снимање Archives - Република https://republika.mk/tema/snimanje/ За подобро да се разбереме Sun, 14 Jan 2024 11:13:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png снимање Archives - Република https://republika.mk/tema/snimanje/ 32 32 Снимањето на биографскиот филм за Мајкл Џексон ќе започне овој месец https://republika.mk/scena/film/snimaneto-na-biografskiot-film-za-majkl-dhekson-ke-zapochne-ovoj-mesets/ Sun, 14 Jan 2024 09:53:36 +0000 https://republika.mk/?p=732808

Снимањето на биографскиот филм за пејачот Мајкл Џексон ќе започне овој месец, според филмските студија Lionsgate и Universal Pictures. Кралот на попот ќе го отелотвори 27-годишниот внук на пејачот. Филмот насловен Мајкл, кој беше најавен минатата година, ќе пристигне во кината ширум светот во 2025 година.

Режисерот Антоан Фуква (58), познат по филмовите „Training Day“ и „The Righteous“, минатиот јануари ги откри плановите за биографски филм за кралот на попот, а главната улога му ја додели на внукот на пејачот, 27-годишниот Џафар Џексон.

Мислам дека не постои уметник кој бил толку силен, харизматичен и брилијантен на полето на музиката како Мајкл Џексон. Моето правење музички спотови беше под големо влијание од неговите видеа. Неговата музика и слики се дел од мојот светоглед. Не можев да одолеам на можноста да ги пренесам неговата приказна и музика на големото платно“, рече Фуква на најавата за филмот.

Сценариото го напиша Џон Логан, кој меѓу другите ги напиша „Gladiator“ и „Spectre“ од серијата за Џејмс Бонд. Во филмот се вклучени и ѕвездата британскиот продуцент Греам Кинг, кој беше продуцент на биографскиот филм „Bohemian Rhapsody“ на фронтменот на Квин, Фреди Меркјури, како и администраторите на имотот на Џексон.

Според Lionsgate, филмот ќе фрли светлина врз целиот живот на Џексон. Со хитовите како Billie Jean, Beat It и Thriller, тој беше еден од најпознатите пејачи во светот. Неговиот јавен имиџ е нарушен поради ексцентричниот начин на живот и обвинувањата за сексуална злоупотреба на деца, кои не беа потврдени на суд. Поп-ѕвездата, кој настапуваше на сцената со своите браќа и сестри како дете, почина во 2009 година, само неколку месеци пред планираните проштални концерти „This Is It“.

https://www.youtube.com/watch?app=desktop&v=Y-bFGVGi-sQ

The post Снимањето на биографскиот филм за Мајкл Џексон ќе започне овој месец appeared first on Република.

]]>

Снимањето на биографскиот филм за пејачот Мајкл Џексон ќе започне овој месец, според филмските студија Lionsgate и Universal Pictures. Кралот на попот ќе го отелотвори 27-годишниот внук на пејачот. Филмот насловен Мајкл, кој беше најавен минатата година, ќе пристигне во кината ширум светот во 2025 година.
Режисерот Антоан Фуква (58), познат по филмовите „Training Day“ и „The Righteous“, минатиот јануари ги откри плановите за биографски филм за кралот на попот, а главната улога му ја додели на внукот на пејачот, 27-годишниот Џафар Џексон.
Мислам дека не постои уметник кој бил толку силен, харизматичен и брилијантен на полето на музиката како Мајкл Џексон. Моето правење музички спотови беше под големо влијание од неговите видеа. Неговата музика и слики се дел од мојот светоглед. Не можев да одолеам на можноста да ги пренесам неговата приказна и музика на големото платно“, рече Фуква на најавата за филмот.
Сценариото го напиша Џон Логан, кој меѓу другите ги напиша „Gladiator“ и „Spectre“ од серијата за Џејмс Бонд. Во филмот се вклучени и ѕвездата британскиот продуцент Греам Кинг, кој беше продуцент на биографскиот филм „Bohemian Rhapsody“ на фронтменот на Квин, Фреди Меркјури, како и администраторите на имотот на Џексон. Според Lionsgate, филмот ќе фрли светлина врз целиот живот на Џексон. Со хитовите како Billie Jean, Beat It и Thriller, тој беше еден од најпознатите пејачи во светот. Неговиот јавен имиџ е нарушен поради ексцентричниот начин на живот и обвинувањата за сексуална злоупотреба на деца, кои не беа потврдени на суд. Поп-ѕвездата, кој настапуваше на сцената со своите браќа и сестри како дете, почина во 2009 година, само неколку месеци пред планираните проштални концерти „This Is It“. https://www.youtube.com/watch?app=desktop&v=Y-bFGVGi-sQ

The post Снимањето на биографскиот филм за Мајкл Џексон ќе започне овој месец appeared first on Република.

]]>
Tатко во Србија ги снимал малолетните ќерки со мажи и ги продавал снимките https://republika.mk/vesti/balkan/tatko-vo-srbija-gi-snimal-maloletnite-kerki-so-mazhi-i-gi-prodaval-snimkite/ Sat, 13 Jan 2024 17:30:56 +0000 https://republika.mk/?p=732686

Маж од Крушевац и неговата партнерка се уапсени под сомнение дека сториле кривични дела против сексуалната слобода на штета на неговите малолетни ќерки од претходните бракови, а Основното јавно обвинителство и полицијата сега имаат тешка задача да утврдат дали е макро или принудил некој од нив на проституција, пишуваат српските медиуми.

Случајот е во фаза на преземање доказни дејствија, а се проверува дали сториле некое од кривичните дела: недозволени полови дејствија, дистрибуција на порнографски материјал или сексуална експлоатација.

Полицијата истражува за да утврди дали има елементи за обвинение.

Случајот е исклучително сложен, пред се поради семејните врски меѓу осомничениот и наводните жртви.

 

The post Tатко во Србија ги снимал малолетните ќерки со мажи и ги продавал снимките appeared first on Република.

]]>

Маж од Крушевац и неговата партнерка се уапсени под сомнение дека сториле кривични дела против сексуалната слобода на штета на неговите малолетни ќерки од претходните бракови, а Основното јавно обвинителство и полицијата сега имаат тешка задача да утврдат дали е макро или принудил некој од нив на проституција, пишуваат српските медиуми. Случајот е во фаза на преземање доказни дејствија, а се проверува дали сториле некое од кривичните дела: недозволени полови дејствија, дистрибуција на порнографски материјал или сексуална експлоатација. Полицијата истражува за да утврди дали има елементи за обвинение. Случајот е исклучително сложен, пред се поради семејните врски меѓу осомничениот и наводните жртви.  

The post Tатко во Србија ги снимал малолетните ќерки со мажи и ги продавал снимките appeared first on Република.

]]>
За малку ќе ја снимел својата смрт: Славниот авантурист преживеал удар од гром https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/za-malku-ke-ja-snimel-svojata-smrt-slavniot-avanturist-prezhiveal-udar-od-grom/ Thu, 05 Oct 2023 09:05:39 +0000 https://republika.mk/?p=688089

Американскиот биолог и експерт за диви животни може да слави и втор роденден.

Луѓето веруваат дека експертите за преживување, кои се појавуваат на телевизија, всушност себеси не се доведуваат во опасност додека снимаат.

Дека станува збор за заблуда покажува случајот со американскиот авантурист Форест Галанте, кој за малку ќе настрадал на Флорида, и тоа пред камера.

Овој биолог и експерт за диви животни неодамна снимал промотивен материјал во Еверглејдс, поточно длабоко во мочуриштето.

Додека стоел во водата, времето нагло се влошило.

Денот беше прекрасен, снимавме одличен материјал. Токму пред крајот, времето се промени, почна да врне, но продолживме, рекол Галанте.

На снимката се слушаат грмотевици, а следеле и силна експлозија и блесок.

