принцот Чарлс Archives - Република https://republika.mk/tema/princ-charls/ За подобро да се разбереме Fri, 26 Apr 2024 09:37:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png принцот Чарлс Archives - Република https://republika.mk/tema/princ-charls/ 32 32 Влошено е здравјето на Кралот Чарлс, активирана „Операцијата Менаи Бриџ“ за кралскиот погреб https://republika.mk/zivot/semejstvo/vlosheno-e-zdravjeto-na-kralot-charls-aktivirana-operatsijata-menai-bridh-za-kralskiot-pogreb/ Fri, 26 Apr 2024 09:37:39 +0000 https://republika.mk/?p=771302

Операција „Менаи Бриџ“ е кодно име за плановите поврзани со смртта на кралот Чарлс. Иако деталите за планот се строго чувани, неговото заминување ќе предизвика итни промени и во монархијата и во Обединетото Кралство.

Извори за американскиот „Дејли Бист“ известуваат дека здравствената состојба на 75-годишниот монарх не е добра туку постепено се влошува, поради што претставниците на Бакингемската палата почнаа редовно да го ажурираат планот за неговиот претстоен погреб – подготовките за тоа, како куриозитет, започнаа ден по погребот на кралицата Елизабета.

Кралот Чарлс Трети долго време е далеку од очите на јавноста, а особено по неговата објава во февруари дека боледува од рак, тој избира да не се појавува во јавноста, очигледно за да ја сокрие својата лоша здравствена состојба.

Се потсетува дека кралот Чарлс никогаш не открил од каков рак боледува, но признал дека не станува збор за рак на простата, кој е еден од најизлечивите облици на болеста.

Деталните документи беа создадени еден ден по погребот на кралицата Елизабета на 8 септември 2022 година. Британските власти потврдија за „Дејли Бист“ дека „Операцијата Менаи Бриџ“ редовно се ажурира, но нагласија дека ова е формалност и дека „би било неразумно од овој факт се извлекуваат какви било заклучоци.

Сите членови на кралското семејство имаат ажурирани планови за нивните погреби категоризирани според кодни имиња засновани на мостови. На пример, планот за погребот на кралицата Елизабета беше наречен „Операција Лондон Бриџ“.

The post Влошено е здравјето на Кралот Чарлс, активирана „Операцијата Менаи Бриџ“ за кралскиот погреб appeared first on Република.

]]>

Операција „Менаи Бриџ“ е кодно име за плановите поврзани со смртта на кралот Чарлс. Иако деталите за планот се строго чувани, неговото заминување ќе предизвика итни промени и во монархијата и во Обединетото Кралство. Извори за американскиот „Дејли Бист“ известуваат дека здравствената состојба на 75-годишниот монарх не е добра туку постепено се влошува, поради што претставниците на Бакингемската палата почнаа редовно да го ажурираат планот за неговиот претстоен погреб – подготовките за тоа, како куриозитет, започнаа ден по погребот на кралицата Елизабета. Кралот Чарлс Трети долго време е далеку од очите на јавноста, а особено по неговата објава во февруари дека боледува од рак, тој избира да не се појавува во јавноста, очигледно за да ја сокрие својата лоша здравствена состојба. Се потсетува дека кралот Чарлс никогаш не открил од каков рак боледува, но признал дека не станува збор за рак на простата, кој е еден од најизлечивите облици на болеста. Деталните документи беа создадени еден ден по погребот на кралицата Елизабета на 8 септември 2022 година. Британските власти потврдија за „Дејли Бист“ дека „Операцијата Менаи Бриџ“ редовно се ажурира, но нагласија дека ова е формалност и дека „би било неразумно од овој факт се извлекуваат какви било заклучоци. Сите членови на кралското семејство имаат ажурирани планови за нивните погреби категоризирани според кодни имиња засновани на мостови. На пример, планот за погребот на кралицата Елизабета беше наречен „Операција Лондон Бриџ“.

The post Влошено е здравјето на Кралот Чарлс, активирана „Операцијата Менаи Бриџ“ за кралскиот погреб appeared first on Република.

]]>
Кралот Чарлс ќе ја отвори Евровизија https://republika.mk/scena/muzika/kralot-charls-ke-ja-otvori-evrovizija/ Sun, 23 Apr 2023 18:55:08 +0000 https://republika.mk/?p=633353

Музичкото натпреварување „Евровизија“ официјално ќе започне на 9 мај во Ливерпул, а ќе го отвори никој друг туку кралот Чарлс.

Имено, Бакингемската палата објави дека кралот на Велика Британија прв официјално ќе ги запали светлата на евровизиската сцена.

Како што пренесува Би-Би-Си, кралот Чарлс и неговата сопруга Камила во среда ќе пристигнат во M&S Bank Arena, каде ќе се сретнат со презентерите на Евровизија – Хал Санин, Хана Вадингем, Скот Милс и Рајлан Кларк.

Кралот таму ќе го пречека претставничката на Обединетото Кралство, Меј Милер.

The post Кралот Чарлс ќе ја отвори Евровизија appeared first on Република.

]]>

Музичкото натпреварување „Евровизија“ официјално ќе започне на 9 мај во Ливерпул, а ќе го отвори никој друг туку кралот Чарлс. Имено, Бакингемската палата објави дека кралот на Велика Британија прв официјално ќе ги запали светлата на евровизиската сцена. Како што пренесува Би-Би-Си, кралот Чарлс и неговата сопруга Камила во среда ќе пристигнат во M&S Bank Arena, каде ќе се сретнат со презентерите на Евровизија – Хал Санин, Хана Вадингем, Скот Милс и Рајлан Кларк. Кралот таму ќе го пречека претставничката на Обединетото Кралство, Меј Милер.

