човекови права Archives - Република https://republika.mk/tema/chovekovi-prava/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Oct 2024 07:54:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png човекови права Archives - Република https://republika.mk/tema/chovekovi-prava/ 32 32 Кипар за првпат стана член на Советот за човекови права на ОН https://republika.mk/vesti/svet/kipar-za-prvpat-stana-chlen-na-sovetot-za-chovekovi-prava-na-on/ Thu, 10 Oct 2024 07:54:33 +0000 https://republika.mk/?p=824995

Кипарскиот претседател Никос Христодулидис, како и шефот на кипарската дипломатија Константинос Комбос изразија задоволство од изборот на Република Кипар за членка на Советот за човекови права на ОН за периодот 2025-2027 година, јави дописничката на МИА од Атина.

Кипар, исто како и Македонија за првпат станаа членки на конкретниот совет, заедно со уште 16 земји по гласањето во Обединетите нации.

Изборот на Кипар, за прв пат, во Советот за човекови права на ОН за 2025-2027 е одличен резултат за нашата земја! Тоа ја покажува почитта и довербата што постои за нашиот Кипар да учествува во важните организации на системот на ОН, напиша Христодулидис на платформата „Х“ и им се заблагодари на земјите членки кои ја поддржаа кипарската кандидатура.

Од Министерството за надворешни работи на Кипар соопштија дека добиле 167 гласа „за“ од 189 земји-членки кои учествувале во гласањето.

Шефот на дипломатијата Константинос Комбос за кипарската новинска агенција ЦНА рече дека е важен успех за земјата.

Уште поважен е фактот што успеавме да бидеме избрани втори во географската група во која учествуваме со голем број гласови, што е особено важно. Собравме 167 гласови од 189 земји-членки кои учествуваа во гласањето. Ова е уште еден доказ дека се проширува нашиот дипломатски хоризонт и нашата цел е државата да биде активна како членка на меѓународната заедница, рече Комбос.

За нови членки на Советот, освен Кипар и Македонија беа избрани и Бенин, Боливија, Колумбија, Чешка, Демократска Република Конго, Етиопија, Гамбија, Исланд, Кенија, Маршалските Острови, Мексико, Катар, Република Кореја, Шпанија, Швајцарија и Тајланд.

The post Кипар за првпат стана член на Советот за човекови права на ОН appeared first on Република.

]]>

Кипарскиот претседател Никос Христодулидис, како и шефот на кипарската дипломатија Константинос Комбос изразија задоволство од изборот на Република Кипар за членка на Советот за човекови права на ОН за периодот 2025-2027 година, јави дописничката на МИА од Атина. Кипар, исто како и Македонија за првпат станаа членки на конкретниот совет, заедно со уште 16 земји по гласањето во Обединетите нации. Изборот на Кипар, за прв пат, во Советот за човекови права на ОН за 2025-2027 е одличен резултат за нашата земја! Тоа ја покажува почитта и довербата што постои за нашиот Кипар да учествува во важните организации на системот на ОН, напиша Христодулидис на платформата „Х“ и им се заблагодари на земјите членки кои ја поддржаа кипарската кандидатура. Од Министерството за надворешни работи на Кипар соопштија дека добиле 167 гласа „за“ од 189 земји-членки кои учествувале во гласањето. Шефот на дипломатијата Константинос Комбос за кипарската новинска агенција ЦНА рече дека е важен успех за земјата. Уште поважен е фактот што успеавме да бидеме избрани втори во географската група во која учествуваме со голем број гласови, што е особено важно. Собравме 167 гласови од 189 земји-членки кои учествуваа во гласањето. Ова е уште еден доказ дека се проширува нашиот дипломатски хоризонт и нашата цел е државата да биде активна како членка на меѓународната заедница, рече Комбос. За нови членки на Советот, освен Кипар и Македонија беа избрани и Бенин, Боливија, Колумбија, Чешка, Демократска Република Конго, Етиопија, Гамбија, Исланд, Кенија, Маршалските Острови, Мексико, Катар, Република Кореја, Шпанија, Швајцарија и Тајланд.

The post Кипар за првпат стана член на Советот за човекови права на ОН appeared first on Република.

]]>
Присилни исчезнувања, тортура и понижувачко постапување: Стејт департментот открил сериозни прекршувања на човековите права во Украина https://republika.mk/vesti/svet/prisilni-ischeznuvana-tortura-i-ponizhuvachko-postapuvane-stejt-departmentot-otkril-seriozni-prekrshuvana-na-chovekovite-prava-vo-ukraina/ Sun, 05 May 2024 12:11:36 +0000 https://republika.mk/?p=774506

Стејт департментот открил случаи на сериозни прекршувања на човековите права во Украина.

