неверство Archives - Република https://republika.mk/tema/neverstvo/ За подобро да се разбереме Sun, 25 Aug 2024 13:06:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png неверство Archives - Република https://republika.mk/tema/neverstvo/ 32 32 Љубовен скандал во Премиер лигата: Познат фудбалер остана без сопругата откако дома ја донел швалерката https://republika.mk/sport/fudbal/luboven-skandal-vo-premier-ligata-poznat-fudbaler-ostana-bez-soprugata-otkako-doma-ja-donel-shvalerkata/ Sun, 25 Aug 2024 17:47:50 +0000 https://republika.mk/?p=810006

Познат фудбалер од Премиер лигата останал без сопругата откако ја донел дома љубовницата.

Како што пишува „Дејли мејл“, скандалот почнал кога една девојка и напишала на сопругата на фудбалерот на Инстаграм:

Спиев со твојот сопруг“.

Како потврда, таа испратила фотографија од креветот во куќата на фудбалерот. Вреди да се одбележи дека на ѕидот се гледа фотографија од играчот со неговото семејство.

Сопругот првично и рекол на сопругата дека фотографијата е лажна.

Меѓутоа, жената ја проверила снимката од камерата и видела дека фудбалерот всушност, навистина ја донел љубовницата дома. Поради тоа, сопругата решила да се раздели од сопругот.

„Дејли Мејл“ не го открива идентитетот на фудбалерот, но го нарекува „добро познат“ и забележува дека на Евро 2024 отишол како дел од репрезентацијата на неговата земја.

The post Љубовен скандал во Премиер лигата: Познат фудбалер остана без сопругата откако дома ја донел швалерката appeared first on Република.

]]>

Познат фудбалер од Премиер лигата останал без сопругата откако ја донел дома љубовницата. Како што пишува „Дејли мејл“, скандалот почнал кога една девојка и напишала на сопругата на фудбалерот на Инстаграм:
Спиев со твојот сопруг“.
Како потврда, таа испратила фотографија од креветот во куќата на фудбалерот. Вреди да се одбележи дека на ѕидот се гледа фотографија од играчот со неговото семејство. Сопругот првично и рекол на сопругата дека фотографијата е лажна. Меѓутоа, жената ја проверила снимката од камерата и видела дека фудбалерот всушност, навистина ја донел љубовницата дома. Поради тоа, сопругата решила да се раздели од сопругот. „Дејли Мејл“ не го открива идентитетот на фудбалерот, но го нарекува „добро познат“ и забележува дека на Евро 2024 отишол како дел од репрезентацијата на неговата земја.

The post Љубовен скандал во Премиер лигата: Познат фудбалер остана без сопругата откако дома ја донел швалерката appeared first on Република.

]]>
Белграѓанка го фати сопругот во неверство на сплав што заедно го поседуваат https://republika.mk/vesti/balkan/belgraganka-go-fati-soprugot-vo-neverstvo-na-splav-shto-zaedno-go-poseduvaat/ Wed, 30 Aug 2023 07:12:28 +0000 https://republika.mk/?p=677159

Една белграѓанка го фатила сопругот во неверство и тоа благодарение на видеата од безбедносните камери на сплавот кој заедно го поседуваат.

За нештата да бидат уште полоши, повредената сопруга која се породила пред само 4 месеци, ги објавила видеата на официјалниот профил на споменатиот сплав, како и името на девојката со која го фатила дека има афера.

„Дојдете на нашиот сплав! Имаме работничка за сѐ, ако ме разбирате! А сопственикот доби дете пред 4 месеци. Знаете ли дека јас мислев дека тој е навистина добар човек. Навистина, мислев, а не сум мала... Мислев дека најмалку што му должам е сите да знаат каков е. Слушам дека сериозните луѓе не сакаат ниту да работат со оние што ги издаваат своите најблиски“, напишала таа на видеата на Инстаграм.

Откако ситуацијата се смирила, сопругата повторно објавила стори на кое објаснува дека „не знае зошто го објавила тоа на официјалниот профил“.

„Не можам ни да се сетам што точно сакав да постигнам, можеби да ги понижам овде на бизнис профилот, а толку ескалираше што во моментов имам моќ ова да го објавам и во живо на плоштад, но сега гледам дека не сакам да се валкам во таа кал.

Тука сум ако ви требаат информации или простор за некоја прослава, или некој план за одмазда, затоа што изгледа дека ниту тоа не ми оди лошо“

The post Белграѓанка го фати сопругот во неверство на сплав што заедно го поседуваат appeared first on Република.

]]>

Една белграѓанка го фатила сопругот во неверство и тоа благодарение на видеата од безбедносните камери на сплавот кој заедно го поседуваат. За нештата да бидат уште полоши, повредената сопруга која се породила пред само 4 месеци, ги објавила видеата на официјалниот профил на споменатиот сплав, како и името на девојката со која го фатила дека има афера.
„Дојдете на нашиот сплав! Имаме работничка за сѐ, ако ме разбирате! А сопственикот доби дете пред 4 месеци. Знаете ли дека јас мислев дека тој е навистина добар човек. Навистина, мислев, а не сум мала... Мислев дека најмалку што му должам е сите да знаат каков е. Слушам дека сериозните луѓе не сакаат ниту да работат со оние што ги издаваат своите најблиски“, напишала таа на видеата на Инстаграм.
Откако ситуацијата се смирила, сопругата повторно објавила стори на кое објаснува дека „не знае зошто го објавила тоа на официјалниот профил“.
„Не можам ни да се сетам што точно сакав да постигнам, можеби да ги понижам овде на бизнис профилот, а толку ескалираше што во моментов имам моќ ова да го објавам и во живо на плоштад, но сега гледам дека не сакам да се валкам во таа кал.
Тука сум ако ви требаат информации или простор за некоја прослава, или некој план за одмазда, затоа што изгледа дека ниту тоа не ми оди лошо“

The post Белграѓанка го фати сопругот во неверство на сплав што заедно го поседуваат appeared first on Република.

]]>
Четири знаци што откриваат дека жената е неверна https://republika.mk/zivot/psihologija/chetiri-znatsi-shto-otkrivaat-deka-zhenata-e-neverna/ Thu, 13 Jul 2023 20:21:29 +0000 https://republika.mk/?p=661090

Изневерувањето е причина број еден за развод, а овие 4 знака укажуваат на тоа дека жената има љубовник

Неверството никогаш не е добро, без разлика дали го извршила жена или маж. Генерално важи правилото дека мажите се тие што изневеруваат, бидејќи ним тоа им е во крв, додека за жените се верува дека ако го сториле тоа, имале опасен повод.

Низ годините, спроведени се голем број истражувања и верувале или не, одговорот секогаш е ист и не сме сигурни дали ќе ви се допадне: припадничките на женскиот пол во просек имаат 2,3 љубовника, додека мажите имаат 1,8 љубовници. Тоа значи дека жените се тие што повеќе изневеруваат.

Но кај жените, главната причина за изневерување не е сексот, туку недостигот од емоционална поврзаност. Жените честопати се неверни, бидејќи се чувствуваат осамено или им пречи тоа што партнерот ги зема здраво за готово. Сакаат повторно да се почувствуваат посакувано и ценето. А многу жени велат дека изневеруваат за да ја спасат својата врска.

