резултати Archives - Република https://republika.mk/tema/rezultati/ За подобро да се разбереме Wed, 10 Jul 2024 08:31:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png резултати Archives - Република https://republika.mk/tema/rezultati/ 32 32 Декларација на МД „Илинден” против пописните резултати во Албанија и повик за семакедонско обединување https://republika.mk/vesti/deklaratsija-na-md-ilinden-protiv-popisnite-rezultati-vo-albanija-i-povik-za-semakedonsko-obedinuvane/ Wed, 10 Jul 2024 08:31:48 +0000 https://republika.mk/?p=795208

Македонско друштво „Илинден“-Тирана утврди Декларација против резултати од пописот во Албанија спроведен од 18 септември до 30 октомври, а во одделни делови продолжен до 16 ноември 2023 година.

Во декларацијата стои дека друштвото ги отфрла прелиминарните пописни резултати поради „фалсификат на бројот на етничките Македонци, со грубо мешање во внатрешните работи на Албанија од страна на бугарската амбасада во Тирана, Владата во Софија и неколку фондации од Бугарија, пред и за време на пописот".

Во Албанија „етнички Бугари“ нема. Во ниту еден попис не постои макар и еден „Бугарин” на целата територија на Албанија. Исто така најостро ја осудуваме злоупотребата на терминот „северномакедонци“ од Институтот за статистика и употребата на име на земја како супститут за македонската етничка заедница, веќе призната во Албанија, се наведува во декларацијата.

Се посочува дека и покрај постојаното алармирање пред јавноста и институцииите на власта на Албанија, во текот на цела година, за очигледните подготовки за пописен фалсификат, ништо не е сторено.

Изразуваме жалење и разочараност поради незаинтересираноста на албанската Влада за грубото мешање на Бугарија во внатрешните работи на Албанија со цел денационализација и асимилација на Македонците во областите и местата каде што живеат. Жалиме што албанската Влада не презеде мерки за заштита на правата и слободите на Македонците во Албанија, стои во декларацијата.

Друштвото ќе и предложи на Федералната унија на европските националисти (ФУЕН), каде е постојана членка, со посебна резолуција да го отфрли пописот во Албанија како груб фалсификат со огромен број на нерегуларности.

Исто така се посочува фактот дека Македонците и другите национални малцинства во Албанија, не го прифаќаат пописот од 2023 година и бараат нов попис на населението во согласност со меѓународните стандарди на ООН и ЕУ, заради „елиминација на двојното попишување на населението во Албанија и манипулација со бројките на националните малцинства".

Ги повикуваме на обединување и единство сите македонски здруженија и партијата, Македонска алијанса за европска интеграција, заради одбрана на идентитетот на Македонците, против обидите за денационализација и асимилација на Македонците во „Бугари“ од страна на Владата во Софија, повикува друштвото.

Декларацијата, ќе биде доставена до албанскиот Парламент, Владата, претседателот на државата, Државниот институт за статистика и Народниот правобранител, до македонскиот претседател, Собранието и Владата, како и до Европската Унија, Советот на Европа, ОБСЕ, ФУЕН и странските амбасади акредитирани во Албанија.

Декларацијата е потпишана од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај, на ограноците за Голо Брдо, Фатри Фетаху, за Округот Елбасан, Елса Џелили, како и генералниот координатор друштво за татковината Македонија, Ламбе Шатровски, додаваат од Македонско друштво „Илинден“-Тирана.

The post Декларација на МД „Илинден” против пописните резултати во Албанија и повик за семакедонско обединување appeared first on Република.

]]>

Македонско друштво „Илинден“-Тирана утврди Декларација против резултати од пописот во Албанија спроведен од 18 септември до 30 октомври, а во одделни делови продолжен до 16 ноември 2023 година. Во декларацијата стои дека друштвото ги отфрла прелиминарните пописни резултати поради „фалсификат на бројот на етничките Македонци, со грубо мешање во внатрешните работи на Албанија од страна на бугарската амбасада во Тирана, Владата во Софија и неколку фондации од Бугарија, пред и за време на пописот".
Во Албанија „етнички Бугари“ нема. Во ниту еден попис не постои макар и еден „Бугарин” на целата територија на Албанија. Исто така најостро ја осудуваме злоупотребата на терминот „северномакедонци“ од Институтот за статистика и употребата на име на земја како супститут за македонската етничка заедница, веќе призната во Албанија, се наведува во декларацијата.
Се посочува дека и покрај постојаното алармирање пред јавноста и институцииите на власта на Албанија, во текот на цела година, за очигледните подготовки за пописен фалсификат, ништо не е сторено.
Изразуваме жалење и разочараност поради незаинтересираноста на албанската Влада за грубото мешање на Бугарија во внатрешните работи на Албанија со цел денационализација и асимилација на Македонците во областите и местата каде што живеат. Жалиме што албанската Влада не презеде мерки за заштита на правата и слободите на Македонците во Албанија, стои во декларацијата.
Друштвото ќе и предложи на Федералната унија на европските националисти (ФУЕН), каде е постојана членка, со посебна резолуција да го отфрли пописот во Албанија како груб фалсификат со огромен број на нерегуларности. Исто така се посочува фактот дека Македонците и другите национални малцинства во Албанија, не го прифаќаат пописот од 2023 година и бараат нов попис на населението во согласност со меѓународните стандарди на ООН и ЕУ, заради „елиминација на двојното попишување на населението во Албанија и манипулација со бројките на националните малцинства".
Ги повикуваме на обединување и единство сите македонски здруженија и партијата, Македонска алијанса за европска интеграција, заради одбрана на идентитетот на Македонците, против обидите за денационализација и асимилација на Македонците во „Бугари“ од страна на Владата во Софија, повикува друштвото.
Декларацијата, ќе биде доставена до албанскиот Парламент, Владата, претседателот на државата, Државниот институт за статистика и Народниот правобранител, до македонскиот претседател, Собранието и Владата, како и до Европската Унија, Советот на Европа, ОБСЕ, ФУЕН и странските амбасади акредитирани во Албанија.
Декларацијата е потпишана од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај, на ограноците за Голо Брдо, Фатри Фетаху, за Округот Елбасан, Елса Џелили, како и генералниот координатор друштво за татковината Македонија, Ламбе Шатровски, додаваат од Македонско друштво „Илинден“-Тирана.
 
The post Декларација на МД „Илинден” против пописните резултати во Албанија и повик за семакедонско обединување appeared first on Република.

]]>
Пендаровски изгуби над 140 илјади гласа споредено со првиот круг во 2019 и 2014, СДСМ првпат со бројка под 200.000 https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-izgubi-nad-140-iljadi-glasa-sporedeno-so-prviot-krug-vo-2019-i-2014-sdsm-prvpat-so-brojka-pod-200-000/ Thu, 25 Apr 2024 08:31:27 +0000 https://republika.mk/?p=770799

Првичните резултати што Државната изборна комисија ги објави утрово на својата веб-страница покажуваат дека од обработени речиси 100 проценти од гласачките ливчиња, најмногу гласови на вчерашните претседателски избори освои кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), пред Стево Пендаровски од СДСМ со 180.306 (19,93%).

Споредено со првиот круг на претседателските избори во 2019 година, кога покрај Силјановска Давкова и Пендаровски, кандидиран беше и Блерим Река како кандидат на Алијанса за Албанците и Движењето Беса, гласовите на граѓаните се значително помали за актуелниот претседател.

На изборите во 2014, пак, Пендаровски освои 326.164 гласови, и влезе во вториот круг со Ѓорѓе Иванов, кој на крај победи.

Силјановска Давкова и Пендаровски по вторпат ќе се соочат во втор круг од претседателските избори, кој ќе се одржи на 8 мај, заедно со парламентарните избори.

