Герб Archives - Република https://republika.mk/tema/gerb/ За подобро да се разбереме Sun, 27 Oct 2024 21:25:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Герб Archives - Република https://republika.mk/tema/gerb/ 32 32 Борисов прогласи победа и тврди дека овојпат ќе формира влада https://republika.mk/vesti/balkan/borisov-proglasi-pobeda-i-tvrdi-deka-ovojpat-ke-formira-vlada/ Sun, 27 Oct 2024 21:25:33 +0000 https://republika.mk/?p=831491

Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада, изјави лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов вечерва на прес-конференцијата што ја одржаа во седиштето на партијата. Тој им се заблагодари на сите негови колеги и на сите Бугари кои го подигнаа одѕивот на гласачите.

Можеме да прифатиме многу компромиси, но не можеме да го замениме гласот на народот, изјави лидерот на ГЕРБ.

Тој рече дека нивната програма ќе биде основна за сите што сакаат да бидат во влада, но нема да се борат со невозможното, бидејќи некои од партиите уште вечерва започнале да им поставуваат услови.

Собранието е математика, бројот на партии е од големо значење. Ако влезат сите партии во влада, нема да има влада, предупреди Борисов.

Во 51. Национално собрание ќе влезат осум формации, според паралелното пребројување на „Галуп интернешнл“, направено со 90%.

ГЕРБ-СДС продолжува да води со повеќе од 10 проценти разлика. Во вториот има промена – засега „Вазраждане“ е пред ПП-ДБ со 2 процентни поени. „ДПС – Нов почеток“ и „Aлијанса за права и слободи“ се рангирани на четврто и петто место со разлика помала од процент. По нив се БСП и „Има таков народ“.

ГЕРБ-СДС – 25%
ПП-ДБ – 14,2%
„Преродба“ – 14%
„ДПС – Нов почеток“ – 10,3%
Алијанса за права и слободи – 8,6%
„БСП – Обединета левица“ – 8,1 отсто
„Има таков народ“ – 6,9%
МЕЧ – 4,8%

The post Борисов прогласи победа и тврди дека овојпат ќе формира влада appeared first on Република.

]]>

Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада, изјави лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов вечерва на прес-конференцијата што ја одржаа во седиштето на партијата. Тој им се заблагодари на сите негови колеги и на сите Бугари кои го подигнаа одѕивот на гласачите.
Можеме да прифатиме многу компромиси, но не можеме да го замениме гласот на народот, изјави лидерот на ГЕРБ.
Тој рече дека нивната програма ќе биде основна за сите што сакаат да бидат во влада, но нема да се борат со невозможното, бидејќи некои од партиите уште вечерва започнале да им поставуваат услови.
Собранието е математика, бројот на партии е од големо значење. Ако влезат сите партии во влада, нема да има влада, предупреди Борисов.
Во 51. Национално собрание ќе влезат осум формации, според паралелното пребројување на „Галуп интернешнл“, направено со 90%. ГЕРБ-СДС продолжува да води со повеќе од 10 проценти разлика. Во вториот има промена – засега „Вазраждане“ е пред ПП-ДБ со 2 процентни поени. „ДПС – Нов почеток“ и „Aлијанса за права и слободи“ се рангирани на четврто и петто место со разлика помала од процент. По нив се БСП и „Има таков народ“. ГЕРБ-СДС – 25% ПП-ДБ – 14,2% „Преродба“ – 14% „ДПС – Нов почеток“ – 10,3% Алијанса за права и слободи – 8,6% „БСП – Обединета левица“ – 8,1 отсто „Има таков народ“ – 6,9% МЕЧ – 4,8%

The post Борисов прогласи победа и тврди дека овојпат ќе формира влада appeared first on Република.

]]>
ГЕРБ на Бојко Борисов води на изборите во Бугарија, но нема доволно пратеници за самостојно владеење https://republika.mk/vesti/balkan/gerb-na-bojko-borisov-vodi-na-izborite-vo-bugarija-no-nema-dovolno-pratenitsi-za-samostojno-vladeene/ Mon, 10 Jun 2024 17:46:05 +0000 https://republika.mk/?p=786323

Бугарската централнодесничарска партија ГЕРБ е на пат да освои најмногу гласови на парламентарните избори, но ќе и требаат коалициски партнери за да формира влада, покажаа денеска привремените резултати врз основа на 64,06 отсто од преброените гласови.

Резултатите од неделните избори, шести во Бугарија во последните три години, покажуваат дека ГЕРБ освоила 23,65 отсто од гласовите.

Движењето за права и слободи, кое претежно го претставува големото турско малцинство во земјата, доби 15,89 отсто од гласовите, а прозападниот блок Промените продолжуваат (ПП) има 15,08 отсто поддршка.

Ултранационалистичката партија „Обнова“ освоила 14,33 отсто.

Изборите, што се одржаа вчера, беа распишани по распадот на коалицијата меѓу ГЕРБ и ПП во март.

Британските медиуми пишуваат дека на Бугарија, членка на НАТО, и треба стабилна, функционална влада за да го забрза протокот на европски пари во оваа земја со лоша инфраструктура и да ја поттикне да го прифати еврото и да влезе во Шенген зоната.

Даниел Смилов, професор на Универзитетот во Софија, смета дека најверојатна коалиција е ГЕРБ, Движењето за права и слободи и некои од помалите партии.

Таквата коалиција може да обезбеди одреден степен на стабилност, но не сум сигурен за реформите, особено за оние поврзани со корупцијата, изјави Смилов.

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, повеќе од една деценија ја водеше Бугарија пред да ја загуби власта во 2021 година, откако илјадници луѓе протестираа против неговата неактивност во борбата против корупцијата и заради неговите добри односи со моќните локални олигарси.

The post ГЕРБ на Бојко Борисов води на изборите во Бугарија, но нема доволно пратеници за самостојно владеење appeared first on Република.

]]>

Бугарската централнодесничарска партија ГЕРБ е на пат да освои најмногу гласови на парламентарните избори, но ќе и требаат коалициски партнери за да формира влада, покажаа денеска привремените резултати врз основа на 64,06 отсто од преброените гласови. Резултатите од неделните избори, шести во Бугарија во последните три години, покажуваат дека ГЕРБ освоила 23,65 отсто од гласовите. Движењето за права и слободи, кое претежно го претставува големото турско малцинство во земјата, доби 15,89 отсто од гласовите, а прозападниот блок Промените продолжуваат (ПП) има 15,08 отсто поддршка. Ултранационалистичката партија „Обнова“ освоила 14,33 отсто. Изборите, што се одржаа вчера, беа распишани по распадот на коалицијата меѓу ГЕРБ и ПП во март. Британските медиуми пишуваат дека на Бугарија, членка на НАТО, и треба стабилна, функционална влада за да го забрза протокот на европски пари во оваа земја со лоша инфраструктура и да ја поттикне да го прифати еврото и да влезе во Шенген зоната. Даниел Смилов, професор на Универзитетот во Софија, смета дека најверојатна коалиција е ГЕРБ, Движењето за права и слободи и некои од помалите партии.
Таквата коалиција може да обезбеди одреден степен на стабилност, но не сум сигурен за реформите, особено за оние поврзани со корупцијата, изјави Смилов.
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, повеќе од една деценија ја водеше Бугарија пред да ја загуби власта во 2021 година, откако илјадници луѓе протестираа против неговата неактивност во борбата против корупцијата и заради неговите добри односи со моќните локални олигарси.

