Донбас Archives - Република https://republika.mk/tema/donbas/ За подобро да се разбереме Mon, 02 Sep 2024 11:08:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Донбас Archives - Република https://republika.mk/tema/donbas/ 32 32 Kaко Русите ја зазедоа „капијата на Донбас“ https://republika.mk/vesti/svet/kako-rusite-ja-zazedoa-kapijata-na-donbas/ Mon, 02 Sep 2024 11:08:10 +0000 https://republika.mk/?p=812274

Руската армија објави дека го зазела селото Костјантинивка на истокот на Украина.Во снимката објавена на официјалниот YouTube канал на британскиот Дејли Телеграф, се гледаат руски војници како ставаат знаме на куќа во опустошено село.

Потоа следи видео на Министерството за одбрана на Русија, на кое се гледа како се одвивале борбите за тоа село кое се наоѓа на 47 километри југоисточно од стратешки важниот украински град Покровск.

Тој град се наоѓа на клучната рута што ја користи украинската армија за снабдување со борци на фронтот.

Руските медиуми Покровск го нарекуваат „Порта на Донбас“.

The post Kaко Русите ја зазедоа „капијата на Донбас“ appeared first on Република.

]]>

Руската армија објави дека го зазела селото Костјантинивка на истокот на Украина.Во снимката објавена на официјалниот YouTube канал на британскиот Дејли Телеграф, се гледаат руски војници како ставаат знаме на куќа во опустошено село. Потоа следи видео на Министерството за одбрана на Русија, на кое се гледа како се одвивале борбите за тоа село кое се наоѓа на 47 километри југоисточно од стратешки важниот украински град Покровск. Тој град се наоѓа на клучната рута што ја користи украинската армија за снабдување со борци на фронтот. Руските медиуми Покровск го нарекуваат „Порта на Донбас“.

The post Kaко Русите ја зазедоа „капијата на Донбас“ appeared first on Република.

]]>
Руската војска ja зазеде Богдановка и напредува кон стратешки важниот Часов Јар https://republika.mk/vesti/svet/ruskata-vojska-ja-zazede-bogdanovka-i-napreduva-kon-strateshki-vazhniot-chasov-jar/ Sun, 21 Apr 2024 12:21:31 +0000 https://republika.mk/?p=768846

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руската армија го ставила под контрола местото Богдановка, што се наоѓа меѓу Бахмут и Часов Јар во регионот Донбас.

Единиците на „Јужните“ сили целосно ја зазедоа Богдановка, во Народна Република Доњецк“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Богдановка се наоѓа на помалку од 10 километри од Часов Јар, стратешки важниот град кон кој напредува руската армија по преземањето на Бахмут во пролетта 2023 година.

https://republika.mk/vesti/svet/vojnata-vo-ukraina-ke-zavrshi-pobrzo-otkolku-shto-se-misli-rusite-veke-se-dvizhat-kon-dnepar/

The post Руската војска ja зазеде Богдановка и напредува кон стратешки важниот Часов Јар appeared first on Република.

]]>

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руската армија го ставила под контрола местото Богдановка, што се наоѓа меѓу Бахмут и Часов Јар во регионот Донбас.
Единиците на „Јужните“ сили целосно ја зазедоа Богдановка, во Народна Република Доњецк“, соопшти руското Министерство за одбрана.
Богдановка се наоѓа на помалку од 10 километри од Часов Јар, стратешки важниот град кон кој напредува руската армија по преземањето на Бахмут во пролетта 2023 година. https://republika.mk/vesti/svet/vojnata-vo-ukraina-ke-zavrshi-pobrzo-otkolku-shto-se-misli-rusite-veke-se-dvizhat-kon-dnepar/

The post Руската војска ja зазеде Богдановка и напредува кон стратешки важниот Часов Јар appeared first on Република.

]]>
Украински генералштаб: Руската офанзива во клучниот град во источна Украина го губи интензитетот https://republika.mk/vesti/svet/ukrainski-generalshtab-ruskata-ofanziva-vo-kluchniot-grad-vo-istochna-ukraina-go-gubi-intenzitetot/ Mon, 16 Oct 2023 15:55:20 +0000 https://republika.mk/?p=691769

Официјални украински претставници велат дека неколкудневните обиди на руските сили да се пробијат во стратешки важниот град во источна Украина, Авдеевка, го губат интензитетот.

Украинските сили одбија 15 руски напади врз Авдеевка од четири правци во изминатите 24 часа. Слабеењето на нападите сугерира дека руските обиди за повторно заземање на Авдеевка се забавуваат, соопшти украинскиот Генералштаб.

И во анализата на Институтот за проучување на војната со седиште во Вашингтон, се наведува дека руските сили ги продолжиле своите офанзивни операции насочени кон опкружување на Авдеевка, но дека сè уште не постигнале дополнителен напредок поради веројатно забавување на руските операции во областа.

Авдеевка е населено место во непосредна близина на Доњецк и е најсилно утврдената одбранбена зона на украинските сили на фронтот, од каде вршат секојдневно бомбардирање кон градот.

The post Украински генералштаб: Руската офанзива во клучниот град во источна Украина го губи интензитетот appeared first on Република.

]]>

Официјални украински претставници велат дека неколкудневните обиди на руските сили да се пробијат во стратешки важниот град во источна Украина, Авдеевка, го губат интензитетот.
Украинските сили одбија 15 руски напади врз Авдеевка од четири правци во изминатите 24 часа. Слабеењето на нападите сугерира дека руските обиди за повторно заземање на Авдеевка се забавуваат, соопшти украинскиот Генералштаб.
И во анализата на Институтот за проучување на војната со седиште во Вашингтон, се наведува дека руските сили ги продолжиле своите офанзивни операции насочени кон опкружување на Авдеевка, но дека сè уште не постигнале дополнителен напредок поради веројатно забавување на руските операции во областа. Авдеевка е населено место во непосредна близина на Доњецк и е најсилно утврдената одбранбена зона на украинските сили на фронтот, од каде вршат секојдневно бомбардирање кон градот.