На овие избори СДСМ како партија, пак, за првпат освои помалку од 200 илјади гласови.

Досега, најслаб резултат СДСМ имаше во првиот круг од претседателските избори 2009 година, кога тогашниот кандидат на социјалдемократите Љубомир Фрчкоски освои 202.691 глас. На парламентарни избори, СДСМ најслаб резултат имаше во 2006 година, кога освои 218.463 гласови.

The post Пендаровски изгуби над 140 илјади гласа споредено со првиот круг во 2019 и 2014, СДСМ првпат со бројка под 200.000 appeared first on Република.

]]>

Првичните резултати што Државната изборна комисија ги објави утрово на својата веб-страница покажуваат дека од обработени речиси 100 проценти од гласачките ливчиња, најмногу гласови на вчерашните претседателски избори освои кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), пред Стево Пендаровски од СДСМ со 180.306 (19,93%). Споредено со првиот круг на претседателските избори во 2019 година, кога покрај Силјановска Давкова и Пендаровски, кандидиран беше и Блерим Река како кандидат на Алијанса за Албанците и Движењето Беса, гласовите на граѓаните се значително помали за актуелниот претседател. На изборите во 2014, пак, Пендаровски освои 326.164 гласови, и влезе во вториот круг со Ѓорѓе Иванов, кој на крај победи. Силјановска Давкова и Пендаровски по вторпат ќе се соочат во втор круг од претседателските избори, кој ќе се одржи на 8 мај, заедно со парламентарните избори. На овие избори СДСМ како партија, пак, за првпат освои помалку од 200 илјади гласови. Досега, најслаб резултат СДСМ имаше во првиот круг од претседателските избори 2009 година, кога тогашниот кандидат на социјалдемократите Љубомир Фрчкоски освои 202.691 глас. На парламентарни избори, СДСМ најслаб резултат имаше во 2006 година, кога освои 218.463 гласови.

The post Пендаровски изгуби над 140 илјади гласа споредено со првиот круг во 2019 и 2014, СДСМ првпат со бројка под 200.000 appeared first on Република.

]]>
ДИК: Од обработени 91,47% од гласовите, повеќе од двојно водство за Силјановска Давкова https://republika.mk/vesti/makedonija/dik-od-obraboteni-91-47-od-glasovite-poveke-od-dvojno-vodstvo-za-siljanovska-davkova/ Wed, 24 Apr 2024 22:00:43 +0000 https://republika.mk/?p=770686

Државната изборна комисија на веб страницата ги објави резултатите по обработени 91,47% од  гласовите во првиот круг од претседателските избори. Предноста на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова засега изнесува повеќе од 163.000 гласови во однос на кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски, што е и двојно повеќе.

The post ДИК: Од обработени 91,47% од гласовите, повеќе од двојно водство за Силјановска Давкова appeared first on Република.

Македонија се бои портокалово по Гордана – пристигнаа првите резултати од ДИК https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-se-boi-portokalovo-po-gordana-pristignaa-prvite-rezultati-od-dik/ Wed, 24 Apr 2024 18:33:05 +0000 https://republika.mk/?p=770391

На страницата на Државната изборна комисија почнуваат да пристигаат првичните резултати од првиот круг на претседателските избори.

Ова се резултатите од одработени 38,91% од избирачките места:

The post Македонија се бои портокалово по Гордана – пристигнаа првите резултати од ДИК appeared first on Република.

]]>

На страницата на Државната изборна комисија почнуваат да пристигаат првичните резултати од првиот круг на претседателските избори. Ова се резултатите од одработени 38,91% од избирачките места:  

The post Македонија се бои портокалово по Гордана – пристигнаа првите резултати од ДИК appeared first on Република.

]]>
Првичните неофицијални резултати од ДИК ќе бидат соопштени околу полноќ https://republika.mk/vesti/makedonija/prvichnite-neofitsijalni-rezultati-od-dik-ke-bidat-soopshteni-okolu-polnok/ Wed, 24 Apr 2024 16:39:38 +0000 https://republika.mk/?p=770267

Првичните неофицијални резултати од првиот круг на Претседателските избори Државната изборна комисија (ДИК) ќе ги објави околу полноќ.

Ние во 19:30 часот имаме уште една прес-конференција на која ќе биде соопштена вкупната излезеност на првиот круг на Претседателските избори. Со оглед дека податоците ги добиваме од Општински изборни комисии со помош на ИТ лица се надеваме дека пред полноќ ќе ги имаме резултатите во над 50 проценти и ќе може да ги објавиме, рече претседателот на ДИК Александар Даштевски попладне на прес-конференција.

Тој прашан дали има податоци за прекин на гласањето на одредени гласачки места истакна дека официјални приговори и податоци има само за три избирачки места во Куманово, едно каде бил изгубен печат, а на две поради тоа што не работел уредот за биометриска верификација.

https://republika.mk/vesti/makedonija/do-17-chasot-glasale-44-18-izleznosta-pogolema-od-izborite-vo-2019-godina/

Дикмире Шеху појасни дека согласно Изборниот законик на места каде гласањето не почнало повеќе подолго од три часа тоа се прекинува, а такви биле три места во Куманово.

Во другите избирачки места гласањето тече нормално. Таму каде има прекин помалку од три часа, како половина час или еден час, на тие места ќе продолжи гласањето за толку за колку што бил прекинот. Од другите избирачки места како ДИК немаме никакви официјални приговори доставени до нас ниту до општинските изборни комисии, ниту до избирачките одбори бидејќи сме во координација со сите нив, рече потпретседателката Шеху.

На новинарско прашање за тоа дали ДИК има податоци дека на Избирачкиот список имало и починати лица, таа истакна дека Комисијата ги добива податоците од МВР и Управата за водење матична евиденција.

Согласно Изборниот законик сите граѓани 30 дена пред избори ќе починат се дел од избирачки список бидејќи тогаш е заклучен, рече таа.

Додаде дека четири пати годишно ДИК го прочистува Избирачкиот список со податоци кои ги добива од други интитуции со кои, како што рече, е во постојана координација.

https://republika.mk/vesti/skopje/karposh-aerodrom-i-tsentar-najbrojni-glasachi-vo-skopje-vo-shuto-orizari-izleznost-od-samo-24-31/

Исто така, имало и случаи во кои одреден број гласачи не се пронашле на списоците за гласање и ним, како што појасни Даштевски, им било овозможено да поднесат приговор кој преку ОИК доаѓа до ДИК.

Ние го бараме тука во списокот зашто не се појавува, ако е се во ред, а гледате приличен број приговори ги усвојуваме со решение му се дозволува да гласа, рече Даштевски додавајќи дека станува збор за стотина вакви лица.

Претходно тој соопшти дека одѕивот на првиот круг од претседателските избори до 17 часот попладнево изнесува 44,18 проценти, според податоците на ДИК од 1788 избирачки места. Од вкупно запишани 899 977 гласачи на овие избирачки места гласале 397 612 избирачи. До ДИК до 17 часот доставени 308 приговори за заштита на лично избирачко право, од кои 75 се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат правото на глас, 25 се отфрлени како неуредни, 38 се одбиени, а останатите се во обработка.

The post Првичните неофицијални резултати од ДИК ќе бидат соопштени околу полноќ appeared first on Република.

