Skip to main content

Тејлор Свифт ја исвиркаа на „Супер Болот“, Трамп и фаќаше сеир

Тејлор Свифт се појави на Супербоул финалето во американски фудбал, како поддршка за своето момче Тревис Келце – играч на Канзас Сити Чифс, кои загубија од Филаделфија Иглс.

Кога пејачката се појави на екранот, дел од публиката почна да исвиркува со извици „бу“. Меѓутоа, Свифт само се насмевна и продолжи да го следи настанот, се чини – скоро целосно неоптоварена од извиците од посетителите.

„Тејлор не ја заслужува оваа омраза… Изгледа како така добра личност“, „Кралица“, „Кому му е грижа за хејтерите“ – гласат дел од коментарите на Икс, а во нејзина одбрана излезе и американската тенисерка Серена Вилијамс.

„Те сакам, Тејлор Свифт. Не им обрнувај внимание на извиците!“, напиша Вилијамс.

И претседателот на САД, Доналд Трамп го користи сè тоа, па на свој начин, се чини, ја исмеа поп-пејачката, покажувајќи дека тој добил само ракоплескање.

Поврзани вести