреме крварењето по улиците и пешачките премини ширум државата, стои во повикот објавен на Фејсбук.

Протестот се организира по изрекувањето на пресудата за случајот, според која возачот Јордан Ѓоргиев кој ја усмрти Викторија беше осуден на три години затвор. Ваквата пресуда за семејството на Викторија и за Леонид е премала. Таткото на 24 годишната почината девојка пред судот рече дека е згрозен од државата и дека поради вакви пресуди никој нема доверба во ова судство.

The post Утре протест „Правда за Викторија“ пред Кривичен суд appeared first on Република.

]]>

Утре со почеток од 10 часот пред Кривичниот суд во Скопје се организира протест „Правда за Викторија“. Организатор на протестот е Леонид Даов, момчето на Викторија Николова која загина во сообраќајна несреќа, а во која Даов беше повреден. Во креираниот настан на социјалната мрежа Фејсбук се наведува дека „Викторија и Леонид не добија пресуда која е правична и праведна“.
Немаме владение на правото, немаме спокој на душите. Имаме граѓанско право да го кренеме својот глас и за Викторија, но и за сите жртви на сообраќајно насилство и неправедно пресуди! Да ја разбудиме свеста, да бидеме гласот на покојните и гласот на жртвите! Да кажеме СТОП НА ЛОШИТЕ ПРЕСУДИ И СТОП НА СООБРАЌАЈНОТО НАСИЛСТВО! На 15.04.2022 (петок) од 10 до 11 ч. Ве повикувам пред Кривичен Суд Скопје да го искажеме нашиот револт и да го запреме крварењето по улиците и пешачките премини ширум државата, стои во повикот објавен на Фејсбук.
Протестот се организира по изрекувањето на пресудата за случајот, според која возачот Јордан Ѓоргиев кој ја усмрти Викторија беше осуден на три години затвор. Ваквата пресуда за семејството на Викторија и за Леонид е премала. Таткото на 24 годишната почината девојка пред судот рече дека е згрозен од државата и дека поради вакви пресуди никој нема доверба во ова судство.  

The post Утре протест „Правда за Викторија“ пред Кривичен суд appeared first on Република.

]]>
„Судот даде зелено светло за ваквите дела да поминуваат неказнето“, вели адвокатот на одбраната за сообраќајката кај „Сити мол“ https://republika.mk/vesti/sudot-dade-zeleno-svetlo-za-vakvite-dela-da-pominuvaat-nekazneto-veli-advokatot-na-odbranata-za-soobrakjajkata-kaj-siti-mol/ Mon, 11 Apr 2022 09:49:01 +0000 https://republika.mk/?p=486640

На 20-ти вечерта трепкаше жолто sветло, а судот денеска дозволи да свети зелено и да помине неказнето, рече пред новинарите адвокатот на семејството Николови, Владимир Михајловиќ, за кого казната од три години затвор за возачот кој ја усмрти младата Викторија е несериозна.

Ваква казна од три години за вакво дело со смртни последици е премногу несериозна за премногу сериозно дело. Во консултација со јавното обвинителство најавивме дека ќе поднесеме барање за жалба на оваа пресуда и се надеваме дека Апелациониот суд ќе биде многу посериозен по дадената жалба на јавното обвинителство. Морам да нагласам дека имаме ситуација кога се е чисто, кога без разлика на признавањето на вина делото и со него и без него е такво какво што е, а имаме пресуда која за нив и за нас е ослободителна. Со тоа дозволуваме секојдневно сите ние, сите вие и оние гледаат да бидеме жртви на сообраќајното насилство. Оваа мора да престане веднаш, затоа што вака ќе имаме повеќе погреби на пешачки, отколку што ќе имаме веселби за убави работи, рече бранителот Михајловиќ.

И адвокатката Билјана Андонова, која го застапува повредениот пешак Леонид Даов, најави жалба за пресудата, која ја нарече „ослободителна“.

Таткото на почината Викторија, даде кратка изјава и посочи дека се згрозени од пресудата и затоа од овие причини има голем процент на недоверба во судството.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zgrozen-sum-od-ovaa-drzava-veli-tatkoto-na-viktorija-po-presudata-tri-godini-zatvor-za-vozachot-koj-ja-usmrti/

Од другата страна одбраната на обвинетиот Јордан Ѓорѓиев, наведе дека пресудата за нив како одбрана е задоволителна и дека за казната од три години нема да се жалат, но ќе поднесат жалба за одлуката за притвор. Според нив, домашниот притвор во правото е притвор што ограничува.

The post „Судот даде зелено светло за ваквите дела да поминуваат неказнето“, вели адвокатот на одбраната за сообраќајката кај „Сити мол“ appeared first on Република.