The post Кралот Чарлс ќе ја отвори Евровизија appeared first on Република.

]]>
Mицотакис од принцот Чарлс ги побара скулпурите од Акропол https://republika.mk/vesti/balkan/micotakis-od-princot-charls-gi-pobara-skulpurite-od-akropol/ Tue, 29 Nov 2022 10:11:07 +0000 https://republika.mk/?p=579519

Може да се најде„вин-вин“ решение што ќе резултира со повторно обединување на скулптурите на Партенонот во Грција, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Лондон за време на дискусијата организирана од Лондонската школа за економија, јави дописничката на МИА од Атина.

Тој додаде дека во исто време во евентуалното „вин-вин“ решение би се земала предвид и „загриженоста што би можела да ја има британскиот музеј“.

Мицотакис истакна дека за Мермерите на Партенон што се наоѓаат во Британскиот музеј го користи изразот „повторно обединување“, наместо „враќање“, но и посочи дека има напредок, но не сака јавно да говори за разговорите и да открие повеќе детали.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис кој вчера беше во посета на Лондон, синоќа се сретна со кралот Чарлс Трети, што воедно беше прва нивна средба по преземањето на тронот на престолонаследникот во септември годинава.

Мицотакис и неговата сопруга беа примени во кралската резиденција во Виндзор, а според грчките медиуми средбата поминала во позитивна и срдечна клима

The post Mицотакис од принцот Чарлс ги побара скулпурите од Акропол appeared first on Република.

]]>

Може да се најде„вин-вин“ решение што ќе резултира со повторно обединување на скулптурите на Партенонот во Грција, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Лондон за време на дискусијата организирана од Лондонската школа за економија, јави дописничката на МИА од Атина. Тој додаде дека во исто време во евентуалното „вин-вин“ решение би се земала предвид и „загриженоста што би можела да ја има британскиот музеј“. Мицотакис истакна дека за Мермерите на Партенон што се наоѓаат во Британскиот музеј го користи изразот „повторно обединување“, наместо „враќање“, но и посочи дека има напредок, но не сака јавно да говори за разговорите и да открие повеќе детали. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис кој вчера беше во посета на Лондон, синоќа се сретна со кралот Чарлс Трети, што воедно беше прва нивна средба по преземањето на тронот на престолонаследникот во септември годинава. Мицотакис и неговата сопруга беа примени во кралската резиденција во Виндзор, а според грчките медиуми средбата поминала во позитивна и срдечна клима

The post Mицотакис од принцот Чарлс ги побара скулпурите од Акропол appeared first on Република.

]]>
Гледаше ли Дијана во принцот крал? https://republika.mk/vesti/svet/gledashe-li-dijana-vo-princot-kral/ Sun, 11 Sep 2022 20:04:47 +0000 https://republika.mk/?p=549851

Пред крајот на нејзиниот живот, принцезата Дајана не сакаше да ја засака идејата Чарлс да стане крал. Во интервју за BBC Panorama во ноември 1995 година, две години пред трагично да почине, Дајана зборуваше за неговата способност да биде иден крал.

За време на интервјуто за Панорама, новинарот Мартин Башир ја праша Дајана: „Дали мислите дека би имало повеќе смисла, со оглед на брачните тешкотии што ги имавте вие ​​и принцот од Велс, круната директно да премине на вашиот син Вилијам?“

Принцезата Дајана одговорила: „Па, тогаш треба да видите дека Вилијам е многу млад во моментот, па дали сакате таков товар на неговите рамена на таа возраст? Така што, не можам да одговорам на тоа прашање“. Во тоа време Вилијам имаше 13 години.

Башир извршил дополнителен притисок врз принцезата и ја прашал дали сака принцот Вилијам да ја наследи кралицата кога тој ќе стане полнолетен. Дајана беше многу одмерена и рече: „Мојата желба е мојот сопруг да најде душевен мир, а од тоа произлегуваат други работи, да“.

The post Гледаше ли Дијана во принцот крал? appeared first on Република.

]]>

Пред крајот на нејзиниот живот, принцезата Дајана не сакаше да ја засака идејата Чарлс да стане крал. Во интервју за BBC Panorama во ноември 1995 година, две години пред трагично да почине, Дајана зборуваше за неговата способност да биде иден крал. За време на интервјуто за Панорама, новинарот Мартин Башир ја праша Дајана: „Дали мислите дека би имало повеќе смисла, со оглед на брачните тешкотии што ги имавте вие ​​и принцот од Велс, круната директно да премине на вашиот син Вилијам?“ Принцезата Дајана одговорила: „Па, тогаш треба да видите дека Вилијам е многу млад во моментот, па дали сакате таков товар на неговите рамена на таа возраст? Така што, не можам да одговорам на тоа прашање“. Во тоа време Вилијам имаше 13 години. Башир извршил дополнителен притисок врз принцезата и ја прашал дали сака принцот Вилијам да ја наследи кралицата кога тој ќе стане полнолетен. Дајана беше многу одмерена и рече: „Мојата желба е мојот сопруг да најде душевен мир, а од тоа произлегуваат други работи, да“.

The post Гледаше ли Дијана во принцот крал? appeared first on Република.

]]>
Принцезата Дајана никогаш не му простила на Чарлс за тоа што го направил на нивниот меден месец и засекогаш го уништи нивниот однос https://republika.mk/vesti/svet/princezata-dajana-nikogash-ne-mu-prostila-na-princot-charls-za-toa-shto-go-napravil-na-nivniot-meden-mesec-i-zasekogash-go-unishti-nivniot-odnos/ Sun, 11 Sep 2022 09:36:46 +0000 https://republika.mk/?p=549644

И по 25 години од нејзината смрт, судбината на принцезата Дајана продолжува да ја интригира јавноста, а постојано се шпекулира за деталите кои го одбележаа нејзиниот живот.

