Skip to main content

Синер ќе паузира подолго време, има воспаление на коленото

На првиот светски рекет, Јаник Синер, му е дијагностицирано воспаление на коленото, објави „Sky Sport Italia“.

Дваесет и петгодишниот тенисер претходно го откажа настапот на Отвореното првенство на САД 2026.

Според „Скај Спорт Италија“ состојбата на Синер ќе му овозможеше да се натпреварува на Грен слемот во Њујорк, но тој одлучил да не го ризикува своето здравје или кариера.

Италијанецот моментално е на еднонеделен третман во клиника во Торино. Се очекува да се врати на теренот кон крајот на септември за турнирите во Пекинг и Шангај.

Синер е петкратен освојувач на Грен слем. Тој го освои Отвореното првенство на САД во 2024 година и стигна до финалето минатата сезона, каде што загуби од Шпанецот Карлос Алкараз. 

Последниот натпревар на Синер беше на 12 јули, победувајќи го Александар Зверев во финалето на Вимблдон.

Поврзани вести