дипломати Archives - Република https://republika.mk/tema/diplomati/ За подобро да се разбереме Thu, 18 Jul 2024 20:11:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дипломати Archives - Република https://republika.mk/tema/diplomati/ 32 32 Муцунски: Ќе го истражиме работењето на дипломатите во изминатиот период и ќе воспоставиме мрежа на стручни дипломати кои се грижат за интересите на државата https://republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-ke-go-istrazhime-raboteneto-na-diplomatite-vo-izminatiot-period-i-ke-vospostavime-mrezha-na-struchni-diplomati-koi-se-grizhat-za-interesite-na-drzhavata/ Thu, 18 Jul 2024 19:32:28 +0000 https://republika.mk/?p=798211

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија вечерва гостуваше во емисијата „Само Интервју“ каде говореше за актуелни теми кои се од клучно значење, вклучувајќи ја работата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, дипломатијата, меѓународната политика и евроинтеграциите.

Министерот Муцунски во интервјуто уште еднаш потенцираше дека господинот Љубомир Фрчкоски, кој ја претставува државата во Обединетите Нации, е повикан на консултации во Министерството и истакна дека целиот процес ќе трае најмалку уште еден месец.

„Навистина бев загрижен во делот на финансиско – материјално и дипломатско работење на тоа Дипломатско конзуларно претставништво. Не може да се случува да има сериозни индиции за недостаток на финансиски средства и исто не може ниту еден претставник на државата да не ги почитува правилата за располагање со државните средства“, нагласи Муцунски.

Toj потенцираше дека фактите поврзани со овој случај биле застрашувачки, притоа отфрлајќи каква било идеолошка причина за повикувањето на амбасадорот Фрчкоски.

„Недостатокот на илјадници евра е ноторен факт, а доколку не преземам какви било мерки и јас ќе бидам подложен на одговорност“, додаде министерот Муцунски на оваа тема.

Говорејќи за амбасадорот во Италија, тој потенцираше дека во тој случај има индиции за несоодветно дипломатско постапување.

Муцунски информираше и дека од страна на министер во една земја добил информации за несоодветно постапување на уште еден амбасадор и додаде дека тие информации дополнително ќе бидат испитани и истражени.

„Тоа што било запоставено во изминатите години ќе биде поправено во следниот и сите недостатоци во функционирањето на дипломатската мрежа ќе бидат надминати со поставување на квалитетни лица кои го сакаат најдобро за својата држава“, додаде Муцунски.

Во интервјуто тој информираше и за повикувањето на македонскиот амбасадор во Албанија, за кој рече дека објективниот впечаток е дека „вината е во Скопје“ и поради тоа тој ќе биде вратен во Тирана да го доврши својот мандат, потенцирајќи дека грешката е во ненавременото постапување од страна на претходното раководство на МНР кое не преземало мерки за надминување на проблемите.

The post Муцунски: Ќе го истражиме работењето на дипломатите во изминатиот период и ќе воспоставиме мрежа на стручни дипломати кои се грижат за интересите на државата appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија вечерва гостуваше во емисијата „Само Интервју“ каде говореше за актуелни теми кои се од клучно значење, вклучувајќи ја работата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, дипломатијата, меѓународната политика и евроинтеграциите.

Министерот Муцунски во интервјуто уште еднаш потенцираше дека господинот Љубомир Фрчкоски, кој ја претставува државата во Обединетите Нации, е повикан на консултации во Министерството и истакна дека целиот процес ќе трае најмалку уште еден месец.

„Навистина бев загрижен во делот на финансиско – материјално и дипломатско работење на тоа Дипломатско конзуларно претставништво. Не може да се случува да има сериозни индиции за недостаток на финансиски средства и исто не може ниту еден претставник на државата да не ги почитува правилата за располагање со државните средства“, нагласи Муцунски.

Toj потенцираше дека фактите поврзани со овој случај биле застрашувачки, притоа отфрлајќи каква било идеолошка причина за повикувањето на амбасадорот Фрчкоски.

„Недостатокот на илјадници евра е ноторен факт, а доколку не преземам какви било мерки и јас ќе бидам подложен на одговорност“, додаде министерот Муцунски на оваа тема.

Говорејќи за амбасадорот во Италија, тој потенцираше дека во тој случај има индиции за несоодветно дипломатско постапување.

Муцунски информираше и дека од страна на министер во една земја добил информации за несоодветно постапување на уште еден амбасадор и додаде дека тие информации дополнително ќе бидат испитани и истражени.

„Тоа што било запоставено во изминатите години ќе биде поправено во следниот и сите недостатоци во функционирањето на дипломатската мрежа ќе бидат надминати со поставување на квалитетни лица кои го сакаат најдобро за својата држава“, додаде Муцунски.

Во интервјуто тој информираше и за повикувањето на македонскиот амбасадор во Албанија, за кој рече дека објективниот впечаток е дека „вината е во Скопје“ и поради тоа тој ќе биде вратен во Тирана да го доврши својот мандат, потенцирајќи дека грешката е во ненавременото постапување од страна на претходното раководство на МНР кое не преземало мерки за надминување на проблемите.

The post Муцунски: Ќе го истражиме работењето на дипломатите во изминатиот период и ќе воспоставиме мрежа на стручни дипломати кои се грижат за интересите на државата appeared first on Република.