The post ГЕРБ на Бојко Борисов води на изборите во Бугарија, но нема доволно пратеници за самостојно владеење appeared first on Република.

]]>
Нинова: БСП ги прекинува разговорите со ГЕРБ за првиот мандат за состав на новата бугарска Влада https://republika.mk/vesti/balkan/ninova-bsp-gi-prekinuva-razgovorite-so-gerb-za-prviot-mandat-za-sostav-na-novata-bugarska-vlada/ Mon, 15 May 2023 19:14:57 +0000 https://republika.mk/?p=641121

Лидерката на бугарската Социјалистичка партија, Корнелија Нинова попладнево изјави дека одлучиле да ги прекинат сите разговорите со ГЕРБ за првиот мандат за формирање нова влада во земјата.

-Донесовме одлука за прекинување на разговорите со ГЕРБ - ниту за учество, ниту за поддршка, изјави Нинова пред новинарите во Софија.

„Доста направивме, хаосот и лицемерието што го демонстрираат не може да продолжи, барем за нас“, коментираше  таа.

The post Нинова: БСП ги прекинува разговорите со ГЕРБ за првиот мандат за состав на новата бугарска Влада appeared first on Република.

]]>

Лидерката на бугарската Социјалистичка партија, Корнелија Нинова попладнево изјави дека одлучиле да ги прекинат сите разговорите со ГЕРБ за првиот мандат за формирање нова влада во земјата. -Донесовме одлука за прекинување на разговорите со ГЕРБ - ниту за учество, ниту за поддршка, изјави Нинова пред новинарите во Софија. „Доста направивме, хаосот и лицемерието што го демонстрираат не може да продолжи, барем за нас“, коментираше  таа.

The post Нинова: БСП ги прекинува разговорите со ГЕРБ за првиот мандат за состав на новата бугарска Влада appeared first on Република.

]]>
Коалицијата „ГЕРБ-СДС“ е победник на изборите во Бугарија, со речиси два отсто поголема доверба од „ПП-ДБ“ https://republika.mk/vesti/balkan/koalitsijata-gerb-sds-e-pobednik-na-izborite-vo-bugarija-so-rechisi-dva-otsto-pogolema-doverba-od-pp-db/ Mon, 03 Apr 2023 18:52:54 +0000 https://republika.mk/?p=626858

Во Бугарија попладнево заврши обработката на сите протоколи на Секторските изборни комисии во Регионалните изборни комисии (РИК) за вчерашните парламентарни избори, соопшти Централната изборна комисија (ЦИК) на својата Интернет-страница, а победник на овие петти избори во последните две години е коалицијата „ГЕРБ-СДС“,  предводена од поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов.

Според податоците на ЦИК, коалицијата ГЕРБ-СДС освоила  669.361 глас или 26,51 отсто од избирачите кои го остварија своето право на глас, а потоа следи коалицијата „Промените продолжуваат (ПП) - Демократска Бугарија (ДБ)“ со 619.592 гласа или 24,54 отсто.

На трето место е „Преродба“ со 357.167 гласови или 14,15 отсто, а на четврто е „Движење за права и слободи“ со 346.437 гласови или 13,72 отсто. „БСП за Бугарија“ го зазеде петтото место со 225.814 гласови или 8,94 отсто, а зад неа, како шеста партија која ќе влезе во новиот бугарски Парламент, е партијата „Има таков народ“ на шоуменот Слави Трифонов со 103.641 глас или 4,11 отсто.

Партијата „Бугарски подем“ со 77.804 гласови или 3,08 отсто и „Левица!“ со 56.453 гласа или 2,24 отсто остана под цензусот за влез во парламентот - четири отсто.

На овие избори 108.842 избирачи се одлучиле за опцијата „Не поддржувам никого“ .

Излезноста на вчерашното изјаснување во Бугарија беше 40,63 отсто.

The post Коалицијата „ГЕРБ-СДС“ е победник на изборите во Бугарија, со речиси два отсто поголема доверба од „ПП-ДБ“ appeared first on Република.

ГЕРБ на Борисов освои најмногу гласови, до Влада тешко https://republika.mk/vesti/balkan/gerb-na-borisov-osvoi-najmnogu-glasovi-do-vlada-teshko/ Mon, 03 Apr 2023 10:53:28 +0000 https://republika.mk/?p=626646

Според 95,89 отсто обработени податоци на Централната изборна комисија (ЦИК) на Бугарија за ГЕРБ-СДС гласале 26,51 отсто од граѓаните (642.032 гласа). Додека коалицијата Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија освои 24,90 проценти од гласовите (603.154 гласа), а за Преродба освои 14,38 отсто (348.252 гласа).

На четврто место е Движење за права и слободи со 12,95 отсто (313.657 гласа). На петтото место е БСП за Бугарија со 8,97 проценти (217.279 гласа). Шестата политичка формација која влегува во новиот бугарски Парламент е Има таков народ со 4,16 отсто (100.844 гласа), додека 105.893 луѓе ја избрале опцијата Не поддржувам никого.

На изборите на 2 април учествуваа 21 политичка формација – 14 партии и седум коалиции.

The post ГЕРБ на Борисов освои најмногу гласови, до Влада тешко appeared first on Република.

]]>

Според 95,89 отсто обработени податоци на Централната изборна комисија (ЦИК) на Бугарија за ГЕРБ-СДС гласале 26,51 отсто од граѓаните (642.032 гласа). Додека коалицијата Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија освои 24,90 проценти од гласовите (603.154 гласа), а за Преродба освои 14,38 отсто (348.252 гласа). На четврто место е Движење за права и слободи со 12,95 отсто (313.657 гласа). На петтото место е БСП за Бугарија со 8,97 проценти (217.279 гласа). Шестата политичка формација која влегува во новиот бугарски Парламент е Има таков народ со 4,16 отсто (100.844 гласа), додека 105.893 луѓе ја избрале опцијата Не поддржувам никого. На изборите на 2 април учествуваа 21 политичка формација – 14 партии и седум коалиции.

The post ГЕРБ на Борисов освои најмногу гласови, до Влада тешко appeared first on Република.

]]>
Радев в понеделник ќе го врачи првиот мандат на ГЕРБ-СДС https://republika.mk/vesti/balkan/radev-v-ponedelnik-kje-go-vrachi-prviot-mandat-na-gerb-sds/ Fri, 02 Dec 2022 10:27:28 +0000 https://republika.mk/?p=580816

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека првиот мандат за формирање влада ќе го врачи на ГЕРБ-СДС в понеделник.

