штедење Archives - Република https://republika.mk/tema/shtedenje/ За подобро да се разбереме Mon, 09 Sep 2024 14:01:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png штедење Archives - Република https://republika.mk/tema/shtedenje/ 32 32 Милионерка открива зошто штедењето не е клучот за успехот: Еве што правиме погрешно https://republika.mk/zivot/kariera/milionerka-otkriva-zoshto-shtedeneto-ne-e-kluchot-za-uspehot-eve-shto-pravime-pogreshno/ Mon, 09 Sep 2024 10:33:19 +0000 https://republika.mk/?p=814574

Во неодамнешниот подкаст кој стана вирален на Инстаграм, гостинка беше Коди Санчез, позната милионерка кој даде сосема поинаков став за штедењето. Во текот на разговорот, водителот ја замолил да издвои еден финансиски совет кој ќе го промени начинот на кој многу луѓе размислуваат за парите. Она што таа го кажа предизвика поделени мислења.

Коди тврди дека штедењето е илузија на богатство и никогаш нема да ве доведе до вистинска финансиска слобода.

Заштедите никогаш нема да ве збогатат, истакнува таа.

Како што вели, „можете да заштедите како луди, но тоа само ве враќа на нула“.

Заштедата бара огромен труд и жртва, а на крајот се сведува на тоа да живеете во постојан страв да потрошите се што имате, рекла Коди.

Таа објаснува дека е многу подобро да научите како да заработувате повеќе отколку постојано да се фокусирате на тоа како да заштедите пари.

Откако ќе научите како да ги зголемите приходите, станувате незапирливи. Штедењето, од друга страна, може да ве направи премногу претпазливи, што ве спречува да ризикувате и да постигнете поголеми цели.

Секако, ваквиот став предизвика бура од коментари. Многумина не се согласуваат со Коди и тврдат дека штедењето е основа за поголема заработка. Оние кои се занимаваат со финансии истакнуваат дека штедењето може да биде првиот чекор кон инвестирање во нешто попрофитабилно, како недвижен имот или почнување бизнис.

Штедењето, според нив, овозможува создавање основен капитал за понатамошен раст.

Има и такви кои го поддржуваат расмислувањето на Коди и веруваат дека фокусирањето на зголемувањето на приходите е подобар пристап, додека, пак, други сè уште се верни на традиционалната мудрост на штедењето, а оваа дискусија секако го отвори прашањето како да се пристапи до парите во денешниот свет и што е всушност најдобриот пат кон финансиската стабилност.

The post Милионерка открива зошто штедењето не е клучот за успехот: Еве што правиме погрешно appeared first on Република.

]]>

Во неодамнешниот подкаст кој стана вирален на Инстаграм, гостинка беше Коди Санчез, позната милионерка кој даде сосема поинаков став за штедењето. Во текот на разговорот, водителот ја замолил да издвои еден финансиски совет кој ќе го промени начинот на кој многу луѓе размислуваат за парите. Она што таа го кажа предизвика поделени мислења. Коди тврди дека штедењето е илузија на богатство и никогаш нема да ве доведе до вистинска финансиска слобода.
Заштедите никогаш нема да ве збогатат, истакнува таа.
Како што вели, „можете да заштедите како луди, но тоа само ве враќа на нула“.
Заштедата бара огромен труд и жртва, а на крајот се сведува на тоа да живеете во постојан страв да потрошите се што имате, рекла Коди.
Таа објаснува дека е многу подобро да научите како да заработувате повеќе отколку постојано да се фокусирате на тоа како да заштедите пари.
Откако ќе научите како да ги зголемите приходите, станувате незапирливи. Штедењето, од друга страна, може да ве направи премногу претпазливи, што ве спречува да ризикувате и да постигнете поголеми цели.
Секако, ваквиот став предизвика бура од коментари. Многумина не се согласуваат со Коди и тврдат дека штедењето е основа за поголема заработка. Оние кои се занимаваат со финансии истакнуваат дека штедењето може да биде првиот чекор кон инвестирање во нешто попрофитабилно, како недвижен имот или почнување бизнис. Штедењето, според нив, овозможува создавање основен капитал за понатамошен раст. Има и такви кои го поддржуваат расмислувањето на Коди и веруваат дека фокусирањето на зголемувањето на приходите е подобар пристап, додека, пак, други сè уште се верни на традиционалната мудрост на штедењето, а оваа дискусија секако го отвори прашањето како да се пристапи до парите во денешниот свет и што е всушност најдобриот пат кон финансиската стабилност.

The post Милионерка открива зошто штедењето не е клучот за успехот: Еве што правиме погрешно appeared first on Република.

]]>
ЕК препорачува штедењето на гасот да продолжи и во наредниот период https://republika.mk/vesti/svet/ek-preporachuva-shtedeneto-na-gasot-da-prodolzhi-i-vo-naredniot-period/ Tue, 27 Feb 2024 13:00:56 +0000 https://republika.mk/?p=748919

Европската комисијата денеска предложи усвојување на Препорака до земјите членки на ЕУ со која се бара да продолжат да преземаат мерки за намалување на потрошувачката на гас на ниво за 15 отсто под просечното трошење во периодот помеѓу април 2017 и март 2022 година.

Според податоците на ЕК, во периодот од август 2022 година до декември 2023 година ЕУ ја намалила потрошувачката на гас за 18 проценти во споредба со претходниот период, заштедувајќи околу 101 милијарда кубни метри гас. Ваквото намалување беше остварено врз основа на Регулативата усвоена во текот на летото 2022 година, со цел да се обезбеди стабилно снабдување со гас и стабилизација на енергетските пазари во ЕУ, како и да се манифестира солидарност со Украина.

Важноста на одредбите од оваа Регулатива за намалување на потрошувачката на гас истакува на 31 март, па затоа ЕК сега предлага земјите членки доброволно да продолжат со спроведување на мерките за штедење на енергенсот и по овој датум.

За предлогот на Еврокомисијата ќе се расправа на заседанието на министерскиот Совет за енергетика предвидено за 4 март.

- Благодарение на широкиот опсег на итни мерки кои беа воведени по инвазијата на Русија врз Украина, енергетската перспектива на ЕУ е подобрена: снабдувањето е поразновидно, инсталирани се поголеми капацитети за производство на обновлива енергија и направени се импресивни заштеди на енергенсите, посочи ЕК.

Според Комисијата, ваквите мерки резултираа со намалување и стабилизирање на цените на енергенсите во Европа, но со оглед на актуелните геополитички тензии, состојбите на глобалниот пазар на гас и целта на ЕУ за целосно ослободување од зависноста од руските фосилни горива, и натаму е неопходна континуирана заштеда на енергијата.

Континуираната заштеда на гас ќе помогне да се одржи и подобри тековната стабилност на пазарот, вклучително и преку олеснување на полнењето на гасните складишта во текот на пролетта и летото, а, исто така, ќе се поддржат и напорите на ЕУ за декарбонизација, наведува Еврокомисијата.

Денешната Препорака, како што јави дописникот на МИА од Брисел, се базира на извештаите за ревизија на Регулативата за намалување на потрошувачката на гас и за Регулативата за складирање гас.

Покрај гарантирањето на безбедноста на снабдувањето, двете регулативи придонесоа и за стабилизирање на цените на енергијата, за зајакнување на конкурентноста на економијата на ЕУ и за намалување на сметките за граѓаните, кои достигнаа максимални суми во август 2022 година, се додава во соопштението.

The post ЕК препорачува штедењето на гасот да продолжи и во наредниот период appeared first on Република.

]]>

Европската комисијата денеска предложи усвојување на Препорака до земјите членки на ЕУ со која се бара да продолжат да преземаат мерки за намалување на потрошувачката на гас на ниво за 15 отсто под просечното трошење во периодот помеѓу април 2017 и март 2022 година. Според податоците на ЕК, во периодот од август 2022 година до декември 2023 година ЕУ ја намалила потрошувачката на гас за 18 проценти во споредба со претходниот период, заштедувајќи околу 101 милијарда кубни метри гас. Ваквото намалување беше остварено врз основа на Регулативата усвоена во текот на летото 2022 година, со цел да се обезбеди стабилно снабдување со гас и стабилизација на енергетските пазари во ЕУ, како и да се манифестира солидарност со Украина. Важноста на одредбите од оваа Регулатива за намалување на потрошувачката на гас истакува на 31 март, па затоа ЕК сега предлага земјите членки доброволно да продолжат со спроведување на мерките за штедење на енергенсот и по овој датум. За предлогот на Еврокомисијата ќе се расправа на заседанието на министерскиот Совет за енергетика предвидено за 4 март. - Благодарение на широкиот опсег на итни мерки кои беа воведени по инвазијата на Русија врз Украина, енергетската перспектива на ЕУ е подобрена: снабдувањето е поразновидно, инсталирани се поголеми капацитети за производство на обновлива енергија и направени се импресивни заштеди на енергенсите, посочи ЕК. Според Комисијата, ваквите мерки резултираа со намалување и стабилизирање на цените на енергенсите во Европа, но со оглед на актуелните геополитички тензии, состојбите на глобалниот пазар на гас и целта на ЕУ за целосно ослободување од зависноста од руските фосилни горива, и натаму е неопходна континуирана заштеда на енергијата. Континуираната заштеда на гас ќе помогне да се одржи и подобри тековната стабилност на пазарот, вклучително и преку олеснување на полнењето на гасните складишта во текот на пролетта и летото, а, исто така, ќе се поддржат и напорите на ЕУ за декарбонизација, наведува Еврокомисијата. Денешната Препорака, како што јави дописникот на МИА од Брисел, се базира на извештаите за ревизија на Регулативата за намалување на потрошувачката на гас и за Регулативата за складирање гас. Покрај гарантирањето на безбедноста на снабдувањето, двете регулативи придонесоа и за стабилизирање на цените на енергијата, за зајакнување на конкурентноста на економијата на ЕУ и за намалување на сметките за граѓаните, кои достигнаа максимални суми во август 2022 година, се додава во соопштението.

