
Вториот носител на Австралија опен Италијанецот Јаник Синер е пред нов предизвик откако утре во четвртфиналето ќе игра против Американецот Бен Шелтон. Но, некако сите се во очекување на полуфинале против Новак Ѓоковиќ, кој пак утре има меч со Лоренцо Мусети од Италија.
Ѓоковиќ не одигра осминафинален меч откако неговиот ривал Јакуб Мусети поради повреда го предаде мечот.
– Мислам дека ништо не е сменето. Знам дека ме очекува тежок меч против Шелтон. Мојот фокус ќе биде на тоа, а ако се изборам за полуфинале ќе бидам среќен, изјави Јаник Синер.
Потенцијално полуфинале Ѓоковиќ – Синер е меч што сите го очекуваат, а неодиграниот осминафинален меч на Ѓоковиќ, Синер смета дека може тоа да биде проблем и да го „извади“ од ритам .

Македонски




