д-р Нико Беќаровски Archives - Република https://republika.mk/tema/d-r-niko-bekjarovski/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Oct 2024 08:34:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png д-р Нико Беќаровски Archives - Република https://republika.mk/tema/d-r-niko-bekjarovski/ 32 32 Беќаровски: При пожари во затворен простор ставете барем крпа, шал, маица преку носот и устата https://republika.mk/zivot/zdravje/bekarovski-pri-pozhari-vo-zatvoren-prostor-stavete-barem-krpa-shal-maitsa-preku-nosot-i-ustata/ Thu, 03 Oct 2024 08:34:22 +0000 https://republika.mk/?p=822085

По вчерашниот пожар кој избувна во зграда во Чаир по што беа хоспитализирани над 40 лица кои вдишиле чад, д-р Нико Беќаровски на својот фејсбук профил даде сеопфатно објаснување како лицата може да се затрујат од чадот при пожар во внатрешна просторија.

При пожари во затворени простории, кога температурата ќе достигне 315°С а има присуство на различни пластични материи како полиуретан, винил, акрил, најлон свила, волна се создаваат многу токсични и смртоносни ЦИЈАНИДИ (CN-) во чадот, напиша Беќаровски.

„Луѓето кои имаат саѓи во устата или носот, разни степени на пореметувања на свеста, хипотензија и лабораториски детектирана концентрација на цијаниди >40mmol/l имаат акутно труење со цијаниди.
СЕКАКО АКО МОЖЕ ДА СЕ ОДРЕДИ.
Кај овие изложени лица покрај високите концентрации на кислород неопходно е да се даде ПРОТИВОТРОВ коктел од натриум нитрит и натриум тиосулфат.
СЕКАКО АКО ВОПШТО ГИ ИМА.
Во нормалните држави постои и таканаречен (Cyanokit) интравенски раствор од hydroxocobalamin. Во нормалните држави СЕКОГАШ ГО ИМА.
Доаѓа период во кој пожарите во затворени простории ќе стануваат се почести.
Македонските граѓани оддамна се хронично отруени со Р.М. честички и разни други гасови, па можеби дел од нив ќе успеат да ги преживеат и акутните труењата со цијаниди при следните пожари.
При пожари во затворен простор ставете барем крпа, шал, маица преку Вашиот нос и уста, за да ја намалите концентрацијата на вдишани цијаниди, бидејќи за жал кај нас антидоти н..., нагласи Беќаровски.

The post Беќаровски: При пожари во затворен простор ставете барем крпа, шал, маица преку носот и устата appeared first on Република.

]]>

По вчерашниот пожар кој избувна во зграда во Чаир по што беа хоспитализирани над 40 лица кои вдишиле чад, д-р Нико Беќаровски на својот фејсбук профил даде сеопфатно објаснување како лицата може да се затрујат од чадот при пожар во внатрешна просторија. При пожари во затворени простории, кога температурата ќе достигне 315°С а има присуство на различни пластични материи како полиуретан, винил, акрил, најлон свила, волна се создаваат многу токсични и смртоносни ЦИЈАНИДИ (CN-) во чадот, напиша Беќаровски.
„Луѓето кои имаат саѓи во устата или носот, разни степени на пореметувања на свеста, хипотензија и лабораториски детектирана концентрација на цијаниди >40mmol/l имаат акутно труење со цијаниди. СЕКАКО АКО МОЖЕ ДА СЕ ОДРЕДИ. Кај овие изложени лица покрај високите концентрации на кислород неопходно е да се даде ПРОТИВОТРОВ коктел од натриум нитрит и натриум тиосулфат. СЕКАКО АКО ВОПШТО ГИ ИМА. Во нормалните држави постои и таканаречен (Cyanokit) интравенски раствор од hydroxocobalamin. Во нормалните држави СЕКОГАШ ГО ИМА. Доаѓа период во кој пожарите во затворени простории ќе стануваат се почести. Македонските граѓани оддамна се хронично отруени со Р.М. честички и разни други гасови, па можеби дел од нив ќе успеат да ги преживеат и акутните труењата со цијаниди при следните пожари. При пожари во затворен простор ставете барем крпа, шал, маица преку Вашиот нос и уста, за да ја намалите концентрацијата на вдишани цијаниди, бидејќи за жал кај нас антидоти н..., нагласи Беќаровски.

The post Беќаровски: При пожари во затворен простор ставете барем крпа, шал, маица преку носот и устата appeared first on Република.

]]>
Д-р Беќаровски советува: Ова растение го прочистува воздухот во вашиот дом https://republika.mk/zivot/zdravje/d-r-bekarovski-sovetuva-ova-rastenie-go-prochistuva-vozduhot-vo-vashiot-dom/ Thu, 26 Sep 2024 16:33:58 +0000 https://republika.mk/?p=819954

Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија препорачува кои растенија ќе ви помогнат да го прочистите воздухот во вашиот дом. Ова е првото:

DRACAENA TRIFASCIATA кај нас позната и под имињата "ЗМИСКО РАСТЕНИЕ" "СВЕКРВИН ЈАЗИК" е класифицирани од NASA, како моќен прочистувач на воздухот, поради неговата моќ да отстранува отровни компоненти од воздухот како бензен, формалдехид, трихлоретилен, ксилен и толуен.
Ова растение го користи метаболизмот на Crassulacee за измена на кислородот и јаглерод диоксидот.
Микроскопските пори на листовите се отвараат само ноќно време за да се намали загубата на вода во текот на топлите денови.
За разлика од другите растенија произведува голема количина на кислород и го апсорбира јаглерод диоксидот и во текот на ноќта, што го прави ова растение одличен прочистувач на воздухот во нашите домови додека спиеме.
Треба да се чува на светло место (но не на директна сончева светлина), а се полева на секои две недели, препорачува тој.

The post Д-р Беќаровски советува: Ова растение го прочистува воздухот во вашиот дом appeared first on Република.

]]>

Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија препорачува кои растенија ќе ви помогнат да го прочистите воздухот во вашиот дом. Ова е првото:
DRACAENA TRIFASCIATA кај нас позната и под имињата "ЗМИСКО РАСТЕНИЕ" "СВЕКРВИН ЈАЗИК" е класифицирани од NASA, како моќен прочистувач на воздухот, поради неговата моќ да отстранува отровни компоненти од воздухот како бензен, формалдехид, трихлоретилен, ксилен и толуен. Ова растение го користи метаболизмот на Crassulacee за измена на кислородот и јаглерод диоксидот. Микроскопските пори на листовите се отвараат само ноќно време за да се намали загубата на вода во текот на топлите денови. За разлика од другите растенија произведува голема количина на кислород и го апсорбира јаглерод диоксидот и во текот на ноќта, што го прави ова растение одличен прочистувач на воздухот во нашите домови додека спиеме. Треба да се чува на светло место (но не на директна сончева светлина), а се полева на секои две недели, препорачува тој.

The post Д-р Беќаровски советува: Ова растение го прочистува воздухот во вашиот дом appeared first on Република.

]]>
Ако излезе ѓубрето наталожено по другите Клиники, Токсикологија ќе ви личи на оаза https://republika.mk/vesti/makedonija/ako-izleze-gubreto-natalozheno-po-drugite-kliniki-toksikologija-ke-vi-lichi-na-oaza/ Wed, 05 Jun 2024 10:21:30 +0000 https://republika.mk/?p=784910

Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија повика итно Клиничкиот центар да му се врати на вработените и на пациентите, а политиката да си ги тргне рацете на страна.

Трагично е и искрено премногу ме боли што УК Токсикологија секојдневно ги пополнува вестите на сите телевизии, но ако излезе на виделина "ѓубрето наталожено по другите Клиники", УК токсикологија ќе Ви личи на "еколошка оаза".
Затоа ВЕДНАШ споите го Клинички Центар во една нормална целина и вратете ги Клиниките на вработените и пациентите, а не на политичарите.
УТРЕ ЌЕ БИДЕ ПРЕДОЦНА!!!, вели Беќаровски/

The post Ако излезе ѓубрето наталожено по другите Клиники, Токсикологија ќе ви личи на оаза appeared first on Република.

