
Селекторот на машката сениорска репрезентација Кирил Лазаров го објави списокот на повикани ракометари за претстојните квалификациски натпревари за пласман на ЕП 2026 кое ќе се одигра во Данска, Шведска и Норвешка.
Во рамки на ЕХФ Неделата нашата сениорска селекција ќе оддигра двомеч против селекцијата на Словенија. Нашата сениорска репрзентација првиот натпревар ќе го оддигра во СЦ Борис Трајковски на 12.03.2025 година со почеток во 20:00, а потоа на 16.03.2025 ќе гостува во Словенија, а натпреварот ќе се оддигра во Копер со почеток во 18:30 часот.

Собирот се закажува за ден 09-ти Март 2025 година (недела) со почеток во 13.30 часот во Хотел
Александар Палас во Скопје.