The post ЕК препорачува штедењето на гасот да продолжи и во наредниот период appeared first on Република.

]]>
Дали ќе заштедите повеќе ако бојлерот е постојано вклучен? https://republika.mk/zivot/dali-ke-zashtedite-poveke-ako-bojlerot-e-postojano-vkluchen/ Sat, 24 Feb 2024 13:59:15 +0000 https://republika.mk/?p=747817

Интернет-форумите се полни со совети како да заштедите кога го вклучувате бојлерот, а електричарите ги дадоа следниве совети.

– Доколку во домаќинството живее самец или само брачен пар, најдобро е да го вклучите бојлерот кога е потребно, додека струјата е евтина.

– Ако се работи за повеќечлено семејство, ќе заштедите повеќе ако бојлерот е постојано вклучен.

– Зависи и од тоа дали водата од бојлерот се користи само за туширање или и за кујна, затоа, доколку целата топла вода во домот доаѓа од ист уред, најдобро е да ја држите постојано вклучена.

The post Дали ќе заштедите повеќе ако бојлерот е постојано вклучен? appeared first on Република.

]]>

Интернет-форумите се полни со совети како да заштедите кога го вклучувате бојлерот, а електричарите ги дадоа следниве совети. – Доколку во домаќинството живее самец или само брачен пар, најдобро е да го вклучите бојлерот кога е потребно, додека струјата е евтина. – Ако се работи за повеќечлено семејство, ќе заштедите повеќе ако бојлерот е постојано вклучен. – Зависи и од тоа дали водата од бојлерот се користи само за туширање или и за кујна, затоа, доколку целата топла вода во домот доаѓа од ист уред, најдобро е да ја држите постојано вклучена.

The post Дали ќе заштедите повеќе ако бојлерот е постојано вклучен? appeared first on Република.

]]>
Мајка од Балканот открива како заштедува по 800 евра месечно во Германија https://republika.mk/vesti/balkan/majka-od-balkanot-otkriva-kako-zashteduva-po-800-evra-mesechno-vo-germanija/ Wed, 06 Dec 2023 16:44:50 +0000 https://republika.mk/?p=720432

Мајка на три деца  од Балканот која живее со семејството во  Германија откри како го променила животот откако вовела уникатен метод на штедење. Така таа ги намалила сите семејни трошоци за намирници, хигиена, подароци и други ситници од 1.200 на 400 евра месечно.

Таа вели дека штедела буквално на сѐ, од тоалетна хартија до пиење кафе на бензиска станица.

„Трошоци во продавница со попуст, кафе за носење на бензинска пумпа, посети на ресторан“, набројува тој. „Со сите овие флексибилни трошоци, јасно е дека малите трошоци создаваат хаос-открива мајката.

За да се ослободи од бројните импулсни набавки, таа почнула да прави список - по еден за секоја недела.

„Редовно размислував за тоа што ни треба. Брашно, тестенини, домати од конзерва, снегулки, сите оние класици што секогаш ги имате во куќата“, опишува таа.

Со списоците што ги прави планира со недели и месеци однапред и гледа дека семејството ќе треба да преживее само со 440 евра месечно за сите тие производи

За следната недела правиме помали списоци со овошје, зеленчук и млечни производи“, -вели мајката.

 

The post Мајка од Балканот открива како заштедува по 800 евра месечно во Германија appeared first on Република.

]]>

Мајка на три деца  од Балканот која живее со семејството во  Германија откри како го променила животот откако вовела уникатен метод на штедење. Така таа ги намалила сите семејни трошоци за намирници, хигиена, подароци и други ситници од 1.200 на 400 евра месечно. Таа вели дека штедела буквално на сѐ, од тоалетна хартија до пиење кафе на бензиска станица.
„Трошоци во продавница со попуст, кафе за носење на бензинска пумпа, посети на ресторан“, набројува тој. „Со сите овие флексибилни трошоци, јасно е дека малите трошоци создаваат хаос-открива мајката.
За да се ослободи од бројните импулсни набавки, таа почнула да прави список - по еден за секоја недела. „Редовно размислував за тоа што ни треба. Брашно, тестенини, домати од конзерва, снегулки, сите оние класици што секогаш ги имате во куќата“, опишува таа. Со списоците што ги прави планира со недели и месеци однапред и гледа дека семејството ќе треба да преживее само со 440 евра месечно за сите тие производи
За следната недела правиме помали списоци со овошје, зеленчук и млечни производи“, -вели мајката.
 

The post Мајка од Балканот открива како заштедува по 800 евра месечно во Германија appeared first on Република.

]]>
Електричар откри како се штеди струја https://republika.mk/zivot/elektrichar-otkri-kako-se-shtedi-struja/ Sat, 09 Sep 2023 19:23:16 +0000 https://republika.mk/?p=680397

Интернет-форумите се полни со совети како да заштедите пари на бојлер, а некои од нив ги дадоа експерти, односно мајстори.

Доколку во домаќинството живее самец или само брачен пар, најдобро е да го вклучите бојлерот кога е потребно, додека струјата е евтина. Ако се работи за повеќечлено семејство, ќе заштедите повеќе ако бојлерот е постојано вклучен. Зависи и од тоа дали водата од бојлерот се користи само за туширање или и за кујна, затоа, доколку целата топла вода во домот доаѓа од ист уред, најдобро е да ја држите постојано вклучена.

 

The post Електричар откри како се штеди струја appeared first on Република.

]]>

Интернет-форумите се полни со совети како да заштедите пари на бојлер, а некои од нив ги дадоа експерти, односно мајстори.
Доколку во домаќинството живее самец или само брачен пар, најдобро е да го вклучите бојлерот кога е потребно, додека струјата е евтина. Ако се работи за повеќечлено семејство, ќе заштедите повеќе ако бојлерот е постојано вклучен. Зависи и од тоа дали водата од бојлерот се користи само за туширање или и за кујна, затоа, доколку целата топла вода во домот доаѓа од ист уред, најдобро е да ја држите постојано вклучена.
 

The post Електричар откри како се штеди струја appeared first on Република.

]]>
Како да ја почнете новата година со заштеда? https://republika.mk/zivot/kariera/kako-da-ja-pochnete-novata-godina-so-zashteda/ Sat, 31 Dec 2022 12:45:21 +0000 https://republika.mk/?p=590982

Поголемиот дел од животот го поминуваме работејќи за да заработиме пари што ни се потребни за живот. Во приказната за парите секогаш некаде се споменува заштедата, која се означува како нешто важно и неопходно во животот.

Постојат многу начини на кои можеме да ги организираме нашите заштеди, но најдобро е да започнеме со помали суми, бидејќи ако веднаш си поставите цел да одвоите поголема сума, ќе ви биде потешко подоцна да ја зголемите таа сума.

За оние кои штедат пари, тоа е средство, а не цел, и знаат дека уживањето во животот и шармот на пазарењето е возможно дури и ако заштедите не страдаат.

Еве неколку практични совети кои ќе ви помогнат да го промените пристапот кон парите и да усвоите поздрави финансиски навики во новата година.

Реални и нереални потреби и желби

Во времето во кое живееме, кога сме преплавени со разни реклами од сите страни, нормално е да имаме желба да купиме и да пробаме сѐ ново што ќе се појави. Декември е ноторно месецот на претпразнично трошење. Ако дозволиме да нѐ води еуфоријата, ќе се најдеме во ситуација да бидеме во тесно кога се во прашање парите. Факт е дека штедењето често се занемарува под разни изговори, а особено малку размислуваме за штедење кога сме помлади, кога староста ни изгледа премногу далеку, а идејата за штедење за постари денови е прерана.

Ако ги прашате богатите за парите, тие ќе ви кажат дека добро знаат од каде им доаѓаат и каде ги трошат. Корисно е да имате ексел табела до која можете лесно да пристапите преку вашиот паметен телефон каде и да сте и да имате брз увид во ресурсите што ви се на располагање. Категоризирајте ги трошоците по приоритети за да создадете појасна слика за нештата што се потребни, а оние што се само желба и запомнете дека вашите навики не се како туѓите и не ги споредувајте вашите финансиски можности со некој друг.

Граници

Времето на празници и дарување е пред нас, па оние со финансиски вештини планираа и издвојуваа пари за да не останат со празен паричник во празничниот период. Можеби нбе успеавте да го направите тоа досега, но не значи дека не можете и во иднина. Пред нас се уште празници, родендени, летни одмори... па за успешно да го спроведете планирањето, ставете на хартија колку пари имате на располагање и што сè и за кого сакате да купите. На тој начин можете да го следите трошењето и на најмалите работи, а на крајот од денот би можеле да се изненадите колку пари се трошат на непотребни работи. Што се однесува до претстојните празници, запомнете дека многу подобар подарок е оној кој е од срце и има некакво значење, посветеност, отколку оној кој е многу платен, а нема сентиментално значење.

Купување без долгови

Иако кредитните картички даваат чувство на сигурност, особено кога патуваме, докажано е дека луѓето кои плаќаат со картички трошат многу повеќе. Зошто да купувате на долг? Овде не зборуваме за големи суми како регистрација на автомобил или заеми за отплата на стан. Обновете ја вашата гардероба или купувајте во супермаркет со добар буџет и шопинг листа со книжни пари. Еден трик што ќе ви го потврдат добрите штедачи е да не гледате премногу телевизиски програми. Времето на каучот пред екранот е обележано со долги реклами за нови производи, промоции, патувања... кои потсвесно испраќаат порака дека токму тоа ни треба. Освен што ќе заштедите на сметката за струја и подобро ќе го искористите слободното време, полесно ќе вежбате да правите разлика помеѓу потребите и желбите.

