македонија - сад Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonija-sad/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Sep 2024 11:24:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонија - сад Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonija-sad/ 32 32 Мисајловски од Пентагон: Продуктивни билатерални одбранбени консултации и потврдена македонско-американската одбранбена соработка https://republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-od-pentagon-produktivni-bilateralni-odbranbeni-konsultatsii-i-potvrdena-makedonsko-amerikanskata-odbranbena-sorabotka/ Fri, 27 Sep 2024 07:53:10 +0000 https://republika.mk/?p=820069

Министерот за одбрана Владо Мисајловски и Треша Гуенов, главен заменик помошник на секретарот за одбрана на САД за меѓународни прашања, во Пентагон ги отвориле Годишните билатерални одбранбени консултации.

Како што соопштија денеска од Министерството за одбрана, на отворањето на консултациите министерот Мисајловски ја истакнал суштинската важност на македонско-американската одбранбена соработка, се заблагодарил за значајната поддршка во опремување и модернизација на македонската Армија, за советодавната поддршка во одбранбените реформи, како и за три децениската поддршка и придонес во обуката и вежбовните активности на Армијата и вработените во одбраната.

Мисајловски порачал дека зајакнувајќи ги одбранбените капацитети на нашата земја остануваме посветени на сигурноста и стабилноста на Балканот и пошироко.

Мисајловски ја потврди заложбата на Владата, за доследно исполнување на обврските од последниот Самит во Вашингтон, притоа потврдувајќи ги проекциите на Буџетот за одбраната за 2025 година и модернизација на Армијата и континуитет на започнатите заеднички процеси, се наведува во соопштението од МО.

Во однос на нашиот придонес и посветеност кон колективната безбедност, Мисајловски истакнал дека тоа може да се види преку учеството на армиските припадници во мултинационалните сили на НАТО во Латвија, Романија и Бугарија, на регионално ниво преку придонесот во мисијата на НАТО на Косово, КФОР и во операцијата на ЕУ, во Босна и Херцеговина, АЛТЕА и мисијата на ООН во Либан.

Билатерални одбранбени консултации се одржале во три сесии, со учество на високи делегации од двете страни на кои се дискутирало за соработката и идните сојузнички приоритети, вклучувајќи го учеството во заеднички вежби и обуки, придонесот кон глобалниот мир и безбедност, зајакнување на нашите одбранбени капацитети, како и долгогодишното партнерство со Националната Гарда на Вермонт.

На консултациите освен министерот Мисајловски, учествувале и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, заменик на директорот во Здружениот штаб Ј5, за Европа, НАТО и Русија, бригаден генерал Грант Фосет, државниот секретар во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска Ристова, одбранбено аташе на САД, полковник Даниел Сквајерс, претставници од Здружениот штаб, Агенцијата за одбранбена безбедносна соработка, Стејт департментот на САД, Командата на САД за Европа и експертските тимови на Пентагон, Министерството за одбрана и Генералштабот на Армија.

За време на посетата на САД, министерот Мисајловски остварил работни средби и со Алтон Буланд , директор за ЕУ и НАТО политика во Канцеларијата на секретарот за одбрана, и со генерал потполковник Џонатан Стабс, Шеф на бирото на националната гарда на САД.

The post Мисајловски од Пентагон: Продуктивни билатерални одбранбени консултации и потврдена македонско-американската одбранбена соработка appeared first on Република.

]]>

Министерот за одбрана Владо Мисајловски и Треша Гуенов, главен заменик помошник на секретарот за одбрана на САД за меѓународни прашања, во Пентагон ги отвориле Годишните билатерални одбранбени консултации. Како што соопштија денеска од Министерството за одбрана, на отворањето на консултациите министерот Мисајловски ја истакнал суштинската важност на македонско-американската одбранбена соработка, се заблагодарил за значајната поддршка во опремување и модернизација на македонската Армија, за советодавната поддршка во одбранбените реформи, како и за три децениската поддршка и придонес во обуката и вежбовните активности на Армијата и вработените во одбраната. Мисајловски порачал дека зајакнувајќи ги одбранбените капацитети на нашата земја остануваме посветени на сигурноста и стабилноста на Балканот и пошироко.
Мисајловски ја потврди заложбата на Владата, за доследно исполнување на обврските од последниот Самит во Вашингтон, притоа потврдувајќи ги проекциите на Буџетот за одбраната за 2025 година и модернизација на Армијата и континуитет на започнатите заеднички процеси, се наведува во соопштението од МО.
Во однос на нашиот придонес и посветеност кон колективната безбедност, Мисајловски истакнал дека тоа може да се види преку учеството на армиските припадници во мултинационалните сили на НАТО во Латвија, Романија и Бугарија, на регионално ниво преку придонесот во мисијата на НАТО на Косово, КФОР и во операцијата на ЕУ, во Босна и Херцеговина, АЛТЕА и мисијата на ООН во Либан. Билатерални одбранбени консултации се одржале во три сесии, со учество на високи делегации од двете страни на кои се дискутирало за соработката и идните сојузнички приоритети, вклучувајќи го учеството во заеднички вежби и обуки, придонесот кон глобалниот мир и безбедност, зајакнување на нашите одбранбени капацитети, како и долгогодишното партнерство со Националната Гарда на Вермонт. На консултациите освен министерот Мисајловски, учествувале и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, заменик на директорот во Здружениот штаб Ј5, за Европа, НАТО и Русија, бригаден генерал Грант Фосет, државниот секретар во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска Ристова, одбранбено аташе на САД, полковник Даниел Сквајерс, претставници од Здружениот штаб, Агенцијата за одбранбена безбедносна соработка, Стејт департментот на САД, Командата на САД за Европа и експертските тимови на Пентагон, Министерството за одбрана и Генералштабот на Армија. За време на посетата на САД, министерот Мисајловски остварил работни средби и со Алтон Буланд , директор за ЕУ и НАТО политика во Канцеларијата на секретарот за одбрана, и со генерал потполковник Џонатан Стабс, Шеф на бирото на националната гарда на САД.

The post Мисајловски од Пентагон: Продуктивни билатерални одбранбени консултации и потврдена македонско-американската одбранбена соработка appeared first on Република.

]]>
Никол Варнес новоименуван заменик шеф на мисијата во Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/nikol-varnes-novoimenuvan-zamenik-shef-na-misijata-vo-skopje/ Tue, 06 Aug 2024 12:27:39 +0000 https://republika.mk/?p=803901

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска оствари средба со амбасадорката на Соединетите американски држави, Ангела Агелер, на која меѓу другото беше претставен и новоименуваниот заменик шеф на мисијата во Скопје, Никол Варнес.

Како што соопштуваат од МНР, во рамки на средбата министерот Муцунски ја повтори благодарноста за долгорочната поддршка од страна на САД за севкупните реформски процеси во земјата. Заемно беше потврден интересот за одржување на континуитет во политичкиот дијалог помеѓу двете пријателски земји, продолжување на активностите во рамки на Стратешкиот дијалог, како и партнерската соработка во рамки на НАТО Алијансата.

При тоа, беше реафирмиран силниот фокус на новата Влада кон забрзување на евроинтегративниот процес на земјата и испорачување на реформи кои ќе значат опиплив напредок за граѓаните, пред се во делот на обезбедување економски развој и унапредување на владеењето на правото, како и борбата со корупција, велат од МНР.

The post Никол Варнес новоименуван заменик шеф на мисијата во Скопје appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска оствари средба со амбасадорката на Соединетите американски држави, Ангела Агелер, на која меѓу другото беше претставен и новоименуваниот заменик шеф на мисијата во Скопје, Никол Варнес. Како што соопштуваат од МНР, во рамки на средбата министерот Муцунски ја повтори благодарноста за долгорочната поддршка од страна на САД за севкупните реформски процеси во земјата. Заемно беше потврден интересот за одржување на континуитет во политичкиот дијалог помеѓу двете пријателски земји, продолжување на активностите во рамки на Стратешкиот дијалог, како и партнерската соработка во рамки на НАТО Алијансата. При тоа, беше реафирмиран силниот фокус на новата Влада кон забрзување на евроинтегративниот процес на земјата и испорачување на реформи кои ќе значат опиплив напредок за граѓаните, пред се во делот на обезбедување економски развој и унапредување на владеењето на правото, како и борбата со корупција, велат од МНР.  

The post Никол Варнес новоименуван заменик шеф на мисијата во Скопје appeared first on Република.

]]>
И Илиноис го прогласи септември за месец на македонското наследство https://republika.mk/vesti/makedonija/i-ilinois-go-proglasi-septemvri-za-mesets-na-makedonskoto-nasledstvo/ Fri, 22 Sep 2023 07:15:29 +0000 https://republika.mk/?p=683989

Гувернерот на Илиноис Џеј Би Рицкер го прогласи септември 2023 за месец на македонско-американското наследство.

Ова, како што пренесува Гласот на Америка на македонски, е најнова прокламација од серија известувања за славење на македонската култура во САД овој месец, меѓу кои од градоначалникот на Чикаго Брендон Џонсон и од гувернерката на сојузната држава Мичиген Гречен Витмер.

Илиноис е дом на многу македонски Американци кои придонесуваат културно, економски и филантропски, се вели во известувањето.

Во него пишува дека „бројни вредни македонски имигранти помогнаа да се одржи американскиот претприемачки дух и се дел од историјата и културата на Чикаго“.

Гувернерот наведе и успешни македонски Американци со бизнис во Чикаго, меѓу кои бизнисменот Мајк Зафировски, поранешен извршен директор на „Моторола“ и „Нортел“, Дино Делевски, основач и тренер на младинската фудбалска организација „Чикаго Инферно“, и повеќе други.

Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс, пак, ја прогласи минатата сабота, 16 септември, за ден на македонското наследство, кога македонското знаме се крена на Вол Стрит по повод 32 години независност, објави Гласот на Америка на македонски.

Во јули републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Брон, претстави резолуција во Сенатот да се прогласи септември 2023 година за месец на македонско-американско наследство во САД, кога ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци.

Резолуцијата спонзорирана од Брон, кој е единствен сенатор што е член на групата пријатели на Македонија и македонските Американци во Конгресот, прво треба да биде одобрена од сенатскиот комитет за судство, пред за неа да гласа целиот Сенат.

Гласот на Америка на македонски ja контактираше канцеларијата на сенаторот Брон за статусот на оваа резолуција во моментов, но оттаму се` уште нема одговор.

Овие резолуции и прокламации се на барање на Обединетата македонска дијаспора (ОМД).

The post И Илиноис го прогласи септември за месец на македонското наследство appeared first on Република.