]]>
Нема Османи во заминување да мести дипломати: МНР ги поништи огласите https://republika.mk/vesti/makedonija/nema-osmani-vo-zaminuvane-da-mesti-diplomati-mnr-gi-ponishti-oglasite/ Mon, 15 Jul 2024 10:40:51 +0000 https://republika.mk/?p=796981

Министерството за надворешни работи на 3 јуни распиша огласи за кои не е почитувана процедурата и истите се објавени, по завршувањето на изборите, односно пред формирање на новата влада. Изворите брифираат дека истите било планирано да се пополнат, исклучиво со кадри на ДУИ, пишува МКД.мк

Одлуката за поништување е донесена од страна на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Османи неколку дена пред крај на министерската кариера распиша конкурс за дипломати во Мисијата на Македонија во ОН во Њујорк, во амбасадите во Москва, Тел Авив, Токио, Рим, Киев, во генералниот конзулат во Њу Џерси. За пониски дипломатски звања се бараат заинтересирани за во амбасадите во Лондон, Берлин, Астана, Бразилија, Осло, Варшава и во генералните конзулати во Истанбул и Минхен.

На 24 јуни беше избрана новата македонска влада, а на 28 јуни е извршено примопредавање на функцијата министер за надворешни работи меѓу новоименуваниот министер Тимчо Муцунски и дотогашниот министер Бујар Османи.

The post Нема Османи во заминување да мести дипломати: МНР ги поништи огласите appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи на 3 јуни распиша огласи за кои не е почитувана процедурата и истите се објавени, по завршувањето на изборите, односно пред формирање на новата влада. Изворите брифираат дека истите било планирано да се пополнат, исклучиво со кадри на ДУИ, пишува МКД.мк Одлуката за поништување е донесена од страна на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Османи неколку дена пред крај на министерската кариера распиша конкурс за дипломати во Мисијата на Македонија во ОН во Њујорк, во амбасадите во Москва, Тел Авив, Токио, Рим, Киев, во генералниот конзулат во Њу Џерси. За пониски дипломатски звања се бараат заинтересирани за во амбасадите во Лондон, Берлин, Астана, Бразилија, Осло, Варшава и во генералните конзулати во Истанбул и Минхен. На 24 јуни беше избрана новата македонска влада, а на 28 јуни е извршено примопредавање на функцијата министер за надворешни работи меѓу новоименуваниот министер Тимчо Муцунски и дотогашниот министер Бујар Османи.

The post Нема Османи во заминување да мести дипломати: МНР ги поништи огласите appeared first on Република.

]]>
Спорни се огласите за упатување дипломати во странство- реагира Македонскиот дипломатски синдикат https://republika.mk/vesti/makedonija/sporni-se-oglasite-za-upatuvane-diplomati-vo-stranstvo-reagira-makedonskiot-diplomatski-sindikat/ Wed, 05 Jun 2024 13:01:22 +0000 https://republika.mk/?p=785002

Македонскиот Дипломатски Синдикат, најостро реагира и го осудува чинот на распишување на огласи за упатување во странство на повеќе од петнаесет дипломати во постизборен период, односно на само десетина дена пред стапување на должност на нов Министер за надворешни работи.

Доколку се земе во предвид дека постапката за упатување на дипломати во странство трае од еден до три месеци, со цел подготовка на избраните дипломати за предметната мисија, станува целосно нејасно која е целта на еден ваков чекор во овој транзиционен период. Синдикатот смета дека постапката е ниту политички коректна но пред се не е коректно кон колегите кои евентуално би биле избрани на еден ваков оглас со што би се довеле во незавидна положба.

Потсетуваме дека ваков обид за масовно упатување на дипломати беше направен и во предизборниот период кога само острата реакција на МДС придонесе огласот да се суспендира и со тоа се спречи флагрантно кршење на Изборниот закон.

Со оглед на фактот дека крајната одлука за најсоодветни кадровски решенија во дипломатско конзуларните претставништва ги носи Министерот за надворешни работи, МДС смета дека овој оглас е политичка манипулација на Министерот во заминување со цел да се остават отворени проблеми на новото раководство. Со оглед на горенаведеното, МДС целосно ќе се изземе од учество во процедурите за избор на овие спорни огласи, велат од ИО на Македонски Дипломатски Синдикат.

The post Спорни се огласите за упатување дипломати во странство- реагира Македонскиот дипломатски синдикат appeared first on Република.

]]>

Македонскиот Дипломатски Синдикат, најостро реагира и го осудува чинот на распишување на огласи за упатување во странство на повеќе од петнаесет дипломати во постизборен период, односно на само десетина дена пред стапување на должност на нов Министер за надворешни работи. Доколку се земе во предвид дека постапката за упатување на дипломати во странство трае од еден до три месеци, со цел подготовка на избраните дипломати за предметната мисија, станува целосно нејасно која е целта на еден ваков чекор во овој транзиционен период. Синдикатот смета дека постапката е ниту политички коректна но пред се не е коректно кон колегите кои евентуално би биле избрани на еден ваков оглас со што би се довеле во незавидна положба. Потсетуваме дека ваков обид за масовно упатување на дипломати беше направен и во предизборниот период кога само острата реакција на МДС придонесе огласот да се суспендира и со тоа се спречи флагрантно кршење на Изборниот закон. Со оглед на фактот дека крајната одлука за најсоодветни кадровски решенија во дипломатско конзуларните претставништва ги носи Министерот за надворешни работи, МДС смета дека овој оглас е политичка манипулација на Министерот во заминување со цел да се остават отворени проблеми на новото раководство. Со оглед на горенаведеното, МДС целосно ќе се изземе од учество во процедурите за избор на овие спорни огласи, велат од ИО на Македонски Дипломатски Синдикат.

The post Спорни се огласите за упатување дипломати во странство- реагира Македонскиот дипломатски синдикат appeared first on Република.

]]>
Македонските дипломати во Кина ќе помагаат на компаниите во нивните извозни активности https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonskite-diplomati-vo-kina-ke-pomagaat-na-kompaniite-vo-nivnite-izvozni-aktivnosti/ Sat, 28 Oct 2023 08:44:38 +0000 https://republika.mk/?p=695747

Бизнис делегацијата од нашата држава, при посетата на Кина одржа средба во македонската амбасада во Пекинг со амбасадорот Василе Андоноски за запознавање на актуелните состојби и потенцијали за соработка меѓу двете земји, соопшти Сојузот на стопански комори.