The post Украински генералштаб: Руската офанзива во клучниот град во источна Украина го губи интензитетот appeared first on Република.

]]>
Отец Николај во импровизирана црквичка држи служба за руските војници на првата линија на фронтот https://republika.mk/vesti/svet/otets-nikolaj-vo-improvizirana-tsrkvichka-drzhi-sluzhba-za-ruskite-vojnitsi-na-prvata-linija-na-frontot/ Sun, 07 May 2023 20:06:45 +0000 https://republika.mk/?p=638125

Николај Смиркин е бригаден свештеник и заменик-командант на Единицата за ветерани за работа со верни воени лица на руската армија, кој држи служба во импровизиран верски храм. Показател дека малата барака, направена од иверица, е теренски верски храм е само крстот закачен на вратата, инаку ништо друго не укажува на тоа дека таму се одржуваа богослужба, пишуваат руските медиуми во фото-приказната за свештеник во војната, за отец Николај од Самара, кој е невооружен, но се наоѓа на линијата на фронтот, заедно со војниците во Донбас.

Храмот бил изграден непосредно пред Велигден. Сè во него било собрано малку по малку. Свеќници, икони, книги - се што е потребно за извршување на верските ритуали на терен е тука. Свештеникот вели дека војниците го спасиле Евангелието под Артјомовск (Бахмут на руски). Сега Светото Писмо е во храмот.

Свештеникот им помага на војниците во рововите и во позадинскиот дел да се справат со нивните проблеми поврзани не само со борбените, туку и со менталните болки, семејните проблеми дома и другите тешкотии со кои се соочуваат борците.

The post Отец Николај во импровизирана црквичка држи служба за руските војници на првата линија на фронтот appeared first on Република.

]]>

Николај Смиркин е бригаден свештеник и заменик-командант на Единицата за ветерани за работа со верни воени лица на руската армија, кој држи служба во импровизиран верски храм. Показател дека малата барака, направена од иверица, е теренски верски храм е само крстот закачен на вратата, инаку ништо друго не укажува на тоа дека таму се одржуваа богослужба, пишуваат руските медиуми во фото-приказната за свештеник во војната, за отец Николај од Самара, кој е невооружен, но се наоѓа на линијата на фронтот, заедно со војниците во Донбас. Храмот бил изграден непосредно пред Велигден. Сè во него било собрано малку по малку. Свеќници, икони, книги - се што е потребно за извршување на верските ритуали на терен е тука. Свештеникот вели дека војниците го спасиле Евангелието под Артјомовск (Бахмут на руски). Сега Светото Писмо е во храмот. Свештеникот им помага на војниците во рововите и во позадинскиот дел да се справат со нивните проблеми поврзани не само со борбените, туку и со менталните болки, семејните проблеми дома и другите тешкотии со кои се соочуваат борците.  

The post Отец Николај во импровизирана црквичка држи служба за руските војници на првата линија на фронтот appeared first on Република.

]]>
Зеленски: Донбас е една од најтешките битки – болна и тешка https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-donbas-e-edna-od-najteshkite-bitki-bolna-i-teshka/ Mon, 06 Mar 2023 07:16:31 +0000 https://republika.mk/?p=616226

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата армија е ангажирана во „болна и тешка“ битка против руските сили во регионот Донбас, на истокот на земјата, каде што се наоѓа градот Бахмут.

Би сакал да оддадам посебна почит на храброста, силата и издржливоста на војниците кои се борат во Донбас, рече Зеленски во своето секојдневно обраќање и додаде дека тоа е „една од најтешките битки – болна и тешка“.

И покрај неговата стратешка важност, која експертите ја оспоруваат, Бахмут стана симбол на борбата за контрола на индустрискиот регион Донбас, кој се состои од регионите Луганск и Доњецк. Русија го анектираше без да преземе целосна контрола врз областа.

Зеленски им се заблагодари и на украинските војници „кои ги одбиле нападите, го уништиле противникот, ги ослабнале позициите и логистиката на непријателот и ги заштитиле украинските граници и градови“.

Им благодарам на целата армија, стража, граничари кои ја бранат нашата земја околу Бахмут, Вугледар, Авдиевка, Сиверск, Сватов, Лиман и Запорожје, додаде претседателот на Украина.

The post Зеленски: Донбас е една од најтешките битки – болна и тешка appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата армија е ангажирана во „болна и тешка“ битка против руските сили во регионот Донбас, на истокот на земјата, каде што се наоѓа градот Бахмут.
Би сакал да оддадам посебна почит на храброста, силата и издржливоста на војниците кои се борат во Донбас, рече Зеленски во своето секојдневно обраќање и додаде дека тоа е „една од најтешките битки – болна и тешка“.
И покрај неговата стратешка важност, која експертите ја оспоруваат, Бахмут стана симбол на борбата за контрола на индустрискиот регион Донбас, кој се состои од регионите Луганск и Доњецк. Русија го анектираше без да преземе целосна контрола врз областа. Зеленски им се заблагодари и на украинските војници „кои ги одбиле нападите, го уништиле противникот, ги ослабнале позициите и логистиката на непријателот и ги заштитиле украинските граници и градови“.
Им благодарам на целата армија, стража, граничари кои ја бранат нашата земја околу Бахмут, Вугледар, Авдиевка, Сиверск, Сватов, Лиман и Запорожје, додаде претседателот на Украина.

The post Зеленски: Донбас е една од најтешките битки – болна и тешка appeared first on Република.

]]>
Жестоки битки во Донбас: Украинските сили претрпеа големи загуби во изминатите 24 часа https://republika.mk/vesti/svet/zestoki-bitki-vo-donbas-ukrainskite-sili-pretrpea-golemi-zagubi-vo-izminatite-24-chasa/ Wed, 23 Nov 2022 09:29:23 +0000 https://republika.mk/?p=577241

Специјалната операција на руската армија во Украина влезе во својот 273-ти ден.

Украинските сили го гранатираа Доњецк со гранати од калибар на НАТО.