Се надевам дека дополнителното време што им го дадов е искористено на најдобар начин. Кога детално ќе го разгледам текстот на новоусвоениот Изборен законик ќе донесам одлука, рече Радев одговарајќи на прашање дали ќе стави вето на измените на изборниот закон.

The post Радев в понеделник ќе го врачи првиот мандат на ГЕРБ-СДС appeared first on Република.

Нема да бидам премиер или министер, рече Борисов откако три партии го одбија ГЕРБ за формирање Влада https://republika.mk/vesti/balkan/nema-da-bidam-premier-ili-minister-reche-borisov-otkako-tri-partii-go-odbija-gerb-za-formiranje-vlada/ Tue, 04 Oct 2022 13:48:03 +0000 https://republika.mk/?p=557276

Не мора да бидам премиер или министер, рече поранешниот претседател на Владата Бојко Борисов чија партија ГЕРБ ќе се обиде да состави влада по победата на завчерашните избори во Бугарија.

ГЕРБ освои 25,3% гласови, лидерот на Продолжуваме со промената, Кирил Петков, веднаш кажа дека нема шанси да прават коалиција со ГЕРБ, а вакви пораки дојдоа и од социјалистите и од партијата Демократска Бугарија.

Нови, брзи избори нема да донесат поинакви резултати. Подготвен сум за секакви компромиси и отстапки во името на народот, изјави 63-годишниот Борисов, додавајќи дека сите партии мора да најдат заеднички основа за бугарската позиција во однос на војната во Украина.

Седум партии влегоа во парламентот по четвртите избори за помалку од две години, при што на второто место заврши Продолжуваме со промената.

The post Нема да бидам премиер или министер, рече Борисов откако три партии го одбија ГЕРБ за формирање Влада appeared first on Република.

]]>

Не мора да бидам премиер или министер, рече поранешниот претседател на Владата Бојко Борисов чија партија ГЕРБ ќе се обиде да состави влада по победата на завчерашните избори во Бугарија. ГЕРБ освои 25,3% гласови, лидерот на Продолжуваме со промената, Кирил Петков, веднаш кажа дека нема шанси да прават коалиција со ГЕРБ, а вакви пораки дојдоа и од социјалистите и од партијата Демократска Бугарија.
Нови, брзи избори нема да донесат поинакви резултати. Подготвен сум за секакви компромиси и отстапки во името на народот, изјави 63-годишниот Борисов, додавајќи дека сите партии мора да најдат заеднички основа за бугарската позиција во однос на војната во Украина.
Седум партии влегоа во парламентот по четвртите избори за помалку од две години, при што на второто место заврши Продолжуваме со промената.

The post Нема да бидам премиер или министер, рече Борисов откако три партии го одбија ГЕРБ за формирање Влада appeared first on Република.

]]>
Петков и Василев го признаа поразот: Им ветивме на гласачите нема да коалицираме со ГЕРБ https://republika.mk/vesti/balkan/petkov-i-vasilev-go-priznaa-porazot-im-vetivme-na-glasachite-nema-da-koalicirame-so-gerb/ Sun, 02 Oct 2022 20:53:43 +0000 https://republika.mk/?p=556634

Продолжуваме со промените на Кирил Петков и Асен Василев го призна поразот на парламентарните избори во Бугарија.

„Ги загубивме изборите. ГЕРБ И ДПС имаат јасен мандат да коалицираат, изјави Василев по прелиминарните резултати.

Претседателот на партијата Кирил Петков изјави дека како конструктивна опозиција ќе бидат над секоја постапка на идната власт. Според поранешниот бугарски премиер, тоа што се случи денеска многу јасно покажува дека огромен број луѓе продолжуваат да веруваат дека Бугарија може да биде успешна и просперитетна, а да не биде изедена од корупција.

Сакаме да го почитуваме изборот на народот, а фактот што ГЕРБ е првата политичка сила носи огромна одговорност. На нашите гласачи им ветивме дека нема да се направи коалиција со ГЕРБ и ДПС, ќе го исполниме нашето ветување. Ние како политичари ќе бидеме луѓето кои ќе ги исполниме нашите ветувања, рече Петков.

Коалицијата ГЕРБ-СДС извојува победа на четвртите парламентарни избори во изминатите година и половина. Бојко Борисов, според паралелното пребројување на „Галуп интернешнл“, освои 63 пратеници во Народното собрание.

Математички, ГЕРБ, ДПС и Преродба ќе имаат доволно мандати да формираат влада, но политички такво нешто се смета за речиси невозможно.

The post Петков и Василев го признаа поразот: Им ветивме на гласачите нема да коалицираме со ГЕРБ appeared first on Република.

]]>

Продолжуваме со промените на Кирил Петков и Асен Василев го призна поразот на парламентарните избори во Бугарија.
„Ги загубивме изборите. ГЕРБ И ДПС имаат јасен мандат да коалицираат, изјави Василев по прелиминарните резултати.
Претседателот на партијата Кирил Петков изјави дека како конструктивна опозиција ќе бидат над секоја постапка на идната власт. Според поранешниот бугарски премиер, тоа што се случи денеска многу јасно покажува дека огромен број луѓе продолжуваат да веруваат дека Бугарија може да биде успешна и просперитетна, а да не биде изедена од корупција.
Сакаме да го почитуваме изборот на народот, а фактот што ГЕРБ е првата политичка сила носи огромна одговорност. На нашите гласачи им ветивме дека нема да се направи коалиција со ГЕРБ и ДПС, ќе го исполниме нашето ветување. Ние како политичари ќе бидеме луѓето кои ќе ги исполниме нашите ветувања, рече Петков.
Коалицијата ГЕРБ-СДС извојува победа на четвртите парламентарни избори во изминатите година и половина. Бојко Борисов, според паралелното пребројување на „Галуп интернешнл“, освои 63 пратеници во Народното собрание. Математички, ГЕРБ, ДПС и Преродба ќе имаат доволно мандати да формираат влада, но политички такво нешто се смета за речиси невозможно.

The post Петков и Василев го признаа поразот: Им ветивме на гласачите нема да коалицираме со ГЕРБ appeared first on Република.

]]>
ГЕРБ на Бојко Борисов победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија https://republika.mk/vesti/balkan/gerb-na-bojko-borisov-pobedi-na-predvremenite-parlamentarni-izbori-vo-bugarija/ Sun, 02 Oct 2022 18:47:20 +0000 https://republika.mk/?p=556609

Според излезната анкета на агенцијата „Алфа Рисрч“, коалицијата ГЕРБ-СДС предводена од Бојко Борисов победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија, јавува дописникот на МИА од Софија.