]]>

Првичните неофицијални резултати од првиот круг на Претседателските избори Државната изборна комисија (ДИК) ќе ги објави околу полноќ.
Ние во 19:30 часот имаме уште една прес-конференција на која ќе биде соопштена вкупната излезеност на првиот круг на Претседателските избори. Со оглед дека податоците ги добиваме од Општински изборни комисии со помош на ИТ лица се надеваме дека пред полноќ ќе ги имаме резултатите во над 50 проценти и ќе може да ги објавиме, рече претседателот на ДИК Александар Даштевски попладне на прес-конференција.
Тој прашан дали има податоци за прекин на гласањето на одредени гласачки места истакна дека официјални приговори и податоци има само за три избирачки места во Куманово, едно каде бил изгубен печат, а на две поради тоа што не работел уредот за биометриска верификација. https://republika.mk/vesti/makedonija/do-17-chasot-glasale-44-18-izleznosta-pogolema-od-izborite-vo-2019-godina/ Дикмире Шеху појасни дека согласно Изборниот законик на места каде гласањето не почнало повеќе подолго од три часа тоа се прекинува, а такви биле три места во Куманово.
Во другите избирачки места гласањето тече нормално. Таму каде има прекин помалку од три часа, како половина час или еден час, на тие места ќе продолжи гласањето за толку за колку што бил прекинот. Од другите избирачки места како ДИК немаме никакви официјални приговори доставени до нас ниту до општинските изборни комисии, ниту до избирачките одбори бидејќи сме во координација со сите нив, рече потпретседателката Шеху.
На новинарско прашање за тоа дали ДИК има податоци дека на Избирачкиот список имало и починати лица, таа истакна дека Комисијата ги добива податоците од МВР и Управата за водење матична евиденција.
Согласно Изборниот законик сите граѓани 30 дена пред избори ќе починат се дел од избирачки список бидејќи тогаш е заклучен, рече таа.
Додаде дека четири пати годишно ДИК го прочистува Избирачкиот список со податоци кои ги добива од други интитуции со кои, како што рече, е во постојана координација. https://republika.mk/vesti/skopje/karposh-aerodrom-i-tsentar-najbrojni-glasachi-vo-skopje-vo-shuto-orizari-izleznost-od-samo-24-31/ Исто така, имало и случаи во кои одреден број гласачи не се пронашле на списоците за гласање и ним, како што појасни Даштевски, им било овозможено да поднесат приговор кој преку ОИК доаѓа до ДИК.
Ние го бараме тука во списокот зашто не се појавува, ако е се во ред, а гледате приличен број приговори ги усвојуваме со решение му се дозволува да гласа, рече Даштевски додавајќи дека станува збор за стотина вакви лица.
Претходно тој соопшти дека одѕивот на првиот круг од претседателските избори до 17 часот попладнево изнесува 44,18 проценти, според податоците на ДИК од 1788 избирачки места. Од вкупно запишани 899 977 гласачи на овие избирачки места гласале 397 612 избирачи. До ДИК до 17 часот доставени 308 приговори за заштита на лично избирачко право, од кои 75 се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат правото на глас, 25 се отфрлени како неуредни, 38 се одбиени, а останатите се во обработка.

The post Првичните неофицијални резултати од ДИК ќе бидат соопштени околу полноќ appeared first on Република.

]]>
Кина: Резултатите од изборите во Тајван нема да ја променат тенденцијата во односите меѓу двете страни на Тајванскиот теснец https://republika.mk/vesti/svet/kina-rezultatite-od-izborite-vo-tajvan-nema-da-ja-promenat-tendentsijata-vo-odnosite-megu-dvete-strani-na-tajvanskiot-tesnets/ Sat, 13 Jan 2024 17:22:49 +0000 https://republika.mk/?p=732684

Кинеската канцеларија за прашања на Тајван денеска соопшти дека победата на кандидатот на владејачката Демократска прогресивна партија во Тајван, Вилијам Лаи на изборите во Тајван нема суштински да ги промени односите меѓу двете страни на Тајванскиот теснец.

Во изјавата објавена од кинеската државна новинска агенција, Чен Бингхуа, портпарол на Државниот совет за прашања на Тајван, рече дека резултатите покажале дека Демократската прогресивна партија не може да го претставува преовладувачкото јавно мислење на островот.

The post Кина: Резултатите од изборите во Тајван нема да ја променат тенденцијата во односите меѓу двете страни на Тајванскиот теснец appeared first on Република.

]]>

Кинеската канцеларија за прашања на Тајван денеска соопшти дека победата на кандидатот на владејачката Демократска прогресивна партија во Тајван, Вилијам Лаи на изборите во Тајван нема суштински да ги промени односите меѓу двете страни на Тајванскиот теснец. Во изјавата објавена од кинеската државна новинска агенција, Чен Бингхуа, портпарол на Државниот совет за прашања на Тајван, рече дека резултатите покажале дека Демократската прогресивна партија не може да го претставува преовладувачкото јавно мислење на островот.  

The post Кина: Резултатите од изборите во Тајван нема да ја променат тенденцијата во односите меѓу двете страни на Тајванскиот теснец appeared first on Република.

]]>
Милошоски: Кога имаш влада со најслаб економски тим, тогаш имаш и најслаби економски резултати во регионот https://republika.mk/vesti/ekonomija/miloshoski-koga-imash-vlada-so-najslab-ekonomski-tim-togash-imash-i-najslabi-ekonomski-rezultati-vo-regionot/ Thu, 12 Oct 2023 07:12:44 +0000 https://republika.mk/?p=690331

Кога имаш влада со најслаб економски тим, тогаш имаш и најслаби економски резултати во регионот, пишува на својот фејсбук профил Антонио Милошоски.

The post Милошоски: Кога имаш влада со најслаб економски тим, тогаш имаш и најслаби економски резултати во регионот appeared first on Република.

Сигна инспекцискиот наод: Коста не бил малтретиран од неговите соученици https://republika.mk/vesti/balkan/signa-inspektsiskiot-naod-kosta-ne-bil-maltretiran-od-negovite-souchenitsi/ Sat, 03 Jun 2023 17:48:13 +0000 https://republika.mk/?p=647481

По извршениот увид во ОУ „Владислав Рибникар“ било констатирано дека во ова училиште немало врснички насилство врз Коста К., кој изврши масовно убиство и рани пет лица, меѓу кои и наставничката по историја.

Мина Зиројевиќ, член на Советот на родители во ОУ „Владислав Рибникар“ вели дека не е изненадена од наодите од инспекцискиот надзор и дека тоа веќе било познато.

Го знаев тоа и го кажав веднаш, на првиот ден. Наодот на инспекцијата дека момчето не било изложено на насилство не ме изненади, но благодарна сум што брзо се изготви. Во меѓувреме, децата од 3 мај кога се случи трагедијата беа под стигмата дека всушност сите тие се криминалци и главни виновници за тоа што се случи, а не беа. Сите ние што сме на училиште го знаеме тоа, знаеме што се случува таму и какви деца се тие – рече таа.

На 3 мај во училиштето со пиштолот на неговиот татко влегол Коста К. Кобниот ден пукал во правец на училишниот чувар Драган Влаховиќ, а потоа убил девет негови другари. Тешко рани уште пет ученици и наставник по историја.

The post Сигна инспекцискиот наод: Коста не бил малтретиран од неговите соученици appeared first on Република.

]]>

По извршениот увид во ОУ „Владислав Рибникар“ било констатирано дека во ова училиште немало врснички насилство врз Коста К., кој изврши масовно убиство и рани пет лица, меѓу кои и наставничката по историја. Мина Зиројевиќ, член на Советот на родители во ОУ „Владислав Рибникар“ вели дека не е изненадена од наодите од инспекцискиот надзор и дека тоа веќе било познато.
Го знаев тоа и го кажав веднаш, на првиот ден. Наодот на инспекцијата дека момчето не било изложено на насилство не ме изненади, но благодарна сум што брзо се изготви. Во меѓувреме, децата од 3 мај кога се случи трагедијата беа под стигмата дека всушност сите тие се криминалци и главни виновници за тоа што се случи, а не беа. Сите ние што сме на училиште го знаеме тоа, знаеме што се случува таму и какви деца се тие – рече таа.
На 3 мај во училиштето со пиштолот на неговиот татко влегол Коста К. Кобниот ден пукал во правец на училишниот чувар Драган Влаховиќ, а потоа убил девет негови другари. Тешко рани уште пет ученици и наставник по историја.