Правило од 30 дена

Подготвувањето оброци дома е прашање на здрави навики, но и на штедење. Многу пари се трошат на кафе и храна што ја нарачуваме на работа, а сето тоа е многу повкусно и подобро, но и поевтино ако го земеме од дома. Обидете се да ги одвоите парите што инаку би ги потрошиле на ручеци и пијалоци еден месец за сѐ што сакате да си дозволите, без да ги допрете заштедите што ги имате. Следете ги попустите и промоциите, бидејќи и на тој начин можете да заштедите многу пари со купување храна и производи по пониски цени. Ако го следите правилото од 30 дена, ќе видите дека тоа е добра одлука и дека заштедите ви се зголемуваат бидејќи ги контролирате трошоците, купувате на распродажба и издвојувате пари кои би ги потрошиле на нешто што во тој момент не ви треба.

А ова можете да го направите и во првиот месец од годината. Ако можете во јануари, можете цела година!

 

The post Како да ја почнете новата година со заштеда? appeared first on Република.

]]>

Поголемиот дел од животот го поминуваме работејќи за да заработиме пари што ни се потребни за живот. Во приказната за парите секогаш некаде се споменува заштедата, која се означува како нешто важно и неопходно во животот. Постојат многу начини на кои можеме да ги организираме нашите заштеди, но најдобро е да започнеме со помали суми, бидејќи ако веднаш си поставите цел да одвоите поголема сума, ќе ви биде потешко подоцна да ја зголемите таа сума. За оние кои штедат пари, тоа е средство, а не цел, и знаат дека уживањето во животот и шармот на пазарењето е возможно дури и ако заштедите не страдаат. Еве неколку практични совети кои ќе ви помогнат да го промените пристапот кон парите и да усвоите поздрави финансиски навики во новата година. Реални и нереални потреби и желби Во времето во кое живееме, кога сме преплавени со разни реклами од сите страни, нормално е да имаме желба да купиме и да пробаме сѐ ново што ќе се појави. Декември е ноторно месецот на претпразнично трошење. Ако дозволиме да нѐ води еуфоријата, ќе се најдеме во ситуација да бидеме во тесно кога се во прашање парите. Факт е дека штедењето често се занемарува под разни изговори, а особено малку размислуваме за штедење кога сме помлади, кога староста ни изгледа премногу далеку, а идејата за штедење за постари денови е прерана. Ако ги прашате богатите за парите, тие ќе ви кажат дека добро знаат од каде им доаѓаат и каде ги трошат. Корисно е да имате ексел табела до која можете лесно да пристапите преку вашиот паметен телефон каде и да сте и да имате брз увид во ресурсите што ви се на располагање. Категоризирајте ги трошоците по приоритети за да создадете појасна слика за нештата што се потребни, а оние што се само желба и запомнете дека вашите навики не се како туѓите и не ги споредувајте вашите финансиски можности со некој друг. Граници Времето на празници и дарување е пред нас, па оние со финансиски вештини планираа и издвојуваа пари за да не останат со празен паричник во празничниот период. Можеби нбе успеавте да го направите тоа досега, но не значи дека не можете и во иднина. Пред нас се уште празници, родендени, летни одмори... па за успешно да го спроведете планирањето, ставете на хартија колку пари имате на располагање и што сè и за кого сакате да купите. На тој начин можете да го следите трошењето и на најмалите работи, а на крајот од денот би можеле да се изненадите колку пари се трошат на непотребни работи. Што се однесува до претстојните празници, запомнете дека многу подобар подарок е оној кој е од срце и има некакво значење, посветеност, отколку оној кој е многу платен, а нема сентиментално значење. Купување без долгови Иако кредитните картички даваат чувство на сигурност, особено кога патуваме, докажано е дека луѓето кои плаќаат со картички трошат многу повеќе. Зошто да купувате на долг? Овде не зборуваме за големи суми како регистрација на автомобил или заеми за отплата на стан. Обновете ја вашата гардероба или купувајте во супермаркет со добар буџет и шопинг листа со книжни пари. Еден трик што ќе ви го потврдат добрите штедачи е да не гледате премногу телевизиски програми. Времето на каучот пред екранот е обележано со долги реклами за нови производи, промоции, патувања... кои потсвесно испраќаат порака дека токму тоа ни треба. Освен што ќе заштедите на сметката за струја и подобро ќе го искористите слободното време, полесно ќе вежбате да правите разлика помеѓу потребите и желбите. Правило од 30 дена Подготвувањето оброци дома е прашање на здрави навики, но и на штедење. Многу пари се трошат на кафе и храна што ја нарачуваме на работа, а сето тоа е многу повкусно и подобро, но и поевтино ако го земеме од дома. Обидете се да ги одвоите парите што инаку би ги потрошиле на ручеци и пијалоци еден месец за сѐ што сакате да си дозволите, без да ги допрете заштедите што ги имате. Следете ги попустите и промоциите, бидејќи и на тој начин можете да заштедите многу пари со купување храна и производи по пониски цени. Ако го следите правилото од 30 дена, ќе видите дека тоа е добра одлука и дека заштедите ви се зголемуваат бидејќи ги контролирате трошоците, купувате на распродажба и издвојувате пари кои би ги потрошиле на нешто што во тој момент не ви треба. А ова можете да го направите и во првиот месец од годината. Ако можете во јануари, можете цела година!  

The post Како да ја почнете новата година со заштеда? appeared first on Република.

]]>
Среќни сме што ни дадоа јакни: Вработените во германска банка работат со ракавици поради намаленото греење заради штедење https://republika.mk/vesti/svet/srekjni-sme-shto-ni-dadoa-jakni-vrabotenite-vo-germanska-banka-rabotat-so-rakavici-poradi-namalenoto-greenje-zaradi-shtedenje/ Sun, 18 Dec 2022 11:15:26 +0000 https://republika.mk/?p=587158

Банкарската службеничка Лиза (26) седи на компјутерот на нејзиното работно место во филијалата на банката Крајспаркасе во Лудвигсбург (покраина Баден-Виртемберг). Таа носи ракавици без прсти и е зафатена со пишување на компјутер, но младата жена не носи ракавици поради мода, туку за да не и биде студено. Тоа е така, затоа што банката морала да го намали греењето на своите простории, пишува „Феникс магазин“.

Крајспаркасе во Лудвигсбург се смета за „јавна“ институција, а според законот, греењето во канцелариите во Германија мора да се намали на 19 степени. За да не смрзнуваат вработените во банката, управата им поделила 1.200 јакни и ракавици.

Некои соби воопшто не се загреваат

Германските медиуми јавуваат дека се работи за супер акција, бидејќи во банката одамна не е топло.

Преземени се бројни мерки за заштеда на енергија. Во летниот период системите за климатизација се намалуваат или целосно се исклучуваат. Веќе со недели, во главната канцеларија светлата се гасат во 19 и 22 часот. Само светлата за итни случаи остануваат запалени.

Медиумите велат дека годинава нема светлечки џамбо постери и новогодишни украси. Во работните простории температурата е спуштена на 19 степени, ходниците, скалите и ходникот веќе воопшто не се загреваат.

Што велат вработените за новите мерки?

Регионалниот директоир на банката, вели дека вработените биле ентузијасти за одлуката и се радувале на топлите јакни.

На почетокот е чудно, но сакам да носам ракавици за да штедам енергија“, изјавила вработената во банката, Лиза.

За заштеда на енергија реагираше и Стадшпаркасе Аугсбург (Баварија), кој ги олабави регулативите за облеката на своите вработени.

Пониските температури во просториите бараат и од вработените да се облекуваат потопло. Во студените денови, вработените во Стадшпаркасе можат да работат без инаку потребната банкарска облека“, велат од банката.

Едноставно кажано, банкарските службеници смеат да носат секојдневни топли чевли наместо салонки. Исто така, наместо сако, може да носат потопла јакна.

The post Среќни сме што ни дадоа јакни: Вработените во германска банка работат со ракавици поради намаленото греење заради штедење appeared first on Република.

]]>

Банкарската службеничка Лиза (26) седи на компјутерот на нејзиното работно место во филијалата на банката Крајспаркасе во Лудвигсбург (покраина Баден-Виртемберг). Таа носи ракавици без прсти и е зафатена со пишување на компјутер, но младата жена не носи ракавици поради мода, туку за да не и биде студено. Тоа е така, затоа што банката морала да го намали греењето на своите простории, пишува „Феникс магазин“. Крајспаркасе во Лудвигсбург се смета за „јавна“ институција, а според законот, греењето во канцелариите во Германија мора да се намали на 19 степени. За да не смрзнуваат вработените во банката, управата им поделила 1.200 јакни и ракавици.

Некои соби воопшто не се загреваат

Германските медиуми јавуваат дека се работи за супер акција, бидејќи во банката одамна не е топло. Преземени се бројни мерки за заштеда на енергија. Во летниот период системите за климатизација се намалуваат или целосно се исклучуваат. Веќе со недели, во главната канцеларија светлата се гасат во 19 и 22 часот. Само светлата за итни случаи остануваат запалени. Медиумите велат дека годинава нема светлечки џамбо постери и новогодишни украси. Во работните простории температурата е спуштена на 19 степени, ходниците, скалите и ходникот веќе воопшто не се загреваат.

Што велат вработените за новите мерки?

Регионалниот директоир на банката, вели дека вработените биле ентузијасти за одлуката и се радувале на топлите јакни.
На почетокот е чудно, но сакам да носам ракавици за да штедам енергија“, изјавила вработената во банката, Лиза.
За заштеда на енергија реагираше и Стадшпаркасе Аугсбург (Баварија), кој ги олабави регулативите за облеката на своите вработени.
Пониските температури во просториите бараат и од вработените да се облекуваат потопло. Во студените денови, вработените во Стадшпаркасе можат да работат без инаку потребната банкарска облека“, велат од банката.
Едноставно кажано, банкарските службеници смеат да носат секојдневни топли чевли наместо салонки. Исто така, наместо сако, може да носат потопла јакна.

