радмила шекеринска Archives - Република https://republika.mk/tema/radmila-shekerinska/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Aug 2024 09:52:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png радмила шекеринска Archives - Република https://republika.mk/tema/radmila-shekerinska/ 32 32 Шекеринска кандидат за заменик на шефот на НАТО? https://republika.mk/vesti/makedonija/shekeriinska-kandidat-za-zamenik-na-shefot-na-nato/ Thu, 15 Aug 2024 09:51:52 +0000 https://republika.mk/?p=806766

Две високи поранешни функционерки од Македонија и од Бугарија, Радмила Шекеринска и Марија Габриел, се меѓу оние кои се натпреваруваат да станат иден заменик на шефот на НАТО, пишува денеска бриселски „Политико“ во текстот „Првата задача на Марк Руте во НАТО: Да се најде жена за десна рака“.

Пред да го започне својот нов мандат како шеф на НАТО, Марк Руте веќе минува низ неколку биографии од оние кои сакаат да бидат негова десна рака.

Актуелниот заменик, Мирчеа Џоана, кој ја извршува функцијата од 2019 година, се очекува да се повлече за да се кандидира на претседателските избори во Романија во ноември, изјавија претставници на НАТО за „Политико“.

Висок дипломат на НАТО од Западна Европа рече дека постои општ консензус меѓу сојузниците дека источноевропеец треба да биде назначен за заменик на Руте.

Разговорите во седиштето на НАТО се фокусираат на две поранешни функционерки од Македонија и од Бугарија, две балкански земји кои некогаш биле под советска контрола до крајот на Студената војна, пишува „Политико“.

- Можеби функцијата ќе и припадне на жена од Источна Европа, изјави поранешната портпаролка на НАТО, Оана Лунгеску.

Руте ќе го преземе кормилото на НАТО на 2 октомври, во време кога воената алијанса се стреми кон итна мисија да го поддржи источното крило со цел да спречи каква било потенцијална руска агресија. Германија, на пример, проценува дека Русија би можела да биде подготвена воено да ги нападне земјите на НАТО за пет до осум години, доколку одлучи да го стори тоа.

Поради тоа доброто познавање на „кремљинологијата“ е релевантно кога станува збор за изборот на Руте за негов заменик.

Името на поранешната министерка за одбрана на Македонија, Радмила Шекеринска нашироко се спомнува, според дипломат на НАТО и висок функционер на Алијансата. Доколку биде избрана, таа ќе биде највисокиот функционер на НАТО досега од регионот на Западен Балкан надвор од Европската унија. Земјата влезе во НАТО пред четири години, а Шекеринска имаше клучна улога во нејзиното членство. Прозападната Шекеринска моментално е потпретседател на Партијата на европските социјалисти. Во едно интервју по руската инвазија на Украина, таа го отфрли тврдењето на Русија дека проширувањето на НАТО кон исток е „злобен план на Западот“. „Напротив, првично големите членки на НАТО немаа посебен апетит за проширување“, рече Шекеринска, наведува „Политико“.

Шекеринска одбила да даде коментар за информациите дека би може да да биде заменичка на Руте во НАТО:

Мајда Руге, виш политички соработник во тинк-тенкот Европски совет за надворешни односи, ја пофали како идеален кандидат.

- За следниот [заменик-генерален секретар], на НАТО ќе му треба личност која е високо компетентна, „има мадиња“, паметна е за Русија и исто така ги разбира предизвиците во Западен Балкан. Радмила Шекеринска совршено се вклопува во тој профил, смета Руге, која е експерт за балканскиот регион.

Европската комисија денеска најави 200 милиони евра инвестиции заедно со Европската инвестициска банка за европскиот вселенски сектор.

Друг кандидат е поранешната вицепремиерка на Бугарија и поранешна еврокомесарка, Марија Габриел, според двајца функционери со директно знаење за нејзините планови.

„Постојат гласини околу поранешната еврокомесарка и бугарска вицепремиерка Марија Габриел“, рече Лунгеску. Габриел не одговорила на барањето за коментар.

Делегациите на Бугарија и на Македонија во НАТО не ги коментираат кандидатурите. И НАТО одби да коментира.

Бугарија е во центарот на вниманието поради блиските врски на нејзините политички елити со Русија. Во април, премиерот во заминување Николај Денков предупреди во интервју за „Политико“ дека „Русија ќе стори се што е можно за да го врати своето силно влијание во Бугарија“. Софија, исто така, склучуваше договори за зајакнување на улогата на Москва како доминантен снабдувач со енергија во Југоисточна Европа, и покрај реторичката поддршка за Украина.

Сепак, и двете земји се оптоварени со проблемот на корупција.

Според Транспаренси Интернешнл, Бугарија е рангирана на 67 место во светот според Индексот за перцепција на корупцијата, а Македонија е на 76 место.

Иако двете балкански кандидатки се сметаат за фаворити, има и други предлози кои ги разгледува Руте. Поранешниот летонски премиер Кришјанис Каринш, кој некогаш ја сакаше работата на Руте, се бори да биде негов заменик, според висок летонски функционер кој побарал да остане анонимен.

The post Шекеринска кандидат за заменик на шефот на НАТО? appeared first on Република.

]]>

Две високи поранешни функционерки од Македонија и од Бугарија, Радмила Шекеринска и Марија Габриел, се меѓу оние кои се натпреваруваат да станат иден заменик на шефот на НАТО, пишува денеска бриселски „Политико“ во текстот „Првата задача на Марк Руте во НАТО: Да се најде жена за десна рака“. Пред да го започне својот нов мандат како шеф на НАТО, Марк Руте веќе минува низ неколку биографии од оние кои сакаат да бидат негова десна рака. Актуелниот заменик, Мирчеа Џоана, кој ја извршува функцијата од 2019 година, се очекува да се повлече за да се кандидира на претседателските избори во Романија во ноември, изјавија претставници на НАТО за „Политико“. Висок дипломат на НАТО од Западна Европа рече дека постои општ консензус меѓу сојузниците дека источноевропеец треба да биде назначен за заменик на Руте. Разговорите во седиштето на НАТО се фокусираат на две поранешни функционерки од Македонија и од Бугарија, две балкански земји кои некогаш биле под советска контрола до крајот на Студената војна, пишува „Политико“.
- Можеби функцијата ќе и припадне на жена од Источна Европа, изјави поранешната портпаролка на НАТО, Оана Лунгеску.
Руте ќе го преземе кормилото на НАТО на 2 октомври, во време кога воената алијанса се стреми кон итна мисија да го поддржи источното крило со цел да спречи каква било потенцијална руска агресија. Германија, на пример, проценува дека Русија би можела да биде подготвена воено да ги нападне земјите на НАТО за пет до осум години, доколку одлучи да го стори тоа. Поради тоа доброто познавање на „кремљинологијата“ е релевантно кога станува збор за изборот на Руте за негов заменик. Името на поранешната министерка за одбрана на Македонија, Радмила Шекеринска нашироко се спомнува, според дипломат на НАТО и висок функционер на Алијансата. Доколку биде избрана, таа ќе биде највисокиот функционер на НАТО досега од регионот на Западен Балкан надвор од Европската унија. Земјата влезе во НАТО пред четири години, а Шекеринска имаше клучна улога во нејзиното членство. Прозападната Шекеринска моментално е потпретседател на Партијата на европските социјалисти. Во едно интервју по руската инвазија на Украина, таа го отфрли тврдењето на Русија дека проширувањето на НАТО кон исток е „злобен план на Западот“. „Напротив, првично големите членки на НАТО немаа посебен апетит за проширување“, рече Шекеринска, наведува „Политико“. Шекеринска одбила да даде коментар за информациите дека би може да да биде заменичка на Руте во НАТО: Мајда Руге, виш политички соработник во тинк-тенкот Европски совет за надворешни односи, ја пофали како идеален кандидат.
- За следниот [заменик-генерален секретар], на НАТО ќе му треба личност која е високо компетентна, „има мадиња“, паметна е за Русија и исто така ги разбира предизвиците во Западен Балкан. Радмила Шекеринска совршено се вклопува во тој профил, смета Руге, која е експерт за балканскиот регион.
Европската комисија денеска најави 200 милиони евра инвестиции заедно со Европската инвестициска банка за европскиот вселенски сектор. Друг кандидат е поранешната вицепремиерка на Бугарија и поранешна еврокомесарка, Марија Габриел, според двајца функционери со директно знаење за нејзините планови. „Постојат гласини околу поранешната еврокомесарка и бугарска вицепремиерка Марија Габриел“, рече Лунгеску. Габриел не одговорила на барањето за коментар. Делегациите на Бугарија и на Македонија во НАТО не ги коментираат кандидатурите. И НАТО одби да коментира. Бугарија е во центарот на вниманието поради блиските врски на нејзините политички елити со Русија. Во април, премиерот во заминување Николај Денков предупреди во интервју за „Политико“ дека „Русија ќе стори се што е можно за да го врати своето силно влијание во Бугарија“. Софија, исто така, склучуваше договори за зајакнување на улогата на Москва како доминантен снабдувач со енергија во Југоисточна Европа, и покрај реторичката поддршка за Украина. Сепак, и двете земји се оптоварени со проблемот на корупција. Според Транспаренси Интернешнл, Бугарија е рангирана на 67 место во светот според Индексот за перцепција на корупцијата, а Македонија е на 76 место. Иако двете балкански кандидатки се сметаат за фаворити, има и други предлози кои ги разгледува Руте. Поранешниот летонски премиер Кришјанис Каринш, кој некогаш ја сакаше работата на Руте, се бори да биде негов заменик, според висок летонски функционер кој побарал да остане анонимен.

