Skip to main content
1ihtVODH-Ek

Штета за Димитров, беше на чекор да го исфрли Синер и да му го отвори патот на Ноле

Најголем губитник на годинашниов Вимблдон е Григор Димитров од Бугарија, кој во осминафиналето против најдобриот играч на светот Јаник Синер од Италија при водство од 2:0 во сетови (6:3 и 7:5) во третиот сет при резултат 2:2 во гемови поради повреда мораше да го предаде мечот.

Последниот поен во мечот го освои Димитров со ас сервис, но притоа се повреди и поради болки во пределот на десното рамо го предаде мечот. Во двата часа игра Димитров буквално доминираше против првиот носител и сосема заслужено водеше со 2:0 во сетови. 

Синер кој среќно стигна до четвртфиналето ќе игра против Американецот Бен Шелтон, кој со 3:1 во сетови го совлада Лоренцо Сонего од Италија.

Поврзани вести