]]>

Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија повика итно Клиничкиот центар да му се врати на вработените и на пациентите, а политиката да си ги тргне рацете на страна.
Трагично е и искрено премногу ме боли што УК Токсикологија секојдневно ги пополнува вестите на сите телевизии, но ако излезе на виделина "ѓубрето наталожено по другите Клиники", УК токсикологија ќе Ви личи на "еколошка оаза". Затоа ВЕДНАШ споите го Клинички Центар во една нормална целина и вратете ги Клиниките на вработените и пациентите, а не на политичарите. УТРЕ ЌЕ БИДЕ ПРЕДОЦНА!!!, вели Беќаровски/

The post Ако излезе ѓубрето наталожено по другите Клиники, Токсикологија ќе ви личи на оаза appeared first on Република.

]]>
Иљази: Беќаровски е доктор од времето на „Друже Тито“, неговото време помина https://republika.mk/vesti/makedonija/ilazi-bekarovski-e-doktor-od-vremeto-na-druzhe-tito-negovoto-vreme-pomina/ Tue, 21 May 2024 13:14:18 +0000 https://republika.mk/?p=780542

За организациската директорка на Клиниката за Токсикологија, Бесија Иљази д-р Нико Беќаровски, клинички токсиколог, е доктор од времето на „Друже Тито“ и неговото време, според неа е поминато.

Иљази, за која вработените во Клиниката велат дека не можат да се разберат, бидејќи не зборува македонски јазик, идонесе наредба со која им забранува на докторите, сестрите и болничарите на клиниката да даваат изјави на медиумите без нејзина согласност.

Според член 30 од Статутот на Клиниката, Бесија Иљази рече дека оваа наредба е направена за да се заштити имиџот на целата Клиника и да не се дозволи одредени интересни групи да го клеветат чесното работење на белиот мантил.

Од страната на некои лекари, кои не се повеќе од пет шест, кои испорачуваат невистини во медиумите, а кои во јавноста се добро познати по скандали, инсценации и дезинформации и се нарекуваат доктори на „Фејсбук“ затоа што цел ден го поминуваат своето работно време на социјалните мрежи и не прават ништо. Времето на Нико Беќаровски, докторот од времето на „Друже ТИТО“ помина и тој не може да се помири со оваа реалност. Затоа постојано шири дезинформации кои создаваат забуна во јавноста. Новиот поредок и Наредба што ги воспоставив го попречуваат него и неговиот клан, кои се навикнати да работат според нивните навики“, вели Иљази.

Таа додаде дека разрешениот директор доктор Данил Петровски еден ден пред таа да стане организациска директорка, си ја вработил снаата.

-Како можеше да си ја вработи снаата на 13 февруари 2024 година, ден пред моето доаѓање на функцијата, а немаше можност да го вработи биологот и 18 лица кои со години се вработени овде? Ги прекрши сите законски норми, ги држеше да работат без договори и без плати, ги тераше на дежурства и така продолжи до моето доаѓање. Сега кога го решивме нивниот проблем, тоа стана „голем проблем“, додаде Иљази.

https://republika.mk/zivot/zdravje/organizatsiskata-direktorka-na-klinikata-za-toksikologija-koja-ne-komunitsira-na-makedonski-jazik-na-vrabotenite-im-zabrani-da-davaat-izjavi-na-novinarite/

Оваа доаѓа ден по одлуката на Бесија Иљази да им ги додели решенијата за работа на 18 работници кои имаа истечени договори на дело на Токсикологија и една недела откако министерот за здравство го разреши медицинскиот директор Данил Петровски кој користи годишен одмор.

The post Иљази: Беќаровски е доктор од времето на „Друже Тито“, неговото време помина appeared first on Република.

]]>

За организациската директорка на Клиниката за Токсикологија, Бесија Иљази д-р Нико Беќаровски, клинички токсиколог, е доктор од времето на „Друже Тито“ и неговото време, според неа е поминато. Иљази, за која вработените во Клиниката велат дека не можат да се разберат, бидејќи не зборува македонски јазик, идонесе наредба со која им забранува на докторите, сестрите и болничарите на клиниката да даваат изјави на медиумите без нејзина согласност. Според член 30 од Статутот на Клиниката, Бесија Иљази рече дека оваа наредба е направена за да се заштити имиџот на целата Клиника и да не се дозволи одредени интересни групи да го клеветат чесното работење на белиот мантил.
Од страната на некои лекари, кои не се повеќе од пет шест, кои испорачуваат невистини во медиумите, а кои во јавноста се добро познати по скандали, инсценации и дезинформации и се нарекуваат доктори на „Фејсбук“ затоа што цел ден го поминуваат своето работно време на социјалните мрежи и не прават ништо. Времето на Нико Беќаровски, докторот од времето на „Друже ТИТО“ помина и тој не може да се помири со оваа реалност. Затоа постојано шири дезинформации кои создаваат забуна во јавноста. Новиот поредок и Наредба што ги воспоставив го попречуваат него и неговиот клан, кои се навикнати да работат според нивните навики“, вели Иљази.
Таа додаде дека разрешениот директор доктор Данил Петровски еден ден пред таа да стане организациска директорка, си ја вработил снаата.
-Како можеше да си ја вработи снаата на 13 февруари 2024 година, ден пред моето доаѓање на функцијата, а немаше можност да го вработи биологот и 18 лица кои со години се вработени овде? Ги прекрши сите законски норми, ги држеше да работат без договори и без плати, ги тераше на дежурства и така продолжи до моето доаѓање. Сега кога го решивме нивниот проблем, тоа стана „голем проблем“, додаде Иљази.
https://republika.mk/zivot/zdravje/organizatsiskata-direktorka-na-klinikata-za-toksikologija-koja-ne-komunitsira-na-makedonski-jazik-na-vrabotenite-im-zabrani-da-davaat-izjavi-na-novinarite/ Оваа доаѓа ден по одлуката на Бесија Иљази да им ги додели решенијата за работа на 18 работници кои имаа истечени договори на дело на Токсикологија и една недела откако министерот за здравство го разреши медицинскиот директор Данил Петровски кој користи годишен одмор.  

The post Иљази: Беќаровски е доктор од времето на „Друже Тито“, неговото време помина appeared first on Република.

]]>
Вработените во Токсикологија во одбрана на д-р Беќаровски: Никогаш не навредувал колеги Албанци https://republika.mk/zivot/zdravje/vrabotenite-vo-toksikologija-vo-odbrana-na-d-r-bekarovski-nikogash-ne-navreduval-kolegi-albantsi/ Wed, 15 May 2024 11:48:26 +0000 https://republika.mk/?p=778338

Откако Министерството за здравство на социјалните мрежи сподели документ во кој има сериозни обвинувања за доктор Нико Беќаровски дека наводно ги навредувал вработените по национална основа, се огласи прво самиот Беќаровски, а по него и колегите од Клиниката кои имаат засновано работен однос на неопределено време со потпишана изјава со која ги демантираат наводите на колегите Албанци кои имаат истечени договори и не се повеќе вработени на Клиниката.

Ние, Вработените од УК за токсикологија со редовен заснован работен однос на неопределено време во целост ги демантираме наводите изнесени со Изјава од 26.04.2024 година на групи лица без статус на вработени во клиниката, а кои се однесуваат за наводно кажани навреди против Албанци од проф д-р Нико Беќаровски.

Најостро реагираме и ги демантираме информациите изјавени во неколку медиуми од Министерство за здравство и сме должни на јавноста да појасниме дека било какви навреди или притисоци на Албанци кои претходно беа ангажирани со договор за дело од страна на проф.д-р Нико Беќаровски не се упатени.

Доктор Нико Беќаровски е врвен професиналец кој повеќе од 10 години работи ургентна медицина и спасува човечки животи без разлика на етничката припадност или припадност на политичка партии, па поврзувањето неговото име со вакви невистини за политички цели е скандалозно и некоректно и поттикнува нетрпение по национална основа“, се вели во потпишаната изјава.

https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-bekarovski-cheka-izvinuvane-od-ministerot-demiri-se-nadevam-deka-objavata-e-bez-vashe-znaene-i-odobrenie/

https://republika.mk/zivot/zdravje/ministerot-za-zdravstvo-go-razreshi-meditsinskiot-direktor-na-toksikologija-d-r-danil-petrovski/

The post Вработените во Токсикологија во одбрана на д-р Беќаровски: Никогаш не навредувал колеги Албанци appeared first on Република.