Авантуристот излегува од вода и вели: „Го почувствував, погоден сум. Тоа болеше“.

Тој бил завртен со грб кога удрил громот, па дури подоцна ја видел снимката, пренесува „LadBible“.

Почувствував нешто, како да сум парализиран. Водата се однесуваше како суперспроводник. Ударот мина низ моите нозе, стомакот, срцето до устата. Секунда подоцна излегов на брегот.


Галанте имал многу среќа да преживее удар од гром и сигурно ќе ја памети оваа посета на Еверглејдс.

The post За малку ќе ја снимел својата смрт: Славниот авантурист преживеал удар од гром appeared first on Република.

]]>

Американскиот биолог и експерт за диви животни може да слави и втор роденден. Луѓето веруваат дека експертите за преживување, кои се појавуваат на телевизија, всушност себеси не се доведуваат во опасност додека снимаат. Дека станува збор за заблуда покажува случајот со американскиот авантурист Форест Галанте, кој за малку ќе настрадал на Флорида, и тоа пред камера. Овој биолог и експерт за диви животни неодамна снимал промотивен материјал во Еверглејдс, поточно длабоко во мочуриштето. Додека стоел во водата, времето нагло се влошило. Денот беше прекрасен, снимавме одличен материјал. Токму пред крајот, времето се промени, почна да врне, но продолживме, рекол Галанте. На снимката се слушаат грмотевици, а следеле и силна експлозија и блесок. Авантуристот излегува од вода и вели: „Го почувствував, погоден сум. Тоа болеше“. Тој бил завртен со грб кога удрил громот, па дури подоцна ја видел снимката, пренесува „LadBible“. Почувствував нешто, како да сум парализиран. Водата се однесуваше како суперспроводник. Ударот мина низ моите нозе, стомакот, срцето до устата. Секунда подоцна излегов на брегот. Галанте имал многу среќа да преживее удар од гром и сигурно ќе ја памети оваа посета на Еверглејдс.

The post За малку ќе ја снимел својата смрт: Славниот авантурист преживеал удар од гром appeared first on Република.

]]>
Почна снимањето на босанскиот филм „Павилјон“ во копродукција со „Круг филм“ од Скопје https://republika.mk/scena/film/pochna-snimaneto-na-bosanskiot-film-paviljon-vo-koproduktsija-so-krug-film-od-skopje/ Thu, 21 Sep 2023 16:32:04 +0000 https://republika.mk/?p=683869

Во Зеница, Босна и Херцеговина, започна снимањето на долгометражниот игран филм „Павилјон“ по сценарио на Виктор Иванчиќ и Емир Имамовиќ-Пирке, во режија на Дино Мустафиќ. Филмот е во продукција на продукциската куќа „Панглас“ од Сараево, а македонски ко-продуцент е „Круг филм“ од Скопје. Снимањето ќе трае до почетокот на октомври оваа година.

Филмот раскажува приказна за злоставуваните станари на домот за стари лица „Павилјон“, кои организираат вооружен бунт чија цел не е подобрување на условите за живот. Тие сакаат правдина во нејзиниот исконски облик, без никаква грижа за моралните норми во општеството кое повозрасните личности ги смета за биолошки отпад.

Една од главните улоги во филмот ја толкува нашиот реномиран актер Мето Јовановски, а во реализацијата на филмот учествуваат и други авторски имиња: Жаклина Крстевска како костимограф, Алисија Ферро како скриптер и Раде Гогоски како прв асистент на камера.

„Павилјон“ е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, како и од Филмските центри на Босна и Херцеговина и на Србија. Главен продуцент од босанска страна е Мустафа Мустафиќ од „Панглас“, додека српски ко-продуцент е Бојана Маљевиќ од „Монте Ројал Пикчрс“. Македонски ко-продуцент е Дејан Крајчевски од „Круг филм“.

Режисерот Мустафиќ во својата кариера има постигнато големи успеси како со филмската, така и со театарската режија, а неговата претстава „Хелверовата ноќ“ на Камерниот театар 55 од Сараево, е запишана во историјата на босанско-херцеговскиот театар како најнаградувана со 23 интернационални признанија.

 

The post Почна снимањето на босанскиот филм „Павилјон“ во копродукција со „Круг филм“ од Скопје appeared first on Република.

]]>

Во Зеница, Босна и Херцеговина, започна снимањето на долгометражниот игран филм „Павилјон“ по сценарио на Виктор Иванчиќ и Емир Имамовиќ-Пирке, во режија на Дино Мустафиќ. Филмот е во продукција на продукциската куќа „Панглас“ од Сараево, а македонски ко-продуцент е „Круг филм“ од Скопје. Снимањето ќе трае до почетокот на октомври оваа година. Филмот раскажува приказна за злоставуваните станари на домот за стари лица „Павилјон“, кои организираат вооружен бунт чија цел не е подобрување на условите за живот. Тие сакаат правдина во нејзиниот исконски облик, без никаква грижа за моралните норми во општеството кое повозрасните личности ги смета за биолошки отпад. Една од главните улоги во филмот ја толкува нашиот реномиран актер Мето Јовановски, а во реализацијата на филмот учествуваат и други авторски имиња: Жаклина Крстевска како костимограф, Алисија Ферро како скриптер и Раде Гогоски како прв асистент на камера. „Павилјон“ е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, како и од Филмските центри на Босна и Херцеговина и на Србија. Главен продуцент од босанска страна е Мустафа Мустафиќ од „Панглас“, додека српски ко-продуцент е Бојана Маљевиќ од „Монте Ројал Пикчрс“. Македонски ко-продуцент е Дејан Крајчевски од „Круг филм“. Режисерот Мустафиќ во својата кариера има постигнато големи успеси како со филмската, така и со театарската режија, а неговата претстава „Хелверовата ноќ“ на Камерниот театар 55 од Сараево, е запишана во историјата на босанско-херцеговскиот театар како најнаградувана со 23 интернационални признанија.  

The post Почна снимањето на босанскиот филм „Павилјон“ во копродукција со „Круг филм“ од Скопје appeared first on Република.

]]>
Снимање на спот ќе затвори улици во центарот на Скопје ноќта меѓу недела и понеделник https://republika.mk/zivot/servisi/snimane-na-spot-ke-zatvori-ulitsi-vo-tsentarot-na-skopje-nokta-megu-nedela-i-ponedelnik/ Fri, 25 Aug 2023 15:33:15 +0000 https://republika.mk/?p=675830

Поради снимање на музички спот полицијата ќе затвори дел од улици во центарот на Скопје ноќта помеѓу недела и понеделник до 6 часот изутрина.

Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје,  на 27/28.08.2023 поради снимање на музички спот од страна на Друштво за продукција и услуги Мелем продукција ДООЕЛ, Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје. Имено, во периодот од 23 часот на 27 август до 6 часот на 28 август затворен за сообраќај во двете насоки на движење ќе биде бул.Илинден, на потегот од крстосница со бул.Св. Климент Охридски до ул.Наум Наумовски Борче, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај“, се вели во соопштението на МВР.

 

The post Снимање на спот ќе затвори улици во центарот на Скопје ноќта меѓу недела и понеделник appeared first on Република.

]]>

Поради снимање на музички спот полицијата ќе затвори дел од улици во центарот на Скопје ноќта помеѓу недела и понеделник до 6 часот изутрина. Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје,  на 27/28.08.2023 поради снимање на музички спот од страна на Друштво за продукција и услуги Мелем продукција ДООЕЛ, Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје. Имено, во периодот од 23 часот на 27 август до 6 часот на 28 август затворен за сообраќај во двете насоки на движење ќе биде бул.Илинден, на потегот од крстосница со бул.Св. Климент Охридски до ул.Наум Наумовски Борче, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај“, се вели во соопштението на МВР.  

The post Снимање на спот ќе затвори улици во центарот на Скопје ноќта меѓу недела и понеделник appeared first on Република.