The post Сигна инспекцискиот наод: Коста не бил малтретиран од неговите соученици appeared first on Република.

]]>
Во прилепската болница се чекаат резултати, извршена е вонредна дезинфекција https://republika.mk/zivot/zdravje/vo-prilepskata-bolnitsa-se-chekaat-rezultati-izvrshena-e-vonredna-dezinfektsija/ Thu, 23 Feb 2023 17:38:21 +0000 https://republika.mk/?p=612416

Комисијата за интрахоспитални инфекции при прилепската градска болница „Борка Талески“ по денешниот состанок се огласи со соопштение во кое нагласува дека во Болницата се постапува според годишна програма во согласност со правилникот на Министерството за здравство кој подразбира сузбивање и превенција на интрахоспитални инфекции. Велат дека се два случаи за кои може да се каже дека спаѓаат во интрахоспитални инфекции.

-Пријавени се вкупно два случаи кај кои може да се каже дека спаѓаат во интрахоспитални инфекции. Првиот случај е вадење на остеосинтетски материјал, во чиј изолат е најдена бактерија Serattia, рана чиста неинфицирана, а пациентот во добра здравствена состојба и излекуван е пуштен дома. Вториот случај е пациентка која е дојдена за експлоративна интервенција по што е пуштена дома и е вратена следниот ден со покачена телесна температура, по што тогаш е земена крв за хемокултура и притоа е најдена Staphilococcus epidermidis (бактерија која сите ја имаме на кожата),  а двете последователни хемокултури се без наод. Уште пред добивање на наодот од микробиологија емпириски е почната комбинирана антимикробна терапија соодветна на антибиограмот. Пациентката беше пратена на лекување на терциерно ниво на клиниките во Скопје каде продолжија со соодветно лекување, но  за жал случајот заврши летално. Други случаи за пријава на интрахоспитална инфекција во нашата болница нема, соопштуваат од Комисијата.

Прилепската болница е темелно вонредено пречистена, дезинфицирана и во текот на денот очекуваат да стигнат неколку конечни наоди.

- Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат редовно се прават месечни и тримесечни контроли со исправна микробиолошка состојба што е случај и сега. Комисијата за интрахоспитални инфекции секој ден одржува состаноци, ги разгледува резултатите и донесената одлука да се одложат операциите поради превенција, беше одлука на Комисијата, а не на надворешни контроли, како што сега по вонредните контроли и чиста состојба ќе бидат пуштени во работа. Болницата е темелно вонредено пречистена, дезинфицирана и по налог на комисијата за спречување и превенција на интрахоспитални инфекции ќе бидат пуштени операционите сали во работа со неколку конечни наоди кои се преработуваат и треба да стигнат во текот на денот, се вели во соопштението на Комисијата за интрахоспитални инфекции при приепската градска болница.

Во меѓувреме се очекуваат резултатите од земените брисеви во операционите сали на гинекологија, хирургија и на ортопедското одделение, и од персоналот, како и наодот од обдукцијата за причините за смртта на 52-годишната пациентка која минатата недела по интервенција на одделението за гинекологија со компликации е пратена на скопските клиники каде починала. Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Рената Младеновска рече дека не сакаат да шпеекулираат додека стигнат резултатите и ги очекуваат наскоро.

-Се додека не добиеме резултати не смееме да шпекулриаме што е причината за смртта на пациентката. Апелирам да се причекаат резултатите од обдукцијата и се надевам дека наскоро ќе имаме информација, ни изјави Младеновска.

Прилепското обвинителство по допрен глас отвори предмет за состојбите со болницата. Почна да прибира информации и документација од здравствениот Инспекторат, од Болницата, а и полицијата да преземе дејствија за три случаи на лекување кои се искомплицирале.

Операционите сали во прилепската болница осми ден се затворени, а итните случаи се праќаат во блиските регионални болници.

The post Во прилепската болница се чекаат резултати, извршена е вонредна дезинфекција appeared first on Република.

ДИК официјално: Во советот на општина Тетово влегуваат Беса со 12, ДУИ со 11 советници, ВМРО-ДПМНЕ со 4, СДСМ со 2, Алтернатива и ДПА со по 1 https://republika.mk/vesti/makedonija/dik-gi-objavi-prvichnite-rezultati-od-izborite-vo-centar-zupa-mavrovo-rostushe-i-tetovo/ Sun, 21 Aug 2022 06:46:55 +0000 https://republika.mk/?p=542494

Државната изборна комисија вечерва ги соопшти првичните резултати од изборите за градоначалник на Центар Жупа и на Маврово-Ростуше и за членови на Советот на Општина Тетово.

Според овие резултати, во Центар Жупа за единствениот кандидат Аријан Ибраим од ДПТМ гласале 3340 гласачи од вкупно 3395 гласачи. Како што соопшти доцна вечерва претседателот на ДИК Александар Даштевски, имало 55 неважечки ливчиња, а излезноста била 47,46 проценти.

Во Маврово-Ростуше, кандидатот на СДСМ Медат Кутровски освоил 3266 гласови, а Мевмед Џафери од ВМРО-ДПМНЕ 1935 гласови. Излезноста била 54,24 проценти, а имало 195 неважечки ливчиња.

Во Советот на Општина Тетово, според првичните резултати, најмногу мандати има освоено БЕСА, вкупно 12 со освоени 9.620 гласа, по што следуваат ДУИ со 11 мандати и освоени 8.702 гласа, ВМРО-ДПМНЕ со четири мандати и освоени 3.332 гласа и СДСМ со два мандата и освоени 1.953 гласа. По еден мандат во Советот на Општина Тетово имаат освоено Алтернатива со 1.118 гласа и ДПА со 1058 гласа. На гласањето за Советот на Тетово излезноста била 35,31 отсто и имало 651 неважечко ливче.

Почнува да тече рокот за приговори кој изминува во понеделник до 19 часот, додека рокот за сумирање и објавување на резултатите е до вторник до 01 часот.

The post ДИК официјално: Во советот на општина Тетово влегуваат Беса со 12, ДУИ со 11 советници, ВМРО-ДПМНЕ со 4, СДСМ со 2, Алтернатива и ДПА со по 1 appeared first on Република.

]]>

Државната изборна комисија вечерва ги соопшти првичните резултати од изборите за градоначалник на Центар Жупа и на Маврово-Ростуше и за членови на Советот на Општина Тетово. Според овие резултати, во Центар Жупа за единствениот кандидат Аријан Ибраим од ДПТМ гласале 3340 гласачи од вкупно 3395 гласачи. Како што соопшти доцна вечерва претседателот на ДИК Александар Даштевски, имало 55 неважечки ливчиња, а излезноста била 47,46 проценти. Во Маврово-Ростуше, кандидатот на СДСМ Медат Кутровски освоил 3266 гласови, а Мевмед Џафери од ВМРО-ДПМНЕ 1935 гласови. Излезноста била 54,24 проценти, а имало 195 неважечки ливчиња. Во Советот на Општина Тетово, според првичните резултати, најмногу мандати има освоено БЕСА, вкупно 12 со освоени 9.620 гласа, по што следуваат ДУИ со 11 мандати и освоени 8.702 гласа, ВМРО-ДПМНЕ со четири мандати и освоени 3.332 гласа и СДСМ со два мандата и освоени 1.953 гласа. По еден мандат во Советот на Општина Тетово имаат освоено Алтернатива со 1.118 гласа и ДПА со 1058 гласа. На гласањето за Советот на Тетово излезноста била 35,31 отсто и имало 651 неважечко ливче. Почнува да тече рокот за приговори кој изминува во понеделник до 19 часот, додека рокот за сумирање и објавување на резултатите е до вторник до 01 часот.

