Skip to main content

Голем хендикеп за Македонија и за Алкалоид, Митев има скинати вкрстени лигаменти на коленото

Еден од најдобрите македонски ракометни репрезентативци, Марко Митев по само неколку минути поминати на теренот го заврши натпревар со Словенија вечерва во Копер. Организаторот на играта на Македонија и член на Алкалоид, во една транзиција лошо стапна и го повреди десното колено. 

Според информациите кои доаѓаат од Словенија, 22-годишниот Митев има скинат вкрстен лигамент на десното колено.

За закрепнување од ваква повреда се потребни најмалку шест месеци месеци, па сезоната 2024/25 за Марко Митев е завршена.

Митев заедно со репрезентативните колеги утре се враќа во Скопје по што ќе му биде извршена операција.

Поврзани вести