Министерството за одбрана на Русија за првпат демонстрираше употреба на беспилотни летала „Москит“ во Украина. Залихите на оружје во западните земји, вклучително и САД, достигнаа критично ниско ниво поради испораките за Киев.

Во изминатите 24 часа, за време на активните офанзивни операции на Народната милиција на ЛНР, украинските сили претрпеа големи загуби во персонал и воена опрема – соопшти портпаролот на Народната милиција, капетанот Иван Филипоненко.

Според него, убиени се до 55 припадници на украинските сили, а уништени се два тенкови, три оклопни транспортери, четири беспилотни летала и 17 специјални возила.

Нема објаснување или оправдување за претресите во Киевската Печерска Лавра. Тоа е нова форма на неморал на режимот во Киев – изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

Таа истакна дека тоа „толку добро се вклопува во логиката на постапките на режимот во Киев што се чини дека сликата не би била целосна без овој дел“.

Ова е уште еден елемент, кој сосема природно припаѓа на апсолутно аморалните, варварски постапки на режимот во Киев – додаде Захарова.

The post Жестоки битки во Донбас: Украинските сили претрпеа големи загуби во изминатите 24 часа appeared first on Република.

]]>

Специјалната операција на руската армија во Украина влезе во својот 273-ти ден. Украинските сили го гранатираа Доњецк со гранати од калибар на НАТО. Министерството за одбрана на Русија за првпат демонстрираше употреба на беспилотни летала „Москит“ во Украина. Залихите на оружје во западните земји, вклучително и САД, достигнаа критично ниско ниво поради испораките за Киев. Во изминатите 24 часа, за време на активните офанзивни операции на Народната милиција на ЛНР, украинските сили претрпеа големи загуби во персонал и воена опрема – соопшти портпаролот на Народната милиција, капетанот Иван Филипоненко. Според него, убиени се до 55 припадници на украинските сили, а уништени се два тенкови, три оклопни транспортери, четири беспилотни летала и 17 специјални возила. Нема објаснување или оправдување за претресите во Киевската Печерска Лавра. Тоа е нова форма на неморал на режимот во Киев – изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова. Таа истакна дека тоа „толку добро се вклопува во логиката на постапките на режимот во Киев што се чини дека сликата не би била целосна без овој дел“. Ова е уште еден елемент, кој сосема природно припаѓа на апсолутно аморалните, варварски постапки на режимот во Киев – додаде Захарова.

The post Жестоки битки во Донбас: Украинските сили претрпеа големи загуби во изминатите 24 часа appeared first on Република.

]]>
Жестоки битки во Донбас https://republika.mk/vesti/svet/zestoki-bitki-vo-donbas/ Fri, 18 Nov 2022 12:14:27 +0000 https://republika.mk/?p=575404

Украинските и руските војници водат жестоки битки во Донбас, во источниот дел на Украина, соопшти денеска украинскиот Генералштаб.

Оттаму информираат за артилериски и тенковски оган врз повеќе населени места, меѓу кои и селата Водјане, Краснохоривка и Марјинка близу градот Авдиивка.

Тврдењата на Киев не можеа да се проверат независно, но, се совпаднаа со извештаи од руски воени блогери, пренесе германската новинска агенција ДПА.

Позицијата на линијата на фронтот, сепак, останува непроменета.

Силно гранатирање имаше и околу градот Бахмут, како и во областа Купјанск на линијата на фронтот, каде што се наоѓа важен железнички јазол.

The post Жестоки битки во Донбас appeared first on Република.

]]>

Украинските и руските војници водат жестоки битки во Донбас, во источниот дел на Украина, соопшти денеска украинскиот Генералштаб. Оттаму информираат за артилериски и тенковски оган врз повеќе населени места, меѓу кои и селата Водјане, Краснохоривка и Марјинка близу градот Авдиивка. Тврдењата на Киев не можеа да се проверат независно, но, се совпаднаа со извештаи од руски воени блогери, пренесе германската новинска агенција ДПА. Позицијата на линијата на фронтот, сепак, останува непроменета. Силно гранатирање имаше и околу градот Бахмут, како и во областа Купјанск на линијата на фронтот, каде што се наоѓа важен железнички јазол.

The post Жестоки битки во Донбас appeared first on Република.

]]>
Властите во Донбас задоволни од резултатите од референдумот, најголема излезност во Доњецк https://republika.mk/vesti/svet/vlastite-vo-donbas-zadovolni-od-rezultatite-od-referendumot-najgolema-izleznost-vo-donjeck/ Sat, 24 Sep 2022 10:29:17 +0000 https://republika.mk/?p=553692

На референдумот во Доњецката област излезноста вчера беше 23,6 отсто, јавува руската државна новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на локален функционер.

Повеќе од 20,5 отсто од граѓаните со право на глас во регионот Запорожје и 15 отсто од оние во регионот Керсон гласаа во петокот, објави руската новинска агенција Интерфакс, цитирајќи претставници на локалните избори.

„Според нас, ова е доволно за првиот ден од гласањето“ – рече Марина Захарова, шеф на руската изборна комисија во Керсон.

Украинскиот гувернер на Луганск, Серхи Гајдаи изјави дека во градот Старобилск жителите се под полициски час и се принудени да ги напуштат своите домови за да гласаат на референдумот.

Во градот Биловодск, директорот на компанијата им рекол на вработените дека гласањето е задолжително и дека секој што ќе одбие да учествува ќе биде отпуштен и нивните имиња ќе бидат предадени на безбедносните служби, рече тој.

Во провинциите Луганск, Доњецк, Керсон и Запорожје од 23 до 27 септември се одржуваат референдуми со цел тие делови на Украина да се припојат кон Русија. Речиси целосно ги контролира Луганск и Керсон, а само делумно Запорожје и Доњецк.

The post Властите во Донбас задоволни од резултатите од референдумот, најголема излезност во Доњецк appeared first on Република.

