![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/lars-koij.jpg)
Холандскиот ракометен репрезентативец Ларс Коиј ќе си замине од редовите на Вардар 1961 по крајот на оваа натпреварувачка сезона.
Тој се враќа во Германија и ќе биде дел од составот на Бергишер кој интересно во моментов се натпреварува во втората лига со тоа што има амбиции да се врати во елитата.кру
-Многу сум среќен што од следната сезона ќе бидам дел од семејството на БХЦ. Одлуката да се приклучам на клубот ми беше лесна – разговорите беа одлични од самиот почеток и брзо сфатив дека тоа е вистинскиот чекор за мене. Сега со нетрпение очекувам да се развивам понатаму со тимот и се надевам дека ќе славам многу успеси. Особено се радувам на навивачите и на атмосферата во салата, -порача кружниот напаѓач кој доби договор до 2027 година.