Белоруската тенисерка Арина Сабаленка денес ја победи Русинката Мира Андреева во полуфиналето на турнирот во Бризбејн (Австралија) – 6:3, 6:2.
Мечот траеше 1 час и 29 минути.
Сабаленка која е прв светски рекет имаше три асови, една двојна и три конвертирани брејк топки од пет шанси.
Андреева која е 16. на ВТА ранг-листата два пати сервираше ас, направи четири двојни грешки и не реализираше ниту една брејк-топка од осум можности.
Во финалето на турнирот белоруската тенисерка ќе игра со Русинката Полина Кудерметова.
Наградниот фонд на турнирот изнесува 1,52 милиони долари.