Принцезата Дајана ја обожаваа сите. Важеше за храбра жена која не ги почитуваше општествените норми, беше поинаква, сите ја сакаа и им даваше голема љубов не само на синовите што ги доби со принцот Чарлс, туку и на сите луѓе кои и се восхитуваа.

Меѓутоа, судејќи по тоа што се случило на почетокот на бракот со неа и Чарлс, тој во тоа време веќе бил осуден на пропаст, а се верува дека причина за тоа е принцезата Камила.

Принцезата Дајана и принцот Чарлс се венчаа на 29 јули 1981 година, но свадбата како од бајките се претвори во кошмар.

Срцето на Камила Паркер која беше во брак со Ендрју Паркер му припаѓаше само на принцот Чарлс и тоа беше јавна тајна.

Дека ова тврдење е точно може да се заклучи и од писмото од принцот Чарлс испратено до Лорд Маунтбатен за Камила:

Претпоставувам дека чувството на празнина ќе помине еден ден.

Тоа го почувствувала и Лејди Ди на нејзиниот меден месец кога пронашла фотографија од Камила со принцот Чарлс. После тоа се скарале, а тој безуспешно се обидел да го оправда овој потег. Таа се скршила, но решила да остане со него.

Со текот на годините нивната врска се влошувала, а во моментот кога таа го родила нивниот втор син, настанале уште поголеми несогласувања.

Тој е момче, па дури има и црвена коса - рекол Чарлс кога го видел вториот наследник и отишол да игра поло.

Дајана била скршена од таквото однесување.

Сепак, и денес, долго време по смртта на Дајана, принцот Чарлс е во брак со својата прва љубов Камила.

The post Принцезата Дајана никогаш не му простила на Чарлс за тоа што го направил на нивниот меден месец и засекогаш го уништи нивниот однос appeared first on Република.

]]>

И по 25 години од нејзината смрт, судбината на принцезата Дајана продолжува да ја интригира јавноста, а постојано се шпекулира за деталите кои го одбележаа нејзиниот живот. Принцезата Дајана ја обожаваа сите. Важеше за храбра жена која не ги почитуваше општествените норми, беше поинаква, сите ја сакаа и им даваше голема љубов не само на синовите што ги доби со принцот Чарлс, туку и на сите луѓе кои и се восхитуваа. Меѓутоа, судејќи по тоа што се случило на почетокот на бракот со неа и Чарлс, тој во тоа време веќе бил осуден на пропаст, а се верува дека причина за тоа е принцезата Камила. Принцезата Дајана и принцот Чарлс се венчаа на 29 јули 1981 година, но свадбата како од бајките се претвори во кошмар. Срцето на Камила Паркер која беше во брак со Ендрју Паркер му припаѓаше само на принцот Чарлс и тоа беше јавна тајна. Дека ова тврдење е точно може да се заклучи и од писмото од принцот Чарлс испратено до Лорд Маунтбатен за Камила:
Претпоставувам дека чувството на празнина ќе помине еден ден.
Тоа го почувствувала и Лејди Ди на нејзиниот меден месец кога пронашла фотографија од Камила со принцот Чарлс. После тоа се скарале, а тој безуспешно се обидел да го оправда овој потег. Таа се скршила, но решила да остане со него. Со текот на годините нивната врска се влошувала, а во моментот кога таа го родила нивниот втор син, настанале уште поголеми несогласувања.
Тој е момче, па дури има и црвена коса - рекол Чарлс кога го видел вториот наследник и отишол да игра поло.
Дајана била скршена од таквото однесување. Сепак, и денес, долго време по смртта на Дајана, принцот Чарлс е во брак со својата прва љубов Камила.

The post Принцезата Дајана никогаш не му простила на Чарлс за тоа што го направил на нивниот меден месец и засекогаш го уништи нивниот однос appeared first on Република.

]]>
Кралот Чарлс своевремено Путин го спореди со човекот кој е одговорен за убиство на милиони, Русинот прв му упати честитки https://republika.mk/vesti/svet/kralot-charls-svoevremeno-putin-go-sporedi-so-chovekot-koj-e-odgovoren-za-ubistvo-na-milioni-rusinot-prv-mu-upati-chestitki/ Sat, 10 Sep 2022 19:28:26 +0000 https://republika.mk/?p=549572

Владимир Путин беше првиот светски лидер кој му честиташе на кралот Чарлс Трети по неговото устоличување.

Рускиот претседател и новиот крал имале особено ладен однос низ годините, почнувајќи од 2014 година кога Чарлс го споредил Путин со Адолф Хитлер.

Тогашниот принц ѝ дал лоша рецензија на волонтерката од еврејскиот музеј Маријана Фергусон, откако таа му кажала како нејзиното семејство избегало од Хитлер.

Тензиите повторно се разгореа на почетокот на 2022 година, кога сегашниот крал стана првиот член на кралското семејство кој јавно ја осуди инвазијата на Путин на Украина.

Тој ја опиша војната како „напад врз демократијата“ и изрази солидарност со Украинците.

Но, се чини дека Путин ги оставил настрана сите разлики оваа недела, по смртта на кралицата Елизабета втора во четвртокот.

Тој објави соопштение преку Твитер профилот на руската амбасада во Велика Британија, во кое пишува:

„Прифатете ги моите искрени честитки по повод вашето доаѓање на тронот. На вашето височество му посакувам успех, добро здравје и сè најдобро“.

