александар зверев Archives - Република https://republika.mk/tema/aleksandar-zverev/ За подобро да се разбереме Sat, 08 Jun 2024 20:27:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png александар зверев Archives - Република https://republika.mk/tema/aleksandar-zverev/ 32 32 Запознајте го Зверев: Има дијабетес, девојката го обвини дека ја малтретирал https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/zapoznajte-go-zverev-ima-dijabetes-devojkata-go-obvini-deka-ja-maltretiral/ Sat, 08 Jun 2024 20:27:52 +0000 https://republika.mk/?p=785826

Александар Зверев  се пласираше во финалето на Ролан Гарос е херој на сите луѓе на планетата кои страдаат од дијабетес тип 1.Ова е тешка и смртоносна автоимуна болест која најмногу ги погодува децата и најмладите.

Најважна е дисциплината, и во исхраната и во начинот на живот. Луѓето со дијабетес тип 1 мора да инјектираат инсулин во телото преку пена или пумпа, бидејќи нивниот панкреас не произведува бета клетки.

 

Сите оние кои немаат сензор треба да се боцкаат барем четири пати за да го измерат нивото на шеќер во крвта, а потоа повторно да инјектираат инсулин.

Германскиот тенисер со руско потекло добил дијабетес уште како осумгодишно момче. Тогаш прогнозите биле мрачни за него, бидејќи  му велеа дека никогаш нема да може да стане врвен тенисер. Александар Зверев ги увери сите и покажа дека секој дијабетичар може да биде успешен во која било гранка од животот како и секој друг човек.

Шарипова тврди дека Зверев физички ја малтретирал и покрај неговата официјална изјава во која тој ги нарече обвинувањата „неосновани и невистинити“.

„Прв пат бев во Монако во неговиот стан“, рече таа. „Сакав да заминам затоа што навистина се скаравме. Стоев во ходникот, а тој ми ја удри главата во ѕидот “, рече Шарипова.

The post Запознајте го Зверев: Има дијабетес, девојката го обвини дека ја малтретирал appeared first on Република.

]]>

Александар Зверев  се пласираше во финалето на Ролан Гарос е херој на сите луѓе на планетата кои страдаат од дијабетес тип 1.Ова е тешка и смртоносна автоимуна болест која најмногу ги погодува децата и најмладите. Најважна е дисциплината, и во исхраната и во начинот на живот. Луѓето со дијабетес тип 1 мора да инјектираат инсулин во телото преку пена или пумпа, бидејќи нивниот панкреас не произведува бета клетки.   Сите оние кои немаат сензор треба да се боцкаат барем четири пати за да го измерат нивото на шеќер во крвта, а потоа повторно да инјектираат инсулин. Германскиот тенисер со руско потекло добил дијабетес уште како осумгодишно момче. Тогаш прогнозите биле мрачни за него, бидејќи  му велеа дека никогаш нема да може да стане врвен тенисер. Александар Зверев ги увери сите и покажа дека секој дијабетичар може да биде успешен во која било гранка од животот како и секој друг човек. Шарипова тврди дека Зверев физички ја малтретирал и покрај неговата официјална изјава во која тој ги нарече обвинувањата „неосновани и невистинити“.
„Прв пат бев во Монако во неговиот стан“, рече таа. „Сакав да заминам затоа што навистина се скаравме. Стоев во ходникот, а тој ми ја удри главата во ѕидот “, рече Шарипова.

The post Запознајте го Зверев: Има дијабетес, девојката го обвини дека ја малтретирал appeared first on Република.

]]>
Зверев противник на Алкараз во финалето на Ролан Гарос https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/zverev-protivnik-na-alkaraz-vo-finaleto-na-rolan-garos/ Sat, 08 Jun 2024 07:15:06 +0000 https://republika.mk/?p=785647

 Германскиот тенисер Александар Зверев го синоќа го победи Норвежанецот Каспер Руд со 3:1 (2:6, 6:2, 6:4, 6:2) во полуфиналето на Отвореното првенство на Франција 2024.

Мечот траеше 2 часа и 38 минути.