Амбасадорот Андоноски, како што се наведува, истакнал дека Македонија и Кина имаат пријателски односи и соработката помеќу двете земји трае долги години.

Во рамките на средбата се дискутирале глобалните, регионалните и локалните финансиски и економски текови, со посебен осврт на случувањата на македонскиот извоз и увоз на прехрамбени производи и виното како еден од приоритетните производи за кои има потенцијал и интерес за извоз од нашата држава.

Андоноски, во неговата изјава по завршувањето на средбата изразил задоволство од средбата со бизнис делегацијата од нашите претставници и членови на Сојузот на стопански комори и истакна дека ја дава својата поддршка за понатамошна соработка на бизнисите меѓу двете земји, стои во соопштението на ССКМ.

The post Македонските дипломати во Кина ќе помагаат на компаниите во нивните извозни активности appeared first on Република.

]]>

Бизнис делегацијата од нашата држава, при посетата на Кина одржа средба во македонската амбасада во Пекинг со амбасадорот Василе Андоноски за запознавање на актуелните состојби и потенцијали за соработка меѓу двете земји, соопшти Сојузот на стопански комори. Амбасадорот Андоноски, како што се наведува, истакнал дека Македонија и Кина имаат пријателски односи и соработката помеќу двете земји трае долги години. Во рамките на средбата се дискутирале глобалните, регионалните и локалните финансиски и економски текови, со посебен осврт на случувањата на македонскиот извоз и увоз на прехрамбени производи и виното како еден од приоритетните производи за кои има потенцијал и интерес за извоз од нашата држава. Андоноски, во неговата изјава по завршувањето на средбата изразил задоволство од средбата со бизнис делегацијата од нашите претставници и членови на Сојузот на стопански комори и истакна дека ја дава својата поддршка за понатамошна соработка на бизнисите меѓу двете земји, стои во соопштението на ССКМ.

The post Македонските дипломати во Кина ќе помагаат на компаниите во нивните извозни активности appeared first on Република.

]]>
Полски дипломати во Африка, Азија и Блискиот Исток земале мито за да издаваат шенген визи https://republika.mk/vesti/svet/polski-diplomati-vo-afrika-azija-i-bliskiot-istok-zemale-mito-za-da-izdavaat-shengen-vizi-2/ Mon, 18 Sep 2023 13:08:23 +0000 https://republika.mk/?p=682927

Вработени во полските дипломатски претставништва во Африка, Азија и Блискиот Исток се обвинети за примање мито во замена за издавање визи за Шенген зоната, јавија денеска германските медиуми.

-Ова е најголемиот скандал во Полска во 21 век, изјави лидерот на опозицијата и кандидат на либерално-конзервативната Граѓанска платформа (ПО) на претстојните избори, Доналд Туск, коментирајќи го покренувањето истрага против седум членови на полската дипломатска служба и апсење на три лица обвинети за мито и корупција, а во врска со издавањето визи за Шенген зоната.

Туск и некои опозициски медиуми како „Газета Виборча“( Gazeta Wyborcza) зборуваат за издавање на над 250.000 работни визи за Полска, а со тоа и за Шенген зоната, кои беа издадени во последните 30 месеци во полските дипломатски претставништва во Африка и Азија.

На крајот на август, заменик-министерот за надворешни работи задолжен за конзуларните претставништва, Пјотр Ваврзик, беше разрешен без објаснување, а неговиот оддел беше претресен од полската антикорупциска канцеларија CBA.

Според печатот, апликантите во Индија плаќале до 40.000 евра за издавање визи за Шенген зоната. Според истите извори, многу луѓе преминале во Германија со полски визи.

Туск ја обвини владејачката партија ПиС за „лицемерие“ затоа што, од една страна, го блокира компромисот на ЕУ за политиката за азил, а од друга страна, нејзините дипломати издаваат незаконски визи за мито.

Неколку недели пред изборите во Полска, владејачката ПиС ги отфрла обвинувањата на опозицијата и дел од печатот.

-Тука немаме скандал. Тоа е глупава и криминална идеја на неколку луѓе кои немаат никаква врска со владата, изјави претседателот на владејачката ПиС, Јарослав Качински.

The post Полски дипломати во Африка, Азија и Блискиот Исток земале мито за да издаваат шенген визи appeared first on Република.

]]>

Вработени во полските дипломатски претставништва во Африка, Азија и Блискиот Исток се обвинети за примање мито во замена за издавање визи за Шенген зоната, јавија денеска германските медиуми. -Ова е најголемиот скандал во Полска во 21 век, изјави лидерот на опозицијата и кандидат на либерално-конзервативната Граѓанска платформа (ПО) на претстојните избори, Доналд Туск, коментирајќи го покренувањето истрага против седум членови на полската дипломатска служба и апсење на три лица обвинети за мито и корупција, а во врска со издавањето визи за Шенген зоната. Туск и некои опозициски медиуми како „Газета Виборча“( Gazeta Wyborcza) зборуваат за издавање на над 250.000 работни визи за Полска, а со тоа и за Шенген зоната, кои беа издадени во последните 30 месеци во полските дипломатски претставништва во Африка и Азија. На крајот на август, заменик-министерот за надворешни работи задолжен за конзуларните претставништва, Пјотр Ваврзик, беше разрешен без објаснување, а неговиот оддел беше претресен од полската антикорупциска канцеларија CBA. Според печатот, апликантите во Индија плаќале до 40.000 евра за издавање визи за Шенген зоната. Според истите извори, многу луѓе преминале во Германија со полски визи. Туск ја обвини владејачката партија ПиС за „лицемерие“ затоа што, од една страна, го блокира компромисот на ЕУ за политиката за азил, а од друга страна, нејзините дипломати издаваат незаконски визи за мито. Неколку недели пред изборите во Полска, владејачката ПиС ги отфрла обвинувањата на опозицијата и дел од печатот. -Тука немаме скандал. Тоа е глупава и криминална идеја на неколку луѓе кои немаат никаква врска со владата, изјави претседателот на владејачката ПиС, Јарослав Качински.