The post Шекеринска кандидат за заменик на шефот на НАТО? appeared first on Република.

]]>
Таче освои помалку гласови дури и од Рада: Кој ќе биде нов лидер на СДСМ? https://republika.mk/vesti/makedonija/tache-osvoi-pomalku-glasovi-duri-i-od-rada-koj-ke-bide-nov-lider-na-sdsm/ Thu, 09 May 2024 10:37:58 +0000 https://republika.mk/?p=776251

Дебаклот на СДСМ на овие избори е од епски размери, што би рекле некои нивни поддржувачи. Ковачевски забележа убедливо најлош резултат како лидер на СДСМ и освои само 153.250 гласови по што СДСМ стана трета партија во Парламентот.

Со овие гласови Ковачевски е полош е дури и под Радмила Шекеринска. Популарната Рада на вонредните парламентарни избори во 2008 година кои се случија како резултат на Самитот на НАТО во Букурешт кога Македонија не доби покана за членство СДСМ освои 233.284 гласа како коалиција „Сонце“.Тогаш се мислеше дека подолу од ова СДСМ не може. Но, ете можело.

Ковачевски најави внатре партиски избори.Аспирации покажува Јован Деспотовски, но и Оливер Спасовски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/despotovski-ne-ni-trebaat-usloveni-ostavki-vo-sdsm-sekoj-da-pochne-od-sebe-bez-da-gi-cheka-drugarite/

За СДСМ е најважно да се ослободи од т.н „сељачко“ крило и да стане вистинска социјалдемократска партија а не струмички клан каков што е сега.

The post Таче освои помалку гласови дури и од Рада: Кој ќе биде нов лидер на СДСМ? appeared first on Република.

]]>

Дебаклот на СДСМ на овие избори е од епски размери, што би рекле некои нивни поддржувачи. Ковачевски забележа убедливо најлош резултат како лидер на СДСМ и освои само 153.250 гласови по што СДСМ стана трета партија во Парламентот. Со овие гласови Ковачевски е полош е дури и под Радмила Шекеринска. Популарната Рада на вонредните парламентарни избори во 2008 година кои се случија како резултат на Самитот на НАТО во Букурешт кога Македонија не доби покана за членство СДСМ освои 233.284 гласа како коалиција „Сонце“.Тогаш се мислеше дека подолу од ова СДСМ не може. Но, ете можело. Ковачевски најави внатре партиски избори.Аспирации покажува Јован Деспотовски, но и Оливер Спасовски. https://republika.mk/vesti/makedonija/despotovski-ne-ni-trebaat-usloveni-ostavki-vo-sdsm-sekoj-da-pochne-od-sebe-bez-da-gi-cheka-drugarite/ За СДСМ е најважно да се ослободи од т.н „сељачко“ крило и да стане вистинска социјалдемократска партија а не струмички клан каков што е сега.

The post Таче освои помалку гласови дури и од Рада: Кој ќе биде нов лидер на СДСМ? appeared first on Република.

]]>
Шекеринска демантира: Ниту сум била, ниту ќе бидам кандидат за претседател https://republika.mk/vesti/makedonija/shekerinska-demantira-nitu-sum-bila-nitu-ke-bidam-kandidat-za-pretsedatel/ Thu, 15 Feb 2024 21:26:42 +0000 https://republika.mk/?p=744592

Поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска во разговор за ТВ21 целосно ги отфрла наводите дека токму таа е кандидатот од СДСМ за прв човек на државата.

„Ниту сум била, ниту ќе бидам, на сите тоа им е јасно“, ни изјави вечерва таа.

Во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека слушнал гласини дека токму Шекеринска ќе биде изборот на СДСМ за кандидат за претседател.

„Последната која што ја добив е дека на едно место, пред некој ден кажал дека Радмила Шекеринска ќе била сега кандидат за претседател. Имајќи предвид дека Шекеринска како претседател на СДСМ го има до сега убедливо најслабиот изборен резултат кој што го имала СДСМ, кој што според мене на следните избори ќе биде многу посакуван од СДСМ, бидејќи тие ќе одат многу подоле од тој резултат“, вели Мицкоски во вечерашното издание на Клик Плус на ТВ21.

The post Шекеринска демантира: Ниту сум била, ниту ќе бидам кандидат за претседател appeared first on Република.

Шекеринска кандидат на СДСМ за претседател на Македонија?! https://republika.mk/vesti/makedonija/shekerinska-kandidat-na-sdsm-za-pretsedatel-na-makedonija/ Thu, 15 Feb 2024 16:09:35 +0000 https://republika.mk/?p=744491

Кој ќе биде идниот претседателски кандидат на СДСМ?! Деновиве се почесто се слуша името на Радмила Шекеринска како можен кандидат за следен претседател на државата. Според извори на СДСМ таа е еден од најсеризните кандидати, иако сѐ уште не е донесена конечната одлука и не е избрано името на следниот кандидат.

Шекеринска е во политиката уште од нејзината младост, некаде од девдесетите години на минатиот век. Во нејзината политичка кариера се забележани неколку функции - пратеник, министер за евроинтеграции, министер за одбрана, а еден месец беше и в.д. премиер на Македонија. Одреден период беше повлечена далеку од очите на јавноста, но нејзината активација во последниот месец се поврзува со наводно нејзина кандидатура за претседател на државата.

Сѐ уште се споменува и името на Венко Филипче како претендент за кандидат.

20 март е краен рок за официјализирање на претседателските кандидатури. СДСМ најави дека до крајот на месецот ќе ги заврши процедурите за избор на кандидатот за претседател.

https://republika.mk/vesti/makedonija/filipche-najseriozen-kandidat-za-pretsedatel-na-makedonija-strumichkoto-krilo-na-zaev-saka-svoj-chovek-na-chelo-na-drzhavata/

The post Шекеринска кандидат на СДСМ за претседател на Македонија?! appeared first on Република.

]]>

Кој ќе биде идниот претседателски кандидат на СДСМ?! Деновиве се почесто се слуша името на Радмила Шекеринска како можен кандидат за следен претседател на државата. Според извори на СДСМ таа е еден од најсеризните кандидати, иако сѐ уште не е донесена конечната одлука и не е избрано името на следниот кандидат. Шекеринска е во политиката уште од нејзината младост, некаде од девдесетите години на минатиот век. Во нејзината политичка кариера се забележани неколку функции - пратеник, министер за евроинтеграции, министер за одбрана, а еден месец беше и в.д. премиер на Македонија. Одреден период беше повлечена далеку од очите на јавноста, но нејзината активација во последниот месец се поврзува со наводно нејзина кандидатура за претседател на државата. Сѐ уште се споменува и името на Венко Филипче како претендент за кандидат. 20 март е краен рок за официјализирање на претседателските кандидатури. СДСМ најави дека до крајот на месецот ќе ги заврши процедурите за избор на кандидатот за претседател. https://republika.mk/vesti/makedonija/filipche-najseriozen-kandidat-za-pretsedatel-na-makedonija-strumichkoto-krilo-na-zaev-saka-svoj-chovek-na-chelo-na-drzhavata/

The post Шекеринска кандидат на СДСМ за претседател на Македонија?! appeared first on Република.

]]>
Шекеринска го искара Таче: Абе зошто на англиски збориш?! https://republika.mk/vesti/makedonija/shekerinska-go-iskara-tache-abe-zoshto-na-angliski-zborish/ Sat, 10 Feb 2024 19:32:53 +0000 https://republika.mk/?p=742643

Радмила Шеќеринска јавно го искра поранешниот премиер и актуелен лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски зашто зборувал на англиски на панел дискусијата на тема „Прогресивни политики – одговор на предизвиците на земјите од Западен Балкан“ што се одржа во Скопје, во организација на Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје и ПолитикУм – Институт за одржливи и иновативни политики.

Абе зошто на англиски збориш? Не… Се договоривме на македонски – му вели Шеќеринска на Ковачевски.

The post Шекеринска го искара Таче: Абе зошто на англиски збориш?! appeared first on Република.

Бобо „Дајнерс“ со Радмила и ќерката Ада пред Соборниот храм https://republika.mk/vesti/skopje/bobo-dajners-so-radmila-i-kerkata-ada-pred-soborniot-hram/ Sat, 06 Jan 2024 12:38:08 +0000 https://republika.mk/?p=730403

Пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје денеска се одржа централното одбележување на Бадник. Кум оваа година е Божидар Јанковски, сопственик на „Дајнерс“, а здравичар е актерот Анастас Тановски.

Во своето обраќање денеска пред Соборниот храм Јанковски го честита празникот Бадник и порача да имаме разбирање за различностите, за секого во овој град, и да простуваме.

-Како бадникарски кум сакам да ве замолам да покажуваме добрини не само денес, не само на Бадник, туку секој ден во годината. Ве молам да се слушаме, да се гледаме, да се разбираме, да се почитуваме и да си помагаме, порача Јанковски.

Тој потсети дека е попско дете и се чувствува посебен пред овој храм и на овој ден.