]]>

Гувернерот на Илиноис Џеј Би Рицкер го прогласи септември 2023 за месец на македонско-американското наследство. Ова, како што пренесува Гласот на Америка на македонски, е најнова прокламација од серија известувања за славење на македонската култура во САД овој месец, меѓу кои од градоначалникот на Чикаго Брендон Џонсон и од гувернерката на сојузната држава Мичиген Гречен Витмер.
Илиноис е дом на многу македонски Американци кои придонесуваат културно, економски и филантропски, се вели во известувањето.
Во него пишува дека „бројни вредни македонски имигранти помогнаа да се одржи американскиот претприемачки дух и се дел од историјата и културата на Чикаго“. Гувернерот наведе и успешни македонски Американци со бизнис во Чикаго, меѓу кои бизнисменот Мајк Зафировски, поранешен извршен директор на „Моторола“ и „Нортел“, Дино Делевски, основач и тренер на младинската фудбалска организација „Чикаго Инферно“, и повеќе други. Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс, пак, ја прогласи минатата сабота, 16 септември, за ден на македонското наследство, кога македонското знаме се крена на Вол Стрит по повод 32 години независност, објави Гласот на Америка на македонски. Во јули републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Брон, претстави резолуција во Сенатот да се прогласи септември 2023 година за месец на македонско-американско наследство во САД, кога ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци. Резолуцијата спонзорирана од Брон, кој е единствен сенатор што е член на групата пријатели на Македонија и македонските Американци во Конгресот, прво треба да биде одобрена од сенатскиот комитет за судство, пред за неа да гласа целиот Сенат. Гласот на Америка на македонски ja контактираше канцеларијата на сенаторот Брон за статусот на оваа резолуција во моментов, но оттаму се` уште нема одговор. Овие резолуции и прокламации се на барање на Обединетата македонска дијаспора (ОМД).

The post И Илиноис го прогласи септември за месец на македонското наследство appeared first on Република.

]]>
Бугарското МНР ќе направи сè да се спречи прогласувањето на септември за месец на македонско-американското наследство во САД https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarskoto-mnr-ke-napravi-se-da-se-sprechi-proglasuvaneto-na-septemvri-za-mesets-na-makedonsko-amerikanskoto-nasledstvo-vo-sad/ Sat, 02 Sep 2023 08:02:37 +0000 https://republika.mk/?p=678057

Позицицијата на Бугарија кон Македонија е много јасна - да се исполнат обврските договорени и прифатени во јули 2022 година, изјави бугарската вицепремиерка и шефица на дипломатијата Марија Габриел.

Бугарија ќе продолжи многу јасно да ја брани својата позиција, да потсетува дека стоиме зад исполнувањето на сите услови поврзани со компромисот од јули 2022 година, јасно да се спротивставиме на обидите за лажни информации и дезинформации дека Бугарија има нови услови, а во меѓувреме јасно да опстојуваме на нашиот јазик, култура и идентитет, рече Габриел во одговор на пратеничко прашање во бугарското Собрание.

На пратениците им порача дека Народното собрание на Бугарија може да продолжи да биде многу корисно, но не е во надлежност на ниту еден законодавно тело да се произнесува за вакви теми.

Сакаме многу јасно да покажеме пред РСМ дека само кога ќе ги исполнат обврските што самите се согласиле да ги исполнат, тогаш евроинтеграциите веќе нема да бидат сон, додаде Габриел

Прашана за предложена резолуција во американскиот Сенат, септември да се прогласи за месец на македонско-американското наследство во САД, таа рече дека МНР на Бугарија ќе направи сè тоа да не се случи. Информира дека бугарското МНР уште од првиот момент кога дознало за поднесената резолуција презело активности, амбасадорот и генералниот конзул во Вашингтон веќе разговарале со тимот на сенаторот кој ја предложил резолуцијата. Габриел кажа дека дека процедурата во Сенатот е започната, но оти ќе направат сè што е можно да не биде донесена.

Во јули годинава, републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Брон, претстави резолуција во американскиот Сенат да се прогласи септември 2023 година за месец на македонско-американско наследство во САД, кога ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци.

Резолуцијата спонзорирана од Брон, кој е единствен сенатор што е член на групата пријатели на Македонија и македонските Американци во Конгресот, прво треба да биде одобрена од сенатскиот комитет за судство, пред за неа да гласа целиот Сенат.

Во меѓувреме, гувернерката на американската сојузна држава Мичиген Гречен Витмер, веќе го прогласи септември оваа година за месец на македонско-американското наследство. Витмер вели дека е важно да се истакне придонесот и културното влијание на македонските Американци.

https://republika.mk/vesti/makedonija/michigen-go-proglasi-septemvri-2023-za-mesets-na-makedonskata-kultura-vo-sad/

Септември има значење за македонските Американци како што се наближува годишнината од Денот на независноста на Република Македонија, симболизирајќи го патот на државата кон суверенитет и нејзините трајни врски со македонско-американската заедница, се вели во известувањето на гувернерката.

Во него се посочува дека Американците со македонско потекло придонесуваат за американската култура преку „бизнис, спорт, уметност, политика, медицина, право, култура, кулинарски вештини и бројни други области“.

The post Бугарското МНР ќе направи сè да се спречи прогласувањето на септември за месец на македонско-американското наследство во САД appeared first on Република.

]]>

Позицицијата на Бугарија кон Македонија е много јасна - да се исполнат обврските договорени и прифатени во јули 2022 година, изјави бугарската вицепремиерка и шефица на дипломатијата Марија Габриел.
Бугарија ќе продолжи многу јасно да ја брани својата позиција, да потсетува дека стоиме зад исполнувањето на сите услови поврзани со компромисот од јули 2022 година, јасно да се спротивставиме на обидите за лажни информации и дезинформации дека Бугарија има нови услови, а во меѓувреме јасно да опстојуваме на нашиот јазик, култура и идентитет, рече Габриел во одговор на пратеничко прашање во бугарското Собрание.
На пратениците им порача дека Народното собрание на Бугарија може да продолжи да биде многу корисно, но не е во надлежност на ниту еден законодавно тело да се произнесува за вакви теми.
Сакаме многу јасно да покажеме пред РСМ дека само кога ќе ги исполнат обврските што самите се согласиле да ги исполнат, тогаш евроинтеграциите веќе нема да бидат сон, додаде Габриел
Прашана за предложена резолуција во американскиот Сенат, септември да се прогласи за месец на македонско-американското наследство во САД, таа рече дека МНР на Бугарија ќе направи сè тоа да не се случи. Информира дека бугарското МНР уште од првиот момент кога дознало за поднесената резолуција презело активности, амбасадорот и генералниот конзул во Вашингтон веќе разговарале со тимот на сенаторот кој ја предложил резолуцијата. Габриел кажа дека дека процедурата во Сенатот е започната, но оти ќе направат сè што е можно да не биде донесена. Во јули годинава, републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Брон, претстави резолуција во американскиот Сенат да се прогласи септември 2023 година за месец на македонско-американско наследство во САД, кога ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци. Резолуцијата спонзорирана од Брон, кој е единствен сенатор што е член на групата пријатели на Македонија и македонските Американци во Конгресот, прво треба да биде одобрена од сенатскиот комитет за судство, пред за неа да гласа целиот Сенат. Во меѓувреме, гувернерката на американската сојузна држава Мичиген Гречен Витмер, веќе го прогласи септември оваа година за месец на македонско-американското наследство. Витмер вели дека е важно да се истакне придонесот и културното влијание на македонските Американци. https://republika.mk/vesti/makedonija/michigen-go-proglasi-septemvri-2023-za-mesets-na-makedonskata-kultura-vo-sad/
Септември има значење за македонските Американци како што се наближува годишнината од Денот на независноста на Република Македонија, симболизирајќи го патот на државата кон суверенитет и нејзините трајни врски со македонско-американската заедница, се вели во известувањето на гувернерката.
Во него се посочува дека Американците со македонско потекло придонесуваат за американската култура преку „бизнис, спорт, уметност, политика, медицина, право, култура, кулинарски вештини и бројни други области“.

The post Бугарското МНР ќе направи сè да се спречи прогласувањето на септември за месец на македонско-американското наследство во САД appeared first on Република.

]]>
САД донираше „боди камери“ за македонската гранична полиција https://republika.mk/vesti/makedonija/sad-donirashe-bodi-kameri-za-makedonskata-granichna-politsija/ Tue, 22 Aug 2023 11:17:30 +0000 https://republika.mk/?p=674577

Со донацијата на „боди камерите“ од Амбасадата на САД, кои се наменети за документирање на полициското постапување во остварувањето на работните задачи, како и на двете специјализирани возила за откривање на радиоактивен материјал или радиолошка заштита, едното за Регионалниот центар ЈУГ, а другото за Регионалниот центар СЕВЕР, дополнително се зголемува квалитетот и ефикасноста во работењето на македонската полиција, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки, кој со амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер беше во посета на граничниот премин „Богородица”.

Тој потенцираше дека Владата на САД преку Амбасадата на САД во Скопје е најсилниот партнер и соработник во делот на интегрираното гранично управување низ низа на програми и проекти кои заеднички се интегрирани.

Овде сме на ГП „Богородица“ да се увериме на терен како дејствува македонската полиција со поддршка од Амбасадата на САД преку вредна донација на техничка опрема за потребите на Граничната полиција, а пред се во насока на зајакнување на заедничката борба против корупцијата. Радува фактот што се потврдува тој континуитет во нашето цврсто стратешко партнерство и соработка што ја имаме меѓу Cеверна Македонија и САД, рече Спасовски.

Тој додаде дека употребата на боди камерите не само во граничната полиција, туку и во сообраќајната полиција претставува извонредна алатка за борба против корупцијата во институцијата, меѓутоа и за поинакво, понормално и подостоинствено постапување и на полициските службеници и на граѓаните, заради тоа што се менува односот на комуникацијата меѓу граѓаните и полициските службеници.

Како што посочи, во рамки на оваа област, за шест месеци се откриени 49 кривични дела од областа на корупцијата. Меѓутоа, се забележува намалување на кривична дела до 22 проценти во однос на минатата година.

Ефикасноста на полицијата се зголемува, меѓутоа бројот на случаи коишто се во делот на корупцијата се намалува и за ова треба навистина енергична борба од сите институции. За борбата против корупцијата најважно да имаме след на активности – тоа што ќе го сработи полицијата да го процесуира Обвинителството и Судот, а граѓанинот на крајот да ги види резултатите, додаде Спасовски.

Тој информираше дека од 1990 година до денеска стратешкото партнерство меѓу САД и Македонија бележи продлабочување и се создадени сите услови за формирање на модерни институции кои ќе одговорат на предизвиците во секое време.