]]>

На 20-ти вечерта трепкаше жолто sветло, а судот денеска дозволи да свети зелено и да помине неказнето, рече пред новинарите адвокатот на семејството Николови, Владимир Михајловиќ, за кого казната од три години затвор за возачот кој ја усмрти младата Викторија е несериозна.
Ваква казна од три години за вакво дело со смртни последици е премногу несериозна за премногу сериозно дело. Во консултација со јавното обвинителство најавивме дека ќе поднесеме барање за жалба на оваа пресуда и се надеваме дека Апелациониот суд ќе биде многу посериозен по дадената жалба на јавното обвинителство. Морам да нагласам дека имаме ситуација кога се е чисто, кога без разлика на признавањето на вина делото и со него и без него е такво какво што е, а имаме пресуда која за нив и за нас е ослободителна. Со тоа дозволуваме секојдневно сите ние, сите вие и оние гледаат да бидеме жртви на сообраќајното насилство. Оваа мора да престане веднаш, затоа што вака ќе имаме повеќе погреби на пешачки, отколку што ќе имаме веселби за убави работи, рече бранителот Михајловиќ.
И адвокатката Билјана Андонова, која го застапува повредениот пешак Леонид Даов, најави жалба за пресудата, која ја нарече „ослободителна“. Таткото на почината Викторија, даде кратка изјава и посочи дека се згрозени од пресудата и затоа од овие причини има голем процент на недоверба во судството. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zgrozen-sum-od-ovaa-drzava-veli-tatkoto-na-viktorija-po-presudata-tri-godini-zatvor-za-vozachot-koj-ja-usmrti/ Од другата страна одбраната на обвинетиот Јордан Ѓорѓиев, наведе дека пресудата за нив како одбрана е задоволителна и дека за казната од три години нема да се жалат, но ќе поднесат жалба за одлуката за притвор. Според нив, домашниот притвор во правото е притвор што ограничува.

The post „Судот даде зелено светло за ваквите дела да поминуваат неказнето“, вели адвокатот на одбраната за сообраќајката кај „Сити мол“ appeared first on Република.

]]>
„Згрозен сум од оваа држава“ вели таткото на Викторија, по пресудата три години затвор за возачот кој ја усмрти https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zgrozen-sum-od-ovaa-drzava-veli-tatkoto-na-viktorija-po-presudata-tri-godini-zatvor-za-vozachot-koj-ja-usmrti/ Mon, 11 Apr 2022 09:38:08 +0000 https://republika.mk/?p=486632

Згрозен сум од оваа држава, рече таткото на Викторија Николова, по денешната пресуда од три години затвор за возачот кој ја прегази и усмрти.

Што да кажам, немам зборови. Згрозен сум од оваа држава и од судството и затоа има толку голем процент на доверба во судството. Нула проценти, затоа и сите ја напуштаат оваа држава, рече тој пред новинарите по денешното рочиште.

Мајката на Викторија, со плач ја дочека пресудата. За родителите и за адвокатот на одбраната оваа пресуда е несериозна, скоро па ослободителна.

Денеска Основниот Кривичен суд – Скопје обвинетиот во случајот со сообраќајната несреќа кај „Сити мол“, Јордан Ѓорѓиев, беше осуден на казна затвор од три години и абрана за управување моторно бозило од Б категорија во период од три години од правосилноста на пресудата.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tri-godini-zatvor-za-soobrakjajkata-kaj-siti-mol/

Трагичната сообраќајната несреќа се случи на 20 јануари годинава во близина на раскрсницата кај Трговскиот центар „Сити мол“, при што животот го загуби Викторија Николова. Според пресудата, обвинетиот се движел со брзина од 67,3 километри на час, брзина поголема од 17 километри на час од предвидената.

The post „Згрозен сум од оваа држава“ вели таткото на Викторија, по пресудата три години затвор за возачот кој ја усмрти appeared first on Република.

]]>

Згрозен сум од оваа држава, рече таткото на Викторија Николова, по денешната пресуда од три години затвор за возачот кој ја прегази и усмрти.
Што да кажам, немам зборови. Згрозен сум од оваа држава и од судството и затоа има толку голем процент на доверба во судството. Нула проценти, затоа и сите ја напуштаат оваа држава, рече тој пред новинарите по денешното рочиште.
Мајката на Викторија, со плач ја дочека пресудата. За родителите и за адвокатот на одбраната оваа пресуда е несериозна, скоро па ослободителна. Денеска Основниот Кривичен суд – Скопје обвинетиот во случајот со сообраќајната несреќа кај „Сити мол“, Јордан Ѓорѓиев, беше осуден на казна затвор од три години и абрана за управување моторно бозило од Б категорија во период од три години од правосилноста на пресудата. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tri-godini-zatvor-za-soobrakjajkata-kaj-siti-mol/ Трагичната сообраќајната несреќа се случи на 20 јануари годинава во близина на раскрсницата кај Трговскиот центар „Сити мол“, при што животот го загуби Викторија Николова. Според пресудата, обвинетиот се движел со брзина од 67,3 километри на час, брзина поголема од 17 километри на час од предвидената.  