Како што е наведено од американската администрација, мачење и киднапирања биле забележани во 2023 година, но украинските власти не презеле ништо во врска со тоа и не ги казниле сторителите.

Постојат веродостојни извештаи за присилни исчезнувања, тортура и сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување, сурови и опасни по живот услови при апсење или притвор, како и сериозни проблеми со независноста на судството“, соопшти Стејт департментот.

Во извештајот се споменува дека во Украина, исто така, е забележано ограничување на слободата на говорот и прогон на новинарите, факти за цензура, како и „сериозна корупција во владата“ и „најлоши форми на експлоатација на малолетници“.

The post Присилни исчезнувања, тортура и понижувачко постапување: Стејт департментот открил сериозни прекршувања на човековите права во Украина appeared first on Република.

]]>

Стејт департментот открил случаи на сериозни прекршувања на човековите права во Украина. Како што е наведено од американската администрација, мачење и киднапирања биле забележани во 2023 година, но украинските власти не презеле ништо во врска со тоа и не ги казниле сторителите.
Постојат веродостојни извештаи за присилни исчезнувања, тортура и сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување, сурови и опасни по живот услови при апсење или притвор, како и сериозни проблеми со независноста на судството“, соопшти Стејт департментот.
Во извештајот се споменува дека во Украина, исто така, е забележано ограничување на слободата на говорот и прогон на новинарите, факти за цензура, како и „сериозна корупција во владата“ и „најлоши форми на експлоатација на малолетници“.

The post Присилни исчезнувања, тортура и понижувачко постапување: Стејт департментот открил сериозни прекршувања на човековите права во Украина appeared first on Република.

]]>
Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Македонија https://republika.mk/vesti/sovetot-za-chovekovi-prava-na-on-ke-rasprava-za-sostojbata-vo-makedonija/ Mon, 29 Apr 2024 10:07:36 +0000 https://republika.mk/?p=772137

Работната група на Универзалниот периодичен преглед (УПП) на Советот за човекови права на Обединетите нации (ОН) на состанок на 2 мај во Женева, ќе ги разгледува по четврти пат податоците за состојбата на човековите права во Македонија, се наведува во денешното соопштение на Канцеларијата на ОН во Скопје.

Македонија е една од 14 држави што треба да бидат прегледани од страна на работната група на УПП, за време на претстојната седница, што ќе се одржи од 29 април до 10 мај. Првиот, вториот и третиот УПП преглед на Македонија беа одржани во мај 2009, јануари 2014, односно јануари 2019 година, пишува во соопштението.

Работната група na УПП се состои од 47 земји-членки на Советот за човекови права, секоја од 193-те земји-членки на ОН може да учествува во прегледот на земјата.

Документите врз што се темелат прегледите се: 1) националниот извештај – информации обезбедени од страна на државата што се разгледува; 2) информации содржани во извештаите на независни експерти за човекови права и групи, познати како специјални процедури, договорни тела за човекови права и други ентитети на ОН; 3) информации обезбедени од други засегнати страни, вклучувајќи ги националните институции за човекови права, регионалните организации и групите за граѓанско општество, се појаснува во соопштението.

УПП е процес што вклучува периодичен преглед на податоците за состојбата на човековите права во сите 193 држави-членки на ОН.

-Од првиот состанок, одржан во април 2008 година, сите 193 држави-членки на ОН беа разгледани трипати. Во текот на четвртиот УПП циклус, државите повторно се очекува да ги објаснат чекорите што ги презеле за да ги имплементираат препораките, добиени за време на нивните претходни прегледи, на чие следење се обврзале, како и да укажат на скорешните случувања во oбласта на човековите права во земјата, се посочува во соопштението.

Делегацијата на Македонија, како што е најавено, ќе биде предводена од министерот за надворешни работи Бујар Османи. Трите претставници на земјата што служат како известувачи – „тројка“, за прегледот на државава се Албанија, Бенин и Финска.

The post Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Македонија appeared first on Република.