Путин, исто така, издаде изјава во четвртокот, откако Бакингемската палата ја потврди смртта на кралицата.

„Најважните настани во поновата историја на Обединетото Кралство се нераскинливо поврзани со името на нејзиното височество“.

„Многу децении Елизабета втора со право уживаше во љубовта и почитта на сите нејзини поданици, како и угледот на меѓународната сцена“.

„Ви посакувам храброст и истрајност пред оваа тешка, непоправлива загуба“, му порача рускиот претседател на новиот крал на Британија.

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков во петокот потврди дека рускиот лидер нема да присуствува на погребот на кралицата.

Во наредните денови во негово име ќе биде избран руски претставник кој ќе присуствува.

Последен пат кралицата ги угостила Путин и неговата сопруга во Бакингемската палата во 2003 година.

Не е јасно дали Путин и кралот Чарлс Трети наскоро ќе ги поправат оградите среде војната во Украина.

По споредбата со Хитлер, Путин издаде изјава во која изјавата на Чарлс ја опишува како „неприфатлива“ и „погрешна“.

„Пренеси му ги моите зборови на принцот Чарлс. Неколкупати беше во нашата земја. Ако направил ваква споредба, тоа е недозволиво“, изјави тогаш тој.

Руската амбасада, исто така, тогаш истакна дека пра-вујкото на кралот Едвард Осми „бил личен пријател на Хитлер“.

 

https://www.youtube.com/watch?v=yD_zfhhEfxg

The post Кралот Чарлс своевремено Путин го спореди со човекот кој е одговорен за убиство на милиони, Русинот прв му упати честитки appeared first on Република.

]]>

Владимир Путин беше првиот светски лидер кој му честиташе на кралот Чарлс Трети по неговото устоличување. Рускиот претседател и новиот крал имале особено ладен однос низ годините, почнувајќи од 2014 година кога Чарлс го споредил Путин со Адолф Хитлер. Тогашниот принц ѝ дал лоша рецензија на волонтерката од еврејскиот музеј Маријана Фергусон, откако таа му кажала како нејзиното семејство избегало од Хитлер. Тензиите повторно се разгореа на почетокот на 2022 година, кога сегашниот крал стана првиот член на кралското семејство кој јавно ја осуди инвазијата на Путин на Украина. Тој ја опиша војната како „напад врз демократијата“ и изрази солидарност со Украинците. Но, се чини дека Путин ги оставил настрана сите разлики оваа недела, по смртта на кралицата Елизабета втора во четвртокот. Тој објави соопштение преку Твитер профилот на руската амбасада во Велика Британија, во кое пишува:
„Прифатете ги моите искрени честитки по повод вашето доаѓање на тронот. На вашето височество му посакувам успех, добро здравје и сè најдобро“.
Путин, исто така, издаде изјава во четвртокот, откако Бакингемската палата ја потврди смртта на кралицата.
„Најважните настани во поновата историја на Обединетото Кралство се нераскинливо поврзани со името на нејзиното височество“. „Многу децении Елизабета втора со право уживаше во љубовта и почитта на сите нејзини поданици, како и угледот на меѓународната сцена“. „Ви посакувам храброст и истрајност пред оваа тешка, непоправлива загуба“, му порача рускиот претседател на новиот крал на Британија.
Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков во петокот потврди дека рускиот лидер нема да присуствува на погребот на кралицата. Во наредните денови во негово име ќе биде избран руски претставник кој ќе присуствува. Последен пат кралицата ги угостила Путин и неговата сопруга во Бакингемската палата во 2003 година. Не е јасно дали Путин и кралот Чарлс Трети наскоро ќе ги поправат оградите среде војната во Украина. По споредбата со Хитлер, Путин издаде изјава во која изјавата на Чарлс ја опишува како „неприфатлива“ и „погрешна“.
„Пренеси му ги моите зборови на принцот Чарлс. Неколкупати беше во нашата земја. Ако направил ваква споредба, тоа е недозволиво“, изјави тогаш тој.
Руската амбасада, исто така, тогаш истакна дека пра-вујкото на кралот Едвард Осми „бил личен пријател на Хитлер“.   https://www.youtube.com/watch?v=yD_zfhhEfxg

The post Кралот Чарлс своевремено Путин го спореди со човекот кој е одговорен за убиство на милиони, Русинот прв му упати честитки appeared first on Република.

]]>
Чарлс Трети официјално прогласен за крал на Обединетото Кралство https://republika.mk/vesti/svet/charls-treti-oficijalno-proglasen-za-kral-na-obedinetoto-kralstvo/ Sat, 10 Sep 2022 10:43:13 +0000 https://republika.mk/?p=549401

Чарлс Трети е официјално прогласен за крал на Обединетото Кралство од страна на Советот за наследување на британскиот трон во палатата Сент Џејмс, официјалната резиденција на монархот, јави Би-Би-Си.

Кралот одржа говор за да го одбележи неговото прогласување за нов монарх на Обединетото Кралство.

Новиот монарх се заколна дека ќе ги заштити правата на црквата во Шкотска како што налага британскиот закон.

Кралот потпиша две копии од документот што го содржи текстот на заклетвата. Двата примероци беа потпишани и од сведоци, меѓу кои и принцот Вилијам и кралицата Камила.

Со тоа заврши првиот дел од церемонијата за прогласување на новиот монарх.

Советот вклучува членови на Тајниот совет на Обединетото Кралство, составен од 670 високи политичари, вклучувајќи ја и премиерката Лиз Трас. Дел од Советот се и епископи од Англиканската црква, кои исто така имаат седиште во Домот на лордовите (горниот дом на британскиот парламент), меѓу кои е и надбискупот од Кентербери.