The post Среќни сме што ни дадоа јакни: Вработените во германска банка работат со ракавици поради намаленото греење заради штедење appeared first on Република.

]]>
Спасовски: Штедам, летам со нискобуџетни авиокомпании https://republika.mk/vesti/spasovski-shtedam-letam-so-niskobudzetni-aviokompanii-2/ Fri, 28 Oct 2022 19:08:07 +0000 https://republika.mk/?p=566977

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека за службените патувања многу често користи нискобуџетни компании. Тој вели дека во услови на криза, мора да се рационализираат сите трошоци бидејќи тоа се финансиски средства на граѓаните и важно е да се вршат работите со најмал можен трошок.

Запрашан за коментар околу скорешните фотографии по социјалните мрежи од летовите за време на работните патувања во странство од нискобуџетни компании во интеврју за ТВ Канал 5 тој рече дека треба да се користат сите можности за да се одбере најповолната понуда за летање.

 Тоа не е ништо чудно, треба да ги користиме сите можности за да одбереме најповолни понуди за летање и во смисла на цена и во смисла на конекција. Многу често ги користам Изиџет, Визер, Рајанер итн., истакна Спасовски.

Одлуките кои се донесени од страна на Владата, додаде тој, се однесуваат на заштеди, и за тоа се поднесуваат извештаи.

Има извештаи во кои може да се увидат заштедите, дали е енергетска заштеда или некои други цели коишто ги поставуваме, рече министерот Спасовски.

The post Спасовски: Штедам, летам со нискобуџетни авиокомпании appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека за службените патувања многу често користи нискобуџетни компании. Тој вели дека во услови на криза, мора да се рационализираат сите трошоци бидејќи тоа се финансиски средства на граѓаните и важно е да се вршат работите со најмал можен трошок. Запрашан за коментар околу скорешните фотографии по социјалните мрежи од летовите за време на работните патувања во странство од нискобуџетни компании во интеврју за ТВ Канал 5 тој рече дека треба да се користат сите можности за да се одбере најповолната понуда за летање.
 Тоа не е ништо чудно, треба да ги користиме сите можности за да одбереме најповолни понуди за летање и во смисла на цена и во смисла на конекција. Многу често ги користам Изиџет, Визер, Рајанер итн., истакна Спасовски.
Одлуките кои се донесени од страна на Владата, додаде тој, се однесуваат на заштеди, и за тоа се поднесуваат извештаи.
Има извештаи во кои може да се увидат заштедите, дали е енергетска заштеда или некои други цели коишто ги поставуваме, рече министерот Спасовски.

The post Спасовски: Штедам, летам со нискобуџетни авиокомпании appeared first on Република.

]]>
Кризата само што почна, чувајте ги парите: Еве кој купува станови, а жените никако не треба да го купуваат ова https://republika.mk/vesti/balkan/krizata-samo-shto-pochna-chuvajte-gi-parite-eve-koj-kupuva-stanovi-a-zenite-nikako-ne-treba-da-go-kupuvaat-ova/ Wed, 26 Oct 2022 15:10:54 +0000 https://republika.mk/?p=565985

Дали инфлацијата ги јаде парите, дали да се чува кеш или да се вложува. Сламарица или ризик...

Ова се дилемите кои ги мачат граѓаните, посебно оние што имаат заштеда, а не знаат што понатаму.

Економската криза достигнува глобални размери. Проценките се дека светот го чекаат тешки времиња, а аргументите се дека се наоѓаме во ера на висока инфлација и најголема енергетска неизвесност, која несомнено ќе ги погоди и граѓаните и стопанството.

Експертот за економија и професор на Економскиот факултет во Белград, Љубодраг Савиќ, се осврна на моментната криза, па ја спореди ситуацијата во Германија со онаа на овие простори, истакнувајќи дека актуелната економска криза само што започнала, дека истата ќе трае и дека постои опасност од нејзина ескалација.

Ние од овие простори во последниве 30 до 40 години сме навикнати да штедиме, да трпиме, да немаме. Во однос на нас, Германија, тие четири децении живеела во добар ред. Се знаело кој што работи, стандардот на граѓаните бил висок, глобализацијата давала добри резултати. Сега тоа се смени. Тие не можат да разберат што се случува. Дека нема гас, дека мора да штедат, дека нема леб, млеко, дека цените скокаат за 5, 10 или 15 проценти, речиси секојдневно. Ова е криза која уште го нема допрено дното. Оваа криза ќе трае и никој не знае што ќе се случи - вели професорот.

Според него, во моментов е погодно да се инвестира, но не во станови.

За инвестирање во станови сега не е време. Цените им се превисоки, а кога рабоите ќе се вратат во нормала, цените ќе паднат и ќе има загуба. Богатите знаат кога да инвестираат во недвижнини, а сега не е моментот за тоа.

Според Савиќ, кој има пари може и да ги троши, посебно кога станува збор за луксузна роба.

Алкохолот, бензинот и цигарите секогаш се третирани како луксузна стока. Мојот совет е кој има пари, да ги чува. Бели пари за црни денови. Не е време за инвестиции, бидејќи никој не може да ви гарантира дали за две години ќе имате работа. Долгорочно најстабилен е швајцарскиот франк. Жени, не купувајте обетки или златни ланчиња, бидејќи кога ќе одите во златара, ќе ви ја преполоват цената. Монетарното злато во прачки е вредно, ја менува цената, но не пропаѓа. Добар избор е купувањето земја- советува професорот на Економскиот факултет во Белград.

The post Кризата само што почна, чувајте ги парите: Еве кој купува станови, а жените никако не треба да го купуваат ова appeared first on Република.

]]>

Дали инфлацијата ги јаде парите, дали да се чува кеш или да се вложува. Сламарица или ризик... Ова се дилемите кои ги мачат граѓаните, посебно оние што имаат заштеда, а не знаат што понатаму. Економската криза достигнува глобални размери. Проценките се дека светот го чекаат тешки времиња, а аргументите се дека се наоѓаме во ера на висока инфлација и најголема енергетска неизвесност, која несомнено ќе ги погоди и граѓаните и стопанството. Експертот за економија и професор на Економскиот факултет во Белград, Љубодраг Савиќ, се осврна на моментната криза, па ја спореди ситуацијата во Германија со онаа на овие простори, истакнувајќи дека актуелната економска криза само што започнала, дека истата ќе трае и дека постои опасност од нејзина ескалација. Ние од овие простори во последниве 30 до 40 години сме навикнати да штедиме, да трпиме, да немаме. Во однос на нас, Германија, тие четири децении живеела во добар ред. Се знаело кој што работи, стандардот на граѓаните бил висок, глобализацијата давала добри резултати. Сега тоа се смени. Тие не можат да разберат што се случува. Дека нема гас, дека мора да штедат, дека нема леб, млеко, дека цените скокаат за 5, 10 или 15 проценти, речиси секојдневно. Ова е криза која уште го нема допрено дното. Оваа криза ќе трае и никој не знае што ќе се случи - вели професорот. Според него, во моментов е погодно да се инвестира, но не во станови. За инвестирање во станови сега не е време. Цените им се превисоки, а кога рабоите ќе се вратат во нормала, цените ќе паднат и ќе има загуба. Богатите знаат кога да инвестираат во недвижнини, а сега не е моментот за тоа. Според Савиќ, кој има пари може и да ги троши, посебно кога станува збор за луксузна роба. Алкохолот, бензинот и цигарите секогаш се третирани како луксузна стока. Мојот совет е кој има пари, да ги чува. Бели пари за црни денови. Не е време за инвестиции, бидејќи никој не може да ви гарантира дали за две години ќе имате работа. Долгорочно најстабилен е швајцарскиот франк. Жени, не купувајте обетки или златни ланчиња, бидејќи кога ќе одите во златара, ќе ви ја преполоват цената. Монетарното злато во прачки е вредно, ја менува цената, но не пропаѓа. Добар избор е купувањето земја- советува професорот на Економскиот факултет во Белград.

The post Кризата само што почна, чувајте ги парите: Еве кој купува станови, а жените никако не треба да го купуваат ова appeared first on Република.

]]>
Европски синдикати: Одлуките на ЕУ за енергетската криза се недоволни и нецелосни https://republika.mk/vesti/svet/evropski-sindikati-odlukite-na-eu-za-energetskata-kriza-se-nedovolni-i-necelosni/ Fri, 21 Oct 2022 19:57:06 +0000 https://republika.mk/?p=564139

Генералниот секретар на Конфедерацијата на европски синдикати, Лука Висентини, ги поздрави напорите на лидерите на ЕУ да постигнат компромис за ценовниот шок во енергијата, но смета дека мерките не се доволни, јави дописничката на МИА од Брисел.

Го цениме фактот што заклучоците на Советот разгледуваат механизам за ограничување на енергетските цени и некаков вид реформа на пазарот на енергетски цени, но тоа што беше најавено е нецелосно и недоволно - е ставот на Висентини.

Според него, вчерашните најави остануваат само декларации, без конкретни и смели мерки, додека цените продолжуваат вртоглаво да растат.

Европските синдикати сакаат да видат поконкретни одлуки, како оданочување на големите профити на компаниите, што би било неопходно за да се стави крај на пазарната шпекулација, но и ќе помогне за фер редистрибуција на богатството и солидарноста. Синдикатите, кои пред неколку дена објавија студија за падот на платите на работниците и растот на профитите на корпорациите, жалат што ЕУ лидерите не се осврнале на итноста на состојбата со платите во ЕУ.

Иако заклучоците содржат неколку референци за потребата да се земат предвид неколку мерки на солидарност во ЕУ, што е важен напредок, нема никаква референца за итната потреба за вонредни ЕУ алатки базирани на заеднички долг за да се поддржат работниците, домаќинствата и бизнисите кои се борат со кризата - изјави Висентини.

Тој потсети дека ситуацијата во која се наоѓа Европа бара итна реакција.

