Државниот завод за статистика, во согласност со Програмата за објавување и дисеминација на податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021, во третиот сет на пописни податоци ги објави податоците кои се однесуваат на: образовните и економските карактеристики на лицата, лицата со попреченост и дел од картактеристиките на живеалиштата и становите. Податоците се објавени на во МакСтат базата на податоци, во делот за Попис на населението 2021 на следниот линк:
https://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef

Што ни покажуваат податоците:
– Во вкупното резидентното население на возраст од 15 години и повеќе, според писменоста, регистрирани се: 18 897 лица или 1.2 % неписмени лица, од кои 5 517 се мажи и 13 380 се жени.
– Според највисокиот степен на школска подготовка, во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, регистрирани се: 23 192 лица или 1.5 % без образование, 62 129 лица или 4.1 % се со незавршено основно образование, 423 456 лица или 27.8 % се со основно образование, 672 375 лица или 44.1 % се со средно образование, 263 349 лица или 17.3 % се со високо образование, 29 654 лица или 1.9 % се со магистратура, 6 037 лица или 0,4 % се со докторат, а 45 174 лица или 3.0 % се со непозната школска подготовка.
– Според полето ( видот ) на највисокиот степен на школска подготовка, 189 736 лица или 18.7 % се во од областа Инженерство, производство и градежништво, а само 19 044 лица или 1.9 % се во од областа Информатичко-комуникациски технологии.
– Во вкупното резидентното население на возраст од 5 години и повеќе, кои се во процесот на формалното (редовно) образование: 186 570 лица или 10.7 % посетуваат основното образование, 80 378 лица или 4.6 % се во средното образование, додека 93 804 лица или 5.4 % се во високото образование, на магистратура и на докторски студии.
– Вкупното работоспособно население на возраст од 15 години и повеќе изнесува 1 525 366 лица, од кои 717 769 лица се дел од активното население , односно 608 520 лица се вработени, а 109 249 лица се невработени. Бројот на неактивните лица изнесува 768 549 лица.
– Според највисокиот степен на школска подготовка, најмногу невработени, 56 701 лице се со средно образование од кои 34 313 се мажи и 22 388 се женисе со средно образование.
– Според дејноста, најмногу вработени, 123 347 лица , има во Преработувачката индустрија од кои 65 751 се мажи и 57 596 се жени.
– Во вкупното резидентното население, бројот на издржуваните лица изнесува 450 766 лица.
– Во вкупното резидентно население бројот на лицата со попреченост изнесува 94 412 лица и тоа: 1.8 % на возраст од 0- до 14 години, 43.5 % на возраст од 15- до 64 години и 54.8 % на возраст од 65 и повеќе.
– Според видот на попреченоста, најголемо учество од 40.8 % или 38 499 имаат лицата со потешкотии со движењето.
– Од вкупно 839 174 станови, 531 987 станови или 63.4 % се населени , а 307 187 станови или 36.6 % се ненаселени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.