Сакам да се заблагодарам на амбасадорката Агелер за нејзината посветеност и динамизирање на нашата соработка во овој период, меѓутоа и генерално на американската Влада за целосната поддршка која што ја имаме во сите овие изминати 30 години на независност и се надевам дека и понатаму ќе продолжиме со вакви активности се во интерес и на граѓаните на Македонија, меѓутоа и на целиот наш регион, додаде Спасовски.

По денешната посета на Граничниот премин „Богородица”, амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер, на македонски јазик, порача дека „соработката помеѓу двете земји покажува позитивни и видливи резултати тука“.

Претставува задоволство да се види во реалност како нашата соработка со Владата и Mинистерството за внатрешни работи има така позитивни резултати за граѓаните на оваа држава. Од 2016 година имаме обезбедено речиси четири милиони долари опрема за поддршка на граничната безбедност. Меѓу оваа опрема, се и „боди камерите“ коишто имаат значајна улога во безбедноста на земјава, како и останатата опрема за која работевме заедно со полицијата и останатите безбедносни служби, изјави Агелер.

Користењето на „боди камерите“, според Агелер, се еден вид оружје во борбата против корупцијата, но и за заштита на полицијата и граѓаните на оваа држава.

Стоиме заедно со граѓаните, Владата и министерството и продолжуваме со нашата соработка, што сметам дека е особено важна за безбедноста и просперитетот оваа земја, порача Агелер.

The post САД донираше „боди камери“ за македонската гранична полиција appeared first on Република.

]]>

Со донацијата на „боди камерите“ од Амбасадата на САД, кои се наменети за документирање на полициското постапување во остварувањето на работните задачи, како и на двете специјализирани возила за откривање на радиоактивен материјал или радиолошка заштита, едното за Регионалниот центар ЈУГ, а другото за Регионалниот центар СЕВЕР, дополнително се зголемува квалитетот и ефикасноста во работењето на македонската полиција, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки, кој со амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер беше во посета на граничниот премин „Богородица”. Тој потенцираше дека Владата на САД преку Амбасадата на САД во Скопје е најсилниот партнер и соработник во делот на интегрираното гранично управување низ низа на програми и проекти кои заеднички се интегрирани.
Овде сме на ГП „Богородица“ да се увериме на терен како дејствува македонската полиција со поддршка од Амбасадата на САД преку вредна донација на техничка опрема за потребите на Граничната полиција, а пред се во насока на зајакнување на заедничката борба против корупцијата. Радува фактот што се потврдува тој континуитет во нашето цврсто стратешко партнерство и соработка што ја имаме меѓу Cеверна Македонија и САД, рече Спасовски.
Тој додаде дека употребата на боди камерите не само во граничната полиција, туку и во сообраќајната полиција претставува извонредна алатка за борба против корупцијата во институцијата, меѓутоа и за поинакво, понормално и подостоинствено постапување и на полициските службеници и на граѓаните, заради тоа што се менува односот на комуникацијата меѓу граѓаните и полициските службеници. Како што посочи, во рамки на оваа област, за шест месеци се откриени 49 кривични дела од областа на корупцијата. Меѓутоа, се забележува намалување на кривична дела до 22 проценти во однос на минатата година.
Ефикасноста на полицијата се зголемува, меѓутоа бројот на случаи коишто се во делот на корупцијата се намалува и за ова треба навистина енергична борба од сите институции. За борбата против корупцијата најважно да имаме след на активности – тоа што ќе го сработи полицијата да го процесуира Обвинителството и Судот, а граѓанинот на крајот да ги види резултатите, додаде Спасовски.
Тој информираше дека од 1990 година до денеска стратешкото партнерство меѓу САД и Македонија бележи продлабочување и се создадени сите услови за формирање на модерни институции кои ќе одговорат на предизвиците во секое време.
Сакам да се заблагодарам на амбасадорката Агелер за нејзината посветеност и динамизирање на нашата соработка во овој период, меѓутоа и генерално на американската Влада за целосната поддршка која што ја имаме во сите овие изминати 30 години на независност и се надевам дека и понатаму ќе продолжиме со вакви активности се во интерес и на граѓаните на Македонија, меѓутоа и на целиот наш регион, додаде Спасовски.
По денешната посета на Граничниот премин „Богородица”, амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер, на македонски јазик, порача дека „соработката помеѓу двете земји покажува позитивни и видливи резултати тука“.
Претставува задоволство да се види во реалност како нашата соработка со Владата и Mинистерството за внатрешни работи има така позитивни резултати за граѓаните на оваа држава. Од 2016 година имаме обезбедено речиси четири милиони долари опрема за поддршка на граничната безбедност. Меѓу оваа опрема, се и „боди камерите“ коишто имаат значајна улога во безбедноста на земјава, како и останатата опрема за која работевме заедно со полицијата и останатите безбедносни служби, изјави Агелер.
Користењето на „боди камерите“, според Агелер, се еден вид оружје во борбата против корупцијата, но и за заштита на полицијата и граѓаните на оваа држава.
Стоиме заедно со граѓаните, Владата и министерството и продолжуваме со нашата соработка, што сметам дека е особено важна за безбедноста и просперитетот оваа земја, порача Агелер.

The post САД донираше „боди камери“ за македонската гранична полиција appeared first on Република.

]]>
Османи – Агелер: САД со поддршка од над четири милиони долари за борба против корупцијата https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-ageler-sad-so-poddrshka-od-nad-chetiri-milioni-dolari-za-borba-protiv-koruptsijata/ Mon, 14 Aug 2023 14:12:00 +0000 https://republika.mk/?p=672059

Соработката во рамки на Стратешкиот дијалог со САД, забрзување на реформските процеси во земјава и борбата против корупцијата, беа во фокусот на средбата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи со американската амбасадорка во Македонија Анџела Агелер.

На средбата, како што соопшти МНР, стана збор за соработката во рамки на Стратешкиот дијалог, при што Османи изрази благодарност за дополнителните средства во висина од 4 276 000 американски долари наменети за владеење на правото и спроведување на законите, што САД ги доделува започнувајќи од 2012 година.

Со САД како наш значаен стратешки партнер продолжуваме заеднички и посветено да работиме за забрзување на реформските процеси во земјава, при што високо ја цениме континуираната американска поддршка за справување со предизвиците и борбата против корупцијата, рече Османи.

За време на состанокот соговорниците разговараа и за повеќе теми од билатералните односи, актуелната политичка состојба на земјата, состојбите на Западен Балкан како и за актуелни теми од меѓународната политика, стои во соопштението на МНР.

The post Османи – Агелер: САД со поддршка од над четири милиони долари за борба против корупцијата appeared first on Република.

]]>

Соработката во рамки на Стратешкиот дијалог со САД, забрзување на реформските процеси во земјава и борбата против корупцијата, беа во фокусот на средбата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи со американската амбасадорка во Македонија Анџела Агелер. На средбата, како што соопшти МНР, стана збор за соработката во рамки на Стратешкиот дијалог, при што Османи изрази благодарност за дополнителните средства во висина од 4 276 000 американски долари наменети за владеење на правото и спроведување на законите, што САД ги доделува започнувајќи од 2012 година.
Со САД како наш значаен стратешки партнер продолжуваме заеднички и посветено да работиме за забрзување на реформските процеси во земјава, при што високо ја цениме континуираната американска поддршка за справување со предизвиците и борбата против корупцијата, рече Османи.
За време на состанокот соговорниците разговараа и за повеќе теми од билатералните односи, актуелната политичка состојба на земјата, состојбите на Западен Балкан како и за актуелни теми од меѓународната политика, стои во соопштението на МНР.

The post Османи – Агелер: САД со поддршка од над четири милиони долари за борба против корупцијата appeared first on Република.

]]>
Македонија и САД во континуитет негуваат продуктивен политички дијалог https://republika.mk/vesti/makedonija/severna-makedonija-i-sad-vo-kontinuitet-neguvaat-produktiven-politichki-dijalog-2/ Tue, 09 May 2023 11:52:56 +0000 https://republika.mk/?p=638803

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски во рамки на посетата на Вашингтон, присуствуваше на прием кој се одржа во нашата Амбасада во Вашингтон, а на кој беа присутни високи гости претставници на американската администрација и Конгрес, меѓу кои конгресменката Вероника Ескобар, специјалниот претставник на САД за Западен Балкан и заменик помошник државен секретар на САД Габриел Ескобар, поранешниот амбасадор на САД во Македонија Филип Рикер и сегашната амбасадорката на САД во Скопје, Ангела Агелер, повеќе претставници Стејт департмент, Пентагон, Националниот совет за безбедност и др.

На приемот, Премиерот во разговор со заменикот државен секретар на САД, Ескобар, оцени дека Македонија и САД во континуитет негуваат продуктивен политички дијалог и имаат силно стратешко партнерство.

Ковачевски изрази уверување дека со помош на САД ќе се изнајдат решенија на сите отворени прашања во регионот по пат на дијалог, што би довело до побрза интеграција во ЕУ на земјите од Западен Балкан.

Премиерот нагласи дека Република Македонија и во иднина ќе биде фактор на стабилност во регионот, практикувајќи ги и во иднина политиките на дијалог и негување на добрососедските односи.

Присутните соговорници уште еднаш потврдија дека иднината на Западен Балкан е во ЕУ и земјите посветено треба да работат на реформските процеси, негување на добросоедските односи, заштита на човековите права и слободи.

Во разговор со конгресменката Ескобар, претседателот на Владата изрази благодарност до САД за поддршката и охрабрувањето на нашата земја во сите важни процеси за нејзин напредок и просперитет, како на внатрешно- политички, безбедносен, така и на меѓународен план.

The post Македонија и САД во континуитет негуваат продуктивен политички дијалог appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски во рамки на посетата на Вашингтон, присуствуваше на прием кој се одржа во нашата Амбасада во Вашингтон, а на кој беа присутни високи гости претставници на американската администрација и Конгрес, меѓу кои конгресменката Вероника Ескобар, специјалниот претставник на САД за Западен Балкан и заменик помошник државен секретар на САД Габриел Ескобар, поранешниот амбасадор на САД во Македонија Филип Рикер и сегашната амбасадорката на САД во Скопје, Ангела Агелер, повеќе претставници Стејт департмент, Пентагон, Националниот совет за безбедност и др. На приемот, Премиерот во разговор со заменикот државен секретар на САД, Ескобар, оцени дека Македонија и САД во континуитет негуваат продуктивен политички дијалог и имаат силно стратешко партнерство. Ковачевски изрази уверување дека со помош на САД ќе се изнајдат решенија на сите отворени прашања во регионот по пат на дијалог, што би довело до побрза интеграција во ЕУ на земјите од Западен Балкан. Премиерот нагласи дека Република Македонија и во иднина ќе биде фактор на стабилност во регионот, практикувајќи ги и во иднина политиките на дијалог и негување на добрососедските односи. Присутните соговорници уште еднаш потврдија дека иднината на Западен Балкан е во ЕУ и земјите посветено треба да работат на реформските процеси, негување на добросоедските односи, заштита на човековите права и слободи. Во разговор со конгресменката Ескобар, претседателот на Владата изрази благодарност до САД за поддршката и охрабрувањето на нашата земја во сите важни процеси за нејзин напредок и просперитет, како на внатрешно- политички, безбедносен, така и на меѓународен план.