Лорд-градоначалникот на градот Лондон, високи државни службеници и дипломати се исто така дел од Советот за приватност, со кој моментално претседава пратеничката Пени Мордонт.

Прогласувањето на новиот монарх е проследено со топовски поздрави. Текстот на прогласот ќе се чита на глас и во Лондон и во другите главни градови во рамките на Обединетото Кралство – Единбург, Белфаст и Кардиф.

Вториот дел од церемонијата се однесува само на кралот и членовите на Тајниот Совет и ќе започне со изјава од Чарлс во врска со смртта на кралицата.

Неговото крунисување можеби нема да се одржи повеќе месеци – поминаа околу 16 месеци помеѓу смртта на таткото на кралицата Елизабета и нејзиното крунисување во јуни 1953 година.

Инаку, по барање на кралицата, денот на прогласување на кралот не е ден на жалост и поради тоа во текот на денешниот ден знамињата не се на половина копје.

The post Чарлс Трети официјално прогласен за крал на Обединетото Кралство appeared first on Република.

]]>

Чарлс Трети е официјално прогласен за крал на Обединетото Кралство од страна на Советот за наследување на британскиот трон во палатата Сент Џејмс, официјалната резиденција на монархот, јави Би-Би-Си. Кралот одржа говор за да го одбележи неговото прогласување за нов монарх на Обединетото Кралство. Новиот монарх се заколна дека ќе ги заштити правата на црквата во Шкотска како што налага британскиот закон. Кралот потпиша две копии од документот што го содржи текстот на заклетвата. Двата примероци беа потпишани и од сведоци, меѓу кои и принцот Вилијам и кралицата Камила. Со тоа заврши првиот дел од церемонијата за прогласување на новиот монарх. Советот вклучува членови на Тајниот совет на Обединетото Кралство, составен од 670 високи политичари, вклучувајќи ја и премиерката Лиз Трас. Дел од Советот се и епископи од Англиканската црква, кои исто така имаат седиште во Домот на лордовите (горниот дом на британскиот парламент), меѓу кои е и надбискупот од Кентербери. Лорд-градоначалникот на градот Лондон, високи државни службеници и дипломати се исто така дел од Советот за приватност, со кој моментално претседава пратеничката Пени Мордонт. Прогласувањето на новиот монарх е проследено со топовски поздрави. Текстот на прогласот ќе се чита на глас и во Лондон и во другите главни градови во рамките на Обединетото Кралство – Единбург, Белфаст и Кардиф. Вториот дел од церемонијата се однесува само на кралот и членовите на Тајниот Совет и ќе започне со изјава од Чарлс во врска со смртта на кралицата. Неговото крунисување можеби нема да се одржи повеќе месеци – поминаа околу 16 месеци помеѓу смртта на таткото на кралицата Елизабета и нејзиното крунисување во јуни 1953 година. Инаку, по барање на кралицата, денот на прогласување на кралот не е ден на жалост и поради тоа во текот на денешниот ден знамињата не се на половина копје.

The post Чарлс Трети официјално прогласен за крал на Обединетото Кралство appeared first on Република.

]]>
Лондон како Арачиново: Кралското семејство е ослободено од данок https://republika.mk/vesti/svet/london-kako-arachinovo-kralskoto-semejstvo-e-oslobodeno-od-danok/ Fri, 09 Sep 2022 13:14:41 +0000 https://republika.mk/?p=549131

Малкумина знаат дека кралското семејство во Велика Британија е ослободено од голем дел од даноците што ги плаќаат обичните граѓани на Островот.

Па така новиот крал Чарлс ќе го добие имотот без да плати данок на наследство, привилегија резервирана за наследниците на кралот.

Иако не постои обврска за британските монарси да ги обелоденат своите приватни финансии, познато е дека Елизабета била на чело на лично богатство од 370 милиони фунти.

Богатството на кралицата се додава на личното богатство на Чарлс, проценето на 100 милиони долари (87 милиони фунти).

Познатиот накит на круната, чија вредност се проценува на околу три милијарди фунти.

The post Лондон како Арачиново: Кралското семејство е ослободено од данок appeared first on Република.

]]>

Малкумина знаат дека кралското семејство во Велика Британија е ослободено од голем дел од даноците што ги плаќаат обичните граѓани на Островот. Па така новиот крал Чарлс ќе го добие имотот без да плати данок на наследство, привилегија резервирана за наследниците на кралот. Иако не постои обврска за британските монарси да ги обелоденат своите приватни финансии, познато е дека Елизабета била на чело на лично богатство од 370 милиони фунти. Богатството на кралицата се додава на личното богатство на Чарлс, проценето на 100 милиони долари (87 милиони фунти). Познатиот накит на круната, чија вредност се проценува на околу три милијарди фунти.

The post Лондон како Арачиново: Кралското семејство е ослободено од данок appeared first on Република.

]]>
Азно неброено: Eве колку пари ќе наследи Чарлс од мајка си https://republika.mk/vesti/svet/azno-nebroeno-eve-kolku-pari-kje-nasledi-charls-od-majka-si/ Fri, 09 Sep 2022 07:54:51 +0000 https://republika.mk/?p=548957

По смртта на неговата мајка, британската кралица Елизабета Втора, нејзиниот најстар син Чарлс (73) го наследил тронот како и нејзиното приватно богатство, огромно наследство што во 2022 година, според Sunday Times, пет милиони повеќе од претходната година.