]]>

Откако Министерството за здравство на социјалните мрежи сподели документ во кој има сериозни обвинувања за доктор Нико Беќаровски дека наводно ги навредувал вработените по национална основа, се огласи прво самиот Беќаровски, а по него и колегите од Клиниката кои имаат засновано работен однос на неопределено време со потпишана изјава со која ги демантираат наводите на колегите Албанци кои имаат истечени договори и не се повеќе вработени на Клиниката.
Ние, Вработените од УК за токсикологија со редовен заснован работен однос на неопределено време во целост ги демантираме наводите изнесени со Изјава од 26.04.2024 година на групи лица без статус на вработени во клиниката, а кои се однесуваат за наводно кажани навреди против Албанци од проф д-р Нико Беќаровски. Најостро реагираме и ги демантираме информациите изјавени во неколку медиуми од Министерство за здравство и сме должни на јавноста да појасниме дека било какви навреди или притисоци на Албанци кои претходно беа ангажирани со договор за дело од страна на проф.д-р Нико Беќаровски не се упатени. Доктор Нико Беќаровски е врвен професиналец кој повеќе од 10 години работи ургентна медицина и спасува човечки животи без разлика на етничката припадност или припадност на политичка партии, па поврзувањето неговото име со вакви невистини за политички цели е скандалозно и некоректно и поттикнува нетрпение по национална основа“, се вели во потпишаната изјава.
https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-bekarovski-cheka-izvinuvane-od-ministerot-demiri-se-nadevam-deka-objavata-e-bez-vashe-znaene-i-odobrenie/ https://republika.mk/zivot/zdravje/ministerot-za-zdravstvo-go-razreshi-meditsinskiot-direktor-na-toksikologija-d-r-danil-petrovski/

The post Вработените во Токсикологија во одбрана на д-р Беќаровски: Никогаш не навредувал колеги Албанци appeared first on Република.

]]>
Д-р Беќаровски чека извинување од министерот Демири: Се надевам дека објавата е без Ваше знаење и одобрение https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-bekarovski-cheka-izvinuvane-od-ministerot-demiri-se-nadevam-deka-objavata-e-bez-vashe-znaene-i-odobrenie/ Wed, 15 May 2024 08:24:25 +0000 https://republika.mk/?p=778182

Откако на фејсбук страната на Министерството за здравство беше објавено дека разрешувањето на медицинскиот директор на клиниката д-р Данил Петровски е разрешен од позицијата медицински директор на Клиниката за токсикологија поради „несовесно работење во целиот овој изминат период“, а беше објавен и документ во кој имаше сериозни обвинувања до Нико Беќаровски, дека наводно ги навредувал вработените по национална основа, докторот директно му се обрати на министерот за здравство, Илир Демири.

https://republika.mk/vesti/makedonija/bekarovski-si-odi-vonredna-inspektsija-pokazha-deka-11-litsa-rabotele-bez-vazhechki-dogovor-i-bez-soodvetno-obrazovanie-na-toksikologija/

ПОЧИТУВАН МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО, г-дин ИЛИР ДЕМИРИ

Искрено се надевам дека објавата е без Ваше знаење и одобрение, бидејќи со истата ми нанесовте несогледлива штета на мојот углед, базирана на лажни изјави, на незаконски архивиран документ, на кој не стои ниту едно име, за која ќе следува соодветна судска тужба кон инволвираните. Инпутирање на било какви национални навреди е најблаго речено дегутантно. И јас, впрочем како и Вие, секогаш сум бил исклучиво поборник за максимален професионализам, базиран на квалитет и мерит систем, без никакви други предрасуди. Најколегијално, Ве замолувам во следните 24 часа јавно да се оградите од оваа несреќна објава на сајтот и да ми се извините за нанесената повреда на мојата чест и углед. Воедно Ве поканувам во текот на идната недела да ја посетите УК токсикологија и да остварите состанок со Стручниот колегиум на Клиниката, за заедно да ги продискутираме наталожените проблеми кои сериозно влијаат на квалитетот на здравствените услуги. Со должна почит и колегијален поздрав Проф. д-р.сци Нико Беќаровски, се вели во коментарот на Беќаровски.

Беќаровски додава дека за вакви ЛАГИ И КЛЕВЕТИ, инструирани од само еден лекар, ќе биде покрената кривична пријава против сите потписници. Ви благодарам што го објавите писмото, кое ќе може да биде релевантен судски документ, порача тој.

The post Д-р Беќаровски чека извинување од министерот Демири: Се надевам дека објавата е без Ваше знаење и одобрение appeared first on Република.

]]>

Откако на фејсбук страната на Министерството за здравство беше објавено дека разрешувањето на медицинскиот директор на клиниката д-р Данил Петровски е разрешен од позицијата медицински директор на Клиниката за токсикологија поради „несовесно работење во целиот овој изминат период“, а беше објавен и документ во кој имаше сериозни обвинувања до Нико Беќаровски, дека наводно ги навредувал вработените по национална основа, докторот директно му се обрати на министерот за здравство, Илир Демири. https://republika.mk/vesti/makedonija/bekarovski-si-odi-vonredna-inspektsija-pokazha-deka-11-litsa-rabotele-bez-vazhechki-dogovor-i-bez-soodvetno-obrazovanie-na-toksikologija/
ПОЧИТУВАН МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО, г-дин ИЛИР ДЕМИРИ Искрено се надевам дека објавата е без Ваше знаење и одобрение, бидејќи со истата ми нанесовте несогледлива штета на мојот углед, базирана на лажни изјави, на незаконски архивиран документ, на кој не стои ниту едно име, за која ќе следува соодветна судска тужба кон инволвираните. Инпутирање на било какви национални навреди е најблаго речено дегутантно. И јас, впрочем како и Вие, секогаш сум бил исклучиво поборник за максимален професионализам, базиран на квалитет и мерит систем, без никакви други предрасуди. Најколегијално, Ве замолувам во следните 24 часа јавно да се оградите од оваа несреќна објава на сајтот и да ми се извините за нанесената повреда на мојата чест и углед. Воедно Ве поканувам во текот на идната недела да ја посетите УК токсикологија и да остварите состанок со Стручниот колегиум на Клиниката, за заедно да ги продискутираме наталожените проблеми кои сериозно влијаат на квалитетот на здравствените услуги. Со должна почит и колегијален поздрав Проф. д-р.сци Нико Беќаровски, се вели во коментарот на Беќаровски.
Беќаровски додава дека за вакви ЛАГИ И КЛЕВЕТИ, инструирани од само еден лекар, ќе биде покрената кривична пријава против сите потписници. Ви благодарам што го објавите писмото, кое ќе може да биде релевантен судски документ, порача тој.

The post Д-р Беќаровски чека извинување од министерот Демири: Се надевам дека објавата е без Ваше знаење и одобрение appeared first on Република.

]]>
Беќаровски: Му благодарам на „ликов” што ме убеди дека е патриотски да излезам на гласање за цензус за претседател на Македонија! https://republika.mk/vesti/makedonija/bekarovski-mu-blagodaram-na-likov-shto-me-ubedi-deka-e-patriotski-da-izlezam-na-glasane-za-tsenzus-za-pretsedatel-na-makedonija/ Wed, 08 May 2024 13:01:29 +0000 https://republika.mk/?p=775537

Му благодарам на „ликов" што ме убеди дека патриотски е да излезам на гласање за #ЦЕНЗУС за Претседател на Македонија.
1, Х, 2 секое ливче е добитно !!!!, порачува доктор Нико Беќаровски од Токсикологија, споделувајќи го видеото од јавното гласање на Артан Груби.

https://republika.mk/vesti/makedonija/glasniot-tivok-bojkot-na-artan-vo-zhivo-odbi-da-zeme-livche-za-pretsedatelski/

Вицепремиерот денеска јавно одби да земе ливче за да гласа за претседателските избори.

The post Беќаровски: Му благодарам на „ликов” што ме убеди дека е патриотски да излезам на гласање за цензус за претседател на Македонија! appeared first on Република.

]]>

Му благодарам на „ликов" што ме убеди дека патриотски е да излезам на гласање за #ЦЕНЗУС за Претседател на Македонија. 1, Х, 2 секое ливче е добитно !!!!, порачува доктор Нико Беќаровски од Токсикологија, споделувајќи го видеото од јавното гласање на Артан Груби. https://republika.mk/vesti/makedonija/glasniot-tivok-bojkot-na-artan-vo-zhivo-odbi-da-zeme-livche-za-pretsedatelski/ Вицепремиерот денеска јавно одби да земе ливче за да гласа за претседателските избори.

