Skip to main content

РФМ ја подели премијата по Мундијалот во 2025: Ракометарите ќе поделат 3 милиони денари

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ја исплати премијата од 3.000.000 денари по настапот на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.

Претходно УО на РФМ донесе одлука секоја победа на Македонија на СП 2025 да биде наградена со по 1.000.000 денари.

Македонија ги совлада Гвинеја и Катар, а пласманот во главната рунда на СП исто така „вреди“ 1.000.000 денари.

Избраниците на Кирил Лазаров го завршија настапот на Мундијалот на 15 место со две победи, две нерешени средби и два порази.

Поврзани вести