The post Полски дипломати во Африка, Азија и Блискиот Исток земале мито за да издаваат шенген визи appeared first on Република.

]]>
45 руски дипломати се протерани од амбасадата во Молдавија: револтираните граѓани одржуваат протести за поддршка на Русија https://republika.mk/vesti/svet/45-ruski-diplomati-se-proterani-od-ambasadata-vo-moldavija-revoltiranite-gragani-odrzhuvaat-protesti-za-poddrshka-na-rusija/ Mon, 14 Aug 2023 13:28:35 +0000 https://republika.mk/?p=672036

Министерството за надворешни работи на Молдавија соопшти дека одлуката за протерување на руските дипломати е донесена по тековните тензии и непријателски дејствија, и персоналот на амбасадата и дипломатите ќе мора да ја напуштат до 15 август.

Неколку дипломати од руската амбасада во Република Молдавија денес ја напуштија земјата со чартер авион, откако беа протерани. Летот требаше да полета во 9:00 часот со приближно 100 луѓе во авионот.

Демонстрации за поддршка на протераните дипломати се одржаа пред руската амбасада.

Молдавија кон крајот на јули објави дека протерува 45 руски дипломати и други вработени во амбасадата, откако извештаите покажаа дека е инсталирана нова опрема за надзор на покривот на руската амбасада и соседната зграда што ја користи Русија.

Рускиот амбасадор во Кишињев, Олег Васњецов, откако беше повикан, изјави дека одлуката е предвидлива и дека не се презентирани докази за обвинувањата.

Москва и руското Министерство за надворешни работи соопшти дека ваквата одлука нема да остане неодговорена.

The post 45 руски дипломати се протерани од амбасадата во Молдавија: револтираните граѓани одржуваат протести за поддршка на Русија appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи на Молдавија соопшти дека одлуката за протерување на руските дипломати е донесена по тековните тензии и непријателски дејствија, и персоналот на амбасадата и дипломатите ќе мора да ја напуштат до 15 август. Неколку дипломати од руската амбасада во Република Молдавија денес ја напуштија земјата со чартер авион, откако беа протерани. Летот требаше да полета во 9:00 часот со приближно 100 луѓе во авионот. Демонстрации за поддршка на протераните дипломати се одржаа пред руската амбасада. Молдавија кон крајот на јули објави дека протерува 45 руски дипломати и други вработени во амбасадата, откако извештаите покажаа дека е инсталирана нова опрема за надзор на покривот на руската амбасада и соседната зграда што ја користи Русија. Рускиот амбасадор во Кишињев, Олег Васњецов, откако беше повикан, изјави дека одлуката е предвидлива и дека не се презентирани докази за обвинувањата. Москва и руското Министерство за надворешни работи соопшти дека ваквата одлука нема да остане неодговорена.

The post 45 руски дипломати се протерани од амбасадата во Молдавија: револтираните граѓани одржуваат протести за поддршка на Русија appeared first on Република.

]]>
Финска ќе протера девет руски дипломати заради шпионажа https://republika.mk/vesti/svet/finska-ke-protera-devet-ruski-diplomati-zaradi-shpionazha/ Wed, 07 Jun 2023 07:36:29 +0000 https://republika.mk/?p=648663

Финските власти денеска соопштија дека ќе протераат девет руски дипломати од Хелсинки поради нивните „разузнавачки активности“.

Финска ќе протера девет лица од руската амбасада, кои работеле во разузнавачката служба, се наведува во соопштението по средбата меѓу претседателот Саули Нииниста и министерскиот Комитет за надворешна и безбедносна политика.

Во соопштението се додава дека одлуката за протерување е донесена врз основа на проценка на финската безбедносна разузнавачка служба.

Односите меѓу двата соседа се влошија по почетокот на руската инвазија на Украина.

The post Финска ќе протера девет руски дипломати заради шпионажа appeared first on Република.

]]>

Финските власти денеска соопштија дека ќе протераат девет руски дипломати од Хелсинки поради нивните „разузнавачки активности“. Финска ќе протера девет лица од руската амбасада, кои работеле во разузнавачката служба, се наведува во соопштението по средбата меѓу претседателот Саули Нииниста и министерскиот Комитет за надворешна и безбедносна политика. Во соопштението се додава дека одлуката за протерување е донесена врз основа на проценка на финската безбедносна разузнавачка служба. Односите меѓу двата соседа се влошија по почетокот на руската инвазија на Украина.

The post Финска ќе протера девет руски дипломати заради шпионажа appeared first on Република.

]]>
Норвешка протера 15 вработени во Руската амбасада во Осло https://republika.mk/vesti/svet/norveshka-protera-15-vraboteni-vo-ruskata-ambasada-vo-oslo/ Thu, 13 Apr 2023 11:37:50 +0000 https://republika.mk/?p=630548

Норвешкото Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ќе протера 15 вработени во Руската амбасада, под сомнение дека не се дипломати туку разузнавачи.

Во соопштението на норвешкото Министерство за надворешни работи се посочува дека владината одлука за протерување на руските службеници е „одговор на променетата безбедносна ситуација во Европа, што доведе до зголемена разузнавачка закана од Русија“.

- Ова е важен чекор во спротивставувањето и намалувањето на нивото на активности на руската разузнавачка служба во Норвешка, како и во заштитата на нашите национални интереси, изјави шефицата на норвешката дипломатија Аникен Хуитфелд.

Амбасадата на Руската Федерација во Осло сè уште не го коментирала протерувањето.

Норвешка е членка на НАТО и граничи со Русија на Арктикот.