The post Беќаровски: Му благодарам на „ликов” што ме убеди дека е патриотски да излезам на гласање за цензус за претседател на Македонија! appeared first on Република.

]]>
Беќаровски: Ако ЕУ барем малку нѐ почитува ќе забрани азил на македонски функционери по 9 мај https://republika.mk/vesti/makedonija/bekarovski-ako-eu-barem-malku-n-pochituva-ke-zabrani-azil-na-makedonski-funktsioneri-po-9-maj/ Thu, 25 Apr 2024 09:17:55 +0000 https://republika.mk/?p=770836

Со овој став околу вчерашните резултати од изборите се огласи и доктор Нико Беќаровски од Токсикологија, истакнат критичар на општествените случувања.

Ако ЕУ барем малку нѐ почитува и е наш пријател и стратешки партнер, ќе забрани било која нивна членка по 9 мај да издава азил на македонски функционери, коментира тој.

The post Беќаровски: Ако ЕУ барем малку нѐ почитува ќе забрани азил на македонски функционери по 9 мај appeared first on Република.

Беќаровски си оди, вонредна инспекција покажа дека 11 лица „работеле“ без важечки договор и без соодветно образование на Токсикологија https://republika.mk/vesti/makedonija/bekarovski-si-odi-vonredna-inspektsija-pokazha-deka-11-litsa-rabotele-bez-vazhechki-dogovor-i-bez-soodvetno-obrazovanie-na-toksikologija/ Tue, 23 Apr 2024 18:35:24 +0000 https://republika.mk/?p=769782

Единаесет лица незаконски работеле со пациенти и давале здравствени услуги, иако биле без договори за ангажман, а дел од нив и без соодветно образование, покажа вонредниот инспекциски надзор на Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) во Клиниката за токсикологија по добиената претставка од вработени.

Станува збор за пет медицински сестри, тројца болничари, двајца биолози и еден лаборант.

https://republika.mk/vesti/makedonija/demiri-vo-odbrana-na-organizatsiskata-direktorka-na-toksikologija-toj-rekol-da-ne-se-davaat-izjavi-ama-ne-kazha-dali-mozhe-izjavi-na-albanski/

Клиниката има рок од пет дена за поправање на утврдените недостатоци по што ќе следува нова контрола од ДЗСИ.

Издадено е решение за да се преземат следните мерки – здравствени услуги на Клиниката да се укажуваат од здравствени работници и соработници кои имаат важечки договори, здравствени услуги да се укажуваат од здравствени работници кои имаат соодветно образование, согласно закон. Медицинскиот и организацискиот директор да ги извршуваат непречено обврските од самостојна, а особено заедничка надлежност, изјави докторка Рената Младеновска, директорка на ДСЗИ.

Министертвото за здравство и министерот Демири засега воопшто не ги земаат предвид реакциите на поголемиот дел вработените за однесувањето на организациската директорка Бесија Иљази. Тие посочија дека ниту комуницирала бидејќи не знаела македонски, и не почитувала одлуки на стручниот колегиум. На вчерашната прес-конференција зборуваше само на албански јазик, по што новинарите од македонските медиуми ја напуштија салата.

Затоа, пак, беше најавена смена на медицинскиот директор на Токсикологија, доктор Данил Петровски, кој најверојатно ќе одговара зошто 18 лица кои оделе на работа четири месеци не добиле плата, иако ниеден од нив немал важечки договор и немало зошто да доаѓа на клиника.

https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-shto-saka-si-pravi-lekari-od-toksikologija-alarmiraat-za-haos-na-klinikata/

По сите случувања последните месеци, познатиот доктор од Токсикологија, Нико Беќаровски, најави дека ќе ја напушти клиниката.

35 години бев најголем борец за здрав јавен здравствен сектор. Дон Кихот конечно го напушта оклопот. Време е во некоја од приватните болници да се отвори Одделение за детоксикација и клиничка токсикологија. Бројот на консументи на психоактивни супстанции секојдневно расте, напиша кратко на ФБ профилот д-р Беќаровски.

The post Беќаровски си оди, вонредна инспекција покажа дека 11 лица „работеле“ без важечки договор и без соодветно образование на Токсикологија appeared first on Република.

]]>

Единаесет лица незаконски работеле со пациенти и давале здравствени услуги, иако биле без договори за ангажман, а дел од нив и без соодветно образование, покажа вонредниот инспекциски надзор на Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) во Клиниката за токсикологија по добиената претставка од вработени. Станува збор за пет медицински сестри, тројца болничари, двајца биолози и еден лаборант. https://republika.mk/vesti/makedonija/demiri-vo-odbrana-na-organizatsiskata-direktorka-na-toksikologija-toj-rekol-da-ne-se-davaat-izjavi-ama-ne-kazha-dali-mozhe-izjavi-na-albanski/ Клиниката има рок од пет дена за поправање на утврдените недостатоци по што ќе следува нова контрола од ДЗСИ.
Издадено е решение за да се преземат следните мерки – здравствени услуги на Клиниката да се укажуваат од здравствени работници и соработници кои имаат важечки договори, здравствени услуги да се укажуваат од здравствени работници кои имаат соодветно образование, согласно закон. Медицинскиот и организацискиот директор да ги извршуваат непречено обврските од самостојна, а особено заедничка надлежност, изјави докторка Рената Младеновска, директорка на ДСЗИ.
Министертвото за здравство и министерот Демири засега воопшто не ги земаат предвид реакциите на поголемиот дел вработените за однесувањето на организациската директорка Бесија Иљази. Тие посочија дека ниту комуницирала бидејќи не знаела македонски, и не почитувала одлуки на стручниот колегиум. На вчерашната прес-конференција зборуваше само на албански јазик, по што новинарите од македонските медиуми ја напуштија салата. Затоа, пак, беше најавена смена на медицинскиот директор на Токсикологија, доктор Данил Петровски, кој најверојатно ќе одговара зошто 18 лица кои оделе на работа четири месеци не добиле плата, иако ниеден од нив немал важечки договор и немало зошто да доаѓа на клиника. https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-shto-saka-si-pravi-lekari-od-toksikologija-alarmiraat-za-haos-na-klinikata/ По сите случувања последните месеци, познатиот доктор од Токсикологија, Нико Беќаровски, најави дека ќе ја напушти клиниката.
35 години бев најголем борец за здрав јавен здравствен сектор. Дон Кихот конечно го напушта оклопот. Време е во некоја од приватните болници да се отвори Одделение за детоксикација и клиничка токсикологија. Бројот на консументи на психоактивни супстанции секојдневно расте, напиша кратко на ФБ профилот д-р Беќаровски.

The post Беќаровски си оди, вонредна инспекција покажа дека 11 лица „работеле“ без важечки договор и без соодветно образование на Токсикологија appeared first on Република.

]]>
Д-р Беќаровски: Ако името Западен Балкан Ви звучи погрдно, ЗаГаден Балкан е 100% точно https://republika.mk/vesti/d-r-bekarovski-ako-imeto-zapaden-balkan-vi-zvuchi-pogrdno-zagaden-balkan-e-100-tochno/ Thu, 18 Apr 2024 07:28:09 +0000 https://republika.mk/?p=767362

Ако името Западен Балкан Ви звучи погрдно, ЗаГаден Балкан е 100% точно, пишува д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, споделувајќи ја листата на 20 најзагадени држави во Европа, на која Македонија е на второ место по концентрација на ПМ 2,5 честички во воздухот.

А ние „пресреќни“ со сребрен медал на и отров во градите, коментира д-р Беќаровски.

The post Д-р Беќаровски: Ако името Западен Балкан Ви звучи погрдно, ЗаГаден Балкан е 100% точно appeared first on Република.

Д-р Беќаровски со детално објаснување што значи примени три дози ДиТеПер вакцини во последните шест месеци https://republika.mk/zivot/zdravje/d-r-bekarovski-so-detalno-objasnuvane-shto-znachi-primeni-tri-dozi-diteper-vaktsini-vo-poslednite-shest-mesetsi/ Fri, 15 Mar 2024 09:34:12 +0000 https://republika.mk/?p=755072

Д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија детално ја објасни целата ситуација со вакцинацијата против ДиТеПер.

Според него, наједноставен пример е првата доза ако е примена во септември 2023 година, втора доза во ноември 2023 и трета доза во јануари 2024.