The post Македонија и САД во континуитет негуваат продуктивен политички дијалог appeared first on Република.

]]>
Ковачевски се сретна со членови на бордот на Атлантскиот совет https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-se-sretna-so-chlenovi-na-bordot-na-atlantskiot-sovet/ Mon, 08 May 2023 17:50:57 +0000 https://republika.mk/?p=638506

Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на работната посета на Вашингтон, се сретна и со членови на бордот на Атлантскиот совет (Atlantic Council), соопштија од Влада.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата на која присуствуваше и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, преку дијалог и размена на мислења со експерти се говореше за повеќе теми од интерес како динамиката на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, напорите за справување со енергетската криза, борбата против корупцијата, како и за приоритетите на земјата со претседавање со ОБСЕ.

На Советот беа споделени мислења дека клучно за Македонија и за земјите од Западен Балкан е спроведувањето на реформите, владеењето на правото, што побрза интеграција во ЕУ. Тоа ќе придонесе за економското закрепнување, како и за долгорочно подобрување на конкурентноста на земјата и регионот со што ќе се зајакне привлечноста за странските инвеститори, стои во соопштението.

The post Ковачевски се сретна со членови на бордот на Атлантскиот совет appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на работната посета на Вашингтон, се сретна и со членови на бордот на Атлантскиот совет (Atlantic Council), соопштија од Влада. Како што соопшти владината прес-служба, на средбата на која присуствуваше и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, преку дијалог и размена на мислења со експерти се говореше за повеќе теми од интерес како динамиката на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, напорите за справување со енергетската криза, борбата против корупцијата, како и за приоритетите на земјата со претседавање со ОБСЕ. На Советот беа споделени мислења дека клучно за Македонија и за земјите од Западен Балкан е спроведувањето на реформите, владеењето на правото, што побрза интеграција во ЕУ. Тоа ќе придонесе за економското закрепнување, како и за долгорочно подобрување на конкурентноста на земјата и регионот со што ќе се зајакне привлечноста за странските инвеститори, стои во соопштението.

The post Ковачевски се сретна со членови на бордот на Атлантскиот совет appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Ние сме стабилна и безбедна дестинација, ги охрабрувам американските компании да инвестираат кај нас https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-nie-sme-stabilna-i-bezbedna-destinatsija-gi-ohrabruvam-amerikanskite-kompanii-da-investiraat-kaj-nas/ Thu, 02 Mar 2023 17:15:19 +0000 https://republika.mk/?p=615227

Премиерот Димитар Ковачевски денеска остварил средба со претставници од американската бизнис заедница, кои имаат интерес за инвестирање во Македонија.

Како што соопшти владината прес-служба, делегацијата од американски бизнисмени беше предводена од Ерик Мејер, заменик шеф на Мисија во Амбасадата на САД во Скопје, како и специјални претставници од Стејт департментот.

Тема на разговор на денешната средба биле условите за инвестирање во Македонија, посебно во делот на зелената енергија, како и поволностите кои земјата ги нуди за инвеститорите.

Поздравувајќи го интересот на американските компании за инвестиции во државава, премиерот Ковачевски ги охрабри присутните бизнисмени да ги разгледаат можностите за вложување во различни сектори. Тој истакна дека земјата е веќе препознаена од страна на други инвеститори како стабилна и безбедна дестинација за инвестирање, стои во владиното соопштение.

Ковачевски ги информираше присутните дека според актуелната законска регулатива, вкупната финансиска поддршка која може да биде исплатена, не може да надмине 50% од висината на реализираните оправдани инвестициски трошоци. При тоа, додаваат од Влада, тој ги спомена олеснувањата за странските инвеститори, како: повратот на инвестициските трошоци, ослободувањето од плаќање комунални такси на локалната самоуправа и такси за земјиште за одобренија за градба, како и олеснувањата во однос на даноците.

Ковачевски, ги запозна претставниците од американските компании, дека Владата во наредниот период ќе се фокусира на целосно регионално патно, железничко, инфраструктура и енергетско поврзување. За таа цел, премиерот на состанокот говореше и за проектите чија реализација е тек, како и идните планови за регионално и меѓународно поврзување, додаваат од владината прес-служба.

На состанокот присуствуваа претставници од Ексим банка, Иновацискиот фонд за енергетика на Безос, Сименс Енерџи, заменик претседател на американско централно европската бизнис асоцијација и други.

The post Ковачевски: Ние сме стабилна и безбедна дестинација, ги охрабрувам американските компании да инвестираат кај нас appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски денеска остварил средба со претставници од американската бизнис заедница, кои имаат интерес за инвестирање во Македонија. Како што соопшти владината прес-служба, делегацијата од американски бизнисмени беше предводена од Ерик Мејер, заменик шеф на Мисија во Амбасадата на САД во Скопје, како и специјални претставници од Стејт департментот. Тема на разговор на денешната средба биле условите за инвестирање во Македонија, посебно во делот на зелената енергија, како и поволностите кои земјата ги нуди за инвеститорите.
Поздравувајќи го интересот на американските компании за инвестиции во државава, премиерот Ковачевски ги охрабри присутните бизнисмени да ги разгледаат можностите за вложување во различни сектори. Тој истакна дека земјата е веќе препознаена од страна на други инвеститори како стабилна и безбедна дестинација за инвестирање, стои во владиното соопштение.
Ковачевски ги информираше присутните дека според актуелната законска регулатива, вкупната финансиска поддршка која може да биде исплатена, не може да надмине 50% од висината на реализираните оправдани инвестициски трошоци. При тоа, додаваат од Влада, тој ги спомена олеснувањата за странските инвеститори, како: повратот на инвестициските трошоци, ослободувањето од плаќање комунални такси на локалната самоуправа и такси за земјиште за одобренија за градба, како и олеснувањата во однос на даноците.
Ковачевски, ги запозна претставниците од американските компании, дека Владата во наредниот период ќе се фокусира на целосно регионално патно, железничко, инфраструктура и енергетско поврзување. За таа цел, премиерот на состанокот говореше и за проектите чија реализација е тек, како и идните планови за регионално и меѓународно поврзување, додаваат од владината прес-служба.
На состанокот присуствуваа претставници од Ексим банка, Иновацискиот фонд за енергетика на Безос, Сименс Енерџи, заменик претседател на американско централно европската бизнис асоцијација и други.

The post Ковачевски: Ние сме стабилна и безбедна дестинација, ги охрабрувам американските компании да инвестираат кај нас appeared first on Република.

]]>
Советникот на Стејт департмент Дерек Шоле доаѓа во Скопје да разговара за корупцијата https://republika.mk/vesti/makedonija/sovetnikot-na-stejt-department-derek-shole-doagja-vo-skopje-da-razgovara-za-korupcijata/ Fri, 09 Dec 2022 09:47:29 +0000 https://republika.mk/?p=583601

Советникот на државниот секретар на САД Дерек Шоле ќе ја посети Македонија на 14 декември за да разговара со владини претставници за низа прашања, вклучително и за енергетиката, економијата и борбата против корупцијата, соопшти Стејт департментот.

Покрај во Скопје, Шоле од 11 до 1 7 декември ќе ги посети и Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Белгија, пренесува Гласот на Америка.

Оваа посета ја нагласува трајната посветеност на САД за мирот, стабилноста и просперитетот на регионот, наведуваат од Стејт департментот.

Серијата посети, Шоле ќе ја заврши во Брисел на 16 до 17 декември со цел да разговара за соработката со европските партнери и сојузници за низа глобални прашања, вклучително и за континуирана поддршка за Украина, пристапот во ЕУ и европската интеграција на земјите од Западен Балкан, како и за енергетската безбедност и дијалогот меѓу Косово и Србија.

The post Советникот на Стејт департмент Дерек Шоле доаѓа во Скопје да разговара за корупцијата appeared first on Република.

]]>

Советникот на државниот секретар на САД Дерек Шоле ќе ја посети Македонија на 14 декември за да разговара со владини претставници за низа прашања, вклучително и за енергетиката, економијата и борбата против корупцијата, соопшти Стејт департментот. Покрај во Скопје, Шоле од 11 до 1 7 декември ќе ги посети и Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Белгија, пренесува Гласот на Америка.
Оваа посета ја нагласува трајната посветеност на САД за мирот, стабилноста и просперитетот на регионот, наведуваат од Стејт департментот.
Серијата посети, Шоле ќе ја заврши во Брисел на 16 до 17 декември со цел да разговара за соработката со европските партнери и сојузници за низа глобални прашања, вклучително и за континуирана поддршка за Украина, пристапот во ЕУ и европската интеграција на земјите од Западен Балкан, како и за енергетската безбедност и дијалогот меѓу Косово и Србија.

The post Советникот на Стејт департмент Дерек Шоле доаѓа во Скопје да разговара за корупцијата appeared first on Република.

]]>
Тимот за санкции од Вашингот пристигна, поагресивно ќе истражува корупција кај поранешни и сегашни функционери https://republika.mk/vesti/makedonija/timot-za-sankcii-od-vashingot-pristigna-poagresivno-kje-istrazuva-korupcija-kaj-poraneshni-i-segashni-funkcioneri/ Tue, 06 Dec 2022 11:07:03 +0000 https://republika.mk/?p=582513

Таканаречениот „тим за санкции“ од САД пристигна во Македонија и ќе врши „поагресивен“ увид во корупцијата на бивши и сегашни функционери. Ова на „Твитер“ го објави американската амбасадорка Анџела Агелер.

Тимот за санкции од Вашингтон е тука за да направи поагресивен увид на минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни одговори. На македонскиот правосуден сектор му требаат повеќе истраги и гонење, за да се покаже дека никој не е над законот, напиша Агелер на Твитер.

Ова следува неколку дена откако Габриел Ескобар, заменик-помошник на државниот секретар на САД, изјави дека американските санкции за корумпираните политичари од Балканот имаат ефект и дека САД ќе продолжат со санкционирање корумпирани функционери од регионот.

The post Тимот за санкции од Вашингот пристигна, поагресивно ќе истражува корупција кај поранешни и сегашни функционери appeared first on Република.