]]>

Работната група на Универзалниот периодичен преглед (УПП) на Советот за човекови права на Обединетите нации (ОН) на состанок на 2 мај во Женева, ќе ги разгледува по четврти пат податоците за состојбата на човековите права во Македонија, се наведува во денешното соопштение на Канцеларијата на ОН во Скопје. Македонија е една од 14 држави што треба да бидат прегледани од страна на работната група на УПП, за време на претстојната седница, што ќе се одржи од 29 април до 10 мај. Првиот, вториот и третиот УПП преглед на Македонија беа одржани во мај 2009, јануари 2014, односно јануари 2019 година, пишува во соопштението. Работната група na УПП се состои од 47 земји-членки на Советот за човекови права, секоја од 193-те земји-членки на ОН може да учествува во прегледот на земјата. Документите врз што се темелат прегледите се: 1) националниот извештај – информации обезбедени од страна на државата што се разгледува; 2) информации содржани во извештаите на независни експерти за човекови права и групи, познати како специјални процедури, договорни тела за човекови права и други ентитети на ОН; 3) информации обезбедени од други засегнати страни, вклучувајќи ги националните институции за човекови права, регионалните организации и групите за граѓанско општество, се појаснува во соопштението. УПП е процес што вклучува периодичен преглед на податоците за состојбата на човековите права во сите 193 држави-членки на ОН. -Од првиот состанок, одржан во април 2008 година, сите 193 држави-членки на ОН беа разгледани трипати. Во текот на четвртиот УПП циклус, државите повторно се очекува да ги објаснат чекорите што ги презеле за да ги имплементираат препораките, добиени за време на нивните претходни прегледи, на чие следење се обврзале, како и да укажат на скорешните случувања во oбласта на човековите права во земјата, се посочува во соопштението. Делегацијата на Македонија, како што е најавено, ќе биде предводена од министерот за надворешни работи Бујар Османи. Трите претставници на земјата што служат како известувачи – „тројка“, за прегледот на државава се Албанија, Бенин и Финска.

The post Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Македонија appeared first on Република.

]]>
Oсмани од Женева: Мултилатералната соработка, клучна во остварување на човековите права https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-od-zheneva-multilateralnata-sorabotka-kluchna-vo-ostvaruvane-na-chovekovite-prava/ Tue, 12 Dec 2023 09:36:14 +0000 https://republika.mk/?p=722052

Во рамки на настанот на високо ниво за одбележување на седумдесет и пет години од Универзалната декларација за човекови права, во Обединетите нации во Женева, министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари и низа билатерални средби со шефовите на најзначајните меѓународни организации и агенции: генералните директори на меѓународната организација за миграции и светската здравствена организација, Ејми Поуп и Тедрос Аданом, високиот комесар за човекови права Волкер Турк, како и со високиот комесар за бегалци, Филипо Гранди.

“Мултилатералната соработка се покажа како клучна во остварување на човековите права ширум светот. Токму тоа стана предуслов за успешни комплексни мировни мисии, како што беше неодамнешното успешно извлекување на цивилите од Газа. Во име на Министерството и сите граѓани на Македонија, огромна благодарност за солидарноста, соработка и помошта кога тоа најмногу ни беше потребно, имено при извлекување на нашите државјани од Газа, нивното привремено сместување и примарна здравствена заштита во Египет, по што и нивно упатување кон земјава” рече Османи на средба со директорот на меѓународната организација на миграции, Поуп.

Во својство на Претседавач со ОБСЕ, Османи истакна дека мултилатералните организации имаат значење кога им служат на луѓето, кога се причина за позитивна промена во нивниот живот. Токму оваа беше целта на овогодишното претседавање на Македонија со Организацијата.

“Хуманата димензија беше во фокус на нашето претседавање. Луѓето, без разлика кои се или каде живеат, на сите им требаат истите основни права– мир, безбедност, сигурност и просперитет.” рече Османи.

Теми на разговор беа прилагодувањето на мултилатералните организации кон тековните предизвици на луѓето како и интензивирањето на соработката меѓу организациите во новите геополитички околности.

The post Oсмани од Женева: Мултилатералната соработка, клучна во остварување на човековите права appeared first on Република.