Дваесет и седумгодишниот германски тенисер првпат во кариерата стигна до финале на Грен слемот во Париз. Пред ова, три години по ред настапот на турнирот го завршуваше во полуфиналната фаза.

Во финалето на Ролан Гарос, Зверев ќе игра против 21-годишниот Шпанец Карлос Алкараз, кој претходно во пет сета го победи светскиот рекет број два Јаник Синер (2:6, 6:3, 3:6, 6:4, 6:3).

Вкупниот награден фонд на Грен слемот во Париз изнесува 53,5 милиони евра.

The post Зверев противник на Алкараз во финалето на Ролан Гарос appeared first on Република.

]]>

 Германскиот тенисер Александар Зверев го синоќа го победи Норвежанецот Каспер Руд со 3:1 (2:6, 6:2, 6:4, 6:2) во полуфиналето на Отвореното првенство на Франција 2024. Мечот траеше 2 часа и 38 минути. Дваесет и седумгодишниот германски тенисер првпат во кариерата стигна до финале на Грен слемот во Париз. Пред ова, три години по ред настапот на турнирот го завршуваше во полуфиналната фаза. Во финалето на Ролан Гарос, Зверев ќе игра против 21-годишниот Шпанец Карлос Алкараз, кој претходно во пет сета го победи светскиот рекет број два Јаник Синер (2:6, 6:3, 3:6, 6:4, 6:3). Вкупниот награден фонд на Грен слемот во Париз изнесува 53,5 милиони евра.

The post Зверев противник на Алкараз во финалето на Ролан Гарос appeared first on Република.

]]>
Зверев повторно не го помина првото коло: Мојата игра е ужасна https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/zverev-povtorno-ne-go-pomina-prvoto-kolo-mojata-igra-e-uzhasna/ Mon, 16 Oct 2023 20:10:37 +0000 https://republika.mk/?p=691821

Германскиот тенисер. Александер Зверев, на втор АТП турнир од серијата 500 по ред е елиминиран веќе во првото коло, откако загуби во Токио од Австралиецот Џордан Томсон со 6-3, 6-4.

Ова што го одиграв беше ужасно. Немам друг коментар за својата игра“, изјави видно разочараниот Зверев по дуелот против 60. светски тенисер на АТП листата.

За Зверев ова беше втор АТП турнир во низа на кој беше елиминиран на самиот старт.

Претходно германскиот тенисер загуби во првото коло на турнирот во Шангај, каде уште полесно беше совладан од Русинот Роман Сафјулин со 6-3, 6-1.

The post Зверев повторно не го помина првото коло: Мојата игра е ужасна appeared first on Република.

]]>

Германскиот тенисер. Александер Зверев, на втор АТП турнир од серијата 500 по ред е елиминиран веќе во првото коло, откако загуби во Токио од Австралиецот Џордан Томсон со 6-3, 6-4.
Ова што го одиграв беше ужасно. Немам друг коментар за својата игра“, изјави видно разочараниот Зверев по дуелот против 60. светски тенисер на АТП листата.
За Зверев ова беше втор АТП турнир во низа на кој беше елиминиран на самиот старт. Претходно германскиот тенисер загуби во првото коло на турнирот во Шангај, каде уште полесно беше совладан од Русинот Роман Сафјулин со 6-3, 6-1.

The post Зверев повторно не го помина првото коло: Мојата игра е ужасна appeared first on Република.

]]>
Александар Зверев, врвен тенисер и со дијабетес тип 1 https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/aleksandar-zverev-vrven-teniser-i-so-dijabetes-tip-1/ Tue, 16 May 2023 10:28:04 +0000 https://republika.mk/?p=641299

Александар Зверев е  херој на сите луѓе на планетата кои страдаат од дијабетес тип 1.Ова е тешка и смртоносна автоимуна болест која најмногу ги погодува децата и најмладите.

Најважна е дисциплината, и во исхраната и во начинот на живот. Луѓето со дијабетес тип 1 мора да инјектираат инсулин во телото преку пена или пумпа, бидејќи нивниот панкреас не произведува бета клетки.