The post „Згрозен сум од оваа држава“ вели таткото на Викторија, по пресудата три години затвор за возачот кој ја усмрти appeared first on Република.

]]>
Три години затвор за сообраќајката кај „Сити мол“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tri-godini-zatvor-za-soobrakjajkata-kaj-siti-mol/ Mon, 11 Apr 2022 08:21:39 +0000 https://republika.mk/?p=486543

Три години затвор му досуди судијката Љубинка Башевска на возачот Јордан Ѓорѓиев за сообраќајката кај „Сити мол“, во која загина 24-годишната Викторија Николова од Радовиш. Тој доби и забрана за управување моторно бозило од Б категорија во период од три години од правосилноста на пресудата.

Пресудата не е правосилна и странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд во Скопје за висината на казната.

При изрекувањето, судијката Љубинка Башевска изрази длабоко сочувство до членовите на семејството на жртвата кои не беа лично присутни на изрекувањето на казната.

Ѓорѓиев, кој минатата недела призна вина, се гонеше за делото тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

The post Три години затвор за сообраќајката кај „Сити мол“ appeared first on Република.

]]>

Три години затвор му досуди судијката Љубинка Башевска на возачот Јордан Ѓорѓиев за сообраќајката кај „Сити мол“, во која загина 24-годишната Викторија Николова од Радовиш. Тој доби и забрана за управување моторно бозило од Б категорија во период од три години од правосилноста на пресудата. Пресудата не е правосилна и странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд во Скопје за висината на казната. При изрекувањето, судијката Љубинка Башевска изрази длабоко сочувство до членовите на семејството на жртвата кои не беа лично присутни на изрекувањето на казната. Ѓорѓиев, кој минатата недела призна вина, се гонеше за делото тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

The post Три години затвор за сообраќајката кај „Сити мол“ appeared first on Република.

]]>
„Камо да можам би си го сменил местото со неа“, вели возачот Јордан од сообраќајката во која загина Викторија https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kamo-da-mozam-bi-si-go-smenil-mestoto-so-nea-veli-vozachot-jordan-od-soobrakjajkata-vo-koja-zagina-viktorija/ Wed, 06 Apr 2022 10:03:36 +0000 https://republika.mk/?p=483986

Сакам да изразам сочувство на покојната. Од тој ден немам ни еден миг раат, многу сум вознемирен. Камо да можам да сменам нешто за тој ден. Доколку би можел, би го сменил местото.

Ова на денешното рочиште за тешката сообраќајка кај „Сити мол“, го кажа возачот Јордан Ѓоргиев. Тој изрази каење и го призна делото за кое му се суди „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

Се чувствувам виновен, многу се каам. Свесно го давам признанието. Никој не ме уценувал. Јасно ми е дека ќе следи санкција, дека ќе ги платам трошоците за постапката, како и имотно правните побарувања, рече Ѓоргиев.

Во тешката сообраќајка на 20 јануари на лице место загина 24-годишната Викторија Николова, додека нејзиното момче Леонид Даов беше тешко повредени. Во нив, движејќи се со брзина над дозволената, удри Ѓоргиев со своето возило, додека тие преминуваа улица.

Повеќе детали од рочиштето на А1он

The post „Камо да можам би си го сменил местото со неа“, вели возачот Јордан од сообраќајката во која загина Викторија appeared first on Република.

]]>

Сакам да изразам сочувство на покојната. Од тој ден немам ни еден миг раат, многу сум вознемирен. Камо да можам да сменам нешто за тој ден. Доколку би можел, би го сменил местото. Ова на денешното рочиште за тешката сообраќајка кај „Сити мол“, го кажа возачот Јордан Ѓоргиев. Тој изрази каење и го призна делото за кое му се суди „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.
Се чувствувам виновен, многу се каам. Свесно го давам признанието. Никој не ме уценувал. Јасно ми е дека ќе следи санкција, дека ќе ги платам трошоците за постапката, како и имотно правните побарувања, рече Ѓоргиев.
Во тешката сообраќајка на 20 јануари на лице место загина 24-годишната Викторија Николова, додека нејзиното момче Леонид Даов беше тешко повредени. Во нив, движејќи се со брзина над дозволената, удри Ѓоргиев со своето возило, додека тие преминуваа улица. Повеќе детали од рочиштето на А1он

The post „Камо да можам би си го сменил местото со неа“, вели возачот Јордан од сообраќајката во која загина Викторија appeared first on Република.

]]>
Возачот на сообраќајката кај „Сити мол“ призна вина https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vozachot-na-soobrakjajkata-kaj-siti-mol-prizna-vina/ Wed, 06 Apr 2022 09:04:46 +0000 https://republika.mk/?p=483958

Возачот кој ја стори сообраќајката кај „Сити мол“ призна вина. Tој пред судијката Љубинка Башевска рече дека се чувствува виновен. Нему му се суди за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

„Се чувствувам виновен, многу се каам. Свесно го давам признанието. Никој не ме уценувал. Јасно ми е дека ќе следи санкција, дека ќе ги платам трошоците за постапката, како и имотно правните побарувања“, пренесе „А1он“.