]]>

Во рамки на настанот на високо ниво за одбележување на седумдесет и пет години од Универзалната декларација за човекови права, во Обединетите нации во Женева, министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари и низа билатерални средби со шефовите на најзначајните меѓународни организации и агенции: генералните директори на меѓународната организација за миграции и светската здравствена организација, Ејми Поуп и Тедрос Аданом, високиот комесар за човекови права Волкер Турк, како и со високиот комесар за бегалци, Филипо Гранди.   “Мултилатералната соработка се покажа како клучна во остварување на човековите права ширум светот. Токму тоа стана предуслов за успешни комплексни мировни мисии, како што беше неодамнешното успешно извлекување на цивилите од Газа. Во име на Министерството и сите граѓани на Македонија, огромна благодарност за солидарноста, соработка и помошта кога тоа најмногу ни беше потребно, имено при извлекување на нашите државјани од Газа, нивното привремено сместување и примарна здравствена заштита во Египет, по што и нивно упатување кон земјава” рече Османи на средба со директорот на меѓународната организација на миграции, Поуп.   Во својство на Претседавач со ОБСЕ, Османи истакна дека мултилатералните организации имаат значење кога им служат на луѓето, кога се причина за позитивна промена во нивниот живот. Токму оваа беше целта на овогодишното претседавање на Македонија со Организацијата.   “Хуманата димензија беше во фокус на нашето претседавање. Луѓето, без разлика кои се или каде живеат, на сите им требаат истите основни права– мир, безбедност, сигурност и просперитет.” рече Османи.   Теми на разговор беа прилагодувањето на мултилатералните организации кон тековните предизвици на луѓето како и интензивирањето на соработката меѓу организациите во новите геополитички околности.

The post Oсмани од Женева: Мултилатералната соработка, клучна во остварување на човековите права appeared first on Република.

]]>
Откако Америка ја блокираше резолуцијата за примирје во Газа, Блинкен порача дека САД уште еднаш ја истакнуваат длабоката заложба за заштитата на чoвековите права https://republika.mk/vesti/svet/otkako-amerika-ja-blokirashe-rezolutsijata-za-primirje-vo-gaza-blinken-poracha-deka-sad-ushte-ednash-ja-istaknuvaat-dlabokata-zalozhba-za-zashtitata-na-chovekovite-prava/ Mon, 11 Dec 2023 20:06:30 +0000 https://republika.mk/?p=721901

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, по повод Денот на човековите права, односно денот кога беше усвоена Универзалната декларација за човекови права (УДХР), на Твитер напиша дека „човековите права им припаѓаат на сите, тие се универзални, недвоиви и меѓузависни“.

Денеска, кога одбележуваме 75 години од Универзалната декларација за човекови права, САД повторно ја истакнуваат својата длабока заложба за заштита на човековите права, и за повикување на одговорост на нејзините нарушители.

Живееме според принципот дека сите луѓе се родени слободни и еднакви со вродени човекови права. Тој принцип, производ на далекугледоста и понизноста на тие кои беа пред нас, беше вграден пред 75 години од Генералната собрание на ОН, кога тоа ја усвои Универзалната декларација за човекови права.

УДХР сега е прифатена од речиси сите земји во светот и укажува дека човековите права мора да бидат заштитени униврерзално и задава општи стандарди за слободата и достоинството на сите луѓе“, напиша Блинкен.

The post Откако Америка ја блокираше резолуцијата за примирје во Газа, Блинкен порача дека САД уште еднаш ја истакнуваат длабоката заложба за заштитата на чoвековите права appeared first on Република.

]]>

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, по повод Денот на човековите права, односно денот кога беше усвоена Универзалната декларација за човекови права (УДХР), на Твитер напиша дека „човековите права им припаѓаат на сите, тие се универзални, недвоиви и меѓузависни“.
Денеска, кога одбележуваме 75 години од Универзалната декларација за човекови права, САД повторно ја истакнуваат својата длабока заложба за заштита на човековите права, и за повикување на одговорост на нејзините нарушители.   Живееме според принципот дека сите луѓе се родени слободни и еднакви со вродени човекови права. Тој принцип, производ на далекугледоста и понизноста на тие кои беа пред нас, беше вграден пред 75 години од Генералната собрание на ОН, кога тоа ја усвои Универзалната декларација за човекови права.   УДХР сега е прифатена од речиси сите земји во светот и укажува дека човековите права мора да бидат заштитени униврерзално и задава општи стандарди за слободата и достоинството на сите луѓе“, напиша Блинкен.

The post Откако Америка ја блокираше резолуцијата за примирје во Газа, Блинкен порача дека САД уште еднаш ја истакнуваат длабоката заложба за заштитата на чoвековите права appeared first on Република.

]]>
Цветановска: Загрижувачка состојбата со човековите права, предничи повредата на правото за судење во разумен рок https://republika.mk/vesti/makedonija/tsvetanovska-zagrizhuvachka-sostojbata-so-chovekovite-prava-prednichi-povredata-na-pravoto-za-sudene-vo-razumen-rok/ Sun, 10 Dec 2023 19:45:51 +0000 https://republika.mk/?p=721551

Повредата на правото на судење во разумен рок предничи во прекршување на човековите права, но има и низа други што произлегуваат од Конвенцијата за заштита на човековите права, смета Александра Цветановска, претседателка на Македонско здружение на млади правници.