-Јас сум попско дете. Мојот дедо бил поп и јас поради тоа се чувствувам посебен денеска пред овој храм и на овој ден. Сигурен сум дека мојот дедо поп Станко и мојата баба попадија Нана би биле денес горди на својот внук. Благодарам на сите за оваа приивлегија која ја имаме денес. Скопје е на сите родени во Скопје, но и на сите кои живеат во него. Таа различност на сите жители на Скопје го прави Скопје метропола. И тоа така засекогаш треба да остане, рече Јанковски.

Тој испрати порака да ги прифатиме добрините и добрите навики на тие што доаѓаат да живеат во Скопје, како и да ги пренесеме нашите добрини и нашите добри навики кон нив. Само така, како што рече, Скопје ќе биде наше.

Здравичарот Анастас Тановски во своето обраќање денеска посака здравје, среќа, светлина и топлина во нашите души и испрати порака да бидеме човечни и хумани.

-Пред некој ден ја испративме старата и ја дочекавме новата година. И еве дојде 6 јануари, денот Бадник кој го најавува утрешниот ден, големиот христијански празник Божиќ- Христовото раѓање. Што да си честитаме и посакаме за овие празници? Пред се, да си посакаме здравје, среќа, да си посакаме светлина и топлина во нашите души, да нема војна, завист и суета меѓу луѓето, да бидеме човечни и хумани, рече Тановски.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во своето обраќање денеска посака оваа година да биде исполнета со здравје, хармонија, мир, среќа, радост.

-Да бидеме кон ближните свои исполнети со сето она кое што би сакале и останатите да го покажат кон нас. Да им покажеме што значи да бидеме солидарни, да бидеме хумани, да покажеме љубов, разбирање и се надевам дека оваа година секој од нас ќе го покаже најдоброто од себе, и она кое го очекувате останатите да го покажат кон вас, рече Арсовска.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски посочи оти му е чест и задоволство што е дел од традиција кој постои 30 години.

-На православните христијани им го честитам Бадникот. Посакувам многу здравје, среќа, берикет, слога, политување и меѓусебно разбирање, рече Герасимовски во своето обраќање пред Соборниот храм

The post Бобо „Дајнерс“ со Радмила и ќерката Ада пред Соборниот храм appeared first on Република.

]]>

Пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје денеска се одржа централното одбележување на Бадник. Кум оваа година е Божидар Јанковски, сопственик на „Дајнерс“, а здравичар е актерот Анастас Тановски. Во своето обраќање денеска пред Соборниот храм Јанковски го честита празникот Бадник и порача да имаме разбирање за различностите, за секого во овој град, и да простуваме.
-Како бадникарски кум сакам да ве замолам да покажуваме добрини не само денес, не само на Бадник, туку секој ден во годината. Ве молам да се слушаме, да се гледаме, да се разбираме, да се почитуваме и да си помагаме, порача Јанковски.
Тој потсети дека е попско дете и се чувствува посебен пред овој храм и на овој ден.
-Јас сум попско дете. Мојот дедо бил поп и јас поради тоа се чувствувам посебен денеска пред овој храм и на овој ден. Сигурен сум дека мојот дедо поп Станко и мојата баба попадија Нана би биле денес горди на својот внук. Благодарам на сите за оваа приивлегија која ја имаме денес. Скопје е на сите родени во Скопје, но и на сите кои живеат во него. Таа различност на сите жители на Скопје го прави Скопје метропола. И тоа така засекогаш треба да остане, рече Јанковски.
Тој испрати порака да ги прифатиме добрините и добрите навики на тие што доаѓаат да живеат во Скопје, како и да ги пренесеме нашите добрини и нашите добри навики кон нив. Само така, како што рече, Скопје ќе биде наше. Здравичарот Анастас Тановски во своето обраќање денеска посака здравје, среќа, светлина и топлина во нашите души и испрати порака да бидеме човечни и хумани.
-Пред некој ден ја испративме старата и ја дочекавме новата година. И еве дојде 6 јануари, денот Бадник кој го најавува утрешниот ден, големиот христијански празник Божиќ- Христовото раѓање. Што да си честитаме и посакаме за овие празници? Пред се, да си посакаме здравје, среќа, да си посакаме светлина и топлина во нашите души, да нема војна, завист и суета меѓу луѓето, да бидеме човечни и хумани, рече Тановски.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во своето обраќање денеска посака оваа година да биде исполнета со здравје, хармонија, мир, среќа, радост. -Да бидеме кон ближните свои исполнети со сето она кое што би сакале и останатите да го покажат кон нас. Да им покажеме што значи да бидеме солидарни, да бидеме хумани, да покажеме љубов, разбирање и се надевам дека оваа година секој од нас ќе го покаже најдоброто од себе, и она кое го очекувате останатите да го покажат кон вас, рече Арсовска. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски посочи оти му е чест и задоволство што е дел од традиција кој постои 30 години. -На православните христијани им го честитам Бадникот. Посакувам многу здравје, среќа, берикет, слога, политување и меѓусебно разбирање, рече Герасимовски во своето обраќање пред Соборниот храм

The post Бобо „Дајнерс“ со Радмила и ќерката Ада пред Соборниот храм appeared first on Република.

]]>
Шекеринска со нова „генијална“ идеја : ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени, а ако Бугарија блокира ќе ја вратиме одлуката https://republika.mk/vesti/makedonija/shekerinska-so-nova-genijalna-ideja-vmro-dpmne-da-glasa-za-ustavni-izmeni-a-ako-bugarija-blokira-ke-ja-vratime-odlukata/ Tue, 01 Aug 2023 12:00:02 +0000 https://republika.mk/?p=667629

Поаранешната вицепремиерка Радмила Шекеринска излезе со предлог како да се натера ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени.

Таа бара владејачките партии можат да излезат со конкретен и јасен предлог во кој ќе повика опозицијата да поддржи промена на Уставо а претходно ќе понудат потпишување договор од страна на сите парламентарни партии со кој истите ќе се обврзат да ја ревидираат уставната измена доколку Бугарија продолжи со блокирањето на процесот“.

„Ова не е многу елегантно решение, но може да заврши работа во смисла на реални политички гаранции дека обете страни ќе имаат интерес проширувањето реално да функционира. Слично како реверзибилноста на ЕУ со Западниот Балкан.  Сакаат да веруваат дека секоја земја ќе се движи напред во поглед на реформите, но имаат и бек-ап план во случај тоа да не биде така - назадувањето во реформите ќе значи и реверзибилност на процесот на проширување со таа земја“

The post Шекеринска со нова „генијална“ идеја : ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени, а ако Бугарија блокира ќе ја вратиме одлуката appeared first on Република.

]]>

Поаранешната вицепремиерка Радмила Шекеринска излезе со предлог како да се натера ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени. Таа бара владејачките партии можат да излезат со конкретен и јасен предлог во кој ќе повика опозицијата да поддржи промена на Уставо а претходно ќе понудат потпишување договор од страна на сите парламентарни партии со кој истите ќе се обврзат да ја ревидираат уставната измена доколку Бугарија продолжи со блокирањето на процесот“.
„Ова не е многу елегантно решение, но може да заврши работа во смисла на реални политички гаранции дека обете страни ќе имаат интерес проширувањето реално да функционира. Слично како реверзибилноста на ЕУ со Западниот Балкан.  Сакаат да веруваат дека секоја земја ќе се движи напред во поглед на реформите, но имаат и бек-ап план во случај тоа да не биде така - назадувањето во реформите ќе значи и реверзибилност на процесот на проширување со таа земја“

The post Шекеринска со нова „генијална“ идеја : ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени, а ако Бугарија блокира ќе ја вратиме одлуката appeared first on Република.

]]>
Шекеринска: Луѓе не размислуваат што би се случило доколку не влезевме во НАТО https://republika.mk/vesti/makedonija/shekerinska-luge-ne-razmisluvaat-shto-bi-se-sluchilo-dokolku-ne-vlezevme-vo-nato/ Thu, 15 Jun 2023 13:06:58 +0000 https://republika.mk/?p=651759

За поместување од статус-кво состојбите секогаш се потребни вистински политичари кои сакаат да пронајдат решение и во таа смисла големата лекција што се извлече од Преспанскиот договор е дека не избираме политичари да служат како скапи огледала, туку политичари кои треба да гледаат во иднината, порача поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска на обраќањето на панелот „Научени лекции и просперитет“ на „Преспа форумот за дијалог“ во Струга.

Денес за Преспанскиот договор никој не вели дека ќе го поништи. Јас не сум видела таков ниту во Cеверна Македонија, ниту во Грција. Тоа е големиот доказ за успехот на Преспанскиот договор. Дури и оние кои што беа строги критичари, сега молчат, рече Шекеринска.

Таа порача дека Преспанскиот договор нè потсети оти миротворците се оние кои што го создаваат мирот, а по јавниот отпор што го имаше во почетокот, сега јавноста може да види дека има придобивки, особено денес кога безбедноста повторно е на дневен ред.

Мислам дека нема многу луѓе кои што размислуваат што би се случило во Cеверна Македонија доколку не обезбедевме место како земја членка на НАТО. Тоа без Преспанскиот договор не беше возможно, истакна поранешната министерка Шекеринска, додавајќи дека за да биде витален Преспанскиот договор, потребен е ЕУ-контекст.

The post Шекеринска: Луѓе не размислуваат што би се случило доколку не влезевме во НАТО appeared first on Република.