]]>

Таканаречениот „тим за санкции“ од САД пристигна во Македонија и ќе врши „поагресивен“ увид во корупцијата на бивши и сегашни функционери. Ова на „Твитер“ го објави американската амбасадорка Анџела Агелер. Тимот за санкции од Вашингтон е тука за да направи поагресивен увид на минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни одговори. На македонскиот правосуден сектор му требаат повеќе истраги и гонење, за да се покаже дека никој не е над законот, напиша Агелер на Твитер. Ова следува неколку дена откако Габриел Ескобар, заменик-помошник на државниот секретар на САД, изјави дека американските санкции за корумпираните политичари од Балканот имаат ефект и дека САД ќе продолжат со санкционирање корумпирани функционери од регионот.

The post Тимот за санкции од Вашингот пристигна, поагресивно ќе истражува корупција кај поранешни и сегашни функционери appeared first on Република.

]]>
Џозеф: За успешна промена на Уставот и влез во ЕУ, треба да гледате кон Вашингтон https://republika.mk/vesti/makedonija/dzozef-za-uspeshna-promena-na-ustavot-i-vlez-vo-eu-treba-da-gledate-kon-vashington/ Fri, 11 Nov 2022 17:06:23 +0000 https://republika.mk/?p=572870

Според политичкиот експерт Едвард Џозеф нема да има промени во политиката на САД кон Балканот и во законодавната сфера на Конгресот за зголемени финансии, а српскиот претседател Александар Вучиќ манипулира со Брисел и Вашингтон додека е верен на Москва.

Џозеф, предавач во Универзитетот Џонс Хопкинс и голем познавач на Балканот кој таму чесо патува, истакна дека регионот треба да бара посилна соработка со Вашингтон за да добие поголема поддршка од актуелната Администрација, со оглед дека исходот од конгресните избори, барем засега, не наведува дека ќе има драстични промени во курсот на надворешната политика во конгресните комисии, кои ја насочуваат и надворешната политика на САД.

Тој ја исктритикува Србија поради својот амбивалентен однос кон ЕУ и блискоста кон Русија и кажа дека за успешна промена на Уставот и влез во ЕУ, Македонија треба да гледа кон Вашингтон.

Најпроблематично прашање е однесувањето на Белград, кој одбива да ја прилагоди политиката со ЕУ, иако е во преговори за членство, и продолжува да ја поддржува Русија. Тоа го стори во ОН во септември во Њујорк, кога потпиша спогодба со Русија за зголемена соработка. Мора да му се предочи на српскиот претседател Вучиќ дека не може да ги уценува САД за предизвиците поради Косово. Тоа се одразува врз целиот Балкан, изјави Џозеф во интервју за Гласот на Америка

Околу прашањето како Македонија да се обедини околу евентуална промена на Уставот, услов за продолжување на преговорите за членство во ЕУ, Џозеф смета дека погледот на Скопје треба да биде насочен кон Вашингтон.

Државата треба да се обрати до администрацијата на Бајден за поддршка и да побараат од Соединетите Држави да го потврдат македонскиот идентитет што САД можат да го направат во рамките на своето стратешко партнерство. Го објаснив ова во мојот напис за надворешната политика на САД, кој беше објавен во јуни, истакна Џозеф.

Во интервјуто тој потсети дека властите во Скопје имаат и внатрешнополитички предизвици, а справувањето со нив треба да ја приближи земјата до ЕУ.

Друга работа е дека владата мора сериозно да се зафати со борбата против корупцијата. Ова ќе ја зголеми домашната поддршка за владејачката партија, за Владата, и ќе ги одврати опозициските сили кои, за воља навистината, не се за членство во Европската Унија, наведува тој.

Смета дека САД се манипулирани од Вучиќ и ако Вашинтон тоа го увиде може да го запре руското влијание во регионот.

Многу е едноставно. Тоа бара водење сериозна политика спрема Србија. САД мора да престанат да бидат манипулирани од Александар Вучиќ. Мора да престанат да го фалат и поддржуваат српскиот претседател, кој отворено ја усогласува неговата земја со Русија. Мора да престанеме да се залажуваме, како што изјави виш американски претставник во јули, дека Србија е на вистинската страна на историјата. Ова е лажно. Тоа само го охрабрува Вучиќ. Тој е примарна пречка за напредокот на Балканот, а може во спротивно да ја води својата земја кон нејзината судбина да биде дел од Европската Унија, дури и во крајна линија, да биде дел од НАТО, изјави Џозеф.

Дециден е дека по руската инвазија во Украина, „веќе не може да се преправа кои земји се на страната на ЕУ, САД и НАТО, а кои земји се на страната на Русија“.

The post Џозеф: За успешна промена на Уставот и влез во ЕУ, треба да гледате кон Вашингтон appeared first on Република.

]]>

Според политичкиот експерт Едвард Џозеф нема да има промени во политиката на САД кон Балканот и во законодавната сфера на Конгресот за зголемени финансии, а српскиот претседател Александар Вучиќ манипулира со Брисел и Вашингтон додека е верен на Москва. Џозеф, предавач во Универзитетот Џонс Хопкинс и голем познавач на Балканот кој таму чесо патува, истакна дека регионот треба да бара посилна соработка со Вашингтон за да добие поголема поддршка од актуелната Администрација, со оглед дека исходот од конгресните избори, барем засега, не наведува дека ќе има драстични промени во курсот на надворешната политика во конгресните комисии, кои ја насочуваат и надворешната политика на САД. Тој ја исктритикува Србија поради својот амбивалентен однос кон ЕУ и блискоста кон Русија и кажа дека за успешна промена на Уставот и влез во ЕУ, Македонија треба да гледа кон Вашингтон.
Најпроблематично прашање е однесувањето на Белград, кој одбива да ја прилагоди политиката со ЕУ, иако е во преговори за членство, и продолжува да ја поддржува Русија. Тоа го стори во ОН во септември во Њујорк, кога потпиша спогодба со Русија за зголемена соработка. Мора да му се предочи на српскиот претседател Вучиќ дека не може да ги уценува САД за предизвиците поради Косово. Тоа се одразува врз целиот Балкан, изјави Џозеф во интервју за Гласот на Америка
Околу прашањето како Македонија да се обедини околу евентуална промена на Уставот, услов за продолжување на преговорите за членство во ЕУ, Џозеф смета дека погледот на Скопје треба да биде насочен кон Вашингтон.
Државата треба да се обрати до администрацијата на Бајден за поддршка и да побараат од Соединетите Држави да го потврдат македонскиот идентитет што САД можат да го направат во рамките на своето стратешко партнерство. Го објаснив ова во мојот напис за надворешната политика на САД, кој беше објавен во јуни, истакна Џозеф.
Во интервјуто тој потсети дека властите во Скопје имаат и внатрешнополитички предизвици, а справувањето со нив треба да ја приближи земјата до ЕУ. Друга работа е дека владата мора сериозно да се зафати со борбата против корупцијата. Ова ќе ја зголеми домашната поддршка за владејачката партија, за Владата, и ќе ги одврати опозициските сили кои, за воља навистината, не се за членство во Европската Унија, наведува тој. Смета дека САД се манипулирани од Вучиќ и ако Вашинтон тоа го увиде може да го запре руското влијание во регионот.
Многу е едноставно. Тоа бара водење сериозна политика спрема Србија. САД мора да престанат да бидат манипулирани од Александар Вучиќ. Мора да престанат да го фалат и поддржуваат српскиот претседател, кој отворено ја усогласува неговата земја со Русија. Мора да престанеме да се залажуваме, како што изјави виш американски претставник во јули, дека Србија е на вистинската страна на историјата. Ова е лажно. Тоа само го охрабрува Вучиќ. Тој е примарна пречка за напредокот на Балканот, а може во спротивно да ја води својата земја кон нејзината судбина да биде дел од Европската Унија, дури и во крајна линија, да биде дел од НАТО, изјави Џозеф.
Дециден е дека по руската инвазија во Украина, „веќе не може да се преправа кои земји се на страната на ЕУ, САД и НАТО, а кои земји се на страната на Русија“.

The post Џозеф: За успешна промена на Уставот и влез во ЕУ, треба да гледате кон Вашингтон appeared first on Република.

]]>
Македонија се најде во новиот закон за буџет за одбрана на САД https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-se-najde-vo-noviot-zakon-za-budzet-za-odbrana-na-sad/ Wed, 17 Aug 2022 19:14:36 +0000 https://republika.mk/?p=541501

Во амандман на Законот за национална одбрана, Конгресот побара од Пентагон да предложи повеќе воени вежби со Македонија следната година, се дознава од нацрт-законот за буџетот за одбрана за следната фискална година.

Со овој федерален закон САД го утврдуваат годишниот буџет и расходите на Пентагон и годинава за првпат во него се најде и Македонија.

Согласно амандманот, Конгресот му наложува на секретарот за одбрана, во консултација со командантот на Европската команда на САД, да достави до Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом, брифинг во врска со плановите за дополнителни НАТО или заеднички вежби на САД и Македонија за време на фискалната 2023 година која започнува на 1 октомври 2022 година. Тоа треба да се направи најдоцна до 1 декември.

Комитетот силно ја поддржува интегралната улога на Македонија како сојузник на НАТО и ја истакнува вредноста на НАТО вежбата Брз одговор 22 во Македонија за НАТО интероперабилноста, регионалната интеграција и одвраќање против руската агресија, се вели во Законот.

Во него се додава дека од суштинско значење е „САД и останатите НАТО членки да продолжат да спроведуваат слични вежби со Македонија и да настојуваат на натамошната интеграција“.

Македонија е вметната во предложениот законски текст по барање на конгресменката Лиса Мeклејн, копретседавачка со конгресната група за пријателство со Македонија и македонско-американската заедница, а на барање на Обединета македонска дијаспора (ОМД), дознава Гласот на Америка.

Новиот директор на ОМД за Македонија, Гордан Јорданов, претседателот Методија А. Колоски и директорката за развој и унапредување Ема Браун, во јуни имале средба со Мeклејн, со цел да побараат поактивен ангажман на САД во Македонија.

Од самото постоење од 2004 година, ОМД интензивно работи на засилување на односите помеѓу САД и нашата татковина Македонија на секое поле. Чест ми е дека токму пред 30-годишнината на македонската Армија, Конгресот изгласа да се подлабочи врската помеѓу армиите на САД и Македонија. Во својата историја, македонската Армија немала поголем пријател од американската Армија. Заедно сме посилни, изјави Колоски.

The post Македонија се најде во новиот закон за буџет за одбрана на САД appeared first on Република.