Од утре ќе може да го однесете детето во градинка, бидејќи ќе има привремен солиден имунитет, но ќе мора во јули да прими ревакцина.

Сите кои ги примиле првите три дози пред октомври 2023 ќе мора да примат ревакцина, за да обезбедат солиден имунитет и не може без ревакцината да одат во градинките.

Сите кои ги немаат примено трите дози, ќе мора да ги примат трите дози во растојание од 2 месеци, за да може да тргнат во градинка, објаснува докторот.

Деца кои се вакцинирани со трета доза ДиТеПер во последните шест месеци може да одат во градинка, реши Комисијата за заразни болести. Задолжително е во следните шест месеци да се изврши и ревакцината, соопшти вчера претседателот на Комисијата проф. д-р Александар Петличковски.

Заклучно со 7 март во Македонија се регистрирани вкупно 173 случаи на голема кашлица, најмногу од Скопје – 151.

Заболените лица се на возраст 1 месец до 70 години. Најголем број заболени се деца на возраст до 4 години, односно 27 случаи припаѓаат на возрасната група под 1 година, а 22 се деца на возраст од 1 до 4 години, а во возрасната група 10-14 години се пријавени 43 случаи, според извештајот на Институтот за јавно здравје кој се објавува секој петок.

The post Д-р Беќаровски со детално објаснување што значи примени три дози ДиТеПер вакцини во последните шест месеци appeared first on Република.

]]>

Д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија детално ја објасни целата ситуација со вакцинацијата против ДиТеПер. Според него, наједноставен пример е првата доза ако е примена во септември 2023 година, втора доза во ноември 2023 и трета доза во јануари 2024.
Од утре ќе може да го однесете детето во градинка, бидејќи ќе има привремен солиден имунитет, но ќе мора во јули да прими ревакцина.
Сите кои ги примиле првите три дози пред октомври 2023 ќе мора да примат ревакцина, за да обезбедат солиден имунитет и не може без ревакцината да одат во градинките.
Сите кои ги немаат примено трите дози, ќе мора да ги примат трите дози во растојание од 2 месеци, за да може да тргнат во градинка, објаснува докторот.
Деца кои се вакцинирани со трета доза ДиТеПер во последните шест месеци може да одат во градинка, реши Комисијата за заразни болести. Задолжително е во следните шест месеци да се изврши и ревакцината, соопшти вчера претседателот на Комисијата проф. д-р Александар Петличковски. Заклучно со 7 март во Македонија се регистрирани вкупно 173 случаи на голема кашлица, најмногу од Скопје – 151. Заболените лица се на возраст 1 месец до 70 години. Најголем број заболени се деца на возраст до 4 години, односно 27 случаи припаѓаат на возрасната група под 1 година, а 22 се деца на возраст од 1 до 4 години, а во возрасната група 10-14 години се пријавени 43 случаи, според извештајот на Институтот за јавно здравје кој се објавува секој петок.  

The post Д-р Беќаровски со детално објаснување што значи примени три дози ДиТеПер вакцини во последните шест месеци appeared first on Република.

]]>
Д-р Беќаровски откри што е најдобрата работа со елката на плоштад https://republika.mk/vesti/skopje/d-r-bekarovski-otkri-shto-e-najdobrata-rabota-so-elkata-na-ploshtad/ Thu, 21 Dec 2023 08:15:46 +0000 https://republika.mk/?p=725099

Добро што елката не ги мами децата да прошетаат до плоштад, вели д-р Нико Беќаровски, од Универзитетската клиника за токсикологија, укажувајќи на загаденоста на воздухот вчеравечер и на опасноста на која се изложени децата поради високото ниво на ПМ10 честичките.

Секое лошо, за добро е, додава тој во објава на социјалните мрежи, споделувајќи фотографија од мерење направено пред неколку часа.

Скопската градоначалничка Данела Арсовска вчера се најде навредена на пишувања дека градот е загаден. Преку својата прес-служба не само што негираше дека воздухот во главниот град е опасно загаден, туку и рече дека сите вести кои се пласираат во медиумите за загаденоста ги пишуваат „партиски војници“ по нарачка од „политички кујни“.

https://republika.mk/vesti/skopje/nokva-nezdravo-i-opasno-e-disheneto-vo-skopje-pa-duri-i-spored-merkite-po-koi-se-vodi-arsovska/

The post Д-р Беќаровски откри што е најдобрата работа со елката на плоштад appeared first on Република.

]]>

Добро што елката не ги мами децата да прошетаат до плоштад, вели д-р Нико Беќаровски, од Универзитетската клиника за токсикологија, укажувајќи на загаденоста на воздухот вчеравечер и на опасноста на која се изложени децата поради високото ниво на ПМ10 честичките.
Секое лошо, за добро е, додава тој во објава на социјалните мрежи, споделувајќи фотографија од мерење направено пред неколку часа.
Скопската градоначалничка Данела Арсовска вчера се најде навредена на пишувања дека градот е загаден. Преку својата прес-служба не само што негираше дека воздухот во главниот град е опасно загаден, туку и рече дека сите вести кои се пласираат во медиумите за загаденоста ги пишуваат „партиски војници“ по нарачка од „политички кујни“. https://republika.mk/vesti/skopje/nokva-nezdravo-i-opasno-e-disheneto-vo-skopje-pa-duri-i-spored-merkite-po-koi-se-vodi-arsovska/

The post Д-р Беќаровски откри што е најдобрата работа со елката на плоштад appeared first on Република.

]]>
Д-р Беќаровски: Прво вратете ѝм ја вербата и надежта на скопјани, за да може лампионите да го „греат“ градот https://republika.mk/vesti/skopje/d-r-bekarovski-prvo-vratete-m-ja-verbata-i-nadezhta-na-skopjani-za-da-mozhe-lampionite-da-go-great-gradot/ Mon, 11 Dec 2023 18:36:27 +0000 https://republika.mk/?p=721882

Се ближи средината од месец декември, а граѓаните масовно зборуваат за пречекот на Новата година, но и за фактот дека мал број градови во земјата имаат новогодишно украсување.

Ова создава дополнителен револт кај граѓаните, посебно кај жителите на метрополата кои бараат украсување како во сите големи градови во околината и Европа.

На оваа тема се осврна и истакнатиот доктор Нико Беќаровски, кој укажува дека „за предновогодишна атмосфера потребни се насмеани и среќни граѓани, а не само накитени лампиони“.

Атмосферата во европските метрополи ја создаваат ведрите лица на граѓаните кои веруваат во подобро утре.

Колку и да го украсите Скопје, без да ги уверите граѓаните во подобра иднина, нема да ја доловите магијата на предновогодишните денови.

Еден градоначалник веќе се обиде со стиропор да го направи Скопје европска метропола, но не успеа.

Додека не се врати насмевката на лицата на сите скопјани, Скопје ќе остане касаба, заглавена во крајот на 19. век, без оглед на сите шарени лампиони и светилки.

И најубаво накитената новогодишна елка без раздраган детски џагор, е само декоративен објект.

Затоа прво вратете ѝм ја вербата и надежта на Скопјаните, за да може лампионите да го "греат" градот и да го вратат сјајот на предновогодишната еуфорија - напиша Беќаровски на Фејсбук.

The post Д-р Беќаровски: Прво вратете ѝм ја вербата и надежта на скопјани, за да може лампионите да го „греат“ градот appeared first on Република.

]]>

Се ближи средината од месец декември, а граѓаните масовно зборуваат за пречекот на Новата година, но и за фактот дека мал број градови во земјата имаат новогодишно украсување. Ова создава дополнителен револт кај граѓаните, посебно кај жителите на метрополата кои бараат украсување како во сите големи градови во околината и Европа. На оваа тема се осврна и истакнатиот доктор Нико Беќаровски, кој укажува дека „за предновогодишна атмосфера потребни се насмеани и среќни граѓани, а не само накитени лампиони“.
Атмосферата во европските метрополи ја создаваат ведрите лица на граѓаните кои веруваат во подобро утре.   Колку и да го украсите Скопје, без да ги уверите граѓаните во подобра иднина, нема да ја доловите магијата на предновогодишните денови.   Еден градоначалник веќе се обиде со стиропор да го направи Скопје европска метропола, но не успеа.   Додека не се врати насмевката на лицата на сите скопјани, Скопје ќе остане касаба, заглавена во крајот на 19. век, без оглед на сите шарени лампиони и светилки.   И најубаво накитената новогодишна елка без раздраган детски џагор, е само декоративен објект.   Затоа прво вратете ѝм ја вербата и надежта на Скопјаните, за да може лампионите да го "греат" градот и да го вратат сјајот на предновогодишната еуфорија - напиша Беќаровски на Фејсбук.