 

The post Норвешка протера 15 вработени во Руската амбасада во Осло appeared first on Република.

]]>

Норвешкото Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ќе протера 15 вработени во Руската амбасада, под сомнение дека не се дипломати туку разузнавачи. Во соопштението на норвешкото Министерство за надворешни работи се посочува дека владината одлука за протерување на руските службеници е „одговор на променетата безбедносна ситуација во Европа, што доведе до зголемена разузнавачка закана од Русија“. - Ова е важен чекор во спротивставувањето и намалувањето на нивото на активности на руската разузнавачка служба во Норвешка, како и во заштитата на нашите национални интереси, изјави шефицата на норвешката дипломатија Аникен Хуитфелд. Амбасадата на Руската Федерација во Осло сè уште не го коментирала протерувањето. Норвешка е членка на НАТО и граничи со Русија на Арктикот.  

The post Норвешка протера 15 вработени во Руската амбасада во Осло appeared first on Република.

]]>
Русија протерува 14 бугарски дипломати https://republika.mk/vesti/svet/rusija-proteruva-14-bugarski-diplomati-2/ Fri, 05 Aug 2022 11:12:44 +0000 https://republika.mk/?p=537101

Руското Министерство за надворешни работи денеска на бугарскиот амбасадор во Москва Атанас Крастин му врачи нота со која се прогласуваат „персона нон грата“ 14 вработени во амбасадата и во конзуларните преставништва на Бугарија во Русија.

Во соопштението објавено од руското МНР стои дека Москва смета оти протерувањето руски дипломати од Бугарија „нанесува значителна штета на традиционалните врски“ меѓу двете земји и укажува на „натамошна деградација на колективниот Запад, подготвен да ги жртвува интересите на своите партнери, само за да и наштети на Русија“.

Истовремено во документот се посочува дека „непријателските потези на Софија кон Москва немаат ништо заедничко со националните интереси на Бугарија и нејзиниот народ“.

The post Русија протерува 14 бугарски дипломати appeared first on Република.

]]>

Руското Министерство за надворешни работи денеска на бугарскиот амбасадор во Москва Атанас Крастин му врачи нота со која се прогласуваат „персона нон грата“ 14 вработени во амбасадата и во конзуларните преставништва на Бугарија во Русија. Во соопштението објавено од руското МНР стои дека Москва смета оти протерувањето руски дипломати од Бугарија „нанесува значителна штета на традиционалните врски“ меѓу двете земји и укажува на „натамошна деградација на колективниот Запад, подготвен да ги жртвува интересите на своите партнери, само за да и наштети на Русија“. Истовремено во документот се посочува дека „непријателските потези на Софија кон Москва немаат ништо заедничко со националните интереси на Бугарија и нејзиниот народ“.

The post Русија протерува 14 бугарски дипломати appeared first on Република.

]]>
САД најавија враќање на своите дипломати во Украина, Блинкен и Остин ветија воена помош https://republika.mk/vesti/svet/sad-najavija-vrakjanje-na-svoite-diplomati-vo-ukraina-blinken-i-ostin-vetija-voena-pomosh/ Mon, 25 Apr 2022 12:00:46 +0000 https://republika.mk/?p=493328

За време на вчерашната посета на Киев, американскиот државен секретар Ентони Блинкен и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин најавија постепено враќање на американските дипломати во Украина и посочија дека ќе биде номиниран нов амбасадор.

Се очекува денеска американскиот претседател Џо Бајден и официјално да ја назначи Бриџит Бринк за амбасадор на САД во Киев, која моментално е амбасадор на САД во Словачка, јавуваат американски медиуми.

Блинкен и Лојд се сретнаа со украинскиот претседател Володимир Зеленски и други високи украински претставници, соопшти денеска Стејт департментот.

За време на посетата, американските власти ветија дека САД ќе обезбедат воена помош од 713 милиони долари за украинската влада, но и за околните земји кои стравуваат од напади.

На медиумите не им беше дозволено да ги следат американските дипломати, а Вашингтон ја потврди информацијата за посетата доцна синоќа, откако тие се вратија во Полска на безбедно.

The post САД најавија враќање на своите дипломати во Украина, Блинкен и Остин ветија воена помош appeared first on Република.

]]>

За време на вчерашната посета на Киев, американскиот државен секретар Ентони Блинкен и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин најавија постепено враќање на американските дипломати во Украина и посочија дека ќе биде номиниран нов амбасадор. Се очекува денеска американскиот претседател Џо Бајден и официјално да ја назначи Бриџит Бринк за амбасадор на САД во Киев, која моментално е амбасадор на САД во Словачка, јавуваат американски медиуми. Блинкен и Лојд се сретнаа со украинскиот претседател Володимир Зеленски и други високи украински претставници, соопшти денеска Стејт департментот. За време на посетата, американските власти ветија дека САД ќе обезбедат воена помош од 713 милиони долари за украинската влада, но и за околните земји кои стравуваат од напади. На медиумите не им беше дозволено да ги следат американските дипломати, а Вашингтон ја потврди информацијата за посетата доцна синоќа, откако тие се вратија во Полска на безбедно.

The post САД најавија враќање на своите дипломати во Украина, Блинкен и Остин ветија воена помош appeared first on Република.

]]>
Русија протерува 36 европски дипломати, 15 од Холандија и 21 од Белгија https://republika.mk/vesti/svet/rusija-proteruva-36-evropski-diplomati-15-od-holandija-i-21-od-belgija/ Tue, 19 Apr 2022 19:14:44 +0000 https://republika.mk/?p=490690

Русија соопшти оти протерува вкупно 36 европски дипломати, од две земји-членки на ЕУ, како одговор за сличните чекори преземени против руските дипломати, пренесе РСЕ.

Руското Министерство за надворешни работи во соопштението на 19 април соопшти дека 21 дипломат од Белгија и 15 од Холандија се прогласени за персона нон грата,  давајќи им рок од две недели да ја напуштат земјата.

