Skip to main content

Лесна победа на ракометарите на Вардар над ГРК Охрид

Ракометарите на Вардар ја постигнаа и третата победа во плеј офот од Супер лигата откако вечерва на домашен терен го совладаа ГРК Охрид со 31:21 (17:12). Гостите од Охрид настапија со комбиниран состав, а најголемиот дел од првиот состав имаше „слободно“ во пресрет на саботниот дуел од ЕХФ Европскиот куп реванш четвртфинале со Олимпијакос.

Урош Митровиќ кај Вардар и Дејан Кукуловски кај Охрид со по 6 голови беа најефикасни на натпреварот.

На чело на табелата е Вардар со 48 бодови, Еурофарм Пелистер има 42, Охрид 40, Алкалоид 38, Тиквеш 24 и Бутел 22.

Поврзани вести