The post ДИК официјално: Во советот на општина Тетово влегуваат Беса со 12, ДУИ со 11 советници, ВМРО-ДПМНЕ со 4, СДСМ со 2, Алтернатива и ДПА со по 1 appeared first on Република.

]]>
Со просечна оценка од 3,78 државната матура е поуспешна од лани: ДИЦ ги објави резултатите https://republika.mk/vesti/makedonija/so-prosechna-ocenka-od-3-78-drzavnata-matura-e-pouspeshna-od-lani-dic-gi-objavi-rezultatite/ Fri, 01 Jul 2022 10:06:11 +0000 https://republika.mk/?p=522038

Државниот испитен центар информира дека денес 1 јули 2022 година во 12 часот ќе се објават прелиминарните резултатите од државната матура, 12 дена порано од законскиот рок. Истите се испратени до училиштата, а може и електронски секој кандидат со најава на http://rezultati.dic.edu.mk да ги види своите.

Државната матура оваа година се реализираше во согласност со договорот со средношколците, односно два екстерни, два интерни предмети и проектна задача и скратени испитни програми.
Средната оценка на екстерните испити од прелиминарните резултати е 3,78 и е повисока во однос на минатата година кога изнесуваше 3,61.

Следува период на приговори, односно заклучно со 5 јули 2022 година учениците може да поднесуваат приговори во училиштата. Резултатите од приговорите ДИЦ ќе ги објави на 11 јули 2022 година. Увидот во тестовите лично од страна на кандидатите е на 13 јули во ДИЦ, по предходна најава и закажување термин телефонски на 12 јули 2022 година.

За сите дополнителни информации матурантите може да се информираат од училишните матурски комисии во своите училишта и на www.matura.gov.mk.

The post Со просечна оценка од 3,78 државната матура е поуспешна од лани: ДИЦ ги објави резултатите appeared first on Република.

]]>

Државниот испитен центар информира дека денес 1 јули 2022 година во 12 часот ќе се објават прелиминарните резултатите од државната матура, 12 дена порано од законскиот рок. Истите се испратени до училиштата, а може и електронски секој кандидат со најава на http://rezultati.dic.edu.mk да ги види своите. Државната матура оваа година се реализираше во согласност со договорот со средношколците, односно два екстерни, два интерни предмети и проектна задача и скратени испитни програми. Средната оценка на екстерните испити од прелиминарните резултати е 3,78 и е повисока во однос на минатата година кога изнесуваше 3,61. Следува период на приговори, односно заклучно со 5 јули 2022 година учениците може да поднесуваат приговори во училиштата. Резултатите од приговорите ДИЦ ќе ги објави на 11 јули 2022 година. Увидот во тестовите лично од страна на кандидатите е на 13 јули во ДИЦ, по предходна најава и закажување термин телефонски на 12 јули 2022 година. За сите дополнителни информации матурантите може да се информираат од училишните матурски комисии во своите училишта и на www.matura.gov.mk.  

The post Со просечна оценка од 3,78 државната матура е поуспешна од лани: ДИЦ ги објави резултатите appeared first on Република.

]]>
Новиот лек за дијабетес од типот 2 успешен и во лекувањето прекумерна дебелина https://republika.mk/zivot/zdravje/noviot-lek-za-dijabetes-od-tipot-2-uspeshen-i-vo-lekuvanjeto-prekumerna-debelina/ Tue, 07 Jun 2022 13:22:58 +0000 https://republika.mk/?p=512243

Лекот за дијабетес од типот 2 „Тирзепатид“ што неодамна беше одобрен во САД, може да помогне во слабењеето на возрасните лица со прекумерна телесна тежина, а немаат дијабетес, покажуваат резултатите на истражување спроведено од меѓународна група научници.

Ефектите на медикаментот биле испитувани во период од 72 седмици кај повеќе од 2500 дебели лица кои немале дијабетес. Испитаниците биле поделени во четири групи, од кои едната примала плацебо, а другите три по пет, десет и 15 милиграми „Тирзепатид“. Учесниците во студијата кои земале доза од пет милиграми изгубиле во просек околу 16 килограми во текот на односниот период, оние во доза од десет милиграми изгубиле во просек 22 килограми, а учесниците на кои им била дадена доза од 15 милиграми изгубиле во просек околу 23,6 килограми. Испитаниците од групата која примале плацебо-инјекција изгубиле во просек 2,4 килограми.

„Тирзепатид“ делува на начин што имитира хормони кои им помагаат на луѓето да се чувствуваат сити после оброк или во содејство на два природни хормони кои му помагаат на мозокот да испрати сигнал за ситост на организмот.

„Околу деведесет проценти од луѓето во студијата изгубиле тежина, а просечното губење на тежината при највисока доза беше 22,5 проценти, што досега не сме го виделе во ниту една слична студија“, вели коавторот на студијата, д-р Анија Јастребоф, пррофесор на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Јеил“.

„Резултатите од студијата претставуваат значителен напредок во потенцијално проширување на ефективни терапевтски опции за луѓето кои се борат против дебелината“, рече таа.

Студијата бележи подобрувања забележани кај речиси сите учесници во експериментот кога станува збор за крвниот притисок како и нивоата на шеќер и на холестерол во крвта.

Најчестите несакани ефекти биле гадење, дијареа и запек, но генерално сите во блага до умерена форма, посочува рече Јастребоф додавајќи дека учесниците во студијата можеле да ја задржат истата телесна тежина во текот на 72-неделниот период опфатен со испитувањето.

„Дебелината е хронична болест што може да се лекува. Би можеле да ја третираме како што третираме било која друга хронична болест – со ефективни и безбедни пристапи што ги таргетираат механизмите на основната болест, а овие резултати се доказ дека Тирзепатид делува на тој начин“, рече Јастребоф објаснувајќи и дека пациентите можеби ќе треба да останат на односната терапија неодредено долго време.

„Но, ако сметаме дека прекумерната дебелина е хронична болест, тогаш зошто хроничната болест да се лекува само 72 недели“, изјави таа.

Д-р. Сајмон Корк од Универзитетот во Кембриџ, рече дека оваа класа лекови делува само доколку учесниците се придржуваат до пропишаната диета, што се заснова врз намален внес на калории.

„Значи, ова не е некој вид на магичен лек“, истакна Корк.

„Тирзепатид“ е медикамент произведен во фармацевтската компанија „Ели Лили“, а во САД беше одобрен за третман на дијабетес тип 2 во средината на мај. Федералната управа за храна и лекарства (ФДА) утврди дека лекот со правилна исхрана и физичка активност успева да го држи под контрола нивото на шеќер во крвта кај возрасните со таков тип дијабетес.

Резултатите од студијата се објавени во специјализираното списание „New England Journal of Medicine“.

The post Новиот лек за дијабетес од типот 2 успешен и во лекувањето прекумерна дебелина appeared first on Република.