The post Возачот на сообраќајката кај „Сити мол“ призна вина appeared first on Република.

]]>

Возачот кој ја стори сообраќајката кај „Сити мол“ призна вина. Tој пред судијката Љубинка Башевска рече дека се чувствува виновен. Нему му се суди за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. „Се чувствувам виновен, многу се каам. Свесно го давам признанието. Никој не ме уценувал. Јасно ми е дека ќе следи санкција, дека ќе ги платам трошоците за постапката, како и имотно правните побарувања“, пренесе „А1он“.

The post Возачот на сообраќајката кај „Сити мол“ призна вина appeared first on Република.

]]>
Одобрено обвинението за сообраќајната несреќа кај „Ситимол“, најмалку 4 години затвор за возачот https://republika.mk/vesti/crna-hronika/odobreno-obvinenieto-za-soobrakjajnata-nesrekja-kaj-sitimol-najmalku-4-godini-zatvor-za-vozachot/ Tue, 08 Mar 2022 12:55:27 +0000 https://republika.mk/?p=469621

Основниот Кривичен суд – Скопје, во целост го одобрил обвинителниот акт за сообраќајната несреќа која се случи во близина на трговскиот центар Сити Мол во Скопје, на 20 јануари годинава.

Ја информираме јавноста дека советот за оценка на обвинителен акт, по одржана седница, донесе решение со кое приговорите се одбиваат, а актот против обвинетиот Ј.Ѓ., осомничен за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 в.в со чл. 297 ст.1 од КЗ, се одобрува во целост, велат од Кривичен суд.

Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот

Член 300

(2) Ако поради делото од членовите 297 ставови 1 и 2,298 став 1 и 299 ставови 1 и 2 настапи смрт на едно или повеќе лица, сторителот ќе се казни со затвор најмалку четири години.

Додаваат дека согласно АКМИС – системот предметот ќе биде распределен на понатамошно постапување, а штом ќе биде насрочен термин за главна расправа од Судот информираат дека истиот ќе биде објавен на веб страната на судот во делот „Календар на судења“.

The post Одобрено обвинението за сообраќајната несреќа кај „Ситимол“, најмалку 4 години затвор за возачот appeared first on Република.

Член 300 (2) Ако поради делото од членовите 297 ставови 1 и 2,298 став 1 и 299 ставови 1 и 2 настапи смрт на едно или повеќе лица, сторителот ќе се казни со затвор најмалку четири години.

Возел со 67,3 км/час: За делото за кое му се суди на возачот кој ја прегази Викторија му следи затвор од најмалку 4 години https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vozel-so-67-3-km-chas-za-deloto-za-koe-mu-se-sudi-na-vozachot-koj-ja-pregazi-viktorija-mu-sledi-zatvor-od-najmalku-4-godini/ Fri, 18 Feb 2022 12:46:51 +0000 https://republika.mk/?p=460449

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје информира дека до Основниот кривичен е поднесен Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот

Член 300

(2) Ако поради делото од членовите 297 ставови 1 и 2,298 став 1 и 299 ставови 1 и 2 настапи смрт на едно или повеќе лица, сторителот ќе се казни со затвор најмалку четири години.

Како што информираат од Јавното обвинителство, обвинетиот, на 20 јануари, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал со патничко моторно возило Цитроен Ц4 по булеварот „Партизански одреди“. Кога дошол до крстосницата со улиците „Московска“ и „Љубљанска“, каде светлосните сообраќајни знаци – семафори во тој момент биле исклучени од програм и работеле со трепкаво жолто светло, тој постапил спротивно на член 19 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, односно иако бил должен, не обрнал внимание на пешаците на коловозот.

Спротивно и на членот 35 од Законот, приоѓајќи кон обележан пешачки премин, обвинетиот управувал со автомобилот со брзина од 67,3 километри на час, што е за 17,3 километри на час поголема од максимално дозволената, со што бил оневозможен навремено да го запре возилото во случај на потреба. Со предниот дел од возилото удрил во двајца пешаци кои поминувале по обележаниот пешачки премин. Еден од пешаците, девојка на возраст од 24 години, притоа се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место, додека другиот пешак бил повреден и пренесен во болница, посочуваат од ЈОРСМ.

Имајќи ја предвид тежината на кривичното дело кое му се става на товар на обвинетиот и другите околности, од јавното обвинителство потенцираат дека јавниот обвинител оценил дека се уште постои опасност тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон или да го повтори делото, па до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор

The post Возел со 67,3 км/час: За делото за кое му се суди на возачот кој ја прегази Викторија му следи затвор од најмалку 4 години appeared first on Република.

