Skip to main content

Алкалоид на шести септември ќе го добие европскиот трофеј

Ракометарите на скопски Алкалоид ќе играат против германски Хановер во квалификациите за пласман во групната фаза во ЕХФ Лигата на Европа, одлучи денешната жрепка.

Алкалоид, кој минатата сезона го освои трофејот во Европската лига на ЕХФ, беше во групата на неносители и го доби најтешкиот можен противник.

Квалификациското коло е закажано за 30/31 август и 6/7 септември. Тогаш Алкалоид ќе го добие и трофејот како победник на Европскиот куп.

Република

Избраниците на Кирил Лазаров првиот натпревар ќе го играат на гостински терен.

Алкалоид ќе се обиде да стане вториот македонски претставник кој во новата сезона ќе игра во групната фаза во второто по ранг европско клупско ракометно натпреварување во кое место веќе обезбеди Вардар 1961

Поврзани вести