Амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз денеска на министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе и го предаде американското знаме како знак на заслуги за одбранбената соработка меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави.

– Доделувањето на американското знаме кое се вееше на зградата на амбасадата на САД во Скопје претставува симбол на исклучителните достигнувања во одбранбената соработка и односите меѓу двете земји во изминатите четири и пол години, велат од Министерството за одбрана.

Најавени се обраќања на министерката Шекеринска и амбасадорката Брнз, а настанот ќе се одржи согласно протоколите од Ковид-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.