The post Д-р Беќаровски: Прво вратете ѝм ја вербата и надежта на скопјани, за да може лампионите да го „греат“ градот appeared first on Република.

]]>
Д-р Беќаровски објави порака од роднина на починатото 24-годишно момче, според него ова ја објаснува сепсата https://republika.mk/zivot/zdravje/d-r-bekarovski-objavi-poraka-od-rodnina-na-pochinatoto-24-godishno-momche-spored-nego-ova-ja-objasnuva-sepsata/ Fri, 29 Sep 2023 18:31:53 +0000 https://republika.mk/?p=686478

Доктор Нико Беќаровски на Фејсбук објави порака за која вели дека му пристигнала нему лично, а е поврзана со смртта на 24-годишно момче кое почина завчера во битолската болница. Пораката, пишува Беќаровски, ја објаснува причината за сепсата и подоцнежниот развој на иреверзибилната дисеминирана интраваскуларна коагулација. Според докторот, грешката воопшто не е кај дежурните лекари и колегите од битолските интерни одделенија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/24-godishno-momche-pochinalo-vo-bolnitsata-vo-bitola-po-sedum-dena-visoka-temperatura/

Пораката е од наводен роднина на момчето, кој вели дека семејството се сомнева поради што дошло до тој голем инфект кај момчето.

Почитуван докторе, мене детето што почина ми е близок роднина, би сакала да ви кажам како дојде до тој ГОЛЕМ ИНФЕКТ на што ние се сомневаме. Имено детето по кое сега ни гори душата пред три недели имаше мал хирушки, ако можам да го наречам зафат, не знам ни како да го наречам или интервенција на Ортопедија бидејќи во јуни месец се повреди со некоја сајла по грбот и имаше рана за која не отиде на лекар бидејќи изгледаше површинска исекотина. Пред неполни три недели детето во туширање со допир осетил дека нешто има на повреденото место како некое страно тело кое не го боли само на допир се осеќа. Во истиот момент оти на болница го упатуваат на ортопедија му објаснува таму за случајот и тие му велат сега е касно дојди утре ќе направиме ренген и ќе видиме што имаш. Другиот ден детето оди таму прави ренген и на него се гледа метален предмет, односо беше парче железо. Му го вадат железото одма и го прашува докторот кога имас последен пат ставено тетанус? Тој му одговара ревакцинација на 18 години. Докторот му вели добро ко така нека потреба од нова доза и на толку длабока рана не го шие само му вели ела другиот ден на преврска другиот ден оди ама нема кој да го види нема доктор само сестрата го преврзува и тое е тое. Е тука јас се сомневам тука е лекарската греска, се вели во пораката.

The post Д-р Беќаровски објави порака од роднина на починатото 24-годишно момче, според него ова ја објаснува сепсата appeared first on Република.

]]>

Доктор Нико Беќаровски на Фејсбук објави порака за која вели дека му пристигнала нему лично, а е поврзана со смртта на 24-годишно момче кое почина завчера во битолската болница. Пораката, пишува Беќаровски, ја објаснува причината за сепсата и подоцнежниот развој на иреверзибилната дисеминирана интраваскуларна коагулација. Според докторот, грешката воопшто не е кај дежурните лекари и колегите од битолските интерни одделенија. https://republika.mk/vesti/makedonija/24-godishno-momche-pochinalo-vo-bolnitsata-vo-bitola-po-sedum-dena-visoka-temperatura/ Пораката е од наводен роднина на момчето, кој вели дека семејството се сомнева поради што дошло до тој голем инфект кај момчето.
Почитуван докторе, мене детето што почина ми е близок роднина, би сакала да ви кажам како дојде до тој ГОЛЕМ ИНФЕКТ на што ние се сомневаме. Имено детето по кое сега ни гори душата пред три недели имаше мал хирушки, ако можам да го наречам зафат, не знам ни како да го наречам или интервенција на Ортопедија бидејќи во јуни месец се повреди со некоја сајла по грбот и имаше рана за која не отиде на лекар бидејќи изгледаше површинска исекотина. Пред неполни три недели детето во туширање со допир осетил дека нешто има на повреденото место како некое страно тело кое не го боли само на допир се осеќа. Во истиот момент оти на болница го упатуваат на ортопедија му објаснува таму за случајот и тие му велат сега е касно дојди утре ќе направиме ренген и ќе видиме што имаш. Другиот ден детето оди таму прави ренген и на него се гледа метален предмет, односо беше парче железо. Му го вадат железото одма и го прашува докторот кога имас последен пат ставено тетанус? Тој му одговара ревакцинација на 18 години. Докторот му вели добро ко така нека потреба од нова доза и на толку длабока рана не го шие само му вели ела другиот ден на преврска другиот ден оди ама нема кој да го види нема доктор само сестрата го преврзува и тое е тое. Е тука јас се сомневам тука е лекарската греска, се вели во пораката.

The post Д-р Беќаровски објави порака од роднина на починатото 24-годишно момче, според него ова ја објаснува сепсата appeared first on Република.

]]>
Д-р Беќаровски: Како само можевте да ги гледате во очи, знаејќи дека ги убивате? https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-bekarovski-kako-samo-mozhevte-da-gi-gledate-vo-ochi-znaejki-deka-gi-ubivate/ Sun, 03 Sep 2023 18:16:49 +0000 https://republika.mk/?p=678451

Како само можевте да ги гледате во очи, знаејќи дека ги убивате, прашува д-р Нико Беќаровски за групата монструми „затскриена во бели мантили“, по веста на крадењето и заменувањето на лекови за пациентите од Клиниката за онкологија.

Секојдневно неколку пациенти од Онкологија, доаѓаат на ехо преглед во нашиот ехотомографски кабинет.
Исплашени, многу често и исцрпени од болеста, со страв го следат секој мој поглед, како да сакаат да прочитаат дали нивниот наод е уреден.
Секој пациент од Онкологија ме растревожува уште пред да ја земам сондата во рака. Се плашат тие, но се плашам и јас од тоа што ќе го видам.
Секоја нивна зголемена жлезда, нова метастаза, секоја новооткриена течност во стомакот, ми го прави денот тажен, а толку често тоа се млади личности кои штотуку зачекориле во светот на возрасните.
А НЕКОЈА ОРГАНИЗИРАНА ГРУПА НА МОНСТРУМИ, ЗАТСКРИЕНА ВО БЕЛИ МАНТИЛИ, ИМ ГИ КРАДЕ МИЛИГРАМИТЕ КОИ ЖИВОТ ЗНАЧАТ.
Како само можевте да ги гледате во очи, знаејќи дека ги убивате ???, прашува докторот од Токсикологија.

The post Д-р Беќаровски: Како само можевте да ги гледате во очи, знаејќи дека ги убивате? appeared first on Република.

]]>

Како само можевте да ги гледате во очи, знаејќи дека ги убивате, прашува д-р Нико Беќаровски за групата монструми „затскриена во бели мантили“, по веста на крадењето и заменувањето на лекови за пациентите од Клиниката за онкологија.
Секојдневно неколку пациенти од Онкологија, доаѓаат на ехо преглед во нашиот ехотомографски кабинет. Исплашени, многу често и исцрпени од болеста, со страв го следат секој мој поглед, како да сакаат да прочитаат дали нивниот наод е уреден. Секој пациент од Онкологија ме растревожува уште пред да ја земам сондата во рака. Се плашат тие, но се плашам и јас од тоа што ќе го видам. Секоја нивна зголемена жлезда, нова метастаза, секоја новооткриена течност во стомакот, ми го прави денот тажен, а толку често тоа се млади личности кои штотуку зачекориле во светот на возрасните. А НЕКОЈА ОРГАНИЗИРАНА ГРУПА НА МОНСТРУМИ, ЗАТСКРИЕНА ВО БЕЛИ МАНТИЛИ, ИМ ГИ КРАДЕ МИЛИГРАМИТЕ КОИ ЖИВОТ ЗНАЧАТ. Како само можевте да ги гледате во очи, знаејќи дека ги убивате ???, прашува докторот од Токсикологија.