Александар Зверев му вбризга инсулин во телото на паузата на мечот против Белгиецот Давид Гофан. Како што можеме да видиме на видеото, тој прво пиел сок, а потоа земал пенкало со инсулин и го вбризгнал во мускулот на бутот.

Со овој потег Александар Зверев ја освести целата планета дека има многу луѓе кои боледуваат од дијабетес тип 1 и дека луѓето ширум светот не треба да имаат предрасуди кон оние кои боледуваат од оваа болест и се пикаат по неколку пати на ден.

Сите оние кои немаат сензор треба да се боцкаат барем четири пати за да го измерат нивото на шеќер во крвта, а потоа повторно да инјектираат инсулин.

Германскиот тенисер со руско потекло добил дијабетес уште како осумгодишно момче. Тогаш прогнозите биле мрачни за него, бидејќи  му велеа дека никогаш нема да може да стане врвен тенисер. Александар Зверев ги увери сите и покажа дека секој дијабетичар може да биде успешен во која било гранка од животот како и секој друг човек.

The post Александар Зверев, врвен тенисер и со дијабетес тип 1 appeared first on Република.

]]>

Александар Зверев е  херој на сите луѓе на планетата кои страдаат од дијабетес тип 1.Ова е тешка и смртоносна автоимуна болест која најмногу ги погодува децата и најмладите. Најважна е дисциплината, и во исхраната и во начинот на живот. Луѓето со дијабетес тип 1 мора да инјектираат инсулин во телото преку пена или пумпа, бидејќи нивниот панкреас не произведува бета клетки. Александар Зверев му вбризга инсулин во телото на паузата на мечот против Белгиецот Давид Гофан. Како што можеме да видиме на видеото, тој прво пиел сок, а потоа земал пенкало со инсулин и го вбризгнал во мускулот на бутот. Со овој потег Александар Зверев ја освести целата планета дека има многу луѓе кои боледуваат од дијабетес тип 1 и дека луѓето ширум светот не треба да имаат предрасуди кон оние кои боледуваат од оваа болест и се пикаат по неколку пати на ден. Сите оние кои немаат сензор треба да се боцкаат барем четири пати за да го измерат нивото на шеќер во крвта, а потоа повторно да инјектираат инсулин. Германскиот тенисер со руско потекло добил дијабетес уште како осумгодишно момче. Тогаш прогнозите биле мрачни за него, бидејќи  му велеа дека никогаш нема да може да стане врвен тенисер. Александар Зверев ги увери сите и покажа дека секој дијабетичар може да биде успешен во која било гранка од животот како и секој друг човек.

The post Александар Зверев, врвен тенисер и со дијабетес тип 1 appeared first on Република.

]]>
Зверев доживеа пораз за најрана елиминација на еден Грен слем во последните четири години https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/zverev-dozhivea-poraz-za-najrana-eliminatsija-na-eden-gren-slem-vo-poslednite-chetiri-godini/ Thu, 19 Jan 2023 10:19:24 +0000 https://republika.mk/?p=598605

Поранешниот светски рекет број 2, Александар Зверев, е елиминиран во второто коло на Австралија Опен. Тој загуби од Мајкл Ммо со 31 во сетови (7:6, 4:6, 3:6, 3:6).

За Германецот ова е најрана елиминација од Грен слем турнирите по Вимблдон 2019 година, каде што не победи на ниту еден натпревар.

Ммо се соочи со противник од 20 најдобри по петти пат и ја освои својата втора победа. Неговиот следен противник е Џеј Џеј Волф.

Александар Зверев с епојави на вториот официјален турнир по повреда на зглобот и операција. Во 2023 година има една победа на четири натпревари.

The post Зверев доживеа пораз за најрана елиминација на еден Грен слем во последните четири години appeared first on Република.

]]>

Поранешниот светски рекет број 2, Александар Зверев, е елиминиран во второто коло на Австралија Опен. Тој загуби од Мајкл Ммо со 31 во сетови (7:6, 4:6, 3:6, 3:6). За Германецот ова е најрана елиминација од Грен слем турнирите по Вимблдон 2019 година, каде што не победи на ниту еден натпревар. Ммо се соочи со противник од 20 најдобри по петти пат и ја освои својата втора победа. Неговиот следен противник е Џеј Џеј Волф. Александар Зверев с епојави на вториот официјален турнир по повреда на зглобот и операција. Во 2023 година има една победа на четири натпревари.