Оваа криза ќе биде пострашна од пандемијата и ќе ги погоди работниците уште повеќе, поради тоа мора да се решава со највисок степен на амбиција и солидарност, како што беше сторено во 2020 - порача генералниот секретар на Конфедерацијата на европски синдикати.

The post Европски синдикати: Одлуките на ЕУ за енергетската криза се недоволни и нецелосни appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на Конфедерацијата на европски синдикати, Лука Висентини, ги поздрави напорите на лидерите на ЕУ да постигнат компромис за ценовниот шок во енергијата, но смета дека мерките не се доволни, јави дописничката на МИА од Брисел.
Го цениме фактот што заклучоците на Советот разгледуваат механизам за ограничување на енергетските цени и некаков вид реформа на пазарот на енергетски цени, но тоа што беше најавено е нецелосно и недоволно - е ставот на Висентини.
Според него, вчерашните најави остануваат само декларации, без конкретни и смели мерки, додека цените продолжуваат вртоглаво да растат. Европските синдикати сакаат да видат поконкретни одлуки, како оданочување на големите профити на компаниите, што би било неопходно за да се стави крај на пазарната шпекулација, но и ќе помогне за фер редистрибуција на богатството и солидарноста. Синдикатите, кои пред неколку дена објавија студија за падот на платите на работниците и растот на профитите на корпорациите, жалат што ЕУ лидерите не се осврнале на итноста на состојбата со платите во ЕУ.
Иако заклучоците содржат неколку референци за потребата да се земат предвид неколку мерки на солидарност во ЕУ, што е важен напредок, нема никаква референца за итната потреба за вонредни ЕУ алатки базирани на заеднички долг за да се поддржат работниците, домаќинствата и бизнисите кои се борат со кризата - изјави Висентини.
Тој потсети дека ситуацијата во која се наоѓа Европа бара итна реакција.
Оваа криза ќе биде пострашна од пандемијата и ќе ги погоди работниците уште повеќе, поради тоа мора да се решава со највисок степен на амбиција и солидарност, како што беше сторено во 2020 - порача генералниот секретар на Конфедерацијата на европски синдикати.

The post Европски синдикати: Одлуките на ЕУ за енергетската криза се недоволни и нецелосни appeared first on Република.

]]>
Министерството за локална самоуправа ја зголемило потрошувачката на стуја, а здравство, надворешни и одбрана ќе дадат отчет пред Владата https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvoto-za-lokalna-samouprava-ja-zgolemilo-potroshuvachkata-na-stuja-a-zdravstvo-nadvoreshni-i-odbrana-kje-dadat-otchet-pred-vladata/ Wed, 19 Oct 2022 11:50:29 +0000 https://republika.mk/?p=563055

Дел од министерствата и институциите се придржувале кон мерките, но некои од нив не само што не го стегнале ременот, туку и ја зголемиле потрошувачката на струја, како на пример Министерството за локална самоуправа. Мала заштеда е забележана и кај Министерствата за здравство, надворешни работи и одбрана. Ова го покажува анализата на Министерството за економија којашто ја презентираше денеска министерот Крешик Бектеши на прес-конференција во Владата. Институциите коишто заштедиле малку струја ќе треба да и дадат отчет на Владата за направените трошоци.

Само административната зграда на локална самоуправа има зголемена потрошувачка на енергија. Најмала заштеда има во административната зграда на Министерството за здравство - 2 отсто, во МНР - 8 проценти и во Министерството за одбрана - 8 % заштеда. Собранието заштедило 29%, а Кабинет на претседателот - 17%.

Анализата на потрошувачката покажува дека 17 државни компании заштедиле 8 отсто струја. Две државни претпријатија имаат поголема потрошувачка, едното за 10 отсто, а другото - ЈП „Водостопанство“ има над 20% поголема потрошувачка.

 

The post Министерството за локална самоуправа ја зголемило потрошувачката на стуја, а здравство, надворешни и одбрана ќе дадат отчет пред Владата appeared first on Република.

]]>

Дел од министерствата и институциите се придржувале кон мерките, но некои од нив не само што не го стегнале ременот, туку и ја зголемиле потрошувачката на струја, како на пример Министерството за локална самоуправа. Мала заштеда е забележана и кај Министерствата за здравство, надворешни работи и одбрана. Ова го покажува анализата на Министерството за економија којашто ја презентираше денеска министерот Крешик Бектеши на прес-конференција во Владата. Институциите коишто заштедиле малку струја ќе треба да и дадат отчет на Владата за направените трошоци. Само административната зграда на локална самоуправа има зголемена потрошувачка на енергија. Најмала заштеда има во административната зграда на Министерството за здравство - 2 отсто, во МНР - 8 проценти и во Министерството за одбрана - 8 % заштеда. Собранието заштедило 29%, а Кабинет на претседателот - 17%. Анализата на потрошувачката покажува дека 17 државни компании заштедиле 8 отсто струја. Две државни претпријатија имаат поголема потрошувачка, едното за 10 отсто, а другото - ЈП „Водостопанство“ има над 20% поголема потрошувачка.  

The post Министерството за локална самоуправа ја зголемило потрошувачката на стуја, а здравство, надворешни и одбрана ќе дадат отчет пред Владата appeared first on Република.

]]>
Државните институции во септември заштедиле вкупно 20 отсто струја https://republika.mk/vesti/drzavnite-institucii-vo-septemvri-zashtedile-vkupno-20-otsto-struja/ Wed, 19 Oct 2022 10:52:28 +0000 https://republika.mk/?p=562986

Владата, судовите, Собранието, претседателот на државата, ЕСМ и МЕПСО во септември годинава вкупно заштедиле 20 отсто струја во однос на истиот месец лани.

Според анализата што денеска ја презентира министерот за економија Крешник Бектеши, доколку се земат предвид податоците од потрошувачката само на административните згради на министерствата, претседателот на државата, Собранието, Владата, АД ЕСМ и АД МЕПСО заштедата на струја изнесува 25 отсто. Притоа, шест субјекти имаат намалена потрошувачка на енергија во септември, но немаат остварено заштеди од 15 отсто согласно задолженијата, додека останатите субјекти имаат остварено заштеди од 15 -73 отсто, повеќето од 25 до 35 проценти.

Единствено, како што рече Бектеши, административната зграда на Министерството за локална самоуправа има  зголемена потрошувачка на енергија за 81 процент, а најголема заштеда е направена во административната зграда на АД ЕСМ од 75 отсто.

The post Државните институции во септември заштедиле вкупно 20 отсто струја appeared first on Република.

]]>

Владата, судовите, Собранието, претседателот на државата, ЕСМ и МЕПСО во септември годинава вкупно заштедиле 20 отсто струја во однос на истиот месец лани. Според анализата што денеска ја презентира министерот за економија Крешник Бектеши, доколку се земат предвид податоците од потрошувачката само на административните згради на министерствата, претседателот на државата, Собранието, Владата, АД ЕСМ и АД МЕПСО заштедата на струја изнесува 25 отсто. Притоа, шест субјекти имаат намалена потрошувачка на енергија во септември, но немаат остварено заштеди од 15 отсто согласно задолженијата, додека останатите субјекти имаат остварено заштеди од 15 -73 отсто, повеќето од 25 до 35 проценти. Единствено, како што рече Бектеши, административната зграда на Министерството за локална самоуправа има  зголемена потрошувачка на енергија за 81 процент, а најголема заштеда е направена во административната зграда на АД ЕСМ од 75 отсто.

The post Државните институции во септември заштедиле вкупно 20 отсто струја appeared first on Република.

]]>
Шојбле им порача на Германците да штедат струја: Државата не е супермаркет https://republika.mk/vesti/svet/shojble-im-poracha-na-germancite-da-shtedat-struja-drzavata-ne-e-supermarket/ Wed, 12 Oct 2022 10:10:36 +0000 https://republika.mk/?p=560061

Поранешниот германски министер за финансии и член на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Волфганг Шојбле ги критикуваше Германците дека премногу бараат по однос стравувањата од прекини во електроснабдувањето во текот на зимата и оти едноставно треба повеќе да штедат струја, објави денеска магазинот „Феникс“.

Коментирајќи го планот за германскиот пакет помош од 95 милијарди евра за граѓаните да платат енергија во текот на претстојната зима, Шојбле нагласи дека државата не е супермаркет и оти граѓаните не треба да се потпираат исклучиво врз помошта од политичарите.

„Ако им сугерираме на луѓето дека се е неограничено, ние прекумерно ја користиме државата“, предупреди поранешниот претседател на Бундестагот, кој смета дека државна помош треба да добиват само домаќинствата со ниски приходи.

Германската Влада претстави план за максимална цена на гасот во текот на зимата, врз чија основа се предвидува еднократна помош за граѓаните во декември и субвенционирано намалување на основната квота за гас до април следната година.

Германија треба да издвои повеќе од 250 милијарди евра за компензација на цената на гасот и трите пакети помош за граѓаните предвидени за претстојната зима.

The post Шојбле им порача на Германците да штедат струја: Државата не е супермаркет appeared first on Република.

]]>

Поранешниот германски министер за финансии и член на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Волфганг Шојбле ги критикуваше Германците дека премногу бараат по однос стравувањата од прекини во електроснабдувањето во текот на зимата и оти едноставно треба повеќе да штедат струја, објави денеска магазинот „Феникс“. Коментирајќи го планот за германскиот пакет помош од 95 милијарди евра за граѓаните да платат енергија во текот на претстојната зима, Шојбле нагласи дека државата не е супермаркет и оти граѓаните не треба да се потпираат исклучиво врз помошта од политичарите. „Ако им сугерираме на луѓето дека се е неограничено, ние прекумерно ја користиме државата“, предупреди поранешниот претседател на Бундестагот, кој смета дека државна помош треба да добиват само домаќинствата со ниски приходи. Германската Влада претстави план за максимална цена на гасот во текот на зимата, врз чија основа се предвидува еднократна помош за граѓаните во декември и субвенционирано намалување на основната квота за гас до април следната година. Германија треба да издвои повеќе од 250 милијарди евра за компензација на цената на гасот и трите пакети помош за граѓаните предвидени за претстојната зима.