За сите оние што се сомневаат дека партнерката ги изневерува, постојат некои знаци на кои треба да се обрне внимание. Но не треба да се заборави и дека тоа што се сомневате на неверство, не значи дека тоа е така. За секоја од овие промени, може да постои логично објаснување.

-Одеднаш станува помалку приврзана или тактилна (или повеќе од вообичаено)
-Промени во нејзината вообичаена рутина: Ако почне постојано да се враќа доцна од работа или често оди на деловни состаноци.
-Станува многу мистериозна во врска со своите навики на телефон и Интернет: можеби ги менува лозинките, го крие телефонот или ги прима повиците во друга соба.
-Почнува да става повеќе шминка или парфем без видлива причина, или се облекува секси кога излегува со своите пријателки, иако претходно не било така.

Љубомората боли и го отежнува разумното размислување. Партнерот би можел да реагира во афект, но тоа нема да му помогне ниту нему ниту на врската. Само ќе ја оддалечи жената. Затоа, треба длабоко да се вдиши и да се разговара со неа. Треба да ја замолите да биде искрена. Ако таа признае дека го изневерила партнерот и двајцата сакаат да преминат преку тоа и да ја зајакнат својата врска, треба да одлучат заедно да работат на повторното градење доверба.

The post Четири знаци што откриваат дека жената е неверна appeared first on Република.

]]>

Изневерувањето е причина број еден за развод, а овие 4 знака укажуваат на тоа дека жената има љубовник Неверството никогаш не е добро, без разлика дали го извршила жена или маж. Генерално важи правилото дека мажите се тие што изневеруваат, бидејќи ним тоа им е во крв, додека за жените се верува дека ако го сториле тоа, имале опасен повод. Низ годините, спроведени се голем број истражувања и верувале или не, одговорот секогаш е ист и не сме сигурни дали ќе ви се допадне: припадничките на женскиот пол во просек имаат 2,3 љубовника, додека мажите имаат 1,8 љубовници. Тоа значи дека жените се тие што повеќе изневеруваат. Но кај жените, главната причина за изневерување не е сексот, туку недостигот од емоционална поврзаност. Жените честопати се неверни, бидејќи се чувствуваат осамено или им пречи тоа што партнерот ги зема здраво за готово. Сакаат повторно да се почувствуваат посакувано и ценето. А многу жени велат дека изневеруваат за да ја спасат својата врска. За сите оние што се сомневаат дека партнерката ги изневерува, постојат некои знаци на кои треба да се обрне внимание. Но не треба да се заборави и дека тоа што се сомневате на неверство, не значи дека тоа е така. За секоја од овие промени, може да постои логично објаснување. -Одеднаш станува помалку приврзана или тактилна (или повеќе од вообичаено) -Промени во нејзината вообичаена рутина: Ако почне постојано да се враќа доцна од работа или често оди на деловни состаноци. -Станува многу мистериозна во врска со своите навики на телефон и Интернет: можеби ги менува лозинките, го крие телефонот или ги прима повиците во друга соба. -Почнува да става повеќе шминка или парфем без видлива причина, или се облекува секси кога излегува со своите пријателки, иако претходно не било така. Љубомората боли и го отежнува разумното размислување. Партнерот би можел да реагира во афект, но тоа нема да му помогне ниту нему ниту на врската. Само ќе ја оддалечи жената. Затоа, треба длабоко да се вдиши и да се разговара со неа. Треба да ја замолите да биде искрена. Ако таа признае дека го изневерила партнерот и двајцата сакаат да преминат преку тоа и да ја зајакнат својата врска, треба да одлучат заедно да работат на повторното градење доверба.

The post Четири знаци што откриваат дека жената е неверна appeared first on Република.

]]>
Каква карма ќе ве следи доколку го изневерувате вашиот партнер? https://republika.mk/zivot/psihologija/kakva-karma-ke-ve-sledi-dokolku-go-izneveruvate-vashiot-partner/ Sun, 08 Jan 2023 19:45:23 +0000 https://republika.mk/?p=594705

Многу луѓе во моментите на неверство не размислуваат за своите партнери, за нивните чувства и последиците и дали тоа што го прават навистина вреди! Неверството, дефинитивно, е една од најтешките работи со кои може да се соочи една двојка. По него, љубовта, во најголемиот број случаи, е осудена на пропаст.

Личноста што ќе доживее да ја повреди партнерот на таков начин, не само што се соочува со тој факт, туку се соочува и со губење самодоверба, разочарување, емотивен раздор, а поединци дури и стануваат депресивни!

А каква карма, всушност, предизвикува изневерувањето?
Нема сомнеж дека на овој начин се создава лоша карма, но не во таква форма каква што повеќето луѓе си замислуваат. Најчесто се мисли дека на оној што изневерува ќе му се врати со иста мера, но тоа е голема заблуда.

Лаклан Браун, авторка и една од основачките на сајтот HackSpirit, кој се занимава со теми за личен развој и подобрување на односите, истакнува:

„Кармата е едноставно енергија. Енергија се нашите мисли, намери и постапки. Енергијата што сега ја создаваме ќе влијае врз нас во иднина.“

Па каква енергија создаваат луѓето кои ги изневеруваат своите партнери?

Доаѓа до четири промени во енергијата:

-губење на довербата
-негирање и омаловажување на љубовта
-чувство на безвредност кај човекот што сме го изневериле
-гнев, тага и очај кај изневерениот

Наведените емоционални состојби се тешки и создаваат неповолна енергија – изневерувањето создава карма на внатрешно разочарување и предавство. Личноста што изневерува создава недоверба – како кај другите луѓе, така и кај себе, иако многумина не се свесни за тоа.

„Кармата е акција, а не резултат. Иднината не е запечатена во камен. Секогаш можете да го промените правецот на вашиот живот така што ќе ги промените своите мисли, намери и постапки и ќе прекинете со самоуништувачките навики. Кога ги изневерувате другите, ја градите куќата на вашиот живот врз разнишани темели. Очекувајте енергичен бумеранг во форма на непожелност во многу кругови, ситуации и ставови. Губењето на самопочитта најмногу ќе боли“, истакнуваат експертите.

Личноста што изневерува, исто така, ќе се соочи со вистината дека со неверството изгубила нешто вредно, важно, ќе почувствува осаменост и жал за тоа што се случило. Можеби не денес или утре, но кармата ќе пристигне во вистинскиот момент. Тогаш ќе започне емоционалниот пресврт.

Единствениот начин да се ослободите од лошата карма е да побарате прошка од оној што сте го изневериле. Само така ќе се ослободите од големиот товар.

The post Каква карма ќе ве следи доколку го изневерувате вашиот партнер? appeared first on Република.

