Норвешкото Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека протерува тројца дипломати од Руската амбасада во Осло, поради „активности кои се неспоиви со нивниот дипломатски статус“.

Шефицата на норвешката дипломатија Аникен Хитфелд наведе дека „неслучајно сега се случуваат протерувањата“ на руските дипломати.

Протерувањето доаѓа во време кога светот е шокиран од извештаите за злосторства извршени од руските сили врз цивили, посебно во градот Буча, во близина на Киев, истакна Хитфелд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.