
Ракометарите на Охрид и во реванш-натпреварот од четвртфиналето на ЕХФ Европскиот куп одигран на домашен терен го совладаа атинскиот клуб Олимпијакос со резултат 25:24 (14:12 полувреме).

Пред три илјади гледачи во целосно исполнетата сала „Билјанини извори“ во Охрид домаќините за нијанса беа подобриот тим и на крајот заслужено се радуваа.

Грците водеа само по првиот напад во првото полувреме, во вториот дел тие беа поуспешни, но не направија целосен резултатски пресврт.
Најдобри во редовите на македонскиот претставник беа голманот Филиповиќ со 10 одбрани, Иванковиќ постигна девет Јагуриноски четири.

Натпреварот коректно го водеше судиската двојка Мандак – Рудински од Словачка. На трибините на салата во Охрид немаше навивачи на грчкиот клуб, исто како што немаше македонска публика на претходниот меч одигран пред шест дена во Пиреја.

И како гости охридските ракометари беа подобри од домаќините, совладувајќи ги со пет гола разлика 31:26.
Со вечерашната победа ГРК Охрид се пласира во полуфиналето на Европскиот ЕХФ куп, каде ќе вкрсти со словенечекиот клуб Целје Пивоварна Лашко.

Македонски


