Skip to main content

Оперскиот пејач Ѓорѓи Цуцковски е нов директор на „Охридско лето”

Магистер доцент Ѓор­ѓи Цуцковски, оперски пејач, пр­ве­не­ц на Опе­ра­та при Националната опе­ра и ба­лет (НОБ), е нови­от директор на националната установа „Охрид­ско ле­то”.

Тој до­а­ѓа на ме­сто­то на Анита Алоска, која беше на функцијата в.д. директор измнативе три месеци, информираат од НУ „Охрид­ско ле­то”.

Цуцковски на македонската јавност ѝ е познат по својата богата интернационална кариера којашто вклучува претставување на македонската култура во САД, Кореја, Индонезија, Јапонија, Кина и ширум Европа. Освен како истакнат македонски уметник има особен придонес за македонската култура и како пoранешен уметнички директор на Македонската опера и музички селектор на Фестивалот „Охридско лето”.

„Охридско лето” за мене претставува бисер на македонската култура и на културниот идентитет на Македонија. Со особена чест и задоволство стапувам на позицијата директор на НУ „Охридско лето” со надеж дека ќе ја продолжиме долгата и богата традиција на успешни и спектакуларни настани, на најголемите светски уметнички имиња и дека Фестивалот ќе продолжи да ја негува богатата традиција од 64 години, вели директорот Цуцковски.

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibom güncel girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişBeylikdüzü Escort