ГЕРБ-СДС, според резултатите на агенцијата во 19 часот, покажуваат дека ГЕРБ-СДС добила 25,5 отсто од гласовите. Втора политичка сила е „Продолжуваме со промената“ на Кирил Петков и Асен Василев со 19,9 отсто. Движењето за права и слободи добило 14,4%, БСП 10,2%, националистичката „Преродба“ 10%, „Демократска Бугарија“ 7,9%.

Според излезната анкета партијата на Слави Трифонов „Има таков народ “, исто така, е под прагот со 4,2 отсто, како и „Бугарскиот подем“ на поранешниот вршител на должноста премиер Стефан Јанев со 2,9 отсто, „Исправи се Бугарија“ на националниот правобранител Маја Манолова – 1,1 отсто и ВМРО – 0,9 отсто.

Под прагот за влез во новото Народно собрание на Бугарија остануваат „Исправи се Бугарија“ (1,2 отсто) и ВМРО (0,9 отсто).

Со „не поддржувам никого“ гласале 3,3 отсто од гласачите.

The post ГЕРБ на Бојко Борисов победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Според излезната анкета на агенцијата „Алфа Рисрч“, коалицијата ГЕРБ-СДС предводена од Бојко Борисов победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија, јавува дописникот на МИА од Софија. ГЕРБ-СДС, според резултатите на агенцијата во 19 часот, покажуваат дека ГЕРБ-СДС добила 25,5 отсто од гласовите. Втора политичка сила е „Продолжуваме со промената“ на Кирил Петков и Асен Василев со 19,9 отсто. Движењето за права и слободи добило 14,4%, БСП 10,2%, националистичката „Преродба“ 10%, „Демократска Бугарија“ 7,9%. Според излезната анкета партијата на Слави Трифонов „Има таков народ “, исто така, е под прагот со 4,2 отсто, како и „Бугарскиот подем“ на поранешниот вршител на должноста премиер Стефан Јанев со 2,9 отсто, „Исправи се Бугарија“ на националниот правобранител Маја Манолова – 1,1 отсто и ВМРО – 0,9 отсто. Под прагот за влез во новото Народно собрание на Бугарија остануваат „Исправи се Бугарија“ (1,2 отсто) и ВМРО (0,9 отсто). Со „не поддржувам никого“ гласале 3,3 отсто од гласачите.

The post ГЕРБ на Бојко Борисов победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија appeared first on Република.

]]>
ГЕРБ го врати мандатот за формирање нова бугарска Влада https://republika.mk/vesti/balkan/gerb-go-vrati-mandatot-za-formiranje-nova-bugarska-vlada/ Thu, 14 Jul 2022 09:57:17 +0000 https://republika.mk/?p=528545

ГЕРБ-СДС му го врати мандатот на претседателот на Бугарија, Румен Радев

Претседателката на пратеничката група на ГЕРБ-СДС, Десислава Атанасова, прочита писмен став дека нема да го остварат правото на истражувачки мандат за формирање влада во 47. Народно собрание и нема да предложат премиер.

Радев најави дека утре ќе ги свика сите бугарски парламентарни партии на консултации за да види како тие го гледаат решението на политичката криза во Бугарија и потоа ќе го врачи третиот и последен мандат пред да закаже, доколку дојде до, предвремени парламентарни избори.

The post ГЕРБ го врати мандатот за формирање нова бугарска Влада appeared first on Република.

]]>

ГЕРБ-СДС му го врати мандатот на претседателот на Бугарија, Румен Радев Претседателката на пратеничката група на ГЕРБ-СДС, Десислава Атанасова, прочита писмен став дека нема да го остварат правото на истражувачки мандат за формирање влада во 47. Народно собрание и нема да предложат премиер. Радев најави дека утре ќе ги свика сите бугарски парламентарни партии на консултации за да види како тие го гледаат решението на политичката криза во Бугарија и потоа ќе го врачи третиот и последен мандат пред да закаже, доколку дојде до, предвремени парламентарни избори.

The post ГЕРБ го врати мандатот за формирање нова бугарска Влада appeared first on Република.

]]>
Радев на консултации со ГЕРБ и ДПС: Партијата на Борисов ќе го врати мандатот https://republika.mk/vesti/balkan/radev-na-konsultacii-so-gerb-i-dps-partijata-na-borisov-kje-go-vrati-mandatot/ Mon, 27 Jun 2022 17:49:32 +0000 https://republika.mk/?p=520429

По оставката што ја поднесе бугарскиот премиер, Кирил Петков, претседателот Румен Радев ги почна консултациите со парламентарните партии за доделување на мандатот за формирање нова влада.

Како што јавија бугарските медиуми, на консултации кај него, денеска се појавија од опозициската коалиција ГЕРБ-СДС, како и од ДПС, која исто така е во опозиција.

Од партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов веднаш најавија дека ќе го вратат мандат со цел процесот да продолжи понатаму и нагласија дека според нив, најдобро решение е нови избори.

Ќе го вратиме мандатот што е можно поскоро за да почнат консултациите за предавање на мандатот на третата политичка сила - порача координаторката на пратеничката група на ГЕРБ, Десислава Атанасова.

Партијата на Петков, Продолжуваме со промените, како најголема партија во парламентот по бројот на пратеници ги прескокна денешните консултации поради обврските во парламентот околу ребалансот на Буџетот. Координаторот на пратеничката група, Андреј Ѓуров најави дека ќе отидат кај Радев откако тој ќе се врати од патувањето во Мадрид.

На консултации денеска од истите причини не се појавија ниту од Бугарската социјалистичка партија (БСП).

Утре, пак, според најавите треба да се одржат консултации со Има таков народ (ИТН) на Слави Трифонов кој реши да излезе од владината коалиција што ја втурна Бугарија во оваа политичка криза.

Радев утре треба да се сретне и со претставници на Демократска Бугарија, партија која беше дел од власта, како и со опозициската Преродба.

Денешната оставка на Петков и консултациите на бугарскиот претседател со политичките партии следуваат откако на владата ѝ беше изгласана недоверба на 22 јуни годинава.

The post Радев на консултации со ГЕРБ и ДПС: Партијата на Борисов ќе го врати мандатот appeared first on Република.

]]>

По оставката што ја поднесе бугарскиот премиер, Кирил Петков, претседателот Румен Радев ги почна консултациите со парламентарните партии за доделување на мандатот за формирање нова влада. Како што јавија бугарските медиуми, на консултации кај него, денеска се појавија од опозициската коалиција ГЕРБ-СДС, како и од ДПС, која исто така е во опозиција. Од партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов веднаш најавија дека ќе го вратат мандат со цел процесот да продолжи понатаму и нагласија дека според нив, најдобро решение е нови избори.
Ќе го вратиме мандатот што е можно поскоро за да почнат консултациите за предавање на мандатот на третата политичка сила - порача координаторката на пратеничката група на ГЕРБ, Десислава Атанасова.
Партијата на Петков, Продолжуваме со промените, како најголема партија во парламентот по бројот на пратеници ги прескокна денешните консултации поради обврските во парламентот околу ребалансот на Буџетот. Координаторот на пратеничката група, Андреј Ѓуров најави дека ќе отидат кај Радев откако тој ќе се врати од патувањето во Мадрид. На консултации денеска од истите причини не се појавија ниту од Бугарската социјалистичка партија (БСП). Утре, пак, според најавите треба да се одржат консултации со Има таков народ (ИТН) на Слави Трифонов кој реши да излезе од владината коалиција што ја втурна Бугарија во оваа политичка криза. Радев утре треба да се сретне и со претставници на Демократска Бугарија, партија која беше дел од власта, како и со опозициската Преродба. Денешната оставка на Петков и консултациите на бугарскиот претседател со политичките партии следуваат откако на владата ѝ беше изгласана недоверба на 22 јуни годинава.

