Skip to main content

Почнува ракометниот куп, Вардар и Пелистер главни фаворити

Со натпреварите во Групата 3 денеска почнува битката за пласман на завршниот турнир во ракометниот Куп на Македонија.

Две од вкупно четирите полуфинални групи овој ќе се играат во Битола, а средствата од продадените билети ќе бидат наменети за помош на семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани, во кој загинаа 61 лице.

Во воведниот дуел во рамки на групата 3 денеска ќе играат Борец и Еурофарм Пелистер 2, по што ќе следи дуелот меѓу Вардар 1961 и Бутел.

Битола ќе биде домаќин и на Групата 2, во која за пласман на завршниот турнир утре ќе се борат Еурофарм Пелистер, Куманово, Радовиш и Струга.

В недела на програмата се пресметките во Групата 4 во која се домаќинот Охрид, Прилеп, Тиквеш и Аеродром, додека последниот патник на Ф4 ќе биде познат во вторник кога ќе биде комплетирана Групата 1 во која во Скопје ќе играат Алкалоид, Мулти Есенс, Партизан Гевгелија и Пролет.

Поврзани вести