]]>

Во амандман на Законот за национална одбрана, Конгресот побара од Пентагон да предложи повеќе воени вежби со Македонија следната година, се дознава од нацрт-законот за буџетот за одбрана за следната фискална година. Со овој федерален закон САД го утврдуваат годишниот буџет и расходите на Пентагон и годинава за првпат во него се најде и Македонија. Согласно амандманот, Конгресот му наложува на секретарот за одбрана, во консултација со командантот на Европската команда на САД, да достави до Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом, брифинг во врска со плановите за дополнителни НАТО или заеднички вежби на САД и Македонија за време на фискалната 2023 година која започнува на 1 октомври 2022 година. Тоа треба да се направи најдоцна до 1 декември.
Комитетот силно ја поддржува интегралната улога на Македонија како сојузник на НАТО и ја истакнува вредноста на НАТО вежбата Брз одговор 22 во Македонија за НАТО интероперабилноста, регионалната интеграција и одвраќање против руската агресија, се вели во Законот.
Во него се додава дека од суштинско значење е „САД и останатите НАТО членки да продолжат да спроведуваат слични вежби со Македонија и да настојуваат на натамошната интеграција“. Македонија е вметната во предложениот законски текст по барање на конгресменката Лиса Мeклејн, копретседавачка со конгресната група за пријателство со Македонија и македонско-американската заедница, а на барање на Обединета македонска дијаспора (ОМД), дознава Гласот на Америка. Новиот директор на ОМД за Македонија, Гордан Јорданов, претседателот Методија А. Колоски и директорката за развој и унапредување Ема Браун, во јуни имале средба со Мeклејн, со цел да побараат поактивен ангажман на САД во Македонија.
Од самото постоење од 2004 година, ОМД интензивно работи на засилување на односите помеѓу САД и нашата татковина Македонија на секое поле. Чест ми е дека токму пред 30-годишнината на македонската Армија, Конгресот изгласа да се подлабочи врската помеѓу армиите на САД и Македонија. Во својата историја, македонската Армија немала поголем пријател од американската Армија. Заедно сме посилни, изјави Колоски.

The post Македонија се најде во новиот закон за буџет за одбрана на САД appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Високо ја цениме поддршката од САД, кои веќе 30 години се наш стратешки партнер https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-visoko-ja-cenime-poddrshkata-od-sad-koi-vekje-30-godini-se-nash-strateshki-partner/ Mon, 04 Jul 2022 14:37:42 +0000 https://republika.mk/?p=523661

САД веќе 30 години се наш долгогодишен стратешки партнер со кого преку процесот за Стратешки дијалог ги унапредуваме нашите односи на ново, значајно ниво, согласно евро-атлантскиот курс на нашата земја, напиша премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук по повод Денот на независноста на Соединетите Американски Држави.

Честит 4 Јули, Ден на независноста на Соединетите Американски Држави! Високо ја цениме поддршката од САД, кои веќе 30 години во текот на нашата независност се наш долгогодишен стратешки партнер и со кого преку процесот за Стратешки дијалог ги унапредуваме нашите односи на ново, значајно ниво, согласно евро-атлантскиот курс на нашата земја. Партнерството со САД беше силна поддршка во остварувањето на нашата стратешка цел, членството во НАТО. Остануваме на позициите и јасните определби, за јакнење на заедничките вредности, на демократијата и на слободата, кои се единствен темел за создавање вистински вредности и прогресивно општество, за просперитет на нашите народи, напиша премиерот Ковачевски на Фејсбук.

The post Ковачевски: Високо ја цениме поддршката од САД, кои веќе 30 години се наш стратешки партнер appeared first on Република.

Ковачевски-Ескобар: Стратешкиот дијалог со САД отвора перспективи за нови проекти и иницијативи од интерес на граѓаните https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-eskobar-strateshkiot-dijalog-so-sad-otvora-perspektivi-za-novi-proekti-i-inicijativi-od-interes-na-gragjanite/ Fri, 17 Jun 2022 12:14:37 +0000 https://republika.mk/?p=516342

Односите меѓу Македонија и САД бележат постојано унапредување што беше потврдено и со почетокот на процесот за Стратешки дијалог во Вашингтон на 2 јуни годинава, истакнале денеска на средба премиерот Димитар Ковачевски и заменик-помошникот на државниот секретар на Соединетите Американски Држави за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој учествува на годинешното издание на Преспа форумот за дијалог во Охрид.

За истакнување е фактот, беше потенцирано за време на разговорот, што нашата е првата земја од Западен Балкан која го започна стратешкиот дијалог со САД како следна напредна фаза во политичката и економската соработка со идентификување на нови проекти и иницијативи од заеднички интерес, пренесува владината прес-служба.

На средбата Ковачевски и Ескобар разговараа за актуелната состојба во светски рамки, кризата предизвикана од воената агресија на Русија врз Украина, која уште еднаш е оценета како неоправдана и со ништо неиспровоцирана и како исклучително сериозна за меѓународната безбедност и сигурност.

Ковачевски во разговорот со Ескобар истакнал дека Македонија продолжува да ги применува стратешките политички определби за поддршка на процесите за активно учество на Македонија во операциите на НАТО, како и за забрзување на интеграцијата наМакедонија во ЕУ.

Заменик-помошникот на државниот секретар на Соединетите Американски Држави за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар, ја нагласи неопходноста од итен почеток на пристапните преговори со ЕУ и ја потенцираше поддршката на САД за изнаоѓање заеднички прифатливи решенија за билатералните прашања со Република Бугарија, информира владината прес-служба.

Секое натамошно одлагање на тој процес, нагласиле двајцата соговорници, предизвикува сериозни регионални последици и ги поттикнува ризиците за зголемено влијание на трети страни.

Премиерот Ковачевски на средбата ги посочил придобивките од иницијативата „Отворен Балкан“, која, како што потенцирал заменик-помошникот на државниот секретар Ескобар, САД целосно ја поддржува и ја оценува како особено значајна за регионалниот развој и за забрзување на европската интеграција на земјите од Западен Балкан.

The post Ковачевски-Ескобар: Стратешкиот дијалог со САД отвора перспективи за нови проекти и иницијативи од интерес на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Односите меѓу Македонија и САД бележат постојано унапредување што беше потврдено и со почетокот на процесот за Стратешки дијалог во Вашингтон на 2 јуни годинава, истакнале денеска на средба премиерот Димитар Ковачевски и заменик-помошникот на државниот секретар на Соединетите Американски Држави за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој учествува на годинешното издание на Преспа форумот за дијалог во Охрид.
За истакнување е фактот, беше потенцирано за време на разговорот, што нашата е првата земја од Западен Балкан која го започна стратешкиот дијалог со САД како следна напредна фаза во политичката и економската соработка со идентификување на нови проекти и иницијативи од заеднички интерес, пренесува владината прес-служба.
На средбата Ковачевски и Ескобар разговараа за актуелната состојба во светски рамки, кризата предизвикана од воената агресија на Русија врз Украина, која уште еднаш е оценета како неоправдана и со ништо неиспровоцирана и како исклучително сериозна за меѓународната безбедност и сигурност. Ковачевски во разговорот со Ескобар истакнал дека Македонија продолжува да ги применува стратешките политички определби за поддршка на процесите за активно учество на Македонија во операциите на НАТО, како и за забрзување на интеграцијата наМакедонија во ЕУ.
Заменик-помошникот на државниот секретар на Соединетите Американски Држави за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар, ја нагласи неопходноста од итен почеток на пристапните преговори со ЕУ и ја потенцираше поддршката на САД за изнаоѓање заеднички прифатливи решенија за билатералните прашања со Република Бугарија, информира владината прес-служба.
Секое натамошно одлагање на тој процес, нагласиле двајцата соговорници, предизвикува сериозни регионални последици и ги поттикнува ризиците за зголемено влијание на трети страни. Премиерот Ковачевски на средбата ги посочил придобивките од иницијативата „Отворен Балкан“, која, како што потенцирал заменик-помошникот на државниот секретар Ескобар, САД целосно ја поддржува и ја оценува како особено значајна за регионалниот развој и за забрзување на европската интеграција на земјите од Западен Балкан.

The post Ковачевски-Ескобар: Стратешкиот дијалог со САД отвора перспективи за нови проекти и иницијативи од интерес на граѓаните appeared first on Република.

]]>
Расте американскиот притисок врз Петков Бугарија да ѝ го одблокира патот на Македонија кон Унијата https://republika.mk/vesti/makedonija/senatorot-marfi-do-petkov-sad-so-poddrshka-za-evropskiot-pat-na-makedonija/ Wed, 11 May 2022 19:01:37 +0000 https://republika.mk/?p=501174

Американскиот сенатор Крис Марфи, член на Комитетот за надворешни односи на Сенатот на САД, во вторникот се сретнал со премиерот на Бугарија Кирил Петков, при што разговарале за енергетската безбедност во Бугарија и напредокот на билатералните разговори со Македонија, стои во соопштението од Канцеларијата на сенаторот.

Ми беше драго што се сретнав со премиерот Петков за да разговараме за поддршката на Бугарија за Украина и за тоа како САД можат да помогнат во обезбедувањето алтернативни извори на енергија по суспензијата на Русија на испораките на Гаспром во земјата. Од клучно значење е да инвестираме во енергетска безбедносна помош во следната дополнителна Украина за да им помогнеме на земјите како Бугарија да ја прекинат зависноста од руската нафта и гас и да го отсечат Путин од неговиот најголем извор на приходи, рекол Марфи.

Разговаравме и за важноста на напредокот на билатералните разговори со Македонија за деблокирање на патот на Скопје кон членство во Европската унија. Членството на Македонија на крајот е во интерес на Бугарија и јас јасно ја ставив до знаење поддршката на САД за заклучок кој обезбедува пат напред, потенцирал Марфи, стои во соопштението, од Канцеларијата на сенаторот.

Петков информираше само за енергетската поддршка, ниту збор за политиката кон Македонија. Но, предходно во интервју за романска национална телевизија рече дека ако опстане неговата влада тие се решени дека иднината на Македонија и Албанија е во ЕУ, бидејќи тоа е добро за регионот, но проблемите треба да се решат.

Не можам да бидам одговорен за ништо ако мојата влада „исчезне“. Ако мојата влада опстане, а на тоа работам секојдневно, решени сме дека ЕУ-иднината на Македонија и на Албанија е таму, треба да биде таму. Тоа е добро за регионот. Секако, има работи кои сè уште треба да се направат и треба да работиме напорно за да го постигнеме. Ги знаеме пречките и проблемите што треба да се решат, сега само треба да се решат. Освен за тоа, јас не можам да бидам одговорен за друго во иднина, рече Кирил Петков.

Пред неформална вечера со лидерите на земјите од Западен Балкан, шефот на дипломатијата на ЕУ Жозеп Борел повтори дека иднината на Западен Балкан е внатре во ЕУ.