Министерството, исто така, го повика амбасадорот на Луксембург во Москва, предупредувајќи го дека Русија може да одлучи да преземе реципрочни мерки за неодамнешното протерување на дипломатот на Москва од страна на европската држава.

Министерството, исто така, го повика амбасадорот на Луксембург во Москва, предупредувајќи го дека Русија може да одлучи да преземе реципрочни мерки за неодамнешното протерување на дипломатот на Москва од страна на европската држава.

Европските земји досега протераа повеќе од 300 вработени во руските амбасади, откако Москва ја започна инвазијата врз Украина на 24 февруари.

Русија реципрочно одговори со протерување дипломати од Чешка, Бугарија и Европската Унија изминатата недела.

The post Русија протерува 36 европски дипломати, 15 од Холандија и 21 од Белгија appeared first on Република.

]]>

Русија соопшти оти протерува вкупно 36 европски дипломати, од две земји-членки на ЕУ, како одговор за сличните чекори преземени против руските дипломати, пренесе РСЕ. Руското Министерство за надворешни работи во соопштението на 19 април соопшти дека 21 дипломат од Белгија и 15 од Холандија се прогласени за персона нон грата,  давајќи им рок од две недели да ја напуштат земјата.
Министерството, исто така, го повика амбасадорот на Луксембург во Москва, предупредувајќи го дека Русија може да одлучи да преземе реципрочни мерки за неодамнешното протерување на дипломатот на Москва од страна на европската држава. Министерството, исто така, го повика амбасадорот на Луксембург во Москва, предупредувајќи го дека Русија може да одлучи да преземе реципрочни мерки за неодамнешното протерување на дипломатот на Москва од страна на европската држава. Европските земји досега протераа повеќе од 300 вработени во руските амбасади, откако Москва ја започна инвазијата врз Украина на 24 февруари. Русија реципрочно одговори со протерување дипломати од Чешка, Бугарија и Европската Унија изминатата недела.

The post Русија протерува 36 европски дипломати, 15 од Холандија и 21 од Белгија appeared first on Република.

]]>
Норвешка протерува тројца руски дипломати https://republika.mk/vesti/svet/norveshka-proteruva-trojca-ruski-diplomati/ Wed, 06 Apr 2022 12:06:12 +0000 https://republika.mk/?p=484071

Норвешкото Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека протерува тројца дипломати од Руската амбасада во Осло, поради „активности кои се неспоиви со нивниот дипломатски статус“.

Шефицата на норвешката дипломатија Аникен Хитфелд наведе дека „неслучајно сега се случуваат протерувањата“ на руските дипломати.

Протерувањето доаѓа во време кога светот е шокиран од извештаите за злосторства извршени од руските сили врз цивили, посебно во градот Буча, во близина на Киев, истакна Хитфелд.

The post Норвешка протерува тројца руски дипломати appeared first on Република.

]]>

Норвешкото Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека протерува тројца дипломати од Руската амбасада во Осло, поради „активности кои се неспоиви со нивниот дипломатски статус“. Шефицата на норвешката дипломатија Аникен Хитфелд наведе дека „неслучајно сега се случуваат протерувањата“ на руските дипломати. Протерувањето доаѓа во време кога светот е шокиран од извештаите за злосторства извршени од руските сили врз цивили, посебно во градот Буча, во близина на Киев, истакна Хитфелд.

The post Норвешка протерува тројца руски дипломати appeared first on Република.

]]>
Русија реципрочно протерува американски дипломати од Москва https://republika.mk/vesti/svet/rusija-reciprochno-proteruva-amerikanski-diplomati-od-moskva/ Wed, 23 Mar 2022 21:19:20 +0000 https://republika.mk/?p=477380

Руските државни медиуми вечерва соопшптија дека на руското Министерство за надворешни работи на американската Амбасада во Москва и дало список на американски дипломати што ќе ги протерва.

Овој потег следи откако 12 руски дипломати претходно овој месец беа протерани од мисијата на Обединетите нации во Њујорк.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека на Американците „одлучно им било кажано дека секоја непријателска акција на САД против Русија ќе добие решителен и адекватен одговор“, пренесоа британските медиуми.

The post Русија реципрочно протерува американски дипломати од Москва appeared first on Република.

]]>

Руските државни медиуми вечерва соопшптија дека на руското Министерство за надворешни работи на американската Амбасада во Москва и дало список на американски дипломати што ќе ги протерва. Овој потег следи откако 12 руски дипломати претходно овој месец беа протерани од мисијата на Обединетите нации во Њујорк. Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека на Американците „одлучно им било кажано дека секоја непријателска акција на САД против Русија ќе добие решителен и адекватен одговор“, пренесоа британските медиуми.

The post Русија реципрочно протерува американски дипломати од Москва appeared first on Република.

]]>
Белорусија протерува украински дипломати https://republika.mk/vesti/svet/belorusija-proteruva-ukrainski-diplomati-2/ Wed, 23 Mar 2022 19:45:15 +0000 https://republika.mk/?p=477348

Белорусија, која е сојузник на Русија, објави дека протерува украински дипломати и го затвора конзулатот на таа земја.

Од белоруското Министерство за надворешни работи не прецизираше колку дипломати ќе треба да ја напуштат земјата, наведувајќи дека може да останат најмногу петмина.

Целта на ваквиот потег е да се стави крај на недипломатските активности на неколку вработени во украинските мисии - соопшти Министерството.

The post Белорусија протерува украински дипломати appeared first on Република.

]]>

Белорусија, која е сојузник на Русија, објави дека протерува украински дипломати и го затвора конзулатот на таа земја. Од белоруското Министерство за надворешни работи не прецизираше колку дипломати ќе треба да ја напуштат земјата, наведувајќи дека може да останат најмногу петмина.
Целта на ваквиот потег е да се стави крај на недипломатските активности на неколку вработени во украинските мисии - соопшти Министерството.