]]>

На референдумот во Доњецката област излезноста вчера беше 23,6 отсто, јавува руската државна новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на локален функционер. Повеќе од 20,5 отсто од граѓаните со право на глас во регионот Запорожје и 15 отсто од оние во регионот Керсон гласаа во петокот, објави руската новинска агенција Интерфакс, цитирајќи претставници на локалните избори. „Според нас, ова е доволно за првиот ден од гласањето“ – рече Марина Захарова, шеф на руската изборна комисија во Керсон. Украинскиот гувернер на Луганск, Серхи Гајдаи изјави дека во градот Старобилск жителите се под полициски час и се принудени да ги напуштат своите домови за да гласаат на референдумот. Во градот Биловодск, директорот на компанијата им рекол на вработените дека гласањето е задолжително и дека секој што ќе одбие да учествува ќе биде отпуштен и нивните имиња ќе бидат предадени на безбедносните служби, рече тој. Во провинциите Луганск, Доњецк, Керсон и Запорожје од 23 до 27 септември се одржуваат референдуми со цел тие делови на Украина да се припојат кон Русија. Речиси целосно ги контролира Луганск и Керсон, а само делумно Запорожје и Доњецк.

The post Властите во Донбас задоволни од резултатите од референдумот, најголема излезност во Доњецк appeared first on Република.

]]>
Путин издаде нова наредба по заземањето на Луганск https://republika.mk/vesti/svet/putin-izdade-nova-naredba-po-zazemanjeto-na-lugansk/ Mon, 04 Jul 2022 13:24:01 +0000 https://republika.mk/?p=523633

Претседателот на Русија, Владимир Путин, и наредил на армијата да ја продолжи офанзивата на истокот на Украина откако целосно го зазеде регионот Луганск.

Руските сили мора да ги продолжат своите мисии според веќе одобрените планови. Се надевам дека во нивните сектори сè ќе се развие како што беше во Луганск - изјави Путин за време на телевизискиот разговор со министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Изјавата доаѓа еден ден откако украинската армија се повлече од стратешки важниот град Лисичанск, давајќи им на Русите и проруските сепаратисти целосна контрола над регионот Луганск.

Луганск и соседниот регион Доњецк го сочинуваат регионот Донбас.

The post Путин издаде нова наредба по заземањето на Луганск appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Русија, Владимир Путин, и наредил на армијата да ја продолжи офанзивата на истокот на Украина откако целосно го зазеде регионот Луганск.
Руските сили мора да ги продолжат своите мисии според веќе одобрените планови. Се надевам дека во нивните сектори сè ќе се развие како што беше во Луганск - изјави Путин за време на телевизискиот разговор со министерот за одбрана Сергеј Шојгу.
Изјавата доаѓа еден ден откако украинската армија се повлече од стратешки важниот град Лисичанск, давајќи им на Русите и проруските сепаратисти целосна контрола над регионот Луганск. Луганск и соседниот регион Доњецк го сочинуваат регионот Донбас.

The post Путин издаде нова наредба по заземањето на Луганск appeared first on Република.

]]>
Британско разузнавање: Руските сили имаат напредок и го зголемуваат притисокот околу Лисичанск https://republika.mk/vesti/svet/britansko-razuznavanje-ruskite-sili-imaat-napredok-i-go-zgolemuvaat-pritisokot-okolu-lisichansk/ Thu, 23 Jun 2022 07:40:10 +0000 https://republika.mk/?p=518723

Во најновиот извештај на британското министерство за одбрана за состојбата на фронтот во Украина, се наведува дека руските сили, напредувајќи кон јужните приоди кон Донбас и градот Лисичанск, вршат зголемен притисок врз украинските војници во регионот, вклучително и градот Северодонецк.

Од 19 јуни, руските сили најверојатно напредувале повеќе од пет километри кон јужните приод кон Донбас, градот Лисичанск. Некои украински единици се повлекле, веројатно за да избегнат опколување.

Подобрените перформанси на Русија во овој сектор веројатно се резултат на неодамнешното засилување на единиците и поинтензивните огнени операции - се вели во извештајот на британското воено разузнавање.

https://twitter.com/DefenceHQ/status/1539836706530156544?cxt=HHwWgICzjfDUzN4qAAAA

The post Британско разузнавање: Руските сили имаат напредок и го зголемуваат притисокот околу Лисичанск appeared first on Република.

]]>

Во најновиот извештај на британското министерство за одбрана за состојбата на фронтот во Украина, се наведува дека руските сили, напредувајќи кон јужните приоди кон Донбас и градот Лисичанск, вршат зголемен притисок врз украинските војници во регионот, вклучително и градот Северодонецк.
Од 19 јуни, руските сили најверојатно напредувале повеќе од пет километри кон јужните приод кон Донбас, градот Лисичанск. Некои украински единици се повлекле, веројатно за да избегнат опколување.   Подобрените перформанси на Русија во овој сектор веројатно се резултат на неодамнешното засилување на единиците и поинтензивните огнени операции - се вели во извештајот на британското воено разузнавање.
https://twitter.com/DefenceHQ/status/1539836706530156544?cxt=HHwWgICzjfDUzN4qAAAA

The post Британско разузнавање: Руските сили имаат напредок и го зголемуваат притисокот околу Лисичанск appeared first on Република.

]]>
Во борбите во Донбас дневно гинат од 200 до 500 украински војници https://republika.mk/vesti/svet/vo-borbite-vo-donbas-dnevno-ginat-od-200-do-500-ukrainski-vojnici/ Thu, 16 Jun 2022 09:10:52 +0000 https://republika.mk/?p=515861

Во борбите во Донбас секој ден гинат или се повредени до илјада украински војници, а во просек гинат од 200 до 500 војници, изјави шефот на украинската делегација за преговори со Руската Федерација Давид Арахамија, цитиран од УНИАН.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски претходно изјави дека секој ден гинат 60 до 100 украински, а подоцна рече дека таа бројка се движи од 100 до 200. Според Арахамија, тој број значително се зголемил во последните две недели.

Украинскиот дипломат додаде дека во украинската армија служат околу милион луѓе, а постои можност да се регрутираат уште два милиони. Арахамија вели дека вооружените сили на Украина имаат сила да ја продолжат битката, особено во Донбас.

