Американскиот Стејт департамент во извештајот за човековите права во Македонија за 2021 година, нотира случаи несоодветно однесување и лоши услови во затворите, закани кон новинари, корупција и родово и семејно насилство. Се посочува и дека властите презеле чекори за откривање и санкционирање на функционери вмешани во злоупотреби и корупција.

Значајните прашања за човековите права вклучуваат веродостојни извештаи за нечовечки и понижувачки услови и тешка пренатрупаност во некои затворски одделенија, насилство и закани за насилство врз новинари, случаи на сериозна владина корупција, недостаток на одговорност за родово и семејно насилство и за злосторства кои вклучуваат насилство и закани за насилство насочени кон лезбејки, геј, бисексуалци, трансродови, квир или интерсексуални лица, се наведува во Извештајот.

Стејт департментот истакнува и дека Владата презеде чекори за идентификување, истрага, кривично гонење и казнување на функционерите кои извршиле злоупотреба или учествувале во корупција.

Народниот правобранител, стои во Извештајот, „веруваше дека полициската неказнивост и понатаму е проблем, но во помала мера отколку во минатото“.

Националната полиција ја одржува внатрешната безбедност, вклучително миграцијата и спроведувањето на границите, и известува во Министерството за внатрешни работи. Цивилните власти одржуваа ефективна контрола над безбедносните сили. Припадниците на безбедносните сили извршиле некои злоупотреби, вклучително и прекумерна употреба на сила од страна на полицијата и затворските чувари, се вели во извештајот.

Во однос на парламентарните избори кои се одржаа во 2020, Извештајот ги окарактеризира изборите како „вистински конкурентни“ и покрај, како што се наведува, ограничената способност на политичарите да спроведат достапност за време на пандемијата

Во својата прелиминарна изјава за парламентарните избори во јули 2020 година и конечниот извештај во октомври 2020 година, Канцеларијата за демократски институции и човекови права на Организацијата за безбедност и соработка во Европа забележа дека изборите „генерално биле спроведени ефективно во услови на прилагодувања како одговор на пандемијата Ковид-19, но правната стабилност беше поткопана со суштинските ревизии на изборниот законик и последователните ад хок регулативи донесени за време на вонредната состојба“, стои во извештајот на Стејт депратментот на САД.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.