Таа оценува дека состојбата со човековите права во однос на нивната заштита, како во светот, така и во Македонија е загрижувачка.

- Кај нас апсолутно предничи повредата на правото на судење во разумен рок, како и низа други права... Ние имаме прекршување на човековите права и тоа е нотирано во повеќе извештаи. За тоа доволно зборува и пресудите што ги добива Македонија кои се однесуваат на повреда за Конвенцијата за заштита на човековите права од страна на Европскиот суд за човековите права. Имаме прекршувања во повеќе сегменти во областите. Дополнително, постои и недоверба во институциите во однос на заштитата што граѓаните треба да ја добијат, рече Цветановска во изјава за медиумите по повод Меѓународниот ден за човекови права – 10 Декември.

Очекува дека институциите ќе вложат поголема заштита на човековите права и дека нив, како што рече, треба да ги уживаат сите и во секое време.

The post Цветановска: Загрижувачка состојбата со човековите права, предничи повредата на правото за судење во разумен рок appeared first on Република.

]]>

Повредата на правото на судење во разумен рок предничи во прекршување на човековите права, но има и низа други што произлегуваат од Конвенцијата за заштита на човековите права, смета Александра Цветановска, претседателка на Македонско здружение на млади правници. Таа оценува дека состојбата со човековите права во однос на нивната заштита, како во светот, така и во Македонија е загрижувачка.
- Кај нас апсолутно предничи повредата на правото на судење во разумен рок, како и низа други права... Ние имаме прекршување на човековите права и тоа е нотирано во повеќе извештаи. За тоа доволно зборува и пресудите што ги добива Македонија кои се однесуваат на повреда за Конвенцијата за заштита на човековите права од страна на Европскиот суд за човековите права. Имаме прекршувања во повеќе сегменти во областите. Дополнително, постои и недоверба во институциите во однос на заштитата што граѓаните треба да ја добијат, рече Цветановска во изјава за медиумите по повод Меѓународниот ден за човекови права – 10 Декември.
Очекува дека институциите ќе вложат поголема заштита на човековите права и дека нив, како што рече, треба да ги уживаат сите и во секое време.

The post Цветановска: Загрижувачка состојбата со човековите права, предничи повредата на правото за судење во разумен рок appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Човековите права ќе бидат показател за подготвеност за членство во ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-chovekovite-prava-kje-bidat-pokazatel-za-podgotvenost-za-chlenstvo-vo-eu/ Sat, 10 Dec 2022 18:57:51 +0000 https://republika.mk/?p=584119

Сеопфатната заштита на човековите права преку законодавната и институционалната рамка, административните капацитети, и се разбира спроведувањето, ќе биде еден од главните показатели за подготвеноста на нашата земја за влез во Европската Унија, од почеток до крај на пристапните преговори, пишува на својот Фејсбук-профил Бојан Маричиќ, вицепремиерот задолжен за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, по повод Меѓународниот ден на човековите права.

Маричиќ посочи дека заштитата, промоцијата и почитувањето на човековите права се основен предуслов за мирот, демократијата и одржливиот развој, а Македонија, како земја преговарач и идна членка на ЕУ, мора да продолжи во насока на зајакнување на заштитата на човековите права.

Нашата безрезервна посветеност на европскиот пат, водена од заедничките вредности, е најдобра потврда дека Владата останува целосно посветена на унапредување на универзалните вредности на човековите права со единствена цел: градење држава во која граѓаните ќе се чувствуваат слободни, еднакви, сигурни и достоинствени, пишува Марчиќ.

Додава дека човековите права ќе бидат показател за подготвеност за членство во ЕУ.

Воената агресија во Украина покажа дека и денес целите за зачувување, натамошно подобрување и почитување на човековите права повторно се исправени пред големи предизвици. Затоа денес, кога на тлото на Европа се брани демократијата, слободата и владеењето на правото, повеќе од било кога треба да посветиме внимание на заштитата на човековите права и слободи, за да може да зборуваме за иднината и вистински напредок, заклучи вицепремиерот.

Порача дека Владата останува целосно посветена на унапредување на универзалните вредности на човековите права со, како што вели, „единствена цел: градење држава во која граѓаните ќе се чувствуваат слободни, еднакви, сигурни и достоинствени“.