Според него, во моментов она што им недостига се оружје и муниција.

Имаме луѓе обучени за напад, за контранапад, но за тоа ни треба оружје - рече Арахамија.

Тој додаде дека и покрај замрзнувањето на официјалните разговори со Руската Федерација, телефонскиот дијалог продолжува: тие комуницираат со Русите еднаш или двапати неделно.

Според прогнозата на Арахамија, Руската Федерација целосно ќе го почувствува влијанието на западните санкции за три или четири години.

The post Во борбите во Донбас дневно гинат од 200 до 500 украински војници appeared first on Република.

]]>

Во борбите во Донбас секој ден гинат или се повредени до илјада украински војници, а во просек гинат од 200 до 500 војници, изјави шефот на украинската делегација за преговори со Руската Федерација Давид Арахамија, цитиран од УНИАН. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски претходно изјави дека секој ден гинат 60 до 100 украински, а подоцна рече дека таа бројка се движи од 100 до 200. Според Арахамија, тој број значително се зголемил во последните две недели. Украинскиот дипломат додаде дека во украинската армија служат околу милион луѓе, а постои можност да се регрутираат уште два милиони. Арахамија вели дека вооружените сили на Украина имаат сила да ја продолжат битката, особено во Донбас. Според него, во моментов она што им недостига се оружје и муниција.
Имаме луѓе обучени за напад, за контранапад, но за тоа ни треба оружје - рече Арахамија.
Тој додаде дека и покрај замрзнувањето на официјалните разговори со Руската Федерација, телефонскиот дијалог продолжува: тие комуницираат со Русите еднаш или двапати неделно. Според прогнозата на Арахамија, Руската Федерација целосно ќе го почувствува влијанието на западните санкции за три или четири години.

The post Во борбите во Донбас дневно гинат од 200 до 500 украински војници appeared first on Република.

]]>
Кадиров: Чеченските борци го освоија селото кое ќе овозможи опколување на украинските сили во Севернодонецк и Лисичанск https://republika.mk/vesti/svet/kadirov-chechenskite-borci-go-osvoija-seloto-koe-kje-ovozmozi-opkoluvanje-na-ukrainskite-sili-vo-severnodoneck-i-lisichansk/ Wed, 15 Jun 2022 08:54:38 +0000 https://republika.mk/?p=515388

Лидерот на нЧеченија, Рамзан Кадиров, чии сили сктивно учествуваат во борбите во Севернодонец во Донбас, објави дека е завршена последната фаза од операцијата за заземање на местото Камишеваха, село што се наоѓа на 25 километри јужно од Лисичанск, во Луганската Народна Република (ЛНР).

Завршена е последната фаза од ослободувањето на Камишеваха. Нејзините жители може да се одморат бидејќи сега се ослободени од украинската окупација - изјави Кадиров, нагласувајќи дека селото го заземале борците на специјалните чеченски сили.

Истовремено од милицијата на ЛНР соопшти дека по заземањето на ова село, станало можно опколување на украинските војници во областа Лисичанск и Северодонецк, пренесува ТАС С.

The post Кадиров: Чеченските борци го освоија селото кое ќе овозможи опколување на украинските сили во Севернодонецк и Лисичанск appeared first on Република.

Двајца Британци и еден Мароканец кои се бореле за Украина се соочуваат со смртна казна во Доњецк https://republika.mk/vesti/svet/dvajca-britanci-i-eden-marokanec-koi-se-borele-za-ukraina-se-soochuvaat-so-smrtna-kazna-vo-donjeck/ Thu, 09 Jun 2022 10:17:44 +0000 https://republika.mk/?p=513067

Двајца Британци и еден Мароканец, кои се бореле за Украина и биле заробени од проруските сили во Донбас, се соочуваат со смртна казна. Веста ја пренесува руската новинска агенција РИА, која објави видео снимка од судењето во окружниот суд во Доњецк.

РИА го цитира обвинителството дека сите тројца може да се соочат со смртна казна. Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека затворениците биле користени за политички цели.

На видеото се гледа како тројцата мажи зад решетки се испрашувани од преведувач дали биле информирани за обвиненијата и дали имаат некакви приговори за почетокот на судењето. На тоа, обвинетите дале согласност за почеток на испрашувањето.

На украинската страна се борат и голем број странски борци, кои самиот украински претседател Володимир Зеленски ги повика на помош. На таквиот повик и нивното доаѓање во Украина, стигна одговор од Москва дека тие ќе бидат сметани за платеници и затоа за нив нема да важат меѓународните конвенции за постапување со воените заробеници.

Таквата најава на Русија значи дека доколку бидат заробени, во „најдобар случај“ за нив, ќе треба да се соочат со долга затворска казна. Сепак, проруските сили од Донбас, неколкупати јавно се закануваа дека заробените странци во редовите на украинската армија може да бидат погубени.

The post Двајца Британци и еден Мароканец кои се бореле за Украина се соочуваат со смртна казна во Доњецк appeared first on Република.

]]>

Двајца Британци и еден Мароканец, кои се бореле за Украина и биле заробени од проруските сили во Донбас, се соочуваат со смртна казна. Веста ја пренесува руската новинска агенција РИА, која објави видео снимка од судењето во окружниот суд во Доњецк. РИА го цитира обвинителството дека сите тројца може да се соочат со смртна казна. Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека затворениците биле користени за политички цели. На видеото се гледа како тројцата мажи зад решетки се испрашувани од преведувач дали биле информирани за обвиненијата и дали имаат некакви приговори за почетокот на судењето. На тоа, обвинетите дале согласност за почеток на испрашувањето. На украинската страна се борат и голем број странски борци, кои самиот украински претседател Володимир Зеленски ги повика на помош. На таквиот повик и нивното доаѓање во Украина, стигна одговор од Москва дека тие ќе бидат сметани за платеници и затоа за нив нема да важат меѓународните конвенции за постапување со воените заробеници. Таквата најава на Русија значи дека доколку бидат заробени, во „најдобар случај“ за нив, ќе треба да се соочат со долга затворска казна. Сепак, проруските сили од Донбас, неколкупати јавно се закануваа дека заробените странци во редовите на украинската армија може да бидат погубени.