]]>

Лекот за дијабетес од типот 2 „Тирзепатид“ што неодамна беше одобрен во САД, може да помогне во слабењеето на возрасните лица со прекумерна телесна тежина, а немаат дијабетес, покажуваат резултатите на истражување спроведено од меѓународна група научници. Ефектите на медикаментот биле испитувани во период од 72 седмици кај повеќе од 2500 дебели лица кои немале дијабетес. Испитаниците биле поделени во четири групи, од кои едната примала плацебо, а другите три по пет, десет и 15 милиграми „Тирзепатид“. Учесниците во студијата кои земале доза од пет милиграми изгубиле во просек околу 16 килограми во текот на односниот период, оние во доза од десет милиграми изгубиле во просек 22 килограми, а учесниците на кои им била дадена доза од 15 милиграми изгубиле во просек околу 23,6 килограми. Испитаниците од групата која примале плацебо-инјекција изгубиле во просек 2,4 килограми. „Тирзепатид“ делува на начин што имитира хормони кои им помагаат на луѓето да се чувствуваат сити после оброк или во содејство на два природни хормони кои му помагаат на мозокот да испрати сигнал за ситост на организмот. „Околу деведесет проценти од луѓето во студијата изгубиле тежина, а просечното губење на тежината при највисока доза беше 22,5 проценти, што досега не сме го виделе во ниту една слична студија“, вели коавторот на студијата, д-р Анија Јастребоф, пррофесор на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Јеил“. „Резултатите од студијата претставуваат значителен напредок во потенцијално проширување на ефективни терапевтски опции за луѓето кои се борат против дебелината“, рече таа. Студијата бележи подобрувања забележани кај речиси сите учесници во експериментот кога станува збор за крвниот притисок како и нивоата на шеќер и на холестерол во крвта. Најчестите несакани ефекти биле гадење, дијареа и запек, но генерално сите во блага до умерена форма, посочува рече Јастребоф додавајќи дека учесниците во студијата можеле да ја задржат истата телесна тежина во текот на 72-неделниот период опфатен со испитувањето. „Дебелината е хронична болест што може да се лекува. Би можеле да ја третираме како што третираме било која друга хронична болест – со ефективни и безбедни пристапи што ги таргетираат механизмите на основната болест, а овие резултати се доказ дека Тирзепатид делува на тој начин“, рече Јастребоф објаснувајќи и дека пациентите можеби ќе треба да останат на односната терапија неодредено долго време. „Но, ако сметаме дека прекумерната дебелина е хронична болест, тогаш зошто хроничната болест да се лекува само 72 недели“, изјави таа. Д-р. Сајмон Корк од Универзитетот во Кембриџ, рече дека оваа класа лекови делува само доколку учесниците се придржуваат до пропишаната диета, што се заснова врз намален внес на калории. „Значи, ова не е некој вид на магичен лек“, истакна Корк. „Тирзепатид“ е медикамент произведен во фармацевтската компанија „Ели Лили“, а во САД беше одобрен за третман на дијабетес тип 2 во средината на мај. Федералната управа за храна и лекарства (ФДА) утврди дека лекот со правилна исхрана и физичка активност успева да го држи под контрола нивото на шеќер во крвта кај возрасните со таков тип дијабетес. Резултатите од студијата се објавени во специјализираното списание „New England Journal of Medicine“.  

The post Новиот лек за дијабетес од типот 2 успешен и во лекувањето прекумерна дебелина appeared first on Република.

]]>
Над 100.000 македонски граѓани се невработени https://republika.mk/vesti/ekonomija/nad-100-000-makedonski-gragjani-se-nevraboteni/ Wed, 01 Jun 2022 10:44:41 +0000 https://republika.mk/?p=509713

Државниот завод за статистика, во согласност со Програмата за објавување и дисеминација на податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021, во третиот сет на пописни податоци ги објави податоците кои се однесуваат на: образовните и економските карактеристики на лицата, лицата со попреченост и дел од картактеристиките на живеалиштата и становите. Податоците се објавени на во МакСтат базата на податоци, во делот за Попис на населението 2021 на следниот линк:
https://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef

Што ни покажуваат податоците:
– Во вкупното резидентното население на возраст од 15 години и повеќе, според писменоста, регистрирани се: 18 897 лица или 1.2 % неписмени лица, од кои 5 517 се мажи и 13 380 се жени.
– Според највисокиот степен на школска подготовка, во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, регистрирани се: 23 192 лица или 1.5 % без образование, 62 129 лица или 4.1 % се со незавршено основно образование, 423 456 лица или 27.8 % се со основно образование, 672 375 лица или 44.1 % се со средно образование, 263 349 лица или 17.3 % се со високо образование, 29 654 лица или 1.9 % се со магистратура, 6 037 лица или 0,4 % се со докторат, а 45 174 лица или 3.0 % се со непозната школска подготовка.
– Според полето ( видот ) на највисокиот степен на школска подготовка, 189 736 лица или 18.7 % се во од областа Инженерство, производство и градежништво, а само 19 044 лица или 1.9 % се во од областа Информатичко-комуникациски технологии.
– Во вкупното резидентното население на возраст од 5 години и повеќе, кои се во процесот на формалното (редовно) образование: 186 570 лица или 10.7 % посетуваат основното образование, 80 378 лица или 4.6 % се во средното образование, додека 93 804 лица или 5.4 % се во високото образование, на магистратура и на докторски студии.
– Вкупното работоспособно население на возраст од 15 години и повеќе изнесува 1 525 366 лица, од кои 717 769 лица се дел од активното население , односно 608 520 лица се вработени, а 109 249 лица се невработени. Бројот на неактивните лица изнесува 768 549 лица.
– Според највисокиот степен на школска подготовка, најмногу невработени, 56 701 лице се со средно образование од кои 34 313 се мажи и 22 388 се женисе со средно образование.
– Според дејноста, најмногу вработени, 123 347 лица , има во Преработувачката индустрија од кои 65 751 се мажи и 57 596 се жени.
– Во вкупното резидентното население, бројот на издржуваните лица изнесува 450 766 лица.
– Во вкупното резидентно население бројот на лицата со попреченост изнесува 94 412 лица и тоа: 1.8 % на возраст од 0- до 14 години, 43.5 % на возраст од 15- до 64 години и 54.8 % на возраст од 65 и повеќе.
– Според видот на попреченоста, најголемо учество од 40.8 % или 38 499 имаат лицата со потешкотии со движењето.
– Од вкупно 839 174 станови, 531 987 станови или 63.4 % се населени , а 307 187 станови или 36.6 % се ненаселени.

The post Над 100.000 македонски граѓани се невработени appeared first on Република.

]]>

Државниот завод за статистика, во согласност со Програмата за објавување и дисеминација на податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021, во третиот сет на пописни податоци ги објави податоците кои се однесуваат на: образовните и економските карактеристики на лицата, лицата со попреченост и дел од картактеристиките на живеалиштата и становите. Податоците се објавени на во МакСтат базата на податоци, во делот за Попис на населението 2021 на следниот линк: https://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef Што ни покажуваат податоците: – Во вкупното резидентното население на возраст од 15 години и повеќе, според писменоста, регистрирани се: 18 897 лица или 1.2 % неписмени лица, од кои 5 517 се мажи и 13 380 се жени. – Според највисокиот степен на школска подготовка, во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, регистрирани се: 23 192 лица или 1.5 % без образование, 62 129 лица или 4.1 % се со незавршено основно образование, 423 456 лица или 27.8 % се со основно образование, 672 375 лица или 44.1 % се со средно образование, 263 349 лица или 17.3 % се со високо образование, 29 654 лица или 1.9 % се со магистратура, 6 037 лица или 0,4 % се со докторат, а 45 174 лица или 3.0 % се со непозната школска подготовка. – Според полето ( видот ) на највисокиот степен на школска подготовка, 189 736 лица или 18.7 % се во од областа Инженерство, производство и градежништво, а само 19 044 лица или 1.9 % се во од областа Информатичко-комуникациски технологии. – Во вкупното резидентното население на возраст од 5 години и повеќе, кои се во процесот на формалното (редовно) образование: 186 570 лица или 10.7 % посетуваат основното образование, 80 378 лица или 4.6 % се во средното образование, додека 93 804 лица или 5.4 % се во високото образование, на магистратура и на докторски студии. – Вкупното работоспособно население на возраст од 15 години и повеќе изнесува 1 525 366 лица, од кои 717 769 лица се дел од активното население , односно 608 520 лица се вработени, а 109 249 лица се невработени. Бројот на неактивните лица изнесува 768 549 лица. – Според највисокиот степен на школска подготовка, најмногу невработени, 56 701 лице се со средно образование од кои 34 313 се мажи и 22 388 се женисе со средно образование. – Според дејноста, најмногу вработени, 123 347 лица , има во Преработувачката индустрија од кои 65 751 се мажи и 57 596 се жени. – Во вкупното резидентното население, бројот на издржуваните лица изнесува 450 766 лица. – Во вкупното резидентно население бројот на лицата со попреченост изнесува 94 412 лица и тоа: 1.8 % на возраст од 0- до 14 години, 43.5 % на возраст од 15- до 64 години и 54.8 % на возраст од 65 и повеќе. – Според видот на попреченоста, најголемо учество од 40.8 % или 38 499 имаат лицата со потешкотии со движењето. – Од вкупно 839 174 станови, 531 987 станови или 63.4 % се населени , а 307 187 станови или 36.6 % се ненаселени.

