Дали инфлацијата ги јаде парите, дали да се чува кеш или да се вложува. Сламарица или ризик…

Ова се дилемите кои ги мачат граѓаните, посебно оние што имаат заштеда, а не знаат што понатаму.

Економската криза достигнува глобални размери. Проценките се дека светот го чекаат тешки времиња, а аргументите се дека се наоѓаме во ера на висока инфлација и најголема енергетска неизвесност, која несомнено ќе ги погоди и граѓаните и стопанството.

Експертот за економија и професор на Економскиот факултет во Белград, Љубодраг Савиќ, се осврна на моментната криза, па ја спореди ситуацијата во Германија со онаа на овие простори, истакнувајќи дека актуелната економска криза само што започнала, дека истата ќе трае и дека постои опасност од нејзина ескалација.

Ние од овие простори во последниве 30 до 40 години сме навикнати да штедиме, да трпиме, да немаме. Во однос на нас, Германија, тие четири децении живеела во добар ред. Се знаело кој што работи, стандардот на граѓаните бил висок, глобализацијата давала добри резултати. Сега тоа се смени. Тие не можат да разберат што се случува. Дека нема гас, дека мора да штедат, дека нема леб, млеко, дека цените скокаат за 5, 10 или 15 проценти, речиси секојдневно. Ова е криза која уште го нема допрено дното. Оваа криза ќе трае и никој не знае што ќе се случи – вели професорот.

Според него, во моментов е погодно да се инвестира, но не во станови.

За инвестирање во станови сега не е време. Цените им се превисоки, а кога рабоите ќе се вратат во нормала, цените ќе паднат и ќе има загуба. Богатите знаат кога да инвестираат во недвижнини, а сега не е моментот за тоа.

Според Савиќ, кој има пари може и да ги троши, посебно кога станува збор за луксузна роба.

Алкохолот, бензинот и цигарите секогаш се третирани како луксузна стока. Мојот совет е кој има пари, да ги чува. Бели пари за црни денови. Не е време за инвестиции, бидејќи никој не може да ви гарантира дали за две години ќе имате работа. Долгорочно најстабилен е швајцарскиот франк. Жени, не купувајте обетки или златни ланчиња, бидејќи кога ќе одите во златара, ќе ви ја преполоват цената. Монетарното злато во прачки е вредно, ја менува цената, но не пропаѓа. Добар избор е купувањето земја- советува професорот на Економскиот факултет во Белград.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.