Skip to main content

Митревски : Се надевам дека ќе заздравиме од настинките кои преовладуваат во тимот

–Мора да бидеме задоволни, се надевам дека ќе заздравиме и од настинките кои преовладуваат во тимот, а секако очекувам нов неизвесен меч против Катар. Мислам дека се слични на квалитет со Австрија, па очекувам неизвесен натпревар, изјави по мечот со Австрија македонскиот голман Никола Митревски.

Македонската машка ракометна репрезентација одигра нерешено, 29-29 со Австрија во првиот меч од втората фаза на Мундјалот кој се игра во Хрватска, Данска и Норвешка.

Одиме во нагорна линија и тоа е добро. Се развиваме како тим, овие момци веќе не се толку млади и неискусни. Знаат да играат на резултат, а понекогаш треба да имаме и повеќе среќа на моменти. Мислам дека на следното првенство ќе бидеме уште подобри, изјави Митревски.

Македонија на драматичен начин се избори за бод во последните секунди и буквално со гол во последната секунда на капитенот Филип Кузмановски израмни на 29-29, резултат кој ни го носи првиот бод во втората фаза на Светското првенство.

Поврзани вести