]]>

Многу луѓе во моментите на неверство не размислуваат за своите партнери, за нивните чувства и последиците и дали тоа што го прават навистина вреди! Неверството, дефинитивно, е една од најтешките работи со кои може да се соочи една двојка. По него, љубовта, во најголемиот број случаи, е осудена на пропаст. Личноста што ќе доживее да ја повреди партнерот на таков начин, не само што се соочува со тој факт, туку се соочува и со губење самодоверба, разочарување, емотивен раздор, а поединци дури и стануваат депресивни! А каква карма, всушност, предизвикува изневерувањето? Нема сомнеж дека на овој начин се создава лоша карма, но не во таква форма каква што повеќето луѓе си замислуваат. Најчесто се мисли дека на оној што изневерува ќе му се врати со иста мера, но тоа е голема заблуда. Лаклан Браун, авторка и една од основачките на сајтот HackSpirit, кој се занимава со теми за личен развој и подобрување на односите, истакнува:
„Кармата е едноставно енергија. Енергија се нашите мисли, намери и постапки. Енергијата што сега ја создаваме ќе влијае врз нас во иднина.“
Па каква енергија создаваат луѓето кои ги изневеруваат своите партнери? Доаѓа до четири промени во енергијата: -губење на довербата -негирање и омаловажување на љубовта -чувство на безвредност кај човекот што сме го изневериле -гнев, тага и очај кај изневерениот Наведените емоционални состојби се тешки и создаваат неповолна енергија – изневерувањето создава карма на внатрешно разочарување и предавство. Личноста што изневерува создава недоверба – како кај другите луѓе, така и кај себе, иако многумина не се свесни за тоа.
„Кармата е акција, а не резултат. Иднината не е запечатена во камен. Секогаш можете да го промените правецот на вашиот живот така што ќе ги промените своите мисли, намери и постапки и ќе прекинете со самоуништувачките навики. Кога ги изневерувате другите, ја градите куќата на вашиот живот врз разнишани темели. Очекувајте енергичен бумеранг во форма на непожелност во многу кругови, ситуации и ставови. Губењето на самопочитта најмногу ќе боли“, истакнуваат експертите.
Личноста што изневерува, исто така, ќе се соочи со вистината дека со неверството изгубила нешто вредно, важно, ќе почувствува осаменост и жал за тоа што се случило. Можеби не денес или утре, но кармата ќе пристигне во вистинскиот момент. Тогаш ќе започне емоционалниот пресврт. Единствениот начин да се ослободите од лошата карма е да побарате прошка од оној што сте го изневериле. Само така ќе се ослободите од големиот товар.

The post Каква карма ќе ве следи доколку го изневерувате вашиот партнер? appeared first on Република.

]]>
Знаци кои издаваат дека ве изневерува – хороскопските знаци и нивното однесување https://republika.mk/zivot/astro/znaci-koi-izdavaat-deka-ve-izneveruva-horoskopskite-znaci-i-nivnoto-odnesuvanje/ Sat, 12 Nov 2022 17:39:37 +0000 https://republika.mk/?p=573100

Ве изневерува?! Вака ќе препознаете!

Овен
Овните се страсни љубовници, а познати се по тоа што кога се вљубени, го опсипуваат партнерот со изјави на љубов, допири и размена на нежности, па со нив се чувствувате како да сте најважната личност во нивниот свет.

Така, ако вашиот партнер во знакот Овен почне да ве избегнува, да ви дава по еден краток бакнеж наутро и да избегнува да биде интимен, тоа значи дека најверојатно својата потреба за нежности ја добива на друго место.

Бик
На почетокот изгледаат студени и недопирливи, но со текот на времето, кога ќе ве запознаат, се отвораат и од партнерот постојано бараат совет и мислење за сѐ и сешто.

Ним им е важно да имаат партнер чиешто мислење ќе им помогне и на кого можат да се потпрат.

Во оној миг кога веќе нема да ви бараат мислење и совет, потребно е да се загрижите – тоа може да значи дека најверојатно тоа што им треба го добиваат на друго место.

Близнаци
Комуникативни и дружељубиви, Близнаците се познати по тоа што постојано го шират кругот на пријатели, а секогаш бараат некое ново хоби, активности или клубови.

Кога сте во пријателски односи со нив тие секогаш се отворени и искрено кажуваат што им лежи на срце, па немаат никаков проблем да ги споделуваат сите детали од животот.

Ако забележите дека партнерот наеднаш станува мошне повлечен и го крие телефонот, тогаш би требало да се загрижите – најверојатно е внимателен да не најдете некој разговор што не би требало да го видите.

Рак
Кога сте во врска со Рак, тие веднаш ви стануваат најдобри пријатели – мошне се трпеливи и подготвени да ви пружат поддршка во секој аспект од животот и знаете дека секогаш внимаваат на туѓите емоции.

Ако одеднаш вашиот партнер стане студен кон вас, ве избегнува и не ви обрнува внимание, тоа може да значи дека во моментот води сметка за нечии туѓи емоции.

Лав
Секогаш сакаат да бидат во центарот на вниманието, но во љубовните врски важат за мошне лојални партнери, кои ќе направат сѐ за да блескате заедно со нив.

Лавовите може да почнат да изневеруваат ако забележат дека не ги цените доволно и не им го вреднувате трудот.

Ако наеднаш почне повеќе да се дотерува и да излегува сам, тоа е сигурен знак дека Лавот го бара потребното внимание на друго место.

Девица
Мошне се практични и аналитични, па заради тоа и предвидливи. Во врските со Девиците секогаш знаете што можете да очекувате – тие не прават нагли промени во животот, ако нешто ги замолите да направат, ќе го завршат тоа без да ги потсетувате.

Па така, кога ќе забележите неочекувана промена во нивниот распоред или пак ако забележите дека не се таму каде што ви кажале дека ќе бидат, тоа е знак дека Девицата наскоро планира да направи промени и во вашиот љубовен живот.

Терезија
Секогаш знаат што да направат за партнерот да се чувствува посебно – секогаш знаат што треба да кажат и како да направат партнерот да се чувствува ценето, па заради тоа важат за хороскопски знаци со најдолготрајни романтични врски.

Од друга страна, кога ќе забележите дека партнерот во знак Вага веќе не води сметка за вашите емоции, ве исмева или постојано ви упатува критики, тоа може да биде знак дека се обидува да ви го сврти вниманието за да не забележите дека ве изневерува.

Скорпија
Мошне се мистериозни и на прв поглед изгледаат застрашувачки, но откако ќе ги запознаете со текот на времето ја запознавате и нивната емотивна страна.

На Скорпиите им е потребно долго време за да изградат доверба и во целост да му се отворат на партнерот, па со него ги споделуваат сите детали од секојдневниот живот.

Ако одеднаш забележите дека вашиот партнер во знакот Скорпија веќе не ги споделува сите детали со вас, нема време за разговор и не ви бара совет тоа значи дека најверојатно воспоставил таков однос со некоја друга личност.

Стрелец
Секогаш се подготвени за добра забава и обожаваат спонтани и непланирани авантури. Кога ќе најдат партнер со кого можат да ги споделуваат овие свои особини, за нив тоа е најголемата авантура.

Очекувајте дека нивните социјални мрежи ќе бидат преполнети со фотографии од сите места што заедно сте ги посетиле.

Во оној миг кога ќе престанат да ги споделуваат вашите заеднички фотографии, без разлика дали се направени на некое патување или во домашна атмосфера, тоа значи дека се обидуваат да скријат дека се во врска.

Јарец
За Јарците љубовта е инвестиција што треба да им се исплати во иднина. Иако ова не звучи романтично, за нив тоа е најреалистичен начин за да изградат живот со некого.