The post Над 100.000 македонски граѓани се невработени appeared first on Република.

]]>
Резултати од претседателските избори во Србија по 100 отсто обработени избирачки места https://republika.mk/vesti/balkan/rezultati-od-pretsedatelskite-izbori-vo-srbija-po-100-otsto-obraboteni-izbirachki-mesta/ Mon, 04 Apr 2022 20:35:29 +0000 https://republika.mk/?p=483322

Републичката изборна комисија (РИК) ги објави резултатите од претседателските избори по 100 отсто обработени избирачки места во Србија.

Претседателот на РИК, Владимир Димитријевиќ, соопшти дека бројот на избирачи кои се запишани во избирачкиот список е 6.305.816, излегле 3.697.147 граѓани, а гласале 3.681.561.

Тој изјави дека неважечки ливчиња се 87.445, а бројот на важечки ливчиња изнесува 3.594.116.

Тој ги објави и прелиминарните резултати од претседателските избори:

Александар Вучиќ, кандидат на коалицијата „Александар Вучиќ – Заедно можеме се“ – 58,59 отсто – 2.157.008 гласови

Здравко Понош, кандидат на коалицијата „Обединети за победа на Србија“ – 18,32 отсто – 674.567 гласови

Милош Јовановиќ, кандидат на коалицијата „Нада“ – 5,97 отсто – 219.970 гласови

Бошко Обрадовиќ, кандидат на коалицијата „Патриотски блок“ – 4,38 отсто – 161.212 гласови

Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски, кандидат на „Српската партија Заветници“ – 4,25 отсто – 156.635 гласови

Билјана Стојковиќ, кандидат на коалицијата „Мораме“ – 3,20 отсто – 117.784 гласови

Бранка Стаменковиќ, кандидат на коалицијата „Суверенисти“ – 2,03 отсто – 740.866 гласови

Миша Вациќ, кандидат на групата граѓани „Српски патриот – Миша Вациќ“ – 0,87 проценти – 32.074 гласови.

The post Резултати од претседателските избори во Србија по 100 отсто обработени избирачки места appeared first on Република.

]]>

Републичката изборна комисија (РИК) ги објави резултатите од претседателските избори по 100 отсто обработени избирачки места во Србија. Претседателот на РИК, Владимир Димитријевиќ, соопшти дека бројот на избирачи кои се запишани во избирачкиот список е 6.305.816, излегле 3.697.147 граѓани, а гласале 3.681.561. Тој изјави дека неважечки ливчиња се 87.445, а бројот на важечки ливчиња изнесува 3.594.116. Тој ги објави и прелиминарните резултати од претседателските избори: Александар Вучиќ, кандидат на коалицијата „Александар Вучиќ – Заедно можеме се“ – 58,59 отсто – 2.157.008 гласови Здравко Понош, кандидат на коалицијата „Обединети за победа на Србија“ – 18,32 отсто – 674.567 гласови Милош Јовановиќ, кандидат на коалицијата „Нада“ – 5,97 отсто – 219.970 гласови Бошко Обрадовиќ, кандидат на коалицијата „Патриотски блок“ – 4,38 отсто – 161.212 гласови Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски, кандидат на „Српската партија Заветници“ – 4,25 отсто – 156.635 гласови Билјана Стојковиќ, кандидат на коалицијата „Мораме“ – 3,20 отсто – 117.784 гласови Бранка Стаменковиќ, кандидат на коалицијата „Суверенисти“ – 2,03 отсто – 740.866 гласови Миша Вациќ, кандидат на групата граѓани „Српски патриот – Миша Вациќ“ – 0,87 проценти – 32.074 гласови.

The post Резултати од претседателските избори во Србија по 100 отсто обработени избирачки места appeared first on Република.

]]>
Стоилковиќ: Не ги прифаќаме лажните резултати од пописот, ќе организираме вистинско пребројување на српскиот народ! https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovikj-ne-gi-prifakjame-laznite-rezultati-od-popisot-kje-organizirame-vistinsko-prebrojuvanje-na-srpskiot-narod/ Fri, 01 Apr 2022 09:21:15 +0000 https://republika.mk/?p=481843

Не ги прифаќаме лажните резултати од пописот, немаме доверба во официјалните органи на актуелната власт и немаме намера да дадеме легитимитет на перфидното поништување на нашиот народ. Се надеваме дека со официјална поддршка на нашата татковина, во втората половина од годинава ќе спроведеме попис, електронски и теренски, на кој ќе може да се изјаснат сите оние кои се сметаат за припадници на српскиот народ, најавуваат од Демократската партија на Србите во Македонија и Српската заедница во Македонија.

„Попишувањето ќе биде доброволно, а попишаните лица ќе добијат службено уверение кое ќе можат да го користат при остварување на правото на образование, стекнување имот, добивање државјанство, како и за други привилегии во нашата татковина, Република Србија. Исто така, лицата чии презимиња се на „иќ“, а ја немаат оваа потврда, нема да бидат третирани како валидни претставници на српскиот народ во македонската администрација, туку како кукавички јајца спуштени во нашето гнездо.

Ова важи и за политичките и за невладините организации со префиксот „српски“, а всушност основани за потребите на одредена политичка партија како привремено покритие за немањето на српски партнер во нивната коалиција, кои со своето неработење, односно со поддршката на криминалните пописните активности од позиција на власт ги десеткуваа Србите и се директни виновници за оваа ситуација. За се ќе бидете навремено информирани“, напиша пратеникот Иван Столковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија на својот фејсбук-профил.

The post Стоилковиќ: Не ги прифаќаме лажните резултати од пописот, ќе организираме вистинско пребројување на српскиот народ! appeared first on Република.

]]>

Не ги прифаќаме лажните резултати од пописот, немаме доверба во официјалните органи на актуелната власт и немаме намера да дадеме легитимитет на перфидното поништување на нашиот народ. Се надеваме дека со официјална поддршка на нашата татковина, во втората половина од годинава ќе спроведеме попис, електронски и теренски, на кој ќе може да се изјаснат сите оние кои се сметаат за припадници на српскиот народ, најавуваат од Демократската партија на Србите во Македонија и Српската заедница во Македонија. „Попишувањето ќе биде доброволно, а попишаните лица ќе добијат службено уверение кое ќе можат да го користат при остварување на правото на образование, стекнување имот, добивање државјанство, како и за други привилегии во нашата татковина, Република Србија. Исто така, лицата чии презимиња се на „иќ“, а ја немаат оваа потврда, нема да бидат третирани како валидни претставници на српскиот народ во македонската администрација, туку како кукавички јајца спуштени во нашето гнездо. Ова важи и за политичките и за невладините организации со префиксот „српски“, а всушност основани за потребите на одредена политичка партија како привремено покритие за немањето на српски партнер во нивната коалиција, кои со своето неработење, односно со поддршката на криминалните пописните активности од позиција на власт ги десеткуваа Србите и се директни виновници за оваа ситуација. За се ќе бидете навремено информирани“, напиша пратеникот Иван Столковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија на својот фејсбук-профил.