The post Белорусија протерува украински дипломати appeared first on Република.

]]>
Белорусија протерува украински дипломати https://republika.mk/vesti/svet/belorusija-proteruva-ukrainski-diplomati/ Wed, 23 Mar 2022 13:50:46 +0000 https://republika.mk/?p=477227

Бројот на украински дипломати во Белорусија ќе се намали на пет, соопшти белоруското Министерство за надворешни работи.

Оттаму забележуваат дека останатите дипломати ќе мора да ја напуштат територијата на Белорусија во рок од 72 часа.

Веста денеска ја соопшти прес-секретарот на Министерството за надворешни работи на Белорусија, Анатолиј Глаз, пренесе агенцијата Белта.

Претходно денеска Полска одлучи да протера 45 руски дипломати, кои се обвинети за шпионажа и добија рок од пет дена да ја напуштат државата.

The post Белорусија протерува украински дипломати appeared first on Република.

]]>

Бројот на украински дипломати во Белорусија ќе се намали на пет, соопшти белоруското Министерство за надворешни работи. Оттаму забележуваат дека останатите дипломати ќе мора да ја напуштат територијата на Белорусија во рок од 72 часа. Веста денеска ја соопшти прес-секретарот на Министерството за надворешни работи на Белорусија, Анатолиј Глаз, пренесе агенцијата Белта. Претходно денеска Полска одлучи да протера 45 руски дипломати, кои се обвинети за шпионажа и добија рок од пет дена да ја напуштат државата.

The post Белорусија протерува украински дипломати appeared first on Република.

]]>
Полска специјална служба бара протерување на 45 руски дипломати осомничени за шпионажа https://republika.mk/vesti/svet/polska-specijalna-sluzba-bara-proteruvanje-na-45-ruski-diplomati-osomnicheni-za-shpionaza/ Wed, 23 Mar 2022 10:06:53 +0000 https://republika.mk/?p=477039

Полската агенција за внатрешна безбедност подготви список од 45 руски дипломати осомничени за шпионажа и побара нивно протерување од земјата, изјави портпаролот на координаторот на полските разузнавачки служби Станислав Зарин.

Тоа се луѓе кои работат под дипломатски статус, но всушност вршат разузнавачки активности против Полска - рече Зарин.

Тој додаде дека на оваа листа, која е предадена на Министерството за надворешни работи, има вработени во руските специјални служби, како и лица кои соработуваат со нив.

Владиниот портпарол изјави дека рускиот амбасадор е повикан во Министерството за надворешни работи и по средбата ќе бидат објавени одлуките за понатамошните чекори.

The post Полска специјална служба бара протерување на 45 руски дипломати осомничени за шпионажа appeared first on Република.

]]>

Полската агенција за внатрешна безбедност подготви список од 45 руски дипломати осомничени за шпионажа и побара нивно протерување од земјата, изјави портпаролот на координаторот на полските разузнавачки служби Станислав Зарин.
Тоа се луѓе кои работат под дипломатски статус, но всушност вршат разузнавачки активности против Полска - рече Зарин.
Тој додаде дека на оваа листа, која е предадена на Министерството за надворешни работи, има вработени во руските специјални служби, како и лица кои соработуваат со нив. Владиниот портпарол изјави дека рускиот амбасадор е повикан во Министерството за надворешни работи и по средбата ќе бидат објавени одлуките за понатамошните чекори.

The post Полска специјална служба бара протерување на 45 руски дипломати осомничени за шпионажа appeared first on Република.

]]>
Украинските националисти планираат напад врз западни дипломати во Лавов за да ја наместат и обвинат Москва https://republika.mk/vesti/svet/ukrainskite-nacionalisti-planiraat-napad-vrz-zapadni-diplomati-vo-lavov-za-da-ja-namestat-i-obvinat-moskva/ Mon, 21 Mar 2022 09:36:49 +0000 https://republika.mk/?p=475958

Украинските националисти планираат терористички напад во Лавов, во западна Украина, насочен против странските дипломати, вклучувајќи ги и тие на САД, предупреди Министерството за одбрана на Русија. Ваквите информации, биле добиени од заробен припадник на украинската специјална служба СБУ во регионот Доњецк и Луганск.

Официјалниот претставник на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков, прецизираше дека за време на воената специјална операција, заробеникот имал директно учество во организирањето на обуката на диверзантските групи за изведување напади во областите преземени од руските сили.

Тој открил и дека се прави подготовка на терористички напад од припадници на украинскиот национален баталјон, насочен против странски дипломати во Лавов. Според информациите, планирани биле напади и против вработените и против официјалните претставници во дипломатските претставништва на САД и другите западни земји.

Раководството на режимот во Киев е свесно за плановите на националистите, но не презема ништо за да го спречи нивното спроведување - посочи Конашенков.

Главната цел на ваквиот напад било да се обвини Русија и тој да послужи како провокација за да се изврши притисок врз Северноатлантската алијанса и да се принудат земјите од НАТО да воведат „зона на забранети летови“ над Украина.

Националистичкиот режим во Киев, со својата провокација против американските дипломати, планира да ја намести Москва и да го претстави нападот како наводен цел напад на руските вооружени сили - истакна Конашенков.

The post Украинските националисти планираат напад врз западни дипломати во Лавов за да ја наместат и обвинат Москва appeared first on Република.