Бакингемската палата, кралската резиденција во Лондон и замокот Виндзор, триесет километри западно од Лондон, се државна сопственост. Сепак, замокот Балморал, одморалиштето на кралското семејство и Сандрингам, каде кралското семејство традиционално го слави крајот на годината, беа во сопственост на кралицата и ги наследува Чарлс.

Кралицата поседувала и колекција на кралски поштенски марки вредна околу 100 милиони фунти, според Тајмс во 2021 година.

Богатството на кралицата се додава на личното богатство на Чарлс, проценето на 100 милиони долари (87 милиони фунти).

Познатиот накит на круната, чија вредност се проценува на околу три милијарди фунти, симболично ѝ припадна на кралицата и автоматски им се пренесуваат на нејзините наследници.

The post Азно неброено: Eве колку пари ќе наследи Чарлс од мајка си appeared first on Република.

]]>

По смртта на неговата мајка, британската кралица Елизабета Втора, нејзиниот најстар син Чарлс (73) го наследил тронот како и нејзиното приватно богатство, огромно наследство што во 2022 година, според Sunday Times, пет милиони повеќе од претходната година. Бакингемската палата, кралската резиденција во Лондон и замокот Виндзор, триесет километри западно од Лондон, се државна сопственост. Сепак, замокот Балморал, одморалиштето на кралското семејство и Сандрингам, каде кралското семејство традиционално го слави крајот на годината, беа во сопственост на кралицата и ги наследува Чарлс. Кралицата поседувала и колекција на кралски поштенски марки вредна околу 100 милиони фунти, според Тајмс во 2021 година. Богатството на кралицата се додава на личното богатство на Чарлс, проценето на 100 милиони долари (87 милиони фунти). Познатиот накит на круната, чија вредност се проценува на околу три милијарди фунти, симболично ѝ припадна на кралицата и автоматски им се пренесуваат на нејзините наследници.

The post Азно неброено: Eве колку пари ќе наследи Чарлс од мајка си appeared first on Република.

]]>
Новиот крал Чарлс ја посети Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/noviot-kral-charls-ja-poseti-makedonija/ Fri, 09 Sep 2022 06:30:35 +0000 https://republika.mk/?p=548878

Малкумина знаат дека новиот британски Крал Чарлс ја посети Македонија.Тоа се случи во ноември 1998 година. Не можат да се најдат многу информации за целта на неговата посета но од она што се знае е дека тој имал прием во хотелот „Континентал“.

Од пред 24 години датира и фотографијата на тогашниот принц со гитаристот Влатко Стефановски. На средбата Влатко на Чарлс му го подарил цедето од тогаш новиот албум „Џипси Меџик“.

The post Новиот крал Чарлс ја посети Македонија appeared first on Република.

]]>

Малкумина знаат дека новиот британски Крал Чарлс ја посети Македонија.Тоа се случи во ноември 1998 година. Не можат да се најдат многу информации за целта на неговата посета но од она што се знае е дека тој имал прием во хотелот „Континентал“. Од пред 24 години датира и фотографијата на тогашниот принц со гитаристот Влатко Стефановски. На средбата Влатко на Чарлс му го подарил цедето од тогаш новиот албум „Џипси Меџик“.

The post Новиот крал Чарлс ја посети Македонија appeared first on Република.

]]>
Чарлс е новиoт Крал https://republika.mk/vesti/svet/charls-e-novit-kral/ Thu, 08 Sep 2022 19:05:38 +0000 https://republika.mk/?p=548810

Кралскиот коментатор Кларенс Хаус потврди дека Чарлс ќе биде познат по кралското име крал Чарлс Трети.

Постоеше можност новиот крал да употреби едно од неговите други имиња, како што правеа некои монарси претходно.

Неговото полно име е Чарлс Филип Артур Џорџ, па можел да се одлучи да користи кое било од овие имиња како негово кралско име

The post Чарлс е новиoт Крал appeared first on Република.

]]>

Кралскиот коментатор Кларенс Хаус потврди дека Чарлс ќе биде познат по кралското име крал Чарлс Трети. Постоеше можност новиот крал да употреби едно од неговите други имиња, како што правеа некои монарси претходно. Неговото полно име е Чарлс Филип Артур Џорџ, па можел да се одлучи да користи кое било од овие имиња како негово кралско име

The post Чарлс е новиoт Крал appeared first on Република.

]]>
Финансиски скандал во кралското семејство: Принцот Чарлс добил куфер со милион евра од шеикот на Катар https://republika.mk/vesti/svet/finansiski-skandal-vo-kralskoto-semejstvo-princot-charls-dobil-kufer-so-milion-evra-od-sheikot-na-katar/ Mon, 27 Jun 2022 14:03:35 +0000 https://republika.mk/?p=519985

Британскиот принц Чарлс добил актовка полна со готовина како добротворна донација од поранешен катарски премиер, јавува Сандеј тајмс. Во текстот се наведува дека тоа е една од три донации во износ од по милион евра кои принцот од Велс ги примил од шеикот Хамад бин Јасим бин Џабера ал Тани.

Трите донации, со вкупна вредност од три милиони евра, на принцот му биле лично предадени меѓу 2011 и 2015 година, пишува британскиот весник.

Бакингемската палата соопшти дека донациите од шеикот веднаш биле проследени во една од добротворните фондации на британскиот принц и дека сè било направено во согласност до пропишаната процедура.

Во соопштението се тврди дека нема назнаки дека плаќањата биле незаконски.

Добротворните донации примени од шеикот Хамад бин Јасим веднаш се проследени во една од добротворните организации која спровела соодветна контрола и нè увери дека сè е направено во согласност со пропишаните процедури - се наведува во соопштението на Бакингемската палата.