The post Зверев доживеа пораз за најрана елиминација на еден Грен слем во последните четири години appeared first on Република.

]]>
Зверев откри дека има дијабетес за да ги потикне богатите да обезбедат лекови и инсулин https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/zverev-otkri-deka-ima-dijabetes-za-da-gi-potikne-bogatite-da-obezbedat-lekovi-i-insulin/ Sat, 06 Aug 2022 17:25:10 +0000 https://republika.mk/?p=537459

Германскиот тенисер Александар Зверев денеска првпат проговори во јавноста за своите здравствени проблеми кои ги има со дијабетес тип 1.

Болеста на тенисерот му била дијагностицирана на четиригодишна возраст, а Зверев сега отвори фондација која ќе се занимава со обезбедување инсулин и други лекови за болни деца и млади лица.

– Јас сум во привилегирана позиција бидејќи го живеам животот кој отсекогаш сум го посакувал. Сакав да играм тенис, да патувам на турнири насекаде низ светот и да бидам меѓу најдобрите тенисери на планетата. Свесен сум дека многу деца ја немаат таа среќа и поради тоа е важно да им вратам нешто и да им помогнам на другите луѓе, кои имаат слични проблеми, изјави Зверев.

Тој додаде дека многу луѓе не знаеле дека боледува од дијабетес.

– До денеска немаше многу луѓе, кои знаеја дека имам дијабетес. Отсекогаш се плашев дека моите противници ќе се чувствуваат посилни против мене ако знаеја за мојата болест. Од денеска веќе ги немам тие грижи, порача германскиот тенисер.

The post Зверев откри дека има дијабетес за да ги потикне богатите да обезбедат лекови и инсулин appeared first on Република.

]]>

Германскиот тенисер Александар Зверев денеска првпат проговори во јавноста за своите здравствени проблеми кои ги има со дијабетес тип 1. Болеста на тенисерот му била дијагностицирана на четиригодишна возраст, а Зверев сега отвори фондација која ќе се занимава со обезбедување инсулин и други лекови за болни деца и млади лица.
– Јас сум во привилегирана позиција бидејќи го живеам животот кој отсекогаш сум го посакувал. Сакав да играм тенис, да патувам на турнири насекаде низ светот и да бидам меѓу најдобрите тенисери на планетата. Свесен сум дека многу деца ја немаат таа среќа и поради тоа е важно да им вратам нешто и да им помогнам на другите луѓе, кои имаат слични проблеми, изјави Зверев.
Тој додаде дека многу луѓе не знаеле дека боледува од дијабетес. – До денеска немаше многу луѓе, кои знаеја дека имам дијабетес. Отсекогаш се плашев дека моите противници ќе се чувствуваат посилни против мене ако знаеја за мојата болест. Од денеска веќе ги немам тие грижи, порача германскиот тенисер.

The post Зверев откри дека има дијабетес за да ги потикне богатите да обезбедат лекови и инсулин appeared first on Република.

]]>
Хорор повреда на Зверев во полуфиналето на Ролан Гарос против Надал (вознемирувачко видео) https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/horor-povreda-na-zverev-vo-polufinaleto-na-rolan-garos-protiv-nadal-voznemiruvachko-video/ Fri, 03 Jun 2022 16:44:38 +0000 https://republika.mk/?p=510781

Германскиот тенисер Александар Зверев тешко се повреди во полуфиналето на Ролан Гарос на мечот против Шпанецот рафаел Надал.

Во финишот на вториот сет, Зверев се лизна, по што само се струполи на теренот и во солзи во инвалидска количка беше однесен од теренот.

Целиот стадион, вклучително и Надал, остана во шок, додека врисоците и офкањата на Германецот одекнаа низ стадионот.