The post Радев на консултации со ГЕРБ и ДПС: Партијата на Борисов ќе го врати мандатот appeared first on Република.

]]>
Борисов: Нема да се повлечам и ГЕРБ да ја претворам во брош на ПП https://republika.mk/vesti/balkan/borisov-nema-da-se-povlecham-i-gerb-da-ja-pretvoram-vo-brosh-na-pp/ Mon, 27 Jun 2022 10:43:24 +0000 https://republika.mk/?p=520223

„ГЕРБ има лидер избран пред 3 месеци. Се повлеков од парламентот, да не иритирам, предложив кабинет без мое учество. Отсега да им свириш, да оставиш силна партија да стане брош на „Продолжуваме промената“ како ДБ, нема да се случи. Дефинитивно избори“.

Ова за бугарски „Сега“ го коментира лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер – Бојко Борисов по повод шпекулациите дека е подготвен да поднесе оставка од раководството на партијата во контекст на обидите за формирање на кабинет.

Ваквите коментари доаѓаат по изјавата на поранешниот претседател Росен Плевнелиев за БТВ во која тој вели дека „Борисов е подготвен да поднесе оставка како лидер на ГЕРБ. Борисов е подготвен да го стори тоа и тоа го изјави многу пати, вклучително и во разговорите со Кирил Петков. Борисов отсекогаш бил“ за „европскиот развој на Бугарија“.

Сепак, според Борисов, поранешниот претседател не бил правилно разбран.

The post Борисов: Нема да се повлечам и ГЕРБ да ја претворам во брош на ПП appeared first on Република.

]]>

„ГЕРБ има лидер избран пред 3 месеци. Се повлеков од парламентот, да не иритирам, предложив кабинет без мое учество. Отсега да им свириш, да оставиш силна партија да стане брош на „Продолжуваме промената“ како ДБ, нема да се случи. Дефинитивно избори“. Ова за бугарски „Сега“ го коментира лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер – Бојко Борисов по повод шпекулациите дека е подготвен да поднесе оставка од раководството на партијата во контекст на обидите за формирање на кабинет. Ваквите коментари доаѓаат по изјавата на поранешниот претседател Росен Плевнелиев за БТВ во која тој вели дека „Борисов е подготвен да поднесе оставка како лидер на ГЕРБ. Борисов е подготвен да го стори тоа и тоа го изјави многу пати, вклучително и во разговорите со Кирил Петков. Борисов отсекогаш бил“ за „европскиот развој на Бугарија“. Сепак, според Борисов, поранешниот претседател не бил правилно разбран.

The post Борисов: Нема да се повлечам и ГЕРБ да ја претворам во брош на ПП appeared first on Република.

]]>
ГЕРБ и ДПС поднесоа предлози за Македонија, продолжува неизвесноста за бугарското вето https://republika.mk/vesti/makedonija/gerb-i-dps-podnesoa-predlozi-za-makedonija-prodolzuva-neizvesnosta-za-bugarskoto-veto/ Thu, 23 Jun 2022 08:17:25 +0000 https://republika.mk/?p=518751

Пратеничките групи на ГЕРБ и ДПС до канцеларијата на Народното собрание доставиле два проекта за решавање на спорните прашања меѓу Софија и Скопје. Како што објави бугарската БГНЕС документот на ГЕРБ е наречен „Нацрт-акција на Советот на министри за одобрување на нацрт-преговарачката рамка и нацрт-заклучок на Советот на ЕУ за европска интеграција на Република Македонија“. Предлог-одлуката, според натписот, е поднесена утрово.

Документот на ДПС, „Предлог-одлука поврзана со одобрување од страна на француското претседателство на нацрт-преговарачката рамка за преговори за членство на Република Македонија и Албанија во ЕУ“, беше поднесен синоќа, аистиот беше најавен од страна на лидерот на партијата Мустафа Карадаи по гласањето за недоверба со кое беше соборена владата на Кирил Петков.

БГНЕС пишува дека францускиот предлог се состои од три независни елементи, кои само во сет можат да одговорат на прашањето дали РСМ е подготвена да ги започне преговорите за членство во ЕУ.

Првиот документ, нацрт-заклучоците на Советот, ни кажува дека темата „билатералните односи Скопје-Софија“ ќе биде дел од преговарачкиот процес. Овој документ, како и вториот документ, преговарачката рамка, се однесуваат на трет, клучен документ – билатерален протокол, во кој нема ништо француско и е целосно производ на договор меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји. Ова е всушност патоказ со конкретни заложби и чекори кои Скопје мора да ги исполни за возврат да се укине ветото.

The post ГЕРБ и ДПС поднесоа предлози за Македонија, продолжува неизвесноста за бугарското вето appeared first on Република.

]]>

Пратеничките групи на ГЕРБ и ДПС до канцеларијата на Народното собрание доставиле два проекта за решавање на спорните прашања меѓу Софија и Скопје. Како што објави бугарската БГНЕС документот на ГЕРБ е наречен „Нацрт-акција на Советот на министри за одобрување на нацрт-преговарачката рамка и нацрт-заклучок на Советот на ЕУ за европска интеграција на Република Македонија“. Предлог-одлуката, според натписот, е поднесена утрово. Документот на ДПС, „Предлог-одлука поврзана со одобрување од страна на француското претседателство на нацрт-преговарачката рамка за преговори за членство на Република Македонија и Албанија во ЕУ“, беше поднесен синоќа, аистиот беше најавен од страна на лидерот на партијата Мустафа Карадаи по гласањето за недоверба со кое беше соборена владата на Кирил Петков. БГНЕС пишува дека францускиот предлог се состои од три независни елементи, кои само во сет можат да одговорат на прашањето дали РСМ е подготвена да ги започне преговорите за членство во ЕУ. Првиот документ, нацрт-заклучоците на Советот, ни кажува дека темата „билатералните односи Скопје-Софија“ ќе биде дел од преговарачкиот процес. Овој документ, како и вториот документ, преговарачката рамка, се однесуваат на трет, клучен документ – билатерален протокол, во кој нема ништо француско и е целосно производ на договор меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји. Ова е всушност патоказ со конкретни заложби и чекори кои Скопје мора да ги исполни за возврат да се укине ветото.