The post Шојбле им порача на Германците да штедат струја: Државата не е супермаркет appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: ЈП, институциите и општините да преземат мерки за штедење струја https://republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-jp-instituciite-i-opshtinite-da-prezemat-merki-za-shtedenje-struja/ Mon, 10 Oct 2022 20:31:54 +0000 https://republika.mk/?p=559578

Треба да се направи анализа дали јавни претпријатија имаат потреба од сите вработени во моментов или дел од нив би можеле да бидат пратени на одмор со цел да се заштеди енергија, најави вечерва премиерот Димитар Ковачевски.

Има јавни претпријатија во која има голем број на вработени. Тие треба да направат анализа дали имаат потреба од сите луѓе во секое време или дел од нив може да одат на одмор, со цел да се заштеди енергија, изјави премиерот Ковачевски во интервју за ТВ 24.

Тој потсети дека Владата донесе одлука и им наложи на јавните претпријатија и државните институции и агенции да ги намалат трошоците.

Ќе се прави и ревизија на менаџерските договори на јавните претпријатија, бидејќи забележавме многу големи суми, особено кај претпријатија кои прават загуби - рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека покрај јавните претпријатија и општините ќе мора да го прилагодат начинот на работа и да ги намалат трошоците заради справување со последиците од кризата.

Ние бевме сведоци дека локална власта во Скопје меѓу себе се обвинуваше дека непотребно вработиле 100 луѓе на договор за дело. Сто луѓе, по трошок од 1.000 евра значи нето плата, плус придонеси, плус книговодствени услуги, одржување електрична енергија која што ја користат и други трошоци кои што ги прават, значи тоа се 1000 евра на пример земено во просек, по 100 луѓе се 100 илјади евра. А 100 илјади евра не е висината на сметката за електрична енергија. Така што ќе мора и локалните јавни претпријатија и локални самоуправи да функционираат на начин кој што е согласен со најдобрите менаџмент пракси во услови на криза. Меѓутоа и да не е криза треба така да се однесуваме - рече Ковачевски.

Премиерот порача дека како дел од последниот пакет мерки на регулираниот пазар на електрична енергија ќе се префрлат и објектите на сите основни и средни училишта, но и дел од јавните претпријатија за водоснабдување, со цел нивната работа да не биде доведена во прашање во претстојните месеци.

The post Ковачевски: ЈП, институциите и општините да преземат мерки за штедење струја appeared first on Република.

]]>

Треба да се направи анализа дали јавни претпријатија имаат потреба од сите вработени во моментов или дел од нив би можеле да бидат пратени на одмор со цел да се заштеди енергија, најави вечерва премиерот Димитар Ковачевски. Има јавни претпријатија во која има голем број на вработени. Тие треба да направат анализа дали имаат потреба од сите луѓе во секое време или дел од нив може да одат на одмор, со цел да се заштеди енергија, изјави премиерот Ковачевски во интервју за ТВ 24. Тој потсети дека Владата донесе одлука и им наложи на јавните претпријатија и државните институции и агенции да ги намалат трошоците.
Ќе се прави и ревизија на менаџерските договори на јавните претпријатија, бидејќи забележавме многу големи суми, особено кај претпријатија кои прават загуби - рече Ковачевски.
Премиерот додаде дека покрај јавните претпријатија и општините ќе мора да го прилагодат начинот на работа и да ги намалат трошоците заради справување со последиците од кризата.
Ние бевме сведоци дека локална власта во Скопје меѓу себе се обвинуваше дека непотребно вработиле 100 луѓе на договор за дело. Сто луѓе, по трошок од 1.000 евра значи нето плата, плус придонеси, плус книговодствени услуги, одржување електрична енергија која што ја користат и други трошоци кои што ги прават, значи тоа се 1000 евра на пример земено во просек, по 100 луѓе се 100 илјади евра. А 100 илјади евра не е висината на сметката за електрична енергија. Така што ќе мора и локалните јавни претпријатија и локални самоуправи да функционираат на начин кој што е согласен со најдобрите менаџмент пракси во услови на криза. Меѓутоа и да не е криза треба така да се однесуваме - рече Ковачевски.
Премиерот порача дека како дел од последниот пакет мерки на регулираниот пазар на електрична енергија ќе се префрлат и објектите на сите основни и средни училишта, но и дел од јавните претпријатија за водоснабдување, со цел нивната работа да не биде доведена во прашање во претстојните месеци.

The post Ковачевски: ЈП, институциите и општините да преземат мерки за штедење струја appeared first on Република.

]]>
Меѓународната агенција за енергија и советува на ЕУ да го штеди природниот гас https://republika.mk/vesti/ekonomija/megjunarodnata-agencija-za-energija-i-sovetuva-na-eu-da-go-shtedi-prirodniot-gas/ Mon, 03 Oct 2022 17:27:25 +0000 https://republika.mk/?p=556965

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) ја советува ЕУ да штеди со потрошувачката на гас, за да избегне празни складишта и ризик од прекини во снабдувањето оваа зима, јави ДПА.

За да се задржат резервите на гас на соодветно ниво до крајот на грејната сезона, побарувачката мора да се намали за 9 до 13 отсто во споредба со просекот од изминатите пет години, се вели во извештајот на ИЕА за состојбите на пазарот на гас претставен во Париз.

На тој начин ќе се обезбеди резервите на гас да останат на ниво меѓу 25 до 30 отсто, во услови на низок прилив на течен природен гас (ЛНГ), се вели во извештајот.

Без намалена потрошувачка на гас и во случај на целосно замрзнување на снабдувањето гас од Русија од наредниот месец, нивото на резерви би можело да се намали на нешто под 5 отсто, што би го зголемило ризикот од прекини во снабдувањето во случај на постудени временски бранови.

Според анализата на ИЕА, со висок прилив на ЛНГ складиштата би биле исполнети околу 20 проценти.

Руската инвазија врз Украина и наглото намалување на испораките на природен гас во Европа предизвикуваат значителна штета за потрошувачите, бизнисите и цели економии – не само во Европа, туку и во земјите во развој, рече директорот на ИЕА за енергетски пазари и безбедност Кеисуке Садамори.

 

The post Меѓународната агенција за енергија и советува на ЕУ да го штеди природниот гас appeared first on Република.

]]>

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) ја советува ЕУ да штеди со потрошувачката на гас, за да избегне празни складишта и ризик од прекини во снабдувањето оваа зима, јави ДПА. За да се задржат резервите на гас на соодветно ниво до крајот на грејната сезона, побарувачката мора да се намали за 9 до 13 отсто во споредба со просекот од изминатите пет години, се вели во извештајот на ИЕА за состојбите на пазарот на гас претставен во Париз. На тој начин ќе се обезбеди резервите на гас да останат на ниво меѓу 25 до 30 отсто, во услови на низок прилив на течен природен гас (ЛНГ), се вели во извештајот. Без намалена потрошувачка на гас и во случај на целосно замрзнување на снабдувањето гас од Русија од наредниот месец, нивото на резерви би можело да се намали на нешто под 5 отсто, што би го зголемило ризикот од прекини во снабдувањето во случај на постудени временски бранови. Според анализата на ИЕА, со висок прилив на ЛНГ складиштата би биле исполнети околу 20 проценти.
Руската инвазија врз Украина и наглото намалување на испораките на природен гас во Европа предизвикуваат значителна штета за потрошувачите, бизнисите и цели економии – не само во Европа, туку и во земјите во развој, рече директорот на ИЕА за енергетски пазари и безбедност Кеисуке Садамори.
 

The post Меѓународната агенција за енергија и советува на ЕУ да го штеди природниот гас appeared first on Република.

]]>
Домаќинствата повеќе штеделе годинава https://republika.mk/vesti/ekonomija/domakjinstvata-povekje-shtetdele-godinava/ Wed, 21 Sep 2022 08:02:20 +0000 https://republika.mk/?p=552807

Со постпандемичното закрепнување на економијата што придонесе за стабилизирање на пазарот на трудот и раст на расположливиот доход, ризиците кај секторот „домаќинства“ се задржаа во контролирани рамки, со благо намалување во текот на 2021 година, соопшти Народната банка.

Според Централната банка, финансискиот имот на македонските домаќинства минатата година бележи номинален раст, највисок во изминатите десет години.

Вкупниот финансиски имот на домаќинствата, кој покрај депозитите во банките ги вклучува и другите облици на штедење и финансиско вложување на домаќинствата (како што се вложувањата во домашни и странски хартии од вредност, средствата во пензиските фондови, вложувањата во инвестициските фондови и во осигурувањето на животот, готовите пари во оптек и слично), заклучно со крајот на 2021 година, изнесува 498 милијарди денари и на годишна основа пораснал за околу 43 милијарди денари, или за 9,3 отсто. Притоа, и во текот на 2021 година, домаќинствата тежнеат кон помалку ризични вложувања, пред сè во депозити кај банките и во приватните пензиски фондови. Ваквиот заклучок се извлекува од Извештајот за финансиската стабилност за 2021 година, што неодамна беше разгледан и усвоен од страна на Советот на Народната банка.

Учеството на вкупниот финансиски имот на домаќинствата во БДП во 2021 година изнесува 68,8 проценти и е малку повеќе од двојно повисок од нивниот вкупен долг. Долгот на домаќинствата во текот на 2021 година пораснал за 8,9 проценти, наспроти 7,9 отсто во 2020 година, што сепак е помалку од растот на номиналниот БДП. Со ова стапката на задолженост на домаќинствата се задржа на релативно стабилно ниво од околу 30 отсто од БДП, што сè уште не е високо ниво на задолженост. Показателите за солвентноста и ликвидносната позиција на домаќинствата засега упатуваат на релативно ограничена системска ранливост на овој сектор. Сепак, домаќинствата може да бидат чувствителни на ризиците од окружувањето, коишто заради војната во Украина се нагласени во овој период.