Сакам да нагласам дека е потребно тие да останат обединети. Да се преземат неопходните заеднички чекори за безбедна, стабилна и просперитетна ЕУ. Тоа е во наш заеднички интерес. Тоа е најдобриот начин за градење иднина на Западниот Балкан, бидејќи иднината на Западен Балкан, е внатре во ЕУ, и тоа е многу силна причина за да се одржи оваа средба денеска, истакн високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел.

И додека САД во секоја прилика повторуваат дека Македонија и Албанија веќе во јуни треба да ги започнат преговорите за члнество во ЕУ, францускиот претседател Макрон повика да се формира европска политичка заедница за соработка со земјите чие членсво во ЕУ не е реално во блиска иднина.

https://republika.mk/vesti/makedonija/patuvaj-evropo-dali-kovachevski-se-otkazuva-od-eu/

The post Расте американскиот притисок врз Петков Бугарија да ѝ го одблокира патот на Македонија кон Унијата appeared first on Република.

]]>

Американскиот сенатор Крис Марфи, член на Комитетот за надворешни односи на Сенатот на САД, во вторникот се сретнал со премиерот на Бугарија Кирил Петков, при што разговарале за енергетската безбедност во Бугарија и напредокот на билатералните разговори со Македонија, стои во соопштението од Канцеларијата на сенаторот.
Ми беше драго што се сретнав со премиерот Петков за да разговараме за поддршката на Бугарија за Украина и за тоа како САД можат да помогнат во обезбедувањето алтернативни извори на енергија по суспензијата на Русија на испораките на Гаспром во земјата. Од клучно значење е да инвестираме во енергетска безбедносна помош во следната дополнителна Украина за да им помогнеме на земјите како Бугарија да ја прекинат зависноста од руската нафта и гас и да го отсечат Путин од неговиот најголем извор на приходи, рекол Марфи.
Разговаравме и за важноста на напредокот на билатералните разговори со Македонија за деблокирање на патот на Скопје кон членство во Европската унија. Членството на Македонија на крајот е во интерес на Бугарија и јас јасно ја ставив до знаење поддршката на САД за заклучок кој обезбедува пат напред, потенцирал Марфи, стои во соопштението, од Канцеларијата на сенаторот. Петков информираше само за енергетската поддршка, ниту збор за политиката кон Македонија. Но, предходно во интервју за романска национална телевизија рече дека ако опстане неговата влада тие се решени дека иднината на Македонија и Албанија е во ЕУ, бидејќи тоа е добро за регионот, но проблемите треба да се решат.
Не можам да бидам одговорен за ништо ако мојата влада „исчезне“. Ако мојата влада опстане, а на тоа работам секојдневно, решени сме дека ЕУ-иднината на Македонија и на Албанија е таму, треба да биде таму. Тоа е добро за регионот. Секако, има работи кои сè уште треба да се направат и треба да работиме напорно за да го постигнеме. Ги знаеме пречките и проблемите што треба да се решат, сега само треба да се решат. Освен за тоа, јас не можам да бидам одговорен за друго во иднина, рече Кирил Петков.
Пред неформална вечера со лидерите на земјите од Западен Балкан, шефот на дипломатијата на ЕУ Жозеп Борел повтори дека иднината на Западен Балкан е внатре во ЕУ.
Сакам да нагласам дека е потребно тие да останат обединети. Да се преземат неопходните заеднички чекори за безбедна, стабилна и просперитетна ЕУ. Тоа е во наш заеднички интерес. Тоа е најдобриот начин за градење иднина на Западниот Балкан, бидејќи иднината на Западен Балкан, е внатре во ЕУ, и тоа е многу силна причина за да се одржи оваа средба денеска, истакн високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел.
И додека САД во секоја прилика повторуваат дека Македонија и Албанија веќе во јуни треба да ги започнат преговорите за члнество во ЕУ, францускиот претседател Макрон повика да се формира европска политичка заедница за соработка со земјите чие членсво во ЕУ не е реално во блиска иднина. https://republika.mk/vesti/makedonija/patuvaj-evropo-dali-kovachevski-se-otkazuva-od-eu/

The post Расте американскиот притисок врз Петков Бугарија да ѝ го одблокира патот на Македонија кон Унијата appeared first on Република.

]]>
Бесими-Ескобар: Зајакнување на економската соработка меѓу Македонија и САД https://republika.mk/vesti/makedonija/besimi-eskobar-zajaknuvanje-na-ekonomskata-sorabotka-megju-makedonija-i-sad/ Thu, 21 Apr 2022 11:53:22 +0000 https://republika.mk/?p=491749

Mожноста за продлабочување на економската соработка меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави и енергетската криза беа дел од темите за кои станало збор на средбата што во Вашингтон се одржа меѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и заменик-помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Ескобар, како што соопшти Министерството за финансии, ја потврдил политичката поддршка од страна на САД за земјата, како и силната агенда за земјите од Западен Балкан.

Заложбите на САД целиот регион да се интегрира во ЕУ се видливи и недвосмислени. Економската интеграција на целиот регион е значајна и за ЕУ и за Западен Балкан, и иницијативата Отворен Балкан има значаен потенцијал да даде резултати во регионалната соработка, истакнал Ескобар.

Покрај политичката поддршка од САД, иницирана е и економска и бизнис соработка меѓу двете земји. Двете страни се согласиле дека постои огромен потенцијал за американски инвестиции во земјава, особено што од 2020 година Македонија е сојузник со САД во НАТО.

На заедничка согласност и задоволство, иницијативата за бизнис соработка и реализација на инвестиции ќе претставува идна активност преточена во план и агенда во билатералната соработка на САД и РС Македонија, велат од Министерството за финансии.

Средбата е одржана во рамки на Пролетните средби на ММФ и Светска банка на кои присуствува министерот за финансии Фатмир Бесими.

На средбата е упатена и благодарност до земјава за тоа што како НАТО сојузник се приклучи кон повикот за запирање на воените дејствија во Украина.

The post Бесими-Ескобар: Зајакнување на економската соработка меѓу Македонија и САД appeared first on Република.

]]>

Mожноста за продлабочување на економската соработка меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави и енергетската криза беа дел од темите за кои станало збор на средбата што во Вашингтон се одржа меѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и заменик-помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар. Ескобар, како што соопшти Министерството за финансии, ја потврдил политичката поддршка од страна на САД за земјата, како и силната агенда за земјите од Западен Балкан.
Заложбите на САД целиот регион да се интегрира во ЕУ се видливи и недвосмислени. Економската интеграција на целиот регион е значајна и за ЕУ и за Западен Балкан, и иницијативата Отворен Балкан има значаен потенцијал да даде резултати во регионалната соработка, истакнал Ескобар.
Покрај политичката поддршка од САД, иницирана е и економска и бизнис соработка меѓу двете земји. Двете страни се согласиле дека постои огромен потенцијал за американски инвестиции во земјава, особено што од 2020 година Македонија е сојузник со САД во НАТО.
На заедничка согласност и задоволство, иницијативата за бизнис соработка и реализација на инвестиции ќе претставува идна активност преточена во план и агенда во билатералната соработка на САД и РС Македонија, велат од Министерството за финансии.
Средбата е одржана во рамки на Пролетните средби на ММФ и Светска банка на кои присуствува министерот за финансии Фатмир Бесими. На средбата е упатена и благодарност до земјава за тоа што како НАТО сојузник се приклучи кон повикот за запирање на воените дејствија во Украина.

The post Бесими-Ескобар: Зајакнување на економската соработка меѓу Македонија и САД appeared first on Република.

]]>
Ковачевски телефонски со Блинкен: За САД итното отворање на преговорите со ЕУ е врвен приоритет https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-telefonski-so-blinken-za-sad-itnoto-otvoranje-na-pregovorite-so-eu-e-vrven-prioritet/ Wed, 30 Mar 2022 20:10:50 +0000 https://republika.mk/?p=481112

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва имаше телефонски разговор со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Ентони Блинкен, при што изрази благодарност до САД за поддршката за нашата држава во евроинтегративниот процес, но и го поздравил апелот на САД дека е потребно негово забрзување со отворање на пристапните преговори меѓу ЕУ и Македонија, соопшти владината прес-служба.

Ковачевски во телефонскиот разговор потенцирал дека нема време за губење и дека секое натамошното одложување може да има сериозни регионални последици и широко да ја отвори вратата за зголемено влијание на трети страни во регионот.

Премиерот ја изразил благодарноста на народот и на Владата за поддршката на САД од независноста до денеска, која што е проследена и со одлични билатерални односи.

Како што соопштија од Владата, Ковачевски за стратешкото партнерство со САД посочил дека е од суштинско значење, кое е крунисано со поддршката на Вашингтон за нашето членство на НАТО. Членството во алијансата, истакнал премиерот Ковачевски во телефонскиот разговор со државниот секретар на САД Блинкен е огромна привилегија и одговорност.

Премиерот ја осудил руската агресија во Украина како неиспровоцирана и како грубо кршење на меѓународното право, ја реафирмира цврстата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници и ја поздравија брзата, обединета и решителна реакција на меѓународната заедница.

За време на разговорот Ковачевски и Блинкен изразиле задоволство од усогласеноста и ефикасната координација на НАТО и ЕУ во санкционирањето на Русија, како и во организирањето на ефикасна поддршка за Украина кон која се приклучи и нашата земја, се наведува во соопштението на Владата.

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен од своја страна во разговорот со премиерот Ковачевски потврдил дека САД се фокусирани на поддршката за проширувањето на ЕУ со Западен Балкан.

Со силната поддршка на САД за почеток на пристапните преговори за Македонија Блинкен ја поздравил новата динамика на дијалогот со Бугарија и изрази надеж дека следува решение за прашањата меѓу двете земjи за време на француското претседателство со ЕУ.

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен потенцирал дека поддршката на Вашингтон доаѓа од целосната посветеност на Македонија на вредностите на НАТО, кои земјата ги докажа и во поддршката за Украина којашто е целосно хармонизирана со сите сојузници во НАТО.

