Довербата е една од најважните работи во секој однос во животот, па токму затоа изневерувањето е најчеста причина за прекин на нечија љубовна врска.

Рак
Раковите честопати „дигаат ѕид“ околу себе бидејќи се плашат да ја покажат својата ранливост. Меѓутоа, кога ќе почнат да ги споделуваат своите најдлабоки тајни, стравови и несигурности со својот сопружник, тие би направиле сѐ за него. Затоа, ако нивниот партнер изневерува, тие на крајот би ѝ простиле на личноста само за да го избегнат раскинувањето на врската.

Скорпија
Скорпиите сакаат да имаат контрола и партнерот што изневерува може да го загрози тоа. Сепак, тие веројатно ќе простат изневерување само за да го вратат чувството за контрола врз врската. Тоа е затоа што барањето прошка ќе ги доведе во позиција во која партнерот би направил сѐ за да ја задоволи Скорпијата, нешто што совршено ѝ одговара.

Бик
Биковите ја ценат верноста на партнерот. Но, пред сè, тие имаат тенденција да им веруваат на своите партнери, особено кога се во долга врска. Ова им отежнува да ги забележат нивните недостатоци. Дури и кога партнерот изневерува, тие би останале во врска и одбиваат да се откажат од својата љубов. Но, Биковите никогаш нема да го заборават тоа и долго ќе му замеруваат на својот партнер.

Риби
Иако Рибите длабоко во себе би сакале да си заминат, тие ќе останат во врската само да остават убав впечаток во околината. Луѓето родени во овој знак честопати сакаат да задржат добар имиџ во очите на пријателите и семејството. Затоа, тие би се обиделе да го сокријат неверството на партнерот и да го спасат образот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.