The post Домаќинствата повеќе штеделе годинава appeared first on Република.

]]>

Со постпандемичното закрепнување на економијата што придонесе за стабилизирање на пазарот на трудот и раст на расположливиот доход, ризиците кај секторот „домаќинства“ се задржаа во контролирани рамки, со благо намалување во текот на 2021 година, соопшти Народната банка. Според Централната банка, финансискиот имот на македонските домаќинства минатата година бележи номинален раст, највисок во изминатите десет години. Вкупниот финансиски имот на домаќинствата, кој покрај депозитите во банките ги вклучува и другите облици на штедење и финансиско вложување на домаќинствата (како што се вложувањата во домашни и странски хартии од вредност, средствата во пензиските фондови, вложувањата во инвестициските фондови и во осигурувањето на животот, готовите пари во оптек и слично), заклучно со крајот на 2021 година, изнесува 498 милијарди денари и на годишна основа пораснал за околу 43 милијарди денари, или за 9,3 отсто. Притоа, и во текот на 2021 година, домаќинствата тежнеат кон помалку ризични вложувања, пред сè во депозити кај банките и во приватните пензиски фондови. Ваквиот заклучок се извлекува од Извештајот за финансиската стабилност за 2021 година, што неодамна беше разгледан и усвоен од страна на Советот на Народната банка. Учеството на вкупниот финансиски имот на домаќинствата во БДП во 2021 година изнесува 68,8 проценти и е малку повеќе од двојно повисок од нивниот вкупен долг. Долгот на домаќинствата во текот на 2021 година пораснал за 8,9 проценти, наспроти 7,9 отсто во 2020 година, што сепак е помалку од растот на номиналниот БДП. Со ова стапката на задолженост на домаќинствата се задржа на релативно стабилно ниво од околу 30 отсто од БДП, што сè уште не е високо ниво на задолженост. Показателите за солвентноста и ликвидносната позиција на домаќинствата засега упатуваат на релативно ограничена системска ранливост на овој сектор. Сепак, домаќинствата може да бидат чувствителни на ризиците од окружувањето, коишто заради војната во Украина се нагласени во овој период.

The post Домаќинствата повеќе штеделе годинава appeared first on Република.

]]>
Бислимовски: Мора да се штеди, треба да сме подготвени на се https://republika.mk/vesti/makedonija/bislimovski-mora-da-se-shtedi-treba-da-sme-podgotveni-na-se-2/ Wed, 14 Sep 2022 10:05:33 +0000 https://republika.mk/?p=550631

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, во гостување во Студио 10 на ТВ 24 порача дека доаѓа сериозно тежок период и сите ќе мора да штедиме. .

Гледам дека во јавноста кога се пренесува веста дека во одреден земји препорачуваат да се тушираат кратко - ние се шегуваме, но верувајте ѓаволот ја однесе шегата. Мора да се штеди. Состојбата е тешка, ќе има проблеми во Европа, ние треба да сме подготвени на се. Мора да се мобилизираат сите ресурси. Франција од извозно ориентирана земја, стана увозно зависна на електрична енергија затоа што затвори нуклеарни централи - вели Бислимоски.

Како што посочува тој, причина за повисоките сметки е покривање на загубите поради цената на струјата.

Граѓаните забележуваат дека кај некои мрежарината е повисока отколку потрошувачката. ЕВН Хоум откупува струја од ЕСМ и факт е дека таа цена е субвенционирана од државата и е 48 евра за мегават час. Тоа е првиот дел од сметката. Вториот дел кој е повисок е мрежарината. Тоа е пренос, оперативни трошоци, покривање загуби во мрежата и амортизација. Загубите до годинава беа околу 30 отсто. Годинава ЕСМ ги продава загубите за 143 евра или околу 10 денари по киловат, а претходно биле околу 3 до 3,5 денари. Причина за качување на сметките е покривањето на загубите поради цената на струјата. Во останатиот дел РКЕ ги држи цените. Ако ЕСМ понудел цена од 56 евра, тогаш мрежарината би била пониска за околу 40 отсто отколку сега. ЕСМ се јави на тендер со 143 евра - појасни Бислимовски.

The post Бислимовски: Мора да се штеди, треба да сме подготвени на се appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, во гостување во Студио 10 на ТВ 24 порача дека доаѓа сериозно тежок период и сите ќе мора да штедиме. .
Гледам дека во јавноста кога се пренесува веста дека во одреден земји препорачуваат да се тушираат кратко - ние се шегуваме, но верувајте ѓаволот ја однесе шегата. Мора да се штеди. Состојбата е тешка, ќе има проблеми во Европа, ние треба да сме подготвени на се. Мора да се мобилизираат сите ресурси. Франција од извозно ориентирана земја, стана увозно зависна на електрична енергија затоа што затвори нуклеарни централи - вели Бислимоски.
Како што посочува тој, причина за повисоките сметки е покривање на загубите поради цената на струјата.
Граѓаните забележуваат дека кај некои мрежарината е повисока отколку потрошувачката. ЕВН Хоум откупува струја од ЕСМ и факт е дека таа цена е субвенционирана од државата и е 48 евра за мегават час. Тоа е првиот дел од сметката. Вториот дел кој е повисок е мрежарината. Тоа е пренос, оперативни трошоци, покривање загуби во мрежата и амортизација. Загубите до годинава беа околу 30 отсто. Годинава ЕСМ ги продава загубите за 143 евра или околу 10 денари по киловат, а претходно биле околу 3 до 3,5 денари. Причина за качување на сметките е покривањето на загубите поради цената на струјата. Во останатиот дел РКЕ ги држи цените. Ако ЕСМ понудел цена од 56 евра, тогаш мрежарината би била пониска за околу 40 отсто отколку сега. ЕСМ се јави на тендер со 143 евра - појасни Бислимовски.

The post Бислимовски: Мора да се штеди, треба да сме подготвени на се appeared first on Република.

]]>
Намалување на ДДВ за струјата, замрзнување на цената на јавниот превоз: Португалија со 4,2 милијарди евра ќе се справува со инфлацијата и енергетската криза https://republika.mk/vesti/svet/namaluvanje-na-ddv-za-strujata-zamrznuvanje-na-cenata-na-javniot-prevoz-portugalija-so-4-2-milijardi-evra-kje-se-spravuva-so-inflacijata-i-energetskata-kriza/ Tue, 06 Sep 2022 14:37:36 +0000 https://republika.mk/?p=548031

Владата на Португалија одобри пакет од 2,4 милијарди евра за надминување на инфлаторниот притисок и за справување со енергетската криза.

Мерките насловени „семејството на прво место“ беа одобрени на состанокот на Советот на министри, со кои вкупната сума што државата ја доделува како поддршка на семејствата за оваа година достигна околу четири милијарди евра.

Премиерот Антонио Коста доцна најави дека следуваат и мерки за поддршка на бизнисите.

Одобрениот пакет мерки вклучува намалување на данокот на додадена вредност на електрична енергија од 13 на 6 проценти од октомври најмалку до крајот на 2023 година, еднократна исплата од 125 евра за секој граѓанин што заработува до 2.700 евра месечно и вонредна исплата од по 50 евра за секое издржувано дете на возраст до 24 години.

Пензионерите ќе добијат еднократна исплата од 50 отсто од месечната распределба, со најава за покачување на пензиите наредната година до 4,4 проценти.

Пакетот уште предвидува замрзнување на цените на сезонските билети во јавниот превоз и на возовите во текот на наредната година, како и ограничување на поскапувањето на кириите на два проценти.

Некои од претходно воведените мерки, вклучително попустите за горива и суспензијата на данокот за јаглерод, остануваат на сила до крајот на годината.

Португалскиот премиер порача дека мерките нема да ги загрозат зацртаните цели на неговата Влада, како што се зајакнувањето на здравствениот систем и намалувањето на јавниот долг.

Според него, војната во Украина тешко ја погодила земјата чии последици ги чувствуваат сите 10,3 милиони Португалци.

The post Намалување на ДДВ за струјата, замрзнување на цената на јавниот превоз: Португалија со 4,2 милијарди евра ќе се справува со инфлацијата и енергетската криза appeared first on Република.

]]>

Владата на Португалија одобри пакет од 2,4 милијарди евра за надминување на инфлаторниот притисок и за справување со енергетската криза. Мерките насловени „семејството на прво место“ беа одобрени на состанокот на Советот на министри, со кои вкупната сума што државата ја доделува како поддршка на семејствата за оваа година достигна околу четири милијарди евра. Премиерот Антонио Коста доцна најави дека следуваат и мерки за поддршка на бизнисите. Одобрениот пакет мерки вклучува намалување на данокот на додадена вредност на електрична енергија од 13 на 6 проценти од октомври најмалку до крајот на 2023 година, еднократна исплата од 125 евра за секој граѓанин што заработува до 2.700 евра месечно и вонредна исплата од по 50 евра за секое издржувано дете на возраст до 24 години. Пензионерите ќе добијат еднократна исплата од 50 отсто од месечната распределба, со најава за покачување на пензиите наредната година до 4,4 проценти. Пакетот уште предвидува замрзнување на цените на сезонските билети во јавниот превоз и на возовите во текот на наредната година, како и ограничување на поскапувањето на кириите на два проценти. Некои од претходно воведените мерки, вклучително попустите за горива и суспензијата на данокот за јаглерод, остануваат на сила до крајот на годината. Португалскиот премиер порача дека мерките нема да ги загрозат зацртаните цели на неговата Влада, како што се зајакнувањето на здравствениот систем и намалувањето на јавниот долг. Според него, војната во Украина тешко ја погодила земјата чии последици ги чувствуваат сите 10,3 милиони Португалци.

The post Намалување на ДДВ за струјата, замрзнување на цената на јавниот превоз: Португалија со 4,2 милијарди евра ќе се справува со инфлацијата и енергетската криза appeared first on Република.