Средствата ги примил Добротворниот фонд на принцот од Велс, чија цел е „да ги преобрази животите и да изгради одржливи заедници“, со доделување грантови за добри цели во областите како зачувување, образование, здравство и социјална вклученост.

Од Фондот, за Сандеј тајмс велат дека заклучиле оти  донаторот е легитимен и дека неговите ревизори ја потпишале донацијата.

Донациите на добротворните организации на принцот Чарлс се под лупа во последните месеци откако една од нив му понудила помош на саудиски донатор да обезбеди британско државјанство.

Полицијата претходно соопшти дека ги истражува тврдењата за фондација на принцот Чарлс според законот за чест (спречување злоупотреби) од 1925 година.

Се смета дека фондацијата нуди полна соработка, а Бакингемската палата соопшти дека принцот Чарлс не знаел за наводното нудење почести или државјанства врз основа на донации на неговите добротворни организации.

Мајкл Фосет, поранешниот асистент на британскиот принц и извршен директор на фондацијата, поднесе оставка во ноември откако добротворната организација отвори истрага за тврдењата.

The post Финансиски скандал во кралското семејство: Принцот Чарлс добил куфер со милион евра од шеикот на Катар appeared first on Република.

]]>

Британскиот принц Чарлс добил актовка полна со готовина како добротворна донација од поранешен катарски премиер, јавува Сандеј тајмс. Во текстот се наведува дека тоа е една од три донации во износ од по милион евра кои принцот од Велс ги примил од шеикот Хамад бин Јасим бин Џабера ал Тани. Трите донации, со вкупна вредност од три милиони евра, на принцот му биле лично предадени меѓу 2011 и 2015 година, пишува британскиот весник. Бакингемската палата соопшти дека донациите од шеикот веднаш биле проследени во една од добротворните фондации на британскиот принц и дека сè било направено во согласност до пропишаната процедура. Во соопштението се тврди дека нема назнаки дека плаќањата биле незаконски.
Добротворните донации примени од шеикот Хамад бин Јасим веднаш се проследени во една од добротворните организации која спровела соодветна контрола и нè увери дека сè е направено во согласност со пропишаните процедури - се наведува во соопштението на Бакингемската палата.
Средствата ги примил Добротворниот фонд на принцот од Велс, чија цел е „да ги преобрази животите и да изгради одржливи заедници“, со доделување грантови за добри цели во областите како зачувување, образование, здравство и социјална вклученост. Од Фондот, за Сандеј тајмс велат дека заклучиле оти  донаторот е легитимен и дека неговите ревизори ја потпишале донацијата. Донациите на добротворните организации на принцот Чарлс се под лупа во последните месеци откако една од нив му понудила помош на саудиски донатор да обезбеди британско државјанство. Полицијата претходно соопшти дека ги истражува тврдењата за фондација на принцот Чарлс според законот за чест (спречување злоупотреби) од 1925 година. Се смета дека фондацијата нуди полна соработка, а Бакингемската палата соопшти дека принцот Чарлс не знаел за наводното нудење почести или државјанства врз основа на донации на неговите добротворни организации. Мајкл Фосет, поранешниот асистент на британскиот принц и извршен директор на фондацијата, поднесе оставка во ноември откако добротворната организација отвори истрага за тврдењата.

The post Финансиски скандал во кралското семејство: Принцот Чарлс добил куфер со милион евра од шеикот на Катар appeared first on Република.

]]>
Принцот со камено срце за синот имал само 15 минути https://republika.mk/zivot/semejstvo/princot-so-kameno-srce-za-sinot-imal-samo-15-minuti/ Sat, 16 Apr 2022 20:32:53 +0000 https://republika.mk/?p=489434

Во најголема тајност, со знаење само на најверните вработени на кралицата Елизабета Втора и принцот Чарлс, принцот Хари и Меган Маркл пристигнале во Лондон, а сега во јавноста протекоа детали од посетата, пренесува дејли меил.

Неговата одлука да го „скршне“ од првичниот план и предвиденото патување од Лос Анџелес до Хаг во Холандија кралицата Елизабета Втора ја пречекала со раширени раце.

Принцот Хари прво сакал да се сретне со својот татко Чарлс, но кралицата инсистирала тој и Меган прво да ја посетат во замокот Виндзор. Бидејќи Чарлс и Камила биле во Виндзор во тоа време, се се поклопило. Освен, слободното време на „презафатениот“ татко. Принцот Чарлс од своето скапоцено време за помладиот син одвоил само 15 минути, а на неа присуствувала и Камила.

Наводно, Чарлс се уште не може да му го прости на Хари интервјуто кај Опра Винфри

Она што го чувствува Чарлс најдобро го опиша еден негов близок пријател кој анонимно проговори за британските медиуми.

„Тој го сака својот син, но неговото срце се кине со се што тој прави. Се плаши дека историјата може да се повтори и дека она што ѝ се случи на принцезата Дајана може да му се случи на Хари. Затоа сака да ја остави „вратата отворена“ и да го одржува односот и да разговараат, бидејќи и денес се кае што не го направи тоа со Дијана“, посочил тој.

The post Принцот со камено срце за синот имал само 15 минути appeared first on Република.