Ако Јарецот е вљубен во вас, тој е подготвен да ви го подари светот и нема да се штеди.

Сепак, ако забележите дека не сака заедно да размислувате за иднината, да купите стан заедно или да ги делите финансиите тоа е сигурен знак дека нешто не е во ред.

Можно е веќе да размислуваат како да ве откачат и да „инвестираат“ во иднината со некој друг.

Водолија
Водолиите сакаат да го поминуваат времето со пријателите.

Кога ќе се вљубат тие веднаш го запознаваат партнерот со сите пријатели и сакаат да се чувствувате како дел од друштвото.

Можете да бидете сигурни дека додека сте во врска, Водолиите ќе ви бидат најдобри пријатели и очекуваат да бидете некаде излезени со нивните пријатели.

Но, во оној миг кога ќе почнат да инсистираат дека е време да почнат да излегуваат сами или да бидат само со пријателите, тоа е знак дека развиваат пријателство со некој друг.

Риби
Рибите се љубезни и чувствителни и не се плашат да го отворат срцето и да разговараат со партнерот за своите фантазии.

Познати се по тоа што често користат слатки прекари за личноста што ја сакаат и ќе направат сѐ за нивниот партнер да знае дека е сакан.

Во моментот кога ќе престанете да ја чувствувате нивната топлина и искреност, тоа е прв знак дека треба да бидете загрижени.

Најверојатно веќе нашле некој друг со кого ги споделуваат своите тајни.

The post Знаци кои издаваат дека ве изневерува – хороскопските знаци и нивното однесување appeared first on Република.

]]>

Ве изневерува?! Вака ќе препознаете! Овен Овните се страсни љубовници, а познати се по тоа што кога се вљубени, го опсипуваат партнерот со изјави на љубов, допири и размена на нежности, па со нив се чувствувате како да сте најважната личност во нивниот свет. Така, ако вашиот партнер во знакот Овен почне да ве избегнува, да ви дава по еден краток бакнеж наутро и да избегнува да биде интимен, тоа значи дека најверојатно својата потреба за нежности ја добива на друго место. Бик На почетокот изгледаат студени и недопирливи, но со текот на времето, кога ќе ве запознаат, се отвораат и од партнерот постојано бараат совет и мислење за сѐ и сешто. Ним им е важно да имаат партнер чиешто мислење ќе им помогне и на кого можат да се потпрат. Во оној миг кога веќе нема да ви бараат мислење и совет, потребно е да се загрижите – тоа може да значи дека најверојатно тоа што им треба го добиваат на друго место. Близнаци Комуникативни и дружељубиви, Близнаците се познати по тоа што постојано го шират кругот на пријатели, а секогаш бараат некое ново хоби, активности или клубови. Кога сте во пријателски односи со нив тие секогаш се отворени и искрено кажуваат што им лежи на срце, па немаат никаков проблем да ги споделуваат сите детали од животот. Ако забележите дека партнерот наеднаш станува мошне повлечен и го крие телефонот, тогаш би требало да се загрижите – најверојатно е внимателен да не најдете некој разговор што не би требало да го видите. Рак Кога сте во врска со Рак, тие веднаш ви стануваат најдобри пријатели – мошне се трпеливи и подготвени да ви пружат поддршка во секој аспект од животот и знаете дека секогаш внимаваат на туѓите емоции. Ако одеднаш вашиот партнер стане студен кон вас, ве избегнува и не ви обрнува внимание, тоа може да значи дека во моментот води сметка за нечии туѓи емоции. Лав Секогаш сакаат да бидат во центарот на вниманието, но во љубовните врски важат за мошне лојални партнери, кои ќе направат сѐ за да блескате заедно со нив. Лавовите може да почнат да изневеруваат ако забележат дека не ги цените доволно и не им го вреднувате трудот. Ако наеднаш почне повеќе да се дотерува и да излегува сам, тоа е сигурен знак дека Лавот го бара потребното внимание на друго место. Девица Мошне се практични и аналитични, па заради тоа и предвидливи. Во врските со Девиците секогаш знаете што можете да очекувате – тие не прават нагли промени во животот, ако нешто ги замолите да направат, ќе го завршат тоа без да ги потсетувате. Па така, кога ќе забележите неочекувана промена во нивниот распоред или пак ако забележите дека не се таму каде што ви кажале дека ќе бидат, тоа е знак дека Девицата наскоро планира да направи промени и во вашиот љубовен живот. Терезија Секогаш знаат што да направат за партнерот да се чувствува посебно – секогаш знаат што треба да кажат и како да направат партнерот да се чувствува ценето, па заради тоа важат за хороскопски знаци со најдолготрајни романтични врски. Од друга страна, кога ќе забележите дека партнерот во знак Вага веќе не води сметка за вашите емоции, ве исмева или постојано ви упатува критики, тоа може да биде знак дека се обидува да ви го сврти вниманието за да не забележите дека ве изневерува. Скорпија Мошне се мистериозни и на прв поглед изгледаат застрашувачки, но откако ќе ги запознаете со текот на времето ја запознавате и нивната емотивна страна. На Скорпиите им е потребно долго време за да изградат доверба и во целост да му се отворат на партнерот, па со него ги споделуваат сите детали од секојдневниот живот. Ако одеднаш забележите дека вашиот партнер во знакот Скорпија веќе не ги споделува сите детали со вас, нема време за разговор и не ви бара совет тоа значи дека најверојатно воспоставил таков однос со некоја друга личност. Стрелец Секогаш се подготвени за добра забава и обожаваат спонтани и непланирани авантури. Кога ќе најдат партнер со кого можат да ги споделуваат овие свои особини, за нив тоа е најголемата авантура. Очекувајте дека нивните социјални мрежи ќе бидат преполнети со фотографии од сите места што заедно сте ги посетиле. Во оној миг кога ќе престанат да ги споделуваат вашите заеднички фотографии, без разлика дали се направени на некое патување или во домашна атмосфера, тоа значи дека се обидуваат да скријат дека се во врска. Јарец За Јарците љубовта е инвестиција што треба да им се исплати во иднина. Иако ова не звучи романтично, за нив тоа е најреалистичен начин за да изградат живот со некого. Ако Јарецот е вљубен во вас, тој е подготвен да ви го подари светот и нема да се штеди. Сепак, ако забележите дека не сака заедно да размислувате за иднината, да купите стан заедно или да ги делите финансиите тоа е сигурен знак дека нешто не е во ред. Можно е веќе да размислуваат како да ве откачат и да „инвестираат“ во иднината со некој друг. Водолија Водолиите сакаат да го поминуваат времето со пријателите. Кога ќе се вљубат тие веднаш го запознаваат партнерот со сите пријатели и сакаат да се чувствувате како дел од друштвото. Можете да бидете сигурни дека додека сте во врска, Водолиите ќе ви бидат најдобри пријатели и очекуваат да бидете некаде излезени со нивните пријатели. Но, во оној миг кога ќе почнат да инсистираат дека е време да почнат да излегуваат сами или да бидат само со пријателите, тоа е знак дека развиваат пријателство со некој друг. Риби Рибите се љубезни и чувствителни и не се плашат да го отворат срцето и да разговараат со партнерот за своите фантазии. Познати се по тоа што често користат слатки прекари за личноста што ја сакаат и ќе направат сѐ за нивниот партнер да знае дека е сакан. Во моментот кога ќе престанете да ја чувствувате нивната топлина и искреност, тоа е прв знак дека треба да бидете загрижени. Најверојатно веќе нашле некој друг со кого ги споделуваат своите тајни.