„Комсомолката“ по стапките на Никола Димитров: Како Радмила Шекеринска стана „кадар“ на Мицкоски со додадена вредност https://republika.mk/vesti/komsomolkata-po-stapkite-na-nikola-dimitrov-kako-radmila-shekerinska-stana-kadar-na-mitskoski-so-dodadena-vrednost/ Tue, 06 Jun 2023 11:34:20 +0000 https://republika.mk/?p=648419

Поранешната претседателка на сега владејачкиот СДСМ и министерка во неколку негови влади, Радмила Шекеринска, со вчерашниот настап на прославата на годишнината од формирањето на Демократската унија за интеграција во хотелот „Александар палас“, уште еднаш потврди дека во нашата, домашна политика се возможни и невозможни салта мортале, пишува „Пресинг ТВ“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/shekerinska-treba-da-se-razberat-onie-gragani-shto-se-protiv-ustavnite-izmeni-tie-ne-se-protiv-eu-tuku-se-plashat-od-drugi-barana/

Некогашната „комсомолка“, како што на собраниска седница, таму некаде кон крајот на 90-тите години од сега веќе минатиот век, ја именуваше режисерот Столе Попов, тогаш од редовите на Демократска алтернатива, како да тргна по стапките на Никола Димитров. Притоа, идеолошките разлики остануваат на страна. Зашто, Димитров, во улога на реформатор на ВМРО-ДПМНЕ, без никакви проблеми стана министер во владата на СДСМ, предводена од Зоран Заев, а потоа стана и вицепремиер за евроинтеграции.

https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-istata-shekerinska-shto-potpisha-zaednichka-istorija-denes-ni-glumi-zagrizhen-patriot/

Токму за него, екс-министерката за образование и член на најтесното раководство на СДСМ, Мила Царовска, гостувајќи во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, на 7 јули 2020 година, изјави дека е „рециклиран кадар на Груевски (Никола н.з.) со додадена вредност“. Таа претходно, напаѓајќи го Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ, велеше дека високите функционери на партијата се рециклирани кадри на поранешниот премиер на земјава.

Шекеринска вчера говореше за измените на Уставот и вметнувањето на Бугарите во него.

Тезата дека нема алтернатива, според мене, не функционира. Многумина што ја поддржуваат тезата за уставни измени треба да ги разберат и оние граѓани што велат не. Главно се Македонци, но тој број не е за потценување. Најголем број од луѓето што се против уставните измени не се против ЕУ. Не треба да ги убедиме дека ЕУ е важна, некои знаат повеќе и од нас. Тој отпор не доаѓа од отпорот против ЕУ, туку од стравот дека ова не е крај. И тој страв не е нереален. Се плашат дека по тоа, ќе има нови барања, изјави Шеќеринска и додаде дека тие им должат на овие граѓани, притоа потенцирајќи дека „ако молчиме, тогаш и ние сме соучесници“.

Ваквиот став на Шекеринска се совпаѓа со ставот на 80% отсто од етничките Македонци, кои според сите анкети се против уставните промени. Но, што е многу поважно, тој е речиси идентичен и со ставот на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vreme-e-za-pakt-za-natsionalno-i-drzhavno-edinstvo-za-obedinuvane-na-makedonskoto-tkivo-i-blok/

И сега, според логиката на Царовска, нејзината партиска колешка Радмила Шекеринска конвертира во вмро-овски „рециклиран кадар на Мицкоски со додадена вредност“.

Останува дилемата како сега на утрешната лидерска средба премиерот Димитар Ковачевски ќе го убедува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во неисправноста на неговиот став околу уставните измени, кога очигледно истото го мислат и неговите сопартијци и соработници!

Без разлика на сè, Радмила Шекеринска вчера го уништи како меур од сапуница наративот на власта дека противниците на уставните промени се антиевропејци!

Извор: Пресинг ТВ

The post „Комсомолката“ по стапките на Никола Димитров: Како Радмила Шекеринска стана „кадар“ на Мицкоски со додадена вредност appeared first on Република.

]]>

Поранешната претседателка на сега владејачкиот СДСМ и министерка во неколку негови влади, Радмила Шекеринска, со вчерашниот настап на прославата на годишнината од формирањето на Демократската унија за интеграција во хотелот „Александар палас“, уште еднаш потврди дека во нашата, домашна политика се возможни и невозможни салта мортале, пишува „Пресинг ТВ“. https://republika.mk/vesti/makedonija/shekerinska-treba-da-se-razberat-onie-gragani-shto-se-protiv-ustavnite-izmeni-tie-ne-se-protiv-eu-tuku-se-plashat-od-drugi-barana/ Некогашната „комсомолка“, како што на собраниска седница, таму некаде кон крајот на 90-тите години од сега веќе минатиот век, ја именуваше режисерот Столе Попов, тогаш од редовите на Демократска алтернатива, како да тргна по стапките на Никола Димитров. Притоа, идеолошките разлики остануваат на страна. Зашто, Димитров, во улога на реформатор на ВМРО-ДПМНЕ, без никакви проблеми стана министер во владата на СДСМ, предводена од Зоран Заев, а потоа стана и вицепремиер за евроинтеграции. https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-istata-shekerinska-shto-potpisha-zaednichka-istorija-denes-ni-glumi-zagrizhen-patriot/ Токму за него, екс-министерката за образование и член на најтесното раководство на СДСМ, Мила Царовска, гостувајќи во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, на 7 јули 2020 година, изјави дека е „рециклиран кадар на Груевски (Никола н.з.) со додадена вредност“. Таа претходно, напаѓајќи го Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ, велеше дека високите функционери на партијата се рециклирани кадри на поранешниот премиер на земјава. Шекеринска вчера говореше за измените на Уставот и вметнувањето на Бугарите во него.
Тезата дека нема алтернатива, според мене, не функционира. Многумина што ја поддржуваат тезата за уставни измени треба да ги разберат и оние граѓани што велат не. Главно се Македонци, но тој број не е за потценување. Најголем број од луѓето што се против уставните измени не се против ЕУ. Не треба да ги убедиме дека ЕУ е важна, некои знаат повеќе и од нас. Тој отпор не доаѓа од отпорот против ЕУ, туку од стравот дека ова не е крај. И тој страв не е нереален. Се плашат дека по тоа, ќе има нови барања, изјави Шеќеринска и додаде дека тие им должат на овие граѓани, притоа потенцирајќи дека „ако молчиме, тогаш и ние сме соучесници“.
Ваквиот став на Шекеринска се совпаѓа со ставот на 80% отсто од етничките Македонци, кои според сите анкети се против уставните промени. Но, што е многу поважно, тој е речиси идентичен и со ставот на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. https://republika.mk/vesti/makedonija/vreme-e-za-pakt-za-natsionalno-i-drzhavno-edinstvo-za-obedinuvane-na-makedonskoto-tkivo-i-blok/ И сега, според логиката на Царовска, нејзината партиска колешка Радмила Шекеринска конвертира во вмро-овски „рециклиран кадар на Мицкоски со додадена вредност“. Останува дилемата како сега на утрешната лидерска средба премиерот Димитар Ковачевски ќе го убедува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во неисправноста на неговиот став околу уставните измени, кога очигледно истото го мислат и неговите сопартијци и соработници! Без разлика на сè, Радмила Шекеринска вчера го уништи како меур од сапуница наративот на власта дека противниците на уставните промени се антиевропејци! Извор: Пресинг ТВ

The post „Комсомолката“ по стапките на Никола Димитров: Како Радмила Шекеринска стана „кадар“ на Мицкоски со додадена вредност appeared first on Република.

]]>
Николоски: Истата Шекеринска што потпиша заедничка историја денес ни глуми загрижен патриот https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-istata-shekerinska-shto-potpisha-zaednichka-istorija-denes-ni-glumi-zagrizhen-patriot/ Mon, 05 Jun 2023 18:05:10 +0000 https://republika.mk/?p=648182

Шекеринска глуми задоцнет патриот, предавството ќе ви тежи цел живот!, обвини денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, по говорот на поранешната вицепремиерка Радмила Шекеринска на прославата за 21 година постоење на ДУИ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/shekerinska-treba-da-se-razberat-onie-gragani-shto-se-protiv-ustavnite-izmeni-tie-ne-se-protiv-eu-tuku-se-plashat-od-drugi-barana/

Ја гледам денес Радмила Шекеринска како глуми задоцнет патриот па вели да се имало разбирање за луѓето што се против промена на Уставот со цел влез на Бугарите во него.

Истата Шекеринска што беше втор човек на СДСМ и на Владата кога се потпиша Договорот со Бугарија со кој прифатија дека Македонскиот и Бугарскиот народ имаат ЗАЕДНИЧКА историја, а немаат! Истата која прифати промена на име и гордо се сликаше во Нивици. И истата која според многумина ги влече конците од позади сцена во СДСМ и со која Димитар Ковечевски се консултира за секоја покрупна одлука. Таа Шекеринска продава задоцнет патриотизам. Извинете ама не поминува. Како што Ви кажав на еден од нашите дуели кога го менувавте името на Македонија - ПРЕДАВСТВОТО ЌЕ ВИ ТЕЖИ ЦЕЛ ЖИВОТ!

И тогаш како и сега најголема нервоза ви е што не можете да го седнете ВМРО ДПМНЕ да го подржи предавството! За овој договор кој значи капитулација на Македонија ние сме на РАЗЛИЧНИ СТРАНИ и НИКОГАШ НЕМА ДА СМЕ НА ИСТА СТРАНА, ПО НИЕДНА ЦЕНА!, порача Николоски, споделувајќи и линк од најважните моменти од нивниот дуел во 2018 година.