Ентони Блинкен во телефонскиот разговор со премиерот Ковачевски потенцирал дека САД и Македонија стратешкото партнерство го издигнаа на ниво на соработка која нè прави незаменливи сојузници во НАТО и во заедничките мисии на Алијансата

The post Ковачевски телефонски со Блинкен: За САД итното отворање на преговорите со ЕУ е врвен приоритет appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва имаше телефонски разговор со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Ентони Блинкен, при што изрази благодарност до САД за поддршката за нашата држава во евроинтегративниот процес, но и го поздравил апелот на САД дека е потребно негово забрзување со отворање на пристапните преговори меѓу ЕУ и Македонија, соопшти владината прес-служба. Ковачевски во телефонскиот разговор потенцирал дека нема време за губење и дека секое натамошното одложување може да има сериозни регионални последици и широко да ја отвори вратата за зголемено влијание на трети страни во регионот. Премиерот ја изразил благодарноста на народот и на Владата за поддршката на САД од независноста до денеска, која што е проследена и со одлични билатерални односи. Како што соопштија од Владата, Ковачевски за стратешкото партнерство со САД посочил дека е од суштинско значење, кое е крунисано со поддршката на Вашингтон за нашето членство на НАТО. Членството во алијансата, истакнал премиерот Ковачевски во телефонскиот разговор со државниот секретар на САД Блинкен е огромна привилегија и одговорност. Премиерот ја осудил руската агресија во Украина како неиспровоцирана и како грубо кршење на меѓународното право, ја реафирмира цврстата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници и ја поздравија брзата, обединета и решителна реакција на меѓународната заедница.
За време на разговорот Ковачевски и Блинкен изразиле задоволство од усогласеноста и ефикасната координација на НАТО и ЕУ во санкционирањето на Русија, како и во организирањето на ефикасна поддршка за Украина кон која се приклучи и нашата земја, се наведува во соопштението на Владата.
Државниот секретар на САД Ентони Блинкен од своја страна во разговорот со премиерот Ковачевски потврдил дека САД се фокусирани на поддршката за проширувањето на ЕУ со Западен Балкан. Со силната поддршка на САД за почеток на пристапните преговори за Македонија Блинкен ја поздравил новата динамика на дијалогот со Бугарија и изрази надеж дека следува решение за прашањата меѓу двете земjи за време на француското претседателство со ЕУ. Државниот секретар на САД Ентони Блинкен потенцирал дека поддршката на Вашингтон доаѓа од целосната посветеност на Македонија на вредностите на НАТО, кои земјата ги докажа и во поддршката за Украина којашто е целосно хармонизирана со сите сојузници во НАТО. Ентони Блинкен во телефонскиот разговор со премиерот Ковачевски потенцирал дека САД и Македонија стратешкото партнерство го издигнаа на ниво на соработка која нè прави незаменливи сојузници во НАТО и во заедничките мисии на Алијансата

The post Ковачевски телефонски со Блинкен: За САД итното отворање на преговорите со ЕУ е врвен приоритет appeared first on Република.

]]>
Бектеши – Брнз: САД се наш стратешки партнер, поддршката на економијата е клучна за развојот и стабилноста на државата https://republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-brnz-sad-se-nash-strateshki-partner-poddrshkata-na-ekonomijata-e-kluchna-za-razvojot-i-stabilnosta-na-drzavata/ Fri, 11 Mar 2022 14:53:03 +0000 https://republika.mk/?p=471379

Соработката помеѓу двете земји, економските последици што би можеле да настанат како последица на руско-украинскиот конфликт, како и реализацијата на инфраструктурните проекти, пред се во делот на енергетиката кои што се клучни за развојот на државава, беa во фокусот на разговорите на министерот за економија Крешник Бектеши со амбасадорката на САД во земјава Кејт Мари Брнз.

Како што соопшти Министерството за економија, во рамките на состанокот министерот ги презентираше реализираните проекти и планираните активности во делот на енергетиката, трговијата, иновациите, поддршката на странските инвеститори.

Бектеши ја информира амбасадорката за сетот од 26 мерки кој што го донесе Владата за поддршка на економијата и истакна дека со голема внимателност се следи ситуацијата, пред се во делот на цените на енергенсите за што се развиваат сценарија за можни исходи.

Тој ја изрази и својата благодарност до Владата на САД како наш главен стратешки партнер, којашто постојано ѝ дава значајна поддршка на нашата Влада во спроведувањето на активностите насочени кон економски раст и стабилност на земјата, стои во соопштението.

На средбата помеѓу министерот Бектеши и амбасадорката Брнз стана збор и за определбата да продолжи економската соработка меѓу двете земји со посебен акцент на поттикнување на проекти и инвестиции кои ќе овозможат трајна и одржлива енергетска независност на Македонија.

Двајцата соговорници се согласија дека клучен предизвик за македонската економија во моментот е справување со економските последици од руско-украинскиот конфлит.

На средбата е упатена благодарност за поддршката на Македонија, која како НАТО сојузник, се приклучи кон повикот за запирање на воените дејствија во Украина, се додава во соопштението на Министерството за економија.

The post Бектеши – Брнз: САД се наш стратешки партнер, поддршката на економијата е клучна за развојот и стабилноста на државата appeared first on Република.

]]>

Соработката помеѓу двете земји, економските последици што би можеле да настанат како последица на руско-украинскиот конфликт, како и реализацијата на инфраструктурните проекти, пред се во делот на енергетиката кои што се клучни за развојот на државава, беa во фокусот на разговорите на министерот за економија Крешник Бектеши со амбасадорката на САД во земјава Кејт Мари Брнз. Како што соопшти Министерството за економија, во рамките на состанокот министерот ги презентираше реализираните проекти и планираните активности во делот на енергетиката, трговијата, иновациите, поддршката на странските инвеститори. Бектеши ја информира амбасадорката за сетот од 26 мерки кој што го донесе Владата за поддршка на економијата и истакна дека со голема внимателност се следи ситуацијата, пред се во делот на цените на енергенсите за што се развиваат сценарија за можни исходи. Тој ја изрази и својата благодарност до Владата на САД како наш главен стратешки партнер, којашто постојано ѝ дава значајна поддршка на нашата Влада во спроведувањето на активностите насочени кон економски раст и стабилност на земјата, стои во соопштението. На средбата помеѓу министерот Бектеши и амбасадорката Брнз стана збор и за определбата да продолжи економската соработка меѓу двете земји со посебен акцент на поттикнување на проекти и инвестиции кои ќе овозможат трајна и одржлива енергетска независност на Македонија. Двајцата соговорници се согласија дека клучен предизвик за македонската економија во моментот е справување со економските последици од руско-украинскиот конфлит. На средбата е упатена благодарност за поддршката на Македонија, која како НАТО сојузник, се приклучи кон повикот за запирање на воените дејствија во Украина, се додава во соопштението на Министерството за економија.

The post Бектеши – Брнз: САД се наш стратешки партнер, поддршката на економијата е клучна за развојот и стабилноста на државата appeared first on Република.

]]>
Брнз ѝ подари американско знаме на Шекеринска: Двете држави испишаа историја https://republika.mk/vesti/makedonija/brnz-podari-amerikansko-zname-na-shekerinska-dvete-drzavi-ispishaa-istorija/ Wed, 12 Jan 2022 11:37:40 +0000 https://republika.mk/?p=443668

Американската амбасадорка Кејт Мери Брнз денеска и предаде американско знаме на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, како знак на заслуги за одбранбената соработка меѓу Македонија и САД, на церемонија во Скопје што започна со интонирање на химните на двете земји.

Шекеринска е првиот наш министер на кој му е врачено американско знаме како симбол и признание за одличната соработка и зајакнато партнерство и сојузништво со САД.

Благодарение на вашата визија и влијание, Армијата брзо се модернизираше и се движеше напред во целосна НАТО интеграција. Како најнов член на Алијансата, вашата земја веќе е значителен придонесувач кон стабилноста и безбедноста. Под вашето лидерство, двете земји дополнително ја продлабочија меѓусебната соработка како никогаш досега во 28-годишната соработка во одбраната на двете земји, што најдобро ја потврдува развојот на „Криволак“ во најдобра тренинг зона во Европа, истакна амбасадорката Брнз.

Прифатете го ова знаме, што се вееше над Амбасадата на САД во Скопје, рече Брнз, како симбол на наша благодарност и пријателство.

Министерката Шекеринска изрази задоволство што заедно двете држави испишале историја и покажале дека географската оддалеченост од неколку илјади километри може да се претвори во блискост и да се споделуваат исти вредности.

Вредности кои и во овие моменти се на тест. Заедно стоиме на страната на демократијата, правото на избор, мирот и стабилноста во пошироката евроатланска област, каде токму сега еден друг, и на двете земји пријателски народ, бие битка за политичка слобода, да ја определи својата иднина, рече Шекеринска.

Зад денешниот чин и заедничкото пријателство и сојузништво, како што посочи министерката, стојат повеќе од 41-заеднички изведена вежба со приближно пет илјади припадници на нашата и повеќе од три илјади припадници на Армијата на САД, 100-тина школувања и обуки, заедничките планови и видливите резултати во Криволак, проектите за модернизација на Вооружените сили.

За министер за одбрана не постои поголема награда од тоа да работиш и да учествуваш во двата историски резултати од последните две пандемиски години – членството во НАТО во 2020 година и целосна воена интеграција со Алијансата во 2021 година. Овие успеси се наша национална гордост, но тие имаат силен печат од нашиот сојузник и зад нив стои силна американска поддршка и помош. Благодарам што останавме со нас и покрај нас, благодарам што верувавте и кога ние ја губевме вербата, благодарам што постојано дававте поддршка на Министерството, Армијата и на нашата држава, нагласи Шекеринска, изразувајќи уверување дека соработката ќе продолжи и во иднина.

Знамето што денеска и беше врачено на Шекеринска, како и македонското знаме што пред една година го добила од колегите во НАТО, како што рече, ќе сведочат за „искушенијата низ кои поминавме, но и за заедничкиот историски резултат кој е постигнат“

The post Брнз ѝ подари американско знаме на Шекеринска: Двете држави испишаа историја appeared first on Република.

]]>

Американската амбасадорка Кејт Мери Брнз денеска и предаде американско знаме на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, како знак на заслуги за одбранбената соработка меѓу Македонија и САД, на церемонија во Скопје што започна со интонирање на химните на двете земји. Шекеринска е првиот наш министер на кој му е врачено американско знаме како симбол и признание за одличната соработка и зајакнато партнерство и сојузништво со САД.
Благодарение на вашата визија и влијание, Армијата брзо се модернизираше и се движеше напред во целосна НАТО интеграција. Како најнов член на Алијансата, вашата земја веќе е значителен придонесувач кон стабилноста и безбедноста. Под вашето лидерство, двете земји дополнително ја продлабочија меѓусебната соработка како никогаш досега во 28-годишната соработка во одбраната на двете земји, што најдобро ја потврдува развојот на „Криволак“ во најдобра тренинг зона во Европа, истакна амбасадорката Брнз.
Прифатете го ова знаме, што се вееше над Амбасадата на САД во Скопје, рече Брнз, како симбол на наша благодарност и пријателство. Министерката Шекеринска изрази задоволство што заедно двете држави испишале историја и покажале дека географската оддалеченост од неколку илјади километри може да се претвори во блискост и да се споделуваат исти вредности.