]]>
Да штедиме струја за побезбедна зима, апелираат од ЕСМ https://republika.mk/vesti/ekonomija/da-shtedime-struja-za-pobezbedna-zima-apeliraat-od-esm/ Thu, 01 Sep 2022 10:36:48 +0000 https://republika.mk/?p=546391

АД ЕСМ ги повикува граѓаните да се придржуваат кон мерките за штедење на електрична енергија. Притоа од компанијата потенцираат дека ќе ги вложат сите напори да ја произведат целата електрична енергија која е потребна за граѓаните до крајот на грејната сезона и да ја има во доволни количини, но, како што велат граѓаните треба да знаат дека секој киловатчас кој ќе го заштедат, ќе значи помалку трошење на јаглен, мазут и гас за неговото производство.

Тоа, наведуваат од ЕСМ, значи заштеда на големи средства од државниот буџет, средства кои се на сите нас, бидејќи цените за набавка на енергенсите се енормно зголемени. Со почетокот на глобалната енергетска криза, посочуваат, цената на мазутот е зголемена за речиси 100 отсто, на јагленот за над 200, а на гасот за 700 проценти. Цената за набавена електрична енергија е покачена за 1000 проценти.

– Ваквите цени, во услови на криза, државата и граѓаните тешко ќе можат да ги поднесат. Во услови на голема глобална енергетска криза, АД ЕСМ Ве повикува сите, согласно можностите, доследно да се придржувате кон мерките за штедење на електрична енергија, како дел од севкупното движење во Европа за намалување на потрошувачката на електрична енергија. АД ЕСМ како производител на 70 отсто од вкупната електричната енергија во државата, што ја покрива 100-процентно целокупната потреба на граѓаните и малите потрошувачи (мали фирми и јавни институции), апелира секој поединец да даде максимален придонес за намалување на потрошувачката на струја во државата, со свој личен влог, се вели во соопштението од АД ЕСМ.

Доколку се придржуваме на мерките, енергијата која ќе се заштеди, велат од компанијата, ќе може да ја пренасочи кон стопанството, посебно кон големите фирми и институциите, кои купуваат струја на слободниот пазар по енормно високи цени, и на тој начин ќе можеме да им понудиме одредена количина по пониски цени, со што ќе се намалат нивните трошоци за работа.

Само со штедење на електричната енергија, сите ние можеме многу да им помогнеме на болниците, училиштата, градинките, како и на нашата економија, и заедно да излеземе од оваа наметната криза, нагласуваат од АД ЕСМ.

 

The post Да штедиме струја за побезбедна зима, апелираат од ЕСМ appeared first on Република.

]]>

АД ЕСМ ги повикува граѓаните да се придржуваат кон мерките за штедење на електрична енергија. Притоа од компанијата потенцираат дека ќе ги вложат сите напори да ја произведат целата електрична енергија која е потребна за граѓаните до крајот на грејната сезона и да ја има во доволни количини, но, како што велат граѓаните треба да знаат дека секој киловатчас кој ќе го заштедат, ќе значи помалку трошење на јаглен, мазут и гас за неговото производство. Тоа, наведуваат од ЕСМ, значи заштеда на големи средства од државниот буџет, средства кои се на сите нас, бидејќи цените за набавка на енергенсите се енормно зголемени. Со почетокот на глобалната енергетска криза, посочуваат, цената на мазутот е зголемена за речиси 100 отсто, на јагленот за над 200, а на гасот за 700 проценти. Цената за набавена електрична енергија е покачена за 1000 проценти. – Ваквите цени, во услови на криза, државата и граѓаните тешко ќе можат да ги поднесат. Во услови на голема глобална енергетска криза, АД ЕСМ Ве повикува сите, согласно можностите, доследно да се придржувате кон мерките за штедење на електрична енергија, како дел од севкупното движење во Европа за намалување на потрошувачката на електрична енергија. АД ЕСМ како производител на 70 отсто од вкупната електричната енергија во државата, што ја покрива 100-процентно целокупната потреба на граѓаните и малите потрошувачи (мали фирми и јавни институции), апелира секој поединец да даде максимален придонес за намалување на потрошувачката на струја во државата, со свој личен влог, се вели во соопштението од АД ЕСМ. Доколку се придржуваме на мерките, енергијата која ќе се заштеди, велат од компанијата, ќе може да ја пренасочи кон стопанството, посебно кон големите фирми и институциите, кои купуваат струја на слободниот пазар по енормно високи цени, и на тој начин ќе можеме да им понудиме одредена количина по пониски цени, со што ќе се намалат нивните трошоци за работа.
Само со штедење на електричната енергија, сите ние можеме многу да им помогнеме на болниците, училиштата, градинките, како и на нашата економија, и заедно да излеземе од оваа наметната криза, нагласуваат од АД ЕСМ.
 

The post Да штедиме струја за побезбедна зима, апелираат од ЕСМ appeared first on Република.

]]>
Од утре стапуваат во сила мерките за штедење струја https://republika.mk/vesti/makedonija/od-utre-stapuvaat-vo-sila-merkite-za-shtedenje-struja/ Wed, 31 Aug 2022 08:05:08 +0000 https://republika.mk/?p=545947

Од утре стапуваат во сила мерките за штедење електрична енергија со кои потрошувачката треба да се намали 15 отсто. Мерките беа донесени со владина одлука на 16 август, а ќе важат до 31 март 2023 година. Се однесуваат на домаќинствата и компаниите како препораки, но и на државните институции како задолженија.

Како што соопшти министерот за економија Крешник Бектеши кој ги соопшти и образложи мерките, пред нас е една од најтешките зими на енергетски план и сите заеднички треба да придонесеме за нејзино полесно пребродување.

Исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина, ладење со клими на не помалку од 27 степени и греење на максимум 20 степени, исклучување на компјутерите по завршување на работните обврски, редовно менување на филтрите на грејните тела и клима уредите, печатење само на потребните материјали, замена на прозорците со енергетски ефикасни, се само дел од обврските кои државните институции мора да ги спроведат.

Слични се и препораките за бизнис секторот – исклучување на декоративното осветлување на фасадите на сите објекти, користење дневна светлина за внатрешните простории, халите и канцелариите во објектите во период кога за тоа има можност, ладење на производни објекти, хали и канцеларии со клими на не помалку од 27 степени и греење на максимум 20 степени, исклучување на компјутерите по завршување на работните обврски, замена на старите сијалици со компактни флуоресцентни, редовно менување на филтрите на грејните тела, инсталирање топлинска пумпа како високоефикасен систем за греење, ладење и за подготовка на топла вода при градба на нови градежни објекти или реконструкција на стари, примена на нови технологии за подобри енергетски перформанси на индустриските постројки

На домаќинставата им се препорачува вклучување бојлер по потреба и по можност на евтина струја, вклуќување на машините за перење и за миење садови само кога се полни и исто така на евтина струја, разумно користење на грејните тела, максимално користење на дневната светлина и топлината од сонцето, гаснење на сијалиците кога не се престојува во одередни простории, готвење во помали садови или во садови соодветни на големината на ринглата, кратко и интензивно проветрување на просториите

Според вицепремиерот Фатмир Битиќи, јавните институции мора да бидат пример за совесно однесување. Затоа и нивните раководители може да ја изгубат работата ако не ги почитуваат владините препораки и ако не заштедат 15 отсто струја како што е предвидено.

И според него и според министерот Бектеши, не се очекуваат рестрикции на струја.

The post Од утре стапуваат во сила мерките за штедење струја appeared first on Република.

]]>

Од утре стапуваат во сила мерките за штедење електрична енергија со кои потрошувачката треба да се намали 15 отсто. Мерките беа донесени со владина одлука на 16 август, а ќе важат до 31 март 2023 година. Се однесуваат на домаќинствата и компаниите како препораки, но и на државните институции како задолженија. Како што соопшти министерот за економија Крешник Бектеши кој ги соопшти и образложи мерките, пред нас е една од најтешките зими на енергетски план и сите заеднички треба да придонесеме за нејзино полесно пребродување. Исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина, ладење со клими на не помалку од 27 степени и греење на максимум 20 степени, исклучување на компјутерите по завршување на работните обврски, редовно менување на филтрите на грејните тела и клима уредите, печатење само на потребните материјали, замена на прозорците со енергетски ефикасни, се само дел од обврските кои државните институции мора да ги спроведат. Слични се и препораките за бизнис секторот – исклучување на декоративното осветлување на фасадите на сите објекти, користење дневна светлина за внатрешните простории, халите и канцелариите во објектите во период кога за тоа има можност, ладење на производни објекти, хали и канцеларии со клими на не помалку од 27 степени и греење на максимум 20 степени, исклучување на компјутерите по завршување на работните обврски, замена на старите сијалици со компактни флуоресцентни, редовно менување на филтрите на грејните тела, инсталирање топлинска пумпа како високоефикасен систем за греење, ладење и за подготовка на топла вода при градба на нови градежни објекти или реконструкција на стари, примена на нови технологии за подобри енергетски перформанси на индустриските постројки… На домаќинставата им се препорачува вклучување бојлер по потреба и по можност на евтина струја, вклуќување на машините за перење и за миење садови само кога се полни и исто така на евтина струја, разумно користење на грејните тела, максимално користење на дневната светлина и топлината од сонцето, гаснење на сијалиците кога не се престојува во одередни простории, готвење во помали садови или во садови соодветни на големината на ринглата, кратко и интензивно проветрување на просториите… Според вицепремиерот Фатмир Битиќи, јавните институции мора да бидат пример за совесно однесување. Затоа и нивните раководители може да ја изгубат работата ако не ги почитуваат владините препораки и ако не заштедат 15 отсто струја како што е предвидено. И според него и според министерот Бектеши, не се очекуваат рестрикции на струја.

The post Од утре стапуваат во сила мерките за штедење струја appeared first on Република.

]]>