The post Маричиќ: Човековите права ќе бидат показател за подготвеност за членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Сеопфатната заштита на човековите права преку законодавната и институционалната рамка, административните капацитети, и се разбира спроведувањето, ќе биде еден од главните показатели за подготвеноста на нашата земја за влез во Европската Унија, од почеток до крај на пристапните преговори, пишува на својот Фејсбук-профил Бојан Маричиќ, вицепремиерот задолжен за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, по повод Меѓународниот ден на човековите права. Маричиќ посочи дека заштитата, промоцијата и почитувањето на човековите права се основен предуслов за мирот, демократијата и одржливиот развој, а Македонија, како земја преговарач и идна членка на ЕУ, мора да продолжи во насока на зајакнување на заштитата на човековите права.
Нашата безрезервна посветеност на европскиот пат, водена од заедничките вредности, е најдобра потврда дека Владата останува целосно посветена на унапредување на универзалните вредности на човековите права со единствена цел: градење држава во која граѓаните ќе се чувствуваат слободни, еднакви, сигурни и достоинствени, пишува Марчиќ.
Додава дека човековите права ќе бидат показател за подготвеност за членство во ЕУ.
Воената агресија во Украина покажа дека и денес целите за зачувување, натамошно подобрување и почитување на човековите права повторно се исправени пред големи предизвици. Затоа денес, кога на тлото на Европа се брани демократијата, слободата и владеењето на правото, повеќе од било кога треба да посветиме внимание на заштитата на човековите права и слободи, за да може да зборуваме за иднината и вистински напредок, заклучи вицепремиерот.
Порача дека Владата останува целосно посветена на унапредување на универзалните вредности на човековите права со, како што вели, „единствена цел: градење држава во која граѓаните ќе се чувствуваат слободни, еднакви, сигурни и достоинствени“.

The post Маричиќ: Човековите права ќе бидат показател за подготвеност за членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Стејт Департментот за човековите права во Македонија: Закани кон новинари, корупција, лоши затворски услови https://republika.mk/vesti/makedonija/stejt-departmentot-za-chovekovite-prava-vo-makedonija-zakani-kon-novinari-korupcija-loshi-zatvorski-uslovi/ Wed, 13 Apr 2022 15:57:17 +0000 https://republika.mk/?p=488046

Американскиот Стејт департамент во извештајот за човековите права во Македонија за 2021 година, нотира случаи несоодветно однесување и лоши услови во затворите, закани кон новинари, корупција и родово и семејно насилство. Се посочува и дека властите презеле чекори за откривање и санкционирање на функционери вмешани во злоупотреби и корупција.

Значајните прашања за човековите права вклучуваат веродостојни извештаи за нечовечки и понижувачки услови и тешка пренатрупаност во некои затворски одделенија, насилство и закани за насилство врз новинари, случаи на сериозна владина корупција, недостаток на одговорност за родово и семејно насилство и за злосторства кои вклучуваат насилство и закани за насилство насочени кон лезбејки, геј, бисексуалци, трансродови, квир или интерсексуални лица, се наведува во Извештајот.

Стејт департментот истакнува и дека Владата презеде чекори за идентификување, истрага, кривично гонење и казнување на функционерите кои извршиле злоупотреба или учествувале во корупција.

Народниот правобранител, стои во Извештајот, „веруваше дека полициската неказнивост и понатаму е проблем, но во помала мера отколку во минатото“.

Националната полиција ја одржува внатрешната безбедност, вклучително миграцијата и спроведувањето на границите, и известува во Министерството за внатрешни работи. Цивилните власти одржуваа ефективна контрола над безбедносните сили. Припадниците на безбедносните сили извршиле некои злоупотреби, вклучително и прекумерна употреба на сила од страна на полицијата и затворските чувари, се вели во извештајот.

Во однос на парламентарните избори кои се одржаа во 2020, Извештајот ги окарактеризира изборите како „вистински конкурентни“ и покрај, како што се наведува, ограничената способност на политичарите да спроведат достапност за време на пандемијата

Во својата прелиминарна изјава за парламентарните избори во јули 2020 година и конечниот извештај во октомври 2020 година, Канцеларијата за демократски институции и човекови права на Организацијата за безбедност и соработка во Европа забележа дека изборите „генерално биле спроведени ефективно во услови на прилагодувања како одговор на пандемијата Ковид-19, но правната стабилност беше поткопана со суштинските ревизии на изборниот законик и последователните ад хок регулативи донесени за време на вонредната состојба“, стои во извештајот на Стејт депратментот на САД.