Градоначалникот Стојкоски бил докторот кој се обидел да ѝ помогне на прегазената Викторија https://republika.mk/vesti/crna-hronika/gradonachalnikot-stojkoski-bil-doktorot-koj-se-obidel-da-pomogne-na-pregazenata-viktorija/ Thu, 03 Feb 2022 16:06:31 +0000 https://republika.mk/?p=453723

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, бил докторот за кој повреденото момче Леонид Даов кажува дека прв истрчал да ѝ помогне на неговата девојка Викторија. Како што пренесува „Скопје 1“, според очевидци кои се затекнале кај раскрсницата на „Партизанска“, близу „Сити мол“, а споделија информации за трагедијата, Стојкоски случајно се затекнал таму и истрчал на помош во моментот кога се случила несреќата, се обидел да ѝ даде прва помош на прегазената девојка, но единствено што можел да констатира е дека таа починала на лице место, како што сведочеше и повредениот Леонид.

Еден од сведоците беше доктор притрча и ѝ мереше пулс. Уверен сум дека не сакаше да ми каже за најлошото. Луѓе кои беа сведоци на настанот ме тргнаа од Викторија, вели Леонид во интервјуто за „Код“.

Стојкоски е доктор радиолог на Институтот за радиологија во рамки на Клиничкиот центар. „Скопје 1“ се обиде да добие потврда од градоначалникот Стојкоски, но тој не одговорил на повиците.

The post Градоначалникот Стојкоски бил докторот кој се обидел да ѝ помогне на прегазената Викторија appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, бил докторот за кој повреденото момче Леонид Даов кажува дека прв истрчал да ѝ помогне на неговата девојка Викторија. Како што пренесува „Скопје 1“, според очевидци кои се затекнале кај раскрсницата на „Партизанска“, близу „Сити мол“, а споделија информации за трагедијата, Стојкоски случајно се затекнал таму и истрчал на помош во моментот кога се случила несреќата, се обидел да ѝ даде прва помош на прегазената девојка, но единствено што можел да констатира е дека таа починала на лице место, како што сведочеше и повредениот Леонид. Еден од сведоците беше доктор притрча и ѝ мереше пулс. Уверен сум дека не сакаше да ми каже за најлошото. Луѓе кои беа сведоци на настанот ме тргнаа од Викторија, вели Леонид во интервјуто за „Код“. Стојкоски е доктор радиолог на Институтот за радиологија во рамки на Клиничкиот центар. „Скопје 1“ се обиде да добие потврда од градоначалникот Стојкоски, но тој не одговорил на повиците.

The post Градоначалникот Стојкоски бил докторот кој се обидел да ѝ помогне на прегазената Викторија appeared first on Република.

]]>
Се вратив од работа, си го подготвивме омиленото јадење, заминавме на шопинг: Исповед на Леонид Даов, момчето на загинатата Викторија https://republika.mk/vesti/crna-hronika/se-vrativ-od-rabota-si-go-podgotvivme-omilenoto-jadenje-zaminavme-na-shoping-ispoved-na-leonid-daov-momcheto-na-zaginatata-viktorija/ Wed, 02 Feb 2022 08:49:52 +0000 https://republika.mk/?p=452800

Четврток, 20 јануари. Додека Леонид бил на работа, неговата девојка Викторија, учела за постдипломските студии. Попладнето, заедно го подготвиле омиленото јадење. Потоа решиле да одат на шопинг во Сити Мол. На враќање, на пешачкиот премин, ги удира автомобил.

Леонид Даов и Викторија Иванова, која им подлегна на повредите, се разделуваат засекогаш.

Десет дена по овој кобен настан родителите, роднините, пријателите положија цвеќе и запалија свеќи за 24 годишната Викторија на истото место кадешто го загуби животот. Преку мирниот протест побараа да се стави крај на безобзирното и неказниво возење по улиците и да се подигне свеста на учесниците во сообраќајот. Меѓу нив беше и Леонид (24), студент на факултетот за информатички науки и компјутерско инженерество во Скопје, вработен како програмер во програмерска компанија.

Солзите постојано му се тркалаа по лицето додека стоеше покрај родителите на Викторија. Сите беа скршени од болка.

Целото интервју со Леонид Даов на „Женски магазин

The post Се вратив од работа, си го подготвивме омиленото јадење, заминавме на шопинг: Исповед на Леонид Даов, момчето на загинатата Викторија appeared first on Република.