]]>
Приведен тетовец кој следел и снимал девојки https://republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-tetovets-koj-sledel-i-snimal-devojki/ Wed, 26 Jul 2023 11:20:12 +0000 https://republika.mk/?p=665501

Вчера во 18.20 часот на улица „Живко Брајкоски“ во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово - ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.А.(46) од Тетово.

Претходно, тој бил пријавен од Џ.С.(21) дека во угостителски објект на истата улица ја вознемирувал неа и нејзини пријателки, снимајќи ги со мобилен телефон.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

The post Приведен тетовец кој следел и снимал девојки appeared first on Република.

]]>

Вчера во 18.20 часот на улица „Живко Брајкоски“ во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово - ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.А.(46) од Тетово. Претходно, тој бил пријавен од Џ.С.(21) дека во угостителски објект на истата улица ја вознемирувал неа и нејзини пријателки, снимајќи ги со мобилен телефон. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

The post Приведен тетовец кој следел и снимал девојки appeared first on Република.

]]>
Германец и Белгиец уапсени во Истра – снимале голи деца во камп https://republika.mk/vesti/balkan/germanets-i-belgiets-uapseni-vo-istra-snimale-goli-detsa-vo-kamp/ Mon, 12 Jun 2023 07:57:51 +0000 https://republika.mk/?p=650321

Истарската полиција уапси 61-годишен Германец и 57-годишен Белгиец, кои се осомничени дека во одвоени случаи снимале голи деца во Пула и Ровињ.

Полицијата во Пула товари германски државјанин за експлоатација на деца за порнографија бидејќи на 7 јуни околу 19 часот снимил голо дете како се тушира ​​во камп во областа Премантура.

Белгиски државјанин бил уапсен од полицијата во Ровињ поради сомнение дека попладнето на 7 јуни со мобилен телефон снимал и фотографирал деца во нудистичкиот камп.

Обезбедувањето брзо го запрело и го задржало додека не дошла полицијата која го привела мажот во полициска станица.

Во двата случаи, полициски службеници извршиле претрес во просториите, возилата и мобилните уреди што ги користеле осомничените.

Вакви инциденти се случуваат секоја летна сезона на хрватското приморје. Најчесто тоа се странски државјани кои фотографираат голи деца со мобилни уреди, често скриени во чанти и други предмети, пишува Н1 Загреб.

The post Германец и Белгиец уапсени во Истра – снимале голи деца во камп appeared first on Република.

]]>

Истарската полиција уапси 61-годишен Германец и 57-годишен Белгиец, кои се осомничени дека во одвоени случаи снимале голи деца во Пула и Ровињ. Полицијата во Пула товари германски државјанин за експлоатација на деца за порнографија бидејќи на 7 јуни околу 19 часот снимил голо дете како се тушира ​​во камп во областа Премантура. Белгиски државјанин бил уапсен од полицијата во Ровињ поради сомнение дека попладнето на 7 јуни со мобилен телефон снимал и фотографирал деца во нудистичкиот камп. Обезбедувањето брзо го запрело и го задржало додека не дошла полицијата која го привела мажот во полициска станица. Во двата случаи, полициски службеници извршиле претрес во просториите, возилата и мобилните уреди што ги користеле осомничените. Вакви инциденти се случуваат секоја летна сезона на хрватското приморје. Најчесто тоа се странски државјани кои фотографираат голи деца со мобилни уреди, често скриени во чанти и други предмети, пишува Н1 Загреб.

The post Германец и Белгиец уапсени во Истра – снимале голи деца во камп appeared first on Република.

]]>
Се снима вториот дел од филмот „Џокер“ https://republika.mk/scena/film/se-snima-vtoriot-del-od-filmot-dhoker/ Wed, 08 Mar 2023 12:33:27 +0000 https://republika.mk/?p=617320

Во тек е снимањето на вториот дел од филмот „Џокер“, а првите сцени се снимени на улиците на Лос Анџелес.

Минатиот викенд фановите имаа можност да го видат Хоакин Феникс на улиците на Лос Анџелес за време на споменатото снимање, а за првите протечени фотографии и видеа многу се зборува.

Популарниот актер Хоакин Феникс е виден во улогата на Артур Флек, а покрај него на снимените фотографии е уште еден маж кој личи на Џокерот од првиот дел на филмот од 2019 година.

Феникс е виден облечен во сив костум, под кој носел жолта кошула и сива вратоврска, а сето тоа изгледало валкано. На него имало траги од крв и му се распаднала шминката, што ги навело фановите да помислат дека Артур Флак бега по некаква експлозија, пишува „Дејли мејл“.

Вториот „имитатор“ го носи истото одело што го имаше Флек во првиот дел и неговото лице е целосно покриено со шминка.

Иако не е познато за кој актер станува збор, се смета дека тоа би можел да биде Хари Лоти, кој глуми во вториот дел и кој е висок колку Феникс како и двата лика на фотографиите.

Она што сега е познато е дека во други улоги ќе се појават Брендан Глисон, Џејкоб Лофланд и Кетрин Кинер.

Премиерата на филмот „Joker: Folie a Deux“ е најавена за 4 октомври 2024 година, точно пет години по првиот филм.

The post Се снима вториот дел од филмот „Џокер“ appeared first on Република.

]]>

Во тек е снимањето на вториот дел од филмот „Џокер“, а првите сцени се снимени на улиците на Лос Анџелес. Минатиот викенд фановите имаа можност да го видат Хоакин Феникс на улиците на Лос Анџелес за време на споменатото снимање, а за првите протечени фотографии и видеа многу се зборува.
Популарниот актер Хоакин Феникс е виден во улогата на Артур Флек, а покрај него на снимените фотографии е уште еден маж кој личи на Џокерот од првиот дел на филмот од 2019 година. Феникс е виден облечен во сив костум, под кој носел жолта кошула и сива вратоврска, а сето тоа изгледало валкано. На него имало траги од крв и му се распаднала шминката, што ги навело фановите да помислат дека Артур Флак бега по некаква експлозија, пишува „Дејли мејл“. Вториот „имитатор“ го носи истото одело што го имаше Флек во првиот дел и неговото лице е целосно покриено со шминка. Иако не е познато за кој актер станува збор, се смета дека тоа би можел да биде Хари Лоти, кој глуми во вториот дел и кој е висок колку Феникс како и двата лика на фотографиите. Она што сега е познато е дека во други улоги ќе се појават Брендан Глисон, Џејкоб Лофланд и Кетрин Кинер. Премиерата на филмот „Joker: Folie a Deux“ е најавена за 4 октомври 2024 година, точно пет години по првиот филм.

The post Се снима вториот дел од филмот „Џокер“ appeared first on Република.

]]>
Зaврши снимањето на филмот „Турбо-нет“ https://republika.mk/vesti/kultura/zavrshi-snimanjeto-na-filmot-turbo-net/ Wed, 23 Nov 2022 11:27:15 +0000 https://republika.mk/?p=577303

Bо раните утрински часови заврши снимањето на краткометражниот игран филм Нитамуниваму/Turbo-net, по сценарио и во режија на Надежда Панова. Филмот ја кажува приказната за едно обично македонско семејство и предизвиците со кои се соочуваат неговите членови после смртта на таткото, сопственик на првото интернет кафуле во градот Турбо-нет.

Во филмот настапуваат актери од младата генерација: Ивана Павлаковиќ, Исидор Јовановски, Илија Волчески, Петар Стојанов, Надица Дојкоска, и Матео Матевски, и тим од искусни актери како Катина Иванова, Соња Михајлова, Валентина Грамосли, Сашо Тасевски, Игор Трпчевски и Петар Горко.