Германецот набрзо се врати на теренот со патерици со свиткана нога, која можеби дури е и скршена.

The post Хорор повреда на Зверев во полуфиналето на Ролан Гарос против Надал (вознемирувачко видео) appeared first on Република.

]]>

Германскиот тенисер Александар Зверев тешко се повреди во полуфиналето на Ролан Гарос на мечот против Шпанецот рафаел Надал. Во финишот на вториот сет, Зверев се лизна, по што само се струполи на теренот и во солзи во инвалидска количка беше однесен од теренот. Целиот стадион, вклучително и Надал, остана во шок, додека врисоците и офкањата на Германецот одекнаа низ стадионот. Германецот набрзо се врати на теренот со патерици со свиткана нога, која можеби дури е и скршена.

The post Хорор повреда на Зверев во полуфиналето на Ролан Гарос против Надал (вознемирувачко видео) appeared first on Република.

]]>
Стигна казната за кршењето на рекетот на Зверев https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/stigna-kaznata-za-krshenjeto-na-reketot-na-zverev/ Tue, 08 Mar 2022 08:15:40 +0000 https://republika.mk/?p=469354

Германскиот тенисер Александар Зверев доби суспензија од осум недели и парична казна од 25.000 долари поради неспортско однесување, објави официјалниот сајт на АТП. Двете санкции се изречени условно со пробен период.

Дваесет и четиригодишниот Германец по поразот во првото коло на турнирот во двојки во Акапулко на крајот на февруари, се приближи до главниот судија и удри неколку пати со рекет удри по столицата.

АТП сега му изрече на играчот парична казна од 25.000 долари и осумнеделна суспензија, која ќе биде активирана во случај на повторна повреда за време на условната казна до 23 февруари 2023 година.

Зверев може да се жали на одлуката до 11 март.

Претходно Зверев доби казна од 40.000 долари поради однесувањето на турнирот во Акапулко. Тенисерот загуби и 31.570 долари од наградниот фонд и сите рејтинг поени заработени на турнирот.

The post Стигна казната за кршењето на рекетот на Зверев appeared first on Република.

]]>

Германскиот тенисер Александар Зверев доби суспензија од осум недели и парична казна од 25.000 долари поради неспортско однесување, објави официјалниот сајт на АТП. Двете санкции се изречени условно со пробен период. Дваесет и четиригодишниот Германец по поразот во првото коло на турнирот во двојки во Акапулко на крајот на февруари, се приближи до главниот судија и удри неколку пати со рекет удри по столицата. АТП сега му изрече на играчот парична казна од 25.000 долари и осумнеделна суспензија, која ќе биде активирана во случај на повторна повреда за време на условната казна до 23 февруари 2023 година. Зверев може да се жали на одлуката до 11 март. Претходно Зверев доби казна од 40.000 долари поради однесувањето на турнирот во Акапулко. Тенисерот загуби и 31.570 долари од наградниот фонд и сите рејтинг поени заработени на турнирот.

The post Стигна казната за кршењето на рекетот на Зверев appeared first on Република.

]]>
Зверев како ѕвер: Фати да го тепа судијата https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/zverev-kako-dzver-fati-da-go-tepa-sudijata/ Wed, 23 Feb 2022 11:57:53 +0000 https://republika.mk/?p=462434

Германскиот тенисер Александар Зверев со рекет удри неколку пати во судиското столче, откако беше поразен во првото коло во двојки на турнирот во Акапулко.

Зверев три пати удира во судиското столче, седнува, а потоа го навредува судијата, по што уште еднаш го удира со рекетот во столчето. Зачудениот судија во страв брзо се симнува од столот и го напушта теренот.

Од трибините се слушаа свирежи на навивачите, додека луѓето околу германскиот тенисер пристојно се оградија.

Поради своето однесување на крајот од мечот во двојки, Зверев беше исфрлен од турнирот во Акапулко“, соопшти Здружението на тениски професионалци (АТП).

The post Зверев како ѕвер: Фати да го тепа судијата appeared first on Република.

