Адвокататот Душко Јанковиќ, бранител на возачот Јордан Ѓ. кој ја усмрти 24-годишната радовишанка во сообраќајката кај „Сити мол“, за „А1он“ вели дека тој било во шок, што го утврдиле и лекарите. Од преголем стрес, му се укочиле нозете и рацете и така останал половина час, додека не го извадила полицијата од возилото за да го однесе да му е направат лабораториски анализи. По несреќата, му се одземале нозете и рацете, што според адвокатот, било причина што не излегол да помогне.

Во изјавата, адвокатот го пренесува тврдењето на младиот возач дека не возел повеќе од 45-50 километри на час, а доказ за тоа е дека не се отвориле воздушните перничиња. Возачот се каел и признал вина.

Самото тоа му е доживотна казна. Кога тој ќе легне следните 50 години таа слика ќе му излегува пред очи. Ова не е посакувано дело, ова не е нешто што се прави со умисла, ова е нешто, таква случка, која на секому од нас кој што оди на работа наутро, не дај Боже, како и да навраќање, да му се случи. Тоа е. Таков тип на дело е, вели адвокатот.

Повеќе на А1он



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.