Шеф на техничката екипа е снимателот Лашло Кадар, директор на филмот, Виктор Павловски, а носител на проектот е продукцентската куќа Пиреј филм. Филмот е македонско-швајцарска копродукција, подржан од државната Агенцијата за филм - конкурс, лето 2020 - и регионалниот филмски фонд Синефором, Женева. Премиерата е планирана за пролет, 2023.

 

The post Зaврши снимањето на филмот „Турбо-нет“ appeared first on Република.

]]>

Bо раните утрински часови заврши снимањето на краткометражниот игран филм Нитамуниваму/Turbo-net, по сценарио и во режија на Надежда Панова. Филмот ја кажува приказната за едно обично македонско семејство и предизвиците со кои се соочуваат неговите членови после смртта на таткото, сопственик на првото интернет кафуле во градот Турбо-нет. Во филмот настапуваат актери од младата генерација: Ивана Павлаковиќ, Исидор Јовановски, Илија Волчески, Петар Стојанов, Надица Дојкоска, и Матео Матевски, и тим од искусни актери како Катина Иванова, Соња Михајлова, Валентина Грамосли, Сашо Тасевски, Игор Трпчевски и Петар Горко. Шеф на техничката екипа е снимателот Лашло Кадар, директор на филмот, Виктор Павловски, а носител на проектот е продукцентската куќа Пиреј филм. Филмот е македонско-швајцарска копродукција, подржан од државната Агенцијата за филм - конкурс, лето 2020 - и регионалниот филмски фонд Синефором, Женева. Премиерата е планирана за пролет, 2023.  

The post Зaврши снимањето на филмот „Турбо-нет“ appeared first on Република.

]]>
Почна снимањето на краткиот филм „Нитаму-ниваму / Турбо-нет“ https://republika.mk/vesti/kultura/pochna-snimanjeto-na-kratkiot-film-nitamu-nivamu-turbo-net/ Sat, 19 Nov 2022 15:03:38 +0000 https://republika.mk/?p=575879

Bо населбата Ѓорче Петров во Скопје почна снимањето на краткиот игран филм „Нитаму ниваму / Турбо-нет“ по сценарио и во режија на Надежда Панова. Филмот е македонско-швајцарска копродукција и поддржан од Агенцијата за филм и Филмскиот фонд „Синефором“ од Женева.

Продукцијата „Пиреј филм“ соопшти дека се работи за приказна за обично македонско семејство и предизвиците со кои се соочуваат неговите членови по смртта на таткото, сопственик на првото интернет-кафуле во градот (Турбо-нет) – центар на социјалниот живот на почетокот на веков.

Во актерската екипа се: Катина Иванова, Валентина Грамосли, Соња Михајлова, Сашо Тасевски, Исидор Јовановски, Илија Волчески, Ивана Павлаковиќ, Игор Трпчевски, Петар Стојанов, Надица Дојкоска, Петар Горко и Матео Матевски.

Снимањето ќе продолжи во населбата Водно. Премиерата е планирана за напролет.

The post Почна снимањето на краткиот филм „Нитаму-ниваму / Турбо-нет“ appeared first on Република.

]]>

Bо населбата Ѓорче Петров во Скопје почна снимањето на краткиот игран филм „Нитаму ниваму / Турбо-нет“ по сценарио и во режија на Надежда Панова. Филмот е македонско-швајцарска копродукција и поддржан од Агенцијата за филм и Филмскиот фонд „Синефором“ од Женева. Продукцијата „Пиреј филм“ соопшти дека се работи за приказна за обично македонско семејство и предизвиците со кои се соочуваат неговите членови по смртта на таткото, сопственик на првото интернет-кафуле во градот (Турбо-нет) – центар на социјалниот живот на почетокот на веков. Во актерската екипа се: Катина Иванова, Валентина Грамосли, Соња Михајлова, Сашо Тасевски, Исидор Јовановски, Илија Волчески, Ивана Павлаковиќ, Игор Трпчевски, Петар Стојанов, Надица Дојкоска, Петар Горко и Матео Матевски. Снимањето ќе продолжи во населбата Водно. Премиерата е планирана за напролет.

The post Почна снимањето на краткиот филм „Нитаму-ниваму / Турбо-нет“ appeared first on Република.

]]>
Пендаровски имал слободно време па присуствувал на снимање на турска серија во Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-imal-slobodno-vreme-pa-prisustvuval-na-snimanje-na-turska-serija-vo-skopje/ Sun, 06 Nov 2022 16:47:25 +0000 https://republika.mk/?p=570438

Претседателот Стево Пендаровски присуствувал на сет на снимањето на турски сериски филм кој се снима во Скопје.

-Деновиве го посетив сетот на турскиот сериски филм „Балканска приспивна песна“ во продукција на ТРТ, којшто се снима во Скопје. Со филмската екипа разговаравме за впечатоците од нивниот досегашен ангажман, напиша претседателот Пендаровски.

Темата на филмот e забранета љубов.

Станува збор за љубовна приказна на двајца млади од различни националности во Скопје, нивната борба да го постигнат навидум невозможното преку љубовта.

The post Пендаровски имал слободно време па присуствувал на снимање на турска серија во Скопје appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски присуствувал на сет на снимањето на турски сериски филм кој се снима во Скопје.
-Деновиве го посетив сетот на турскиот сериски филм „Балканска приспивна песна“ во продукција на ТРТ, којшто се снима во Скопје. Со филмската екипа разговаравме за впечатоците од нивниот досегашен ангажман, напиша претседателот Пендаровски.
Темата на филмот e забранета љубов. Станува збор за љубовна приказна на двајца млади од различни националности во Скопје, нивната борба да го постигнат навидум невозможното преку љубовта.

The post Пендаровски имал слободно време па присуствувал на снимање на турска серија во Скопје appeared first on Република.

]]>
Снимањето на осмиот филм од серијалот „Невозможна мисија“ прекинато од стадо овци https://republika.mk/scena/film/snimanjeto-na-osmiot-film-od-serijalot-nevozmozna-misija-prekinato-od-stado-ovci/ Sat, 24 Sep 2022 08:48:21 +0000 https://republika.mk/?p=553718

Снимањето на осмиот филм од серијалот „Невозможна мисија“ со поднаслов „Смртно лоцирање, 2. дел“ (Mission: Impossible – Dead Reckoning – Part Two) беше прекинато од стадо овци кои „го нападнаа“ местото на снимањето…

Најновиот дел на еден од најпрофитабилните филмски серијали со Том Круз во главната улога, се снима во Лејк Дистрикт во Англија, а на филмската екипа работата им ја прекинало стадо овци кои просто минувале тука. Тоа, воообичаено, може да трае подолго, па снимањето морало да биде прекинато додека животните не се оддалечат оттаму.

Филмаџиите автори на седмиот и осмиот дел со ист поднаслов, неколкупати мораа да ги менуваат плановите изминативе две години… Само за седмиот дел од филмот, продукцијата предвиде околу 290 милиони долари, но буџетот се зголемуваше со секоја корона-изолација… Се повторуваа тешки сцени кои повлекуваат и скапо затворање на делови од градот, вклучително и акциона сцена за време на карневалот во Венеција. Ова ги зголеми конечните трошоци за цели 100 милиони долари, во споредба со последниот дел од 2018 година.

Корона-кризата значеше и одложувања на премиерата, па така, 7. дел ќе биде првпат прикажан на 14 јули 2023 година, а за 8. дел првичниот датум е 28 јули 2024 година.

The post Снимањето на осмиот филм од серијалот „Невозможна мисија“ прекинато од стадо овци appeared first on Република.