The post Знаци кои издаваат дека ве изневерува – хороскопските знаци и нивното однесување appeared first on Република.

]]>
Младоженецот среде свадба пушти секс видео од невестата со сопругот на нејзината бремена сестра https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/mladozenecot-srede-svadba-pushti-seks-video-od-nevestata-so-soprugot-na-nejzinata-bremena-sestra/ Wed, 10 Aug 2022 19:34:23 +0000 https://republika.mk/?p=538864

Совршено мирна свадба во Кина брзо се претвори во хаос. Младоженецот планирал гадна одмазда на својата избраничка, покажувајќи ѝ видео на кое има секс со сопругот на нејзината бремена сестра на свадбата.

Мислеше дека не знаев дека ме изневеруваш - ја праша младоженецот својата избраничка додека добиваше букет на главата, а во исто време пред сите гости беше прикажано видео од аферата.

@koolprince33 Cheating bride #chinese #chinestiktok #usa #worldtiktok #vira ♬ original sound - Kool Prince

Иако се работи за видео од 2019 година, деновиве стана вирално на TikTok и за само неколку дена собра околу шест милиони прегледи.

The post Младоженецот среде свадба пушти секс видео од невестата со сопругот на нејзината бремена сестра appeared first on Република.

]]>

Совршено мирна свадба во Кина брзо се претвори во хаос. Младоженецот планирал гадна одмазда на својата избраничка, покажувајќи ѝ видео на кое има секс со сопругот на нејзината бремена сестра на свадбата.
Мислеше дека не знаев дека ме изневеруваш - ја праша младоженецот својата избраничка додека добиваше букет на главата, а во исто време пред сите гости беше прикажано видео од аферата.
@koolprince33 Cheating bride #chinese #chinestiktok #usa #worldtiktok #vira ♬ original sound - Kool Prince
Иако се работи за видео од 2019 година, деновиве стана вирално на TikTok и за само неколку дена собра околу шест милиони прегледи.

The post Младоженецот среде свадба пушти секс видео од невестата со сопругот на нејзината бремена сестра appeared first on Република.

]]>
Овие хороскопски знаци ќе останат со партнерот и по неверство! https://republika.mk/zivot/astro/ovie-horoskopski-znaci-kje-ostanat-so-partnerot-i-po-neverstvo/ Thu, 07 Apr 2022 17:35:25 +0000 https://republika.mk/?p=484943

Довербата е една од најважните работи во секој однос во животот, па токму затоа изневерувањето е најчеста причина за прекин на нечија љубовна врска.

Рак
Раковите честопати „дигаат ѕид“ околу себе бидејќи се плашат да ја покажат својата ранливост. Меѓутоа, кога ќе почнат да ги споделуваат своите најдлабоки тајни, стравови и несигурности со својот сопружник, тие би направиле сѐ за него. Затоа, ако нивниот партнер изневерува, тие на крајот би ѝ простиле на личноста само за да го избегнат раскинувањето на врската.

Скорпија
Скорпиите сакаат да имаат контрола и партнерот што изневерува може да го загрози тоа. Сепак, тие веројатно ќе простат изневерување само за да го вратат чувството за контрола врз врската. Тоа е затоа што барањето прошка ќе ги доведе во позиција во која партнерот би направил сѐ за да ја задоволи Скорпијата, нешто што совршено ѝ одговара.

Бик
Биковите ја ценат верноста на партнерот. Но, пред сè, тие имаат тенденција да им веруваат на своите партнери, особено кога се во долга врска. Ова им отежнува да ги забележат нивните недостатоци. Дури и кога партнерот изневерува, тие би останале во врска и одбиваат да се откажат од својата љубов. Но, Биковите никогаш нема да го заборават тоа и долго ќе му замеруваат на својот партнер.

Риби
Иако Рибите длабоко во себе би сакале да си заминат, тие ќе останат во врската само да остават убав впечаток во околината. Луѓето родени во овој знак честопати сакаат да задржат добар имиџ во очите на пријателите и семејството. Затоа, тие би се обиделе да го сокријат неверството на партнерот и да го спасат образот.

The post Овие хороскопски знаци ќе останат со партнерот и по неверство! appeared first on Република.

]]>

Довербата е една од најважните работи во секој однос во животот, па токму затоа изневерувањето е најчеста причина за прекин на нечија љубовна врска. Рак Раковите честопати „дигаат ѕид“ околу себе бидејќи се плашат да ја покажат својата ранливост. Меѓутоа, кога ќе почнат да ги споделуваат своите најдлабоки тајни, стравови и несигурности со својот сопружник, тие би направиле сѐ за него. Затоа, ако нивниот партнер изневерува, тие на крајот би ѝ простиле на личноста само за да го избегнат раскинувањето на врската. Скорпија Скорпиите сакаат да имаат контрола и партнерот што изневерува може да го загрози тоа. Сепак, тие веројатно ќе простат изневерување само за да го вратат чувството за контрола врз врската. Тоа е затоа што барањето прошка ќе ги доведе во позиција во која партнерот би направил сѐ за да ја задоволи Скорпијата, нешто што совршено ѝ одговара. Бик Биковите ја ценат верноста на партнерот. Но, пред сè, тие имаат тенденција да им веруваат на своите партнери, особено кога се во долга врска. Ова им отежнува да ги забележат нивните недостатоци. Дури и кога партнерот изневерува, тие би останале во врска и одбиваат да се откажат од својата љубов. Но, Биковите никогаш нема да го заборават тоа и долго ќе му замеруваат на својот партнер. Риби Иако Рибите длабоко во себе би сакале да си заминат, тие ќе останат во врската само да остават убав впечаток во околината. Луѓето родени во овој знак честопати сакаат да задржат добар имиџ во очите на пријателите и семејството. Затоа, тие би се обиделе да го сокријат неверството на партнерот и да го спасат образот.

The post Овие хороскопски знаци ќе останат со партнерот и по неверство! appeared first on Република.

]]>
Ако ти го кажува ова веројатно те изневерува: Професионална љубовница ги разоткрива машките лаги кога се со друга жена https://republika.mk/intima/ako-ti-go-kazuva-ova-verojatno-te-izneveruva-profesionalna-ljubovnica-gi-razotkriva-mashkite-lagi-koga-se-so-druga-zena/ Tue, 22 Mar 2022 10:34:23 +0000 https://republika.mk/?p=476494

Жена која излегува исклучиво со оженети мажи, открива кои реченици мажите најмногу им ги соопштуваат на своите сопруги кога ги изневеруваат.

Ејми Капс (32) од Северна Каролина излегува исклучиво со оженети мажи, а како што открива, таквата одлука ја донела кога дознала дека сопругот ја изневерува. Според неа, постарите мажи, кои се чувствуваат запоставено од своите сопруги, се повеќе склони кон романса и „диви“ сексуални односи.

