Skip to main content

Македонските ракометарки ја совладаа Словачка за прво место на турнротот во Анкара

Македонската женска ракометна репрезентација го освои првото место на меѓународниот турнир во Анкара во рамки на ЕХФ неделата, откако денеска во завршното трето коло ја совлада Словачка со 26-24.

Дуелот против до овој натпревар непоразената Словачка донесе резултатски израмнето прво полувреме (12-12).

На стартот од вториот дел, македонските ракометарки влегоа во серија од 3-0, за водство од 15-12, кое со пожртвувана игра го задржаа до самиот крај на натпреварот.

Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски го завршија настапот на турнирот со пет бодови, откако во првото коло триумфираа над домаќинот Турција со 29-26, а во саботата одиграа нерешено против Словенија 23-23.

Поврзани вести