Skip to main content

Атмосферата се загрева: Во 18 часот сите навиваме за Македонија

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, пред денешниот натпревар со Гвинеја во 3. коло од Д-групата на Светското првенство им даде поддршка на репрезентативците.

-На ова Светско првенство, македонските ракометари, селекторот Лазаров и целиот стручен штаб имаат тешка задача: Да потврдиме уште еднаш дека ние Македонците знаеме и можеме квалитетно и рамноправно да се носиме рамо до рамо и со најдобрите.

Смената на генерацијата беше тежок и напорен процес, исто како и патот по кој се чекори и во континуитет се гради оваа репрезентација.

После веќе 12 години мандат во РФМ, со задоволство можам да кажам дека оставаме светол сигнал на патот за идните млади ракометни генерации.

Да покажеме доблест и достоинство!

Поврзани вести