]]>

Снимањето на осмиот филм од серијалот „Невозможна мисија“ со поднаслов „Смртно лоцирање, 2. дел“ (Mission: Impossible – Dead Reckoning – Part Two) беше прекинато од стадо овци кои „го нападнаа“ местото на снимањето… Најновиот дел на еден од најпрофитабилните филмски серијали со Том Круз во главната улога, се снима во Лејк Дистрикт во Англија, а на филмската екипа работата им ја прекинало стадо овци кои просто минувале тука. Тоа, воообичаено, може да трае подолго, па снимањето морало да биде прекинато додека животните не се оддалечат оттаму. Филмаџиите автори на седмиот и осмиот дел со ист поднаслов, неколкупати мораа да ги менуваат плановите изминативе две години… Само за седмиот дел од филмот, продукцијата предвиде околу 290 милиони долари, но буџетот се зголемуваше со секоја корона-изолација… Се повторуваа тешки сцени кои повлекуваат и скапо затворање на делови од градот, вклучително и акциона сцена за време на карневалот во Венеција. Ова ги зголеми конечните трошоци за цели 100 милиони долари, во споредба со последниот дел од 2018 година. Корона-кризата значеше и одложувања на премиерата, па така, 7. дел ќе биде првпат прикажан на 14 јули 2023 година, а за 8. дел првичниот датум е 28 јули 2024 година.

The post Снимањето на осмиот филм од серијалот „Невозможна мисија“ прекинато од стадо овци appeared first on Република.

]]>
Никој не се забавувал на снимањето на „Thirteen Lives“: Подводните сцени ги исплашиле актерите https://republika.mk/scena/film/nikoj-ne-se-zabavuval-na-snimanjeto-na-thirteen-lives-podvodnite-sceni-gi-isplashile-akterite/ Wed, 03 Aug 2022 09:09:11 +0000 https://republika.mk/?p=536340

Изгледа никој не се забавувал на снимањето на „Thirteen Lives“.

Со еден збор, беше застрашувачко. Страшно“, изјавил 46-годишниот ирски актер Колин Фарел за Entertainment Tonight на премиерата на филмот додека го опишувал искуството.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Thirteen Lives Movie (@thirteenlives)

Филмот на режисерот Рон Хауард зборува за вистинското спасување на десетина момчиња и нивниот фудбалски тренер кои беа заробени во поплавената пештера Там Лујанг во Тајланд во 2018. година.

Фарел признал дека се чувствувал особено исплашен додека ги снимал подводните сцени.

Беше страшно. И онака не сум добар пливач, не дека пливавме, не дека газевме вода, моравме да останеме на површина, но тие изградија навистина импресивна мрежа од пештери“, споделила ѕвездата на „Бетмен“.

Се работеше за четири или пет различни пештери врз основа на топографијата на Там Лујанг во Тајланд, и тие ги наполнија со вода и ние ќе слезевме и не можевме да се вратиме“, вели тој.

Фарел, кој го глуми спасувачкиот нуркач Џон Волантен, додал дека неможноста да се види површината на водата е страшно.

Сепак, актерот објаснил дека сите подводни сцени не ги подобриле неговите „вештини за вода“, додавајќи дека да се биде нуркач за спасување е „многу посебна вештина“.
Фарел не бил единствената ѕвезда на снимањето што се борел со интензивни сцени.

Неговиот колега Виго Мортенсен, кој го игра реалниот херој Ричард Стентон, изјавил дека и него во еден момент го фатила паника за време на снимањето.

Одеднаш не можев да дишам“, рекла филмската ѕвезда за People.Се чинеше дека тоа трае долго време, но тоа беа само неколку секунди. Ме фати паника“, истакнал тој.

Иако можел да се сети на неговиот тренинг, Мортенсен признал дека „не беше толку комплицирано, но беше тешко да се размислува јасно во тоа време“.

Филмот, во кој глумат и Џоел Еџертон, Том Бејтман и Пол Глисон, сега е во кината и ќе биде прикажан на Amazon Prime Video на 5 август.

The post Никој не се забавувал на снимањето на „Thirteen Lives“: Подводните сцени ги исплашиле актерите appeared first on Република.

]]>

Изгледа никој не се забавувал на снимањето на „Thirteen Lives“.
Со еден збор, беше застрашувачко. Страшно“, изјавил 46-годишниот ирски актер Колин Фарел за Entertainment Tonight на премиерата на филмот додека го опишувал искуството.
 
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Thirteen Lives Movie (@thirteenlives)

Филмот на режисерот Рон Хауард зборува за вистинското спасување на десетина момчиња и нивниот фудбалски тренер кои беа заробени во поплавената пештера Там Лујанг во Тајланд во 2018. година. Фарел признал дека се чувствувал особено исплашен додека ги снимал подводните сцени.
Беше страшно. И онака не сум добар пливач, не дека пливавме, не дека газевме вода, моравме да останеме на површина, но тие изградија навистина импресивна мрежа од пештери“, споделила ѕвездата на „Бетмен“. Се работеше за четири или пет различни пештери врз основа на топографијата на Там Лујанг во Тајланд, и тие ги наполнија со вода и ние ќе слезевме и не можевме да се вратиме“, вели тој.
Фарел, кој го глуми спасувачкиот нуркач Џон Волантен, додал дека неможноста да се види површината на водата е страшно. Сепак, актерот објаснил дека сите подводни сцени не ги подобриле неговите „вештини за вода“, додавајќи дека да се биде нуркач за спасување е „многу посебна вештина“. Фарел не бил единствената ѕвезда на снимањето што се борел со интензивни сцени. Неговиот колега Виго Мортенсен, кој го игра реалниот херој Ричард Стентон, изјавил дека и него во еден момент го фатила паника за време на снимањето.
Одеднаш не можев да дишам“, рекла филмската ѕвезда за People.Се чинеше дека тоа трае долго време, но тоа беа само неколку секунди. Ме фати паника“, истакнал тој.
Иако можел да се сети на неговиот тренинг, Мортенсен признал дека „не беше толку комплицирано, но беше тешко да се размислува јасно во тоа време“. Филмот, во кој глумат и Џоел Еџертон, Том Бејтман и Пол Глисон, сега е во кината и ќе биде прикажан на Amazon Prime Video на 5 август.

The post Никој не се забавувал на снимањето на „Thirteen Lives“: Подводните сцени ги исплашиле актерите appeared first on Република.

]]>
Почна снимањето на втората сезона на еколошката емисија „Агенда 21“ https://republika.mk/scena/pochna-snimanjeto-na-vtorata-sezona-na-ekoloshkata-emisija-agenda-21/ Wed, 27 Jul 2022 10:58:49 +0000 https://republika.mk/?p=533778

Почна снимањето и подготовките на втората сезона на еколошката ТВ емисија Агенда 21. Актерите Весна Петрушевска и Игор Џамбазов , пак ќе ја спасуваат природата. Во новата сезона покрај Весна и Игор, учествуват и младите, сега веќе поискусни од минатата сезона, Кристијан Ѓоргиев, Анастасија Митровска и Јована Миладинова. Тука се и децата од актерската школа на Весна, кои се дел од снимањето на еколошката емисја за подигање на свеста за зачувување на природата.

Загадениот воздух и почва, дивите депонии и електронскиот отпад ќе бидат главна тема и оваа сезона. Мора сите повеќе да се грижиме за животната средина, да ја негуваме и цениме оти таа е нашето живеење, нашето постоење, рече Весна Петрушевска.

Еколошката ТВ емисија Агенда 21 е во продукција на КМК, од каде велат дека се свесни за големата тежина на темите кои ги обработуваат и дека само со едукација и јавна дебата може да се дојде до посакуваната цел, а тоа е зачувување на природата и чист воздух.

Во ова непредвидливо време во кое живееме тешко е да се зборува на вакви теми. Токму затоа сме многу среќни што компаниите Нула отпад и Пакомак ја препознаа нашата мисија. Се надевам дека емисијата има влијание кај гледачите, а особено кај младите преку најмладите глумци од актерската школа на Весна Петрушевска бидејќи, ефектите од глобалното затоплување ги чувствуваме секојдневно. - потенцира Виолета Дамевска Ѓоргиева, продуцент на проектот.