]]>

Германскиот тенисер Александар Зверев со рекет удри неколку пати во судиското столче, откако беше поразен во првото коло во двојки на турнирот во Акапулко. Зверев три пати удира во судиското столче, седнува, а потоа го навредува судијата, по што уште еднаш го удира со рекетот во столчето. Зачудениот судија во страв брзо се симнува од столот и го напушта теренот. Од трибините се слушаа свирежи на навивачите, додека луѓето околу германскиот тенисер пристојно се оградија. Поради своето однесување на крајот од мечот во двојки, Зверев беше исфрлен од турнирот во Акапулко“, соопшти Здружението на тениски професионалци (АТП).

The post Зверев како ѕвер: Фати да го тепа судијата appeared first on Република.

]]>
Одлична вест за Новак Ѓоковиќ: Елиминиран Александар Зверев на АО https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/odlichna-vest-za-novak-gjokovikj-eliminiran-aleksandar-zverev-na-ao/ Sun, 23 Jan 2022 08:29:17 +0000 https://republika.mk/?p=448272

Денис Шаповалов го направи најголемото изненадување во досегашниот дел од Австралија опен, откако во денешната осминафинална пресметка го совлада третиот носител на гренслем-турнирот, Александер Зверев и тоа ептен лесно со 3-0 во сетови (6-3, 7-6, 6-3).

Канаѓанецот со овој триумф му направи голема услуга на најдобриот во светот, Новак Ѓоковиќ, кој не игра зашто не е вакциниран поради што и беше депортиран од Австралија, бидејќи германскиот тенисер беше еден од двајцата кои со евентуален триумф ќе го „симнат“ од врвот на АТП-листата. Вториот е Данил Медведев, кој сѐ уште е во игра за еден таков подвиг.

Зверев го одигра најлошиот меч уште од ланскиот Вимблдон, каде што загуби во истата фаза од турнирот и тоа исто така од противник од Канада, Феликс Аугер. За Шаповалов, ова е само втор гренслем-триумф против ривал што е меѓу петте најдобри во светот во моментот, а дека тоа и не е некое изненадување говори фактот што тој е 14. носител на АО.

За пласман во полуфиналето, Шаповалов ќе ги одмери силите со Рафаел Надал, кој претходно утринава, во три сета лесно го совлада францускиот ветеран Адриан Манарино (7-6, 6-2, 6-2).

The post Одлична вест за Новак Ѓоковиќ: Елиминиран Александар Зверев на АО appeared first on Република.

]]>

Денис Шаповалов го направи најголемото изненадување во досегашниот дел од Австралија опен, откако во денешната осминафинална пресметка го совлада третиот носител на гренслем-турнирот, Александер Зверев и тоа ептен лесно со 3-0 во сетови (6-3, 7-6, 6-3). Канаѓанецот со овој триумф му направи голема услуга на најдобриот во светот, Новак Ѓоковиќ, кој не игра зашто не е вакциниран поради што и беше депортиран од Австралија, бидејќи германскиот тенисер беше еден од двајцата кои со евентуален триумф ќе го „симнат“ од врвот на АТП-листата. Вториот е Данил Медведев, кој сѐ уште е во игра за еден таков подвиг. Зверев го одигра најлошиот меч уште од ланскиот Вимблдон, каде што загуби во истата фаза од турнирот и тоа исто така од противник од Канада, Феликс Аугер. За Шаповалов, ова е само втор гренслем-триумф против ривал што е меѓу петте најдобри во светот во моментот, а дека тоа и не е некое изненадување говори фактот што тој е 14. носител на АО. За пласман во полуфиналето, Шаповалов ќе ги одмери силите со Рафаел Надал, кој претходно утринава, во три сета лесно го совлада францускиот ветеран Адриан Манарино (7-6, 6-2, 6-2).

The post Одлична вест за Новак Ѓоковиќ: Елиминиран Александар Зверев на АО appeared first on Република.

]]>
Зверев: Има позитивни на Австралија Опен, ама не ги тестираат https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/zverev-ima-pozitivni-na-avstralija-open-ama-ne-gi-testiraat/ Wed, 19 Jan 2022 22:41:47 +0000 https://republika.mk/?p=446867

Германскиот тенисер и трет рекет во светот, Александар Зверев, смета дека веројатно има повеќе играчи заразени со ковид-19 на Австралија Опен, но тие не се тестираат, пренесува Ројтерс.