Тие што вртшат неверство се возбудени во креветот, најмногу затоа што не се среќни со години, па се подготвени да направат се што е потребно за да ме возбудат. Ми се допаѓаат мажи во доцните 30-ти или 40-ти, бидејќи се многу поромантични, финансиски стабилна и поискусни во кревет - вели Ејми и додава дека туѓите сопрузи трошат повеќе на неа отколку на своите сопруги.

Ејми не крие дека ужива во подароците и парите што и ги даваат оженетите мажи. Таа вели дека месечно добива по околу 45 илјади евра подароци и дека не жали што има афери со нив. Според неа, најчеста причина зошто мажите изневеруваат е сексот, а потоа вели дека сопругите самите се виновни затоа што не успеале да го „одржат задоволството во спалната соба“.

Оженетите мажи сакаат да ја пополнат празнината што не ја добиваат од сегашната партнерка и тоа многу ме возбудува. Мислам дека никој не треба да го изневерува својот сопружник, но кога љубовта ќе заврши, ќе заврши. Понекогаш сакаат да зборуваат за работи и лелекаат, па плачат. Честопати се чувствувам како терапевт. Понекогаш ги советувам дека ако нивната врска е толку нездрава што изневеруваат, во ред е да продолжат понатаму - вели таа.

Сепак, затоа што и самата била жртва на неверство, Ејми вели дека одлучила да ги разоткрие мажите кои изневеруваат, поради што, ги објавува речениците коишто се најчест машки изговор кога се со друга жена.

* Вечерва се среќавам со другар на кратка пијачка, но не ме чекај, можеби ќе се задржам.

* Имам закажано и/или патување цела недела поради работа.

* Имам нова кредитна картичка, но таа ми е од работа.

* Не ми се јавувајте на службениот телефон, газдата ќе се нервира ако одговорам на лични повици.

Ејми вели дека кога мажите кажуваат дека остануваат на пијачка, на тој начин се сигурни дека можат да се вратат дома кога сакаат. Доколку вашиот партнер не патува, обрнете особено внимание на „ненадејните патувања“. Новата кредитна картичка најверојатно е наменета само за љубовницата, а доколку не смеете да му се јавите на сопругот додека „работи“, тогаш имате аларм за предупредување.

The post Ако ти го кажува ова веројатно те изневерува: Професионална љубовница ги разоткрива машките лаги кога се со друга жена appeared first on Република.

]]>

Жена која излегува исклучиво со оженети мажи, открива кои реченици мажите најмногу им ги соопштуваат на своите сопруги кога ги изневеруваат. Ејми Капс (32) од Северна Каролина излегува исклучиво со оженети мажи, а како што открива, таквата одлука ја донела кога дознала дека сопругот ја изневерува. Според неа, постарите мажи, кои се чувствуваат запоставено од своите сопруги, се повеќе склони кон романса и „диви“ сексуални односи.
Тие што вртшат неверство се возбудени во креветот, најмногу затоа што не се среќни со години, па се подготвени да направат се што е потребно за да ме возбудат. Ми се допаѓаат мажи во доцните 30-ти или 40-ти, бидејќи се многу поромантични, финансиски стабилна и поискусни во кревет - вели Ејми и додава дека туѓите сопрузи трошат повеќе на неа отколку на своите сопруги.
Ејми не крие дека ужива во подароците и парите што и ги даваат оженетите мажи. Таа вели дека месечно добива по околу 45 илјади евра подароци и дека не жали што има афери со нив. Според неа, најчеста причина зошто мажите изневеруваат е сексот, а потоа вели дека сопругите самите се виновни затоа што не успеале да го „одржат задоволството во спалната соба“.
Оженетите мажи сакаат да ја пополнат празнината што не ја добиваат од сегашната партнерка и тоа многу ме возбудува. Мислам дека никој не треба да го изневерува својот сопружник, но кога љубовта ќе заврши, ќе заврши. Понекогаш сакаат да зборуваат за работи и лелекаат, па плачат. Честопати се чувствувам како терапевт. Понекогаш ги советувам дека ако нивната врска е толку нездрава што изневеруваат, во ред е да продолжат понатаму - вели таа.
Сепак, затоа што и самата била жртва на неверство, Ејми вели дека одлучила да ги разоткрие мажите кои изневеруваат, поради што, ги објавува речениците коишто се најчест машки изговор кога се со друга жена. * Вечерва се среќавам со другар на кратка пијачка, но не ме чекај, можеби ќе се задржам. * Имам закажано и/или патување цела недела поради работа. * Имам нова кредитна картичка, но таа ми е од работа. * Не ми се јавувајте на службениот телефон, газдата ќе се нервира ако одговорам на лични повици. Ејми вели дека кога мажите кажуваат дека остануваат на пијачка, на тој начин се сигурни дека можат да се вратат дома кога сакаат. Доколку вашиот партнер не патува, обрнете особено внимание на „ненадејните патувања“. Новата кредитна картичка најверојатно е наменета само за љубовницата, а доколку не смеете да му се јавите на сопругот додека „работи“, тогаш имате аларм за предупредување.

The post Ако ти го кажува ова веројатно те изневерува: Професионална љубовница ги разоткрива машките лаги кога се со друга жена appeared first on Република.

]]>
Исповед на скопјанец: Сексот со друга не е изневерување, неверството почнува кога ќе се случи ова https://republika.mk/intima/ispoved-na-skopjanec-seksot-so-druga-ne-e-izneveruvanje-neverstvoto-pochnuva-koga-kje-se-sluchi-ova/ Sun, 20 Mar 2022 21:04:12 +0000 https://republika.mk/?p=475860

Според вас, што значи тоа кога сте во врска, а размислувате за друга личност или посакувате да спиете со неа?

Прочитајте го мислењето на овој скопјанец кој има малку поинакво сфаќање околу тоа што е неверство, а што не е.

„Самата желба да легнеш и да се разбудиш со друга личност, а не со онаа со која си во врска, за мене е неверство.

Што сè е неверство? Изневеруваме и кога само посакуваме!

Што е неверство? Кого всушност го изневеруваш? Второто прашање можеби е поважно од првото, бидејќи, навистина, кого го изневеруваш?

Таа личност те чека, ја прегрнуваш, те прегрнува и таа тебе, имате секс, а ти мислиш на друга. Ти мислиш на друга. Ти мислиш. Ти. Ете го и одговорот. Се изневеруваш себеси, твојот мозок, твоите чувства.

Зошто?

Зошто едноставно не ја оставиш таа личност и не отидеш кај она со која би сакал да се будиш, чиј парфем повеќе ти годи, чиј појадок ти е повкусен, чиј пешкир ти е помек…? Тоа отсекогаш ме интересирало.

Можеби јас сум нетактичен. Не размислувам многу за туѓите чувства. Јас знаев да кажам „не те сакам повеќе“. Кај мене не постои познатата реченица „проблемот е во мене, а не во тебе“, бидејќи проблемот е во двајцата, во врската што не ни оди, бидејќи многу сме различни. Секако, престанав да велам „не те сакам повеќе“, откако го слушнав тоа од личноста која седеше спроти мене. Боли, многу боли. Твојот мозок го разбира тоа, ја цениш таа искреност, но боли. Зошто го пишувам ова сега? Затоа што верувам дека изневерувањето почнува во моментот кога љубовта ќе престане, а ти остануваш во таа врска. Оној момент кога се прегрнуваш со една, а замислуваш друга личност (Том Харди и Ева Мендез се простуваат), тогаш почнува неверството.