]]>

Четврток, 20 јануари. Додека Леонид бил на работа, неговата девојка Викторија, учела за постдипломските студии. Попладнето, заедно го подготвиле омиленото јадење. Потоа решиле да одат на шопинг во Сити Мол. На враќање, на пешачкиот премин, ги удира автомобил. Леонид Даов и Викторија Иванова, која им подлегна на повредите, се разделуваат засекогаш. Десет дена по овој кобен настан родителите, роднините, пријателите положија цвеќе и запалија свеќи за 24 годишната Викторија на истото место кадешто го загуби животот. Преку мирниот протест побараа да се стави крај на безобзирното и неказниво возење по улиците и да се подигне свеста на учесниците во сообраќајот. Меѓу нив беше и Леонид (24), студент на факултетот за информатички науки и компјутерско инженерество во Скопје, вработен како програмер во програмерска компанија. Солзите постојано му се тркалаа по лицето додека стоеше покрај родителите на Викторија. Сите беа скршени од болка. Целото интервју со Леонид Даов на „Женски магазин

The post Се вратив од работа, си го подготвивме омиленото јадење, заминавме на шопинг: Исповед на Леонид Даов, момчето на загинатата Викторија appeared first on Република.

]]>
Здравствено е добар, меѓутоа емоционално има големи трауми, вели таткото на повреденото момче https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zdravstveno-e-dobar-megjutoa-emocionalno-ima-golemi-traumi-veli-tatkoto-na-povredenoto-momche/ Sun, 23 Jan 2022 17:31:55 +0000 https://republika.mk/?p=448406

Момчето на 24-годишната Викторија Николова, која трагично го загуби животот на булеварот „Партизански одреди“ е во добра физичка состојба, бидејќи немал тешки повреди, но има големи емоционални трауми по сообраќајната несреќа.

Таткото на повреденото момче за ТВ24 вели дека очекуваат максимална казна за возачот кој ја предизвика несреќата, со цел вакви работи повеќе да не се повторуваат.

Здравствено ако ме прашувате е добар, бидејќи повредите не му беа големи. Има отоци и мали болки, меѓутоа емоционално има големи трауми, не се чувствува најдобро, му недостига Викторија. Очекуваме од надлежните органи да си ја завршат професионално работата, да се тера правилно и да нема неправда. Ние секако ќе ангажираме адвокат, кој ќе ја претставува нашата страна и ќе бараме максимална казна за понатаму да не се случуваат вакви несакани работи, вели Даниел Даов родител на повреденото момче.

The post Здравствено е добар, меѓутоа емоционално има големи трауми, вели таткото на повреденото момче appeared first on Република.

]]>

Момчето на 24-годишната Викторија Николова, која трагично го загуби животот на булеварот „Партизански одреди“ е во добра физичка состојба, бидејќи немал тешки повреди, но има големи емоционални трауми по сообраќајната несреќа. Таткото на повреденото момче за ТВ24 вели дека очекуваат максимална казна за возачот кој ја предизвика несреќата, со цел вакви работи повеќе да не се повторуваат.
Здравствено ако ме прашувате е добар, бидејќи повредите не му беа големи. Има отоци и мали болки, меѓутоа емоционално има големи трауми, не се чувствува најдобро, му недостига Викторија. Очекуваме од надлежните органи да си ја завршат професионално работата, да се тера правилно и да нема неправда. Ние секако ќе ангажираме адвокат, кој ќе ја претставува нашата страна и ќе бараме максимална казна за понатаму да не се случуваат вакви несакани работи, вели Даниел Даов родител на повреденото момче.

The post Здравствено е добар, меѓутоа емоционално има големи трауми, вели таткото на повреденото момче appeared first on Република.

]]>
Oд шок не можел да мрдне, 50 години пред очи ќе му излегува таа слика, вели адвокатот на возачот од „Сити мол“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/od-shok-ne-mozel-da-mrdne-50-godini-pred-ochi-kje-mu-izleguva-taa-slika-veli-advokatot-na-vozachot-od-siti-mol/ Sat, 22 Jan 2022 10:24:16 +0000 https://republika.mk/?p=448057

Адвокататот Душко Јанковиќ, бранител на возачот Јордан Ѓ. кој ја усмрти 24-годишната радовишанка во сообраќајката кај „Сити мол“, за „А1он“ вели дека тој било во шок, што го утврдиле и лекарите. Од преголем стрес, му се укочиле нозете и рацете и така останал половина час, додека не го извадила полицијата од возилото за да го однесе да му е направат лабораториски анализи. По несреќата, му се одземале нозете и рацете, што според адвокатот, било причина што не излегол да помогне.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ne-izlegol-da-im-pomogne-30-dneven-pritvor-za-vozachot-koj-gi-pregazi-mladite-radovishani-kaj-siti-mol/

Во изјавата, адвокатот го пренесува тврдењето на младиот возач дека не возел повеќе од 45-50 километри на час, а доказ за тоа е дека не се отвориле воздушните перничиња. Возачот се каел и признал вина.

Самото тоа му е доживотна казна. Кога тој ќе легне следните 50 години таа слика ќе му излегува пред очи. Ова не е посакувано дело, ова не е нешто што се прави со умисла, ова е нешто, таква случка, која на секому од нас кој што оди на работа наутро, не дај Боже, како и да навраќање, да му се случи. Тоа е. Таков тип на дело е, вели адвокатот.