The post ГЕРБ и ДПС поднесоа предлози за Македонија, продолжува неизвесноста за бугарското вето appeared first on Република.

]]>
Митов од ГЕРБ: Се надеваме дека ќе ја собереме потребната поддршка за изгласување недоверба на владата на Петков https://republika.mk/vesti/balkan/mitov-od-gerb-ne-e-vo-red-da-se-pregovara-za-zaobikoluvanje-na-vetoto-za-makedonija/ Wed, 15 Jun 2022 07:51:28 +0000 https://republika.mk/?p=515355

Се надеваме дека ќе ја собереме потребната поддршка за изгласување недоверба. Ова мачење мора да заврши, изјави денеска Даниел Митов од ГЕРБ пред почетокот на денешната седница на Народното собрание. Митов го коментираше и барањето за затворена седница на Народното собрание за Македонија. Тој рече дека е можно да се преговара за заобиколување на ветото, но поентата е дека не е во ред, рече Митов.

Како поранешен министер за надворешни работи, рече дека на секој состанок на меѓународно ниво треба да присуствува претставник на МНР и од тоа да има белешки, кои треба да им бидат достапни на идните функционери.

Ако Кирил Петков не ги сподели таквите белешки со лидерите, тоа е кршење на принципот на континуитет во нашата надворешна политика, рече Митов.

БГНЕС вчера објави дека бугарскиот премиер Кирил Петков има намера целосно да го изолира Министерството за надворешни работи (МНР) во обидите да го укине ветото за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ и притоа цитираше дел од текстот во нацрт-предлогот, кој самиот Петков ќе го поднесе на првата можна седница на владата.

Барањето за гласање недоверба на Владата на Петков вчера официјално ја најавија од ГЕРБ на прес-конференција.

The post Митов од ГЕРБ: Се надеваме дека ќе ја собереме потребната поддршка за изгласување недоверба на владата на Петков appeared first on Република.

]]>

Се надеваме дека ќе ја собереме потребната поддршка за изгласување недоверба. Ова мачење мора да заврши, изјави денеска Даниел Митов од ГЕРБ пред почетокот на денешната седница на Народното собрание. Митов го коментираше и барањето за затворена седница на Народното собрание за Македонија. Тој рече дека е можно да се преговара за заобиколување на ветото, но поентата е дека не е во ред, рече Митов. Како поранешен министер за надворешни работи, рече дека на секој состанок на меѓународно ниво треба да присуствува претставник на МНР и од тоа да има белешки, кои треба да им бидат достапни на идните функционери.
Ако Кирил Петков не ги сподели таквите белешки со лидерите, тоа е кршење на принципот на континуитет во нашата надворешна политика, рече Митов.
БГНЕС вчера објави дека бугарскиот премиер Кирил Петков има намера целосно да го изолира Министерството за надворешни работи (МНР) во обидите да го укине ветото за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ и притоа цитираше дел од текстот во нацрт-предлогот, кој самиот Петков ќе го поднесе на првата можна седница на владата. Барањето за гласање недоверба на Владата на Петков вчера официјално ја најавија од ГЕРБ на прес-конференција.

The post Митов од ГЕРБ: Се надеваме дека ќе ја собереме потребната поддршка за изгласување недоверба на владата на Петков appeared first on Република.

]]>
ГЕРБ со иницијатива за гласање недоверба на владата на Кирил Петков https://republika.mk/vesti/balkan/gerb-so-inicijativa-za-glasanje-nedoverba-na-vladata-na-kiril-petkov/ Tue, 14 Jun 2022 18:31:21 +0000 https://republika.mk/?p=515198

Заменикот-претседател на ГЕРБ, Томислав Дончев на денешната прес-конференција соопшти дека неговата партија ќе иницира гласање за недоверба на владата на бугарскиот премиер Кирил Петков.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, гласањето во 47. Народно собрание на Бугарија против премиерот Кирил Петков, според Дончев, ќе биде поради неуспехот на финансиската политика.

„Ова поглавје од историјата на Бугарија ќе биде срамно, единствено што можеме да направиме е да го задржиме кратко“, додаде тој.

Според бугарскиот устав, за гласање недоверба се потребни потписи од најмалку една петтина од пратениците – 48. ГЕРБ чија пратеничка група има 59 места нема да има проблем да ги обезбеди, но за изгласување недоверба потребни се 121 глас од вкупно 240 пратеници, што значи дека партијата на Бојко Борисов ќе треба да обезбеди уште 62 гласа.

За тоа ќе бидат потребни гласовите на сите пратенички групи надвор од владејачката коалиција – 34 од Движењето за права и слободи, 20 од „Има таков народ“, 13 од „Преродба“, со што четирите опозициски групи ќе имаат вкупно 126 гласа во бугарскиот парламент.

The post ГЕРБ со иницијатива за гласање недоверба на владата на Кирил Петков appeared first on Република.

]]>

Заменикот-претседател на ГЕРБ, Томислав Дончев на денешната прес-конференција соопшти дека неговата партија ќе иницира гласање за недоверба на владата на бугарскиот премиер Кирил Петков. Како што јави дописникот на МИА од Софија, гласањето во 47. Народно собрание на Бугарија против премиерот Кирил Петков, според Дончев, ќе биде поради неуспехот на финансиската политика.
„Ова поглавје од историјата на Бугарија ќе биде срамно, единствено што можеме да направиме е да го задржиме кратко“, додаде тој.
Според бугарскиот устав, за гласање недоверба се потребни потписи од најмалку една петтина од пратениците – 48. ГЕРБ чија пратеничка група има 59 места нема да има проблем да ги обезбеди, но за изгласување недоверба потребни се 121 глас од вкупно 240 пратеници, што значи дека партијата на Бојко Борисов ќе треба да обезбеди уште 62 гласа. За тоа ќе бидат потребни гласовите на сите пратенички групи надвор од владејачката коалиција – 34 од Движењето за права и слободи, 20 од „Има таков народ“, 13 од „Преродба“, со што четирите опозициски групи ќе имаат вкупно 126 гласа во бугарскиот парламент.

The post ГЕРБ со иницијатива за гласање недоверба на владата на Кирил Петков appeared first on Република.

]]>
Бугарски пратеници, министери, високи полициски функционери изнајмувале жиголо, па не му платиле https://republika.mk/vesti/balkan/bugarski-pratenici-ministeri-visoki-policiski-funkcioneri-iznajmuvale-zigolo-pa-ne-mu-platile/ Wed, 01 Jun 2022 06:47:04 +0000 https://republika.mk/?p=509553

Бугарски пратеници, министери, високи функционери на полицијата ги користеле услугите на жиголото или како што сака да се нарекува машки ескорт Јордан Јорданов.

Меѓу нив е и градоначалникот на Свиштов Генчо Генчев од редовите на ГЕРБ.

Телевизиска екипа во придружба на ескортот Јорданов го начекува општинскиот советник Генчо Генчев, лекар, во болницата во којашто работи зада се соочи со жиголото на кого не му ја наплатил љубовта.

