На социјалните мрежи кружи видео од соборување на рускиот воен хеликоптер во Донбас.

Британски „Сан“ пишува дека хеликоптерот бил погоден од проектил истрелан од припадници на украинските противвоздушни сили, по што, пред да биде соборен се претворил во огнена топка.

Генералштабот на вооружените сили на Украина во неделата соопшти дека од почетокот на руската воена операција на 24 февруари, украинските сили собориле 175 хеликоптери на руската армија, како и 210 борбени авиони.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.