Повеќе на А1он

The post Oд шок не можел да мрдне, 50 години пред очи ќе му излегува таа слика, вели адвокатот на возачот од „Сити мол“ appeared first on Република.

]]>

Адвокататот Душко Јанковиќ, бранител на возачот Јордан Ѓ. кој ја усмрти 24-годишната радовишанка во сообраќајката кај „Сити мол“, за „А1он“ вели дека тој било во шок, што го утврдиле и лекарите. Од преголем стрес, му се укочиле нозете и рацете и така останал половина час, додека не го извадила полицијата од возилото за да го однесе да му е направат лабораториски анализи. По несреќата, му се одземале нозете и рацете, што според адвокатот, било причина што не излегол да помогне. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ne-izlegol-da-im-pomogne-30-dneven-pritvor-za-vozachot-koj-gi-pregazi-mladite-radovishani-kaj-siti-mol/ Во изјавата, адвокатот го пренесува тврдењето на младиот возач дека не возел повеќе од 45-50 километри на час, а доказ за тоа е дека не се отвориле воздушните перничиња. Возачот се каел и признал вина.
Самото тоа му е доживотна казна. Кога тој ќе легне следните 50 години таа слика ќе му излегува пред очи. Ова не е посакувано дело, ова не е нешто што се прави со умисла, ова е нешто, таква случка, која на секому од нас кој што оди на работа наутро, не дај Боже, како и да навраќање, да му се случи. Тоа е. Таков тип на дело е, вели адвокатот.
Повеќе на А1он

The post Oд шок не можел да мрдне, 50 години пред очи ќе му излегува таа слика, вели адвокатот на возачот од „Сити мол“ appeared first on Република.

]]>
Не излегол да им помогне: 30-дневен притвор за возачот кој ги прегази младите радовишани кај „Сити мол“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ne-izlegol-da-im-pomogne-30-dneven-pritvor-za-vozachot-koj-gi-pregazi-mladite-radovishani-kaj-siti-mol/ Sat, 22 Jan 2022 07:49:08 +0000 https://republika.mk/?p=448013

По произнесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител во однос на предлогот на Јавното обвинителство, судија на претходна постапка донесе решение со кое го прифати предлогот на ЈО и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на опасност од бегство, влијание на сведоци и можност да го повтори делото, соопшти Основниот кривичен суд во однос на тешката сообраќајна несреќа што се случи вчеравечер во близина на трговскиот центар „Сити мол“ каде загина 25-годишна девојка, а едно лице беше повредено.

Основното јавно обвинителство во Скопје претходно денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторило кривичните дела – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, како и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

Како што информираа од ЈО, осомничениот на 20 јануари, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал со патничко моторно возило Цитроен Ц4 по булеварот „Партизански одреди“. Кога дошол до крстосницата со улиците „Московска“ и „Љубљанска“, каде светлосните сообраќајни знаци - семафори биле исклучени од програма и работеле со трепкаво жолто светло, тој постапил спротивно на член 19 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, односно иако бил должен не обрнал внимание на пешаците на коловозот.

- Спротивно и на членот 35, приоѓајќи кон обележан пешачки премин, осомничениот управувал со автомобилот со брзина поголема од 50 километри на час, со што бил оневозможен навремено да го запре возилото во случај на потреба. Со предниот дел од возилото удрил во двајца пешаци кои поминувале по обележаниот пешачки премин. Оштетената девојка притоа се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место, додека другиот пешак бил повреден и пренесен во болница, соопштија од Јавното обвинителство.

Осомничениот возач ги оставил без помош повредените лица и останал во своето возило до доаѓањето на увидната екипа.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоците или вештаците и со тоа да ја попречува кривичната постапка, како и оправдан страв дека би можел да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

The post Не излегол да им помогне: 30-дневен притвор за возачот кој ги прегази младите радовишани кај „Сити мол“ appeared first on Република.

]]>

По произнесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител во однос на предлогот на Јавното обвинителство, судија на претходна постапка донесе решение со кое го прифати предлогот на ЈО и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на опасност од бегство, влијание на сведоци и можност да го повтори делото, соопшти Основниот кривичен суд во однос на тешката сообраќајна несреќа што се случи вчеравечер во близина на трговскиот центар „Сити мол“ каде загина 25-годишна девојка, а едно лице беше повредено. Основното јавно обвинителство во Скопје претходно денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторило кривичните дела – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, како и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода. Како што информираа од ЈО, осомничениот на 20 јануари, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал со патничко моторно возило Цитроен Ц4 по булеварот „Партизански одреди“. Кога дошол до крстосницата со улиците „Московска“ и „Љубљанска“, каде светлосните сообраќајни знаци - семафори биле исклучени од програма и работеле со трепкаво жолто светло, тој постапил спротивно на член 19 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, односно иако бил должен не обрнал внимание на пешаците на коловозот.
- Спротивно и на членот 35, приоѓајќи кон обележан пешачки премин, осомничениот управувал со автомобилот со брзина поголема од 50 километри на час, со што бил оневозможен навремено да го запре возилото во случај на потреба. Со предниот дел од возилото удрил во двајца пешаци кои поминувале по обележаниот пешачки премин. Оштетената девојка притоа се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место, додека другиот пешак бил повреден и пренесен во болница, соопштија од Јавното обвинителство.
Осомничениот возач ги оставил без помош повредените лица и останал во своето возило до доаѓањето на увидната екипа. Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоците или вештаците и со тоа да ја попречува кривичната постапка, како и оправдан страв дека би можел да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