The post Стејт Департментот за човековите права во Македонија: Закани кон новинари, корупција, лоши затворски услови appeared first on Република.

]]>

Американскиот Стејт департамент во извештајот за човековите права во Македонија за 2021 година, нотира случаи несоодветно однесување и лоши услови во затворите, закани кон новинари, корупција и родово и семејно насилство. Се посочува и дека властите презеле чекори за откривање и санкционирање на функционери вмешани во злоупотреби и корупција.
Значајните прашања за човековите права вклучуваат веродостојни извештаи за нечовечки и понижувачки услови и тешка пренатрупаност во некои затворски одделенија, насилство и закани за насилство врз новинари, случаи на сериозна владина корупција, недостаток на одговорност за родово и семејно насилство и за злосторства кои вклучуваат насилство и закани за насилство насочени кон лезбејки, геј, бисексуалци, трансродови, квир или интерсексуални лица, се наведува во Извештајот.
Стејт департментот истакнува и дека Владата презеде чекори за идентификување, истрага, кривично гонење и казнување на функционерите кои извршиле злоупотреба или учествувале во корупција. Народниот правобранител, стои во Извештајот, „веруваше дека полициската неказнивост и понатаму е проблем, но во помала мера отколку во минатото“.
Националната полиција ја одржува внатрешната безбедност, вклучително миграцијата и спроведувањето на границите, и известува во Министерството за внатрешни работи. Цивилните власти одржуваа ефективна контрола над безбедносните сили. Припадниците на безбедносните сили извршиле некои злоупотреби, вклучително и прекумерна употреба на сила од страна на полицијата и затворските чувари, се вели во извештајот.
Во однос на парламентарните избори кои се одржаа во 2020, Извештајот ги окарактеризира изборите како „вистински конкурентни“ и покрај, како што се наведува, ограничената способност на политичарите да спроведат достапност за време на пандемијата

Во својата прелиминарна изјава за парламентарните избори во јули 2020 година и конечниот извештај во октомври 2020 година, Канцеларијата за демократски институции и човекови права на Организацијата за безбедност и соработка во Европа забележа дека изборите „генерално биле спроведени ефективно во услови на прилагодувања како одговор на пандемијата Ковид-19, но правната стабилност беше поткопана со суштинските ревизии на изборниот законик и последователните ад хок регулативи донесени за време на вонредната состојба“, стои во извештајот на Стејт депратментот на САД.

The post Стејт Департментот за човековите права во Македонија: Закани кон новинари, корупција, лоши затворски услови appeared first on Република.

]]>
Народниот правобранител денеска ќе го презентира извештајот за човековите права https://republika.mk/vesti/makedonija/narodniot-pravobranitel-deneska-kje-go-prezentira-izveshtajot-za-chovekovite-prava/ Tue, 29 Mar 2022 09:31:17 +0000 https://republika.mk/?p=480213

Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2021 година, денеска ќе биде презентиран во Домот на Армијата во Скопје.

Извештајот ќе го презентира народниот правобранител, Насер Зибери.

The post Народниот правобранител денеска ќе го презентира извештајот за човековите права appeared first on Република.

]]>

Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2021 година, денеска ќе биде презентиран во Домот на Армијата во Скопје. Извештајот ќе го презентира народниот правобранител, Насер Зибери.

The post Народниот правобранител денеска ќе го презентира извештајот за човековите права appeared first on Република.

]]>
ХРВ: Украина да не им ги крши човековите права на руските затвореници https://republika.mk/vesti/svet/hrv-ukraina-da-ne-im-gi-krshi-chovekovite-prava-na-ruskite-zatvorenici/ Thu, 17 Mar 2022 16:36:44 +0000 https://republika.mk/?p=474487

Хјуман рајтс воч ја повика Украина да ги почитува правата на руските затвореници според Женевската конвенција и да ја прекине практиката на изложување на тие луѓе во јавноста.

„Украинските власти мора да престанат да објавуваат пораки и видеа од заробените руски војници на социјалните мрежи, особено оние кои биле понижувани или загрозени“, се вели во соопштението.

„Ваквиот третман на затворениците ја нарушува заштитата предвидена со Женевските конвенции“ за меѓународното право, според ХРВ.

Украина објави видеоснимки од руски затвореници и ги изложи на новинарите пред кои беа принудени да изразат жалење, а ваквото инструментализирање беше осудено од Меѓународниот комитет на Црвениот крст, кој порача дека непријателската војска треба да се третира „достоинствено“.

Организацијата документирала бројни прекршувања на воените прописи и можни воени злосторства за кои одговорност им се припишува на Русите.