The post Почна снимањето на втората сезона на еколошката емисија „Агенда 21“ appeared first on Република.

]]>

Почна снимањето и подготовките на втората сезона на еколошката ТВ емисија Агенда 21. Актерите Весна Петрушевска и Игор Џамбазов , пак ќе ја спасуваат природата. Во новата сезона покрај Весна и Игор, учествуват и младите, сега веќе поискусни од минатата сезона, Кристијан Ѓоргиев, Анастасија Митровска и Јована Миладинова. Тука се и децата од актерската школа на Весна, кои се дел од снимањето на еколошката емисја за подигање на свеста за зачувување на природата.
Загадениот воздух и почва, дивите депонии и електронскиот отпад ќе бидат главна тема и оваа сезона. Мора сите повеќе да се грижиме за животната средина, да ја негуваме и цениме оти таа е нашето живеење, нашето постоење, рече Весна Петрушевска.
Еколошката ТВ емисија Агенда 21 е во продукција на КМК, од каде велат дека се свесни за големата тежина на темите кои ги обработуваат и дека само со едукација и јавна дебата може да се дојде до посакуваната цел, а тоа е зачувување на природата и чист воздух.
Во ова непредвидливо време во кое живееме тешко е да се зборува на вакви теми. Токму затоа сме многу среќни што компаниите Нула отпад и Пакомак ја препознаа нашата мисија. Се надевам дека емисијата има влијание кај гледачите, а особено кај младите преку најмладите глумци од актерската школа на Весна Петрушевска бидејќи, ефектите од глобалното затоплување ги чувствуваме секојдневно. - потенцира Виолета Дамевска Ѓоргиева, продуцент на проектот.

The post Почна снимањето на втората сезона на еколошката емисија „Агенда 21“ appeared first on Република.

]]>
Почна снимањето на „Бистра вода“ -новата серија од македонска продукција https://republika.mk/vesti/kultura/pochna-snimanjeto-na-bistra-voda-novata-serija-od-makedonska-produkcija/ Fri, 03 Jun 2022 07:55:37 +0000 https://republika.mk/?p=510480

Во манастирскиот комплекс Свети Пантелејмон во Горно Нерези вчера почна снимањето на новата серија од македонска продукција, насловена  „Бистра вода“.

Ова е првата серија по подолго време во Македонија во жанрот трилер со сериозни драмски елементи на крими-драма.

Приказната во серијата е современа, исклучително актуелна, разработувајќи многу сегменти од општествениот, политичкиот и културниот живот во Македонија последниве неколку декади, а ќе изобилува со карактери, односи и настани кои силно ја рефлектираат денешницата, блиското минато, а реферираат и на едно подалечно минато на македонскиот народ.
Всушност низ сериозно заплетканите односи на две семејства ќе ни се отплетуваат судбини на обични и луѓе од системот кои силно потсетуваат на ликови кои ги гледаме или општиме со нив секојдневно.

Проектот е започнат пред 12 години како идеја на Љупчо Тодоровски Упа, Мони Дамевски, Јани Бојаџи и Владимир Карпузовски, а е развиван и подготвуван последните неколку години.

Овој серијал е меморија и во чест на соработникот на серијата и содружник Љупчо Тодоровски Упа, кој не го дочека снимањето, а улогата кој тој првично требаше да ја игра сега ја има неговиот најблизок колега и пријател, македонскиот докажан актер и продуцент Симеон Мони Дамевски.

Инаку продуцент, сценарист и режисер е Јани Бојаџи, а актерската екипа вклучува плејада на македонски актери од сите генерации меѓу кои и најпрославените и докажани Дејан Лилиќ кој се врати од Германија специјално за создавањето на оваа улога, потоа Јелена Жугиќ која по подолго време повторно ќе ја гледаме на малите екрани, Васил Зафирчев, Александар Микиќ, Роберт Вељановски, Зоран Љутков, Владо Јовановски, Снежана Коневска Руси, Мето Јовановски, Горан Стојановски, Маја Љутков, Кети Дончевска Илиќ, Рубенс Муратовски, а од помладите Дамјан Цветановски, Ирена Илиевска, Ана Јовановска и многу други.

Актерската екипа брои повеќе од 100 актери. Серијата ќе се снима на повеќе од 50 локации во Скопје, но и низ државата.
Почетокот на емитувањето на серијата ќе биде во средината на септември оваа година на телевизија АЛФА.

За серијата, сценаристот, режисер и продуцент Јани Бојаџи ќе изјави:

Кога актерите и соработниците го прочитаа сценариото првата реакција им беше дека било многу актуелно и дека во целост ја изразува реалноста на Македонија денес, тука и сега. Јас не се радувам на тоа затоа што ова сценарио е напишано пред 12 години. Кога сум го пишувал тогаш, наводно, реалноста

била поинаква. Значи во една декада не се променило ништо во Македонија. Инаку да, се работи за трилер, драма, криминална трагедија која зборува за тоа како едно семејство во Македонија после четириесет и пет години разделби и омраза, на крајот ќе ги победи сите непријатели, ќе ги надмине своите недоразбирања ќе ги разоткрие старите семејни тајни и на крајот ќе се обедини и ќе живее среќно. Наспроти друго семејство кое после хаос и меѓусебни недоразбирања и нетрпеливости ќе се распадне и ќе заврши на дното.

Инаку, како е да се зафати човек со ваква работа? Посебно кога насекаде околу тебе е хаос и се растураат сите вредности? кога сите велат дека нас Македонците наспроти Србите, Бугарите и Албанците не не бидува за ништо и не можеме да направиме ниту една серија!? Па, ова е надвор од умот! Но и големо задоволство кога  сите тврдат дека во Македонија не може да се направи ништо добро, ти да ги обединиш најдобрите за да правиш уметност! Ова е толку неверојатно што нема никаква врска со умот, туку само си љубовта кон  професијата и кон творештвото кое ги собра најголемите актерски имиња во Македонија со иста цел ,да покажат дека и Македонците знаат, умеат и можат.

Инаку ова 100% Мејд ин Маседониа продукција која е финансирана и помогната од многу македонски компании, но и од Македонци од дијаспората кои разбираат дека ништо подобро не возвраќа од убавото и од уметноста, вели Јани Бојаџи, сценаристот, режисер и продуцент на серијата.

Сценарист и режисер: Јани Бојаџи

Асистент режисер: Никола Поповски

Директор на фотографија: Кристијан Караџовски

Композитор: Игор Василев

Тон снмател: Валентин Виденовиќ

Костимограф: Невенка Тодоровска

Сет дресер: Гоце Попов

Соработник на сценаријата: Александар Русјаков и Весна Куслеска

Драматург: Мона Паскалова

Извршен продуцент: Дејан Милошевски

Асоцијативен продуцент: Игор Соколовски

Асоцијативен продуцент: Владимир Карпузовски

 

Актери: Мони Дамевски, Дејан Лилиќ, Владо Јовановски, Јелена Жугиќ, Роберт Вељановски, Васил Зафирчев, Горан Стојаноски, Александар Микиќ, Ана Јовановска, Маја Љутков, Григор Јовановски, Зоран Љутков, Кети Дончевска Илиќ, Јана Вељановска, Александра Пешевска, Мето Јовановски, Благој Чоревски, Снежана Конеска Руси, Славица Манаскова, Рубенс Муратовски и многу други.

 

 

 

 

The post Почна снимањето на „Бистра вода“ -новата серија од македонска продукција appeared first on Република.