The post Двајца Британци и еден Мароканец кои се бореле за Украина се соочуваат со смртна казна во Доњецк appeared first on Република.

]]>
Германски разузнавачи: Украинскиот отпор во Донбас може да биде скршен во следните четири до пет недели https://republika.mk/vesti/svet/germanski-razuznavachi-ukrainskiot-otpor-vo-donbas-moze-da-bide-skrshen-vo-slednite-chetiri-do-pet-nedeli/ Thu, 09 Jun 2022 09:11:42 +0000 https://republika.mk/?p=513004

Во следните неколку недели руските сили веројатно ќе го скршат отпорот на вооружените сили на Украина во Донбас. Ваква анализа објавува објавува германското издание на „Дер Шпигел“, повикувајќи се на податоци на германските разузнавачки служби.

Според аналитичарите на германската агенција за надворешно разузнавање, локалните успеси на единиците на руската војска и борците на Доњецката и Луганската Република ќе одиграат одлучувачка улога во поразот на Вооружените сили на Украина во Донбас.

Отпорот на Украина може дури и да биде целосно скршен во следните четири до пет недели. Во серија тајни брифинзи во последните денови, аналитичарите на БНД забележуваат дека Русите се во состојба секојдневно да освојуваат мали територии - се вели во публикацијата.

Германското разузнавање предвидува дека Русите целосно ќе ја исчистат територијата на Донбас од украинските сили до август.

Германската федерална разузнавачка служба смета дека е можно до август, руските сили да ја преземат контролата врз целиот Донбас - се вели во текстот на „Дер Шпигел“.

The post Германски разузнавачи: Украинскиот отпор во Донбас може да биде скршен во следните четири до пет недели appeared first on Република.

]]>

Во следните неколку недели руските сили веројатно ќе го скршат отпорот на вооружените сили на Украина во Донбас. Ваква анализа објавува објавува германското издание на „Дер Шпигел“, повикувајќи се на податоци на германските разузнавачки служби. Според аналитичарите на германската агенција за надворешно разузнавање, локалните успеси на единиците на руската војска и борците на Доњецката и Луганската Република ќе одиграат одлучувачка улога во поразот на Вооружените сили на Украина во Донбас.
Отпорот на Украина може дури и да биде целосно скршен во следните четири до пет недели. Во серија тајни брифинзи во последните денови, аналитичарите на БНД забележуваат дека Русите се во состојба секојдневно да освојуваат мали територии - се вели во публикацијата.
Германското разузнавање предвидува дека Русите целосно ќе ја исчистат територијата на Донбас од украинските сили до август.
Германската федерална разузнавачка служба смета дека е можно до август, руските сили да ја преземат контролата врз целиот Донбас - се вели во текстот на „Дер Шпигел“.

The post Германски разузнавачи: Украинскиот отпор во Донбас може да биде скршен во следните четири до пет недели appeared first on Република.

]]>
Драматична снимка од соборување на руски хеликоптер во Донбас: Украинците тврдат дека досега уништиле 175 https://republika.mk/vesti/svet/dramatichna-snimka-od-soboruvanje-na-ruski-helikopter-vo-donbas-ukraincite-tvrdat-deka-dosega-unishtile-175/ Tue, 07 Jun 2022 08:19:55 +0000 https://republika.mk/?p=512027

На социјалните мрежи кружи видео од соборување на рускиот воен хеликоптер во Донбас.

Британски „Сан“ пишува дека хеликоптерот бил погоден од проектил истрелан од припадници на украинските противвоздушни сили, по што, пред да биде соборен се претворил во огнена топка.

https://www.youtube.com/watch?v=K23LyuBj158&feature=emb_title

Генералштабот на вооружените сили на Украина во неделата соопшти дека од почетокот на руската воена операција на 24 февруари, украинските сили собориле 175 хеликоптери на руската армија, како и 210 борбени авиони.

The post Драматична снимка од соборување на руски хеликоптер во Донбас: Украинците тврдат дека досега уништиле 175 appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи кружи видео од соборување на рускиот воен хеликоптер во Донбас. Британски „Сан“ пишува дека хеликоптерот бил погоден од проектил истрелан од припадници на украинските противвоздушни сили, по што, пред да биде соборен се претворил во огнена топка. https://www.youtube.com/watch?v=K23LyuBj158&feature=emb_title Генералштабот на вооружените сили на Украина во неделата соопшти дека од почетокот на руската воена операција на 24 февруари, украинските сили собориле 175 хеликоптери на руската армија, како и 210 борбени авиони.

The post Драматична снимка од соборување на руски хеликоптер во Донбас: Украинците тврдат дека досега уништиле 175 appeared first on Република.

]]>
Кадиров со порака до Зеленски: Спаси си ги своите војници, подигнете ги рацете и кажете: Не пукајте, се предаваме https://republika.mk/vesti/svet/kadirov-so-poraka-do-zelenski-spasi-si-si-gi-vojnicite-podignete-gi-racete-i-kazete-ne-pukajte-se-predavame/ Sun, 05 Jun 2022 13:16:20 +0000 https://republika.mk/?p=511410

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, објави видео во кое се исмејува на украинските изјави дека наводно руската армија се повлекува во Северодонецк.

Кадиров, кој неодамна се врати од Москва каде лично се сретна со Путин и со претставници на руската влада, преку својот канал на Телеграм ги пренесе впечатоците од Москва, каде се зборувало за продолжување на војната и учество на чеченските единици кои се борат во регионот на Донбас и Луганск, како и околу Харков.

Во многу блиска иднина, како што реков претходно, руските сили ќе користат нови тактики и ќе постигнат поефикасни и побрзи резултати во спроведување на специјална операција на дневна основа. како потврда на тоа што го зборувам ќе објавам видеа од уништувањето на бандровците, шејтаните и украинската воена опрема. За разлика од хунтата на Бандера, која дава само усни изјави и објавува неутрални снимки од заднина, и што успева добро да го направи, јас не само што ќе зборувам, туку ќе ги покажам и докажам фактите - вели Кадиров во својата видео порака.