The post Д-р Беќаровски: Како само можевте да ги гледате во очи, знаејќи дека ги убивате? appeared first on Република.

]]>
Д-р Беќаровски: Специјализантите дежураат без пари, а има сестри што не знаат ни игла да стават https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-bekarovski-spetsijalizantite-dezhuraat-bez-pari-a-ima-sestri-shto-ne-znaat-ni-igla-da-stavat/ Thu, 03 Aug 2023 14:29:46 +0000 https://republika.mk/?p=668315

Најголем дел од специјализантите дежураат без пари, нивните права треба да бидат регулирани, изјави денеска на прес-конференција во просториите на Синдикатот на Клинички центар, доктор Нико Беќаровски.

Тој ги повика сите специјализанти да се приклучат во работата на Синдикатот.

За нив ќе биде обезбедена и посебна единица и како синдикално раководство, заедно со лекарскиот одбор, ќе се погрижиме во следните преговори да се вклучат и правата на специјализантите. Како што знаете во моментов специјализантите, најголем дел од нив, дежураат без пари, завршуваат голем дел од работата во рамките на Клиничкиот центар. Така што, вака синдикално организирани во следните преговори ќе настапиме конечно да се регулира и нивното право. Во рамките на специјализантите секако дека треба да се избориме и за нивното право на соодветен надомест за одвоен живот, услови за сместување, сите знаеме, барем тие што сме во оваа лекарска фела дека во секоја нормална држава постојат специјални домови во кои што специјализантите се сместени по многу пристојни цени, а да не треба самите да бараат сместување, појасни Беќаровски.

Тој кажа дека се дискутирало и околу приватните специјализации.

Не постои држава во Европа каде што постојат приватни специјализации, без да се знае за кого специјализираат. Тоа е наша уникатна пракса за што надвор ни се смеат, со оглед дека тежнееме кон Европската Унија, мислиме дека е крајно време дел од практиките што се применуваат таму, да бидат и кај нас. Значи, ќе може да специјализира тој што има потреба, јавна установа, приватна установа, меѓутоа секогаш да се знае кој стои зад тоа, додаде тој.

Според Беќаровски, од „вечерни школи“, резултатот е неквалитетен кадар.

Секој најдобро знае каков персонал му фали. Во моментов се случува од денеска да добиеме писмо дека овој е прераспределен кај вас, овој е тргнат од кај вас. Со ваков начин, квалитет нема. Верувајте, има сестри коишто не знаат да ја стават иглата на шприцот. Таква сестра не може да работи на Клинички центар. Не би требало да работи ни на друго место. Се дисперзираа, секаде се отворија школи, се завршуваат вечерни школи, од таму произлегоа неквалитети, смета Беќаровски.

Тој додаде дека огромен е револтот на докторите, затоа што цела одговорност ја носат самите тие.

Во сите овие случаи што беа актуелни, никој не праша дали сестрите дале соодветна терапија, дали болничарот ја однел крвта како што треба и така натаму. Ако нема професионализација, вакви грешки ќе се повторуваат и понатаму, појасни тој, додавајќи дека има клиники што доколку волонтерите се одлучат да ги напуштат, нема да функционираат.

На приватните специјализации се осврна и претседателот на Синдикатот на Клинички центар, Предраг Серафимовски.

Само кај нас постои приватна специјализација. Таа некаде е пет, некаде шест години. За тие пет години, специјализантите добиваат околу 26.000 или 28.000 денари, а таа специјализација, на пример, чини 10.000 евра. За тие пет години, тие може да земат и 15.000, 20.000 евра. Меѓутоа, каде одат тие специјализанти, кога ќе станат специјалисти? Што бенефит има јавното здравство од нив, од тие специјализации, кога тие не можат да најдат ни вработување во јавно здравство, значи се трошат пари за нивното усовршување, а никој не гледа бенефит, смета Серафимовски.

Тој додаде дека вработувањата треба конечно да не бидат „партиски, национално обоени“.

Ако некој човек вреди, ако има коефициент, просек на успех, нека се вработи таму каде што треба. И не може да се бараат специјализации да се добиваат по желба. Ова не е желботека. Тука и деканатот треба да поработи малку на тие работи. Мора однапред 10, 15 години минимум, да знаат каде недостасува неврохирург, каде недостасува ортопед, каде недостасува токсиколог... и таму да се насочи, да се вработи студентот кој е со добар успех, да му се даде работа, да му се даде можност да специјализира, подвлече Серафимовски.

The post Д-р Беќаровски: Специјализантите дежураат без пари, а има сестри што не знаат ни игла да стават appeared first on Република.

]]>

Најголем дел од специјализантите дежураат без пари, нивните права треба да бидат регулирани, изјави денеска на прес-конференција во просториите на Синдикатот на Клинички центар, доктор Нико Беќаровски. Тој ги повика сите специјализанти да се приклучат во работата на Синдикатот.

Раководители на клиниките да бидат луѓе со минимум 20 години искуство, бара д-р Беќаровски https://republika.mk/vesti/makedonija/rakovoditeli-na-klinikite-da-bidat-luge-so-minimum-20-godini-iskustvo-bara-d-r-bekarovski/ Thu, 03 Aug 2023 12:35:45 +0000 https://republika.mk/?p=668290

Директорот на Клинички центар да го бира Владата, но раководители да бидат вработени на клиниката со минимум 20 години искуство, истакна денеска на прес-конференција доктор Нико Беќаровски, член на Иницијативниот одбор за формирање синдикат, кој се спои со синдикатот на Клиничкиот центар во докторски одбор „Хипократ“.

Иницијативниот одбор ја поздравува идејата за спојување на Клинички центар, тоа беше една од нашите заложби. Меѓутоа, од друга страна, спојувањето треба да значи и професионализација на клиниките. Што подразбираме под тоа? Директорот на Клинички центар, да, може, нека го бира Владата, меѓутоа раководителите на клиниките исклучиво да се бираат од редот на вработените на клиниката со минимум 20 години искуство да бидат специјалистичко, пожелно би било секако да бидат од редот на професорите коишто се на таа клиника. Ние направивме една груба проценка дека само по основ на втор директор којшто постои моментално во клиниките и по основ на управни одбори, годишно околу милион и сто илјади евра се неповратно фрлени без никаква конкретна импликација, освен што служи за вработување на кадри, нагласи Беќаровски.

Според Беќаровски, од „вечерни школи“, резултатот е неквалитетен кадар.

Секој најдобро знае каков персонал му фали. Во моментов се случува од денеска да добиеме писмо дека овој е прераспределен кај вас, овој е тргнат од кај вас. Со ваков начин, квалитет нема. Верувајте, има сестри коишто не знаат да ја стават иглата на шприцот. Таква сестра не може да работи на Клинички центар. Не би требало да работи ни на друго место. Се дисперзираа, секаде се отворија школи, се завршуваат вечерни школи, од таму произлегоа неквалитети, смета Беќаровски.

Тој додаде дека огромен е револтот на докторите, затоа што цела одговорност ја носат самите тие.

Во сите овие случаи што беа актуелни, никој не праша дали сестрите дале соодветна терапија, дали болничарот ја однел крвта како што треба и така натаму. Ако нема професионализација, вакви грешки ќе се повторуваат и понатаму, појасни тој, додавајќи дека има клиники што доколку волонтерите се одлучат да ги напуштат, нема да функционираат.

Нивниот краен рок за спојување на Клиничкиот центар е 31 декември.

Претседателот на Синдикатот на Клинички центар, Предраг Серафимовски рече дека се согласиле јавно да дадат поддршка на министерот за здравство, Фатмир Меџити, за што побрзо да се врати институцијата Клинички центар со еден директор и еден управен одбор.

Во вторникот на прес-конференција, Меџити, одговарајќи на новинарско прашање за укинувањето на организациските директори во клиниките, потсети дека врши притисок, тоа да биде реалност од 1 јануари 2024 година, доколку може да се постигне.

The post Раководители на клиниките да бидат луѓе со минимум 20 години искуство, бара д-р Беќаровски appeared first on Република.