]]>

Во манастирскиот комплекс Свети Пантелејмон во Горно Нерези вчера почна снимањето на новата серија од македонска продукција, насловена  „Бистра вода“. Ова е првата серија по подолго време во Македонија во жанрот трилер со сериозни драмски елементи на крими-драма. Приказната во серијата е современа, исклучително актуелна, разработувајќи многу сегменти од општествениот, политичкиот и културниот живот во Македонија последниве неколку декади, а ќе изобилува со карактери, односи и настани кои силно ја рефлектираат денешницата, блиското минато, а реферираат и на едно подалечно минато на македонскиот народ. Всушност низ сериозно заплетканите односи на две семејства ќе ни се отплетуваат судбини на обични и луѓе од системот кои силно потсетуваат на ликови кои ги гледаме или општиме со нив секојдневно. Проектот е започнат пред 12 години како идеја на Љупчо Тодоровски Упа, Мони Дамевски, Јани Бојаџи и Владимир Карпузовски, а е развиван и подготвуван последните неколку години. Овој серијал е меморија и во чест на соработникот на серијата и содружник Љупчо Тодоровски Упа, кој не го дочека снимањето, а улогата кој тој првично требаше да ја игра сега ја има неговиот најблизок колега и пријател, македонскиот докажан актер и продуцент Симеон Мони Дамевски. Инаку продуцент, сценарист и режисер е Јани Бојаџи, а актерската екипа вклучува плејада на македонски актери од сите генерации меѓу кои и најпрославените и докажани Дејан Лилиќ кој се врати од Германија специјално за создавањето на оваа улога, потоа Јелена Жугиќ која по подолго време повторно ќе ја гледаме на малите екрани, Васил Зафирчев, Александар Микиќ, Роберт Вељановски, Зоран Љутков, Владо Јовановски, Снежана Коневска Руси, Мето Јовановски, Горан Стојановски, Маја Љутков, Кети Дончевска Илиќ, Рубенс Муратовски, а од помладите Дамјан Цветановски, Ирена Илиевска, Ана Јовановска и многу други. Актерската екипа брои повеќе од 100 актери. Серијата ќе се снима на повеќе од 50 локации во Скопје, но и низ државата. Почетокот на емитувањето на серијата ќе биде во средината на септември оваа година на телевизија АЛФА. За серијата, сценаристот, режисер и продуцент Јани Бојаџи ќе изјави:
Кога актерите и соработниците го прочитаа сценариото првата реакција им беше дека било многу актуелно и дека во целост ја изразува реалноста на Македонија денес, тука и сега. Јас не се радувам на тоа затоа што ова сценарио е напишано пред 12 години. Кога сум го пишувал тогаш, наводно, реалноста била поинаква. Значи во една декада не се променило ништо во Македонија. Инаку да, се работи за трилер, драма, криминална трагедија која зборува за тоа како едно семејство во Македонија после четириесет и пет години разделби и омраза, на крајот ќе ги победи сите непријатели, ќе ги надмине своите недоразбирања ќе ги разоткрие старите семејни тајни и на крајот ќе се обедини и ќе живее среќно. Наспроти друго семејство кое после хаос и меѓусебни недоразбирања и нетрпеливости ќе се распадне и ќе заврши на дното. Инаку, како е да се зафати човек со ваква работа? Посебно кога насекаде околу тебе е хаос и се растураат сите вредности? кога сите велат дека нас Македонците наспроти Србите, Бугарите и Албанците не не бидува за ништо и не можеме да направиме ниту една серија!? Па, ова е надвор од умот! Но и големо задоволство кога  сите тврдат дека во Македонија не може да се направи ништо добро, ти да ги обединиш најдобрите за да правиш уметност! Ова е толку неверојатно што нема никаква врска со умот, туку само си љубовта кон  професијата и кон творештвото кое ги собра најголемите актерски имиња во Македонија со иста цел ,да покажат дека и Македонците знаат, умеат и можат. Инаку ова 100% Мејд ин Маседониа продукција која е финансирана и помогната од многу македонски компании, но и од Македонци од дијаспората кои разбираат дека ништо подобро не возвраќа од убавото и од уметноста, вели Јани Бојаџи, сценаристот, режисер и продуцент на серијата.
Сценарист и режисер: Јани Бојаџи Асистент режисер: Никола Поповски Директор на фотографија: Кристијан Караџовски Композитор: Игор Василев Тон снмател: Валентин Виденовиќ Костимограф: Невенка Тодоровска Сет дресер: Гоце Попов Соработник на сценаријата: Александар Русјаков и Весна Куслеска Драматург: Мона Паскалова Извршен продуцент: Дејан Милошевски Асоцијативен продуцент: Игор Соколовски Асоцијативен продуцент: Владимир Карпузовски   Актери: Мони Дамевски, Дејан Лилиќ, Владо Јовановски, Јелена Жугиќ, Роберт Вељановски, Васил Зафирчев, Горан Стојаноски, Александар Микиќ, Ана Јовановска, Маја Љутков, Григор Јовановски, Зоран Љутков, Кети Дончевска Илиќ, Јана Вељановска, Александра Пешевска, Мето Јовановски, Благој Чоревски, Снежана Конеска Руси, Славица Манаскова, Рубенс Муратовски и многу други.        

The post Почна снимањето на „Бистра вода“ -новата серија од македонска продукција appeared first on Република.

]]>
Бјелогрлиќ го почна снимањето на „Верижна реакција“- филм за најголемата тајна на Југославија, несреќата во Винча https://republika.mk/scena/film/bjelogrlikj-go-pochna-snimanjeto-na-verizna-reakcija-film-za-najgolemata-tajna-na-jugoslavija-nesrekjata-vo-vincha/ Fri, 20 May 2022 08:50:18 +0000 https://republika.mk/?p=504686

Режисерот, актер и продуцент Драган Бјелогрлиќ го почна снимањето на филмот посветен на случајот во Винча од 1958 година, а главните улоги ги толкуваат Раша Буквиќ и Мики Манојловиќ.

По големиот успех и рекордната гледаност на филмот „Тома“ во кино-салите на територијата на поранешна Југославија, Бјелогрлиќ денеска го почна снимањето на филмот „Верижна реакција“ По неколку години подготовки и работа на сценариото со Вук Ршумовиќ, Бјелогрлиќ почна со реализација на проектот и да ја раскаже приказната за настанот во Винча од 15 октомври 1958 година. Филмот настанал по мотивите на романот „Случај Винча“ чиј автор е професорот од Медицинскиот факултет Горан Милашиновиќ.

Октомври 1958, Студената војна го поделила со „железната завеса“ европскиот континент и целиот свет и претставува дотогаш невидена нуклеарна закана за планетата. Драгослав Поповиќ и уште тројца југословенски физичари се примени на Институтот „Кири“ во париз, по мистериозната несреќа која ги изложила на сериозно зрачење. Тајната служба на Франција му дава упатства на докторот Жорж Мате да ги излечи овие пациенти, кои на прв поглед се однапред изгубени случаи. Тоа е почеток за трка за опстанок во која ќе се спротивстават двајца научници, два света, две идеологии. Човечката приказна во текот на историското откритие, стои во синопсисот на филмот.

Според српските медиуми Бјелогрлиќ има меѓународна актерска екипа. Главните улоги ќе ги толкуваат: Радивоје Раша Буквиќ и Предраг Мики Манојловиќ, додека француската група актери ја предводи Алексис Манети, Жереми Лахерт и Лионел Абелански.

Снимањето на филмот ќе трае една година, ќе се снима на автентични локации во Србија, Словенија и Франција, а за фотографијата е задолжен младиот Иван Костиќ кој со Бјелогрлиќ ја работеше серијата „Сенки над Балканот“.

Несреќата во Винча со години беше сокривана под тепих, а постојат теории дека југословенските научници таму правеле атомско оружје по налог на врвот на СФРЈ и Јосип Броз Тито.

The post Бјелогрлиќ го почна снимањето на „Верижна реакција“- филм за најголемата тајна на Југославија, несреќата во Винча appeared first on Република.