На крајот на своето обраќање, Кадиров испраќа директна порака за украинскит претседател, Володимир Зеленски.

Го предупредувам Зеленски за последен пат! Кренете ги рацете, излезете на бојното поле и кажете: „Не пукајте, ние се предаваме!“ - заврши Кадиров.

The post Кадиров со порака до Зеленски: Спаси си ги своите војници, подигнете ги рацете и кажете: Не пукајте, се предаваме appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, објави видео во кое се исмејува на украинските изјави дека наводно руската армија се повлекува во Северодонецк. Кадиров, кој неодамна се врати од Москва каде лично се сретна со Путин и со претставници на руската влада, преку својот канал на Телеграм ги пренесе впечатоците од Москва, каде се зборувало за продолжување на војната и учество на чеченските единици кои се борат во регионот на Донбас и Луганск, како и околу Харков.
Во многу блиска иднина, како што реков претходно, руските сили ќе користат нови тактики и ќе постигнат поефикасни и побрзи резултати во спроведување на специјална операција на дневна основа. како потврда на тоа што го зборувам ќе објавам видеа од уништувањето на бандровците, шејтаните и украинската воена опрема. За разлика од хунтата на Бандера, која дава само усни изјави и објавува неутрални снимки од заднина, и што успева добро да го направи, јас не само што ќе зборувам, туку ќе ги покажам и докажам фактите - вели Кадиров во својата видео порака.
На крајот на своето обраќање, Кадиров испраќа директна порака за украинскит претседател, Володимир Зеленски.
Го предупредувам Зеленски за последен пат! Кренете ги рацете, излезете на бојното поле и кажете: „Не пукајте, ние се предаваме!“ - заврши Кадиров.

The post Кадиров со порака до Зеленски: Спаси си ги своите војници, подигнете ги рацете и кажете: Не пукајте, се предаваме appeared first on Република.

]]>
Чеченските специјалци ја пејат „Катјуша“ во Донбас: Видео кое ги запали социјалните мрежи https://republika.mk/vesti/svet/chechenskite-specijalci-ja-pejat-katjusha-vo-donbas-video-koe-gi-zapali-socijalnite-mrezi/ Sun, 05 Jun 2022 12:32:09 +0000 https://republika.mk/?p=511392

На социјалните мрежи се појави видео од чеченските специјалци, снимени како ја пеат песната „Катјуша“ во Донбас, а видеото набрзо стана вирално.

Борците на чеченскиот специјален одред „Ахмат“ заедно со руски војници се борат во Донбас, а на видеото се гледа како група чеченски борци ја пеат популарната руска песна, по што извикуваат „Ахмат Сила“ и „Алаху Акбар“.

https://www.youtube.com/watch?v=jrSF0hra6nQ&feature=emb_title

Песната „Катјуша“ ја напиша Михаил Исаковски и стана еден од симболите на борбата за слобода и советскиот отпор против нацистите во Втората светска војна.

The post Чеченските специјалци ја пејат „Катјуша“ во Донбас: Видео кое ги запали социјалните мрежи appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи се појави видео од чеченските специјалци, снимени како ја пеат песната „Катјуша“ во Донбас, а видеото набрзо стана вирално. Борците на чеченскиот специјален одред „Ахмат“ заедно со руски војници се борат во Донбас, а на видеото се гледа како група чеченски борци ја пеат популарната руска песна, по што извикуваат „Ахмат Сила“ и „Алаху Акбар“. https://www.youtube.com/watch?v=jrSF0hra6nQ&feature=emb_title Песната „Катјуша“ ја напиша Михаил Исаковски и стана еден од симболите на борбата за слобода и советскиот отпор против нацистите во Втората светска војна.

The post Чеченските специјалци ја пејат „Катјуша“ во Донбас: Видео кое ги запали социјалните мрежи appeared first on Република.

]]>
Британски извори: Русија постигна тактички успех во Донбас, целосна контрола над Луганск ќе има за најмногу две недели https://republika.mk/vesti/svet/oficijalni-britanski-izvori-rusija-postigna-taktichki-uspeh-vo-donbas-celosna-kontrola-nad-lugansk-kje-ima-za-najmnogu-dve-nedeli/ Fri, 03 Jun 2022 19:21:43 +0000 https://republika.mk/?p=510819

Министерството за одбрана на Велика Британија соопшти дека Русија контролира 90 отсто од регионот Луганск.

Русија сега постигнува тактички успех во Донбас и контролира повеќе од 90 отсто од Луганск, а најверојатно ќе ја преземе целосната контрола во следните две недели. Откако руските сили не ги постигнаа првичните цели за заземање на Киев и украинските владини центри, Русија го прилагоди својот оперативен дизајн за да се фокусира на Донбас - се наведува во соопштението на британското Министерство.

Во соопштението се додава дека Русија ги постигнала овие неодамнешни тактички успеси со значителни трошоци за ресурси и концентрирање на сила и оган на еден дел од целокупната кампања.

The post Британски извори: Русија постигна тактички успех во Донбас, целосна контрола над Луганск ќе има за најмногу две недели appeared first on Република.

Институтот за војна објави мапа на воените случувања во Донбас https://republika.mk/vesti/svet/institutot-za-vojna-objavi-mapa-na-voenite-sluchuvanja-vo-donbas/ Thu, 02 Jun 2022 12:10:10 +0000 https://republika.mk/?p=510170

Институтот за проучување на војната објави нова анализа и мапа на конфликтот во Украина, во која ги споделува информациите од терен за борбите во регионот на Донбас.

Според овој извештај, руските сили се обидуваат да напредуваат кон Лисичанск од југ и запад, со цел да избегнат борби преку реката Северски Донецк кај Северодонецк.

