Skip to main content

Калин Ивановски во изедначен меч и во тај-брејк загуби во финалето во Загреб

Фото: Тениска федерација
Тениска федерација

Македонскиот тенисер Калин Ивановски во изедначен меч од финалето од квалификациите од Челинџерот Загреб 75 загуби од тенисерот од БиХ Мирза Башиќ со 2-1 во сетови (6-4 3-6 7-6(1)) во меч што траеше 2 часа и 22 минути игра. Ивановски со тоа пропушти шанса за пласман преку квалификациите на главниот турнир на овој Челинџер.

Мечот беше изедначен, а Ивановски на стартот направи брејк и поведе со 2:0 во гемови. Сепак противникот брзо „се врати“ и направи пресврт и поведе со 4:2 во гемови. Калин успеа да направи уште еден брејк за 4:4 во сетот, но Башиќ го доби сетот со 6:4 во гемови. Во вториот сет Ивановски беше тој што имаше контрола над играта и резултатот. Единствениот брејк во шестиот гем го направи Ивановски за водство од 4:2 во гемови, а сетот го доби со 6:3 за 1-1 во сетови. Во решавачкиот сет македонскиот тенисер успеа да одземе сервис на противникот во третиот гем за водство од 2:1 во гемови, а предноста ја имаше до 5:3. Во десеттиот гем Башиќ го врати „брејкот“ и на сервис на Ивановски изедначи на 5:5 во гемови. Сетот и мечот беше решен во тај брејкот, кој со 7-1 на поени го освои Башиќ.

Ивановски за пласманот во финалето од квалификациите ќе добие два поена.

Поврзани вести