The post Стоилковиќ: Не ги прифаќаме лажните резултати од пописот, ќе организираме вистинско пребројување на српскиот народ! appeared first on Република.

]]>
Во Македонија има повеќе жени од мажи, вкупното население е намалено https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-makedonija-ima-povekje-zeni-od-mazi-vkupnoto-naselenie-e-namaleno/ Wed, 30 Mar 2022 11:03:48 +0000 https://republika.mk/?p=480832

Пописот спроведен во 2021 година покажа дека во однос на 2002 година вкупното население во државата е намалено за 185 834 лица или за 9,2 отсто, а бројот на домаќинствата е зголемен за 34 336 или за 6,1 отсто.

Зголемен е и бројот на станови за 141 031 или за 20,2 отсто.

Како што соопшти директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, презентирајќи ги резултатите, просечно домаќинство брои 3,06 члена.

Бројот на станови изнесува 839.174.

Густината на населеност на еден километар квадратен е 72,2 лица, а просечната возраст на населението е 40,08 години. На 1.000 жени има 984,3 мажи.

The post Во Македонија има повеќе жени од мажи, вкупното население е намалено appeared first on Република.

]]>

Пописот спроведен во 2021 година покажа дека во однос на 2002 година вкупното население во државата е намалено за 185 834 лица или за 9,2 отсто, а бројот на домаќинствата е зголемен за 34 336 или за 6,1 отсто. Зголемен е и бројот на станови за 141 031 или за 20,2 отсто. Како што соопшти директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, презентирајќи ги резултатите, просечно домаќинство брои 3,06 члена. Бројот на станови изнесува 839.174. Густината на населеност на еден километар квадратен е 72,2 лица, а просечната возраст на населението е 40,08 години. На 1.000 жени има 984,3 мажи.    

The post Во Македонија има повеќе жени од мажи, вкупното население е намалено appeared first on Република.

]]>
Симовски: На 30 март ќе бидат објавени конечните резултати од Пописот https://republika.mk/vesti/makedonija/simovski-na-30-mart-kje-bidat-objaveni-konechnite-rezultati-od-popisot/ Thu, 17 Mar 2022 11:34:42 +0000 https://republika.mk/?p=474263

Првиот човек на Државниот завод за статистика најави дека конечните резултати од Пописот ќе бидат објавени на 30 март, за што се подготвува настан во салата на Филхармонија.

На Пописот секој граѓанин имаше право да се попише како што смета. Илузија е да се очекува да има раст на населението кога има пораст на емиграција, вели Симовски во денешното гостување во „Студио 10“ на ТВ24.
Според него, демографска стратегија пред 16 години била многу погрешна.

Ни емигрираат млади луѓе кои го носат наталитетот. Треба друг тип на политика. И кога ќе се направат најдобрите мерки не може да се очекува демографски бум. Секој од нас да има можност од квалитетна работа, втор фактор – можност за квалитетно образование, требаат и квалитетно здравство и добра комуникација и петто, човечките потреби да има можност секаде да се задоволат. Проблемот е и со миграцијата на внатрешно ниво - посочува Симовски.

Пописот траеше од 5 до 30 септември 2021 година. Според Државниот завод за статистика објавени веднаш по завршувањето на Пописот, беа попишани вкупно 1.832.696 лица, регистрирани се 568.175 домаќинства и 837.255 станови.
Последниот попис во државава беше одржан во 2002 година, кога вкупното население изнесуваше 2.022.547 лица.

The post Симовски: На 30 март ќе бидат објавени конечните резултати од Пописот appeared first on Република.

]]>

Првиот човек на Државниот завод за статистика најави дека конечните резултати од Пописот ќе бидат објавени на 30 март, за што се подготвува настан во салата на Филхармонија. На Пописот секој граѓанин имаше право да се попише како што смета. Илузија е да се очекува да има раст на населението кога има пораст на емиграција, вели Симовски во денешното гостување во „Студио 10“ на ТВ24. Според него, демографска стратегија пред 16 години била многу погрешна.
Ни емигрираат млади луѓе кои го носат наталитетот. Треба друг тип на политика. И кога ќе се направат најдобрите мерки не може да се очекува демографски бум. Секој од нас да има можност од квалитетна работа, втор фактор – можност за квалитетно образование, требаат и квалитетно здравство и добра комуникација и петто, човечките потреби да има можност секаде да се задоволат. Проблемот е и со миграцијата на внатрешно ниво - посочува Симовски.
Пописот траеше од 5 до 30 септември 2021 година. Според Државниот завод за статистика објавени веднаш по завршувањето на Пописот, беа попишани вкупно 1.832.696 лица, регистрирани се 568.175 домаќинства и 837.255 станови. Последниот попис во државава беше одржан во 2002 година, кога вкупното население изнесуваше 2.022.547 лица.

The post Симовски: На 30 март ќе бидат објавени конечните резултати од Пописот appeared first on Република.

]]>
До крајот на март ќе се објават резултатите од пописот https://republika.mk/vesti/makedonija/do-krajot-na-mart-kje-se-objavat-rezultatite-od-popisot/ Wed, 02 Mar 2022 14:06:15 +0000 https://republika.mk/?p=466531

Резултатите од Пописот ќе бидат соопштени кон крајот на март. Тие сè уште се предмет на обработка, бидејќи се работи најпрофесионално, според меѓународни стандарди за ваков вид статистички операции, изјави директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

Во интервју за Нова ТВ, Симовски вели дека крајниот рок за објавување на резултатите од Пописот е 31 март 2022 година, што е најкус рок што ДЗС го имале за обработка на пописни податоци.

Тој информираше дека во статистичката операција бил ангажиран и меѓународен експерт од страна на Европската комисија. Експертот бил присутен во целиот процес на подготовка и спроведување на пописот, а учествува и во обработка на податоците заедно со тимот на ДЗС.

Прашан дали има потреба да се брани интегритетот на податоците од Пописот, директорот на ДЗС посочи и дека Заводот стои зад податоците што ги произведува и објавува и оти нема потреба да се брани интегритетот на институцијата, не само за податоците од Пописот, туку и генерално за сите податоци што ги произведуваат.

– За тоа дали јавноста ни верува или не, доволен показател е бројот на корисници на статистички податоци кои секојдневно ја посетуваат нашата веб-страна и Макстат базата и ги користат нашите податоци, додаде Симовски.

The post До крајот на март ќе се објават резултатите од пописот appeared first on Република.

]]>

Резултатите од Пописот ќе бидат соопштени кон крајот на март. Тие сè уште се предмет на обработка, бидејќи се работи најпрофесионално, според меѓународни стандарди за ваков вид статистички операции, изјави директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски. Во интервју за Нова ТВ, Симовски вели дека крајниот рок за објавување на резултатите од Пописот е 31 март 2022 година, што е најкус рок што ДЗС го имале за обработка на пописни податоци. Тој информираше дека во статистичката операција бил ангажиран и меѓународен експерт од страна на Европската комисија. Експертот бил присутен во целиот процес на подготовка и спроведување на пописот, а учествува и во обработка на податоците заедно со тимот на ДЗС. Прашан дали има потреба да се брани интегритетот на податоците од Пописот, директорот на ДЗС посочи и дека Заводот стои зад податоците што ги произведува и објавува и оти нема потреба да се брани интегритетот на институцијата, не само за податоците од Пописот, туку и генерално за сите податоци што ги произведуваат.