Институтот додава дека руските сили досега имале „ограничен успех“.

https://twitter.com/TheStudyofWar/status/1532144425068945408?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1532144425068945408%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.alo.rs%2Fukrajina%2Fvesti%2F636320%2Fukrajina-rusija-rat-sukob%2Fvest

Од Институтот додаваат дека од 20 мај, руските сили напредуваат северно и западно од Попасна, иако не се наведува динамиката на руското напредување.

The post Институтот за војна објави мапа на воените случувања во Донбас appeared first on Република.

]]>

Институтот за проучување на војната објави нова анализа и мапа на конфликтот во Украина, во која ги споделува информациите од терен за борбите во регионот на Донбас. Според овој извештај, руските сили се обидуваат да напредуваат кон Лисичанск од југ и запад, со цел да избегнат борби преку реката Северски Донецк кај Северодонецк. Институтот додава дека руските сили досега имале „ограничен успех“. https://twitter.com/TheStudyofWar/status/1532144425068945408?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1532144425068945408%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.alo.rs%2Fukrajina%2Fvesti%2F636320%2Fukrajina-rusija-rat-sukob%2Fvest Од Институтот додаваат дека од 20 мај, руските сили напредуваат северно и западно од Попасна, иако не се наведува динамиката на руското напредување.

The post Институтот за војна објави мапа на воените случувања во Донбас appeared first on Република.

]]>
Борците на Кадиров патролираат по улиците на Севернодонецк: Клучниот град во Луганск е целосно во руски раце https://republika.mk/vesti/svet/borcite-na-kadirov-patroliraat-po-ulicite-na-severnodoneck-kluchniot-grad-vo-lugansk-e-celosno-vo-ruski-race/ Wed, 01 Jun 2022 08:15:23 +0000 https://republika.mk/?p=509594

Претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров, објави дека во градот Северодонецк е завршено чистењето на украинските војници. Тој информира дека неговите борци преминале во следната фаза - темелна проверка на поединечни градски згради.

Кадиров додава дека „непријателот во градот е поразен и бега во неред“ и дека руските вооружени сили ја контролираат ситуацијата.

На овие снимки го гледаме Северодонецк, кој, според украинските медиуми, наводно е под контрола на Вооружените сили на Украина. Драгиот брат Ахмед Саидарханов одеше со борците по централната авенија на градот и неговата околина во потрага по барем еден претставник на украинската армија. За жал, потрагата беше неуспешна“.

Дури и на периферијата на Северодонецк владее мир и тишина. Луѓето постепено излегуваат на улица, животот се враќа во мир. А нацистите, бандерашите и ѓаволите исчезнаа. Безбедноста и мирот се обезбедени. Месното население, уморно од постојаното угнетување на националистите, ги пречекува своите ослободители со раширени раце - напиша Кадиров на Телеграм, објавувајќи видео од чеченските борци во градот.

Претходно, официјалниот претставник на Народната милиција на Луганската Народна Република, Иван Филипоненко, изјави дека полициските сили, со поддршка на руските војници, ја пробиле линијата на одбраната на Вооружените сили на Украина во Северодонецк и зазеле упоришта во градот.

Според него, украинските безбедносни сили се кријат во станбени објекти и пукаат кон областите од кои веќе се повлекле.

Информацијата дека Русите контролираат поголем дел од Северодоњецк ја потврди и украинскиот гувернер на Луганската област, Сергеј Гајдаи.

Градот Северодонецк е еден од најважните стратеши точки во Донбас и беше привремен административен центар на регионот Луганск во Украина.

На почетокот на руската воена операција во Украина, градот не беше главна цел на армијата на Руската Федерација, па затоа овој добро утврден дел од фронтот беше главно мирен. Кога ескалираа конфликтите во Донбас, во мај 2022 година, Русите почнаа да ги освојуваат градовите еден по друг, а еден од најважните е Северодонецк.

The post Борците на Кадиров патролираат по улиците на Севернодонецк: Клучниот град во Луганск е целосно во руски раце appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров, објави дека во градот Северодонецк е завршено чистењето на украинските војници. Тој информира дека неговите борци преминале во следната фаза - темелна проверка на поединечни градски згради. Кадиров додава дека „непријателот во градот е поразен и бега во неред“ и дека руските вооружени сили ја контролираат ситуацијата.
На овие снимки го гледаме Северодонецк, кој, според украинските медиуми, наводно е под контрола на Вооружените сили на Украина. Драгиот брат Ахмед Саидарханов одеше со борците по централната авенија на градот и неговата околина во потрага по барем еден претставник на украинската армија. За жал, потрагата беше неуспешна“.   Дури и на периферијата на Северодонецк владее мир и тишина. Луѓето постепено излегуваат на улица, животот се враќа во мир. А нацистите, бандерашите и ѓаволите исчезнаа. Безбедноста и мирот се обезбедени. Месното население, уморно од постојаното угнетување на националистите, ги пречекува своите ослободители со раширени раце - напиша Кадиров на Телеграм, објавувајќи видео од чеченските борци во градот.
Претходно, официјалниот претставник на Народната милиција на Луганската Народна Република, Иван Филипоненко, изјави дека полициските сили, со поддршка на руските војници, ја пробиле линијата на одбраната на Вооружените сили на Украина во Северодонецк и зазеле упоришта во градот. Според него, украинските безбедносни сили се кријат во станбени објекти и пукаат кон областите од кои веќе се повлекле. Информацијата дека Русите контролираат поголем дел од Северодоњецк ја потврди и украинскиот гувернер на Луганската област, Сергеј Гајдаи. Градот Северодонецк е еден од најважните стратеши точки во Донбас и беше привремен административен центар на регионот Луганск во Украина. На почетокот на руската воена операција во Украина, градот не беше главна цел на армијата на Руската Федерација, па затоа овој добро утврден дел од фронтот беше главно мирен. Кога ескалираа конфликтите во Донбас, во мај 2022 година, Русите почнаа да ги освојуваат градовите еден по друг, а еден од најважните е Северодонецк.

The post Борците на Кадиров патролираат по улиците на Севернодонецк: Клучниот град во Луганск е целосно во руски раце appeared first on Република.

]]>