]]>

Во најголема тајност, со знаење само на најверните вработени на кралицата Елизабета Втора и принцот Чарлс, принцот Хари и Меган Маркл пристигнале во Лондон, а сега во јавноста протекоа детали од посетата, пренесува дејли меил. Неговата одлука да го „скршне“ од првичниот план и предвиденото патување од Лос Анџелес до Хаг во Холандија кралицата Елизабета Втора ја пречекала со раширени раце. Принцот Хари прво сакал да се сретне со својот татко Чарлс, но кралицата инсистирала тој и Меган прво да ја посетат во замокот Виндзор. Бидејќи Чарлс и Камила биле во Виндзор во тоа време, се се поклопило. Освен, слободното време на „презафатениот“ татко. Принцот Чарлс од своето скапоцено време за помладиот син одвоил само 15 минути, а на неа присуствувала и Камила. Наводно, Чарлс се уште не може да му го прости на Хари интервјуто кај Опра Винфри Она што го чувствува Чарлс најдобро го опиша еден негов близок пријател кој анонимно проговори за британските медиуми.
„Тој го сака својот син, но неговото срце се кине со се што тој прави. Се плаши дека историјата може да се повтори и дека она што ѝ се случи на принцезата Дајана може да му се случи на Хари. Затоа сака да ја остави „вратата отворена“ и да го одржува односот и да разговараат, бидејќи и денес се кае што не го направи тоа со Дијана“, посочил тој.

The post Принцот со камено срце за синот имал само 15 минути appeared first on Република.

]]>
Принцот Чарлс се сретнал со Kралицата два дена пред да биде позитивен на Ковид-19 https://republika.mk/vesti/svet/princot-charls-se-sretnal-so-kralicata-dva-dena-pred-da-bide-pozitiven-na-kovid-19/ Thu, 10 Feb 2022 22:36:56 +0000 https://republika.mk/?p=456975

Принцот Чарлс се сретнал со британската кралица Елизабета Втора во замокот Виндзор два дена пред да биде позитивен на тестот за корона вирус.

Неименуван извор од кралското семејство, вели дека кралицата нема симптоми на корона вирусот, објави „Би-Би-Си“.

Принцот Чарлс доби позитивен тест на корона вирусот и се наоѓа во самоизолација. Тој вторпат е болен од Ковид-19.

Неговата сопруга, војвотката од Корнвол, Камила, била негативна на тестот, соопштија од британската кралска резиденција, Кларенс Хаус.

Принцот Чарлс (73) претходно имаше Ковид-19 во март 2020 година, а тогаш имаше само благи симптоми.

Од Кларенс Хаус потврдуваат дека принцот Чарлс бил вакциниран три пати, но не објави детали какви симптоми има овој пат.

The post Принцот Чарлс се сретнал со Kралицата два дена пред да биде позитивен на Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Принцот Чарлс се сретнал со британската кралица Елизабета Втора во замокот Виндзор два дена пред да биде позитивен на тестот за корона вирус. Неименуван извор од кралското семејство, вели дека кралицата нема симптоми на корона вирусот, објави „Би-Би-Си“. Принцот Чарлс доби позитивен тест на корона вирусот и се наоѓа во самоизолација. Тој вторпат е болен од Ковид-19. Неговата сопруга, војвотката од Корнвол, Камила, била негативна на тестот, соопштија од британската кралска резиденција, Кларенс Хаус. Принцот Чарлс (73) претходно имаше Ковид-19 во март 2020 година, а тогаш имаше само благи симптоми. Од Кларенс Хаус потврдуваат дека принцот Чарлс бил вакциниран три пати, но не објави детали какви симптоми има овој пат.

The post Принцот Чарлс се сретнал со Kралицата два дена пред да биде позитивен на Ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Принцот Чарлс сака да ги види внуците во САД https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/princot-charls-saka-da-gi-vidi-vnucite-vo-sad/ Fri, 21 Jan 2022 11:54:04 +0000 https://republika.mk/?p=447673

Британскиот принц од Велс, Чарлс и неговиот син, принцот Хари во последно време наводно прават напори за да ги затоплат своите заладени семејни односи.

Имено, тие наводно, разговарале еден со друг, оти Чарлс сакал да ги види своите внуци, па настојува „американското семејство“ наскоро да ја посети Велика Британија.

Принцот од Велс често разговара со својот син изминативе месеци. Тој многу го сака и него, и двете негови деца и со нетрпение очекува тие да можат да минуваат повеќе време заедно во блиска иднина, вели близок извор за „Мирор“.

Откако принцот Хари и Меган Маркл се преселија во Лос Анџелес, според неименуваниот извор, принцот Чарлс немал многу можности да ги види двегодишниот Арчи и седуммесечната Лилибет, и тоа навистина го погодило.

Во меѓувреме, имаше низа добронамерни и пријатни повици меѓу нив, што е нешто што принцот (Чарлс) со нетрпение го очекува, продолжува изворот.

The post Принцот Чарлс сака да ги види внуците во САД appeared first on Република.

]]>

Британскиот принц од Велс, Чарлс и неговиот син, принцот Хари во последно време наводно прават напори за да ги затоплат своите заладени семејни односи. Имено, тие наводно, разговарале еден со друг, оти Чарлс сакал да ги види своите внуци, па настојува „американското семејство“ наскоро да ја посети Велика Британија.
Принцот од Велс често разговара со својот син изминативе месеци. Тој многу го сака и него, и двете негови деца и со нетрпение очекува тие да можат да минуваат повеќе време заедно во блиска иднина, вели близок извор за „Мирор“.
Откако принцот Хари и Меган Маркл се преселија во Лос Анџелес, според неименуваниот извор, принцот Чарлс немал многу можности да ги види двегодишниот Арчи и седуммесечната Лилибет, и тоа навистина го погодило.
Во меѓувреме, имаше низа добронамерни и пријатни повици меѓу нив, што е нешто што принцот (Чарлс) со нетрпение го очекува, продолжува изворот.

The post Принцот Чарлс сака да ги види внуците во САД appeared first on Република.

]]>