]]>

Украинските националисти планираат терористички напад во Лавов, во западна Украина, насочен против странските дипломати, вклучувајќи ги и тие на САД, предупреди Министерството за одбрана на Русија. Ваквите информации, биле добиени од заробен припадник на украинската специјална служба СБУ во регионот Доњецк и Луганск. Официјалниот претставник на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков, прецизираше дека за време на воената специјална операција, заробеникот имал директно учество во организирањето на обуката на диверзантските групи за изведување напади во областите преземени од руските сили. Тој открил и дека се прави подготовка на терористички напад од припадници на украинскиот национален баталјон, насочен против странски дипломати во Лавов. Според информациите, планирани биле напади и против вработените и против официјалните претставници во дипломатските претставништва на САД и другите западни земји.
Раководството на режимот во Киев е свесно за плановите на националистите, но не презема ништо за да го спречи нивното спроведување - посочи Конашенков.
Главната цел на ваквиот напад било да се обвини Русија и тој да послужи како провокација за да се изврши притисок врз Северноатлантската алијанса и да се принудат земјите од НАТО да воведат „зона на забранети летови“ над Украина.
Националистичкиот режим во Киев, со својата провокација против американските дипломати, планира да ја намести Москва и да го претстави нападот како наводен цел напад на руските вооружени сили - истакна Конашенков.

The post Украинските националисти планираат напад врз западни дипломати во Лавов за да ја наместат и обвинат Москва appeared first on Република.

]]>
Јанша: Словенечките дипломати се враќаат во Киев https://republika.mk/vesti/balkan/jansha-slovenechkite-diplomati-se-vrakjaat-vo-kiev/ Mon, 21 Mar 2022 07:57:03 +0000 https://republika.mk/?p=475894

Словенечкиот премиер Јанез Јанша на Твитер објави дека Словенија наскоро ќе ги врати дипломатите во Киев.

Јанша синоќа напиша дека дипломатите кои се враќаат се доброволци.

Работиме да ја натераме ЕУ да го стори истото. На Украина и е потребна дипломатска поддршка, напиша Јанша во објавата.

The post Јанша: Словенечките дипломати се враќаат во Киев appeared first on Република.

]]>

Словенечкиот премиер Јанез Јанша на Твитер објави дека Словенија наскоро ќе ги врати дипломатите во Киев. Јанша синоќа напиша дека дипломатите кои се враќаат се доброволци. Работиме да ја натераме ЕУ да го стори истото. На Украина и е потребна дипломатска поддршка, напиша Јанша во објавата.

The post Јанша: Словенечките дипломати се враќаат во Киев appeared first on Република.

]]>
Словачка ќе протера тројца руски дипломати https://republika.mk/vesti/svet/slovachka-kje-protera-trojca-ruski-diplomati/ Mon, 14 Mar 2022 17:54:34 +0000 https://republika.mk/?p=472843

Словачка одлучи да протера тројца дипломати од руската амбасада во Братислава, врз основа на податоците на тајната служба, и тие мора да ја напуштат земјата во рок од 72 часа, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на таа држава.

Истовремено, Министерството за надворешни работи силно апелира до Амбасадата на Руската Федерација нивните претставници да ги извршуваат своите должности во согласност со Виенската конвенција за дипломатски односи, се вели во соопштението.

Русија ќе одговори на „словачкото неоправдано протерување“ тројца руски дипломати, рече денеска портпаролот на руското Министерство за надворешни работи.

The post Словачка ќе протера тројца руски дипломати appeared first on Република.

]]>

Словачка одлучи да протера тројца дипломати од руската амбасада во Братислава, врз основа на податоците на тајната служба, и тие мора да ја напуштат земјата во рок од 72 часа, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на таа држава. Истовремено, Министерството за надворешни работи силно апелира до Амбасадата на Руската Федерација нивните претставници да ги извршуваат своите должности во согласност со Виенската конвенција за дипломатски односи, се вели во соопштението. Русија ќе одговори на „словачкото неоправдано протерување“ тројца руски дипломати, рече денеска портпаролот на руското Министерство за надворешни работи.

The post Словачка ќе протера тројца руски дипломати appeared first on Република.

]]>
Русија прати авион во САД да ги врати дипломатите https://republika.mk/vesti/svet/rusija-prati-avion-vo-sad-da-gi-vrati-diplomatite/ Sat, 05 Mar 2022 19:13:22 +0000 https://republika.mk/?p=468318

Рускиот владин авион кој се движи од Санкт Петербург кон Вашингтон, ќе ги врати руските дипломати назад во нивната земја, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова на нејзиниот канал на Телеграм.

– Овој авион ќе ги врати во нивната татковина, руските дипломати, кои американската влада ги прогласи за персона нон грата, додаде Захарова, без да прецизира кога точно тоа ќе се случи.

Владата на САД одобри чартер лет на руската влада за да го олесни заминувањето на рускиот персонал од Мисијата на Обединетите нации кои беа протерани поради злоупотреба на нивните привилегии на престој, пренесува Си-Ен-Ен.

– Овој посебен исклучок беше направен во согласност со федералните регулативи за да се обезбеди дека персоналот на руската мисија и нивните семејства ќе заминат до датумот што го наложивме, рече портпаролот на Стејт департментот.

The post Русија прати авион во САД да ги врати дипломатите appeared first on Република.

]]>

Рускиот владин авион кој се движи од Санкт Петербург кон Вашингтон, ќе ги врати руските дипломати назад во нивната земја, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова на нејзиниот канал на Телеграм. – Овој авион ќе ги врати во нивната татковина, руските дипломати, кои американската влада ги прогласи за персона нон грата, додаде Захарова, без да прецизира кога точно тоа ќе се случи. Владата на САД одобри чартер лет на руската влада за да го олесни заминувањето на рускиот персонал од Мисијата на Обединетите нации кои беа протерани поради злоупотреба на нивните привилегии на престој, пренесува Си-Ен-Ен. – Овој посебен исклучок беше направен во согласност со федералните регулативи за да се обезбеди дека персоналот на руската мисија и нивните семејства ќе заминат до датумот што го наложивме, рече портпаролот на Стејт департментот.

The post Русија прати авион во САД да ги врати дипломатите appeared first on Република.

]]>