The post Николоски: Истата Шекеринска што потпиша заедничка историја денес ни глуми загрижен патриот appeared first on Република.

]]>

Шекеринска глуми задоцнет патриот, предавството ќе ви тежи цел живот!, обвини денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, по говорот на поранешната вицепремиерка Радмила Шекеринска на прославата за 21 година постоење на ДУИ. https://republika.mk/vesti/makedonija/shekerinska-treba-da-se-razberat-onie-gragani-shto-se-protiv-ustavnite-izmeni-tie-ne-se-protiv-eu-tuku-se-plashat-od-drugi-barana/
Ја гледам денес Радмила Шекеринска како глуми задоцнет патриот па вели да се имало разбирање за луѓето што се против промена на Уставот со цел влез на Бугарите во него. Истата Шекеринска што беше втор човек на СДСМ и на Владата кога се потпиша Договорот со Бугарија со кој прифатија дека Македонскиот и Бугарскиот народ имаат ЗАЕДНИЧКА историја, а немаат! Истата која прифати промена на име и гордо се сликаше во Нивици. И истата која според многумина ги влече конците од позади сцена во СДСМ и со која Димитар Ковечевски се консултира за секоја покрупна одлука. Таа Шекеринска продава задоцнет патриотизам. Извинете ама не поминува. Како што Ви кажав на еден од нашите дуели кога го менувавте името на Македонија - ПРЕДАВСТВОТО ЌЕ ВИ ТЕЖИ ЦЕЛ ЖИВОТ! И тогаш како и сега најголема нервоза ви е што не можете да го седнете ВМРО ДПМНЕ да го подржи предавството! За овој договор кој значи капитулација на Македонија ние сме на РАЗЛИЧНИ СТРАНИ и НИКОГАШ НЕМА ДА СМЕ НА ИСТА СТРАНА, ПО НИЕДНА ЦЕНА!, порача Николоски, споделувајќи и линк од најважните моменти од нивниот дуел во 2018 година.

The post Николоски: Истата Шекеринска што потпиша заедничка историја денес ни глуми загрижен патриот appeared first on Република.

]]>
Шекеринска: Треба да се разберат оние граѓани што се против уставните измени, тие не се против ЕУ, туку се плашат од други барања https://republika.mk/vesti/makedonija/shekerinska-treba-da-se-razberat-onie-gragani-shto-se-protiv-ustavnite-izmeni-tie-ne-se-protiv-eu-tuku-se-plashat-od-drugi-barana/ Mon, 05 Jun 2023 11:57:23 +0000 https://republika.mk/?p=648042

Поранешната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, смета дека треба да се разберат оние граѓани што се против уставните измени. Според неа, тие не се против ЕУ, туку се плашат од тоа дека ќе има и други барања.

„Тезата дека нема алтернатива, според мене, не функционира. Многумина што ја поддржуваат тезата за уставни измени треба да ги разберат и оние граѓани што велат не. Главно се Македонци, но тој број не е за потценување. Најголем број од луѓето што се против уставните измени не се против ЕУ. Не треба да ги убедиме дека ЕУ е важна, некои знаат повеќе и од нас. Тој отпор не доаѓа од отпорот против ЕУ, туку од стравот дека ова не е крај. И тој страв не е нереален. Се плашат дека по тоа, ќе има нови барања“, вели Шеќеринска и додаде дека тие им должат на овие граѓани. „Ако молчиме, тогаш и ние сме соучесници“, предупреди таа.

Според Шекеринска, војната во Украина ја сменила геополитичката карта за проширување на ЕУ.

По толку години, избира да биде оптимист, но сепак смета дека многу е потешко за малите држави, кои, како што вели, мора да знаат да ја читаат геополитичката карта.

„Кога големи држави прават стратешки грешки, тоа е грешка и има цена, но кога мали држави прават грешки, тоа е катастрофа. Сите анализи покажуваат дека летоска нѐ очекува многу тешко лето. Во најдобро сценарио, влегуваме во продолжен период на геополитички ривалитет. Треба да знаеме кај сме. Според мене, фер е да ги поставиме отворено прашањата. Дали вистински е возможно дека војната во Украина ја смени геополитичката карта, па сега има поголем апетит за проширување? Одговорот е да“, рече Шеќеринска.

Шекеринска зборуваше на дебатата „Европски фронт“, организирана по повод годишнината на ДУИ во хотелот „Александар палас“ во Скопје.

The post Шекеринска: Треба да се разберат оние граѓани што се против уставните измени, тие не се против ЕУ, туку се плашат од други барања appeared first on Република.

]]>

Поранешната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, смета дека треба да се разберат оние граѓани што се против уставните измени. Според неа, тие не се против ЕУ, туку се плашат од тоа дека ќе има и други барања.
„Тезата дека нема алтернатива, според мене, не функционира. Многумина што ја поддржуваат тезата за уставни измени треба да ги разберат и оние граѓани што велат не. Главно се Македонци, но тој број не е за потценување. Најголем број од луѓето што се против уставните измени не се против ЕУ. Не треба да ги убедиме дека ЕУ е важна, некои знаат повеќе и од нас. Тој отпор не доаѓа од отпорот против ЕУ, туку од стравот дека ова не е крај. И тој страв не е нереален. Се плашат дека по тоа, ќе има нови барања“, вели Шеќеринска и додаде дека тие им должат на овие граѓани. „Ако молчиме, тогаш и ние сме соучесници“, предупреди таа. Според Шекеринска, војната во Украина ја сменила геополитичката карта за проширување на ЕУ. По толку години, избира да биде оптимист, но сепак смета дека многу е потешко за малите држави, кои, како што вели, мора да знаат да ја читаат геополитичката карта. „Кога големи држави прават стратешки грешки, тоа е грешка и има цена, но кога мали држави прават грешки, тоа е катастрофа. Сите анализи покажуваат дека летоска нѐ очекува многу тешко лето. Во најдобро сценарио, влегуваме во продолжен период на геополитички ривалитет. Треба да знаеме кај сме. Според мене, фер е да ги поставиме отворено прашањата. Дали вистински е возможно дека војната во Украина ја смени геополитичката карта, па сега има поголем апетит за проширување? Одговорот е да“, рече Шеќеринска. Шекеринска зборуваше на дебатата „Европски фронт“, организирана по повод годишнината на ДУИ во хотелот „Александар палас“ во Скопје.

The post Шекеринска: Треба да се разберат оние граѓани што се против уставните измени, тие не се против ЕУ, туку се плашат од други барања appeared first on Република.

]]>
Радмила е вистински избор: Ковачевски со честитката до Шекеринска за нејзината нова функција https://republika.mk/vesti/makedonija/radmila-e-vistinski-izbor-kovachevski-so-chestitkata-do-shekerinska-za-nejzinata-nova-funkcija/ Sat, 15 Oct 2022 10:58:41 +0000 https://republika.mk/?p=561429

Премиерот Димитар Ковачевски преку својот Фејсбук профил упати честитка до Радмила Шекеринска за нејзиниот избор за потпретседател на Партијата на европските социјалисти (ПЕС).

Честитки Радмила! Изборот за потпретседател на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) е голем успех и убава вест за земјата и за сите македонски социјалдемократи! Особено што ова е прв пат ПЕС да избере на таа позиција – потпретседател, личност која доаѓа од земја која сѐ уште не е полноправна членка на ЕУ! Благодарност до ПЕС за поддршката и за одлуката! Радмила Шекеринска е вистинскиот избор! – напиша на ФБ премиерот Ковачевски.

The post Радмила е вистински избор: Ковачевски со честитката до Шекеринска за нејзината нова функција appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски преку својот Фејсбук профил упати честитка до Радмила Шекеринска за нејзиниот избор за потпретседател на Партијата на европските социјалисти (ПЕС). Честитки Радмила! Изборот за потпретседател на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) е голем успех и убава вест за земјата и за сите македонски социјалдемократи! Особено што ова е прв пат ПЕС да избере на таа позиција – потпретседател, личност која доаѓа од земја која сѐ уште не е полноправна членка на ЕУ! Благодарност до ПЕС за поддршката и за одлуката! Радмила Шекеринска е вистинскиот избор! – напиша на ФБ премиерот Ковачевски.  

The post Радмила е вистински избор: Ковачевски со честитката до Шекеринска за нејзината нова функција appeared first on Република.

]]>
Шекеринска се враќа на голема врата – избрана е за потпретседателка на европските социјалисти https://republika.mk/vesti/makedonija/shekerinska-se-vrakja-na-golema-vrata-izbrana-e-za-potpretsedatelka-na-evropskite-socijalisti/ Sat, 15 Oct 2022 10:46:36 +0000 https://republika.mk/?p=561425

На конгресот на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) Радмила Шекеринска, истакнат член на СДСМ, е избрана за потпретседателка на ПЕС.

„Честа е дотолку поголема што ова е првпат ПЕС да избере на таа позиција личност која доаѓа од земја која не е членка на Европската Унија. Благодарност до новиот претседател Стефан Лвен, кој го даде предлогот и до сите мои колеги кои го поддржаа“, напиша Шекеринска на својот фесјбук-профил.