The post ХРВ: Украина да не им ги крши човековите права на руските затвореници appeared first on Република.

]]>

Хјуман рајтс воч ја повика Украина да ги почитува правата на руските затвореници според Женевската конвенција и да ја прекине практиката на изложување на тие луѓе во јавноста.
„Украинските власти мора да престанат да објавуваат пораки и видеа од заробените руски војници на социјалните мрежи, особено оние кои биле понижувани или загрозени“, се вели во соопштението. „Ваквиот третман на затворениците ја нарушува заштитата предвидена со Женевските конвенции“ за меѓународното право, според ХРВ.
Украина објави видеоснимки од руски затвореници и ги изложи на новинарите пред кои беа принудени да изразат жалење, а ваквото инструментализирање беше осудено од Меѓународниот комитет на Црвениот крст, кој порача дека непријателската војска треба да се третира „достоинствено“. Организацијата документирала бројни прекршувања на воените прописи и можни воени злосторства за кои одговорност им се припишува на Русите.

The post ХРВ: Украина да не им ги крши човековите права на руските затвореници appeared first on Република.

]]>
Русија ги повика „цивилизираните Европејци“ да се сетат на „вистинските човекови права“ и да ја спречат ксенофобијата https://republika.mk/vesti/svet/rusija-gi-povika-civiliziranite-evropejci-da-se-setat-na-vistinskite-chovekovi-prava-i-da-ja-sprechat-ksenofobijata/ Sun, 27 Feb 2022 22:46:10 +0000 https://republika.mk/?p=464918

Во земјите на ЕУ зачестија фактите за русофобија и малтретирање жители на Руската Федерација. Советот за човекови права при претседателот на Руската Федерација ги повика активистите за човекови права од Европа да одговорат на ваквите случаи, особено ако се однесуваат на деца.

Соодветната изјава беше објавена на телеграмскиот канал на Советот. Во него пишува дека Русите во странство се понижувани и нападнати. Затоа, Европејците беа повикани да се сетат на „вистинските човекови права“ и да го спречат растот на ксенофобијата.

„Ги покануваме оние кои се сметаат себеси за цивилизирани Европејци да се сетат на толеранцијата, на вистинските човекови права, на оние хуманитарни норми и принципи што ги декларираат со завидна постојаност“, пишува Советот.

Европските активисти за човекови права беа повикани да го докажат својот статус со вистински дела за да се спречи повторување на она што „Европа го доживеа минатиот век“.

„Апелираме до европските активисти за човекови права - доколку сте подготвени да го потврдите својот статус со вистински дела, веднаш одговорете на еклатантните случаи на прогон на наши сограѓани, сонародници и особено деца“, се вели во соопштението.

Советот наведе неколку реални примери на малтретирање Руси. Така, некои ученици од Руската Федерација се избркани од настава во Прага само поради нивната националност. Жителите на Полска ги искршиле прозорците на руската амбасада, а во Литванија демонстрантите нападнале руски дипломат.

„Во Вашингтон, неидентификувани лица го искршија рускиот ресторан „Русka куќа“ и го скинаа руското знаме од него. Вандали се обидоа да го нападнат споменикот на паднатите советски војници во Берлин“, известува Советот.

Забележано е дека дури и оние кои постојано зборуваат за човекови права ги исмеваат Русите. Сепак, никој не може да ги заштити правата на Русите во Европа.

„Никој не им се извини на нашите сонародници за актите на насилство и понижување и, се чини, нема да се извини. Напротив, се чини дека огромен број граѓани на „прогресивната заедница“ денес се подготвени да ги трујат Русите само затоа тие се државјани на Руската Федерација. колеги од европските организации за човекови права: „Како директното вознемирување и дискриминација врз основа на националност се комбинира со човековите права?“ заклучува КЧП.

The post Русија ги повика „цивилизираните Европејци“ да се сетат на „вистинските човекови права“ и да ја спречат ксенофобијата appeared first on Република.

]]>

Во земјите на ЕУ зачестија фактите за русофобија и малтретирање жители на Руската Федерација. Советот за човекови права при претседателот на Руската Федерација ги повика активистите за човекови права од Европа да одговорат на ваквите случаи, особено ако се однесуваат на деца. Соодветната изјава беше објавена на телеграмскиот канал на Советот. Во него пишува дека Русите во странство се понижувани и нападнати. Затоа, Европејците беа повикани да се сетат на „вистинските човекови права“ и да го спречат растот на ксенофобијата.