]]>

Директорот на Клинички центар да го бира Владата, но раководители да бидат вработени на клиниката со минимум 20 години искуство, истакна денеска на прес-конференција доктор Нико Беќаровски, член на Иницијативниот одбор за формирање синдикат, кој се спои со синдикатот на Клиничкиот центар во докторски одбор „Хипократ“.
Иницијативниот одбор ја поздравува идејата за спојување на Клинички центар, тоа беше една од нашите заложби. Меѓутоа, од друга страна, спојувањето треба да значи и професионализација на клиниките. Што подразбираме под тоа? Директорот на Клинички центар, да, може, нека го бира Владата, меѓутоа раководителите на клиниките исклучиво да се бираат од редот на вработените на клиниката со минимум 20 години искуство да бидат специјалистичко, пожелно би било секако да бидат од редот на професорите коишто се на таа клиника. Ние направивме една груба проценка дека само по основ на втор директор којшто постои моментално во клиниките и по основ на управни одбори, годишно околу милион и сто илјади евра се неповратно фрлени без никаква конкретна импликација, освен што служи за вработување на кадри, нагласи Беќаровски.
Според Беќаровски, од „вечерни школи“, резултатот е неквалитетен кадар.
Секој најдобро знае каков персонал му фали. Во моментов се случува од денеска да добиеме писмо дека овој е прераспределен кај вас, овој е тргнат од кај вас. Со ваков начин, квалитет нема. Верувајте, има сестри коишто не знаат да ја стават иглата на шприцот. Таква сестра не може да работи на Клинички центар. Не би требало да работи ни на друго место. Се дисперзираа, секаде се отворија школи, се завршуваат вечерни школи, од таму произлегоа неквалитети, смета Беќаровски.
Тој додаде дека огромен е револтот на докторите, затоа што цела одговорност ја носат самите тие.
Во сите овие случаи што беа актуелни, никој не праша дали сестрите дале соодветна терапија, дали болничарот ја однел крвта како што треба и така натаму. Ако нема професионализација, вакви грешки ќе се повторуваат и понатаму, појасни тој, додавајќи дека има клиники што доколку волонтерите се одлучат да ги напуштат, нема да функционираат.
Нивниот краен рок за спојување на Клиничкиот центар е 31 декември. Претседателот на Синдикатот на Клинички центар, Предраг Серафимовски рече дека се согласиле јавно да дадат поддршка на министерот за здравство, Фатмир Меџити, за што побрзо да се врати институцијата Клинички центар со еден директор и еден управен одбор. Во вторникот на прес-конференција, Меџити, одговарајќи на новинарско прашање за укинувањето на организациските директори во клиниките, потсети дека врши притисок, тоа да биде реалност од 1 јануари 2024 година, доколку може да се постигне.

The post Раководители на клиниките да бидат луѓе со минимум 20 години искуство, бара д-р Беќаровски appeared first on Република.

]]>
Беќаровски: Порано медицинските сестри знаеја колку доктори, а сега не знаат ни генерички имиња на лекови https://republika.mk/zivot/zdravje/bekarovski-porano-meditsinskite-sestri-znaeja-kolku-doktori-a-sega-ne-znaat-ni-generichki-imina-na-lekovi/ Thu, 29 Jun 2023 19:49:40 +0000 https://republika.mk/?p=656664

Во 2017 година Клиничкиот центар функционираше како една единка. Потоа беше донесена одлука да се подели на клиники. Со тоа се зголемија немедицинските трошоци - директори, членови на одбори, набавки кои се вршат на помали количини за секоја клиника за себе итн. Обединувањето на Клинички центар има оправданост. Но, единствена фунција да биде директор на Клинички центар и раководител на секоја од клиниките кој ќе биде избран од самите вработени, а не именуван од страна, вели проф. д-р Нико Беќаровски од Клиника за токсикологија во СТУДИО 10 на ТВ 24.

Начинот на кој се вработуваше во последните години доведе реномето на Клиничкиот центар да падне. Во Словенија не вработуваат од партиски штабови. И ние ги следиме студентите и знаеме кои се најквалитетни, ама сите што се квалитетни заминуваат, а остануваат само оние кои мислат дека не можат да се снајдат во странство, вели Беќаровски додавајќи дека зборува за скопскиот Медицински факултет каде што работи и за каде смета дека 10-15 отсто од студентите се квалитетни.

Беќаровски вели дека има прекрасни луѓе кои волонтираат, а медицински сестри се вработуваат преку партиски штабови и затоа тонеме. Тој вели дека младите бегаат поради условите каде што одат и апаратура и услови за напредување што кај нас не функционира.

Реално има студенти кои би сакале да останат, но во средина во која можат рамноправно да се натпреваруваат, вели Беќаровски.

За медицинските сестри Беќаровски вели дека во секое село има паралелки за медицински сестри. Порано, вели Беќаровски, медицинските сестри знаеја колку доктори, а сега не знаат ни генерички имиња на лекови, немаат пракса за време на школувањето, а од нив зависи безбедноста на пациентот.

The post Беќаровски: Порано медицинските сестри знаеја колку доктори, а сега не знаат ни генерички имиња на лекови appeared first on Република.

Д-р Беќаровски за зголемувањето на платите на функционерите: Ајде да го земеме американскиот модел за исплата и во нашето здравство https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-bekarovski-za-zgolemuvaneto-na-platite-na-funktsionerite-ajde-da-go-zememe-amerikanskiot-model-za-isplata-i-vo-nasheto-zdravstvo/ Fri, 07 Apr 2023 05:59:28 +0000 https://republika.mk/?p=628153

Д-р Нико Беќаровски, во јавноста важи за човек кој секогаш искрено и јавно ги пишува своите ставови за разни општествени теми.

Овој пат, д-р Беќаровски реагира за зголемувањето на платите на функционерите.

Бруто платите на американските конгресмени и сенатори се 174.000 $ годишно. Просечната бруто плата исплатена на докторите специјалисти во САД е 234.000 $ годишно за специјалистите по јавно здравје до 554.000 за пластичните хирурзи. Од денес нето платата на македонските парламентарци без патни трошоци, без пресметан стаж, без дневници за патување итн е само 110.000 денари. Ајде да го земеме американскиот модел за исплата и во македонското здравство“, пишува д-р Беќаровски на Фејсбук.

The post Д-р Беќаровски за зголемувањето на платите на функционерите: Ајде да го земеме американскиот модел за исплата и во нашето здравство appeared first on Република.

]]>

Д-р Нико Беќаровски, во јавноста важи за човек кој секогаш искрено и јавно ги пишува своите ставови за разни општествени теми. Овој пат, д-р Беќаровски реагира за зголемувањето на платите на функционерите.
Бруто платите на американските конгресмени и сенатори се 174.000 $ годишно. Просечната бруто плата исплатена на докторите специјалисти во САД е 234.000 $ годишно за специјалистите по јавно здравје до 554.000 за пластичните хирурзи. Од денес нето платата на македонските парламентарци без патни трошоци, без пресметан стаж, без дневници за патување итн е само 110.000 денари. Ајде да го земеме американскиот модел за исплата и во македонското здравство“, пишува д-р Беќаровски на Фејсбук.

The post Д-р Беќаровски за зголемувањето на платите на функционерите: Ајде да го земеме американскиот модел за исплата и во нашето здравство appeared first on Република.

]]>
Д-р Беќаровски: Македонија е рекордер по бројот на труења со киселини https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-bekarovski-makedonija-e-rekorder-po-brojot-na-truena-so-kiselini/ Tue, 28 Mar 2023 15:26:14 +0000 https://republika.mk/?p=624614

Последно во низата на труења, кое ја отвори темата во јавноста, беше случајот со битолчанецот кој наместо вода испи концентрирано средство за садови. Здравствените работници велат дека момчето е во добра состојба и закрепнува но она што загрижува е што во земјава се регистрираат голем број случаи на труење со медикаменти. Сепак алармот се вклучува и на случаите со свесно труење со киселини за што земјава е рекордер во Европа, откри во „Утринска“ на Телма проф. Д-р Нико Беќаровски од Универзитетската клиника за токсикологија.

Најголем дел се сепак труења со медикаменти, пред сè со лекови за смирување, тука доминира „диазепамот“. Но, тоа што би сакал да истакнам, зошто е крајно алармантно, ние сме држава која е рекордер по бројот на труења со киселини. Нема ни една друга држава во Европа што има толку труења со киселини по глава на жител. Зборуваме за свесни труења, како обид за самоубиства. Можете да замислите кој е очајот за да посегнете и да си го одземете животот со корозивно средство, потенцираше Беќаровски.

The post Д-р Беќаровски: Македонија е рекордер по бројот на труења со киселини appeared first on Република.