Лани во декември тогашната министерката за одбрана Радмила Шекеринска се повлече од Владата поради несогласување со дел од политиките во СДСМ.

Таа сооопшти дека се повлекува од министерската позиција поради принципиелни причини и нема да учествува во составувањето на новиот владин кабинет со кој, по повлекувањето на Зоран Заев, ќе управува новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски.

The post Шекеринска се враќа на голема врата – избрана е за потпретседателка на европските социјалисти appeared first on Република.

]]>

На конгресот на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) Радмила Шекеринска, истакнат член на СДСМ, е избрана за потпретседателка на ПЕС. „Честа е дотолку поголема што ова е првпат ПЕС да избере на таа позиција личност која доаѓа од земја која не е членка на Европската Унија. Благодарност до новиот претседател Стефан Лвен, кој го даде предлогот и до сите мои колеги кои го поддржаа“, напиша Шекеринска на својот фесјбук-профил. Лани во декември тогашната министерката за одбрана Радмила Шекеринска се повлече од Владата поради несогласување со дел од политиките во СДСМ. Таа сооопшти дека се повлекува од министерската позиција поради принципиелни причини и нема да учествува во составувањето на новиот владин кабинет со кој, по повлекувањето на Зоран Заев, ќе управува новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски.

The post Шекеринска се враќа на голема врата – избрана е за потпретседателка на европските социјалисти appeared first on Република.

]]>
Радмила Шекеринска наполни 50 години https://republika.mk/vesti/makedonija/radmila-shekerinska-napolni-50-godini/ Fri, 10 Jun 2022 21:39:16 +0000 https://republika.mk/?p=513706

Поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска наполни 50 години.

Шекеринска не ги крие годините, напротив, вели дека се прекрасен подарок, а најмалку од се само бројка.

Колку пати сте го чуле она “Годините се само бројка”? Никогаш не ми се допаѓала таа теза. Само бројка? Не.
За мене годините се многу бројки: бројот на родендени, но и бројот на прекрасни денови, сумата на сите тажни мигови, збирот на сите победи и порази, интензитетот на најголемата радост и длабочината на најголемото разочарување, секое воодушевувачко изгрејсонце и спектакуларен залез, избројаните секунди на среќа без повод, просекот на насмевки и солзи… и морето пријателства, убави желби, грижи и љубов.
Ви благодарам што денес тоа море и тие бројки ги подигнавте до небеса… и простете ако не стигнам на сите да одговорам.
Единствено што посакувам е во вторите 50 (скромно, нели 😉) да бидеме здрави, среќни и “на купче”.
Со сите вас, годините се прекрасен подарок! 

The post Радмила Шекеринска наполни 50 години appeared first on Република.

]]>

Поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска наполни 50 години. Шекеринска не ги крие годините, напротив, вели дека се прекрасен подарок, а најмалку од се само бројка.
Колку пати сте го чуле она “Годините се само бројка”? Никогаш не ми се допаѓала таа теза. Само бројка? Не. За мене годините се многу бројки: бројот на родендени, но и бројот на прекрасни денови, сумата на сите тажни мигови, збирот на сите победи и порази, интензитетот на најголемата радост и длабочината на најголемото разочарување, секое воодушевувачко изгрејсонце и спектакуларен залез, избројаните секунди на среќа без повод, просекот на насмевки и солзи… и морето пријателства, убави желби, грижи и љубов. Ви благодарам што денес тоа море и тие бројки ги подигнавте до небеса… и простете ако не стигнам на сите да одговорам. Единствено што посакувам е во вторите 50 (скромно, нели 😉) да бидеме здрави, среќни и “на купче”. Со сите вас, годините се прекрасен подарок! 

The post Радмила Шекеринска наполни 50 години appeared first on Република.

]]>
Лукаревска: Во СДСМ нема струи, комуницирам со Заев и Шекеринска https://republika.mk/vesti/makedonija/lukarevska-vo-sdsm-nema-strui-komuniciram-so-zaev-i-shekerinska/ Thu, 09 Jun 2022 21:18:23 +0000 https://republika.mk/?p=513379

Потпреседателката на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска вечерва изјави дека е „вечно прашање и вечна дилема“ дали има различни струи во СДСМ.

-Јас сум долго време во СДСМ, може пократко во раководството, но одговорно кажувам дека не постојат струи. Имам комуникација со Заев, но не само јас, туку и сите членови и раководството на партијата. Исто така имам комуникација со Шекеринска. Секој пат сакам да се слушнам и консултирам. Има разлика на младост и искуство, рече Лукаревска.

Околу датумот за нови парламентарни избори, Лукаревска го повтори ставот на премиерот Димитар Ковачевски дека ќе бидат во 2024 година.

-Исто така и коалицискиот партнер Ахмети кажа дека избори ќе има во 2024 година. Имаме конзистентен став во тој поглед. Тогаш е најсоодветно, истакна потпретседателката на СДСМ во емисијата „Клик плус“.

The post Лукаревска: Во СДСМ нема струи, комуницирам со Заев и Шекеринска appeared first on Република.

]]>

Потпреседателката на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска вечерва изјави дека е „вечно прашање и вечна дилема“ дали има различни струи во СДСМ. -Јас сум долго време во СДСМ, може пократко во раководството, но одговорно кажувам дека не постојат струи. Имам комуникација со Заев, но не само јас, туку и сите членови и раководството на партијата. Исто така имам комуникација со Шекеринска. Секој пат сакам да се слушнам и консултирам. Има разлика на младост и искуство, рече Лукаревска. Околу датумот за нови парламентарни избори, Лукаревска го повтори ставот на премиерот Димитар Ковачевски дека ќе бидат во 2024 година. -Исто така и коалицискиот партнер Ахмети кажа дека избори ќе има во 2024 година. Имаме конзистентен став во тој поглед. Тогаш е најсоодветно, истакна потпретседателката на СДСМ во емисијата „Клик плус“.

The post Лукаревска: Во СДСМ нема струи, комуницирам со Заев и Шекеринска appeared first on Република.

]]>
И Царовска и Шекеринска поднеле барање за апанажа https://republika.mk/vesti/makedonija/i-carovska-i-shekerinska-podnele-baranje-za-apanaza/ Fri, 21 Jan 2022 14:37:12 +0000 https://republika.mk/?p=447821

Поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска и поранешната министерка за образование Мила Царовска официјално поднеле барање за апанажа до собраниската Комисија за именување, информираат од собраниската служба.

Доколку барањето им биде прифатено, двете поранешни министерки во следните девет месеци ќе добиваат надомест од државата во износ од платата што ја добивале додека биле на функција.

Претходно, како што информираше собраниската служба, барања за апанажа поднеле и поранешниот министер за земјоделство Аријанит Хоџа, поранешниот вицепремиер за европски прашања Никола Димитров и поранешниот заменик-министер за култура Седет Сулејмани.

Од правото на апанажа се откажаа поранешната министерка за култура Ирена Стефоска, поранешната министерка за труд и социјала Јагода Шахпаска, поранешниот министер за здравство Венко Филипче, како и поранешниот премиер Зоран Заев.

The post И Царовска и Шекеринска поднеле барање за апанажа appeared first on Република.

]]>

Поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска и поранешната министерка за образование Мила Царовска официјално поднеле барање за апанажа до собраниската Комисија за именување, информираат од собраниската служба. Доколку барањето им биде прифатено, двете поранешни министерки во следните девет месеци ќе добиваат надомест од државата во износ од платата што ја добивале додека биле на функција. Претходно, како што информираше собраниската служба, барања за апанажа поднеле и поранешниот министер за земјоделство Аријанит Хоџа, поранешниот вицепремиер за европски прашања Никола Димитров и поранешниот заменик-министер за култура Седет Сулејмани. Од правото на апанажа се откажаа поранешната министерка за култура Ирена Стефоска, поранешната министерка за труд и социјала Јагода Шахпаска, поранешниот министер за здравство Венко Филипче, како и поранешниот премиер Зоран Заев.  

The post И Царовска и Шекеринска поднеле барање за апанажа appeared first on Република.

]]>
Петровска ја презеде функцијата од Шекеринска: Во мене гледате сојузник, заедно ќе ги надминуваме сите предизвици https://republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-ja-prezede-funkcijata-od-shekerinska-vo-mene-gledate-sojuznik-zaedno-kje-gi-nadminuvame-site-predizvici/ Mon, 17 Jan 2022 11:22:38 +0000 https://republika.mk/?p=445759

Почитувани припадници на Армијата и на МО во мене гледате сојузник со кој заедно ќе ги надминуваме сите предизвици. Сите ние заедно пред се почитувајќи се меѓу себе сме дел од еден заеднички тим, тим наречен Република Македонија.  Денес ја преземам функцијата министер за одбрана во едни многу поинакви општествено-политички околности отколку оние што беа во 2017 година. Денес нашата татковина е земја членка на НАТО и тоа не се случи само по себе. Требаше многу труд, посветеност и политичка пожртвуваност за сето ова да стане реалност.

Ова е пораката од министерка за одбрана Славјанка Петровска по денешното примопредавањето на функцијата од Радмила Шекеринска, сега веќе поранешна минситерка за одбрана.