The post Не излегол да им помогне: 30-дневен притвор за возачот кој ги прегази младите радовишани кај „Сити мол“ appeared first on Република.

]]>
Пешевски: Обвинителство што склучува спогодба за шест месеци затвор со осуденик, охрабрува случаи како вчерашниот! https://republika.mk/vesti/makedonija/peshevski-obvinitelstvo-shto-skluchuva-spogodba-za-shest-meseci-zatvor-so-osudenik-ohrabruva-sluchai-kako-vcherashniot/ Fri, 21 Jan 2022 10:13:32 +0000 https://republika.mk/?p=447571

Дваесет и четиригодишна девојка вчера го загуби животот на лице место откако беше прегазена на пешачки премин од возило кое претекнувало по лева лента. Јавноста реагира дека ваквите случаи се последица од систем кој е благ кон несовесните возачи. Адвокатот Драган Пешевски, пак, смета дека казната од шест месеци за Зоран Милески - Кичеец, за предизвиканата сообраќајна несреќа во која загина едно лице, а повеќемина беа тешко повредени, во време кога тој требаше да биде во затвор, само охрабрува случаи како вчерашниот.

Обвинителство што склучува спогодба за шест месеци затвор со осуденик, кој во моментот на сторување на делото треба да е во затвор а не на пат, за сообраќајка со смртни последици, охрабрува случаи како вчерашниот!, порача тој.

The post Пешевски: Обвинителство што склучува спогодба за шест месеци затвор со осуденик, охрабрува случаи како вчерашниот! appeared first on Република.

Прегазеното момче е во добра здравствена состојба https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pregazenoto-momche-e-vo-dobra-zdravstvena-sostojba/ Fri, 21 Jan 2022 09:18:20 +0000 https://republika.mk/?p=447504

Момчето кое вчера беше прегазено со младата девојка, која загина на лице место, е во добра состојба и е пуштено на домашно лекување, информираа за Канал 5 од Универзитетска клиника по хируршки болести Св „Наум Охридски“.

Момчето има набиеница во пределот на карлицата, не се констатирани сериозни повреди, и по сите направени анализи е пуштено дома, изјави за телевизијата  директорот на Градска болница Љубен Арсенков.

Едно лице го загуби животот во сообраќајната несреќа што се случи вчеравечер на крстосницата на улицата „Московска“ со булевар „Партизански Одреди“ во Скопје. Како што информира МВР, во несреќата патничко возило управувано од Ј.Ѓ. (1999) од Скопје, удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш, кој е повреден и пренесен во ГОБ „8 Септември“ и В.Н. (1997) од Радовиш, која почанала на местото.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата и повеќе детали ќе се знаат наското.

Очевидци за дел од медиумите посочија дека автомобилот удрил во девојката и момчето во момент додека претекнувал друг автомобил кој бил застанат близу пешачкиот премин.

The post Прегазеното момче е во добра здравствена состојба appeared first on Република.

]]>

Момчето кое вчера беше прегазено со младата девојка, која загина на лице место, е во добра состојба и е пуштено на домашно лекување, информираа за Канал 5 од Универзитетска клиника по хируршки болести Св „Наум Охридски“.
Момчето има набиеница во пределот на карлицата, не се констатирани сериозни повреди, и по сите направени анализи е пуштено дома, изјави за телевизијата  директорот на Градска болница Љубен Арсенков.
Едно лице го загуби животот во сообраќајната несреќа што се случи вчеравечер на крстосницата на улицата „Московска“ со булевар „Партизански Одреди“ во Скопје. Како што информира МВР, во несреќата патничко возило управувано од Ј.Ѓ. (1999) од Скопје, удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш, кој е повреден и пренесен во ГОБ „8 Септември“ и В.Н. (1997) од Радовиш, која почанала на местото. Полицијата изврши увид на местото на несреќата и повеќе детали ќе се знаат наското. Очевидци за дел од медиумите посочија дека автомобилот удрил во девојката и момчето во момент додека претекнувал друг автомобил кој бил застанат близу пешачкиот премин.

The post Прегазеното момче е во добра здравствена состојба appeared first on Република.

]]>