Словачка одлучи да протера тројца дипломати од руската амбасада во Братислава, врз основа на податоците на тајната служба, и тие мора да ја напуштат земјата во рок од 72 часа, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на таа држава.

Истовремено, Министерството за надворешни работи силно апелира до Амбасадата на Руската Федерација нивните претставници да ги извршуваат своите должности во согласност со Виенската конвенција за дипломатски односи, се вели во соопштението.

Русија ќе одговори на „словачкото неоправдано протерување“ тројца руски дипломати, рече денеска портпаролот на руското Министерство за надворешни работи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.