И по 25 години од нејзината смрт, судбината на принцезата Дајана продолжува да ја интригира јавноста, а постојано се шпекулира за деталите кои го одбележаа нејзиниот живот.

Принцезата Дајана ја обожаваа сите. Важеше за храбра жена која не ги почитуваше општествените норми, беше поинаква, сите ја сакаа и им даваше голема љубов не само на синовите што ги доби со принцот Чарлс, туку и на сите луѓе кои и се восхитуваа.

Меѓутоа, судејќи по тоа што се случило на почетокот на бракот со неа и Чарлс, тој во тоа време веќе бил осуден на пропаст, а се верува дека причина за тоа е принцезата Камила.

Принцезата Дајана и принцот Чарлс се венчаа на 29 јули 1981 година, но свадбата како од бајките се претвори во кошмар.

Срцето на Камила Паркер која беше во брак со Ендрју Паркер му припаѓаше само на принцот Чарлс и тоа беше јавна тајна.

Дека ова тврдење е точно може да се заклучи и од писмото од принцот Чарлс испратено до Лорд Маунтбатен за Камила:

Претпоставувам дека чувството на празнина ќе помине еден ден.

Тоа го почувствувала и Лејди Ди на нејзиниот меден месец кога пронашла фотографија од Камила со принцот Чарлс. После тоа се скарале, а тој безуспешно се обидел да го оправда овој потег. Таа се скршила, но решила да остане со него.

Со текот на годините нивната врска се влошувала, а во моментот кога таа го родила нивниот втор син, настанале уште поголеми несогласувања.

Тој е момче, па дури има и црвена коса – рекол Чарлс кога го видел вториот наследник и отишол да игра поло.

Дајана била скршена од таквото однесување.

Сепак, и денес, долго време по смртта на Дајана, принцот Чарлс е во брак со својата прва љубов Камила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.