]]>

Режисерот, актер и продуцент Драган Бјелогрлиќ го почна снимањето на филмот посветен на случајот во Винча од 1958 година, а главните улоги ги толкуваат Раша Буквиќ и Мики Манојловиќ.
По големиот успех и рекордната гледаност на филмот „Тома“ во кино-салите на територијата на поранешна Југославија, Бјелогрлиќ денеска го почна снимањето на филмот „Верижна реакција“ По неколку години подготовки и работа на сценариото со Вук Ршумовиќ, Бјелогрлиќ почна со реализација на проектот и да ја раскаже приказната за настанот во Винча од 15 октомври 1958 година. Филмот настанал по мотивите на романот „Случај Винча“ чиј автор е професорот од Медицинскиот факултет Горан Милашиновиќ.
Октомври 1958, Студената војна го поделила со „железната завеса“ европскиот континент и целиот свет и претставува дотогаш невидена нуклеарна закана за планетата. Драгослав Поповиќ и уште тројца југословенски физичари се примени на Институтот „Кири“ во париз, по мистериозната несреќа која ги изложила на сериозно зрачење. Тајната служба на Франција му дава упатства на докторот Жорж Мате да ги излечи овие пациенти, кои на прв поглед се однапред изгубени случаи. Тоа е почеток за трка за опстанок во која ќе се спротивстават двајца научници, два света, две идеологии. Човечката приказна во текот на историското откритие, стои во синопсисот на филмот. Според српските медиуми Бјелогрлиќ има меѓународна актерска екипа. Главните улоги ќе ги толкуваат: Радивоје Раша Буквиќ и Предраг Мики Манојловиќ, додека француската група актери ја предводи Алексис Манети, Жереми Лахерт и Лионел Абелански. Снимањето на филмот ќе трае една година, ќе се снима на автентични локации во Србија, Словенија и Франција, а за фотографијата е задолжен младиот Иван Костиќ кој со Бјелогрлиќ ја работеше серијата „Сенки над Балканот“. Несреќата во Винча со години беше сокривана под тепих, а постојат теории дека југословенските научници таму правеле атомско оружје по налог на врвот на СФРЈ и Јосип Броз Тито.

The post Бјелогрлиќ го почна снимањето на „Верижна реакција“- филм за најголемата тајна на Југославија, несреќата во Винча appeared first on Република.

]]>
Почна снимањето на филмот „Кома“ во режија на Агим Абдула https://republika.mk/vesti/kultura/pochna-snimanjeto-na-filmot-koma-vo-rezija-na-agim-abdula/ Fri, 04 Feb 2022 10:16:41 +0000 https://republika.mk/?p=454003

Во Скопје почна снимањето на филмот „Кома“, во режија на Агим Абдула и во продукција на „Galaktika pictures“ – односно Бунјамин Куртиши и Фидуш Ќамили.

Приказната во филмот е за двајца пријатели кои се сретнале по подолго време и се навраќаат на своите спомени. Едниот доживува несреќа, а другиот се обидува да му помогне. Мислам дека ова е добра приказна и вреди да се сними, вели режисерот Агим Абдула.

По трите краткометражни филмови и 10 освоени награди на меѓународни фестивали, продуцентот и сценарист Бунјамин Куртиши го започна снимањето на долгометражниот филм „Кома“. Овој филм во категоријата долгометражни играни филмови со мнозински македонски удел – дебитанти, доби највисока сума од Агенцијата за филм, 23 милиони денари (над 370 илјади евра).

Втор пат сум во Скопје. Градот ме мотивира и го сакам, вели Шахрам Мокри, кој е консултант од Иран што помогна доработка на сценариото.

Потпишан е и меморандум за соработка на филмскиот центар Вардар филм и друштвото за филмска продукција Galaktika pictures. Овој меморандум нуди взаемна соработка и партнерство во филмскиот проект.

The post Почна снимањето на филмот „Кома“ во режија на Агим Абдула appeared first on Република.

]]>

Во Скопје почна снимањето на филмот „Кома“, во режија на Агим Абдула и во продукција на „Galaktika pictures“ – односно Бунјамин Куртиши и Фидуш Ќамили.

Приказната во филмот е за двајца пријатели кои се сретнале по подолго време и се навраќаат на своите спомени. Едниот доживува несреќа, а другиот се обидува да му помогне. Мислам дека ова е добра приказна и вреди да се сними, вели режисерот Агим Абдула.

По трите краткометражни филмови и 10 освоени награди на меѓународни фестивали, продуцентот и сценарист Бунјамин Куртиши го започна снимањето на долгометражниот филм „Кома“. Овој филм во категоријата долгометражни играни филмови со мнозински македонски удел – дебитанти, доби највисока сума од Агенцијата за филм, 23 милиони денари (над 370 илјади евра).

Втор пат сум во Скопје. Градот ме мотивира и го сакам, вели Шахрам Мокри, кој е консултант од Иран што помогна доработка на сценариото.

Потпишан е и меморандум за соработка на филмскиот центар Вардар филм и друштвото за филмска продукција Galaktika pictures. Овој меморандум нуди взаемна соработка и партнерство во филмскиот проект.

The post Почна снимањето на филмот „Кома“ во режија на Агим Абдула appeared first on Република.

]]>
Малкович не го примиле во луксузниот хотел „Даниели“ во Венеција, немал „супер грин пас“ https://republika.mk/scena/film/malkovich-ne-go-primile-vo-luksuzniot-hotel-danieli-vo-venecija-nemal-super-grin-pas/ Thu, 20 Jan 2022 10:14:45 +0000 https://republika.mk/?p=447021

Поради новите одредби на италијанската Влада поврзани со правилата на заштита од коронавирусот, кој беснее во Италија, дополнителното заострување на мерките вклучува (на одредени места) да се покаже „зелената пропусница“ за пристап, а за хотелите – таканаречен Super Green Pass.

Американскиот актер Џон Малкович деновиве е во Венеција бидејќи ја снима ТВ серијата Ripley, инспирирана од романите на Патриша Хајсмит. Сè му одело без проблеми, додека не дошол да се пријави во хотелот „Даниели“ во Венеција, каде што продукцијата му резервирала многу луксузен апартман, со поглед на каналот Сан Марко.

Проблемот, како што прв објави дневниот весник и портал „Газетино“, е што глумецот, немајќи зајакната зелена сертификација (супер грин пас), не можел да престојува во хотел(и). Организаторите на филмот изјавиле дека се изненадени од ситуацијата и веднаш се стрчале во потрага по друго сместување за Малкович. Решението е пронајдено за неколку часа: се работи за приватен и луксузен дом.

The post Малкович не го примиле во луксузниот хотел „Даниели“ во Венеција, немал „супер грин пас“ appeared first on Република.

]]>

Поради новите одредби на италијанската Влада поврзани со правилата на заштита од коронавирусот, кој беснее во Италија, дополнителното заострување на мерките вклучува (на одредени места) да се покаже „зелената пропусница“ за пристап, а за хотелите – таканаречен Super Green Pass. Американскиот актер Џон Малкович деновиве е во Венеција бидејќи ја снима ТВ серијата Ripley, инспирирана од романите на Патриша Хајсмит. Сè му одело без проблеми, додека не дошол да се пријави во хотелот „Даниели“ во Венеција, каде што продукцијата му резервирала многу луксузен апартман, со поглед на каналот Сан Марко. Проблемот, како што прв објави дневниот весник и портал „Газетино“, е што глумецот, немајќи зајакната зелена сертификација (супер грин пас), не можел да престојува во хотел(и). Организаторите на филмот изјавиле дека се изненадени од ситуацијата и веднаш се стрчале во потрага по друго сместување за Малкович. Решението е пронајдено за неколку часа: се работи за приватен и луксузен дом.

The post Малкович не го примиле во луксузниот хотел „Даниели“ во Венеција, немал „супер грин пас“ appeared first on Република.

]]>