Пред две години имавме сексуални односи, беше платено, како за секој нормален клиент. Си завршив работа како што треба да се заврши ама тој не ми плати колку што бевме договорени. Имаше и втора и трета средба. Првиот пат беше договорената цена, дури третиот пат почнавме да не се разбираме финансиски, рече Јорданов.

Тој кажа и дека бил пријавен во полиција дека врши изнуда и уцена, но вели дека само си ги барал парите за услугата.

Се води дело за мене за рекетирање, да. Кога започнавме да имаме недоразбирање од финасиска гледна точка тој поднесе пријава дека сум го изнудувал и бев задржан 24 часа. Пред 6 годиини почнав со сексусални услуги, сакам повисок стандард на живот, вели Јорданов.

На неговата листа на услуги се вели многу пратеници, началници на МВР, министри, високи функционери, кои плаќале за секс со него, односно за неговата активна улога.

The post Бугарски пратеници, министери, високи полициски функционери изнајмувале жиголо, па не му платиле appeared first on Република.

]]>

Бугарски пратеници, министери, високи функционери на полицијата ги користеле услугите на жиголото или како што сака да се нарекува машки ескорт Јордан Јорданов. Меѓу нив е и градоначалникот на Свиштов Генчо Генчев од редовите на ГЕРБ. Телевизиска екипа во придружба на ескортот Јорданов го начекува општинскиот советник Генчо Генчев, лекар, во болницата во којашто работи зада се соочи со жиголото на кого не му ја наплатил љубовта.
Пред две години имавме сексуални односи, беше платено, како за секој нормален клиент. Си завршив работа како што треба да се заврши ама тој не ми плати колку што бевме договорени. Имаше и втора и трета средба. Првиот пат беше договорената цена, дури третиот пат почнавме да не се разбираме финансиски, рече Јорданов.
Тој кажа и дека бил пријавен во полиција дека врши изнуда и уцена, но вели дека само си ги барал парите за услугата.
Се води дело за мене за рекетирање, да. Кога започнавме да имаме недоразбирање од финасиска гледна точка тој поднесе пријава дека сум го изнудувал и бев задржан 24 часа. Пред 6 годиини почнав со сексусални услуги, сакам повисок стандард на живот, вели Јорданов.
На неговата листа на услуги се вели многу пратеници, началници на МВР, министри, високи функционери, кои плаќале за секс со него, односно за неговата активна улога.

The post Бугарски пратеници, министери, високи полициски функционери изнајмувале жиголо, па не му платиле appeared first on Република.

]]>
ГЕРБ на Борисов бара Петков јавно да каже дали го сменил ставот кон Македонија! https://republika.mk/vesti/balkan/gerb-na-borisov-bara-petkov-javno-da-kaze-dali-go-smenil-stavot-kon-makedonija/ Wed, 13 Apr 2022 08:58:51 +0000 https://republika.mk/?p=487744

Во Бугарија постои целосен консензус за прашањето за Македонија, но доколку некој одлучил да ја смени позицијата на државата, тоа нека го каже јавно, а не да го прави тоа зад грбот на граѓаните, изјави денеска заменик-координаторот на Пратеничката група партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Тома Биков.

Биков тврди дека иако го негира тоа, бугарскиот премиерот Кирил Петков „очигледно преземал обврски кон Македонија“, за што според него доказ е и изјавата на шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок дека Бугарија верува оти земјава треба веднаш да ги започне преговорите за членство во ЕУ.

– Ние немаме ништо против Република Македонија да ги започне преговорите за влез во Европската унија, но не гледаме дека Република Македонија прави чекор напред. Ништо не е сменето во однос на ситуацијата од пред шест месеци, освен што македонскиот премиер рече дека нема да ја присоедини Пиринска Македонија кон Република Македонија, додаде пратеникот на партијата ГЕРБ, чиј лидер е поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов.

Според Биков, бугарската позиција во однос на земјава е ослабната, поради разликите што постојат во владејачката коалиција во Софија по ова прашање.

Од друга страна, бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска изјави дека нема промена во ставот на Бугарија за европската интеграција на Македонија.

– Никој од тимот на МНР во разговори и средби со европските партнери и амбасадори на други земји членки на ЕУ или НАТО, не отстапи од оваа позиција и не беа преземени обврски поврзани со рокови, изјави синоќа Генчовска за Бугарската национална телевизија (БНТ).

The post ГЕРБ на Борисов бара Петков јавно да каже дали го сменил ставот кон Македонија! appeared first on Република.

]]>

Во Бугарија постои целосен консензус за прашањето за Македонија, но доколку некој одлучил да ја смени позицијата на државата, тоа нека го каже јавно, а не да го прави тоа зад грбот на граѓаните, изјави денеска заменик-координаторот на Пратеничката група партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Тома Биков. Биков тврди дека иако го негира тоа, бугарскиот премиерот Кирил Петков „очигледно преземал обврски кон Македонија“, за што според него доказ е и изјавата на шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок дека Бугарија верува оти земјава треба веднаш да ги започне преговорите за членство во ЕУ.
– Ние немаме ништо против Република Македонија да ги започне преговорите за влез во Европската унија, но не гледаме дека Република Македонија прави чекор напред. Ништо не е сменето во однос на ситуацијата од пред шест месеци, освен што македонскиот премиер рече дека нема да ја присоедини Пиринска Македонија кон Република Македонија, додаде пратеникот на партијата ГЕРБ, чиј лидер е поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов.
Според Биков, бугарската позиција во однос на земјава е ослабната, поради разликите што постојат во владејачката коалиција во Софија по ова прашање. Од друга страна, бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска изјави дека нема промена во ставот на Бугарија за европската интеграција на Македонија. – Никој од тимот на МНР во разговори и средби со европските партнери и амбасадори на други земји членки на ЕУ или НАТО, не отстапи од оваа позиција и не беа преземени обврски поврзани со рокови, изјави синоќа Генчовска за Бугарската национална телевизија (БНТ).

The post ГЕРБ на Борисов бара Петков јавно да каже дали го сменил ставот кон Македонија! appeared first on Република.

]]>
Протести против апсењето на Борисов утре пред бугарската Влада https://republika.mk/vesti/balkan/protesti-protiv-apsenjeto-na-borisov-utre-pred-bugarskata-vlada/ Thu, 17 Mar 2022 22:35:32 +0000 https://republika.mk/?p=474669

Поранешниот министер за здравство Костадин Ангелов, кој е пратеник на ГЕРБ во 47. Народно собрание на Бугарија, ги повика симпатизерите на неговата партија утре да учествуваат на протестот пред зградата на бугарската Влада.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, пред Генералниот директорат на Националната полиција на Бугарија се собраа поддржувачи на ГЕРБ и пратеници од пратеничката група на ГЕРБ-УДФ, меѓу кои и лидерот на УДФ Румен Христов.