Оваа изјава како ладен туш доаѓа само два дена по депортацијата на асот Новак Ѓоковиќ од Мелбурн.

Дозволено ни е да излеземе да јадеме, да правиме што сакаме, така што мислам дека е природно повеќе луѓе да заболат од ковид – им рече Зверев на новинарите по победата во второто коло против Австралиецот Џон Милман.

Французинот Хуго Амбер претходно денеска објави дека е позитивен на коронавирусот, ден по поразот во првото коло од неговиот сонародник Ришар Гаске, поради што беше изолиран во Австралија една недела. Но, веројатно има и други позитивни меѓу тенисерите.

Мислам дека неколку играчи имаа проблем кога пристигнаа. Мислам дека сега има многу играчи. Не се тестираме, па мислам дека ако се тестиравме, веројатно ќе имаше повеќе позитивни отколку сега – рече Зверев.

Од Ројтерс, пробале да контактираат со „Тенис Австралија“ за коментар во врска со новиот скандал. Според Еј-Би-Си Њуз, австралиски портал, играчите имаат обврска да вршат брзи антигенски тестови само на дневна основа, а се контролираа само оние тестови кои се спроведуваат на денот на пристигнувањето и помеѓу петтиот и седмиот ден од нивниот престој во Австралија.

Австралискиот тенисер Бернард Томиќ минатата недела ги критикуваше протоколите за тестирање за ковид-19 за време на квалификациите. Тој го прекина својот меч со образложеие дека има Ковид, што подоцна се покажа дека е точно.

Не можам да верувам дека никој не се тестира. Тие им дозволуваат на играчите да излезат на терен со брзи тестови во нивната соба. Официјално ПЦР-тестирање нема – рече Томиќ.

The post Зверев: Има позитивни на Австралија Опен, ама не ги тестираат appeared first on Република.

]]>

Германскиот тенисер и трет рекет во светот, Александар Зверев, смета дека веројатно има повеќе играчи заразени со ковид-19 на Австралија Опен, но тие не се тестираат, пренесува Ројтерс. Оваа изјава како ладен туш доаѓа само два дена по депортацијата на асот Новак Ѓоковиќ од Мелбурн.
Дозволено ни е да излеземе да јадеме, да правиме што сакаме, така што мислам дека е природно повеќе луѓе да заболат од ковид – им рече Зверев на новинарите по победата во второто коло против Австралиецот Џон Милман.
Французинот Хуго Амбер претходно денеска објави дека е позитивен на коронавирусот, ден по поразот во првото коло од неговиот сонародник Ришар Гаске, поради што беше изолиран во Австралија една недела. Но, веројатно има и други позитивни меѓу тенисерите.
Мислам дека неколку играчи имаа проблем кога пристигнаа. Мислам дека сега има многу играчи. Не се тестираме, па мислам дека ако се тестиравме, веројатно ќе имаше повеќе позитивни отколку сега – рече Зверев.
Од Ројтерс, пробале да контактираат со „Тенис Австралија“ за коментар во врска со новиот скандал. Според Еј-Би-Си Њуз, австралиски портал, играчите имаат обврска да вршат брзи антигенски тестови само на дневна основа, а се контролираа само оние тестови кои се спроведуваат на денот на пристигнувањето и помеѓу петтиот и седмиот ден од нивниот престој во Австралија. Австралискиот тенисер Бернард Томиќ минатата недела ги критикуваше протоколите за тестирање за ковид-19 за време на квалификациите. Тој го прекина својот меч со образложеие дека има Ковид, што подоцна се покажа дека е точно.
Не можам да верувам дека никој не се тестира. Тие им дозволуваат на играчите да излезат на терен со брзи тестови во нивната соба. Официјално ПЦР-тестирање нема – рече Томиќ.

The post Зверев: Има позитивни на Австралија Опен, ама не ги тестираат appeared first on Република.

]]>