Таа и се заблагодари на Шекеринска и на сите оние, како што рече, кои одлучиле и по цена да бидат критикувани и осудувани да донесат визионерски одлуки чии придобивки се во интерес на граѓаните. Членството во НАТО, истакна Петровска, е признание за вашата работа и еден од најважните делови во поновата македонска историја.  Но, подвлече, членството во НАТО не е само признание на политичките процеси кои се случуваа, туку и на подготвеноста на нашата Армија да ги прифати НАТО-стандардите и принципите на дејствување и постапување на Алијансата.

Свесна за досегашниот влог целосно почитувајќи ги резултатите од реформите и постигнатиот напредок пред мене стои сериозен предизвик – да го сочувам она што досега е постигнато и истовремено да бидам политички двигател во процесите кои ни претстојат. Тоа е мојата обврска кон граѓаните, кон припадниците на Армијата, кон принципите на кои се заснова нашето членство во НАТО, потенцира во обраќањето министерката Петровска.

Најави дека започнатите процеси ќе продолжат со уште поинтензивна динамика, а еден од најважните приоритети во текот на нејзиниот мандат ќе биде одржувањето на стабилно финансирање на одбраната и достигнување на два проценти од БДП за одбранбениот буџет до 2024 година. Како приоритет го наведе и донесувањето на законот за службеници во одбраната со кој ќе се обезбеди фер и достоинствен третман на администрацијата во одбраната, нивниот статус, права и обврски.

Нема силна одбрана без модерна армија.  И токму затоа, ќе продолжат да се имплементираат проектите за опремување и модернизација на Армијата. Нема силна одбрана без задоволни и згрижени припадници на Армијата. За таа цел ќе продолжам да водам сметка за подобрување на условите за работа и животниот стандард на воениот и цивилниот персонал на Армијата, најави новата министерка за одбрана.

Наведе дека ќе продолжи и подобрувањето и обновата на инфраструктурата на воените објекти, како и реновирањето на објекти со имплементација на обновливи извори на енергија и секако ќе продолжи инвестирањето во развојот на армискиот полигон Криволак кој е вреден домашен, но и НАТО-ресурс.

Како што посочи, ќе го одржува високото ниво на транспарентност и интегритет во работеното на МО, притоа водејќи сметка за правична затапеност со што ќе го негуваме мултиетничкиот карактер на нашата земја, а ќе продолжиме и со имплементација на правилни родови и политики грижејќи се и унапредувајќи ја положбата на жените во Армијата и Министерството.

Според неа, мора да се засили и борбата против разните видови на хибридни и кибер закани, за што ќе се вложува многу повеќе во опрема, но и во експерти за кибер одбрана. Развивајќи го Центарот за справување со лажни вести и дезинформации и односи со јавност, најави, ќе настојуваме поуспешно да се справуваме и со овој тип на хибридните закани.

Во обраќањето потенцира дека се продолжува и со учество во меѓународните мировни операции и мисии кои од оваа година ќе се збогатат и со нашиот придонес во НАТО мисијата во Ирак и НАТО мисијата зајакнато истурено присуство во борбената група предводена од Канада во Летонија.

Ја имав честа да и служам на нашата татковина во законодавната и во извршната власт. Горда сум што бев дел од историските успеси кои ги постигнавме заедно и здружени, рече во обраќањето Радмила Шекеринска, при примопредавањето на функцијата министерка за одбрана.

Покажавме, нагласи, дека имаме капацитет да рушиме бариери и да постигнуваме големи нешта. рече Шекеринска.

Оваа институција и претходно имаше силен корен, но ви благодарам што заедно и дадовме крилја, рече таа.

Обраќајќи им се на војниците, подофицерите и офицери, припадници на АРСМ, Шекеринска им порача дека нивната искреност, чесност, професионалност ја  импресионирале и мотивираше да биде и таа секој ден подобра.

Лидерството за мене, истакна таа, никогаш не било прашање на функција, на привилегија, на статус или позиција, туку исклучиво акција, одлуки, преземање одговорност и личен пример.

Шекеринска истакна дека првиот совет што го добила од претставници и делегација од НАТО бил единствениот кој досега не го почитувала, а и рекле – менаџирајте ги вашите и очекувањата на граѓаните.

Не ги менаџиравме очекувањата, туку ги подигнувавме, а потоа заедно ги надминувавме. Убедена сум дека во тоа ќе продолжите. Убедена сум дека резултатите ќе продолжат да следат и тоа ќе биде и моја лична сатисфакција дека системот којшто го поставувавме продолжи да расте. Отсекогаш знаев и дека ни е многу важна слободата и дека заедно се изборивме за неа во неколку наврати, порача Шекеринска.

The post Петровска ја презеде функцијата од Шекеринска: Во мене гледате сојузник, заедно ќе ги надминуваме сите предизвици appeared first on Република.

]]>

Почитувани припадници на Армијата и на МО во мене гледате сојузник со кој заедно ќе ги надминуваме сите предизвици. Сите ние заедно пред се почитувајќи се меѓу себе сме дел од еден заеднички тим, тим наречен Република Македонија.  Денес ја преземам функцијата министер за одбрана во едни многу поинакви општествено-политички околности отколку оние што беа во 2017 година. Денес нашата татковина е земја членка на НАТО и тоа не се случи само по себе. Требаше многу труд, посветеност и политичка пожртвуваност за сето ова да стане реалност. Ова е пораката од министерка за одбрана Славјанка Петровска по денешното примопредавањето на функцијата од Радмила Шекеринска, сега веќе поранешна минситерка за одбрана. Таа и се заблагодари на Шекеринска и на сите оние, како што рече, кои одлучиле и по цена да бидат критикувани и осудувани да донесат визионерски одлуки чии придобивки се во интерес на граѓаните. Членството во НАТО, истакна Петровска, е признание за вашата работа и еден од најважните делови во поновата македонска историја.  Но, подвлече, членството во НАТО не е само признание на политичките процеси кои се случуваа, туку и на подготвеноста на нашата Армија да ги прифати НАТО-стандардите и принципите на дејствување и постапување на Алијансата.
Свесна за досегашниот влог целосно почитувајќи ги резултатите од реформите и постигнатиот напредок пред мене стои сериозен предизвик – да го сочувам она што досега е постигнато и истовремено да бидам политички двигател во процесите кои ни претстојат. Тоа е мојата обврска кон граѓаните, кон припадниците на Армијата, кон принципите на кои се заснова нашето членство во НАТО, потенцира во обраќањето министерката Петровска.
Најави дека започнатите процеси ќе продолжат со уште поинтензивна динамика, а еден од најважните приоритети во текот на нејзиниот мандат ќе биде одржувањето на стабилно финансирање на одбраната и достигнување на два проценти од БДП за одбранбениот буџет до 2024 година. Како приоритет го наведе и донесувањето на законот за службеници во одбраната со кој ќе се обезбеди фер и достоинствен третман на администрацијата во одбраната, нивниот статус, права и обврски.
Нема силна одбрана без модерна армија.  И токму затоа, ќе продолжат да се имплементираат проектите за опремување и модернизација на Армијата. Нема силна одбрана без задоволни и згрижени припадници на Армијата. За таа цел ќе продолжам да водам сметка за подобрување на условите за работа и животниот стандард на воениот и цивилниот персонал на Армијата, најави новата министерка за одбрана.
Наведе дека ќе продолжи и подобрувањето и обновата на инфраструктурата на воените објекти, како и реновирањето на објекти со имплементација на обновливи извори на енергија и секако ќе продолжи инвестирањето во развојот на армискиот полигон Криволак кој е вреден домашен, но и НАТО-ресурс. Како што посочи, ќе го одржува високото ниво на транспарентност и интегритет во работеното на МО, притоа водејќи сметка за правична затапеност со што ќе го негуваме мултиетничкиот карактер на нашата земја, а ќе продолжиме и со имплементација на правилни родови и политики грижејќи се и унапредувајќи ја положбата на жените во Армијата и Министерството. Според неа, мора да се засили и борбата против разните видови на хибридни и кибер закани, за што ќе се вложува многу повеќе во опрема, но и во експерти за кибер одбрана. Развивајќи го Центарот за справување со лажни вести и дезинформации и односи со јавност, најави, ќе настојуваме поуспешно да се справуваме и со овој тип на хибридните закани. Во обраќањето потенцира дека се продолжува и со учество во меѓународните мировни операции и мисии кои од оваа година ќе се збогатат и со нашиот придонес во НАТО мисијата во Ирак и НАТО мисијата зајакнато истурено присуство во борбената група предводена од Канада во Летонија.
Ја имав честа да и служам на нашата татковина во законодавната и во извршната власт. Горда сум што бев дел од историските успеси кои ги постигнавме заедно и здружени, рече во обраќањето Радмила Шекеринска, при примопредавањето на функцијата министерка за одбрана.
Покажавме, нагласи, дека имаме капацитет да рушиме бариери и да постигнуваме големи нешта. рече Шекеринска.
Оваа институција и претходно имаше силен корен, но ви благодарам што заедно и дадовме крилја, рече таа.
Обраќајќи им се на војниците, подофицерите и офицери, припадници на АРСМ, Шекеринска им порача дека нивната искреност, чесност, професионалност ја  импресионирале и мотивираше да биде и таа секој ден подобра. Лидерството за мене, истакна таа, никогаш не било прашање на функција, на привилегија, на статус или позиција, туку исклучиво акција, одлуки, преземање одговорност и личен пример. Шекеринска истакна дека првиот совет што го добила од претставници и делегација од НАТО бил единствениот кој досега не го почитувала, а и рекле – менаџирајте ги вашите и очекувањата на граѓаните.
Не ги менаџиравме очекувањата, туку ги подигнувавме, а потоа заедно ги надминувавме. Убедена сум дека во тоа ќе продолжите. Убедена сум дека резултатите ќе продолжат да следат и тоа ќе биде и моја лична сатисфакција дека системот којшто го поставувавме продолжи да расте. Отсекогаш знаев и дека ни е многу важна слободата и дека заедно се изборивме за неа во неколку наврати, порача Шекеринска.