Изневерувањето почнува кога љубовта ќе престане

За мене, разделувањето е совршен тест да видам дали некого го сакам. Заминувам на неколку дена. Ако секој ден, наместо сè повеќе да ја посакувам таа личност, сè повеќе сакам да бидам без неа, тоа е знак дека нешто не е во ред. Првиот знак. Трчањето од станицата до станот и онаа чудна насмевка и сјајот во очите, кога самиот на себе си смешен, тоа е вториот знак. Бакнежот по враќањето е третиот знак. Доколку сето тоа изостане и ја продолжиш врската, за мене тоа е неверство. Колку и да траела таа врска. Дури и не мораш да престанеш да ја сакаш таа личност, туку едноставно почнуваш некоја друга личност повеќе да ја сакаш, но оваа ти е сигурна, па затоа не раскинуваш…“

Извор: Убавина и здравје

The post Исповед на скопјанец: Сексот со друга не е изневерување, неверството почнува кога ќе се случи ова appeared first on Република.

]]>

Според вас, што значи тоа кога сте во врска, а размислувате за друга личност или посакувате да спиете со неа? Прочитајте го мислењето на овој скопјанец кој има малку поинакво сфаќање околу тоа што е неверство, а што не е. „Самата желба да легнеш и да се разбудиш со друга личност, а не со онаа со која си во врска, за мене е неверство. Што сè е неверство? Изневеруваме и кога само посакуваме! Што е неверство? Кого всушност го изневеруваш? Второто прашање можеби е поважно од првото, бидејќи, навистина, кого го изневеруваш? Таа личност те чека, ја прегрнуваш, те прегрнува и таа тебе, имате секс, а ти мислиш на друга. Ти мислиш на друга. Ти мислиш. Ти. Ете го и одговорот. Се изневеруваш себеси, твојот мозок, твоите чувства. Зошто? Зошто едноставно не ја оставиш таа личност и не отидеш кај она со која би сакал да се будиш, чиј парфем повеќе ти годи, чиј појадок ти е повкусен, чиј пешкир ти е помек…? Тоа отсекогаш ме интересирало. Можеби јас сум нетактичен. Не размислувам многу за туѓите чувства. Јас знаев да кажам „не те сакам повеќе“. Кај мене не постои познатата реченица „проблемот е во мене, а не во тебе“, бидејќи проблемот е во двајцата, во врската што не ни оди, бидејќи многу сме различни. Секако, престанав да велам „не те сакам повеќе“, откако го слушнав тоа од личноста која седеше спроти мене. Боли, многу боли. Твојот мозок го разбира тоа, ја цениш таа искреност, но боли. Зошто го пишувам ова сега? Затоа што верувам дека изневерувањето почнува во моментот кога љубовта ќе престане, а ти остануваш во таа врска. Оној момент кога се прегрнуваш со една, а замислуваш друга личност (Том Харди и Ева Мендез се простуваат), тогаш почнува неверството. Изневерувањето почнува кога љубовта ќе престане За мене, разделувањето е совршен тест да видам дали некого го сакам. Заминувам на неколку дена. Ако секој ден, наместо сè повеќе да ја посакувам таа личност, сè повеќе сакам да бидам без неа, тоа е знак дека нешто не е во ред. Првиот знак. Трчањето од станицата до станот и онаа чудна насмевка и сјајот во очите, кога самиот на себе си смешен, тоа е вториот знак. Бакнежот по враќањето е третиот знак. Доколку сето тоа изостане и ја продолжиш врската, за мене тоа е неверство. Колку и да траела таа врска. Дури и не мораш да престанеш да ја сакаш таа личност, туку едноставно почнуваш некоја друга личност повеќе да ја сакаш, но оваа ти е сигурна, па затоа не раскинуваш…“
Извор: Убавина и здравје

The post Исповед на скопјанец: Сексот со друга не е изневерување, неверството почнува кога ќе се случи ова appeared first on Република.

]]>
Траги на неверство што жените не ги забележуваат: 12 расипани машки постапки! https://republika.mk/intima/tragi-na-neverstvo-shto-zenite-ne-gi-zabelezuvaat-12-rasipani-mashki-postapki/ Sat, 15 Jan 2022 15:57:16 +0000 https://republika.mk/?p=445022

Кога станува збор за мажите кои изневеруваат, жените често ги превидуваат очигледните знаци на предупредување, бидејќи потсвесно ги игнорираат или едноставно не сакаат да ги видат.

Меѓутоа, не треба да се игнорираат сигналите што ги испраќа потсвеста или ненадејните промени во однесувањето на партнерот, но и треба да се препознае дали станува збор за потенцијално неверство.

Нормално е интензитетот на чувствата да се намали во однос на почетокот на врската, бидејќи со текот на годините таа станува помирна и посигурна, но постојат и секојдневни ситуации од кои лесно можете да заклучите дека не сте му повеќе единствена.

Само обрнете внимание и сè ќе дознаете…
1. Карминот на неговата облека, гребаниците по телото што настануваат само за време на секс и непознатиот женски парфем се показатели дека си имате работа со измамник, особено ако знаците се појавуваат секојдневно.

2. Ако вашиот партнер одеднаш секој ден работи прекувремено, секој викенд оди на деловни патувања или одеднаш сите пари ги троши на излегувања, ресторани и хотели, а вие не одите со него, тука нешто не е во ред.

3. Обрнете внимание на неговото однесување – дури и кога е со вас, неверниот маж честопати е отсутен со духот.

4. Мажот што ненадејно почнува да обрнува внимание на својот стајлинг, постојано се дотерува, а никогаш не го правел тоа, можно е да постои личност поради која го прави сето тоа.

5. Ако возбудено ви зборува за нова колешка од работа, па дури и за ваша пријателка, а тоа не се случувало претходно, преиспитајте ја ситуацијата.

6. Не ве забележува повеќе, не сака да поминува време со вас… Веројатно тоа не е без причина.

7. Доколку пријателите, колегите или семејството се обидуваат одоколу да ви кажат дека вашиот партнер има љубовница, немојте веднаш да помислите дека се љубоморни. Размислете, можеби знаат нешто што вие не знаете.

8. Ако интуицијата ви кажува дека тој има љубовница, немојте да го игнорирате тоа!

9. Кај прељубниците, нападот често е обид да го сокријат она што тие го прават, а не би смееле, па ако ненадејно почне да ве обвинува за нешто што не е точно, а вие веќе се сомневате дека ве изневерува, треба да знаете дека само однапред се брани.

10. Одеднаш неговиот телефон и фејсбук-профил се забранета зона за вас? Добро размислете зошто.

11. Прељубниците често го менуваат однесувањето на подобро за да ги скријат трагите и да ги одвлечат вашите мисли на друга страна. Пољубезен е кон вас од вообичаено, ви попушта и ви угодува за сè, ве опсипува со подароци… Некои го прават тоа бидејќи одеднаш се посреќни поради љубовницата, а други бидејќи ги гризе совест, па така се искупуваат.