Адвокатот на Бојко Борисов, Менко Менков, со својот клиент влезе во зградата на Генералната управа на полицијата во Софија.

Насобраниот народ скандирааше „Оставка“

https://republika.mk/vesti/balkan/advokatot-na-borisov-bojko-kje-bide-zadrzan-vo-policija-24-chasa/

The post Протести против апсењето на Борисов утре пред бугарската Влада appeared first on Република.

]]>

Поранешниот министер за здравство Костадин Ангелов, кој е пратеник на ГЕРБ во 47. Народно собрание на Бугарија, ги повика симпатизерите на неговата партија утре да учествуваат на протестот пред зградата на бугарската Влада. Како што јави дописникот на МИА од Софија, пред Генералниот директорат на Националната полиција на Бугарија се собраа поддржувачи на ГЕРБ и пратеници од пратеничката група на ГЕРБ-УДФ, меѓу кои и лидерот на УДФ Румен Христов. Адвокатот на Бојко Борисов, Менко Менков, со својот клиент влезе во зградата на Генералната управа на полицијата во Софија. Насобраниот народ скандирааше „Оставка“ https://republika.mk/vesti/balkan/advokatot-na-borisov-bojko-kje-bide-zadrzan-vo-policija-24-chasa/

The post Протести против апсењето на Борисов утре пред бугарската Влада appeared first on Република.

]]>
ГЕРБ: Ова е политичка репресија https://republika.mk/vesti/balkan/gerb-ova-e-politichka-represija/ Thu, 17 Mar 2022 20:03:23 +0000 https://republika.mk/?p=474565

Она што вечерва се случува во куќата на Бојко Борисов и другите високи личности од ГЕРБ има карактер на политичка репресија. Ова за бТВ го изјави заменик-претседателот на партијата Томислав Дончев, кој заедно со пратеници и членови на младинската организација се собра пред домот на лидерот, каде се врши претрес поради истрага на Европското обвинителство.

„Имам длабоки сомневања дека ова има некаква врска со Европското јавно обвинителство. Власта дејствува само преку манипулација. Тој ја користи посетата на г-ѓа Ковеши за да ја легитимира репресијата“, рече другиот заменик-претседател Даниел Митов.

Коалициониот партнер и пратеник на ГЕРБ-УДФ, Љубен Дилов – син го опиша она што се случува како „одличен начин да се оттргне вниманието од одлуките за виша сила, без разлика дали сме во НАТО или не, цените на струјата, горивото, нафтата итн.

The post ГЕРБ: Ова е политичка репресија appeared first on Република.

Добрососедски вибрации од ГЕРБ и ВМРО: Господ да ја чува Бугарија, татковината на Гоце Делчев и да ги вратите коските https://republika.mk/vesti/makedonija/dobrososedski-vibracii-od-gerb-i-vmro-gospod-da-ja-chuva-bugarija-tatkovinata-na-goce-delchev-i-da-gi-vratite-koskite/ Fri, 04 Feb 2022 12:47:32 +0000 https://republika.mk/?p=454179

Бугарските опозициски партии ГЕРБ и Има таков народ (ИТН) издадоа декларации за бугарските односи со Република Македонија.

Петар Николов од ГЕБ истакна дека Гоце Делчев со текот на годините станал столб на историското спознание на Македонците.

Претседателот Стево Пендоровски призна дека е неспорна историската вистина дека Делчев се означил како Бугарин, а потоа Пендаровски ги повлече своите зборови. Само народ кој го препознава, почитува и чува споменот на своите херои може да биде просперитетен, а општеството што ја препишува историјата не може да биде дел од семејството на заедничките европски вредности, рече Николов.

https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-goce-delchev-se-deklariral-za-bugarin-i-se-borel-za-samostojna-makedonska-drzava/

Бидејќи гробот на Гоце Делчев е во Скопје, тој мора да го посети секоја бугарска делегација. Единствениот необјаснив исклучок го направи актуелниот премиер Кирил Петков. Господе, чувај ја Бугарија – татковината на Гоце Делчев“, рече пратеникот од партијата на Борисов Петар Николов од собраниската говорница во Народното собрание на Бугарија.

Партијата на Каракачанов побара враќање на моштите на Гоце Делчев во Софија.

Бугарското ВМРО на Красимир Каракачанов преку соопштение побара моштите на Гоце да се вратат во Софија.

Ако службениците во Скопје не го почитуваат споменот на Гоце Делчев, нека му ги вратат коските во Домот на македонските Бугари во Софија! Бугарија го сака војводата и соодветно ќе го почитува!, велат од бугарското ВМРО.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vaka-se-prenesuvale-moshtite-na-goce-delchev-od-sofija-vo-skopje/

Денеска, е незаборавен датум за нашата историја – 4 февруари, се слават 150 години од раѓањето на легендарниот војвода Георги (Гоце) Николов Делчев. Гоце Делчев е идеолог и амблем на борбата за ослободување на родната бугарска земја – Македонија. Денес, пак, сведоци сме на арогантен и непочитувачки однос на политичарите во Скопје, каде што во 1946 година комунистичките власти во Бугарија ги предале коските на легендарниот стратег и идеолог на ТМОРО, подоцна преименувана во ВМРО. Но, на овој незаборавен датум, излегува дека ниту премиерот на Македонија Ковачевски, ниту министерот за надворешни работи Османи, ниту претседателот Пендаровски нема да ја почитуваат церемонијата на чествување на споменот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје заедно со бугарската делегација, реагираат од партијата ВМРО.

The post Добрососедски вибрации од ГЕРБ и ВМРО: Господ да ја чува Бугарија, татковината на Гоце Делчев и да ги вратите коските appeared first on Република.

]]>

Бугарските опозициски партии ГЕРБ и Има таков народ (ИТН) издадоа декларации за бугарските односи со Република Македонија. Петар Николов од ГЕБ истакна дека Гоце Делчев со текот на годините станал столб на историското спознание на Македонците. Претседателот Стево Пендоровски призна дека е неспорна историската вистина дека Делчев се означил како Бугарин, а потоа Пендаровски ги повлече своите зборови. Само народ кој го препознава, почитува и чува споменот на своите херои може да биде просперитетен, а општеството што ја препишува историјата не може да биде дел од семејството на заедничките европски вредности, рече Николов. https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-goce-delchev-se-deklariral-za-bugarin-i-se-borel-za-samostojna-makedonska-drzava/
Бидејќи гробот на Гоце Делчев е во Скопје, тој мора да го посети секоја бугарска делегација. Единствениот необјаснив исклучок го направи актуелниот премиер Кирил Петков. Господе, чувај ја Бугарија – татковината на Гоце Делчев“, рече пратеникот од партијата на Борисов Петар Николов од собраниската говорница во Народното собрание на Бугарија.
Партијата на Каракачанов побара враќање на моштите на Гоце Делчев во Софија. Бугарското ВМРО на Красимир Каракачанов преку соопштение побара моштите на Гоце да се вратат во Софија.