The post Петровска ја презеде функцијата од Шекеринска: Во мене гледате сојузник, заедно ќе ги надминуваме сите предизвици appeared first on Република.

]]>
Брнз ѝ подари американско знаме на Шекеринска: Двете држави испишаа историја https://republika.mk/vesti/makedonija/brnz-podari-amerikansko-zname-na-shekerinska-dvete-drzavi-ispishaa-istorija/ Wed, 12 Jan 2022 11:37:40 +0000 https://republika.mk/?p=443668

Американската амбасадорка Кејт Мери Брнз денеска и предаде американско знаме на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, како знак на заслуги за одбранбената соработка меѓу Македонија и САД, на церемонија во Скопје што започна со интонирање на химните на двете земји.

Шекеринска е првиот наш министер на кој му е врачено американско знаме како симбол и признание за одличната соработка и зајакнато партнерство и сојузништво со САД.

Благодарение на вашата визија и влијание, Армијата брзо се модернизираше и се движеше напред во целосна НАТО интеграција. Како најнов член на Алијансата, вашата земја веќе е значителен придонесувач кон стабилноста и безбедноста. Под вашето лидерство, двете земји дополнително ја продлабочија меѓусебната соработка како никогаш досега во 28-годишната соработка во одбраната на двете земји, што најдобро ја потврдува развојот на „Криволак“ во најдобра тренинг зона во Европа, истакна амбасадорката Брнз.

Прифатете го ова знаме, што се вееше над Амбасадата на САД во Скопје, рече Брнз, како симбол на наша благодарност и пријателство.

Министерката Шекеринска изрази задоволство што заедно двете држави испишале историја и покажале дека географската оддалеченост од неколку илјади километри може да се претвори во блискост и да се споделуваат исти вредности.

Вредности кои и во овие моменти се на тест. Заедно стоиме на страната на демократијата, правото на избор, мирот и стабилноста во пошироката евроатланска област, каде токму сега еден друг, и на двете земји пријателски народ, бие битка за политичка слобода, да ја определи својата иднина, рече Шекеринска.

Зад денешниот чин и заедничкото пријателство и сојузништво, како што посочи министерката, стојат повеќе од 41-заеднички изведена вежба со приближно пет илјади припадници на нашата и повеќе од три илјади припадници на Армијата на САД, 100-тина школувања и обуки, заедничките планови и видливите резултати во Криволак, проектите за модернизација на Вооружените сили.

За министер за одбрана не постои поголема награда од тоа да работиш и да учествуваш во двата историски резултати од последните две пандемиски години – членството во НАТО во 2020 година и целосна воена интеграција со Алијансата во 2021 година. Овие успеси се наша национална гордост, но тие имаат силен печат од нашиот сојузник и зад нив стои силна американска поддршка и помош. Благодарам што останавме со нас и покрај нас, благодарам што верувавте и кога ние ја губевме вербата, благодарам што постојано дававте поддршка на Министерството, Армијата и на нашата држава, нагласи Шекеринска, изразувајќи уверување дека соработката ќе продолжи и во иднина.

Знамето што денеска и беше врачено на Шекеринска, како и македонското знаме што пред една година го добила од колегите во НАТО, како што рече, ќе сведочат за „искушенијата низ кои поминавме, но и за заедничкиот историски резултат кој е постигнат“

The post Брнз ѝ подари американско знаме на Шекеринска: Двете држави испишаа историја appeared first on Република.

]]>

Американската амбасадорка Кејт Мери Брнз денеска и предаде американско знаме на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, како знак на заслуги за одбранбената соработка меѓу Македонија и САД, на церемонија во Скопје што започна со интонирање на химните на двете земји. Шекеринска е првиот наш министер на кој му е врачено американско знаме како симбол и признание за одличната соработка и зајакнато партнерство и сојузништво со САД.
Благодарение на вашата визија и влијание, Армијата брзо се модернизираше и се движеше напред во целосна НАТО интеграција. Како најнов член на Алијансата, вашата земја веќе е значителен придонесувач кон стабилноста и безбедноста. Под вашето лидерство, двете земји дополнително ја продлабочија меѓусебната соработка како никогаш досега во 28-годишната соработка во одбраната на двете земји, што најдобро ја потврдува развојот на „Криволак“ во најдобра тренинг зона во Европа, истакна амбасадорката Брнз.
Прифатете го ова знаме, што се вееше над Амбасадата на САД во Скопје, рече Брнз, како симбол на наша благодарност и пријателство. Министерката Шекеринска изрази задоволство што заедно двете држави испишале историја и покажале дека географската оддалеченост од неколку илјади километри може да се претвори во блискост и да се споделуваат исти вредности.
Вредности кои и во овие моменти се на тест. Заедно стоиме на страната на демократијата, правото на избор, мирот и стабилноста во пошироката евроатланска област, каде токму сега еден друг, и на двете земји пријателски народ, бие битка за политичка слобода, да ја определи својата иднина, рече Шекеринска.
Зад денешниот чин и заедничкото пријателство и сојузништво, како што посочи министерката, стојат повеќе од 41-заеднички изведена вежба со приближно пет илјади припадници на нашата и повеќе од три илјади припадници на Армијата на САД, 100-тина школувања и обуки, заедничките планови и видливите резултати во Криволак, проектите за модернизација на Вооружените сили.
За министер за одбрана не постои поголема награда од тоа да работиш и да учествуваш во двата историски резултати од последните две пандемиски години – членството во НАТО во 2020 година и целосна воена интеграција со Алијансата во 2021 година. Овие успеси се наша национална гордост, но тие имаат силен печат од нашиот сојузник и зад нив стои силна американска поддршка и помош. Благодарам што останавме со нас и покрај нас, благодарам што верувавте и кога ние ја губевме вербата, благодарам што постојано дававте поддршка на Министерството, Армијата и на нашата држава, нагласи Шекеринска, изразувајќи уверување дека соработката ќе продолжи и во иднина.
Знамето што денеска и беше врачено на Шекеринска, како и македонското знаме што пред една година го добила од колегите во НАТО, како што рече, ќе сведочат за „искушенијата низ кои поминавме, но и за заедничкиот историски резултат кој е постигнат“

The post Брнз ѝ подари американско знаме на Шекеринска: Двете држави испишаа историја appeared first on Република.

]]>
Aмбасадорката Брнз ќе и предаде американско знаме на Шекеринска https://republika.mk/vesti/makedonija/ambasadorkata-brnz-kje-i-predade-amerikansko-zname-na-shekerinska/ Wed, 12 Jan 2022 07:29:20 +0000 https://republika.mk/?p=443470

Амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз денеска на министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе и го предаде американското знаме како знак на заслуги за одбранбената соработка меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави.

– Доделувањето на американското знаме кое се вееше на зградата на амбасадата на САД во Скопје претставува симбол на исклучителните достигнувања во одбранбената соработка и односите меѓу двете земји во изминатите четири и пол години, велат од Министерството за одбрана.

Најавени се обраќања на министерката Шекеринска и амбасадорката Брнз, а настанот ќе се одржи согласно протоколите од Ковид-19.

The post Aмбасадорката Брнз ќе и предаде американско знаме на Шекеринска appeared first on Република.

]]>

Амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз денеска на министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе и го предаде американското знаме како знак на заслуги за одбранбената соработка меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. – Доделувањето на американското знаме кое се вееше на зградата на амбасадата на САД во Скопје претставува симбол на исклучителните достигнувања во одбранбената соработка и односите меѓу двете земји во изминатите четири и пол години, велат од Министерството за одбрана. Најавени се обраќања на министерката Шекеринска и амбасадорката Брнз, а настанот ќе се одржи согласно протоколите од Ковид-19.

The post Aмбасадорката Брнз ќе и предаде американско знаме на Шекеринска appeared first on Република.

]]>
Шекеринска: Одговорноста секогаш има име и презиме https://republika.mk/vesti/makedonija/shekerinska-odgovornosta-sekogash-ima-ime-i-prezime/ Tue, 04 Jan 2022 11:55:49 +0000 https://republika.mk/?p=440436

Има некои правила кои важат за секој ресор и до нив се имам придржувано сите овие години, а тоа е одговорноста која секогаш има име и презиме и секој од нас лично е многу одговорен за задачите кои ги добива и сметам дека до последниот ден мојата задача е тоа што може да се заврши да се зaврши, вели министерката во заминување Радмила Шекеринска.

Постои една црвена линија преку која не треба да се премине, а тоа е да се сугерира кои кандидати треба да дојде на ова место. Оваа е задача на мандатарот јас ги пренесов своите размислувања. Мојот мандат го завршувам со две добри вести првата е дека е зголемен буџетот, а втората е дека Законот за служба во Армијата има шанси да биде релативно брзо донесен.Новиот министер наследува систем кој е сложен, но има резултати, вели Шекеринска.

The post Шекеринска: Одговорноста секогаш има име и презиме appeared first on Република.