12. Од совршен маж се претворил во мрчало кое постојано ви наоѓа мани или без причина ве обвинува дека го изневерувате? Знајте дека неоткриените прељубници се прашуваат зошто истото што тие го прават, не би можела да го прави и нивната сопруга.

The post Траги на неверство што жените не ги забележуваат: 12 расипани машки постапки! appeared first on Република.

]]>

Кога станува збор за мажите кои изневеруваат, жените често ги превидуваат очигледните знаци на предупредување, бидејќи потсвесно ги игнорираат или едноставно не сакаат да ги видат. Меѓутоа, не треба да се игнорираат сигналите што ги испраќа потсвеста или ненадејните промени во однесувањето на партнерот, но и треба да се препознае дали станува збор за потенцијално неверство. Нормално е интензитетот на чувствата да се намали во однос на почетокот на врската, бидејќи со текот на годините таа станува помирна и посигурна, но постојат и секојдневни ситуации од кои лесно можете да заклучите дека не сте му повеќе единствена. Само обрнете внимание и сè ќе дознаете… 1. Карминот на неговата облека, гребаниците по телото што настануваат само за време на секс и непознатиот женски парфем се показатели дека си имате работа со измамник, особено ако знаците се појавуваат секојдневно. 2. Ако вашиот партнер одеднаш секој ден работи прекувремено, секој викенд оди на деловни патувања или одеднаш сите пари ги троши на излегувања, ресторани и хотели, а вие не одите со него, тука нешто не е во ред. 3. Обрнете внимание на неговото однесување – дури и кога е со вас, неверниот маж честопати е отсутен со духот. 4. Мажот што ненадејно почнува да обрнува внимание на својот стајлинг, постојано се дотерува, а никогаш не го правел тоа, можно е да постои личност поради која го прави сето тоа. 5. Ако возбудено ви зборува за нова колешка од работа, па дури и за ваша пријателка, а тоа не се случувало претходно, преиспитајте ја ситуацијата. 6. Не ве забележува повеќе, не сака да поминува време со вас… Веројатно тоа не е без причина. 7. Доколку пријателите, колегите или семејството се обидуваат одоколу да ви кажат дека вашиот партнер има љубовница, немојте веднаш да помислите дека се љубоморни. Размислете, можеби знаат нешто што вие не знаете. 8. Ако интуицијата ви кажува дека тој има љубовница, немојте да го игнорирате тоа! 9. Кај прељубниците, нападот често е обид да го сокријат она што тие го прават, а не би смееле, па ако ненадејно почне да ве обвинува за нешто што не е точно, а вие веќе се сомневате дека ве изневерува, треба да знаете дека само однапред се брани. 10. Одеднаш неговиот телефон и фејсбук-профил се забранета зона за вас? Добро размислете зошто. 11. Прељубниците често го менуваат однесувањето на подобро за да ги скријат трагите и да ги одвлечат вашите мисли на друга страна. Пољубезен е кон вас од вообичаено, ви попушта и ви угодува за сè, ве опсипува со подароци… Некои го прават тоа бидејќи одеднаш се посреќни поради љубовницата, а други бидејќи ги гризе совест, па така се искупуваат. 12. Од совршен маж се претворил во мрчало кое постојано ви наоѓа мани или без причина ве обвинува дека го изневерувате? Знајте дека неоткриените прељубници се прашуваат зошто истото што тие го прават, не би можела да го прави и нивната сопруга.

The post Траги на неверство што жените не ги забележуваат: 12 расипани машки постапки! appeared first on Република.

]]>
Ако вашиот сопруг ја користи оваа фраза, веројатно ве изневерува https://republika.mk/zivot/psihologija/ako-vashiot-soprug-ja-koristi-ovaa-fraza-verojatno-ve-izneveruva/ Sun, 09 Jan 2022 20:35:54 +0000 https://republika.mk/?p=442276

Кори Сконлник (33) се огласи на социјалните мрежи и тврди дека фразата „Таа ми е само пријателка“ е огромно црвено знаме.

Пријателот би знаел што е во ред, а што не.

Тој тврди дека кога некој ја користи оваа фраза, тоа значи:

Ја чувам оваа личност блиску како резерва секогаш кога ми е здодевно. Можеби ќе те замени ако заминеш. Всушност, можеби веќе ми е драгоцена помош. Ако се жалите на моето сомнително однесување со оваа личност, ќе се погрижам да изгледате како онаа што контролира.“

Многумина всушност се согласуваат со него:

Ако оваа личност навистина била само пријател, ќе ги разберела неговите граници и ќе ја почитувала неговата врска. Да, и неговата „пријателка“ сега му е жена откако јас заминав кога го фатив како ме изневерува.“

Ако ви подари долна облека…

Претходно, друг експерт за врски тврдеше дека мажот кој и дава долна облека на својата партнерка обично е црвено знаме.

Тина Вилсон откри:

Ако вашиот единствен подарок е долна облека, тоа значи дека вашето момче повеќе мисли на себе отколку на вас. Тој ќе биде тој што ќе ја гледа и ќе ужива, па тоа е повеќе подарок за себе. Ако долната облека е сосема поинаква од се што сте носеле досега (а не се чувствувате удобно), тоа е дефинитивно подарок за него.“

Долната облека може да биде незгоден подарок, но всушност е доказ дали имате многу различни перспективи за она што го сакате, и може да укаже на поголема разлика отколку што мислите…“.

The post Ако вашиот сопруг ја користи оваа фраза, веројатно ве изневерува appeared first on Република.

]]>

Кори Сконлник (33) се огласи на социјалните мрежи и тврди дека фразата „Таа ми е само пријателка“ е огромно црвено знаме. Пријателот би знаел што е во ред, а што не. Тој тврди дека кога некој ја користи оваа фраза, тоа значи:
Ја чувам оваа личност блиску како резерва секогаш кога ми е здодевно. Можеби ќе те замени ако заминеш. Всушност, можеби веќе ми е драгоцена помош. Ако се жалите на моето сомнително однесување со оваа личност, ќе се погрижам да изгледате како онаа што контролира.“
Многумина всушност се согласуваат со него:
Ако оваа личност навистина била само пријател, ќе ги разберела неговите граници и ќе ја почитувала неговата врска. Да, и неговата „пријателка“ сега му е жена откако јас заминав кога го фатив како ме изневерува.“
Ако ви подари долна облека… Претходно, друг експерт за врски тврдеше дека мажот кој и дава долна облека на својата партнерка обично е црвено знаме. Тина Вилсон откри:
Ако вашиот единствен подарок е долна облека, тоа значи дека вашето момче повеќе мисли на себе отколку на вас. Тој ќе биде тој што ќе ја гледа и ќе ужива, па тоа е повеќе подарок за себе. Ако долната облека е сосема поинаква од се што сте носеле досега (а не се чувствувате удобно), тоа е дефинитивно подарок за него.“
Долната облека може да биде незгоден подарок, но всушност е доказ дали имате многу различни перспективи за она што го сакате, и може да укаже на поголема разлика отколку што мислите…“.

The post Ако вашиот сопруг ја користи оваа фраза, веројатно ве изневерува appeared first on Република.

]]>